build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Фасади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 152153154155>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3361
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3061 Posted: 14-Mar-2018 at 10:11
Јас морам текстов да го ставам овде. Да признаам, сите гадотии што ги направиле со фасадата на МЕПСО не успеа да ги собере во текстот, едноставно Ревизорскиот извештај е преобемен со нив, немаше место сите да се внесат. Ама, накратко речено, „рефасадирањето“ на оваа зграда е исто како здрав и прав човек да му плати на лекар МОРЕ ПАРИ за овој да го направи траен инвалид во количка.

Ревизорите констатираа бројни пропусти при изведбата на „барокната“ фасада на МЕПСО

Објавено на 13.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin


Работите врз објектот не се довршени, а вработените и понатаму, по речиси четири години од склучувањето на договорот за изведба, работат во тесен простор, во еден помал простор од зградата. Ова е резултатот од проектот за „барокизација“ на седиштето на МЕПСО во центарот на Скопје, кое е воочено во најновиот Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за работењето на МЕПСО во 2016 година. Ревизорите откриваат дека е склучен договор за изведба на реконструкција и адаптација на фасада, за чија реализација се констатирани повеќе недостатоци и пропусти.

„Извршени се редовни работи и вишоци во износ од 87.879 илјада денари кои претставуваат предмет на судска постапка, дополнителни работи во износ од 1.200 илјади денари кои не се регулирани со анекс договор, непредвидени работи во износ од 13.111 илјади денари кои не се уредени со договор, а според информациите од надзорот за завршување на наведените работи потребни се уште 27.558 илјади денари и не е извршено осигурување на објектот“ констатира Ревизорскиот извештај.



Првиот проблем со изведбата на „барокната“ фасада на МЕПСО настанала уште при распишувањето на Конкурсот за избор на идејно решение во март 2012 година. Предмет на овој конкурс била изведбата на нова фасада на целиот објект, иако МЕПСО во тој момент не ја поседува целокупната површина на зградата. На конкурсот биле избрани три идејни решенија за да се искористат за натамошна разработка. „Поради наведеното идејното решение не било прецизно утврдено, а истото претставува основа за изработка на основен проект“ се вели во Ревизорскиот извештај.



Ревизорите утврдиле дека основниот проект не содржи елаборат за енергетска ефикасност, иако самиот договор за „реконструкција“ на фасадата бил со цел да се подобри енергетската ефикасност. Издаденото одобрение за градење не било наменето за подобрување на енергетската ефикасност на објектот, така што ваквата состојба не била во согласност со членот 29 од Законот за градење. Но, и не само тоа.



При изведбата на „барокната“ фасада на МЕПСО не било предвидено вршење на проектантски надзор, но за него била утврдена потреба уште во првата година од изведбата. За таа цел, ангажиран за проектантски надзор е самиот проектант, којшто дал согласност да ја изврши услугата без надомест. Ревизорите сметаат дека ваквиот начин на вршење проектантски надзор упатува на неодговорно постапување со можност за настанување штети и финансиски импликации за МЕПСО. По ова, надзорот е избран на тендер и е потпишан договор со него во февруари 2014 година. Во исто време, Државниот завод за ревизија открива дека за „барокната“ фасада на МЕПСО не е спроведена постапка, ниту е склучен договор, за ревизија на изменување и дополнување на основниот проект, што не е во согласност со Законот за градење.



Ревизорите откриле дека реконструкцијата на надворешниот лик на МЕПСО не била завршена во првично предвидениот рок од 18 месеци. Но, и не само тоа. Објектот не е предаден во употреба до денот на известување од извршената ревизија, односно дури 24 месеци по истекувањето на првичниот рок. Државниот завод за ревизија му препорачува на МЕПСО да изврши преиспитување на досега преземените активности и да издаде задолженија за надминување на состојбата, целосно довршување на објектот, обезбедување на одобрение за употреба, примопредавање на објектот и ставање на истиот во функција.



Ревизорите констатираат дека активностите, финансиските трансакции и информации рефлектирани во финансиските извештаи на МЕПСО не се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Оттука, Државниот завод за ревизија изразува неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на МЕПСО за 2016 година.


http://build.mk/revizorite-konstatiraa-brojni-propusti-pri-izvedbata-na-baroknata-fasada-na-mepso/
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #3062 Posted: 14-Mar-2018 at 13:04
Какво перење на пари се случуваа последниве години, тоа беше неверојатно. Покрај тоа толку го нагрдија градот што мислам дека никогаш нема да се врати во нормала.

Специјално за оваа зграда и зградата на владата ми е најмногу криво, бидејќи беа симбол на стара македонска архитектура вклопена во модерната.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #3063 Posted: 19-Mar-2018 at 19:47
Originally posted by ovaj_stariov


Специјално за оваа зграда и зградата на владата ми е најмногу криво, бидејќи беа симбол на стара македонска архитектура вклопена во модерната.


Smeski, starata vlada bese cist plagijat, samo sto poradi nedostatok na internet i drugi informacii lugjevo neznaea podobro
Eve ja "Republic Tower I" vo Dallas, izgradena 1954, samo sto na vladata zgradata ja nemase kulata, tuku prestanuva odma posle prvata kocka.

