build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8485868788 155>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11444
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1701 Posted: 03-Dec-2014 at 00:27
Ова и ГТЦ никогаш нема да им ги простам!

Барокот на зградата на ЕВН тргна од зад "Чичко Стоилко"

Започна реконструкцијата на фасадата на зградата на ЕВН и ЕЛЕМ во центарот на градот. На терен може да се види дека скелињата се поставени, се вадат прозорците и претходната фасада на зградата.



И овој објект ќе добие лик во стилот на "Скопје 2014" во неокласика. Изведувач на работите е компанијата "Бетон", а преобликувањето на фасадата ќе чини над 4 милиони евра.



Фасадирањето на оваа зграда беше причина и за отстранување на култните сендвичарници во Центар, меѓу кои и на "Чичко Стоилко".



http://vecer.mk/skopska/barokot-na-zgradata-na-evn-trgna-od-zad-chichko-stoilko
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 325
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1702 Posted: 03-Dec-2014 at 00:51
Слушам едвај им идело вадењето на страничните бетонски плочи,кој квалитет човече,а отиде во неповрат.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1703 Posted: 03-Dec-2014 at 02:15
...Наредните три години градската власт планира да инвестира 6.829.265 евра за реконструкција на фасадите во централното градско подрачје, пишува во документот за локален економски развој. Околу 6,2 милиона евра ќе обезбеди Министерството за култура, а останатите Градот.
- Со програмата е предвидено да се менува изгледот на повеќе клучни објекти, меѓу кои поранешното седиште на Kомерцијална банка, музичко-балетското училиште, седиштето на Стопанска банка во ГТЦ, трговските центри „Палома бјанка“ и „Плаза“, хотелот „Стоун бриџ“, зградите на „Технометал“, „Фершпед“, Министерството за труд и социјална политика и зградите на пешачката зона на улиците Никола Вапцаров и Димитрија Чуповски - се најавува во документот.
Понатаму, објаснуваат надлежните, согласно со програмата за реконструкција и доградба на објекти во центарот, планирано е да се изврши обнова на надворешноста со доградби на објектите од двете страни на улиците Македонија, 11 Октомври, Никола Вапцаров, Димитрие Чуповски, Максим Горки, Илинден и на плоштадите ВМРО, Македонија и Мајка Тереза...


dnevnik.mk

Edited by jyvation - 03-Dec-2014 at 02:15
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11444
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1704 Posted: 03-Dec-2014 at 11:22


...

Ќе менуваат фасади на згради кои или се во пристојна состојба или се во приватна сопственост, наместо да ги пренасочат средствата кон далеку поитни случаи.

Edited by Џоле - 03-Dec-2014 at 11:24
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1705 Posted: 03-Dec-2014 at 12:58
ima li poiten slucaj od menuvanje fasadi na cel centar? vremeto tece, a frustraciite i kompleksite ostanuvaat ne do kraj dolecheni
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1706 Posted: 03-Dec-2014 at 13:32
Originally posted by jyvation

...Наредните три години градската власт планира да инвестира 6.829.265 евра за реконструкција на фасадите во централното градско подрачје, пишува во документот за локален економски развој. Околу 6,2 милиона евра ќе обезбеди Министерството за култура, а останатите Градот.
- Со програмата е предвидено да се менува изгледот на повеќе клучни објекти, меѓу кои поранешното седиште на Kомерцијална банка, музичко-балетското училиште, седиштето на Стопанска банка во ГТЦ, трговските центри „Палома бјанка“ и „Плаза“, хотелот „Стоун бриџ“, зградите на „Технометал“, „Фершпед“, Министерството за труд и социјална политика и зградите на пешачката зона на улиците Никола Вапцаров и Димитрија Чуповски - се најавува во документот.
Понатаму, објаснуваат надлежните, согласно со програмата за реконструкција и доградба на објекти во центарот, планирано е да се изврши обнова на надворешноста со доградби на објектите од двете страни на улиците Македонија, 11 Октомври, Никола Вапцаров, Димитрие Чуповски, Максим Горки, Илинден и на плоштадите ВМРО, Македонија и Мајка Тереза...


dnevnik.mk


Многу сакам у емисија кај Јанко или Миленко (пошто на други нема да се појават) овие "умови" да објаснат каков локален развој придонесува менување на фасади на 10 згради.
23ka.wordpress.com
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1707 Posted: 03-Dec-2014 at 23:52
Originally posted by Џоле



...

