build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ГУП - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 11>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ГУП - Скопје
    Posted: 29-Oct-2023 at 20:08
Па дали се сериозни од општина Центар? Ги засеќирале историските мааала додека во исто време дозволуваат да никнуваат грди зградичиња без никаква логика баш во историските маала и на таков начин да се уништуваат? Па во Дебар Маало над улица има тераси и држачи за клими...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Oct-2023 at 17:59
Кои се дел од барањата на градоначалниците за новиот ГУП?

Големи се очекувањата на општините од новиот генерален урбанистички план (ГУП) за Скопје кој, место усвоен и во сила веќе една година, сè уште е само во подготвителна фаза. Бришење на јужната обиколница, преиспитување на потребата од булеварот „Крушевска Република“, ограничување на градењето за да се спречи со дозвола за куќа да се гради зграда, конкретни насоки како да се третираат земјиштата продадени со јавно наддавање, зелен појас покрај Вардар, а веднаш до него и градежен појас по целата должина на реката, зградите да одат во висина место во ширина и ред други барања веќе се подготвени и чекаат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да ги побара.

Општините се изјаснуваат за делумно консултирани за новиот ГУП, но истовремено и целосно исклучени од подготовките за кои велат дека немаат ниту информација до каде се. Од десетте скопски општини кои се во опфатот на ГУП, на прашањата за планот и соработката со Град Скопје за негова изработка одговорија, само четири. Од општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Карпош сведочат дека со Град Скопје за ГУП имале средба летово но се разговарало главно за новата урбанистичка блоковска поделба, а од тогаш нема нова активност ниту за подготовките за ГУП ниту околу неговата изработка.

Булеварот „Крушевска Република“ раздвојува историски маала, Центар бара да се преиспита потребата од него

Општина Центар со внимание ги следи постапките за новиот ГУП и прецизно посочува дека постапката за донесување на планот официјално не е почната оти не е одобрена планската програма од Советот на Скопје. Барањата за новиот ГУП им се стокмени.

„Во новиот генерален урбанистички план, како Општина, ќе побараме да се преиспитаат наменски употреби на земјиштето во дадени градски четврти (ГЧ И05 – Маџир Маало), да се преиспита потребата од булеварот Крушевска Република кој разделува повеќе историски маала, ќе побараме поврзување на некои градски четврти кои биле раздвоени со претходниот ГУП, а историски отсекогаш претставувале целини, ќе побараме дислокација на индустриските капацитети на територијата на општината, замрзнување за понатамошен развој на некои делови од територијата на општината и слично“, објаснуваат од Општина Центар.

Од новиот ГУП, покрај планови, Општина Центар очекува и конкретни, пропишани насоки како да се спроведат градските политики.

„Дали станува збор за намалување на жителство, за ретрасирање на постојни траси на сообраќајници или за третман на земјишта отуѓени со јавно наддавање, очекуваме конкретни методологии за справување со настанатите ситуации, а како сите градски општини би имале пропишани услови за еднакво постапување“, конкретно бараат од Општина Центар.

Иако постапката за новиот ГУП официјално не е почната, Агенцијата за планирање на просторот веќе имала средба со стручен тим од Општина Центар на која биле информирани за документирање на постојната состојба на терен. Агенцијата ги консултирала и за можни превиди, како најдобри познавачи на територијата на Општината, а им биле најавени и дополнителни состаноци.

Кисела Вода бара ограничување на градењето за да се спречи со дозвола за куќа да се гради зграда

Во Општина Кисела Вода се револтирани од доцнењето на ГУП. Сметаат дека доцнењето ќе има сериозни последици за секоја од скопските општини оти ги ограничува можностите за развој. Без нов ГУП општините не можат да ги применуваат стратегиите предвидени со развојната програма што сметаат дека е чекор назад во уредувањето на просторот.

„Сметаме дека неработењето на Град Скопје е причина поради која нашата Општина нема никаква информација до каде е процесот кој одамна требаше да биде завршен. Соработката со општините при донесувањето на вакви клучни документи со децениска важност е од исклучителен интерес на нашите граѓани, а до овој момент, од страна на Градот Скопје воопшто не сме консултирани ни околу нашите развојни програми, стратегии и цели. Како општина сметаме дека сериозните проекти, како овој, бараат пред сè работа која треба да биде динамична, транспарентна и стручна. Наспроти тоа, за носење на еден ваков документ има молк, никаква комуникација, што сериозно загрижува и наведува на размислување дали Градот Скопје воопшто нешто сработил“, велат од Општина Кисела Вода.

