build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 153154155
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 826
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3081 Posted: 22-Apr-2018 at 19:39
Originally posted by Џоле

Требаше да добие нова „барокна“ фасада, но во меѓувреме се променија многу работи


та речиси се е стопирано таму околу плоштад дпмн, и нивнио брод немашемлогика таков таму да го вкотват, но нели очекуваа дека и оваа ротација нема да ротираат, та се понадеваа дека енергетски ефикасно се во околина ќе се прилагоди наним односно нивнио стил, навјасан наплеќи од немукает!

има ли рендер од новиот проект за Плаза ...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11768
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3082 Posted: 02-May-2018 at 19:02
Одеднаш се предомислија од ЕВН и фасадата на објектот нема да биде во „барок“
    
Како што пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, деловната зградата во која се сместени ЕВН и ЕЛЕМ во центарот на Скопје нема да има барокна фасада како што беше одлучено во 2013 година.

„Фасадата нема да биде во барокен стил како што беше првично предвидено. Ова го одлучивме заедно со ЕВН“, велат од ЕЛЕМ.



„Се разгледуваат можности меѓу кои и промена на неокласичниот изгледот кој беше предвиден со проектот за реконструкција во 2013 година. Решението кое ќе се избере сакаме да биде соодветно за централното градско подрачје. Нема да има никакви дополнителни финансиски импликации бидејќи зградата е во таа фаза кога не е почнато да се гради новата фасада“, велат од ЕВН.

Градежните работи за реконструкција на зградата се стопирани пред две години кога се запали фасадата.

Реновирањето на фасадата на зградата на ЕВН и ЕЛЕМ почна летото во 2013 година и според најавите требаше да биде готова до крајот на 2014 година. Тогаш од компаниите рекоа дека фасадата била планирана да се реконструира пред проектот „Скопје 2014“, а за барокно решение се одлучиле за да се вклопи во новиот амбиент на објектите каде е сместена зградата. За реновирањето беше предвидено да се потрошат 4,3 милиони евра.

https://www.porta3.mk/odednash-se-predomislija-od-evn-i-fasadata-na-objektot-nema-da-bide-vo-barok/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1661
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3083 Posted: 03-May-2018 at 15:40
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #3084 Posted: 04-May-2018 at 02:55
Историска фасада стана оваа, требаше многу побрзо да се заврши сепак е во најстрог центар, и сега додека решат каква ќе биде па додека почнат да ја прават ќе фати 10 години како се прави една фасада
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #3085 Posted: 08-May-2018 at 00:04
Која црна "барокна" фасада на висококатница побогу?? Па фасадата беше пред десетина години реновирана?? Добро што ја стопираа, само не би знаел што би можело да се изведе сега?!
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3086 Posted: 25-May-2018 at 12:34
Денес се поставуваат скелиња на зградата спроти Палата Лазар Поп Трајков веројатно за некаква реконструкција.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11768
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3087 Posted: 25-May-2018 at 18:23


Цел тој ред згради таму плаче за некаква реконструкција.
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3088 Posted: 04-Sep-2018 at 15:27
Meanwhile in Berlin...





повеќе

Ако со брутализмот бевме во чекор со светските трендови, со СК14 да сме ти биле чекор пред...

Edited by hcitrS - 04-Sep-2018 at 15:30
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 826
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3089 Posted: 04-Sep-2018 at 21:51

и потака бидејќи ние одиме со профилиран стиропор по фасадите, кај нив муабетот е класична штуко фасада
The reconstruction also reproduces the original metre-thick width of the outer walls. However these have been rebuilt as a sandwiched construction: an inner retaining wall of concrete, followed by a layer of insulation, and an outer wall of brick, sandstone and stucco which replicates the original.

