build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Фасади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 155156157
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote David Quote  Post ReplyReply #3121 Posted: 16-Mar-2020 at 10:29
Скопје не е прв и едниствен град што градел покрај река,всушност гледаме дека и сега се градат објекти покрај Вардар,или во еден период не смее сега смее ? Имам сомнежи за нашите "експерти" после одредени настани и поврзување на нивните политички ставови или едно одредено време со архитектурата.

Ние треба себеси во прв план да се ставиме па после туристите,фасадите и објектите треба да бидат убави и квалитетни за нас,па после за сите други.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4598
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3122 Posted: 16-Mar-2020 at 12:48
Пријателе, прочитај малку на форумов и ќе видиш зошто коритото на Вардар беше забрането за градење уште од поплавата од 1962. Арно ама на Грујо му текна дека сакал згради и галии во и до реката која може да го поплави градот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote David Quote  Post ReplyReply #3123 Posted: 16-Mar-2020 at 13:07
Пријателе јас прв би ги тргнал галиите без разлика дали влијаат на течението на Вардар,за другото не коментирам,само би кажал дека можеше да се изгради на друго место итоа поквалитетно,затоа и кажав на друга тема дека нешто што според мене очајно му фали на Скопје европеизација(во многу погледи не само архитектура)беше злоупотребено и сега место да се чекори заедно кон поубав главен град се фатија страни во кои едните бранат квази чкарт барок а другите бранат Чернобил хорор архитектура.

Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote David Quote  Post ReplyReply #3124 Posted: 10-Apr-2020 at 10:14
Originally posted by stef4o

Зградите на ЕВН и на Пелоганија ќе добијат нови автентични фасади






Да не има некои нови информации до каде се новите фасади на Пелагонија и ЕВН,односно дали ќе се почнат во скоро време или......
Патем,порезонски е да се доправи Пелагонија во класичен стил,сепак се една до друга со "Пелистер",а за ЕВН не знам ни зошто ја чепкаа минатите in the first place,и онака не и е на плоштад местото и на нејзе и на тоа чирчето пред нејзе,не знам дали се има храброст кај нас да се дислоцира институцијава.

Исто така се сеќавам дека Шилегов најави дека од Септември минатата година ќе се почне со масовно менување на фасади во сторгиот центар на градот по модерен терк и дека бил распишан конкурс на кој најреномиран СВЕТСКИ архитекти одговориле....и од тоа ништо или ?
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #3125 Posted: 10-Apr-2020 at 10:22
Нека ги средат и по најмодерен тек, но да бидат на некој начин уклопени и со тие што се сегашни. Да нема голем контраст.
Сигурно размислиле за ова, ај да не зборам.   

Edited by skopskodete - 10-Apr-2020 at 10:22
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7133
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3126 Posted: 10-Apr-2020 at 17:26

пелагонија да ја сменат не би било толку трагедија, ама објект како тој на ЕВН може да се реконструира само по теркот на објекти како Ушче во Белград, Небодер на Илица во Загреб, Зградата на Босанско-Грчкото пријателство во Сарајево и други слични...
дури и можат да ја испочитуваат половичната задна фасада на објектот, која иако не изгледаше посебно убаво, беше каратеристична за него

треба веќе еднаш вакви објекти да влегуваат во ценета историја на градот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12749
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3127 Posted: 13-Apr-2020 at 18:41
Ова е некаква детска градинка, ако не се лажам, затоа и боите се малку „поживи“... Целата улица од таа страна има предземјотресна архитектура, но повеќето згради се во лоша состојба.







Edited by Џоле - 13-Apr-2020 at 18:41
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1808
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3128 Posted: 13-Apr-2020 at 18:46
Градинка Корчагин
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7133
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3129 Posted: 13-Apr-2020 at 21:21

еј, Корчагин, градинката кај што одев јас како мал
доста долго време баше малце пропадната, барем надворешно, убаво што ја средиле
позади е главниот влез и има убав голем двор (или барем мене ми личел како голем да е ) и голема гаража што се користеше половично како сала за претстави
се на се, прекрасен објект од предвоена ера, иако од надвор не изгледа така, внатре ја има сета грандиозност на богата куќа од својата ера
не ми се допаѓа изборот на боја со оглед на историјата, ама сепак е градинка

двата објекти до него се идентични, а последно нешто што знам и дека третиот објект на улицата имаше исто обиди за реставрација од сопствениците, а на крајот отворија кафуле во објектот што воопшто не му ја нарушува естетиката

се на се, прекрасна улица, штета што и нејзе половично ја утепаа со нови згради
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1808
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3130 Posted: 13-Apr-2020 at 22:07
Колку е соодветен за градинка? Прилично е мал, без доволно простор за внатрешни манифестации и голем двор со играчки и веднаш излегува на улица.