Барањата на Кисела Вода за новиот ГУП од Општината објаснуваат дека се содржани во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски каде се сместени сериозни стратешки чекори за урбанистичкото планирање.

„Проекти кои се навистина значајни се ограничувањето на бројот на станбени единици при градењето куќи со цел да се спречи изигрување на законот и градење згради на име А1 (домување), потоа проектот за подземно пробивање на јужен булевар, секако неизоставен дел би било имплементирањето на идејното решение за Расадник за кое веќе ни пристигнаа 5 решенија на распишаниот конкурс и сме во исчекување на уште некое кое би стигнало по пошта, бидејќи од досегашното искуство пратките од странство сериозно доцнат “, велат од Општина Кисела Вода.

Убедени се дека нивните барања за новиот ГУП се значајни и овозможуваат развој не само за Кисела Вода туку и за останатите скопски општини.

Јакимовски: Зградите треба да одат во висина, да се зафаќа небото за на земјата да остане повеќе простор за паркови

На градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за разлика од останатите градоначалници, не му пречи доцнењето на новиот ГУП. Тој дури смета дека генералните планови не треба да се носат толку често и се залага важноста да им биде четвртина век.

„Не гледам што се менува во функционирањето на Општината или на локалната самоуправа со евентуално носење нов генерален урбанистички план. Генерални планови, прво, не се носат толку често. Тие треба да се носат на 25 години затоа што со промена на генерален план, ако го носите на 10-12 години, вие треба да ги усогласите постојните детални со новиот генерален план. За десет години треба да направите, на пример во Карпош, 50 урбанистички планови. Таман сте стигнале да ги усогласите тие носат нов генерален план. Тоа нема логика, како мачката кога си ја брка опашката е“, вели градоначалникот Јакимовски.

Неговиот став во однос на барањата што Општината ќе ги има за изработка на новиот ГУП вели дека зависат од барањата на граѓаните.

„Знаете кои се најчестите барања на граѓаните? Имот кај што е предвидено зеленило, тие бараат да биде домување. Сите бараме зеленило ама кога ќе го имаме зеленилото бараме да се претвори во домување без разлика дали се работи за колективно или пак за индивидуално домување“, вели градоначалникот Јакимовски.

Тој смета дека деловите покај кејот на Вардар треба да се редефинираат. Да има простор во ширина од 50 до 80 метри од брегот кој ќе биде резервиран за паркови, а во другиот дел да се предвиди градежен појас и така да биде не само во Карпош туку и во останатите општини низ кои минува Вардар.

„Тука гледаме едно двојство. Ако веќе ни е концепт дека покрај Вардар треба да има сериозно проветрување, треба да има паркови и слично, тој појас треба да се дефинира од Ѓорче Петров, од Сарај, до излезот на Скопје. А не како што сме сега, во Карпош тоа го има, а како еден стомак направено, тој дел го запазуваме па потоа се стеснуваме во централното градско подрачје па малку се прошируваме во делот на Аеродром и се гледа една неконзистентност“, замерува градоначалникот Јакимовски.

Новиот ГУП, според Јакимовски, треба да го уреди просторот зад Зајчев Рид, да го урбанизира Бардовци, да го заштити Водно како белодробни крила на Скопје, но сепак да не се избрише јужната обиколница која треба да се гради на сметка на зеленилото.

Против бетонизацијата на Скопје Јакимовски вели дека ќе се бори со нови згради кои ќе одат во висина, ќе се зафаќа небото за на земјата да остане што е можно повеќе простор за паркови.

„Таа флоскула против бетонизација е сериозна флоскула. Напротив јас се залагам за сериозно осмислување на она што треба да се гради и да се прави и мојата заложба е дека на површините не треба да се оди во ширина туку треба да се оди во висина, да се зафаќа небото, а што е можно повеќе површини да остануваат за паркови и за други содржини кои им се потребни на граѓаните“, вели градоначалникот Јакимовски.

Градоначалниците на останатите шест општини, Аеродром, Бутел, Сарај, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Чаир, исто како и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, молчат за новиот ГУП. Макфакс веќе објави дека за да продолжи подготвителната фаза на ГУП, Комисијата за верификација во Советот на Скопје чека од градоначалничката да им образложи зошто распишала четири огласи за партиципативно тело, три од нив поништила и четвртиот побарала од нив да го поништат, а инсистираат и правната служба да им посочи кој е законскиот пат тие да поништат оглас што не го распишале.

https://kajgana.com/koi-se-del-od-baranata-na-gradonachalnicite-za-noviot-gup
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Apr-2023 at 09:57
Ќе се спаси ли Скопје со новиот ГУП? 



