build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 160>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 686
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Фасади (општо)
    Posted: 10-Nov-2020 at 21:28
Климите ќе останат, да не се лажеме.

Аха, само кај клупата е „интервенирано“

Edited by <Fresno> - 10-Nov-2020 at 21:30
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7418
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Nov-2020 at 15:42
Интервенцијата Штип има за цел да го нагласи недостатокот на отворен простор во студентскиот дом во Штип. Користејќи ја портокаловата боја со различни материјали и функции оваа интервенција е гест за јавен простор.





https://www.facebook.com/skopjemeleem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7418
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Nov-2020 at 18:12
Што не ги извадија стаклата од левата страна кога ги тргнаа скелињата?(од твитер)

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13216
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Oct-2020 at 16:54
Во Дебар Маало, куќава отсекогаш ми била интересна заради стилот, порано имаше сино-бела фасада, сега смениле бои.

пред

https://www.google.mk/maps/@42.0020428,21.4201355,3a,75y,241.6h,97.47t/data=!3m6!1e1!3m4!1s-LYCTQMLaVobhRtvCE2o6g!2e0!7i13312!8i6656?hl=en

сега









https://www.facebook.com/pmgconstruction.mk/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7418
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Oct-2020 at 16:30
ПО 7 ГОДИНИ ТРГНАТИ СКЕЛИЊА ОД ЗГРАДАТА НА ЕСМ, ДОПРВА ЌЕ СЕ ПРАВИ ПРОЕКТ ЗА НОВА СТАКЛЕНА ФАСАДА



По 7 години откако зградата на ЕВН и ЕСМ беше заградена заради менување на фасадата во барок стил, тргнати се скелињата и платната со кои беше покриена. Две години откако беше раскинат договорот со изведувачот „Бетон“ зградата е откриена и сега чека нова фасада.

„Побаравме скелињата да бидат тргнати бидејќи договорот беше раскинат со изведувачот уште во октомври 2018 година. По раскинувањето на договорот, не се плаќаат никакви пенали. Предметниот договор беше во вредност од 3,6 милиони евра, а исплатени на изведувачот се околу 400.000 евра“, велат од државната компанија ЕСМ.

Откако австриската компанија ЕВН се пресели во Градската куќа на кејот на Вардар, сега единствeни сопственици на зградата се ЕСМ. Раководството на компанијата вели дека веќе се во разговори со Град Скопје и Општина Центар да се изработи идејно решение за нова, модерна и стаклена фасада, но не прецизираат до кога зградата ќе стои соголена.

Зградата на ЕСМ е изградена 1962 и е еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура. Автор на идејното решение е белградскиот архитект Бранко Петричиќ. Фасада ја дизајнираше и реализираше покојниот архитект Ѕвонимир Никуљски кон крајот на 1970-тите години и тој целосно го испочитувал делото на колегата кој е автор на првичниот проект. Втор пат фасадата е реконструирана во 2000 година. Тогаш е додадено стаклото и е полиран мермерот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-7-godini-trgnati-skelina-od-zgradata-na-esm-doprva-ke-se-pravi-proekt-za-nova-staklena-fasada/

Edited by stef4o - 05-Oct-2020 at 16:31
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13216
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Sep-2020 at 19:26
Хотел Тимс во Дебар Маало со нова фасада:



претходно:

https://www.google.mk/maps/@42.0029679,21.4180827,3a,90y,19.09h,106.59t/data=!3m6!1e1!3m4!1smFzlXPDzUaAqYfYhy8k5Ww!2e0!7i13312!8i6656?hl=en

Оваа веќе ја знаете, тргнати се сите скелиња:



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7418
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Sep-2020 at 11:25
Фасадите во центарот на Скопје, се откажаа од барокот, ништо не закажаа (ФОТО)

Ја молам власта, ако веќе не сака барок нека ја врати старата фасада. Четири години поминаа, не им е ни жал, кога веќе немаат срам ни љубов за својот град. Вака жител во центарот на Скопје реагира на со години незавршените фасади на повеќе објекти на центарот на главниот град.