Уличките кај РЈК се фини, и овие три згради (мислам дека биле четири, таа на местото на паркингот била урната во земјотресот), и трите од 50-тите подолу на улицата. Кафичот излезе супер. Недоградената куќа на аголот спроти градинкава би требало да се догради и реновира. Навистина штета што помалите куќи ги уништија со голубарници, белата и кафената веднаш до средното беа убави модерни примери (согласно стандардите за „убаво“ на објекти од 20 век во постземјотресно Скопје). Криво ми е и за повоената куќа веднаш до млечниот ресторан Џоле, која ја уништија со една огромна грдосија. Се надевам дека нема и Паб сосе куќата да ги уништат

Edited by Staro Skopje - 13-Apr-2020 at 22:12
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7133
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3131 Posted: 13-Apr-2020 at 23:05
Originally posted by Staro Skopje

Колку е соодветен за градинка? Прилично е мал, без доволно простор за внатрешни манифестации и голем двор со играчки и веднаш излегува на улица.

Уличките кај РЈК се фини, и овие три згради (мислам дека биле четири, таа на местото на паркингот била урната во земјотресот), и трите од 50-тите подолу на улицата. Кафичот излезе супер. Недоградената куќа на аголот спроти градинкава би требало да се догради и реновира. Навистина штета што помалите куќи ги уништија со голубарници, белата и кафената веднаш до средното беа убави модерни примери (согласно стандардите за „убаво“ на објекти од 20 век во постземјотресно Скопје). Криво ми е и за повоената куќа веднаш до млечниот ресторан Џоле, која ја уништија со една огромна грдосија. Се надевам дека нема и Паб сосе куќата да ги уништат
не знам како се сменил со времето, ама ја го памтам како доста соодветен
со оглед на тоа дека влезот и игралиштата се на внатрешната страна, безбедно е за деца, опколено е со објекти, па нема бучава или прашина од сообраќајот околу
просториите внатре се огромни, после долги години укапирав дека тоа се всушност спратови со по два стана во нив со вкупно околу 70-80 квадрати секој, а просториите им беа распределени според одделенијата што ги користеа, ама секој имаше купатило, соба за играње и трпезарија
во подрумот беше кујната, дел од магацините и просторот на хигиеничарките
салата за приредби беше голема, во дворот, собираше негде околу пеесетина луѓе со седење
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4372
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3132 Posted: 18-May-2020 at 08:41
ЕВН ЗАМИНА ВО БАРОКНАТА ГРАДСКА КУЌА И ЈА ОСТАВИ ГРДОТИЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ОД ЕСМ ВЕЛАТ НАЕСЕН ЌЕ ПРАВАТ МОДЕРНА ФАСАДА

Седум години, зградата каде до пред неколку месеци беше сместена ЕВН, а сега ја користи само државната компанија ЕСМ, е без фасада и стои како грдотија во строгиот центар на градот. Оваа зграда беше еден од најзначајните објекти на модерната архитектура од 1960-тите и 1970-тите години, но на барање на тогашниот премиер Никола Груевски во 2013 за да се вклопи во неговиот озлогласен проект „Скопје 2014“, австриската компанија почна со отстранување на стаклената фасада за да прави барок од стиропор од 4,3 милиони евра.

Градежните работи за реконструкција на зградата беа стопирани пред 4 години, односно од февруари 2016, кога се запали фасадата. Потоа дојде до промена на власта, ЕСМ доби директор од СДСМ и беше побарано од газдите на ЕВН да се откажат од проектот за барок и да го вратат некогашниот изглед на зградата.