Врз квалитетот на живот на граѓаните големо влијание има околината, односно, во пошироки рамки – градот. Граѓаните на Скопје веќе две децении се соочуваат со проблеми кои се појавија како последица на несовесното градење различни типови на објекти. Затоа, планирањето на градот е нешто кое директно ги засега сите кои живеат во Скопје. Тоа планирање се прави во Деталниот урбанистички план и Генералниот урбанистички план. Договорот за новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје 2022-2032 е потпишан во 2020 година и е во процес на изработка.

Што претставува Генералниот урбанистички план?
Генералниот урбанистички план или како што популарно се нарекува ГУП-от е документ кој претставува стратегија за развојот на градот во наредните десет години. Притоа, тој ги зема предвид различните аспекти на градот и потребите на граѓаните за домување, работа, рекреација и култура. Овој документ е основа за сите понатамошни просторни промени, планирање, градење и сл. Од ГУП-от зависи и Деталниот урбанистички план.

Архитектката и граѓанска активистка, Искра Јанковска-Михајловска објаснува што опфаќа еден ГУП.

„Во Генералниот план се разработува: како ќе се шири градот во наредните 10 години, каде ќе имаме нова индустриска зона, каде ќе имаме нова населба, кои сообраќајници ќе се развијат... Се прават промени, се случуваат климатските промени, па исто низ текот на времето од некои причини се менува кружењето на ветровите. Сè ова, но и начинот на живот, секако модерниот начин на живот се менува, така што затоа и е потребата од промена на ГУП-от“, вели Јанковска-Михајловска.

ГУП-от е комплексен документ, кој содржи графички приказ, текстуален дел и нумерички дел. Оттаму, неговата изработка се базира на многу анализи и бара соработка помеѓу експерти од различни дисциплини. Слободан Велевски, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје зборува за процесот на изработка на ваквиот план.

ГУП е гломазен документ. Формално го изработува Агенцијата за просторно планирање, по нарачка на градот и градоначалникот на град Скопје. Е сега, пред да почнете да планирате, треба да постои огромен период на подготовка. Се разбира, нема да одам во детали, таман работа. Пред сè, се прави инвертаризациска мапа на постојната состојба на градот, значи дисекција на различните намени итн. и паралелно со тоа се прават различни студии. Архитектонски факултет беше повикан за соработка, и јас и колеги од различни сегменти учествувавме во одредени подготвителни фази за изработката на ГУП. Тоа се различни елаборати и студии, коишто всушност треба да дадат инфромации и насоки. Тие не проектираат, туку тие даваат насоки на планерите коишто потоа ќе ги изготвуваат верзиите на ГУП, а планерите се од Агенција за просторно планирање“, вели професорот Велевски.

На што се должи хаосот во Скопје?
ГУП-от го диктира планирањето во Деталниот урбанистички план (ДУП). Сепак, во денешно време, инвеститорите и/или градежниците најчесто си градат по свое и одбиваат да го следат ГУП-от велејќи дека станува збор за застарен документ. Со манипулации се прават промени во ДУП-овите. Ваквото однесување е неприфатливо. Непочитувањето на ГУП-от, односно непочитувањето на препораките од експертите има последици кои ги чувствуваат сите жители на Скопје.

Покрај константното градење и доградување, проблем е и негрижата за постојните објекти, кои е пожелно да се пренаменат за да се искористат. Дополнително, може да се критикува и самиот ГУП. Професорот Велевски смета дека последните неколку ГУП-ови не содржат никаква визија за развој на градот.

