build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Фасади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 161162163
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 30
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #3241 Posted: 06-Jul-2022 at 20:36
Прозорот од страна го заборавиле мајсторите
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15637
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3242 Posted: 09-Aug-2022 at 16:43
Да поминеш и да останеш жив е лотарија, паѓаат плочки цело време!



Парчиња од дотрајаните фасади од зградите во централното градско подрачје секојдневно паѓаат. Особено од кулите кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ и кај Зеленото пазарче чии фасади се од керамички плочки. При посилен ветер, паѓаат парчиња на плочниците, скопјани се чувствуваат небезбедно и револтирано, бидејќи може да ги повреди некое.

– Со полни кеси излегував од Зеленото пазарче кога веднаш пред мене падна дел од фасадата од кулата. Да направев чекор повеќе, ќе ме погодеше. Не сакам да помислам што можеше да ми се случи ако ми паднеше плочка од толкава висина – вели скопјанката Светлана В.

Иста слика е и кај кулите кај гимназијата „Ј. Б. Тито“. Половина фасада е падната и кога ќе видат случајните минувачи паднати плочки, не им е јасно како немало жртви.

– Под овие да поминеш и да останеш жив е лотарија, паѓаат плочки цело време! Ист е случајот и со кулите кај Зеленото пазарче – вели Мики Арсиќ.

– Со години наназад, од Аларова до Жерновски, куќниот совет бараше одлука каков модел и материјали да се земат за да се реновираат фасадите на 28 кули во Градскиот ѕид, се разбира една по една и со заемна финансиска помош. За жал, сè уште нема ниту одговор ниту архитектонско дизајнерско решение. А во случај на несреќа, одговорноста со закон е на правното лице – заедницата на станари – вели Марионка Владимировска.

Според Законот за домување, домарите или претседателите на станбените заедници се должни да преземат мерки за санација на фасадите. Лиценцираните управители велат дека за разлика од минатото, станарите последниве години повеќе се заинтересирани за вложување во заедничките простории, вклучително и за обнова на фасадите. Најголем проблем, според нив, има во постарите згради, каде што со години не било вложувано во заедничките простории.

Да сакаат, нормално, ама некој друг да им ја направи. Да има закон како во западните земји, ќе видиш како ќе најдат пари. Општината ќе дојде ќе им ја направи и потоа ќе им испрати чекче. Ако не го платат за одреден рок, парите се дуплираат. На крајот, може да им го одземе станот. Тие становите во зградите си ги купија по 2 до 5 илјади евра, па сега како да дадат толку пари за одржување? Чекаат да дојде некој, како градоначалникот на Карпош, па да им го реши проблемот. Сигурен сум дека половина станари имаат убави коли и одат на одмор каде што ги трошат тие 1.500 евра, ама немаат пари да санираат нешто што може да одземе нечиј живот. Само кај нас прво треба некој да настрада, па потоа да се свестиме – коментира Сашо Гулевски.

Доколку дојде до повреда предизвикана од паѓање на дел од фасада, граѓанинот може да поведе судска постапка и да ги тужи сите станари кои не се грижеле за заедничките простории, вклучително и за фасадата. Законот предвидуваа санкции ако не се изврши санирањето и изнесува 300 евра по сопственик на стан.

https://www.vecer.press/да-поминеш-и-да-останеш-жив-е-лотарија/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1810
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3243 Posted: 09-Aug-2022 at 18:37
Mnogu specifichna pravna situacija. Da ti nanese fizichka povreda pravno lice. Ova nema kako da se procesira. Kje se brkaat duhovi, pretsedatel, upravitel, kje zaglavi nekoj shto nema ni budzet ni mokj da prevzeme neshto. Samo losha poraka kje se prati do opshtestvoto, da i tie malku shto se obiduvaat da se grizhat za zgradite, da dignat race.

Mozhda reshenieto e zadolzhitelno osiguruvanje na objektite, vo paket so osiguruvanje od odgovornost, pa duri togash mozda kje bidat naterani sopstvenicite na ovakvi objekti da prevzemat neshto koga polisata kje im otide "u nebo" zaradi zapushtenost na objektite.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 946
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3244 Posted: 09-Aug-2022 at 22:30

Одлична идеја.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 161162163

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.797 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.