Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3261 Posted: 15-Jul-2008 at 15:28 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3262 Posted: 17-Jun-2008 at 06:20 |
Ок важи ќе ја сликнам, ама не е во толку лоша состојба.
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#3263 Posted: 16-Jun-2008 at 23:56 |
Закон, видов како го поставуваат скелето пред да одам. Во очајна состојба се куливе, добро би дошло реновирање и на многу други комиблокови. Лсл таа кулата што е во Кисела Вода кај тебе можеш да ја сликнеш.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#3264 Posted: 16-Jun-2008 at 23:12 |
Се обновуваат фасадите на сините кули во Карпош
Проектот се реализира со задоцнување од 1,5 година поради несогласувања помеѓу станарите и Општината
Деспина Трајковска
По едногодишни најави,
општинарите од Карпош во соработка со градските власти почнаа со
акцијата за обнова на фасадите на сините кули на булеварите
„Партизански одреди“, „Октомвриска револуција“ и на улицата „Орце
Николов“. И покрај тоа што интервенција е најнеопходна на кулата што се
наоѓа на булеварот „Октомвриска револуција“, прва на листата за обнова
се најде фасадата на кулата спроти Технолошкиот факултет. Таму деновиве
привршува монтирањето на скелињата, по што ќе се пристапи кон
пребојадисување на фасадата, на која претходно не и' се неопходни некои
поголеми зафати за санација. Се очекува кулата да го добие новото руво
за еден месец.
Градоначалникот Андреј Петров вели дека
редоследот на фасадите за обнова е извршен сосема случајно и зависел од
ангажманот на избраната фирма што ќе ги врши планираните активности.
Најмногу работа ќе има на кулата на „Октомвриска револуција“, со оглед
на тоа дека таа фасада е најоштетена.
„Најбитно е тоа што
конечно почнавме да ги реализираме активностите на терен. Ги надминавме
недоразбирањата што ги имавме со некои од куќните совети и сега на
заедничко задоволство почнавме со работа на терен“, вели Петров, според
кого сите три кули конечниот обновен лик ќе го добијат до крајот на
летото. Фасадата ќе ја задржи истата боја.
За обновата ќе се
потрошат околу 300.000 евра, сума која половично ќе ја делат Градот и
Општината, со оглед на тоа дека станува збор за заеднички проект.
Инаку, тој требаше да биде реализиран пред повеќе од една и пол година,
но поради одредени несогласувања со станарите, се пролонгираше. Откако
од Карпош го најавија проектот, станарите од кулата на „Октомвриска
револуција“ се пожалија дека градоначалникот Петров побарал и тие да
учествуваат во финансирањето, иако од Општината потенцираа дека
обновата ќе се изведе на сметка на Карпош и на Градот. Станарите се
жалеа дека општинарите им укажале оти тие мора да дадат пари, бидејќи
сметале дека е недозволиво Куќниот совет да зема пари од издавање
рекламен простор на фасадите, а Општината да им ја обновува без тие да
вложат ниту денар. Сепак, по неколкумесечни преговарања, се најде
компромис. Беше договорено Општината да ги преземе трошоците за
неопходните интервенции, а за возврат фирмата што ќе ја користи
фасадата за рекламни цели да обезбеди бесплатни часови за англиски
јазик и за информатика за 50 деца од социјални семејства од Карпош. | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=137207EC36B7FC40B9F12583CE333F78
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#3265 Posted: 06-Feb-2008 at 19:39 |
Originally posted by gotsomekicks
Ејј одлична вест, само да не биде како онаа зграда во Софија што е офарбана лила и пишува „Милка„ .
|
Подобро од ова, во секој случај...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#3266 Posted: 06-Feb-2008 at 10:51 |
Ејј одлична вест, само да не биде како онаа зграда во Софија што е офарбана лила и пишува „Милка„ .
|
|
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#3267 Posted: 05-Feb-2008 at 23:46 |
|
|
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#3268 Posted: 05-Feb-2008 at 23:45 |
Slusnav deka ke gi pravele zeleni celite .... )))))
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#3269 Posted: 05-Feb-2008 at 23:43 |
Само да не биде некој кич. Во последната акција на Пенов за светнување на фасадите по градот, зажалив што некои објекти воопшто ги чепнаа.
|
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#3270 Posted: 05-Feb-2008 at 23:27 |
Сепак ќе светнат кулите на Партизанска
Убавиците дочекаа дотерување
Финансиските средства ќе ги обезбедат Општина Карпош и Град Скопје, а станарите ќе партиципираат преку фирмата "Еуро кидс", која се рекламира на зградата и која за возврат ќе обезбеди бесплатни часови по странски јазици и компјутери за 50 деца од општината
Трите сини кули на "Партизански одреди" спроти бензинската пумпа на "Макпетрол" во Карпош 1, конечно ќе добијат нови фасади. Финансиските средства ќе ги обезбедат Општина Карпош и Град Скопје, а станарите ќе партиципираат преку фирмата "Еуро кидс", која се рекламира на зградата и која за возврат ќе обезбеди бесплатни часови по странски јазици и компјутери за 50 деца од општината.
Договорот паднал завчера доцнапопладне, на средбата меѓу претставници на Општина Карпош со куќниот совет на кулата број "10", на која биле расчистени сите нејаснотии што во изминатиов период ги кочеа активностите. Имено, на неколкуте барања на станарите, Општина Карпош им нудеше да им помогне ако самите партиципираат со една третина од вкупниот износ, или пак средствата да си ги обезбедат сами од издавањето на рекламниот простор. Овие опции беа неприфатливи за станарите од финансиски причини.
По средбата, претставникот на куќниот совет Александар Коневски, изјави дека е задоволен што конечно на своите соседи им соопштил добра вест.
