build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 158>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 23-Dec-2010 at 00:24
Не знам дали Хабитат е баш невалдина организација за заштита на електрична енергија.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4702
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 23-Dec-2010 at 01:14


Свежа фарба во Битола. 50% од куќите да добијат нова шминка веднаш ќе смени градот. Ама ова претпоставувам важи за сите градови во светот

Не знаев дека има ваква нишка, овде ќе ги постирав повеќето слики.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4702
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 27-Dec-2010 at 16:40


Пола-пола.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 28-Dec-2010 at 15:38

„Пелистер“ и „Тренд“ први ќе добијат барокни фасади

Зградата на „Пелистер“ и онаа кај кафулето „Тренд“ се првите од неколкуте планирани што гравитираат околу градскиот плоштад што ќе добијат барокни фасади. Фасадите во стилот на градбите од „Скопје 2014“ ќе бидат изведени најдоцна до лето. Градските власти веќе бараат фирма која ќе ги поднови зградите, за што од градската каса беше најавено дека ќе се издвојат 15-20 милиони денари.

Реализацијата на проектот за обнова на фасадите ќе се врши етапно и со тоа практично Градот Скопје, покрај обновата на оградите на мостовите, ќе го заокружи своето учество во владиниот проект „Скопје 2014“. Иако идејните решенија за изгледот на фасадите се избрани пред повеќе од три месеци, градските власти не сакаат да ги презентираат, единствено кажуваат дека се стилски, соодветни да се вклопат во околниот амбиент.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=16A37FBDA455FC4EAE7D736AED020DBC
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 28-Dec-2010 at 15:48
За оној објект од Битола што е полапола фасадата го имавме еднаш предходно коментирано знам дека постирав слика од Џокер од Бетмен, ама неможам да го најдам сега каде е.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 30-Dec-2010 at 01:08

Руинирани фасади - руиниран град


 

Во центарот на градот во барокен стил ќе се обноват фасадите на зградите над кафулето „Тренд“ и кафеаната „Пелистер“

 
 
%20  
Фасадите на зградите на „Пелистер“ и над кафулето „Тренд“ се првите од неколкуте планирани на плоштадот „Македонија“ што ќе добијат барокни фасади, најдоцна до идното лето. Градските власти веќе бараат фирма која ќе ги поднови овие згради, за што од буџетот ќе се потрошат 15-20 милиони денари. Главен критериум за избор на фирмата што ќе ја врши реконструкцијата е најниската цена. Сите заинтересирани фирми понудите треба да ги достават најдоцна до 21 јануари идната година.

Проектот за обнова на фасадите ќе се реализира етапно и со тоа градот, покрај обновата на оградите на мостовите, ќе го заокружи своето учество во владиниот проект „Скопје 2014“. Иако идејните решенија за изгледот на фасадите се избрани пред повеќе од три месеци, градските власти не сакаат да ги презентираат и да кажат како точно тие ќе изгледаат. Единствено кажуваат дека стилски соодветно ќе се вклопат во околниот амбиент. Не се откриваат ниту имињата на победниците на конкурсот за идејно решение на фасадите, но според неофицијални извори победници на конкурсот се архитектите Никола Сакинов и Лазар Димов, кои добиле награда во висина од 90.000 денари.

Од градот очекуваат дека во март би почнало поставувањето скелиња на објектите на улиците Македонија, Никола Вапцаров и 11 Октомври, по што за неколку месеци зградите ќе имаат комплетно нов изглед.

Градоначалникот Коце Трајановски пред неколку месеци рече дека скопјани ќе видат како ќе изгледаат зградите непосредно пред да почнат градежните работи, оти дотогаш ќе се правел изведбениот проект, кој не е во целост ист со идејното решение на авторите.

Културно наследство што не се чепка

Излупените фасади на објектите на булеварот Илинден, на потегот од Владата до влезот на Градскиот парк, карактеристични примери за градската архитектура од дваесеттите години на 20 век, дојдоа до израз откако се исече најстариот дрворед во градот, заради проширувањето на сообраќајницата. Дел од овие куќи и згради се под заштита на државата како културно наследство. Од градот велат дека се во иницијална фаза на обезбедување услови за уредување на фасадите на Илинденска, а сличен одговор даде и општината Центар.