Duri i fasadata e 100% ista mozda ja kupile od istiot proizvoditel. Vo Dallas gi promenile prozorite i stavile novi moderni po energtski efektivni...


Eve je nasata stara fasada:



Edited by iGi_PoP - 19-Mar-2018 at 19:52
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11626
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3064 Posted: 20-Mar-2018 at 13:10
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3065 Posted: 20-Mar-2018 at 13:23


Барокна фасда? или јас не сум прошол тука 100 години па не сум знаел дека и ова е барокирано или...?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3361
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3066 Posted: 20-Mar-2018 at 18:27
Originally posted by Џоле



https://www.slobodenpecat.mk/naslovna/foto-se-uriva-baroknata-fasada-na-ttsts-plaza/


Мрзливата општина Центар не треба да го сопре рушењето на објектот, туку да го казни инвеститорот. Не само за уривањето на што и да е, туку за ОГРОМНИОТ РИД земја што го донесоа од не знам каде и го сместија на оваа локација. Веќе се создава кал околу објектот, а кога ќе дојде лето ќе дојде и прашината. Не ми е јасно на што личи ова.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11626
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3067 Posted: 20-Mar-2018 at 18:35
Originally posted by pbanks

Барокна фасда? или јас не сум прошол тука 100 години па не сум знаел дека и ова е барокирано или...?



Требаше да добие нова „барокна“ фасада, но во меѓувреме се променија многу работи
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3068 Posted: 22-Mar-2018 at 16:54
Originally posted by iGi_PoP




Originally posted by ovaj_stariov

Специјално за оваа зграда и зградата на владата ми е најмногу криво, бидејќи беа симбол на стара македонска архитектура вклопена во модерната.
Smeski, starata vlada bese cist plagijat, samo sto poradi nedostatok na internet i drugi informacii lugjevo neznaea podobro Eve ja "Republic Tower I" vo Dallas, izgradena 1954, samo sto na vladata zgradata ja nemase kulata, tuku prestanuva odma posle prvata kocka.


Вака ако гледаме ќе излезе дека 99.9% објекти во светов се плагијат на некој постар објект.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #3069 Posted: 22-Mar-2018 at 17:33
Originally posted by fichot

Originally posted by iGi_PoP




Originally posted by ovaj_stariov

Специјално за оваа зграда и зградата на владата ми е најмногу криво, бидејќи беа симбол на стара македонска архитектура вклопена во модерната.
Smeski, starata vlada bese cist plagijat, samo sto poradi nedostatok na internet i drugi informacii lugjevo neznaea podobro Eve ja "Republic Tower I" vo Dallas, izgradena 1954, samo sto na vladata zgradata ja nemase kulata, tuku prestanuva odma posle prvata kocka.


Вака ако гледаме ќе излезе дека 99.9% објекти во светов се плагијат на некој постар објект.


Pa ne e bas 99.9% ....
Me nervira koga nekoj se mava vo gradi demek unikatno remek delo a ustvari e samo zgrada koja edinstvena dejstvenost e da snabduva raboten prostor za vladini rabotnici.

Aj da se vratime na temata za ravoj na novata vlada... sto se rusi ovaa nedela a sto slednata? Ako moze samo se da srusat pa da pocneme so razvoj isto kako od zemjotresot. Nov pocetok...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11626
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3070 Posted: 22-Mar-2018 at 20:05
Па, ако гледаме според твојава логика, тогаш сите стаклени облакодери се плагијати на првиот стаклен облакодер, зашто сите ја имаат истата фасада.

Посебноста на владината зграда е во нејзиното модерно толкување (интерпретирање) на традиционалната македонска куќа, нешто што на сличен начин го прават споменикот во Кавадарци, МАНУ (не сум 100% сигурен за ова) и уште неколку згради од македонскиот соц-модернизам на кои сега не можам да се сетам. Треба доста да се истражува на оваа тема, не само паушално да се напаѓа можеби најкреативниот дел од македонската архитектура (видете само какви срања се градат деновиве и споредете ги со концептите и идеите од тоа време - зборувам за државни институции, но и за приватни згради, јавни простори, урбанистички целини итн.)
__________________________

Инаку, според најновите теории на паранојата, изгледа дека ќе се отстранува т.н. Воин на коњ, за што веќе се мобилизираа најзагрижените чувари на „идентитетот“.

Edited by Џоле - 22-Mar-2018 at 20:06
За сè има вторпат
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3071 Posted: 23-Mar-2018 at 00:39
О господе боже. Владата била плагијат.

Ајде вака, фасадата можеби е слична, но не идентична. Треба да се има во предвид дека формите кои можат да ги имааат овие панели, можат да случајно или не бидат слични, и не само помеѓу овие две згради, а и за многу други на светот. Х е формата, не е нешто ретко и невообичаено. Но без разлика, да наречеш зграда плагијат само затоа што имала сличен вид на фасада со друга е тотална глупост и непознавање на архитектура.

Архитектурата на еден објект не е одредена само од изгледот на фасадата, а од самата форма на објектот, концептот, основите, катноста и функционалноста, а секако и конструкцијата.

