build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Маџир Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 15-Aug-2009 at 10:38

ако надлежните не ја урбанизираат населбата за да можат да си ги поправат куќите

 
Ова дефинитвно не смее да им се дозволи, единствено логично решение е рушење и изградба на згради а не додавање два-три спрата на куќички од 50м2.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 15-Aug-2009 at 14:47
Дисклокација - да ги снема од оваа локација!

Поправање на куѓите значи и поголема цена на куќите. Нека се реши веќе некој надлежен конечно да им каже дека нивното живеење тука оддамна му прошол векот. И конечно веќе нека ги екпропреираат. Боље да имаме државна ливада одколку ова ругло.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 15-Aug-2009 at 16:05
прашање е кој кого држи во заложништво, а зошто тие да го блокираат аеродром кога аеродромците не им се ништо криви, нека се бунат кај надлежните, а не да ми блокираат улици
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 15-Aug-2009 at 16:21
Mene ova maalo nesto mi budi spomeni i slicnosti so tie mini gradovi ili kuki vo diviot zapat sto gi ima gradeno holivud za snimanje filmovi ,mislam deka i ovaa mesto ima takov potencijal megutoa ne celiot prostor, malku da se napravi od tie veke srusnite kuki prostor za da se prosiri ulicata ili bulevarot koj bese predviden, pa teatarot vo preden plan do ulicata a posle da se renoviraat tie starite objekti , navistina   ubavo se gleda vo taa starata slika od zemjotresot deka ova maalo bi zvucelo super za takvi nesta i od turisticki aspekt i od drug aspekt.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 15-Aug-2009 at 16:24
ova ne e madzir maalo no kaldrmata e ista, ova e od life magazin posle zemjotresot.spored mene idealen proekt za filmovi i turizam.

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 15-Aug-2009 at 16:34
Не зезај прв пат ја гледам сликава Thumbs%20Up Дали е ова стариот театар во продолжение?
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 15-Aug-2009 at 16:36
hahaha , da da ,stariot teatar e , aj cekaj ima drugi od life magazin se ovie aj ke gi postiram mislev deka nekoj gi postiral
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 15-Aug-2009 at 16:57
Митатос, кој жртвува толку атрактивно земјиште за да можеле да се снимаат филмови? Таков филмски град, ако воопшто има потреба, може да се изгради било каде. А местово има 100 пати поголем потенцијал од тоа да биде сценографија. Има доволно потенцијал и за интересите на градот да бидат максимално испочитувани (урбанистички, сообраќајни), има и за бизнис и огромни економски ефекти, има и за Маџир Маалци да бидат повеќе од солидно компензирани.

Мислам дека и тука и во Ново Маало и во Крњево треба да се вмеша ЈПССДП. Зошто ни е ова јавно претпријатие ако не за големи проекти. Се разбира за такви проекти сигурно немаат доволно финансии, но во случајов може и треба да се оди преку задолжување, затоа што ако просторот се изменаџира правилно, не само што ќе има повеќекратен поврат на средствата, туку и бројни индиректни позитивни ефекти.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 15-Aug-2009 at 21:02
Сликата е од еврејско мало, а во позадина театарот
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 27-Feb-2010 at 21:18
E sonuvam da gi vidam ovie mala so staklenici so po 20 - 30 sprata. So sto toj del i Micurin da se povrzat so Aerodrom i so toj del Skopje da se dokaze kako moderen grad. A za Madzarmaalci, sekoja kukicka po eden stan od tie staklenici. Problemot resen - a toa ke bide i vo interes na gradot. Roll%20eyes
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 27-Feb-2010 at 23:47
Па нели театарот е срушен при земјотресот на 26 јули 1963 година???
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 28-Feb-2010 at 00:39
pa ne e celosno srusen, ete se gleda ovie se fotki od 63-ta posle zemojtresot
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 28-Feb-2010 at 01:04
Маџир Маало не е ни блиску до рушење, за жал, жителите се бранат како жив штит.
А друго е тоа што нема никаква иницијатива од градот.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 28-Feb-2010 at 12:25
Pa zatoa Skopje od sekogas bilo i ke bide seloOhno
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 02-Mar-2010 at 02:57
Мене не ми е јасно како овие работи не се решија по земјотресот кога се направи планот за модерно Скопје. Од тогаш навака цели градови никнаа како Аеродром и Карпош, а среде центар останаа села и ливади. 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 29-Apr-2010 at 12:17
НЕРЕАЛИЗИРАНИ МНОГУ ОД НАЈАВЕНИТЕ ПРОЕКТИ НА ТОДОРОВИЌ
Маџар маало и Крњево останаа заборавени