- Постапката е во тек, постојано сме во координација со градот за заедничко дефинирање на потребните активности, што треба да ги преземеме околу реконструкцијата на фасадите на булеварот Илинден. Прашањето за обновување на овие руинирани фасади се отвори на една од седниците на советот на општината, кога градоначалникот Владимир Тодоровиќ најави дека ќе се направи листа со предлози на објекти што треба да се обноват - изјави Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар.

Освен Карпош, другите општини дремат

Другите општини немаат посебни планови за фасадна реконструкција затоа што, како што велат, нивните објекти претежно се од понов период. Како и тоа дека тоа е должност на советот на заедници на станарите.

Исклучок е само општината Карпош, која веќе ги реконструираше двете сини кули на булеварот Партизански одреди, а според нивниот буџет за 2011 година за таа намена ќе се издвојат 45.000.000 денари.

- Повеќето колективни станбени објекти во Карпош датираат од 1960 до 1970 година, па општината објави јавен повик за обнова на фасадите на зградите. Досега ни пристигнаа 24 апликации, што значи дека и наредната година ќе продолжиме со вакви проекти. Покрај општината, зградите се реновираа и со финансиска помош на станарите. Заедниците на сопственици покажаа голем интерес и подготвеност за соработка - вели Виолета Цветковска, портпаролка на општината Карпош.

Оттаму додаваат дека покрај естетскиот изглед, со замената на прозорците и на вратите, се постига и голем ефект во однос на заштедата на енергија, и тоа од 35 до 40 отсто.
 
   
Автор: Биљана Стојановска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12291010007&id=14&setIzdanie=22170
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 11-Jan-2011 at 17:07

ОПШТИНА КАРПОШ ПРОДОЛЖУВА СО ОБНОВА НА СТАРИТЕ ФАСАДИ

Нова боја за уште две згради

Од пристигнатите 24 апликации, општинарите одлучиле дека зградите на булеварот Партизански одреди број 59 и на улица Никола Тесла број 2 имаат најруинирани фасади

Општина Карпош напролет ќе почне да реновира фасади на уште две згради. Од пристигнатите 24 апликации, општинарите одлучиле дека зградите на булеварот Партизански одреди број 59 и на улица Никола Тесла број 2 имаат најруинирани фасади.
"Зградите кои годинава ќе ги обновуваме се градени во периодот од 1960 до 1970 година, и се наоѓаат во многу лоша состојба, речиси пред распаѓање. Ќе почнеме со овие две фасади, но се надеваме дека ќе имаме пари наесен нов лик да добијат уште две згради. Ќе продолжи и соработката со невладината организација 'Хабитат' за менување на старите прозорци. Многу сме задоволни од ефектот кој се постигна со реновирањето на првите две згради и поставувањето нови прозорци. Станарите велат дека е постигната заштеда на енергија на објектите од 35 до 40 отсто", вели Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош.
За реновирањето на фасадите, во буџетот на Општината се предвидени 45 милиони денари.
(А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=BE291F1BD8B77748AAD4A2BFAB683178
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 13-Jan-2011 at 13:12
ПО ГОДИНИ ЗАПУШТЕНОСТ
Киното „Маџари“ добива нова фасада

Фасадата на стариот објект на киното „Маџари“ во општина Гази Баба се поднови. Бојадисан е надворешниот ѕид на делот од објектот каде што е сместена матичната служба, а набрзо треба да се смени фасадата и на останатиот дел што е под надлежност на Општината и каде што е сместена народна кујна.
- Половината од објектот во кој е сместено Матично го реновира Министерството за правда, бидејќи е под нивна надлежност. Ние, како Општина, ќе го реновираме нашиот дел што се користи како народна кујна. Ќе се поправи фасадата и евентуално покривот, ако некаде прокиснува. Мислам дека времето нема да ги попречи работите и брзо ќе завршиме - вели Емилија Кипровска, задолжена за информирање во Општина Гази Баба. Препознатливата стара зграда, која некогаш била кино, долго време стои руинирана, фасадата на објектот пропаѓа, а целата зграда е исчкртана.Општината пред извесно време постави клупи, но и тие се оштетени, а фонтаната не функционира како што треба. Во Општината велат дека напролет просторот повторно ќе го уредат хортикултурно и ќе ја обноват урбаната опрема, а во некоја следна фаза ќе го уредат и внатрешниот дел на објектот.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2214&ArticleID=154552
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 14-Jan-2011 at 20:54