Да ја споредуваш зградата на Владата со облакодери е исто како да ја споредуваш Земјата со Јупитер. Освен што и двете се планети/згради, си немаат ништо друго слично.

А за непознавањето на архитектурата на самата зграда на Владата... еве малку да се едуцираш:
1. Зградата на Владата е инспирирана од охридската архитектура, особено Ќуќата на Крапчевци и на Робевци.
2. Сите „коцки“ „висат“ на „постаменти“ издадени напред, и не само што естетски изгледаат убаво, но и во поглед на конструкција се достигнување во архитектурата.
3. Самата композиција на елементи, односно „коцките“ на Владата се добро усогласени меѓу себе и заемно функционални, заедно со приземниот дел кој што ги поврзува.
4. Урбанистички и локациски гледано е одлично решена, заедно со платото од десната страна до мостот Гоце Делчев, и пристап до кејот на Вардар.

Стварно не знам како е возможно некој да го напаѓа еден од поважните објекти на македонската архитектура и да го нарекува плагијат на некој облакодер, само затоа што панелите имале слична форма. Невидена простотија.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 518
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3072 Posted: 23-Mar-2018 at 16:05

одличен
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 112
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #3073 Posted: 23-Mar-2018 at 19:20
мораше да се смени таа фасада... премногу потсеќаше на време во кое идеологијата за самостојна држава беше потиснувана со "не најсреќни" решенија донесени токму во таа зграда... за жал, се потрошија многу пари на многу лошо решение
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #3074 Posted: 23-Mar-2018 at 21:22
Originally posted by FoSsiL

О господе боже. Владата била плагијат.

Стварно не знам како е возможно некој да го напаѓа еден од поважните објекти на македонската архитектура и да го нарекува плагијат на некој облакодер, само затоа што панелите имале слична форма. Невидена простотија.


Prostotija e tvojot komentar. Nego ajde... neka ti bide, koga ti gledas vrednost koj sum jas da ti go rasipuvam sonot kako sto vikaat zapadnjacive "beauty is in the eye of the beholder" Cheers
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3075 Posted: 01-Apr-2018 at 18:23
јас мислам дека Ск2014 ви беше доволно да си го намалите истурањето политички фрустрации и стандарди за убавина врз архитектурарата која не ја разбирате како функционална уметност, туку како фасада за на разгледница... ама неее, очигледно ова ќе трае додека некоја будала не го срамни градов со земја
објектот на владата како концепт на висечка структура на централен функционален столб (нешто слично на метабилозмот можеби) беше комплетно збришан со новата фасада, види види, само затоа што на некој не му се допаѓале панелите, кои можеа да бидат заменети без целиот идиотизам, и да се задржи целосната оригиналност на објектот
можеа да стават и барокна пластика на објектот, who cares? ја пропуштате целата поента тука

Edited by zabegan - 01-Apr-2018 at 18:25
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 79
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #3076 Posted: 02-Apr-2018 at 09:56
Функционална уметност можеби може да се каже за старата фасада на Владата, но грдосиите од фасади што беа во центарот на градот беа далеку од уметност. Не дека моментално се некаква уметност новиве фасади, ама да бидеме реални...
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #3077 Posted: 02-Apr-2018 at 14:18
Originally posted by zabegan

функционална уметност
LOLBig%20smileApplause
Treba da se sravni so zemja celo SK i od novo... od pocetok ... so denesnie vrvni Skopski arhitekti da se izgradi
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3078 Posted: 06-Apr-2018 at 22:27
еј уморен сум од тупење на една иста тема со години на форумов, со едни исти луѓе, што ги сфаќаат архитектурата и урбанизмот како поле за заебанција а не како сериозна наука, не за џабе се поретко ме има дури и мене...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11626
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3079 Posted: 21-Apr-2018 at 19:06
Дебар Маало

За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 669
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3080 Posted: 22-Apr-2018 at 19:34
Originally posted by iGi_PoP

Pa ne e bas 99.9% ....Me nervira koga nekoj se mava vo gradi demek unikatno remek delo a ustvari e samo zgrada koja edinstvena dejstvenost e da snabduva raboten prostor za vladini rabotnici.Aj da se vratime na temata za ravoj na novata vlada... sto se rusi ovaa nedela a sto slednata? Ako moze samo se da srusat pa da pocneme so razvoj isto kako od zemjotresot. Nov pocetok...


со што си се аздисал та вака проверглуеш да неречам на која дроља си може плагијат мислише фасадно, а навистина има ли некој абер алу панелите на бившата зграда на ЦеКа од каде се, можеби Словенија ...

а за дејност владин работник високо котира на државничко его, поГолем ранг има и до Војска ")

него велиш рушене, ама и за тоа требит пари, а треба и за партиски есап, заштеда, агитпроп ... најубо нека си напраат нова влада, а од оваа архи музеј ... пола до две третини нека ја отскријат, 3/3-тина нека ја остават бадрок, еокласика и балустриран експанзионизам ... i не само нова Влада туку и ново Собрание, макр истиве представници на системот се собрале да си трљаат уши нокти заби ....
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 152153154155>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.688 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.