build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Фасади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 110111112113114 162>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2575
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2221 Posted: 02-Oct-2015 at 10:22
Пластична тенда има над терасата?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2222 Posted: 02-Oct-2015 at 10:28
Originally posted by Џоле

куќата на Жеревци во Прилеп (изградена 1900 г.)



фото: вечер.мк



Лимена.
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2223 Posted: 04-Oct-2015 at 12:04


Станбениот објект бр. 68 на булевар „Илинденска“ во Скопје доби нова фасада во рамки на проектот на Министерството за култура за реставрација и конзервација на фасади од староградска архитектура, кој се реализира од 2012 до 2017 година. Тој е последниот од петте планирани објекти на „Илинденска“ на кои им е вратен автентичниот изглед.

Претходно, на „Илинденска“ беа обновени и фасадите на Детскиот културен центар „Карпош“ и на три станбени објекти, меѓу кои и објектот познат како МЦМ.

Објектот бр. 68 е изграден во 1929 година. За обновата на фасадата беше надлежен НУ Конзерваторски центар Скопје, а изведувач а.д. „Пелагонија“ од Гостивар. Вратен му е првобитниот изглед од периодот меѓу двете светски војни, има две нијанси на жолта боја, идентична на автентичната.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети објектот и изјави дека интензивно се работело на проектот за кој од буџетот биле издвоени 6.800.000 денари.

- Направена е целосна конезрвација на фасадата и делумна реконстркција на објектот, целосна замена на покривната конструкција. зачувана е целокупната орнаментика која е карактеристична за овој објект, изграден во 1929 година. Конзервацијата на фасадата, орнаментиката, кованата ограда го вратија сјајот, со што е зачувана и меморијата за историксиот развој на градот Скопје. Со овој објект го завршуваме проектот за споменици на културата како поединечни добра на овој потег, на ул. „Илинденска“. Сите пет се завршени и се ставени во употреба, рече министерката за култура.

Раководителот на проектот, Анета Таневска, виш кустос во Конзерваторскиот центар-Скопје, додаде дека на објектот бр. 68 екипата работела од крајот на април до август.

- Беа направени сондажни истражувања за колористичка обработка на објектот. За заштита од атмосферски, надворешни влијанија, направено е препокривање на објектот со нов, автентичен материјал. Лимарскиот дел е, исто така, реставриран, така што со оваа реставрација се доби комплетен изглед на оваа улица од аспект на културно наследство, рече Таневска.

На промовирањето на новата фасада министерката Канческа-Милевска соопшти дека проектот за обнова на фасади од стари градски јадра ќе продолжи во Скопје. Готови се основните проекти за конзервација и реставрација на пет објекти во споменичната целина Стара скопска чаршија, за кои ќе почнат тендерските процедури и од идната година ќе почне нивната обнова.
http://sitel.com.mk/obnovena-fasadata-na-ushte-eden-objekt-na-bul-ilindenska-vo-skopje
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2224 Posted: 20-Oct-2015 at 09:08
УШТЕ ЕДНА ЗГРАДА ЌЕ ДОБИЕ НОВА ФАСАДА





Зградата на аголот меѓу улицата „Рузвелтова“ и булеварот „Илинден“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада. Работите ги изведува фирмата „Елинг ДОО-Скопје“ која се очекува дека ќе ја заврши фасадата за 20 дена.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчера го најави продолжувањето на проектот за реконструкција на старите фасади на станбените згради на територијата на општината.