„Се разгледуваат можности, меѓу кои и промена на неокласичниот изглед кој беше предвиден со проектот за реконструкција во 2013. Решението кое ќе се избере сакаме да биде соодветно за централното градско подрачје. Нема да има никакви дополнителни финансиски импликации, бидејќи зградата е во таа фаза кога не е почнато да се гради новата фасада“, рекоа од ЕВН за САКАМДАКАЖАМ.МК во мај 2018.

Но и покрај најавите, фасадата не почна да се гради, бидејќи ЕВН и ЕСМ не можеа да се договорат за финансирањето. Потоа, ЕВН реши да ги продава деловните простории за да се сели од зградата, па не им паѓаше на памет да инвестираат во фасадата. Во декември лани, ЕВН за 12,7 милиони евра ја купи Градската куќа на кејот на реката Вардар, која градоначалникот Петре Шилегов ја стави на продажба бидејќи не била соодветна за градската администрација и немала доволно простор за сите вработени.

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека досега не можеле да интервенираат на фасадата бидејќи и ЕВН биле газди, но сега откако и на документ не се повеќе сопственици, се отвора можност да се прави фасадата.

„Ние го откупивме делот на ЕВН, односно 4 ката од зградата, дел од приземјето и земјиштето под зградата за 2,2 милиони евра. Сега, заедно со Град Скопје работиме на изработка на идејно решение за изгледот на зградата. Фасадата ќе биде стаклена и модерна. Се надеваме дека во втората половина од годината ќе почнат градежните работи. Кога ќе завршиме со фасадата ќе ја реновираме и внатрешноста на зградата“, вели Ковачевски.

Зградата е изградена 1962 и е еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура. Автор на идејното решение е белградскиот архитект Бранко Петричиќ. Фасада ја дизајнираше и реализираше покојниот архитект Ѕвонимир Никуљски кон крајот на 1970-тите години и тој целосно го испочитувал делото на колегата кој е автор на првичниот проект. Втор пат фасадата е реконструирана во 2000 година. Тогаш е додадено стаклото и е полиран мермерот.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/evn-zamina-vo-baroknata-gradska-kuka-i-ja-ostavi-grdotijata-vo-tsentarot-na-skopje-od-esm-velat-naesen-ke-pravat-moderna-fasada/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3133 Posted: 20-May-2020 at 21:39
Предлог до владата, пошто се силеше Шилегов дека ќе го руши Скопје 2014, еве му идеја. Најлесно и најефтино е да ги ољупи катните гаражи, може да почне од онаа како и да се вика после кривичен суд пред мтв. Некој индустриал стил, бруталистички дизајн кој и не е нешто баш модерен како што се мисли во Македонија, ама е најлесен чекор да се симне срамната завеса СК14 од фасадите на Скопје. Делот во канцелариите може да добие модерен стаклен редизајн, секако на конкурс, секако да не излезе уште една макоил "бензинска пумпа" како онаа позади библиотека.

Edited by user8642 - 20-May-2020 at 21:40
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4598
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3134 Posted: 20-May-2020 at 21:55


Пред да се јават апологетите на стиропорот, без разлика на идеолошката или политичката заднина на секој еден од нас, чисто да потсетам дека тие фасади се ненормална опасност. ЕВН се запали пред некоја година, МЕПСО се руши, а имаше и статија за ваков стиропор барок некаде низ Европа каде после пожарот (notice a pattern here?) властите веднаш ја променија фасадата. Ако веќе сакале нео-класицизам и барок, требало да фрлат многу повеќе пари.

И јас сум за гол бетон за гаражата до МТВ, а богами и за судот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1808
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3135 Posted: 20-May-2020 at 22:27
Катната/ПОЦ кај МТВ е единствениот објект од СК14 кој личи на нешто.

Гитар, веројатно мислиш на Grenfell Tower во Лондон, која се запали и за жал починаа голем број луѓе поради небезбеден стиропор? Владата најави промена на сите фасади кои го користеле истиот тип, а ги има многу, но процесот не е целосно завршен. И не е само фасадата, туку и целата поставеност на зградата, пристапот на противпожарни возила, внатрешниот распоред и системот за заштита од непогоди, како и препораките што да се прави при случај на непогода. СК14, и воопшто транзициските ѓубриња, се набутани една во друга и неретко немаат добар систем за заштита.

Originally posted by Wikipedia

(...)