Ќе менуваат фасади на згради кои или се во пристојна состојба или се во приватна сопственост, наместо да ги пренасочат средствата кон далеку поитни случаи.
туку остај тоа, наврати се назад и разгледај го текот на настаните... Архивот/музејот/судот го изградија само затоа што не им се допаѓаше Комерцијална банка и погледот од плоштадот... бидејќи не следеше ниедна градежна линија, си креираа сопствена градежна линија на кејот со уште неколку дебилни објектчиња, кои како кец на десетка го опколија МОБ, а специјално за потребите на тој објект, кој не дише од ниедна страна, изградија и мост, затоа што само така влезот имаше логика
е сега, ќе ја менуваат фасадата на објектот кој го започна тоа...
па нели ќе беше поедноставно да ја смените фасадата на Комерцијална, психопати невидени
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1708 Posted: 04-Dec-2014 at 00:49
ЕЛЕМ стварно немаше потреба да се чепка
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #1709 Posted: 04-Dec-2014 at 09:29
Originally posted by Џоле



...

Ќе менуваат фасади на згради кои или се во пристојна состојба или се во приватна сопственост, наместо да ги пренасочат средствата кон далеку поитни случаи.
Таа зграда ти е типичен пример за корумпираноста на овој народ генерално и институциите. Типична дивоградба и чир на сред плоштад. Некој дебело се офајдил и огребал од СДСМ на времето.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #1710 Posted: 04-Dec-2014 at 11:47
Originally posted by Kid_A

Originally posted by Џоле



...

Ќе менуваат фасади на згради кои или се во пристојна состојба или се во приватна сопственост, наместо да ги пренасочат средствата кон далеку поитни случаи.
Таа зграда ти е типичен пример за корумпираноста на овој народ генерално и институциите. Типична дивоградба и чир на сред плоштад. Некој дебело се офајдил и огребал од СДСМ на времето.


Ако мислиш за зградата на ЕВН
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1711 Posted: 04-Dec-2014 at 12:40
Најверојатно мисли на Лумикс?

Мада, уште во планот од 95та или кога беше е внесен објект на таа локација, така да тешко дека би можела да биде дивоградба... (за разлика од многу тазе скоро изградени кои прво почнаа да се градат па после се вцртаа во плановите)

Edited by fichot - 04-Dec-2014 at 12:43
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11444
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1712 Posted: 04-Dec-2014 at 14:48
Originally posted by Kid_A

Originally posted by Џоле



...

Ќе менуваат фасади на згради кои или се во пристојна состојба или се во приватна сопственост, наместо да ги пренасочат средствата кон далеку поитни случаи.
Таа зграда ти е типичен пример за корумпираноста на овој народ генерално и институциите. Типична дивоградба и чир на сред плоштад. Некој дебело се офајдил и огребал од СДСМ на времето.




Мојот коментар беше за менувањето фасади на повеќе згради, меѓу кои и на хотелот Плаза во Центар.
___________________________________________

Патем, еве еден истовремено добар и лош пример за реконструирана фасада во Центар... Добар е зашто боите се исти како оригиналниот изглед на фасадата, а лош е зашто - ако подобро погледнете во десниот агол - ќе видите дека еден дел од зградата останал со необновена фасада. Во последно време сведок сум на многу вакви случаи при реконструирање фасади на станбени згради, што посебно ме разочарува.

DSC06552 by george k. 1981, on Flickr

Edited by Џоле - 04-Dec-2014 at 14:49
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11444
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1713 Posted: 04-Dec-2014 at 14:52
И најновото ремек-дело, инспирирано од „струшкиот барок“ којшто е автетичен за овие простори и кој го копирале во средна, јужна, северна и западна Европа...

За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2009
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1714 Posted: 04-Dec-2014 at 15:24
При крај е поставувањето на скелето на предниот дел на западната фасада на хотел Континентал.
 
Чисто информативно, тој малиот црвен елемент што се забележува на последните фотографии на фасадата не е нов, поставен е пред 2 или повеќе години и лично мислам дека добро би било кога би бил употребен на целата фасада.
 

 

 

 

 

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11444
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1715 Posted: 04-Dec-2014 at 15:59
Ќе биде супер ако ја освежат фасадата со повесели бои, а притоа не претераат и колку-толку се придржуваат до оригиналниот изглед. А ако ова е вовед во нова „неокласична“ фасада, тогаш уште една зграда ќе отиде по ѓаволите.
За сè има вторпат
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #1716 Posted: 04-Dec-2014 at 16:14
Ne e toa struski barok, toa e inspirirano od vizionerskiot dizajn na Hotel Ambasador, sto bese osnovopoloznik na noviot pravec vo arhitekturata vo nasite prostori kon krajot na minatiot vek.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1717 Posted: 04-Dec-2014 at 16:50
Иста нијанса на бои и ништо повеќе.
Ова е трејдмарк на Скопје, а и на влезот од градот е.Многу спортски тимови и репрезентации од странство престојувале во хотелот а и сеуште престојуваат и прво нешто кое би им дошло на памет за Скопје би бил хотелов можеби.

