build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Фасади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 151152153154155>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 727
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3041 Posted: 01-Dec-2017 at 15:35

Браво за батето што ја склепал, едно време некој ја имаше постирано во нишката фотошопиран град, но испари, но еве ја пак сега тука ем архивирана преку истава адреса во archive.org та ако некому му треба а пак испари, нека го цитира постот погоре нека го извади урл-то од имиџ тагот и нека ја побара во архива ... мислам дека нема потреба од поукава, но многумина навистина немаат волја или абер ако нешто им скубнало како пак да го бараат најдат архивираат, особено вакви раритетни муабети ...

еве и авторски да го пофалиме батето https://ler-ac.deviantart.com/art/Post-apocalyptic-Skopje-369031954

ова е можеби најсликовита предожба што е тоа пејсажен урбанизам, а комо да се волку агилни за со лесно и брзо го оплемениме скопскиот бетон, воедно оставајќи простор и за други интервенции потака чисто ко за промена ...




Edited by Zelenikovo - 01-Dec-2017 at 15:35
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3042 Posted: 10-Dec-2017 at 19:27
Карпош 4

За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3043 Posted: 17-Dec-2017 at 18:46
Во однос на фасадите од проектот „Скопје 2014“, мислам дека новото раководство на Град Скопје веќе треба да почне да реагира. Прекинот на изведбата на „барокните“ фасади беше одличен потег, но не смее да се заврши единствено на тоа. Проблемот е комплексен и ќе мора да се решава. За разлика од изградбата на нов објект, каде што имаме инвеститор и изведувач многу често ист субјект, или, пак, само два субјекта, во случајот на „барокните“ фасади се инволвирани изведувачи, инвеститор (Град Скопје), сопственици на објектите, надзор...

Ќе биде исклучително тешко да се задоволат сите страни истовремено, а притоа ниту еден од нив да не почне да се тужи по судови со другите страни. Плус, сите овие градилишта ги окупираат јавните пешачки зони во строгиот центар. Затоа, мора што побрзо да се дејствува.

Градската администрација треба да ги собере изведувачите на овие објекти, со кои претходното раководство веќе потпишало договори за изведба на „барокните“ фасади. Наместо „барок“, би било добро да се издејствува изведба на енергетско ефикасни фасади од предната и од задната страна на објектите. На тој начин, сопствениците на овие објекти ќе бидат задоволни, изведувачите ќе ги добијат сумите од договорите за изведба на објектите, а Градот Скопје ќе добие освежен лик на центарот на Скопје, со згради кои сепак ќе ги почитуваат авторските права на нашите архитекти.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #3044 Posted: 17-Dec-2017 at 21:15
Не, треба тие што се започнати да си се довршат како што треба - во барок, а останатите да се направат поинаку. Паралелно со тоа да се направи план за фасадите од задната страна, со тоа што ако е барок од предната страна, тогаш да биде барок од задната страна и сл. И од предната страна да си бидат осветлени, а од задната страна да бидат неосветлени фасадите, само може делумно колку да нема голем контраст во однос на предната страна. На ваков начин би се добила целосната слика, а прекинување на градежни зафати, што некои се дури и пред крај, е тотална глупост, да не речам реваншизам...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3045 Posted: 18-Dec-2017 at 09:56
Originally posted by skopskodete

Не, треба тие што се започнати да си се довршат како што треба - во барок, а останатите да се направат поинаку. Паралелно со тоа да се направи план за фасадите од задната страна, со тоа што ако е барок од предната страна, тогаш да биде барок од задната страна и сл. И од предната страна да си бидат осветлени, а од задната страна да бидат неосветлени фасадите, само може делумно колку да нема голем контраст во однос на предната страна. На ваков начин би се добила целосната слика, а прекинување на градежни зафати, што некои се дури и пред крај, е тотална глупост, да не речам реваншизам...


Skopskodete, фасадите за кои ти велиш дека се барок, се една обична налудничава гомнарија од решетки, шупливи столбови и грди украсни елементи. Осветлувањето што викаш дека треба да се стави не ја намалува потрошувачката на енергија, туку значително ја зголемува. Налудничавиот изглед на фасадите ги прекршува авторските права на архитектите кои ги изработија респектибилните објекти од Модерната.

