build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Фасади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 159160161162163>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14313
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3201 Posted: 18-May-2021 at 18:15
На куќава во Центар се вршат некакви градежни работи (ми личи дека се останати само надворешните ѕидови), сигурно ќе има надградба или нешто слично.



локација

https://www.google.mk/maps/@41.9952143,21.4280417,3a,75y,49.7h,90.98t/data=!3m6!1e1!3m4!1sq5zdtObJ1B2CJ5EvYVuFng!2e0!7i13312!8i6656?hl=en
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3202 Posted: 19-May-2021 at 18:02
До средина на јуни ќе има соодветни решенија за фасадите на зградите на ЕСМ и Пелагонија





Како што информираше скопскиот градоначалник Петре Шилегов, Град Скопје веќе формирал Комисија за евалуација за идејните решенија за фасадите и очекуваат до средината на јуни да се избере најсоодветното

Градот Скопје веќе формирал Комисија за евалуација за јавниот повик за визуелни решенија за фасадите на ЕСМ и на „Пелагонија“ и оттаму очекуваат до 15 јуни да се избере најсоодветното.

Што се однесува до фасадата на зградата на Пелагонија која е дел од програмата за фасади на Град Скопје, скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска информираше дека пред повеќе од една година писмено се обратил до сопственикот на зградата на Пелагонија за намерата на Градот.

-Во понеделникот имав состанок со претставник на сопственикот на „Пелагонија“ за да најдеме заедничко решение – потенцираше Шилегов не откривајќи повеќе детали.

Дека е на ред обновата на фасадите на овие две згради Шилегов се пофали на својата фејсбук-страница уште во март годинава.

Тој имаше и работна средба во ЕСМ со нивни претставници, но и тогаш не протекоа многу информации во врска со објавувањето на јавните повици за идејното решение за изгледот на фасадите, ниту кога би започнале работните активности, ниту од Градот, ниту од ЕСМ.

Тогаш од Градот само информираа дека се во тек постапките и оти во краток период очекуваат да бидат објавени јавни повици за решенија за изгледот на фасадите, а потоа и нивна изведба, се со цел да се запази автентичниот изглед на тие објекти.

Во изминатиот период се расчисти просторот околу управната зграда на АД ЕСМ и во септември, минатата година се отстранија градежните скелиња и огради кои беа дел од претходниот проект за изведување на фасада.

Зградата е значаен репрезентативен објект кој се наоѓа на самиот плоштад „Македонија“ и заедно со Град Скопје се прават консултации за уредување на околината на објектот и за изнаоѓање најсоодветно идејно решение за нова фасада.

Тогаш од ЕСМ најавија дека ќе се прави нова фасада која нема да биде барок, туку ќе има друго решение, што ќе биде утврдено преку тендер за изведба на фасадата, но и дека трипартитниот договор меѓу ЕВН, ЕСМ и „Бетон“ е раскинат, поради што може да се продолжи со постапката за изведба на нова фасада на зградата на Градскиот плоштад.

Зградата е градена далечната 1962 година и се вбројува во еден од најзначајните модерно/архитектонски објекти во Скопје. Белградскиот архитект Бранко Петричиќ го има направено идејното решение, а фасадата е дело на покојниот архитект Ѕвонимир Никуљски, направена кон крајот на 1970 година. Втор пат фасадата е реконструирана 2000 година кога е додадено стаклото.

https://www.vecer.press/до-средина-на-јуни-ќе-има-соодветни-реш/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3203 Posted: 12-Jun-2021 at 16:51
Ниту една фасада на зградите на територијата на општина Чаир не е реконструирана иако тоа го вети во неговиот предизборен Договор со граѓаните градоначалникот Висар Ганиу

Иако „Договорот“ на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу предвидува поправка на фасадите на повеќе станбени згради, не е извршена ниту една реконструкција. Граѓаните со кои разговаравме велат дека тие не биле известени од општинските власти за оваа цел.

Не се дојдени, ниту пак се надеваме дека ќе дојдат. Дури и да дојдат, ние сме разочарани… Живеам во стан во Џон Кенеди.

„Сум слушнал. Пред три или четири години слушнав дека ќе ги направат, но ние ги правиме фасадите сами. Кој има можност го прави тоа, кој нема можност не може да го стори тоа, нормално.“

Ганиу, во замена за гласовите во 2017 година, вети дека ќе ги реконструира фасадите на стотици колективни станови на некои од булеварите и главните улици на оваа општина.