Edited by jyvation - 04-Dec-2014 at 16:50
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #1718 Posted: 04-Dec-2014 at 17:09
Originally posted by fichot

Најверојатно мисли на Лумикс?

Мада, уште во планот од 95та или кога беше е внесен објект на таа локација, така да тешко дека би можела да биде дивоградба... (за разлика од многу тазе скоро изградени кои прво почнаа да се градат па после се вцртаа во плановите)


Без разлика дали се донесени во урбанистички план или не зградата на ЕВН и Лумикс се невиден чир на сред плоштад. Тоа во нормално правна држава никој не би ти дозволил да градиш. А, плус, покрива добар дел од ГТЦ, но Македонија и се е можно.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11444
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1719 Posted: 04-Dec-2014 at 18:10
Зградата на ЕВН е изградена речиси во исто време со ГТЦ. Лумикс не е толкава катастрофа, зашто ги следи линиите на околината и сепак се вклопува во просторот. Но веќе си изградил мислење за нив, така што џабе е секоја дискусија.

__________________________________________________

Во меѓувреме...

„Сити галери“ за 1,5 милиони евра ќе добие барокна фасада



Околу 1,5 милиони евра ќе плати Градот Скопје за објектот „Сити галери“ да добие барокна фасада, објави денеска Бирото за јавни набавки.

Градежните работи врз зградата која се наоѓа на скопскиот плоштад, поранешната „Нама“ ќе ги изведува компанијата „Урбан инвест“ од Кавадaрци која победи на тендерот на кој конкурирале вкупно девет изведувачи.

„Урбан инвест“ има рок од една година да го смени изгледот на „Сити галери“.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=18560

Edited by Џоле - 04-Dec-2014 at 18:49
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1720 Posted: 04-Dec-2014 at 22:23
Originally posted by Kid_A

Originally posted by fichot

Најверојатно мисли на Лумикс?

Мада, уште во планот од 95та или кога беше е внесен објект на таа локација, така да тешко дека би можела да биде дивоградба... (за разлика од многу тазе скоро изградени кои прво почнаа да се градат па после се вцртаа во плановите)


Без разлика дали се донесени во урбанистички план или не зградата на ЕВН и Лумикс се невиден чир на сред плоштад. Тоа во нормално правна држава никој не би ти дозволил да градиш. А, плус, покрива добар дел од ГТЦ, но Македонија и се е можно.
еве типичен пример зошто не може да имаме убави работи во земјава, затоа што луѓето едноставно мразат или поддржуваат ствари чисто од чаршиски муабети
ако некој објект на плоштадот е совршено вклопен во својата околина, тоа е Лумикс, ги почитува буквално сите линии на просторот, и тоа не само градежните, туку и визуелните, што го прави што е можно помалку нападен уште од старт
плус концептот е интересен, динамичен, личи како објектот да нема класична структура туку е свиен во форма на спојувалка... исто така, скалите од предната страна се дизајнирани што е можно пошироки и насочени за да има поголема комуникација со плоштадот
како што кажа некој погоре, единствена маана му е тоа што не е отворен кон ЕВН и просторот измеѓу нив е мртов... а можеби најголема грешка на објектот е тоа што како што е приватен, така е искористен на безвезни бутици и шабански дискотеки, наместо да има некаква културна улога... толку атрактивен простор, искористен на глупости... ако од тука потекнува фрустрацијата на луѓето кон објектот, од сопственоста, неговиот зачеток и неговото управување, нека ја насочат натаму, а не кон самиот објект
за ЕВН не знам ни од кај да почнам, за Град како Скопје во пеесетите, е револуционерен, од тоа што е првиот „облакодер“ во земјава, до тоа што е еден од првите примероци во Македонија од интернационалниот стил, доказ дека земјава била во тек со настаните после долго заостанување, за разлика од денес...
и пак ќе ги прашам сите тие рандом мразачи на вакви објекти, која е вредноста (и културна и архитектонска) на Ристиќева палата? зошто кон неа нема омраза, ама има спрема поранешен Метропол, кој еве уште некоја година ќе наполни 90 години и е еден од највредните објекти кои денес оригинално постојат на плоштадот?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8485868788 155>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.404 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.