In January 2016, GAG warned that people might be trapped in the building if a fire broke out, pointing out that the building had only one entrance and exit, and corridors that had been allowed to fill with rubbish, such as old mattresses. GAG frequently cited other fires in tower blocks when it warned of the hazards at Grenfell.

(...)

Earlier in 2014, safety experts had cautioned that the planned insulation was only suitable for use with non-combustible cladding. The Guardian saw a certificate from the building inspectors' organisation, Local Authority Building Control (LABC), which stated that the chosen insulation for the refit should only be used on tall buildings with fibre cement panels, which do not burn. Combustible panels with polyethylene were put up on top of insulation known as Celotex RS5000, made from polyisocyanurate, which burns when heated, giving off toxic cyanide fumes. Despite the above, the Royal Borough of Kensington and Chelsea certified the Grenfell tower building work as allegedly conforming to "the relevant provisions".

(...)

Fire safety experts have said that the building's new external cladding was a possible cause of the rapid spread of the fire. Experts said the gap between the cladding and the insulation worked like a chimney to spread the fire.[161] The cladding could be seen burning and melting, causing additional speculation that it was not made of fire-resistant material. One resident said: "The whole one side of the building was on fire. The cladding went up like a matchstick."

(...)

The refurbishment also used an insulation foam product named Celotex RS5000, installed behind the cladding. Police said this insulation proved "more flammable than the cladding".

According to its datasheet, the polyisocyanurate (PIR) product—charred pieces of which littered the area around Grenfell Tower after the fire—"will burn if exposed to a fire of sufficient heat and intensity". PIR insulation foams "will, when ignited, burn rapidly and produce intense heat, dense smoke and gases which are irritating, flammable and/or toxic", among them carbon monoxide and hydrogen cyanide. The fire toxicity of polyisocyanurate foams has been well understood for some time.

(...)

Media reporting included criticism of the response of London Fire Brigade and other agencies. The Grenfell Tower Inquiry concluded in October 2019 that mistakes in the response cost lives. Despite this, it also praised the "courage and devotion to duty" of ordinary firefighters.

(...)

The New York Times reported that because of the Great Fire of London, UK building codes have historically been overly focused on containing horizontal fire spread between buildings or between units in larger buildings, as opposed to vertical fire spread in high-rise buildings.

The Royal Institute of British Architects fears that flammable cladding will not be totally banned, and they further fear that sprinkler systems and extra escape staircases will not be required. These three measures could have saved lives in Grenfell, according to widespread beliefs.

(...)

Of 173 buildings tested, 165 have failed combustion tests conducted since the Grenfell fire. There are calls for the government to give financial assistance to councils that have to carry out expensive building renovations.

(...)

wikipedia.com

Edited by Staro Skopje - 20-May-2020 at 22:28
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3136 Posted: 21-May-2020 at 00:11
Originally posted by гитардемон

..... а имаше и статија за ваков стиропор барок некаде низ Европа каде после пожарот (notice a pattern here?) властите веднаш ја променија фасадата. ....



Македонија има објекти од времен карактер за индивидуално домување постари од 60години кои се градени како привремени после земјотресот. Тоа се ticking-time-bombs исушени бараки полни со матерјали оддамна исфрлени од употреба, опасни по секој начин, има трафики напуштени кои сеуште се под напон на електромрежа, сендвичари на плин кои може да пламнат у било кое време како онаа на градска пред некоја година, напуштени бараки како онаа до МТВ, општина КиселаВода, Гази Баба, општина Ѓорче, Центар, месни заедници, градинки, школи по цело Скопје. Тоа треба да игра метла и све да снема од лицето на Скопје. Во лондон да се занимале со ова прашање, ама у лондон верувам дека е може би само таа и уште неколку малку примери, Скопје е кибрит у споредба со Лондон, да е жив Пиколомини ќе му се напраи ќеифот