Проектот за реконструкција на фасадата на зградата на ЕВН и на ЕЛЕМ беше готов во 2013 година, како и за многу други згради во центарот на Скопје. Реконструкциите почнаа, дел од фасадите се завршија во барокен стил, а за оние кои беа во тек - работите прекинаа. Во 2016 се смени власта, а во 2018 година ЕЛЕМ донесе одлука за запирање на реновирањето на фасадата. „Деловната зградата во центарот на Скопје нема да има барокна фасада како што беше одлучено во 2013 година. Ова го одлучивме заедно со ЕВН“, информираа пред две години од ЕЛЕМ. Решението кое ќе се избере сакаме да биде соодветно за централното градско подрачје, рекоа од ЕЛЕМ. И сѐ уште се бара решението. За реновирањето беше предвидено да се потрошат 4,3 милиони евра.

И фасадата на зградата на „Пелагонија“ во центарот на градот е соголена. Барокот и тука ќе го нема, ама сѐ уште не се знае што ќе има. Се бара најсоодветно идејно решение за враќање на нејзиниот автентичен изглед. И така веќе повеќе од три години. Градоначалникот Петре Шилегов веднаш по стапување на градоначалничката функција ги стопираше градежните работи за барокната фасада.

Проектот за барокната фасада чинеше 1,9 милиони евра и сѐ требаше да биде завршено до 2017 година. Град Скопје во јуни 2017 го раскина договорот и распиша нов тендер за избор на изведувач.

Запрени се и градбите на хотелот на грчкиот бизнисмен Кондоминас. И ова фасада треба да биде во барокен стил. А каква ќе биде се чека на судска разврска во која е замешан и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/fasadite-vo-centarot-na-skopje-se-otkazhaa-od-barokot-nishto-ne-zakazhaa-foto#5
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7412
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 15-Sep-2020 at 00:45
Originally posted by JovanOdGjorche

Скопје 2014 и се што се случува денес не е изоставено од пред се хировите на две партии но и идеолошкиот симбол на дел од нашата „политичка елита“. Центарот на градот сведочи за тоа. Тоа е само факт. Промената на фасадата на објектов не беше за „енергетска ефикасност“ -тогаш, а не е и денес, тоа сите го знаеме.
СК2014 е резултат на една голема проста земјоделска раја што дише политика и ја гледа во се... партиите тука немаат никакви идеологии, туку само лично богатење и моќ
моменталната власт не верувам дека се базира на реваншизам, туку на профит, и тоа е проѕирно во било кој судски процес и чесните процеси позади кои се кријат кои не оставија со еден куп карабини низ градот
да беше реваншизам СК2014 сега ќе беше прашина
НО, ако дел од моменталното функционирање на власта доведе тоа да се врати барем фрагмент од реалната историја на градов, можам да се согласувам со нејзе барем за тоа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 295
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Sep-2020 at 08:24
Скопје 2014 и се што се случува денес не е изоставено од пред се хировите на две партии но и идеолошкиот симбол на дел од нашата „политичка елита“. Центарот на градот сведочи за тоа. Тоа е само факт. Промената на фасадата на објектов не беше за „енергетска ефикасност“ -тогаш, а не е и денес, тоа сите го знаеме.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7412
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Sep-2020 at 01:09
Originally posted by JovanOdGjorche