„Целокупната инвестиција е од буџетот на локалната самоуправа и изнесува околу седум милиони денари. Овој период од годината кој изобилува со поволни временски услови, бидејќи нема екстремно ниски ниту високи температури кои би ги попречиле градежните работи, е најдобар за изведба на инфраструктурни работи, односно обнова на стара фасада на колективни станбени објекти“, рече Јакимовски.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=87CEA347652A7B4C95103CD4EDC7A43D
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2225 Posted: 20-Oct-2015 at 10:34
Ova so fasadite finansirani od opstinata nikako ne mi e jasno. Ajde razbiram dekorativni fasadi vo centralnoto gradsko podracje no energetski fasadi toa ne mi e jasno od ednostavna pricina sto site plakaat vo opstinskata kasa a fasadi se pravat samo za poedinci. Spored mene opstinata moze da ucestvuva, moze da se napravi i nekoj model na kofinansiranje no del od sredstvata ako treba neka e i na rati treba da se vratat. Osobeno sto graganite so ovie energetski fasadi ke zastedat energija taka da od zastedenata energija mozat da odeluvat sredstva za plakanje na fasadite. So toa opstinata ke ima sredstva da obnovi mnogu poveke fasadi.
Back to Top
kliment View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote kliment Quote  Post ReplyReply #2226 Posted: 20-Oct-2015 at 12:51
Искрено и мене не ми е јасно. Никогаш не сум живеел во зграда и не знам дали се плаќа некој надоместок на општината за таа намена. Доколку не се плаќа не гредам никаква логика да граѓаните од целата општина плаќаат за фасадите на тие што живеаат во зграда. Јас живееам во куќа и кога ја реновирав фасадата не добив помош од општината
Од лично искуство во можам да кажам дека во европските земји условно речено куќниот совет на една зграда добива месечни уплати од станарите кои се за тековни трошоци и одржување а дел се штедат за поголеми зафати. Тој принцип би требало да функционира и кај нас.
Но пак ќе повторам не сум запознаен како е кј нас.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2227 Posted: 20-Oct-2015 at 14:09
Кај нас сиромаштијата ги диктира правилата. Долго време (30 години) живеев во зграда со 12 ката и 84 станови во којашто половина од станарите не плаќаа ништо од заедничките сметки (лифт, заедничка струја и заедн. осветлување, чистење итн.) За среќа, на покривот од нашата кула пред десетина години поставија предавател за мобилна телефонија, и со парите што компанијата ги уплаќаше на сметката на куќниот совет се вршеа сите потребни поправки, чистења и плаќања на сметките. Е сега, во мојата зграда живееја навистина сиромашни семејства кои едвај врзуваат крај со крај. Тие можеби беа една третина од вкупниот број станари. Да се очекува од нив да плаќаат за редовно одржување на фасадата и другите работи во време кога струјата им е исклучена, немаат греење и јадат по еднаш на ден - за мене - се граничи со лудило. Другите станари, кога видоа дека еден дел не си ги плаќаат своите задолженија, и самите престанаа да плаќаат. За среќа, тука се парите од мобилната компанија, и сè додека таа компанија редовно ќе си плаќа, зградата колку-толку ќе биде одржувана. Зборувам за основните работи, а не за реконструкција или обнова на фасадата. Тоа е веќе мисловна именка.

Вака, горе-долу, функционираат зградите во многу населби во Скопје. Најлоша е ситуацијата во Чаир, Скопје-Север (каде што живеев), Топанско Поле, Бутел 2, барем од она што го гледав додека живеев и шетав таму (не поради етничкиот состав на населението колку поради социјалниот карактер на тоа население).

Edited by Џоле - 20-Oct-2015 at 14:11
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2228 Posted: 20-Oct-2015 at 14:15
Dzole ponekogas e siromastijata no najcesto neodgovornosta, pogresno postavenite prioriteti i tn. i tn.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 751
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #2229 Posted: 20-Oct-2015 at 14:59
Според мене, има недостик од закон за фасадите во Македонија. Станарите ги поседуваат становите (за кои и имаат имотен лист), но немаат документ во кој стои чија е сопственоста на влезовите, покривите, фасадите.

Еве јас како замислувам да се реши овој долгогодишен проблем. Сопственоста на фасадите на објектиѕе за колективно домување (на пример обејекти со повеќе од 4 или 6 стана), да биде на општините. Станарите да плаќаат одредена задолжителна месечна такса (сметка), а за возврат на секои 10 или 15 години општината би ги обновувла фасадите. Исто така, на ваков начин би постоела можност за ставање на крај на безредието во поглед на поставување на клими, ролетни, сателитски, да си преградува кој како ќе му текне... и со тоа зградите да изгледаат како што изгледаат.