но и кај нас не е зорт муабетот знаејќи колкава ни е чергата, но проблемот е што не најдоа нашиве за сходно да одат со локален профилиран стиропор пр. со машина склепана од Микросам а како брзо и лесно би се штанцале заменски парчиња или табли за секоја фасада дополнително, нели штом почнат да дотрајуваат набрзо, но веројатно тендерскиот пристап за нулта корупција ем брзањето за инстант финиш не остави простор ни јавно а не пак експертски да се дума вака ... со таков пристап ќе можеа и секооја деценија да менуваат фасади но мислам дека тука треба да се смени пред се намената на објектите, да се размислува како истите да станат деловни наместо стамбени бар оние во периметарот на Мал Ринг вклучително и оние во ГТЦ, која бенефиција би ги натерала фирми да откупуваат станови по големи цени од станари, можеби ослободување за царина за компании кои би имале таму седиште можеби а типични дејности кои треба да се скоцкани во строгиот центар на градот, иако сето тоа не е далеку ден хотелски да се ребрендира а тој мрсно станарите да ги искомпензира, та дури и со пентхауси во самите хотели, но што ќе направи елитистички хот-спот од центарот, заради што попаметно е деловна пренамена на зградите во Мал Ринг ...

нејсе, ова со Берлин е добра поука да не се тревожиме дека само локално тука имаме фасаден кич пристап, да брутализам пресоблекуваме патинирано, иако стои поентата на мнозина дека во делот кај мнт упадот е дилетантски, со се оној кај мепсо, но руинираните фасади во Центар може да се каже дочекаа инстант освежување иако нецелосно бидејќи sds го сопре нивното комплетирање во внатрешноста на нивните паркинг атриуми, та сега муабетот е ко од некое гето, иако потенцијално со минималистички ен.еф.фасади како што мислат да го заокружат пак ќе штрчи во однос компактноста, но што и толку не е битно колку да светнат сестрано објектите и внатрешно, но чинам таму тие треба да се ресетираат во однос паркинзите, а за сметка на тоа да им се отстапи простор во идната подземна гаража под плоштад ко што некогаш ја думаа доколку одат со тунелот под него, на нивно место пак можат да направат зелени атриуми или детски катчиња, но се ми се чини дека во таков случај кафански тераси ќе испопаркираат!? но ако ја направат ул.Ди.Чу. подземна кафаните ќе се распостелат соодветно по неа, а атриумиве чинам три со се оној затворениот сега кај Пивница можат да дочекаат пејсажна трансформација како мини скверови, само треба да бидат со капии за навечер да имаат таму пристап само станари ...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11768
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3090 Posted: 08-Sep-2018 at 09:59
Се менува фасада на оваа зграда

https://www.google.mk/maps/@41.9903381,21.431201,3a,75y,2.35h,93.31t/data=!3m6!1e1!3m4!1sc_GIJYhi1_U87q0knPn2mw!2e0!7i13312!8i6656?hl=en

(патем, не е лошо да се обнови и фасадата на станбената зграда веднаш до неа)



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3091 Posted: 21-Sep-2018 at 17:49
Кога ли ќе и дојде редот на оваа зграда среде центар на град,поред булевар да добие енергетски-ефикасна фасада.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11768
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3092 Posted: 06-Oct-2018 at 16:39
Во чаршија:







И во Дебар Маало



Патем, ставаат термо изолација и упропастуваат една сосем фина модернистичка зграда. Еве за која станува збор:

https://www.google.mk/maps/@42.0022687,21.4249512,3a,90y,217.48h,102.45t/data=!3m6!1e1!3m4!1sKYxyhqzMhl3Y-k78UaNK8w!2e0!7i13312!8i6656?hl=en
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #3093 Posted: 06-Oct-2018 at 18:35
Мене според сликава ми се чини дека изгледот не се менува, само се додава термо изолација која ќе биде изработена во оргиналниот изглед, или пак се лажам ?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11768
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3094 Posted: 28-Oct-2018 at 20:54


Делови од оригиналната фасада имаат ситни плочки што по обновата ќе ги нема. Еве една денешна фотка, зградава е пред завршување.

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3095 Posted: 08-Nov-2018 at 19:38
Високoкатницата на ЕЛЕМ и ЕВН стана страшило во центарот на градот