Роза Петкова

Деталните урбанистички планови за Маџир маало и на Крњево се уште не се завршени, иако општина Центар во декември најави дека ги очекува нацрт-верзиите, а потоа требаше да следи процедурата за нивно донесување. Во Општината сега немаат одговор каде заглавиле плановите, ниту, пак, потврдуваат дали го чекаат новиот Генерален план за градот, кој е во изработка и според предвидувањата треба да биде готов дури до крајот на идната година. - Деталните урбанистички планови се уште не се подготвени за презентација. Тие и натаму се во фаза на изработка на нацрт-планот - рече портпаролот Јовица Ацковски. За двете градски јадра, кои спаѓаат меѓу најстарите во Скопје, неколкупати неуспешно се прават обиди да се урбанизираат и да се реши прашањето дали ќе се спојат со сегашниот изглед на градот или ќе се задржат како културно наследство. Градоначалникот Владимир Тодоровиќ неодамна изјави дека предвидено е Маџир маало да остане старо маало, во кое нема да има високи градби, туку, само до два ката и приземје, но дали и натаму остануваат овие најави во Општината не кажаа. Освен урбанистичките планови, нереализирани останаа и проектите за покривање на отворениот канал кај основното училиште „Кочо Рацин“ и уредувањето на кејот „13 Ноември“, во делот кај „Дрводекор“. Во каналот требаше да се постави атмосферска канализација и да се затвори, а слободниот простор да се направи паркинг. Според портпаролот, Општината за оваа година го вклучила каналот во програмата за работа, а во моментот се работи главен проект. - По комплетирањето на проектот ќе се преземат активности заедно со Град Скопје за негова реализација. Во програмата за урбано планирање, во делот за уредување на градежно земјиште, предвидено е и комплетно партерно уредување на кејот „13 Ноември“ - вели Ацковски и додава дека при уредувањето ќе се постават кошници за отпадоци, клупи и ќе се направат нови патеки со бекатон-плочи. И монтажниот паркинг во Капиштец, кој градоначалникот Тодоровиќ го најавуваше како еден од поважните проекти, никако да почне да се гради. Тендерот за избор на фирма, која ќе монтира паркиралиште на еден кат, по целата должина на улицата Народен Фронт, пропадна, поради тоа што пристигнатите понуди биле скапи. - Тендерот е поништен, а планирано е во најскоро време да се распише нов - вели Ацковски. Паркингот, како што најавуваат општинарите, треба да биде решение за проблемот со паркирање, што го имаат жителите од оваа населба, но и сите кои гравитираат во населбата, а преморени се да се паркираат на тротоарите или на коловозот на Народен фронт.


