build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 9192939495 158>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1841 Posted: 04-Mar-2015 at 18:40
За мене не е лошо.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1842 Posted: 04-Mar-2015 at 20:02



како од некоја стамбена зграда изезе фасадава

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7315
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1843 Posted: 04-Mar-2015 at 23:06
малце претерале со контрастот во црвената боја, ама не е нешто страшно, битно хотелот ќе заличи на сериозен хотел, а не на комиблок со изронета фасада

Edited by zabegan - 04-Mar-2015 at 23:06
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #1844 Posted: 09-Mar-2015 at 16:50
Како е дојдено од ова
до оваDSC04947 by george k. 1981, on Flickr[/IMG]


Тоа посветлото е некој малтер, ама не ми се верува дека сето останато е некој камен?! И тоа мора да е некој малтер.
Ги молам упатените да објаснат како е направено ова!

Edited by Bojan10 - 09-Mar-2015 at 16:53
Од чаламот си патиме!
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1845 Posted: 12-Mar-2015 at 10:18
Две згради од Центар ќе добијат фасади како зградата Папагал

На следната седница на Општината, по предлог од градоначалникот Андреј Жерновски, ќе се гласа за утврдување на изглед на фасади за четири згради, од кои две треба да бидат со фасада слична на зградата папагал. Зградата број 30 на улица Мито Хаџивасилев - Јасмин и зградата број 19 на улица Иван Милутиновиќ ќе добијат фасади во неколку бои. Освен што зградите ќе бидат во неколку нијанси на сиво-кафеава боја, жолта, зелена, розова, сина и портокалова боја, тие ќе имаат термичка фасада.



Според општинарите, новата термичка фасада на зградите ќе им обезбеди на станарите спроведување на мерките за енергетска ефикасност, со што ќе се намалат сметките за топлинска енергија во зградите, а исто така, ќе им се остави можност на сопствениците на простории во зградата да обезбедат енергетски пасош.

http://www.skopjeinfo.mk/opstini/1600429874/dve-zgradi-od-centar-ke-dobijat-fasadi-kako-zgradata-papagal
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1846 Posted: 12-Mar-2015 at 17:36
Добро бе овој ретардиран ли е?! Планира Шутка да прави од Центар? Нека си прави папагали и шаренила кај него у соба а не да го огрдува Центар со вакви грдосии и несеризни работи. Ваков тип на згради и архитектура е МОНОЛИТНА и вистински СРАМ е вака да ги шараат и огрдуваат, демек еве ние имаме идеја и проекти а ова се прави од чист инает за да пробуваат да изиграваат "модерни" и "контра-барок" во чист недостаток на свои оргинални идеи.

Едно е да имаш комплекс од неколку згради и секоја една од нив да е целата во една боја, различна боја од другата зграда до нејзе а таа па од другата до нејзе итн, а притоа сите заедно да формираат еден композициски и колоритен урбан пејсаж, а друго е кога вака у сред центар од нигде ќе офарбаш ЕДНА ЗГРАДА во ПЕТНАЕСЕТ БОИ која ќе ОТСКОКНУВА од СВЕ НАОКОЛУ и ќе биде трн во око и ќе ја нагрдува и околината и да глумиш модерен и горд на тоа, демек еве што направив јас модерниот! Нека прави термички фасади ама нека не к ги шара вака како да сме некое гето у Бразил! Баш се ПАПАГАЛ архитектура, за жалење.

п.с Од една страна ја утепаа од критикување Власта за менување на автентичноста на зградите и архитектурата во Центар, од друга страна они почнуваат да го прават буквално истото. Retardation full mode.

Edited by HugoGoulding - 12-Mar-2015 at 17:59
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #1847 Posted: 12-Mar-2015 at 18:12
Реновирање на објект со енергетско-ефикасна фасада и фарбање во свежи бои, не е ни од блиску спореддливо со менување на фасада во квази-барок и тоа само од предната страна.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1848 Posted: 12-Mar-2015 at 18:26
Мене папагал-зградата ми се допаѓа. Се работи за станбена зграда која го освежува сивилото во центарот на Скопје. Не се менува архитектонскиот труд на авторот. Се воведува енергетска ефикасност на зградата, што е бенефит на станарите. Огромна позитива е во однос на барокниот изглед на зградите.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1849 Posted: 12-Mar-2015 at 18:42
Каков бенефит, какви свежи бои, ова е глумење лудило и е толку е очигледно и ниско, бидејќи ако на Жерновски му е толку да биде од бенефит за Центар ќе ги префарба фасадите во нивните оргинални бои во кои и претходно си биле, а он упорно форсира шаренила кој СЕ ГРДИ И НЕ ЕТИЧКИ. Зошто единствено не стави термички фасади и да ги префарба во исти и слични бои во кои претходно си беа?! Затоа што сака да глуми лудило, ете затоа.

