build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Македонски железници низ слика и видео
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонски железници низ слика и видео

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 27-Apr-2010 at 23:12
Мостови видени од воз





Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 07-Jun-2010 at 22:03

Со железница низ Македонија

Битола Кременица

Еден мал вовед за историјата на линијата Солун - Лерин - Битола или како некој ја нарекуваат Via Egnatia

Планови за врска со железница од Солун до Битола почнува со планирање во 1890 година од страна на Alfred Kaoulla, германски банкар и брокер, со финансиска поддршка од Deutsche Bank кој успева да добие од турските власти дозвола за градба на истата и нејзина експлатација на 99 години.

Компанија ја оформуват на 5 февруари 1891 година во Истанбул под назив Société du Chemin de Fer ottoman Salonique-Monastir, почнувајќи во јуни 1891 год. да ја градат трасата во должина од 219 км. Главен инженер е француз Phillipe Vitalli и неговиот супервизор Renaudin.



На трасата се изградени вкупно 15 типски станици, со посебн магацин во линија на станицата (11 на кат и 4 приземни):

Текелиево (Sindos),
Крџалиево (Adendro)
Гида (Aleksandria)
Бер (Верија, Karaferye),
Негуш (Nausa, Agostos),
Вартокоп (Skidra),
Воден (Edesa),
Владово (Agra),
Острово (O Arnissa),
Суровичево (Aminteo)
Кисела вода (Eksisou)
Баница (Vevi)
Лерин (Florina)
Флорина (Mesonisio),
Кременица (Kenali),
Жабљани *
Кравари *
Битола (Манастир).

* мали постројки

По многу одложувања, линијата е отворена за сообраќај на 15 јуни 1894 година, по која тргнува првата локомотива од Солун кон Битола.



Султан Мехмед V Рашад пристигнува со воз од Солун преку Воден на железничката станица во Битола во 1911 година.



Железничка станица Битола од А класа во 1931 година.


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 07-Jun-2010 at 22:05
Но, доаѓа судната 1984 година за оваја пруга кога се укинува и се остава на времето на забот.

Денешен изглед на станицата Битола од главниот влез



Поглед на железничката станицата од страна на пероните



Се упатувам кон граничниот премин Меџитлија т.е. селото Кременица железничи одалечен од Битола само 16,70 км низ Коридорот Xd по завршните колосеци во станицата Битола.



Еден крак води кон некогашната лозилница која денес е претворена во сервис



И го одминувам последниот сигнал кој сеуште е во функција на оваа делница а со тоа и активниот дел на пругата.



Наидувам на некогашен премин.


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 07-Jun-2010 at 22:10
Рампата останала ко нем сведок дека овде некогаш поминувале возови.



Помеѓу другото и вагони полни со жито од прекрасното здание на фабриката „Жито Битола“ кое заедно со пругата полека пропаѓа.

.

Ги поминувам празните силоси, празниот сигнал и ми пролетува мислата дека тука почнува моето може да се нарече истражување, барајќи ја со поглед пругата во обраснатото зеленило.



И повторно нешто тажно, пропаднатата ф-ка „Фринко“ или некогашниот гигант Раде Кончар фрижидери.



Но да се вратам на нашата пруга која како да е во празен недоглед.



Но на моја среќа не е таква монотонија, се појавува мост над еден мал поток кој допринел зеленилото во неговата околија да ја промени тажната слика.


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 07-Jun-2010 at 22:15
Застанувам за момент и треба внимателно преко мостот, старите дрвени праговите се од далечната 1962 година.



Но, дрвените прагови ги снемува и се појавуват метални прагови од времето на градбата.



Но штом човек го тргне погледот од правецот кој го прати, природата ја голта неговата орјентација.



И далеку на перифиријата од градот царинска испостава Битола и некој вид на средена урбана средина за разлика од пругата.



Моја среќа се железничките знаци кој сеуште стојат така да правецот на пругата може да се одреди.



Пешачењето станува заморно но знаците се тие кој ме тераат понатаму.


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 07-Jun-2010 at 22:20
Нем сведок на едно време кога големи државници, председници, конзули, патописци и обични луѓе поминувале низ оваа пруга.



И цвеќе кое е свиено ко венец за некогашната пруга које е некаде тука.



Тишината која ме прати често ја прекинуват голем број на препелици кој нашле мирен заклон на пругата.



Птиците ми го скренуват погледот во далечината, некаков чад ?



Да, тоа е РЕК - Битола која почнала со работа во 1982 година и една од првите десет термоелектрични централи во Европа.



Глуварка на пруга, еден момент ја има а следниот ветерот е разнесе, исто ко нашата пруга.


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 07-Jun-2010 at 22:25
На повидок некој објект со препознатливи архитектонски детали.