„Прво и основно, сметам дека ГУП-от од чисто легислативен, треба да стане и проективен документ. Тоа е суштинска разлика. Вака декларативно можеби звучи, меѓутоа да ви подобјаснам што мислам. Тој не смее да биде само алиби, ете дека нешто се прави, дека ние се трудиме, сме правеле студии, не знам што, туку пред сè треба да има, да биде идеја. Која е идејата на сите ГУП-ови после оној од земјотресот? Значи ние од земјотресот, до сега сме имале четири, вклучително со овој постојниов, сме имале четири ГУП-ови. Различно се викале, меѓутоа четири такви документи. После оној првиот којшто го испланирал градот после земјотресот, нели од празна ливада малтене, нели повеќекратно е зголемена територијата на градот итн, овој во осумдесеттите години, средината на осумдесеттите години се труди да го дореализира, колку што се имало можности. Меѓутоа, практично тоа е продолжение, тоа е екстензија на овој планот после земјотресот. И после тоа немаме идеи веќе со плановите. Значи, Скопје во планско-проектна смисла – зборувам планско-проектна смисла, ниту е само план, ниту е само проект – е безидеен план веќе 40 години. И сè уште не се распаѓаме комплетно како град само поради таа матрица, условно кажано, поставена во шеесетите години, којшто поради парадигмата планерска во тоа време, прилично ретко изградена“, објаснува професорот Велевски.

Каква е визијата за идното Скопје?
Во однос на тоа како би требало да се развива Скопје, професорот Велевски е дециден дека повеќе не треба да се градат станбени згради. Тој препорачува фокусот да се стави на обликување на просторот помеѓу зградите бидејќи тој простор ги опфаќа и оние неопходни објекти, како училиште, градинка, продавница, банка и сл.

Е тоа е тој простор помеѓу зградите. Не се просторот помеѓу зградите само, како се вели нели, тревникот и паркиралиштето. Напротив, туку всушност животот помеѓу зградите. Тоа е вака нешто што е навистина битно. Денес во стручната фела, во Европа особено и во Северна Америка нели, САД и Канада, сè повеќе се заговара и во јавноста тој концепт на петнаесетминутен град или град на петнаесет минути. Што тоа во суштина значи? Тоа значи дека сите овие функции секојдневни, треба практично стратешките документи за планирање на градовите како што се овие генерални планови, детални планови и низа други планови, треба да се грижат да сите потребни функции кои граѓаните ги имаат на дневна основа, да не бидат подалеку од петнаесет минути пешачко или велосипедско движење. И на тој начин, всушност и оние огромни метрополитенски простори наеднаш почнуваат да фрагментираат на мали градови во градот“, истакнува Велевски.

Примената на концептот за петнаесетминутен град во голема мера би го подобрил квалитетот на живот во Скопје. Интересно е што во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, Скопје бил токму таков град. Денеска, иако не може да се каже дека Скопје е густо населен град, факт е дека се соочуваме со концентрација на население во поедини делови на градот. Таквата концентрација, наместо фрагментирањето, создава серија проблеми: сообраќаен метеж, немање простор за паркирање, паралелки со повеќе од 35 ученици во училиштата и др.

Професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје обрнува внимание на еден друг исклучително важен аспект. Нагласува дека ГУП-от треба да се изработува во согласност со можните ризици од идни земјотреси, поплави и други непогоди, како и да се земе предвид потребата за евакуација. Градењето објекти на ризични подрачја, како што е подрачјето по текот на коритото на Вардар, може да доведе до огромни штети.

https://samoprasaj.mk/ziveacka/ke-se-spasi-li-skopje-so-noviot-gup
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Feb-2023 at 15:14
Новиот ГУП за Скопје не е ни на повидок, уште долго ќе се планира по стариот

Генералниот урбанистички план 2012-2022 година истече, а новиот, според кој треба да се планира просторот во Скопје во наредните 10 години, сѐ уште не е изготвен и не се знае уште колку години ќе треба за да стапи на сила. Дотогаш, планирањето и деталните урбанистички планови што ќе ги носат општините, ќе се усогласува по стариот, донесен уште во времето кога градоначалник беше Коце Трајановски.

Градоначалничката Данела Арсовска неодамна, во гостување на една од телевизиите, изјави дека само за основниот документ, кој се подготвува заеднички со Градежниот факултет и со Агенцијата за просторно планирање, претпоставен рок за завршување е четири години, но со оглед дека изработката не е почната навреме, туку лани, тоа значи дека новиот ГУП нема да биде готов во блиска иднина. Таа објасни дека сите постапки започнале по пописот, затоа што се чекале резултати што се битни за изработката на планот, а дека сега забрзано се работи на неговата подготовка. Арсовска очекува нацрт-верзијата да биде готова кон средината на годинава, за да може веднаш да се вклучи јавноста со свои забелешки додека е ГУП уште во рана фаза на подготовка.

Од сето ова произлегува, дека откако ќе поминат сите фази на подготовка и сите фази за негово донесување, веројатно новиот ГУП ќе стапи на сила некаде на половината на периодот за којшто ќе биде донесен.