На пример просечна зграда со 50 станови (2 влеза и 5 спрата), по 5 евра (~300денари сметка) од стан месечно би било 5*50*12*10=30 000 евра за 10 години, или 45 000 за 15, што се повеќе од доволно за реновирање на една фасада од таков тип. За згради со енергетски „пасош“, енергетски ефикасни згради од понова градба или веќе реновирани. цената на оваа „станарина“ може да е и помала (пр. 100ден). Што се средства доволни само за префарбување на ~10 години или решавање на накој друг проблем.

Бидејќи денес сме капитализам, и ќе речете дека можеби овој тип на закон е по малку „социјалистички“, сето ова собирање на пари и реновирање може да го прават фирми, така што станарите потпишуваат со фирма за која сметаат дека им нуди најдобри услови, а притоа општината (државата) сето тоа законски го регулира.

Општината (или фирмите) при изведбата на реконструкцијата приоритет ќе им дава на староста на зградите, а не поради локацијата и бројот на станови (гласачко тело).

Мислам дека ова е еден едноставен начин за решавање на овој проблем. Со евентуална замена на сите фасади со енергетски ефикасни значително би се намалила потрошувачката на струја и други енергенски во државата, а градовите би добиле и посреден и подобар лик. Стилот на фасадите да се реконструира согласно постоечкиот изглед, единствено прифатливо да е одредена варијација на бои на фаадата, се разбира со согласност на станарите и општината.

Додека, за објекти кои се заштитени како „културно наследство“, без разлика во кој период се изградени, и дали и колку луѓе живеат/работат во нив, некако би имало смисла да ги реконструира државата/општината или барем да помага финансиски при нивно реконструирање бидејќи се работи за објекти кои се од значење на сите граѓани, а не само на тие кои живеат во нив.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #2230 Posted: 20-Oct-2015 at 23:47
Не ја бива оваа работа.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2231 Posted: 22-Oct-2015 at 18:51
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДА - БУЛЕВАР ИЛИНДЕНСКА 89






извор:Општина Карпош
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #2232 Posted: 22-Oct-2015 at 18:59
Ми се допаѓа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2233 Posted: 23-Oct-2015 at 08:26
Во „барок“ ќе премине жолтата куќа до владата



Куќата со адреса на булевар Климент Охридски бр.9 во центарот на Скопје, веднаш до седиштето на Владата на Република Македонија ќе премине во „барок“. Владината Служба за општи и заеднички работи денеска распиша оглас за избор на изведувач на фасадата на овој објект, со проценка дека зафатот ќе чини околу 110.000 евра. За оваа цел изминатиов период се работеше на идејно решение и основен ревидиран проект. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди најдоцна до 13 ноември, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Жолтата куќа треба да се „прилагоди“ на новата „барокна“ фасада на владиното седиште во бела боја.

http://www.build.mk/?p=46869
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2234 Posted: 23-Oct-2015 at 09:14
Ovaa sega sto e zelenena zgrada sproti vlezot vo zooloska li e?

Edited by kultuzin - 23-Oct-2015 at 09:14
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 751
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #2235 Posted: 23-Oct-2015 at 11:39
Да
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2236 Posted: 23-Oct-2015 at 13:34
Еве уште една зелена во најава (Центар):

За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2237 Posted: 23-Oct-2015 at 18:52
110 илјади евра за фасадата на тоа мало куќиче ??? Абе за тие пари таа куќа не барокна ,оргинал барокна би ја направил...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7655
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2238 Posted: 23-Oct-2015 at 19:50
а инаку куќарката до владата до сега беше во бруталистички стил
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2239 Posted: 24-Oct-2015 at 14:07
Светна новата фасада на Рекорд





http://skopjeinfo.mk/svetna-novata-fasada-na-rekord-foto
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 806
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2240 Posted: 24-Oct-2015 at 17:58
Каков кич!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 110111112113114 162>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.625 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.