Уште две згради со нова фасада во Карпош

Општина Карпош наскоро ќе ги реновира фасадите на уште две згради.

Во Општината пристигнале 24 апликации, а општинарите решиле дека зградите на булеварот Партизански одреди број 59 и на улица Никола Тесла број 2 имаат најруинирани фасади, кои мора да се обноват.

- Зградите се градени во периодот од 1960 до 1970 година и се во многу лоша состојба, речиси пред распаѓање. Ќе почнеме со овие две фасади, но се надеваме дека ќе имаме пари наесен нов лик да добијат уште две згради - вели Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош.

За реновирањето на фасадите од општинската каса ќе се потрошат околу 45 милиони денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9554EC4460E3264CB2EB110A2EDF8D36

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 14-Jan-2011 at 21:09
Moze nekoi da dade koordinati za 2-te zgradi?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 04-Feb-2011 at 17:26

Нови фасади и за зградите кон „Пела“

Градските власти собираат идеи како да ја обноват фасадата на станбениот комплекс од „Далметфу“ кон Пела. Распишаа конкурс за избор на идејно решение, чија конечна одлука се очекува да падне до пролет. Дотогаш Градот треба да избере фирма што ќе ги изведе новите фасади на зградите на „Пелистер“ и онаа кај кафулето „Тренд“, за кои веќе е избран новиот изглед.

Иако од Градот не откриваат како ќе изгледаат објектите, јавна тајна е дека тие ќе бидат во стилот на градбите од „Скопје 2014“. Се очекува новите фасади на објектите што гравитираат околу градскиот плоштад да бидат готови до идната година. Со реализација на овој проект, Град Скопје, практично, ќе партиципира во владиниот проект „Скопје 2014“. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3F377DB66EFF4E4C8B528082E1712579
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 05-Feb-2011 at 17:24

Нови фасади за уште две згради во Карпош

По ланската интервенција на т.н. сина кула, општинарите продолжуваат со акцијата за обнова на фасадите

Општина Карпош годинава ќе продолжи со акцијата за реновирање на фасадите на зградите што се во лоша состојба, а се наоѓаат на фреквентни локации на нејзиното подрачје. Пролетва планира да обнови уште две фасади, оние на зградите на булеварот „Партизански одреди“ број 59 и на зградата на улица „Никола Тесла“ број 2. Според мислењето на надлежната комисија, од 24 апликации со барање за санација на фасадите, тие два објекта биле најруинирани. Надворешноста на зградите во однос на постојната боја нема да се менува, таа ќе остане иста, но освежена. Освен нови фасади, планирано е и на овие згради да се изврши комплетна замена на прозорците за да добие објектот комплетно подновен лик. За таа цел, од општината ќе ја продолжат соработката со невладината организација „Хабитат“, која на станарите ќе им овозможи да купат нова дрвенарија по повластени услови.

„Многу сме задоволни од ефектот што се постигна со реновирањето на првите две згради и поставувањето нови прозорци. Станарите велат дека е постигната заштеда на енергија на објектите од 35 до 40 отсто. И во овој случај општината од сопствениот буџет ќе издвои пари за обнова на фасадите, иако обврска на станарите, односно на куќниот совет е да ја одржува зградата“, вели градоначалникот Стевче Јакимовски, кој планира да почне да ги подновува фасадите на двете посочени згради пролетва.