На последната седница на Советот на Град Скопје беше донесена Програма за финансирање изработка на урбанистички планови на Град Скопје во 2023 година, во која за изработка на новиот ГУП, за оваа година, се предвидени средствата во износ од 50.000.000 денари, како и 15.000.000 денари за урбанистички проекти неопходни за спроведување на ГУП.

Како што се прецизира во Програмата, новиот Генерален урбанистички план треба да биде стратегија за идниот развој на градот, што значи дека неговата подготовка е сеопфатен, сложен и временски долг процес за што е потребно вклучување на стручни лица од повеќе институции и области.

Колку години ќе поминат додека стапи на сила ГУП за 2023-2033 година, колку тој ќе биде квалитетен, како што тврди Арсовска, и дали ќе биде поквалитетен од претходниот, времето ќе покаже.

Дел од граѓаните со нетрпение го очекуваат во надеж дека со него ќе се отстранат многу недоследности, а со кои задолжително мора да бидат усогласени деталните урбанистички планови кои ги носат општините. Па така, на пример, него желно го очекуваат жителите на Крњево, кои не можат да реновираат и да ги обноват своите трошни куќи, затоа што во дел од населбата во ГУП е зацртан булевар којшто никогаш не се реализирал. Сличен проблем имаат и жителите на Мичурин, но и на Маџир Маало, во чија населба според постојниот ГУП повеќе од половина од просторот за градби е со намена за деловни објекти. Сличен проблеми имаат и жителите од многу други делови на Скопје.

Целата изградба и уредување на просторот во Скопје мора да е задолжително усогласен со намените во Генералниот урбанистички план, но многупати, можеби и неправедно гневот на јавноста при носењето на некој ДУП е насочен кон општините, иако секој ДУП мора да биде во согласност со ГУП.

Градоначалничката вети дека граѓаните ќе бидат вклучени уште во раната фаза на изработка на ГУП, па доколку тоа навистина така се случи, тогаш скопјани ќе треба да бидат подготвени и внимателно да следат што ќе понуди планот на просторот за којшто се заинтересирани. Затоа што откако ќе се донесе, тогаш доцна ќе биде за сѐ.

https://www.slobodenpecat.mk/noviot-gup-za-skopje-ne-e-ni-na-povidok-ushte-dolgo-kje-se-planira-po-stariot/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Jun-2022 at 18:44

е па ти, немаш сфатено до сега дека уранистички план не служи за урбано планирање, туку за легално зацртување на нови објекти на рандом локации
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Jun-2022 at 12:20
Вака накратко јас шо би подвлекол ко поважно според мене:
1-Драстично бришење и намалување на катност на оние зградурини шо се 6+1,8+2,5+1
2-Воведување на архитектонски правец за сите следни градби шо ќе добијат одобрение оти вака каша попара личи градо,јас пример би му дал одврзани раце на АТТИКА и слични компании од тој правец,знат шо прат љуѓето.
3-Стопирање за проширување и градење нови улици,катни гаражи,паркинзи,најмногу заради преголемата загаденост,на Запад ги одвикнаја љуѓето од кола,а и на Исток бога ми,редно е и оваја стока овде да се научит на ред.
4-Метро или Трамвај,некаков корисен јавен превоз а да не се автобуси кои се покажаја ко завршена приказна со појќе контра ефекти отколку корист.
5-Ослободување на простор,рушење на згради,ѕидови,бараки кои се дотраени,опасни или во бескрајна судска процедура,исто така и на нови згради изградени под сомнителни околности.
6-Дрва,не паркој,клупи,урбана опрема,споменици,фонтани и слични шеми за перење пари,туку само дрва,за почеток.
7.Облакодери,да сум за облакодери,за вистински модерен изглед на еден главен град,не оваков каков шо презентирање данела,стакларник,имат и други материјали некој требит да и кажи.
8.Да се најди решение за онај граден недограден барок,или нека се рушит или нека се догради со вистински материјали,макета фасадите да се тргнат и да се напрат ко што личит центаро на секој главен град во Европа ДА во БАРОК,и НЕ барок не е само антички столбој и споменици аман,ГТЦ со зградите прв требит да се среди,АКО се користат вистински материјали(КО ЗА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА),оти ги знаеше Ставре шо прат и не му даде да му сместат пластика и стиропор,естетски убо ќе изгледат тој дел средит да заличит на нешто поасално.
9-Градски Ѕид,Пошта,УКИМ,пијќето згради на главен булевар шо гледат...не зна за ними шо е чарето ама некое чаре требит да се најди оти тие згради ем се грди,ем се симбол на руско влијание/комунистички режим.
10.Туристички атракции,моментално пондудата е Буши и наргиле дување.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Jun-2022 at 10:21
НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СКОПЈЕ УШТЕ Е НА ПОЧЕТОК, УРБАНИСТИТЕ ВЕЛАТ И ВГОДИНА ЌЕ СЕ ПЛАНИРА СПОРЕД СТАРИОТ

Новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на Скопје нема шанси да биде готов годинава, а мали се шансите да се изработи и да биде донесен и догодина. Генералниот план, според кој сега се планира градот и се изработуваат Деталните урбанистички планови (ДУП), беше донесен во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски и е со важност 2012-2022 година. Веќе сме средина на 2022, а новиот ГУП е на почеток.

Урбанисти од неколку скопски општини кои работат во секторите за урбанистичко планирање за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека нема абер од новиот ГУП, кој како што ветуваа и од минатата и од сегашната градска власт, треба да донесе подобро планирање на главниот град и средување на урбанистичкиот хаос.

„И догодина Скопје ќе се планира според стариот ГУП. Законски пречки можеби нема што во 2023 уште ќе немаме нов план за Скопје бидејќи на стариот му истекува важноста, но проблемот е тоа што ќе се планира и гради Скопје според лош план. Дури сега бевме повикани од Град Скопје да доставиме податоци, што значи дека постапката е на самиот почеток. Допрва треба да се снима теренот, па да се изработува планот, а за тоа е потребно време“, велат од секторите за урбанизам во скопските општини.

Директорката на Агенцијата за планирање на просторот која треба да го изработи новиот ГУП, Андријана Андреева, не сакаше да каже кога ќе биде готов новиот план. Ни изјави дека постапките си течат и за сите информации да ги бараме во Град Скопје кои се нарачатели на планот.

Од Град Скопје редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК еден месец не доби информација до каде е постапката за новиот ГУП, кога се очекува да биде готов и какви ќе бидат насоките за идниот развој на градот и ставовите на градоначалничката Данела Арсовска. Прашањата ги испративме на 6 мај и до денеска одговор нема.

Градоначалничката Данела Арсовска во изборната кампања велеше дека кога ќе се изработи новиот Генерален план ќе го даде на увид на граѓаните, па дури откако ќе ги слушне нивното мислење, тој ќе биде донесен.

„Новиот ГУП ќе мапира и ќе креира каква ќе ни биде иднината на нас овде во главниот град, воопшто и во државата, затоа што Скопје е центарот на Македонија и верувам дека треба да биде оставен на сите оние личности кои се експерти од областа затоа што има луѓе кои што можат добро и квалитетно да ја завршат оваа работа. Меѓутоа, уште поважно е тоа што сметам дека Генералниот урбанистички план треба да се отвори за граѓаните. Секој од граѓаните да може да види и да знае што е она кое што се планира да му се направи, да му се изгради или да се креира како решение во неговото маало, да не почнеме да се будиме наутро и да гледаме дека некој на три метри од прозорот ни гради ново здание бетонско и ни гради нова зграда“, говореше Арсовска во изборната кампања.

Ексградоначалникот Петре Шилеговв во октомври 2019 на прес-конференција најави дека Град Скопје ја почнува постапката за носење на новиот ГУП. Тогаш Шилегов кажа дека со новото планирање на главниот град ќе се избрише јужната обиколница на Водно.

„Во текот на изработката на новиот ГУП, верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци од постојната планска документација. За пример ја земам постојната јужна обиколница, која според мое мислење и мислење на стручната јавност, е спротивна на принципите за заштита на животната средина, имајќи предвид дека за нејзиното пробивање потребно е да се уништи добар дел од зеленилото на Водно“, рече Шилегов на прес-конференцијата во октомври 2019.