И те молам, дај ми ја твојата дефиниција за реваншизам. Некако многу химлерски ми звучи.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3046 Posted: 18-Dec-2017 at 12:01
Освен тоа, тие „стиропорни“ фасади се лесно залливи, треба ли да има жртви за да ни стане јасно дека се погрешно решение? Изборот на материјали за реконструкција е најважен, по изборот на стилот, што во суштина треба да е најблизок до автентичниот. Можеби зградата на Пелагонија треба да се доврши во стилот на „Скопје 2014“ зашто веќе е стигната до точка од која секое враќање е неисплатливо, но - пак ќе повторам - изборот на материјали е важен. Не ни требаат „торти“ во центарот на градот, ни требаат квалитетни, современи и економични решенија.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3047 Posted: 19-Dec-2017 at 22:08
Дебар Маало. Очигледно зградата е надградена.

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3048 Posted: 06-Jan-2018 at 19:34
Зградава до бугарската амбасада добила мало разубавување. Претходно беше страшна грдосија, иако ни сега не е нешто посебно.

старата фасада

https://www.google.mk/maps/@41.9946318,21.4195108,3a,75y,11.67h,106.12t/data=!3m6!1e1!3m4!1sSZR059YXMDkM-Nm-CYY4Hg!2e0!7i13312!8i6656?hl=en

новата

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1278
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3049 Posted: 06-Jan-2018 at 20:14


Koga bi go eliminirale potkrovjeto i pretposledniov kat,togas bi bilo mnogu podobro. Aj potkrovjevo ne ja unistuva samo ovaa zgrada tuku ne ja razbiram poentata so fasadata nad stakleniot del.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1278
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3050 Posted: 09-Jan-2018 at 17:29
Една од обновените згради во Мичурин,патем хаосов со паркирањево да го средеше некој не ќе беше лошо.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3051 Posted: 09-Jan-2018 at 18:18
Проширувањето на терасите е една голема грешка што сериозно го нагрди овој и без тоа грд град. Погледнете на што личи зградата, иако има обновена фасада.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3052 Posted: 12-Jan-2018 at 19:22
Не паметам дали сме ја имале оваа зграда претходно...

Skopje - Ulica Makedonija by Añelo de la Krotsche, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3053 Posted: 24-Jan-2018 at 17:18
Гостивар



За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1359
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3054 Posted: 30-Jan-2018 at 17:23
Град Скопје ќе плати за да запре барокот на фасадите во Центар

Советниците на Град Скопје на утрешната седница ќе одлучуват за укинување на одлуката за изглед на барокни фасади во централното градско јадро. Град Скопје од извршителите ќе бара да ги вратат фасадите и објектите во првобитната состојба и се обврзува дека ќе ги преземе сите административни и финансиски последици и штетите од незавршените градежни активности за објектите што не добија барокни фасади.

Станува збор за укинување на програмата за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје, која опфаќа претежно фасади на објекти на улиците Димитрије Чуповски и Македонија…

„Неопходно е да се спречи натамошното уништување на сето тоа што претставува сведоштво на човековото градителско и друго творештво во минатото и да се зачуваат вистинските културни вредности“, се наведува во образложението на Градот.

http://plusinfo.mk/vest/141667/grad-skopje-kje-plati-za-da-zapre-barokot-na-fasadite-vo-centar
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3055 Posted: 04-Feb-2018 at 21:09
Од Твитер профилот на Град Скопје

За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 524
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3056 Posted: 04-Feb-2018 at 23:38
А што вика друго твитер профилот? Градина на кровот, во подрумот, и на сите спратови да не прават со 10000 кубици земја?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1359
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3057 Posted: 05-Feb-2018 at 00:18
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1606
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3058 Posted: 05-Feb-2018 at 16:26
Што ќе биде објектов? Бивша ТЦЦ Плаза.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3059 Posted: 05-Feb-2018 at 17:27
Вчера поминав покрај објектов ТЦЦ Плаза. Ме интересира - планираат ли да поклопат со земја објектов? Можеби се обидуваат да ја доведат калта во еден од ретките делови на Скопје каде ја нема?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3060 Posted: 21-Feb-2018 at 20:07


За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 151152153154155>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.355 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.