Освен нив, општинарите се надеваат дека ќе имаат пари во акцијата за обнова на фасадите во Карпош годинава да вклучат уште неколку објекти. За оваа намена, во годинешниот општински буџет се предвидени 45 милиони денари. Инаку, сефте нова фасада во Карпош доби т.н. сина кула на „Партизанска“ и уште една зграда во непосредна близина на Педагошка.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=21ADB8F24A881441961D229A872EA5E6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 08-Feb-2011 at 12:31
Фасадите ќе се менуваат без дозвола од авторите

       
Уметноста треба да им се остави на оние што умеат да ја работат, затоа и сметам дека доколку идејните решенија им се остават на архитектите и ако политиката или, пак, инвеститорите не замешаат прсти, не мора да се прашуваат авторите на првичните идејни решенија. Но треба да се прави со стил, а не како што направија од левиот брег на Вардар - насекаде само кич. Ако имаме пари, треба да ги искористиме најубаво што можеме - Трајко Димитров претседател на Архитектонската академија на ААМ


      
      
Проектот за замена на фасадите треба да заврши до 2012 година
Почетокот на идниот месец градот ќе го обележи со поставување на скелињата на неколку згради на улиците Никола Вапцаров и 11 Октомври, со што официјално ќе почне промената на постојните фасади во барокни. Промената на фасадите во централното градско подрачје е дел од проектот „Скопје 2014“. Нови фасади ќе добијат зградите над „Пелистер“, на ГП „Пелагонија“, зградата до трговскиот центар „Лумикс“ и над кафулето „Тренд“.

Сите овие објекти се градени околу Втората светска војна. Некои се заштитени со закон како културно наследство. Дел од стручната јавност се прашува како може со декрет да се менуваат фасади на објекти, кои носат нечиј печат, без консултации со авторите или, пак, нивните наследници. Од службата за односи со јавноста на градот не добивме одговор на прашањето дали добиле дозвола од архитектите-проектанти на овие објекти. Само нé известија дека проектот за реконструкција на фасадата на зградата над кафулето „Тренд“, односно идејното решение е правено во соработка со Управата за заштита на културното наследство, затоа што овој објект е заштитен со закон.

Архитектот Трајко Димитров, претседател на Архитектонската академија при Асоцијација на архитекти на Македонија, смета дека надлежните воопшто и не мора да ги консултираат архитектите-автори на некои објекти, доколку нивните помлади колеги сакаат да направат нешто поубаво, нешто што ќе остане и дека тоа што ќе се прави мора да биде со стил.

- Уметноста треба да им се остави на оние што умеат да ја работат, затоа и сметам дека доколку идејните решенија им се остават на архитектите и ако политиката или, пак, инвеститорите не замешаат прсти, не мора да се прашуваат авторите на првичните идејни решенија. Сепак во оваа ситуација може да се каже дека е и прашање на етика. Јас сум за реновирање на сé што е старо и дотраено. Нема човек што не сака нешто да се подобри, но тоа треба да се прави со стил, а не како што направија од левиот брег на Вардар - насекаде само кич. Ако имаме пари, треба да ги искористиме најубаво што можеме. Мој предлог е ако веќе се реновира фасадата на „Пелистер“, да се тргнат излозите и да се врати колонадата со столбови, што некогаш претставуваше вистинска уметност. Јас секогаш кога ќе поминев покрај оваа зграда, застанував и ја гледав - и се воодушевував - објасни Димитров.

Тој додаде дека треба да се организираат стручни дебати за вакви крупни проекти за да не излеземе смешни пред светот, кои, за жал, не се организираат, а ниту, пак, јавноста ги виде идејните решенија по кои ќе се менуваат фасадите на „Пелистер“ и на „Тренд“. Пред неколку месеци градоначалникот Коце Трајановски најави дека јавноста ќе има можност да го види изгледот на новите фасади непосредно пред да почнат градежните работи. А веќе е распишан и вториот конкурс за избор на идејно решение на уште една фасада.