Сега сите Детални урбанистички планови се носат врз основа на Генералниот план на Скопје. Градоначалниците на скопските општини при носењето на ДУП-те, маркичките за згради што ги цртаат ги правдааат дека тоа е предвидено со ГУП и дека не може да цртаат зеленило кога со генералниот план се предвидува намена домување.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/noviot-generalen-urbanistichki-plan-za-skopje-ushte-e-na-pochetok-urbanistite-velat-i-vgodina-ke-se-planira-spored-stariot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Jul-2021 at 11:19
Дали ќе стане Скопје град со кој повторно ќе може да се гордееме или место неподносливо за нормален живот најмногу ќе зависи од параметрите во новиот Генерален урбанистички план 2022-2032 и од начинот на неговата примена. Овој план се изработува со финансиска поддршка на Министерството за транспорт и врски, а во неговата подготовка директно е вклучена Агенцијата за просторно планирање. Од Град Скопје чијшто Совет го има последниот збор за усвојувањето на финалната верзија на новиот ГУП велат дека интензивно се работи на овој стратешки документ. Од Агенцијата решија да молчат.



https://samoprasaj.mk/istrazuvanja/na-vizijata-za-skopje-i-nedostiga-zdrav-razum/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Sep-2020 at 21:27
„Јужна обиколница“ за мене значи автопат ист како и северната обиколница. Изградба на автопат на подножјето на Водно е глупост која би ја уништила природата, а не би била од големо значење за сообраќајот, особено ако се изградат останатите сообраќајници.

Улицата за која зборува Theoden е обична улица која ваква каква што е можеби би била корисна (иако треба добра анализа за влијанието врз животната средина), но во никој случај не смее да прерасне во нешто поголемо, ниту пак може да има некаква улога во градскиот и меѓуградскиот транзит.


Јужен булевар во голем дел е или пробиен, или на места каде што не ја загрозува природата. Пореални прашања се дали тој треба да биде урбан автопат, со клучки и сервисни улици до него, или булевар со по некоја клучка, како и тоа дали треба пробивање помеѓу нас. 11 Октомври и пругата, или доволно е да го следи бул. Борис Трајковски од клучката кај Билна.

Помалку реално е прашањето за пробивање на Јужен од Нерези до обиколница во Сарај; шансите за ова се и онака мали. Засега е доволно подобрување на постоечкиот пат, а за Јужен би можело да се размислува ако во Сарај се изгради станбена населба за 15-20 илјади луѓе.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 528
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Sep-2020 at 20:54
Originally posted by MKDSTRUGA

Juzen bulevar ili juzna obikolnica pominuva na mestoto na parkovite pokraj bulevarot Teodosij Gologanov pa se nadovrzuva na Tunelite pod Limak i izleguva pozadi Flatron zgradata na Adora vo Kisela voda potoa odi pravi izleguva od Skopje i se spojuva na avtopatot nekade kaj obikolnicata. Zapadniot vlez pocnuva od avtopatot TE-SK nekade pred Saraj i kaj Replek se spusta na mestoto od parkovite pokraj Tesodosij Gologanov.

Јужен булевар =/= јужна обиколница. Се работи за две различни сообраќајни врски. И јас прво се сепнав кога првпат најавија дека ќе ја бришат јужната обиколница, да не случајно мислат на Јужен булевар, но не е така. За јужната обиколница веројатно е и подобро вака да се избрише, но бришење на јужниот булевар би било фрлање една вечна клетва за хаотичен сообраќај над Скопје.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Sep-2020 at 20:51
Originally posted by skopskodete

Новиот ГУП го има некаде?


Новиот(2022-2032) е во изработка стариот е од 2012.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Sep-2020 at 18:12
Новиот ГУП го има некаде?
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 455
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Sep-2020 at 13:46
Juzen bulevar ili juzna obikolnica pominuva na mestoto na parkovite pokraj bulevarot Teodosij Gologanov pa se nadovrzuva na Tunelite pod Limak i izleguva pozadi Flatron zgradata na Adora vo Kisela voda potoa odi pravi izleguva od Skopje i se spojuva na avtopatot nekade kaj obikolnicata. Zapadniot vlez pocnuva od avtopatot TE-SK nekade pred Saraj i kaj Replek se spusta na mestoto od parkovite pokraj Tesodosij Gologanov.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 528
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Sep-2020 at 13:16
Originally posted by Staro Skopje

Која е трасата на јужната обиколница?

Од зад Реплек, над Жданец, Трнодол и Козле, треба да излезе на Панорама, и оттука над Кисела Вода да заврши на последниот кружен тек на бул. „Србија“. Се гледа и на тековниот ГУП погоре, обична улица е, не булевар.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Sep-2020 at 11:14
Која е трасата на јужната обиколница?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Sep-2020 at 21:07
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА НОВИОТ ГУП НА СКОПЈЕ

Со потпишувањето на денешниот договор помеѓу Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за просторно планирање и официјално почнува процесот за подготвување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје.