- Многу сме благодарни што градоначалникот Андреј Петров пројави добра волја да се реши овој за нас навистина голем проблем. Ние му презентиравме дека има фирми кои фасадите ќе можат да ги изработат за цена од 40 до 60 илјади евра, што се речиси за двојно пониско од понудите кои пристигнале во Општината, така што Петров прифати и се обврза во најкус можен рок да го распише тендерот за избор на изведувачот - рече Коневски.
Реконструкцијата на надворешниот изглед на некогашните "скопски убавици", кои по катастрофалниот земјотрес беа гордост и украс на Партизанска, беше неопходна не само од естетски аспект, туку парчињата од фасадата паѓаат и се опасни за минувачите. Токму затоа, вели градоначалникот Петров, нема да се чека ниту еден ден за започнување на тендерските процедури. Ќе се распише и конкурс за идејно решение и избор на бојата на фасадата за трите кули, кои и натаму ќе останат симбол на овој дел од градот.
- Некогашните општествени станови во кулите сега се во приватна сопственост, па согласно со Законот за домување, трошокот би требало да падне на грбот на сопствениците. Бидејќи тие самите не беа во можност да издвојат толку средства, неколку пати бараа да им помогнеме во решавање на проблемот. Сега кога конечно се договоривме, можеме да очекуваме дека градежните работи ќе почнат до почетокот на април - рече Петров.
Фасадите ќе се работат истовремено на трите кули.
|
Извор: Вечер
Edited by UrbanFreak - 05-Feb-2008 at 23:28
|
|
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#3271 Posted: 01-Feb-2008 at 14:31 |
Да браво за постот ова е без сомнение точно! Значи на крај сепак целта е да се заработи. Поразителни факти. Инаку се согласувам само со тоа дека и општината треба да помогне во реконструкцијата на фасадата.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3272 Posted: 31-Jan-2008 at 18:59 |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E3E288C112EFC1428B3612D1D8783C4B
ОД КУЌНИОТ СОВЕТ НА КУЛИТЕ ВО КАРПОШ 2 СЕ ЖАЛАТ ДЕКА СЕ ИГНОРИРАНИ
Градоначалникот Петров ги одбегнува станарите од излупените кули
Куќниот
совет од вториот влез на сината кула со излупена фасада, која се наоѓа
на „Октомвриска револуција“, број 10 не може да најде разбирање со
општинските власти од Карпош за обнова на фасадата. Претседателот на
куќниот совет, Миле Златевски, вели дека единствената причина поради
која не може да се обнови фасадата е немањето комуникација со
општинските власти. - Во два наврата се обидував да стапам во контакт и
да бидам примен кај градоначалникот Андреј Петров, но не успеав.
Комуникацијата засега се сведува само преку медиумите. Од нивните
информации ние знаеме дека е донесена одлука фасадата на кулите да се
обновува со пари од Општината и од Градот и тоа по половина од
потребната сума - објаснува Златевски.Тој вели дека повторно преку
средствата за јавно информирање дознале за новата одлука, според која
за обновата на фасадите, освен Градот и Општината, треба да плаќаат и
станарите, односно сите по една третина од потребното.
- Ние сме
обични луѓе, во нашата зграда 70 отсто од станарите се пензионери и
немаме пари за учество. Од каде да најдеме 50.000 евра, од вкупно
потребните 150.000 евра за една фасада - вели Златевски.Од куќниот
совет бараат средба со градоначалникот Петров за да најдат заеднички
јазик. Тие би сакале да учествуваат во конкурсот за изведувач и да
имаат одреден увид и влијание врз изборот.
- Иако првично
одредената цена од Општината е 150.000 евра за обнова на фасадата, од
кои само за поставувањето на скелето се потребни 100.000 евра, ние
разговаравме со луѓе што ни потврдија дека целата работа може да се
заврши и за 100.000 евра. За се' може да се договориме со Општината, но
немањето комуникација е единствениот курцшлус во случајов - тврди
Златевски и додава дека недоразбирањата со останатите куќни совети од
кулите се надминати.Од Општина Карпош велат дека се подготвени веднаш
да реновираат две од трите сини кули, што се наоѓаат на булеварот
Партизански одреди, само чекаат да се усогласат куќните совети.
-
Еден од куќните совети бара да стопанисува со фасадата, односно да
наплатува за поставување реклами. Тогаш, зошто и тие да не учествуваат
во обновата со одредена сума - велат во Општина Карпош. Според Законот
за домувањето, обврската за одржување и обнова на фасадите е на куќните
совети. Фасадите на сините кули во населбата Карпош 2 се комплетно
руинирани и ја нагрдуваат околината во тој дел од градот.
(А.П.)
|
Нема да навлегувам во другите аспекти на ова (кое патем се најавува веќе цела година), туку сакам само да се задржам на резонирањето и свеста на нашите граѓани. Според болдираните делови може да се заклучи дека: 1. Обврската за одржување на фасадата е нивна, значи тие се и одговорни за моменталното ругло. 2. Сепак не сакаат ни делумно финансиски да учествуваат во обновата. 3. Ама затоа сакаат да имаат увид и влијание во целата работа. 4. Како капак сакаат тие да стопанисуваат со фасадата како рекламен простор. Ако е ова навистина вака, тогаш е поразително. Не знам веќе како да се работи на свеста за заеднички интерес... Еве се согласувам дека учеството што се бара од нив е преголемо, но тоа можам да го прифатам само ако не се толку нападни во другиот дел - профитниот. Како тоа друг да инвестира, а они да печалат? Навистина сум изреволтиран од вакви „финти“. Не дека ради овој конкретен случај ќе пропаднеме, ама сепак пропаѓаме затоа што вакви примери има премногу...
Edited by Cloverstack - 31-Jan-2008 at 19:00
|
|