И не ми е муабетот да ја свртам темата накај привремени објекти, но идејата ми е да посочам дека има многу долг список пред стиропорот на МЕПСО. Затоа и предлагам онаму каде нема големи издатоци, каде само со рашрафување на фасадат може да се открие некој нов бетон-стил да се направи, а не онаму каде би имало го,еми трошоци за ултра-модерни фасади. Ако една власт беше тотално луда да фрла пари за стиропор од идеолошки причини, денес е уште понеоправдано повторно да се прават трошоци за менување фасади и одбирање за реконструкција баш објекти од Ск14 зашто тоа не е ништо повеќе од повторно фрлање пари од идеолошки причини. И ќе ти кажам зошто би било понеоправдано, Груевски и вмро дојдоа на власт со клип СК14 и победија и го исполнија лудилото што го ветија колку и да беше ненормално тоа, legit. Денес власта е на власт зашто обеќаваше дека нема повторно да се случува трошење пари заради задоволување идеолошки нагони, и добро е да не се случува, а за среќа досега гледам дека не се случува и добро е продолжи така! Освен кај што е тоа ултра-ефтино да се поправи, може побрзо да се случи, но не големи издатоци од идеолошки мотив вмро да го бришеме од историјата, тоа не е priority-1-issue за градот и државата. Немаме веќе пари за фрлање по ќеифови!

Edited by user8642 - 21-May-2020 at 00:13
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7133
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3137 Posted: 23-May-2020 at 01:02
Originally posted by user8642

Originally posted by гитардемон

..... а имаше и статија за ваков стиропор барок некаде низ Европа каде после пожарот (notice a pattern here?) властите веднаш ја променија фасадата. ....



Македонија има објекти од времен карактер за индивидуално домување постари од 60години кои се градени како привремени после земјотресот. Тоа се ticking-time-bombs исушени бараки полни со матерјали оддамна исфрлени од употреба, опасни по секој начин, има трафики напуштени кои сеуште се под напон на електромрежа, сендвичари на плин кои може да пламнат у било кое време како онаа на градска пред некоја година, напуштени бараки како онаа до МТВ, општина КиселаВода, Гази Баба, општина Ѓорче, Центар, месни заедници, градинки, школи по цело Скопје. Тоа треба да игра метла и све да снема од лицето на Скопје. Во лондон да се занимале со ова прашање, ама у лондон верувам дека е може би само таа и уште неколку малку примери, Скопје е кибрит у споредба со Лондон, да е жив Пиколомини ќе му се напраи ќеифот

И не ми е муабетот да ја свртам темата накај привремени објекти, но идејата ми е да посочам дека има многу долг список пред стиропорот на МЕПСО. Затоа и предлагам онаму каде нема големи издатоци, каде само со рашрафување на фасадат може да се открие некој нов бетон-стил да се направи, а не онаму каде би имало го,еми трошоци за ултра-модерни фасади. Ако една власт беше тотално луда да фрла пари за стиропор од идеолошки причини, денес е уште понеоправдано повторно да се прават трошоци за менување фасади и одбирање за реконструкција баш објекти од Ск14 зашто тоа не е ништо повеќе од повторно фрлање пари од идеолошки причини. И ќе ти кажам зошто би било понеоправдано, Груевски и вмро дојдоа на власт со клип СК14 и победија и го исполнија лудилото што го ветија колку и да беше ненормално тоа, legit. Денес власта е на власт зашто обеќаваше дека нема повторно да се случува трошење пари заради задоволување идеолошки нагони, и добро е да не се случува, а за среќа досега гледам дека не се случува и добро е продолжи така! Освен кај што е тоа ултра-ефтино да се поправи, може побрзо да се случи, но не големи издатоци од идеолошки мотив вмро да го бришеме од историјата, тоа не е priority-1-issue за градот и државата. Немаме веќе пари за фрлање по ќеифови!
и владата наместо да ги реши тие постари објекти, реши да направи нови со исто ниво на опасност, брилијантен потег, нема што
и погоди што, дел од тие небезбедни објекти си добија барокни фасади, да туриме сол на раната

не ја разбирам дискусијата дека промена на фасадите е енормно скап објект, дури и да е, може да се случува градуелно и добро искалкулирано... не викам дека сега треба да му сменат фасада на уставниот суд на пример, ама може барем објектите каде што беше променета фасадата во барок, и каде што фасадата виси на конструкција, да се вратат назад во нормала со подобри и попромислени проекти, кои одговараат на физиономијата и функциите на објектот... не е тоа бришење на ВМРО туку враќање назад во 21-ви век и враќање на оригиналната култура на објектите преку нивно освежување

Edited by zabegan - 23-May-2020 at 01:04
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 155156157

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.391 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.