- Конкурсот се однесува за објектот на плоштадот „Пела“ на улицата 11 Октомври. Колку точно ќе чини овој проект ќе се знае откако ќе се направат идејното и изведбеното решение. Што се однесува до хонорарите, ќе бидат исплатени само учесниците на конкурсот, секако во согласност со предвидените пропозиции во конкурсот - вели Неделчо Крстевски, портпарол на градот.

Зградата „Пелистер“, градена во 1957 година, е дело на архитектот Димитар Димитров, а на конкурсот за новата фасада победија архитектите Никола Сакинов и Лазар Димов. „Пелагонија“, пак, е градена според проектот на архитект Орде Богатинов. Некои од авторите на објектите чии фасади е планирано да се реновираат се починати, а некои, пак, се во одминати години.
http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=27112115246&id=14&setIzdanie=22201

Како се бара согласност од архитекти на згради постари од век. Пак извитоперено толкување на авторск иправа со крајна цел подривање на зафатот да се среди грдотијата низ центар. Носители на авторските права се сопствениците на објектот. Проектите се производи како и сите други кои се купени и ако се обезбедиле согласности од сопствениците или ако фасадите се ошфатени со законско решение каде може и без согласности да се реконструира тогаш се си е ок.

Edited by lslcrew - 08-Feb-2011 at 12:31
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 09-Feb-2011 at 04:27
Пролетва планира да обнови уште две фасади, оние на зградите на булеварот „Партизански одреди“ број 59 и на зградата на улица „Никола Тесла“ број 2


Би требало да се овие:

Партизански одреди бр 59
42° 0'1.45"N  21°24'45.04"E

Никола Тесла бр 2
42° 0'5.24"N  21°24'36.97"E

Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 09-Feb-2011 at 09:22
Originally posted by lslcrew


Како се бара согласност од архитекти на згради постари од век. Пак извитоперено толкување на авторск иправа со крајна цел подривање на зафатот да се среди грдотијата низ центар. Носители на авторските права се сопствениците на објектот. Проектите се производи како и сите други кои се купени и ако се обезбедиле согласности од сопствениците или ако фасадите се ошфатени со законско решение каде може и без согласности да се реконструира тогаш се си е ок.


Толку многу глупости на толку мал простор...ни еден збор во коментаров не ти е на место...прво и основно НЕМА никакво законско решение, туку има идеја да се потрошат еден тон пари за една зграда, а околните 20 да продолжат да се распаѓаат истовремено - многу јакото „разубавување„!!!

Ако те праша некој за крадење на архитектонски проект можам да те добијам на суд во секое време, па и во оваа недемократска земја - провери си убаво што поседуваат станарите пред да дадеш ваков „длабок“ коментар...

...и последно, за објекти на кои им се починати авторите одлучува Завод за заштита на спомениците, ако објектот е под негова заштита и таму има одговорни лица кои знаат како се одржува доследноста при разни реконструкции, санации и сл....

Ако мислиш дека живееш во Сомалија или Уганда, да те потсетам дека државава воспоставила систем на закони и се обидува да ги спроведува малку подолго отколку тиранијава во последниве 3-4 години...

На крај краева со парите што ќе се испотрескаат од џебот на целата општина Центар, солидно ќе се реконструираа најмалку 10 објекти со ист габарит, ама без „ала-Париз“ китењата...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 22-Feb-2011 at 12:24

УШТЕ ДВЕ ГРАДИЛИШТА НА ПЛОШТАД

Нови фасади на "Пелистер" и "Тренд" напролет

Пролетва ќе почне реконструкцијата на фасадите на кафулињата "Пелистер" и "Тренд" во барокен стил. Град Скопје деновиве објави јавен оглас за избор на фирма која ќе ги врши градежните работи. Тендерот треба да заврши до крајот на март, по што од април на Плоштадот ќе се отворат нови градилишта во рамките проектот "Скопје 2014".
Фасадите на кафулињата "Пелистер" и "Тренд" ќе се реновираат во барок стил, според проектот на авторите Никола Сакинов и Лазар Димов, кои беа наградени со 90.000 денари. Иако проектите се избрани пред половина година, од Градот не сакаат да покажат како ќе изгледаат зградите со фасади со новиот лик ниту дали се идентични на она што беше прикажано со анимацијата на проектот "Скопје 2014". Градоначалникот Коце Трајановски пред неколку месеци рече дека граѓаните ќе видат како ќе изгледаат зградите непосредно пред да почнат градежните работи.
За двете барокни фасади ќе бидат потрошени околу 330.000 евра.
Освен овие две згради, барокни фасади ќе добијат и зградата на "Пелагонија" на плоштадот Пела и онаа до неа, спроти ТЦ"Лумикс", за кои во тек е конкурсот за избор на идејно решение.