Зградава е дефинизија на 29 годишното ни постоење. Шизофренија. Ќе покриваме „соц-комунзам“ со „нео-конзерватизам“ па ќе го „шминкаме“ со „капитализам“ во име на „социјализмот“? И после зошто ни се смејат?
аман бе со тој комунизам и капитализам... постои модернизам, интернационален стил, неокласицизам и класицизам и т.н.
во најмала рака, според стиропоров што почнале да го редат, ако ја завршеа, ќе личеше на арт-деко
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 295
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Sep-2020 at 12:17
Зградава е дефинизија на 29 годишното ни постоење. Шизофренија. Ќе покриваме „соц-комунзам“ со „нео-конзерватизам“ па ќе го „шминкаме“ со „капитализам“ во име на „социјализмот“? И после зошто ни се смејат?
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Sep-2020 at 00:03
Се надевам дека нема да ја усерат(се извинувам ама тоа е) и оваа зграда.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2270
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Sep-2020 at 20:08


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1015
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Sep-2020 at 21:16
Мене некако ми делуваше дека се трудат да си остане со истата фасада, или може само потајно се надевам
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13216
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Sep-2020 at 19:20
До охридските членови на форумов, би сакал да ве замолам да го следите одвивањето на проектов, зградава е стара и е со соголена фасада, многу ме интересира дали ќе остане вака (последниве години има некаква мода на соголени фасади, во Скопје има една-две згради, кај Поликлиника на МВР и во чаршијата) или ќе добие нов лик. Па, сликнете кога или ако ќе има некаков напредок. Се наоѓа спроти зградата на Ваикики, во центарот.

За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 01-Sep-2020 at 19:51
„Облекувањето“ на зградава на ЕЛЕМ во барок е убедливо најголемата грешка од СК2014.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7412
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-Sep-2020 at 19:20
Originally posted by David

Зградава е толку измрцварена што сега ни стакло ни дијаманти во фасада не ја спасуваат. Жал ми е,ама уште во 62-ра и го промашиле местото,и нејзе и чирот пред нејзе треба да ги снема затоа што го блорикаат погледот кон плоштадот и зафаќаат место буквално за џабе,портата исто.

Инаку интересно е ова со скелињава,може сакаат нова фирма блиска до моменталнава влада да најдат да менува фасада па тие ќе си постават свои скелиња,а може и ќе си остане така да го разубавува плоштадот како хотелот и офицерски.

Криво ми е што се нема смелост и се преувеличува вредноста и важноста на некои објекти во градов,не знам од каква причина,зградава ни тогаш а сега уште помалку и е место на плоштад,па уште во барок опкружување и александар на букефал таа со стакло фасада Не се иде со инат напред,ако нејќеш да ја барокизираш тогаш не ја ни "модернизирај" тргни ја,отвори простор,може па некој ден подземна улица ќе се гради таму,може сето ќе стане шеталиште тој дел,нема комуникација нема презентација визија,вака ќе изгледа градов до тогаш и тогаш,овде ќе има ова,ќе нема тоа,не може со секое мењање на влада да менуваме курс за 180 степени,а немаме ни експерти бога ми не може само да се преќутува,вакви крпења на долг рок не му носат добро на градот.
а да... заборавив не беспрекорната логика дека објекти што постојат 70 години во градот треба да се рушат и менуваат зошто не одговараат на грујевистичко-сталинистичката убавина измислена пред 10 години
исто така пологично е да се сруши затоа штио некој пробал стилски да ја осакати, наместо да се врати во старата форма, што воопшто не е ниту скапо, ниту тешко
дај олабајте... ова е еден од првите облакодери во Скопје од чист модернизам... во сите нормални градови само во нашево соседство овие објекти се културно наследство, само ние сме најпаметни каде шлајмот Ск2014 стана одма дел од историја и култура, а ова го пумпале беспотребно демек... бре експертиза
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7418
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Sep-2020 at 13:18
Зградата на ЕСМ куртули од барокна фасада, повторно ќе биде стаклена и модерна