Ги уништува зградите а зградите си се и си беа сосема ок. Нели беа ок? Нели не треба никаква дирање на зградите? Или барок не може, шаренила може? Срамно. И не јадете многу бубрези за СИВИЛО во Центар бидејќи од исти причини се прават и баркони фасади на објекти низ Центар, со цел да се разбие сивилото, нели. Ваков тип на згради не трпат шаренила ниту барок, ваквиот тип на згради имаат монолитен карактер и со нивното шарање ги прават да изгледаат смешно и одвратно. Но ако треба да се смени или "подобри", "поднови" нивниот изглед, подобро би правел целосно менување на изгледот, отколку да шарам нешто во 15 бои што всушност треба да биде од една или две бои од монохромен карактер. Не тресете глупостим, ве молам.


Edited by HugoGoulding - 12-Mar-2015 at 18:54
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1850 Posted: 12-Mar-2015 at 18:48

Бојан ова што велиш за сивилото во право си, но ако веќе бојат а за да не биде лакрдија сето тоа, треба да пуштат некој конкурс за идејно решение за складно боење на општината, просто кај првиот папагал заради опкружувањето требаше веројатно да одат со такви бои но на бела основа, а они демек помалку се прљало па ај сива

за нано-бои не ни верувaм дека размислуваат [1] иако ко општина и те како можат да си дозволат таква екскурзија

претпоставувам станарите сами си ги бираат боите!?


Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #1851 Posted: 12-Mar-2015 at 20:40
Ме интересира зошто се ГРДИ И НЕ ЕТИЧКИ?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1852 Posted: 12-Mar-2015 at 21:09

Мене ме инересира зошто мислиш ти или било кој дека ова е и одблиску убаво и естетски?

И зошто мислиш дека изшарување(читај изсерување) на една зграда у 15 бои (све ми боје лепо стоје), односно како што и сами си ја викаат Папагал-архитектура во околина; опкружување што не соодејстувава со такво нешто и стил на архитектура што не соодејстува со такво нешто е етички. Жерновски и неговата компанија упорно јадат бубрези како не требало да се менуваат фасади и да се менува нивна автентичност, а он со самото тоа што започува тренд на ушљакување со 15 различни дреч бои врз фасада на објект што ни одблиску не го трпи тоа го менува и уништува нивниот архитектонски идентитет и автентичност на истите. Што е поентата со боите? Зошто едноставно не ги префарба како што си биле? Или мора да се направи што пошарено г*омно за да биде истакнато дека он го направил тоа и дека е демек ултра-модерен. Катастрофа. Партизанска и Рузвелтова имаа своја монолитност со тие габаритни згради во една боја, сега кога ќе поминам и ќе ги видам шаренилата на такви монолитни станбени објекти ми се гади.

Очекувам дека во брзо време ќе дојде до идеја и Градски ѕид да го изшара во 65 различни бои.

Edited by HugoGoulding - 12-Mar-2015 at 21:18
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1853 Posted: 12-Mar-2015 at 22:47
Како прво, зградата ја нарекоа Папагал провладините мегафони, а не самите центарци. Како второ, и јас сум меѓу оние што сметаат дека боите на зградата се во ред и ги разбиваат сивилото и едноличноста во тој дел од градот. Не знам зошто кај некои луѓе се јавува толку негативен став кон обновување и освежување фасада со малку пари, за разлика од други реконструкции на една зграда кои чинат колку десет вакви. Не знам за каков архитектонски идентитет и автентичност зборуваш, кога имаме зграда што е обична станбена зграда, изградена некаде во доцните 1960-ти години, и која нема апсолутно никакво историско и друго значење за нашата култура (за разлика од владината зграда, зградата на ЕВН, на ЕЛЕМ и многу други што намерно се упропастуваат). За мене лично, многу подобро е што се обнови фасадата на таа зграда одошто да не се обновеше.