Искинати заштитни мрежи и скелиња кои одамна не се во употреба и натаму стојат околу висококатницата во најстрогиот центар на градот каде се сместени државното претпријатие Електрани на Македонија и приватната компанија ЕВН. Мрежите се кинат се повеќе и се делува напуштено, грдо. Така е последниве две години, откако на фасадата избувна голем пожар која, за среќа, не предизвика потешки последици. Нема скопјанец или гостин во градот кој, кога ќе поминува низ центарот на градот, да не погледне кон ова здание кое од некогашен познат мотив, сега стана објект кој го нагрдува централното градско подрачје. Скопјаните имаат се помалку разбирање за ваквиот застој на работите.
– Не знам дали во некој друг град во светот жителите и туристите две години мораат да гледат во искинати мрежи и скелиња поставени на зградата која доминира во центарот? Секоја градска управа гледа што побрзо да ги заврши градежните работи во центарот само кај нас не. Кај се видело толку долго време да не може да се заврши една фасада. И да имало промени во проектот се треба брзо да се заврши. Вака само го нагрдуваме градот, потенцира скопјанката Марица Никифорова.
Да глетката биде уште погрда недовршена стои и фасадата на блиската зграда на ГП „Пелагонија“ која е исто така во фаза на „промена на проектот“, но која никако да почне.

Малку заради пожарот, уште повеќе заради политичките промени во власта кои што потоа уследија, предизвикаа градежните работи со кои зградата на ЕЛЕМ и ЕВН требаше да добие баркона фасада, да бидат стопирани. Главната причина била желбата на новата управа во државното претпријатие ЕЛЕМ зградата наместо предвидената баркона фасада, што беше избор на поранешната управа, да добие модернистички изглед. Тоа предизвика и проблеми во релациите со изведувачот фирмата „Бетон“ бидејќи сега практично треба да се менува договорот кој што е склучен по распишаниот тендер во 2013 година. Тука е главен проблем дали ЕЛЕМ има право да ги прави измени во проектот откако на тендер веќе била побарана фасада во барокен стил? Односно, другите фирми кои, можеби ќе понудеа подобро услови на тендерот за модернистичка фасада, сега ќе можат да тужат доколку се направи таква промена. Меѓутоа, за граѓаните ова не е оправдување веќе цели две години ништо да не се прави, па макар се сменил и предлог проектот.
– Ако за две години не можеа да најдат решение нема да го најдат никогаш. Вака ли ќе остане зградата? Тоа ќе биде срамота. Нека си најдат решение оти центарот на градот ни стои недоправен. Видете го како стои недовршен и Офицерски дом и хотелот до него. Треба ли центарот да се вика плоштад на недовршени згради, се прашува Спасе Костовски од општина Центар.
Се чека реакција и од компаниите и од инспекциите.

Ја споредуваа и со зградата на Обединети нации
Ова зграда, прва со стаклена фасада во Македонија, е направена во 1962 година, а нејзин автор е познатиот белградски архитект Бранко Петричиќ кој го учел архитектонскиот занает во атељето на светскиот авторитет Ле Корбизје. Некои критичари ја споредуваат оваа зграда со архитектонската убавина на седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

http://skopskoeho.mk/visokatnitsata-na-elem-i-evn-stana-strashilo-vo-tsentarot-na-gradot/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11768
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3096 Posted: 17-Nov-2018 at 18:14
Оваа речиси е завршена. Ми се допаѓа како испадна.



Еве како беше претходно:

https://www.google.mk/maps/@41.9902651,21.4313598,3a,47.3y,351.44h,95.12t/data=!3m6!1e1!3m4!1s1-x9ZR5ptrBmhjVbFjOK0g!2e0!7i13312!8i6656?hl=en

Edited by Џоле - 17-Nov-2018 at 18:16
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 826
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3097 Posted: 17-Nov-2018 at 23:33



сега да продолжат и потака тоа кјубот во продолжение врз истоветниот двоспратен комерцијален дел после зградата каде беше Орифлеим Новартис и Ребис можат слично да го мефмеросаат, а со Макпетрол во продолжение од карши така ќе направат една убава целина, добро е да се досетиле и сега да се аклиматизира фасадата на оваа оддесно на Макпетрол, само што кај Макпетрол има балконски колони од прозори, можеби Општината треба и фасадата на зградава да ја оправи ако не поинаку со проретчени бели истечени бои или бар артистички да се добие лего ленти, доколку не можат целосно ...



Edited by Zelenikovo - 17-Nov-2018 at 23:38
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 826
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3098 Posted: 18-Nov-2018 at 22:22

ајт ова горе ќе ја освежат бела фасада Лимаковци откако си кренат Ѕидот, но што да праиме ние со алеријата на другиот крај, неа чинам може да ја јавнат со некоја стакларија слична на НЛБ од карши, можеби налик Зебра



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 153154155

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.