Со тргнувањето на платната и скелињата што ја криеја надворешноста на зградата, може да се забележи дека дел од стаклената фасада е сè уште на место, но на некои делови има ставено бетонски блокови кои требаше оваа зграда да ја „облечат“ во барок. Од ЕСМ за весникот ВЕЧЕР велат дека ќе се прави нова фасада за зградата, која нема да биде барок, туку ќе има друго решение, што ќе биде утврдено преку тендер за изведба на фасадата. Од Град Скопје сè уште не знаат дали ќе се преселат во оваа зграда, откако објектот „Градска куќа“ го продадоа на ЕВН Македонија, која таму веќе смести дел од своите вработени



На Градскиот плоштад се работи на отстранување на скелето од фасадата на зградата на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) што е од десно од Порта „Македонија“. Со тргнувањето на платната и скелињата што ја криеја надворешноста на зградата, може да се забележи дека дел од стаклената фасада е сè уште на место, но на некои делови има ставено бетонски блокови кои требаше оваа зграда да ја „облечат“ во барок.

Од ЕСМ за весникот ВЕЧЕР велат дека ќе се прави нова фасада за зградата, која нема да биде барок, туку ќе има друго решение, што ќе биде утврдено преку тендер за изведба на фасадата .

-Трипартитниот договор меѓу ЕВН, ЕСМ и „Бетон“ е раскинат, сега може да се продолжи со постапката за изведба на нова фасада на зградата на Градскиот плоштад. Работници веќе работат на отстранување на скелето, а понатаму ќе се распише и тендер за изведба на фасадата. И претходно и сега стоиме на тоа дека фасадата нема да биде барокна, туку ќе одиме со друго решение – потенцираат од ЕСМ.    

Ова се случува откако по заклучок од Владата донесен на седница на 14.01.2020 година, АД ЕСМ, како акционерско друштво во државна сопственост, го откупи делот од управната зграда кој му припаѓаше на ЕВН.

– ЕВН поседуваше половина од зградата и со докупот објектот сега е во целосна сопственост на АД ЕСМ. Делот е откупен за 2.375.100 евра – изјавија од ЕСМ.

Оттаму сè уште не кажуваат дали во оваа зграда ќе се пресели градската администрација. ЕСМ имаат нов објект кај Старата железничка станица во кој не можат да се преселат поради тоа што тој сè уште нема употребна дозвола.

Во врска со новата зграда, АД ЕСМ и другите надлежни институции сè уште се во процедура на изнаоѓање правно решение со кое објектот ќе добие употребна дозвола. Ситуацијата е затекната како проблем уште при промената на власта во 2017 година, а до истото е дојдено поради необезбедување на дозволи за измени во тек на градба додека објектот се градел – прецизираат од ЕСМ.

По продажбата на својот дел во зградата, во меѓувреме, дел од вработените на ЕВН веќе се преселени во Градската куќа која ја купија од Градот за 12,7 милиони евра.

– Дел од нашите вработени уште пред да почне пандемијата се преселија во Градската куќа, а дел се во нашите објекти под Кале и на улицата „Ленинова“. Вака засега е добро и поради пандемијата со коронавирусот. Полека сите ќе се вселиме во Градската куќа – изјави Ленче Карпузовска, портпарол во ЕВН, додавајќи оти не знае дали градската администрација има намера да ја земе зградата, бидејќи таа сега е на ЕСМ.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов сè уште не нашол соодветен објект за градската администрација, иако пред речиси една година на 26 септември најави дека ќе се продава Градската куќа, која почна да се гради уште во време на неговиот претходник, Коце Трајановски, со образложение дека во неа нема место за сите вработени и дека за градската администрација подобра би била локација некаде во центарот, поточно по можност и на Градскиот плоштад.

Тој тогаш ниту потврди, ниту демантираше дека би се преселиле во зградата на ЕВН и ЕСМ на плоштадот „Македонија“. А и сега од Градот не одговорија на прашањето на весникот ВЕЧЕР дали можеби идното седиште на Градот ќе биде објектот на Градскиот плоштад во кој сега се вработените од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

– Градот Скопје работи на изнаоѓање соодветен објект за градската администрација, но засега нема ништо конкретно на овој план. Доколку биде изнајдено соодветно решение, јавноста ќе биде навреме информирана – кусо одговорија градските власти.