Edited by Џоле - 12-Mar-2015 at 22:48
За сè има вторпат
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1854 Posted: 12-Mar-2015 at 23:04


Toa што е станбена зграда не значи дека е без значајна и нема архитектонска вредност за градот. Со самото нејзино постоење таа допринесува за изгледот на градот. Се дур така мислиме и ги третираме станбените објекти како обични вршачи на функција, притоа сосема занемарувајќи ја нивната естетска надворешна вредност ќе имаме грд град и ќе се тешиме дека ако го ушљакаме у 20 бои или ако му ставиме јонски столбови ќе го разбие "сивилото". Тоа не го зборам за минатото само, тоа го зборам уште повеќе за станбени или било какви објекти што никнат на секаде низ Скопје и моментално.

Мојот револт не е ради Папагал зградата само, туку дека сега сакаат да направат и форсираат тренд со цел целиот Центар горе-доле да го ишараат вака, малку имаме јонски столбови, сега овој сака остатокот негибнати згради да ги направи детска градинка и бразилско гето. Овие од властта ако шетале по Париз и Виена овој кај шетал, во Тирана? Катастрофа.



Edited by HugoGoulding - 12-Mar-2015 at 23:18
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #1855 Posted: 12-Mar-2015 at 23:10
Значи последниве коментари проследени од бомбите на Заев се кажаа на форумов. Тука нема реална критика. Вие сте партиски и политички отруени луѓе кои солат памет за архитектура од рекла казала чарсиски муабети. За да подржиш папагал зграда треба или да си архитектонски, уметнички, дизајнерски неписмен или психички пореметен. Поздрав
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #1856 Posted: 12-Mar-2015 at 23:11
Папагал зградата, и сличните на неа, може многу посреќно да се освежат и да изгледаат весело.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1857 Posted: 12-Mar-2015 at 23:25
Настрана фактот што разбрав дека во ова не учествува ни архитект ни уметник туку станарите на своја рака си бираат бои секој по свој вкус како им текне и го добиваме ова во Центар.

Edited by HugoGoulding - 12-Mar-2015 at 23:31
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1858 Posted: 12-Mar-2015 at 23:50
Originally posted by Z|evzek

Значи последниве коментари проследени од бомбите на Заев се кажаа на форумов. Тука нема реална критика. Вие сте партиски и политички отруени луѓе кои солат памет за архитектура од рекла казала чарсиски муабети. За да подржиш папагал зграда треба или да си архитектонски, уметнички, дизајнерски неписмен или психички пореметен. Поздрав


Јас во живот се кладам дека на истите ликови за кои оваа зграда е РЕМЕК ДЕЛО во случај да беше реализирана. од владеачката структура ќе не давеа дека е КИЧЕРАЈ дека е ТИТАНА, ШУТКА и незнам што друго. Тоа се тие познати НЕУТРАЛНИ ЛИКОВИ.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1859 Posted: 12-Mar-2015 at 23:54
Овде треба додека се има време,да се делува на градоначалникот и да ја смени својата замисла ,и да стави малку повкусни бои.Барем сега имаме прекрасни решенија .Ќе излези и ќе кажи дека бил погрешно цитиран и толку.Демек во смисол секоја зграда со различна нијанса,а не сите 50 нијанси на една да одат.

Мислам дека невреди да се расправаме за ова овде и да се дигаат политички тензии.Треба малку делување и тоа е тоа
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1860 Posted: 12-Mar-2015 at 23:56
Originally posted by HugoGoulding

Настрана фактот што разбрав дека во ова не учествува ни архитект ни уметник туку станарите на своја рака си бираат бои секој по свој вкус како им текне и го добиваме ова во Центар.


Тоа е таа газолизачка политика. Да дадеме на секој станар да одлучува каква боја ке му биде терасата, а тоа што градот ќе ни изгледа како мумбаи маце битно, битно е со улужување да се закачи уште некој глас. Истото го направи и со фамозната боемска улица. Им направи на кафанџиите тераси потроши еден куп пари и никоме ништо ни глас нема од НЕУТРАЛНИТЕ.
Тоа е тоа се извинувам за дрскиот тон ама колку човек и да се труди да прекути на глава ке му се качат со лицемерија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 9192939495 158>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.