- Бидејќи станува збор за еден сложен и сеопфатен процес новиот ГУП на Град Скопје 2022-2032 ќе биде изработен со финансиска поддршка на Министерството за транспорт и врски, а во неговата изработка директно ќе се вклучи Агенцијата за просторно планирање со поддршка од поширок круг на стручни лица од различни области, академската заедница, невладиниот сектор, како и од граѓаните како поединци директно или преку единиците на локалната самоуправа. Генералниот урбанистички план на Град Скопје е стратешки развоен план со општи елементи на просторниот развој во текот на период од една декада. Како таков се донесува во услови на творечки процес на планирање и со учество на сите субјекти и институции на територијата на опфатот – изјави Шилегов.

Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура. Претходниот ГУП на Град Скопје беше усвоен 2012 година и оттогаш до денес извршени се многу парцијални измени во просторот, што главно се однесуваа на измени на програмите и локациите за одредени содржини.

- Како градоначалник лично се залагам за рационално, контролирано и функционално ширење на Скопје во насока на обезбедување на одржлив развој; визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација; соодветно планирање на комунална инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктура за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард – рече Шилегов.

Тој додаде дека во неговата визија Скопје го гледа како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедување чиста и здрава животна средина.

- Верувам дека Скопје ќе се развива и шири на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел од градот.Во текот на изработката на новиот ГУП верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци кои стојат во актуелниот и во претходните ГУП-ови. Минатата година кога со министерството ја договаравме оваа соработка за пример ја земав планираната јужна обиколница на градот која според моето слободно уверување е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзината изградба е потребно уништување на добар дел од Водно. Сосема на крајот ќе подвлечам дека до 2022 година истекува важноста на постојниот ГУП. Сметам дека процесот на изработка на новиот ГУП ги вклучува сите засегнати страни на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг. Оттука убеден сум дека ќе се отворат можности со новиот ГУП да обезбедиме и услови да се продолжи со деталното планирање на градот на начин што сериозно ќе го унапредува квалитетот на живот на нашите сограѓани - нагласи Шилегов.

Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за просторно планирање, Огнен Апостолски.

skopje.gov.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-May-2020 at 13:39
Ме зачудува како тоа така на лесен начин се прелеа оваа култура на поткровја и надвор од Скопје. Да, во Скопје мотив беше висината на комуналиите кои се поефтини и јагмата секој да живее во Карпош, Центар, Кисела, Вода , Аеродром, или па цената на земјиштето па мораше да се извади повеќе или број на стари куќи кои требаше да бидат обештетени.

Ама како тоа побогу отиде ете вака во Кочани, па у Кочани ниту комуналиите се толку високи, ниту па некој се тепа да живее во Кочани, ниту земјиштето е скапо , напротив го има во изобилство. Што па мора да се иде на 100% процент на изграденост?

Ако Скопје некогаш беше провинција за Белград и архитектонските ветрови што тамо дуваа се пренесуваа како фарса во Скопје, што па мора сега урбаното дивјаштво афтентично скопско, да се пренесува и по други градови некаде. Толку ли им треба тоа поткровје во Кочани кое има барем 100тина куќи празни со преку 100m2.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15018
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-May-2020 at 15:43
Автокоманда, кај кружниот тек пред Железара



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-May-2020 at 15:42
Објектот на Бонор Инженеринг во Кисела Вода









https://www.facebook.com/БОНОР-инженеринг-BONOR-inzenering
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-May-2020 at 15:37
Originally posted by smickovskid

Здраво дечки,

Во потрага сум по стан и многу ми се допаѓаат мали зградички како што градат во тафталиџе / козле (тој регион отприлика). Неколку фирми и проектанти / архитекти успеав да дознаам додека скролав низ thread-ov, па ако имате некоја фирма да препорачате да видам дали градат или планираат нешто. Барам во стилот на Атика, Lapiz darvage, ОСНАП Архитекти. Ако ви текне на некои вакви фирми би ми помогнало за да ги исконтактирам и да видам какви идни проекти имаат.

Фала


Па тука би ги додал Seismic Design и ДДМ Инженеринг,и двете компании нудат вакви мали зградички од по 3-4 ката и чинам дека најавуваат нови проекти низ Влае и Тафталиџе(посети ги веб и фб страните на компаниите кои ги споменав за повеќе инфо и плус фб страната на МА Дизајн каде го има комплексот кој ДДМ треба да го градат во Влае).
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.