Железничи објект од некогашното стојалиште во селото Кравари.



Прекрасно сочуван објект во која околина сега е некаква работилница за поправка на трактори, малку иронично кога селото Кравари е полно со трактори.



Прекрасен поглед на Ниџе од лево кое се протега се до Лерин и Баба Планина од десно, но идилата и моето патешествие мора да заврши, време за враќање.



Во последен момент пристигам, возот веќе е поставен и се чека свирежот на отправникот.



Се надевам дека следниот пат ќе го пројдам и остатокот од трасата која некогаш била крвоток на оваја област
низ кој иделе возовите број 4930/4931 или од далечното минато 5231/5233, 5233/5234 и 5211/5212

До следното патешесвие „Со железница низ Македонија
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 07-Jun-2010 at 22:34
Одлична репортажа Владимир.Thumbs%20Up
Се надевам со обновувањето на пругата, ќе можеш истата траса да ја поминиш и со воз.
Yes
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 07-Jun-2010 at 22:48
Секоја чест за сликите и храброста... Јас кога бев да сликам во мојата репортажа, во раната пролет, кога немаше трева барем пругата малку се гледаше... 
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 08-Jun-2010 at 00:32
Kako i sekogas Vladimir ni napravi edna prekrasna prosetka kako vo prostorot taka i niz vremeto.
Bravo,sekoja cest!
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 09-Jun-2010 at 09:49
Originally posted by S.P.Q.R.

... Се надевам со обновувањето на пругата, ќе можеш истата траса да ја поминиш и со воз.Yes

Ќе бидам првиот во тој воз, но ќе покаже времето дали тоа ќе ми се оствари.

Originally posted by Danielbtmk

... Јас кога бев да сликам во мојата репортажа, во раната пролет, кога немаше трева барем пругата малку се гледаше... 

Очито Даниел времето и и природата си го прават своето.

Благодарам за честитките, тоа ми дава потик уште некој пар патики да скинам по македонските пруги.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3389
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 09-Jun-2010 at 14:41
Владимир, и јас ти праќам честитки за репортажата, посебно за храброста за одење по овие големи треви во кои неретко се движат змии.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 09-Jun-2010 at 14:43
Еве и од мене честитка, јас сум особено љубител на стилот на презентација на Владимир Со минимум зборови, максимално го пренесува доживувањето и ги надополнува сликите

Edited by pbanks - 09-Jun-2010 at 14:44
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 14-Jun-2010 at 11:55

Vladimir, Blagodaram za fotografiite


Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 18-Jul-2010 at 13:47
661-235


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 17-Oct-2010 at 17:36

Малку да се заинтересираме и да инвестираме во овој сектор, ќе имаме голем успех а и ќе ни биде од голема корист.... јас мислам дека во тоа е и иднината.... брзи, точни возови... еколошки.... ако се доведи железницата до некое солидно ниво, да не речам европско, ми се смучи од таа Европа... но ако биде атрактивна, мислам дека интересот на граѓаните би се зголемил..... на пример да имаше пруга до Охрид, и возови кои би се движеле брзо, најмалку 100км на час, многу луѓе ќе ја користат оваа понуда, а ќе биде и доста исплатлива, ако не и преискористена, поготово лето.... Јас мислам дека треба да се инвестира во овој сектор, зашто тој е и иднината на целиот свет...

но сакав да споделам неколку видеа.... незнам дали веќе сте ги постирале, пробуричкав назад, не видов нешто слично.... ако препостирам, тогаш избришете ваљда....

па еве нешто....

нешто постаро....

овој прошиша....

па незнам... ќе пуштам уште после.....

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 25-Oct-2010 at 21:00
Отсекогаш ме интересирало што е онаа кула(блиску до ж.станицата во Прилеп),сигурно била дел од железницава,е сега дали била станица или нешто друго,ако знае некој нека сподели.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 25-Oct-2010 at 21:15
и една слика од некогаш

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 25-Oct-2010 at 22:30
Првата слика со водоторањот е од времето на парните локомотиви кога морале да се полнат со големо количество на вода. Обично овие резервоари биле поставувани поред ложионици.
Еден таков водоторањ имаш зачуван во Ѓорче Петров, иначе ги има во повеќе места низ МК, Битола, Велес ... и ги има два типа бетонски и железни и мешовити ко овој пример.



Втората слика од железничката станица во Прилеп е веќе објаснета во постот - Железницата низ историјата
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=549&PN=8

Погледајте со колкав возен парк е располагано.

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 06-Dec-2010 at 18:22
1
Транспортен центар


2
Драчево


3
повторно Драчево



Edited by Cloverstack - 07-Dec-2010 at 22:59
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.