„Во рамките на оваа програма, општина Чаир предвидува реконструкција на фасадите и покривите на постојните станбени згради, со цел да се замени или обезбеди квалитетна изолација на зградите и да се зголеми нивната енергетска ефикасност … Оваа програма предвидува реконструкција на вкупно 141 објект, што ќе биде голем чекор кон зголемување на глобалната енергетска ефикасност во општината “.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вели дека тие се подготвени да го исполнат ветувањето, но според важечките закони, општината не може да ја покрие целата инвестиција и дека најголем дел од истата мора да ја платат самите граѓани.

„Условно, колку за илустрација, ако интервенцијата на фасадата во тој објект чини 1.000 евра, 300 евра ги покрива општината. Тоа не е нешто затворено, отворено е. Имав контакти со куќните совети, но тие не можат да се договорат меѓусебно да започнат ваков проект, бидејќи 70% од износот ќе бидат собрани од нив.“

Градоначалникот Ганиу вели дека општина Чаир е отворена за проектот за субвенционирање со 30% од инвестицијата за реконструкција на фасадите на колективно домување и додава дека буџетот за овие субвенции се чува безбедно.

https://alsat.mk/mk/nitu-edna-fasada-na-zgradite-na-teritorijata-na-opshtina-chair-ne-e-rekonstruirana-iako-toa-go-veti-vo-negoviot-predizboren-dogovor-so-graganite-gradonachalnikot-visar-ganiu/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3204 Posted: 30-Jun-2021 at 11:09
Во Центар кај Кјуби..(од твитер)





Back to Top
Шарла View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 06-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Шарла Quote  Post ReplyReply #3205 Posted: 30-Jun-2021 at 12:06
Кога ќе ги видиш околните згради околу оваа ќе сфатиш дека одлично се "вклопува во просторот".....ако бевме 1967 година.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3206 Posted: 30-Jun-2021 at 12:17
Барем една обнова со стиропор и боја како во населба Пролет што направија на дел од зградите ќе беше ок,вака на ништо не личи а паѓаат и парчиња од фасадата.
Ниту еден од таквите проекти не го тераа до крај,населба Пролет направија само 2 згради,во Мичурин 3-4 и ништо повеќе.


Edited by stef4o - 30-Jun-2021 at 12:17
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3207 Posted: 22-Aug-2021 at 13:05
Во населба Пролет-Центар,некој пред 2-3 месеца си реши само околу неговиот стан и балкон да си постави стиропор и да премачка со боја,горните катови се распаѓаат (од твитер)

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #3208 Posted: 22-Aug-2021 at 15:27
Браво за човекот што дури и се потрудил да ја погоди бојата
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3209 Posted: 15-Sep-2021 at 15:04
Шилегов ги остави 4 години соголени фасадите на „Пелaгонија“ и на ЕСМ





Фасадата на зградите на Пелагонија и на ЕСМ и натаму се соголени. Од Градот очекуваат во краток период да бидат објавени јавни повици за избор на решенија за изгледот на фасадите, чија цел е запазување на автентичниот изглед на овие објекти.

– Доколку се изберат решенија за нивниот изглед, нареден чекор би биле јавни повици за нивна изведба – потенцираат од Градот.

Околу обновување на фасадата на зградата на „Пелагонија“, Шилегов имаше и работна средба со претставници од ЕСМ, но од таа средба тогаш не произлезе ништо конкретно.

Од ЕСМ вчера истакнаа дека состојбата во однос на изведбата на фасадата е статус кво.

– Сè уште не сме се преселиле во новиот објект кај Музејот на Македонија. Законот за дивоградби иако беше донесен од Собранието, не беше потпишан од претседателот на државата Стево Пендаровски. Во внатрешноста на објектот имаше некои проблеми Сега повторно е во Министерството за транспорт и врски- образложија од компанијата.    

Нема ништо конкретно и од ветувањата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека по продажбата на Градската куќа, на градската администрација ќе и обезбеди подобри услови за работа и тоа во објект кој, како што велеше, треба да биде во строгиот центар на градот, а по можност на Градскиот плоштад.

Од Градот велат дека нема нови моменти по ова прашање.

– Град Скопје работи на набавка на нов објект за потребите на администрацијата, согласно насоките од Одлуката за набавка на недвижен имот – објект со намена деловен објект во централното градско подрачје – Мал ринг за потребите на Град Скопје, која беше донесена од страна на Советот на град Скопје минатиот октомври – кусо одговорија градските власти.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по продажбата на Градската куќа со електронско јавно наддавање, а која ја купи ЕВН Македонија за 785.031.818 денари, повеќе пати изјави дека на градската администрација и е потребен објект со подобри услови и тој да биде во централното градско подрачје. Всушност, како што образложуваше тој, новиот објект на Градската куќа беше продаден токму заради тоа што според Шилегов беше мал да ја собере градската администрација и беше отстрана.