Зградата е градена далечната 1962 година и се вбројува во еден од најзначајните модерно/архитектонски објекти во Скопје. Белградскиот архитект Бранко Петричиќ го има направено идејното решение, а фасадата е дело на покојниот архитект Ѕвонимир Никуљски направена кон крајот на 1970 година. Втор пат фасадата е реконструирана 2000 година кога е додадено стаклото.

https://www.vecer.press/зградата-на-есм-куртули-од-барокна-фас/
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 162
  Quote David Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Sep-2020 at 13:09
Зградава е толку измрцварена што сега ни стакло ни дијаманти во фасада не ја спасуваат. Жал ми е,ама уште во 62-ра и го промашиле местото,и нејзе и чирот пред нејзе треба да ги снема затоа што го блорикаат погледот кон плоштадот и зафаќаат место буквално за џабе,портата исто.

Инаку интересно е ова со скелињава,може сакаат нова фирма блиска до моменталнава влада да најдат да менува фасада па тие ќе си постават свои скелиња,а може и ќе си остане така да го разубавува плоштадот како хотелот и офицерски.

Криво ми е што се нема смелост и се преувеличува вредноста и важноста на некои објекти во градов,не знам од каква причина,зградава ни тогаш а сега уште помалку и е место на плоштад,па уште во барок опкружување и александар на букефал таа со стакло фасада Не се иде со инат напред,ако нејќеш да ја барокизираш тогаш не ја ни "модернизирај" тргни ја,отвори простор,може па некој ден подземна улица ќе се гради таму,може сето ќе стане шеталиште тој дел,нема комуникација нема презентација визија,вака ќе изгледа градов до тогаш и тогаш,овде ќе има ова,ќе нема тоа,не може со секое мењање на влада да менуваме курс за 180 степени,а немаме ни експерти бога ми не може само да се преќутува,вакви крпења на долг рок не му носат добро на градот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7418
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-Sep-2020 at 10:43
Барокот не се залепи, се тргаат скелињата од зградата на ЕСМ



Градежните работници ги демонтираат скелињата околу висококатницата на ЕСМ кај Градскиот трговски центар кои со години стоеа околу неа по запирањето на изградбата на барокната фасада. Отстранувањето на скелињата откри дека дел од поранешната стаклено-метална фасада е веќе заменет со бетонски елементи, но и дека дел е се уште останат на зградата.

Какви се намерите на изведувачите не е познато но како што во мај годинава беше најавено од страна на државната компанија ЕСМ од оваа есен зградата треба да добие нова модерна фасада.

-Од компанијата ЕВН сме откупиле четири ката од зградата, дел од приземјето и земјиштето под зградата за 2,2 милиони евра. Заедно со Град Скопје работиме на изработка на идејно решение за изгледот на зградата. Фасадата ќе биде стаклена и модерна. Се надеваме дека во втората половина од годината ќе почнат градежните работи. Кога ќе завршиме со фасадата ќе ја реновираме и внатрешноста на зградата, изјави тогаш Васко Ковачевски, директор на оваа комапнија.

Каков треба да биде изгледот на целиот објект не е познато. Останува дилема зошто ако се планира изградбата на новата фасада беше потребно да се тргнат скелињата?

Познато е, ова зграда до неодамна ја користеше и компанијата ЕВН, но таа се исели од неа откако ја купи Градската куќа под Кале за 12,7 милиони евра. Тоа ги подгреа шпекулациите дека градската администрација на Градот Скопје би можела да се пресели во оваа зграда. Инаку, зградата е изградена 1962 и е еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура.

https://skopskoeho.mk/barokot-ne-se-zalepi-se-trgaat-skelinata-od-zgradata-na-esm/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 160>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.391 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.