Се опипа пулсот на граѓаните


Анкетата, која градоначалникот Тодоровиќ ја нарача за да го измери мислењето на граѓаните за неговата работа, покажа дека 38,9 проценти од нив се задоволни со сработеното во општина Центар, а незадоволни се 28,9 проценти. Сепак, најголем дел од анкетираните се изјасниле дека приоритети на градоначалникот треба да бидат урбанистичкото планирање и инфраструктурата.
Опозицијата во Советот го обвини Тодоровиќ дека нарачал анкета за сопствениот рејтинг, која ја чинела општинската каса 4.000 евра.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2008&ArticleID=139672
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 24-Nov-2010 at 13:22
Веројатно ќе предиэвикам негативни реакции со постов, но не можам да се воэдржам. Ги читам коментариве и се чудам колкава омраэа кон луѓето што си живеат во маалото. Провејува ставот дека со тоа што луѓето си го сакаат маалото и животот во него, го држат во эаложништво раэвојот на градот. Прбо - кој е тој раэвој на Скопје што тие го спречуваат? Па ако градот эаслужува да се раэвива во таа насока, тогаш треба да има пари эа тоа. 90% од градовите во Европа имаат стари населби (како наше Маџар маало, и на времето Дебар маало - эа жал не повеќе) кои грижливо ги чуваат - эемете го како пример Цирих, Гетеборг, Стокхолм, Женева, па и Виена, Осло... Метрополи со маалски улички и подэемни булевари. Животот и шмекот на градот му го даваат токму таквите маала, со стари куќи, калдрма и стари дрвја. Токму така и го доживувам и Маџар маало. Каков квалитет на живот носат огромниве скопски булевари? Кој е тој што сака да живее покрај булевар? Ако мисли некој дека уште еден надэемен булевар ќе го спаси сообраќајот во тој дел од Скопје се эаебал. Имам добар предлог - ајде да го асфалтираме цел центар, да обележиме ленти и да живееме под эемја. Еве ја Илинденска, се прошири и што добивме од тоа освен колони воэила во 2 ленти наместо во една и исечен дрворед (се прашувам што стана со тоа маркицата што им ја убутаа до грло, што ЛСЛ ја бранеше жолчно). Секогаш ќе има эастои и чекање семафори во шпиц на сообраќај. Но решението не е во бескрајно проширување на улиците на сметка на эеленило, пешачки эонии рушење стари куќи (кои патем речено се нереновирани и дотерани не по вина на сопствениците, туку на градската бирократија што не им дава да си ги средат). Решението е во користење на алтернативен превоэ. Ај да эемеме како пример неколку крупни работи што му се случуваат на Скопје - што убаво му се случи на Дебар маало со тоа што се урбаниэираше со 10-катници и беэ никакво эеленило и инфраструктура?
Маџар маало треба да си остане маало и треба да им се доэволи на луѓето да си ги дотераат куќите. Не е нивна вина што градот е сиромашен, корумпиран, просељачен и беѕидеен. Ако е потребно да се пробие Крушевска, пеки, ама нека се оди со тунел. А ако се нема пари, епа нема ни Крушевска. А до тогаш тие што сакаат да живеат во Скопје нека си одат со точак, автобус, или нека чекаат подолго на семафор. До подобри времиња. А до тогаш Маџар маало да се дотера, покалдрми, и потсреди, како што му доликува на убаво и сочувано градско јадро. Нека се отворат дуќанчиња и кафичи со маалски дух. Нека им эаврши кошмарот на Маџармаалци, чија единствена вина е што се родиле таму и таму сакаат да си живеат.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 24-Nov-2010 at 13:31


Јас како нескопјанец ќе ти кажам како го доживувам тоа маало. Како ругло, кое што побрзо треба да се сруши. За потсеќање на старо Скопје ја имаме турската чаршија, бидејќи таа има некаква вредност. Маалата во Виена, Сан Франциско, Пловдив, Солун и Стокхолм имаат навистина стари зачувани куќи, нешто како битолскиот Широк Сокак. А Маџир Маало нема баш толкава архитектонска вредност. Луѓе што си сушат веш на полурушените балкони не е баш некоја туристичка атракција, или пак нешто што придонесува кон општото добро.

Те разбирам што сакаш да кажеш, ама мислам дека Маџир Маало апсолутно не е тоа што треба да се чува и вреднува од старо Скопје.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 24-Nov-2010 at 13:54
Какво маџир мало какви бакрачи, скопјина2014 итн. Имаме СТАР ГРАД тоа е старата чаршија која е НАЈГОЛЕМА на балканот, а на никој никако да му текне да ја среди. Па чаршијата ќе биде огромна атракција, стално кога ќе ми дојде странец се воодушевува само од чаршијата а истовремено се чуди на нашата негрижа за истата. Срамота е Баш-чаршија у сараево да е атракција, а нашава три пати поголема да е така запуштена. Па да фрлевме една петина од тиа силни милиони што ги фрламе за ск2014 ќе имавме прекрасен со голема историска вредност стар град(стара чаршија) во Скопје.

Ни се чудам на умот и не ми се верува дека ќе градиме безвредни згради кога имаме историски.

П.С Маџир мало, крњево итн никад не биле ниту ќе бидат од некакво значење за градот(сем 2 до 3 куќи)ниту може да се споредуваат со тоа штo "беше" Дебар мало на времето.

Edited by toasumjas - 24-Nov-2010 at 13:56
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 24-Nov-2010 at 13:59
Originally posted by гитардемон



Ј А Маџир Маало нема баш толкава архитектонска вредност. Луѓе што си сушат веш на полурушените балкони не е баш некоја туристичка атракција, или пак нешто што придонесува кон општото добро.



Кога одиш во Италија и Шпанија ти е интересно што луѓето си сушат алишта меѓу балкони ( во среде град!!) . Вредноста на маалото му ја дава староста и органиэациската поставеност (со уличките) и пред се' МААЛСКИОТ ЖИВОТ. Тоа е потсетникот на старо Скопје (as it once was..), a не само Чаршијата (эа жал со турска роба испоэакачена по дуќаните и светлечките реклами). Некои од куќите се убави, некои не. Но ако се дотераат, реновираат и оплеменат маалото ќе светне..
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.