Имаше информации дури и тоа дека Шилегов сака да ја земе зградата на ЕСМ, откако оваа компанија го купи делот од зградата кој беше на ЕВН, кои не беа ниту демантирани, ниту потврдени од него. ЕСМ требаше да се пресели во новата барокна зграда спроти Музејот на град Скопје, но тоа сè уште не се случи, па засега и тоа е на стенд бај.

Нема ништо и околу изградбата на Офицерскиот дом каде подолг временски период не се одвиваат никакви активности.

-Во однос на изградбата на Офицерскиот дом, Град Скопје не е инвеститор на овој објект и немаме информации од ваков вид – потенцираа градските власти и додаваат дека околу роковите на изградба, Град Скопје законски нема градежна инспекција за вршење на контроли, а за повеќе информации упатија на инвеститорот или Општина Центар.

Изградбата на објектот висок до 29 метри требаше да финишира најдоцна до 2019 година.

https://www.vecer.press/шилегов-ги-остави-4-години-соголени-фас/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3210 Posted: 21-Sep-2021 at 16:52
Портрети на уметници ќе красат фасади во Скопје: Да се разбуди колективната свест



Во Центарот на Скопје, на фасадите на зградите на улица „Рузвелтова“ 44a – 46а, 130, црно- бели портрети на уметници, културни работници и креатори на културна политика или поддржувачи на културна сцена, ќе го свртат вниманието на општата јавност кон културата и уметноста.

Станува збор за локална активност на глобалната платформа „Inside Out“ насловена „Нека светлината од уметникот се одрази врз целата заедница“, која има за цел да испрати порака дека уметноста може да е двигател за промени, да ги постави вистинските прашања, да отвори нови можности, да го разбуди општеството и да влијае на колективната свест.

„Нека светлината од уметникот се одрази врз целата заедница“ во Скопје ја иницираат Весела Моловска и Марија Коробар, кои нашите 130 личности, ги приклучуваат на веќе портретираните 400 000 лица од 138 земји низ светот каде глобалната платформа „Inside Out“, на францускиот уметник ЏР (JR) веќе им помага на поединците и заедниците да изразат став во општеството, преку групна акција, со прикажување црно-бели портрети од големи размери на јавни површини, видливи за јавноста.

Скопската „Inside Out“ започнува денеска и ќе трае следните два месеци. Како дел од проектот е создавање на документарен филм со кој покренатите прашања ќе имаат поголема трајност.

https://nezavisen.mk/portreti-na-umetnici-kje-krasat-fasadi-vo-skopje-da-se-razbudi-kolektivnata-svest/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7808
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3211 Posted: 22-Sep-2021 at 00:08

инаку, портретите се веќе одлепени од атмосферски услови, што наликува на лош евтин билборд, а црно-белата боја на фотографиите придонесува да личи на некролог во весник
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3212 Posted: 22-Sep-2021 at 10:00
Originally posted by zabegan


инаку, портретите се веќе одлепени од атмосферски услови, што наликува на лош евтин билборд, а црно-белата боја на фотографиите придонесува да личи на некролог во весник


Од твитер,многу лошо испаднало буквално личи на некролог

Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #3213 Posted: 22-Sep-2021 at 12:02
Боже Господе
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 912
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #3214 Posted: 22-Sep-2021 at 16:13
Ко некролог да залепиле страва...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3215 Posted: 17-Oct-2021 at 12:48
Во населба Мичурин на ул.Анастас Митрев бр.20,зградичево доби нова фасада изминатиов период

состојбата во 2014



17.10.2021

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15916
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3216 Posted: 19-Oct-2021 at 16:59
од твитер,зградата до Министерство за транспорт

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1814
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3217 Posted: 19-Oct-2021 at 17:03
Glitches in the matrix across the Slavic World!
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 31
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #3218 Posted: 19-Oct-2021 at 19:28
срамота а строг центар и тоа на главен град
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14313
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3219 Posted: 22-Oct-2021 at 17:10
Конечно!



За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1814
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3220 Posted: 22-Oct-2021 at 17:29
Којзнае дали ова е правилна одлука?! Ова е единствена куќа која отстапува од градежната линија, и можеби е подобро воопшто да ја нема и да се пробие саглам коридор од Илинденска до Стадион и од овде. Без разлика на архитектонската вредност, можда и не е најпаметно да и се придава значење, гледајќи од аспект на идниот развој. Другото во редот се само некои тераси од тресторани со времен карактер. Ќе мора да се ослободиме од таа навика свенешто да прогласуваме за идентите, па макар и во некои ситуации ставрно било идентитет на градот. Не забборавајте, европски градови рушеа градски ѕидини за да направат коридори за кружни булевари. Јебига понекад, и тој аспект треба да преовлада.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 159160161162163>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.609 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.