http://vest.com.mk/?ItemID=01E1D4A1DC4F114CBDD310AE4D7417E8
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 22-Feb-2011 at 18:26
како викаат „не сакаат“ како да е тоа некое нивно ексклузивно граѓанско право, срамота
сепак се ова проекти од јавен карактер, а не некои воени и шпионски акции, па да не знае никој за нив
тоа е исто како инвеститор да сака да гради зграда, а архитектов кој го најмил да не сака да му го покаже проектот и инвеститоров да дава пари на слепо... глупости, барем нека не поштедеа од додатни глупости кога веќе сакаат да прават глупости
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 03-Mar-2011 at 14:46
ОПШТИНАТА НЕ ДАВА ПАРИ ЗА ОБНОВА НА СТАРИТЕ ЗГРАДИ

Тули паѓаат од фасадите во Центар

И покрај лошата состојба на надворешноста на зградите, Општина Цен­тар се оградува од одговорност за нивна обнова

Оп­шти­на Центар нема план да потроши ниту денар за нови фасади на згра­ди кои се пред распаѓање. Општинскиот буџет годинава е без пари за програмите кои опфаќаат обнова на стари фасади во цен­та­рот на градот.
Ако се исклучат "Тренд", " Пелистер" и "Пелагонија", кои ќе добијат ба­ро­кен изглед, согласно проектот "Скопје 2014", сите други
ќе останат крш. Во таква состојба се зградите зад некогашната печатница "Го­це Делчев" кои, по нејзиното уривање, останаа да ја нагрдуваат око­ли­на­та. Фасадите им се лупат, а по секој посилен ветер, тули паѓаат врз гла­ви­те на минувачите.
"Сра­мо­та! Се трошат милиони евра за споменици и фонтани, а зградите мал­ку фали да се срушат. Иако се распаѓаат, на само неколку метри од нив надлежните, на понови згради прават барокни фасади. Мал дел од па­ри­те да ги искористеа за нашите проблеми, центарот на градот ќе личеше на метропола, а не на градилиште", коментираат скопјани.
И покрај лошата состојба на зградите, Општина Центар се оградува од од­го­вор­ност за нивна обнова.
"Не­ма­ме програма за реновирање на фасади на станбените објекти на по­со­че­ни­те локации", кусо изјави Јовица Ацковски, портпарол на Центар.
Иа­ко распаднати згради има во цел град, само Општина Карпош одлучи да реновира дел од зградите, односно минатата година ги обнови фа­са­ди­те на сината кула на булевар Партизанска и на зградата кај автобуската пос­тој­ка пред Педагошки факултет, а за годинава најави реновирање на уш­те најмалку две.
(М.Ѓ.)

http://vest.com.mk/?ItemID=1BB998C9D556174D94EEB5E2868EB58F
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 11-Mar-2011 at 06:49
Еве дел од фасадите на кои се работеа во центарот на Гевгелија.
Сликите се од Декември, но се нема ништо променето.







Знам дека на последната слика не се гледа баш убаво, но стреата на зградата (најгоре) не е офарбана. Навистина грдо изгледа. Како-така, некако фасадите потпомогнаа, но вакви пропусти навистина грубат.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 16-Mar-2011 at 21:07
Мене ме интересираше дали некој знае што ќе се случува со фасадата на Стоковната куќа, поранештно Типо, сега City Gallery. Дали и таа ќе се менува во некој класичен стил како и останатите што се граничат со плоштадот ...?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 158>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.593 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.