build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Фасади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 161162163
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 31
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #3241 Posted: 06-Jul-2022 at 20:36
Прозорот од страна го заборавиле мајсторите
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3242 Posted: 09-Aug-2022 at 16:43
Да поминеш и да останеш жив е лотарија, паѓаат плочки цело време!



Парчиња од дотрајаните фасади од зградите во централното градско подрачје секојдневно паѓаат. Особено од кулите кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ и кај Зеленото пазарче чии фасади се од керамички плочки. При посилен ветер, паѓаат парчиња на плочниците, скопјани се чувствуваат небезбедно и револтирано, бидејќи може да ги повреди некое.

– Со полни кеси излегував од Зеленото пазарче кога веднаш пред мене падна дел од фасадата од кулата. Да направев чекор повеќе, ќе ме погодеше. Не сакам да помислам што можеше да ми се случи ако ми паднеше плочка од толкава висина – вели скопјанката Светлана В.

Иста слика е и кај кулите кај гимназијата „Ј. Б. Тито“. Половина фасада е падната и кога ќе видат случајните минувачи паднати плочки, не им е јасно како немало жртви.

– Под овие да поминеш и да останеш жив е лотарија, паѓаат плочки цело време! Ист е случајот и со кулите кај Зеленото пазарче – вели Мики Арсиќ.

– Со години наназад, од Аларова до Жерновски, куќниот совет бараше одлука каков модел и материјали да се земат за да се реновираат фасадите на 28 кули во Градскиот ѕид, се разбира една по една и со заемна финансиска помош. За жал, сè уште нема ниту одговор ниту архитектонско дизајнерско решение. А во случај на несреќа, одговорноста со закон е на правното лице – заедницата на станари – вели Марионка Владимировска.

Според Законот за домување, домарите или претседателите на станбените заедници се должни да преземат мерки за санација на фасадите. Лиценцираните управители велат дека за разлика од минатото, станарите последниве години повеќе се заинтересирани за вложување во заедничките простории, вклучително и за обнова на фасадите. Најголем проблем, според нив, има во постарите згради, каде што со години не било вложувано во заедничките простории.

Да сакаат, нормално, ама некој друг да им ја направи. Да има закон како во западните земји, ќе видиш како ќе најдат пари. Општината ќе дојде ќе им ја направи и потоа ќе им испрати чекче. Ако не го платат за одреден рок, парите се дуплираат. На крајот, може да им го одземе станот. Тие становите во зградите си ги купија по 2 до 5 илјади евра, па сега како да дадат толку пари за одржување? Чекаат да дојде некој, како градоначалникот на Карпош, па да им го реши проблемот. Сигурен сум дека половина станари имаат убави коли и одат на одмор каде што ги трошат тие 1.500 евра, ама немаат пари да санираат нешто што може да одземе нечиј живот. Само кај нас прво треба некој да настрада, па потоа да се свестиме – коментира Сашо Гулевски.

Доколку дојде до повреда предизвикана од паѓање на дел од фасада, граѓанинот може да поведе судска постапка и да ги тужи сите станари кои не се грижеле за заедничките простории, вклучително и за фасадата. Законот предвидуваа санкции ако не се изврши санирањето и изнесува 300 евра по сопственик на стан.

https://www.vecer.press/да-поминеш-и-да-останеш-жив-е-лотарија/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1814
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3243 Posted: 09-Aug-2022 at 18:37
Mnogu specifichna pravna situacija. Da ti nanese fizichka povreda pravno lice. Ova nema kako da se procesira. Kje se brkaat duhovi, pretsedatel, upravitel, kje zaglavi nekoj shto nema ni budzet ni mokj da prevzeme neshto. Samo losha poraka kje se prati do opshtestvoto, da i tie malku shto se obiduvaat da se grizhat za zgradite, da dignat race.

Mozhda reshenieto e zadolzhitelno osiguruvanje na objektite, vo paket so osiguruvanje od odgovornost, pa duri togash mozda kje bidat naterani sopstvenicite na ovakvi objekti da prevzemat neshto koga polisata kje im otide "u nebo" zaradi zapushtenost na objektite.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 969
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3244 Posted: 09-Aug-2022 at 22:30

Одлична идеја.
Back to Top
makedamnsure View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Aug-2022
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote makedamnsure Quote  Post ReplyReply #3245 Posted: 30-Aug-2022 at 12:18
Добар ден колеги,

Живеев во Скопје 3.5 години од 2015та до 2019та.
Веќе со обврски патот ретко ме носи таму, па би сакал апдејт од куќата во центар на рекорд која е постирана 18 мај 2021 дека се реновира, како и куќата на Наум Наумовски Борче бр.88 до Градски парк.
Патем и двете куќи ми се едни од омилените во Скопје и би сакал да ги видам во ново руво.

PS. Не се најде ниеден човек да ги заштити и реставрира старите градби во Скопје и цела Македонија кои претставуваат нераскинлив дел од нашата историја и идентитет.

Sorry за есејот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3246 Posted: 30-Aug-2022 at 12:24
Originally posted by makedamnsure

Добар ден колеги,

Живеев во Скопје 3.5 години од 2015та до 2019та.
Веќе со обврски патот ретко ме носи таму, па би сакал апдејт од куќата во центар на рекорд која е постирана 18 мај 2021 дека се реновира, како и куќата на Наум Наумовски Борче бр.88 до Градски парк.
Патем и двете куќи ми се едни од омилените во Скопје и би сакал да ги видам во ново руво.

PS. Не се најде ниеден човек да ги заштити и реставрира старите градби во Скопје и цела Македонија кои претставуваат нераскинлив дел од нашата историја и идентитет.

Sorry за есејот.


Куќата на Рекорд во Центар сеуште е обвиткана со платна и скелиња пред некоја недела минував оттаму и затоа не сликнав бидејќи не може да се примети дел од фасадата.За другата во Парк немам инфо до каде е.
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14313
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3247 Posted: 30-Aug-2022 at 12:28


Првата куќа (на аголот кај Рекорд) е уште под скелиња и мрежа, а кај втората (кај Градски парк) е сменет само покривот, за жал, не се обнови целата куќа. Немам фотки, но можеш да ми веруваш на зборот.
За сè има вторпат
Back to Top
makedamnsure View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Aug-2022
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote makedamnsure Quote  Post ReplyReply #3248 Posted: 30-Aug-2022 at 15:30
Ако не ја сменат и фасадата навистина ќе е срамно и жално.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14313
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3249 Posted: 16-Sep-2022 at 17:02
Зградава на плоштад Јадран е под скелиња, видов дека ги отстрануваат не само стаклата туку и фасадата, буквално ја соголуваат до бетон. Сликано денеска.





Edited by Џоле - 16-Sep-2022 at 17:02
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14313
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3250 Posted: 21-Sep-2022 at 16:39
Кај една од зградите кај Зелен пазар се средува задната фасада:

За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 761
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3251 Posted: 21-Sep-2022 at 20:21
Originally posted by Џоле

Зградава на плоштад Јадран е под скелиња, видов дека ги отстрануваат не само стаклата туку и фасадата, буквално ја соголуваат до бетон. Сликано денеска.





А не беше ова седиштетот на Еуростандард Банка? Можда за отшети ќе ја продадат фасадата
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 487
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #3252 Posted: 21-Sep-2022 at 21:38
Видов рендери и реклама за деловен простор во Центар и се чудев кај е, сега гледајќи ја оваа зграда, мислам дека тоа е тоа.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 161162163

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.719 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.