build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ГУП - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 07-Apr-2011 at 14:08
Originally posted by lslcrew

krale mozesh ti ideoloshki da go gledash gupot, no ima edna rabota shto nikoj na svetot nemoze da ja smeni, toa e prirodata na chovechkoto dvizenje oe tochno matematichki se opishuva. Sekoj sho se obidel da izigrava bog i da gi remeti tie prirodno nametnati pateki zavrshil neslavno. Ne me plashi, mene tolku promenata na gup-ot iako reagiram zhestoko. Toa e obichen dokument od covek sozdaden. Toj dokument samo gi konstatira prirodnite linii i odgovara na potrebite. Sekoj shto se izlazal da misli deka moze da bide "supreme being" shto ke gi diktira ovie linii samo zavrshuva isfrustirano i na kritika na javnosta. Site onie shto mislat deka shansa im se dala sega so promenava na gup, samo se lazat dlaboko. Ke dojde vreme koga ke go proglasime takviot gup za sramen i ke se vratime nazad na izvornite linii na dvizenje. Nemoj da mislish deka ovoj momentalniot go smetam za nepogreshliv, i ovo nego ima kup greshki i protivenje na priroda, ama barem osnovnite linii se zapazeni. Toa shto sega se predlaga e brishenje na osnovnite linii i na teren vo praksa ke se srushi. Mozesh da se sitish ti kolku sakash, ne e ova rpashanje na arhitektonski stil pa nekoi poddrzuvame barok, nekoi moderno pa eden da se siti na drug, se raboti za matematika ne za umetnost. Soobrkajno inzenerstvo ne e slikarstvo!
ПОТПИС ! Applause
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 07-Apr-2011 at 14:27
Originally posted by lslcrew

Ako ne me svakash, neka ti tekne na site onie komunjarski maala so pateki crtani tuku taka i nikoj ne se dzivi po niv, a trevnicite site izgzeni. Doprva gi prereduvame so paver elementi. Dzabe se site prikazni za mentalitet i kultura, ako proektiranjeto e zgresheno. Nekoi raboti uporno ne sakash da gi svatish.


Токму така. Само ќе те надополнам и со паркинзите, одма позади три бисери има тотално непотребно зеленило на сред паркинг, па од што нема кај да се паркираат луѓево мораат на тревните, сега веќе земјени површини. Баш ок кажа, правени се како ќе им текне.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 07-Apr-2011 at 15:16
Воопшто не гледам идеолошки на ГлУПОТ. Гледам исклучиво ама исклучиво исклучиво од прагматична перспектива, како граѓанин на овој град. Тоа парче хартија, кое исто така не заборавај човек го направил не може да се смета за неприкосновено 4-5 децении откако тие основни линии што ги викаш се нацртани.

Од тогаш градот има претрпено ОГРОМНИ демографски и инфрструктурни промени. Тоа е прв момент. Тие планови во ГлУПОТ се застарени и веќе не соодвествуваат на потребите и реалноста на Скопје.

Втор момент е што тие линии и после толку децении си стојат линии на хартија. Уште колку децении ќе чекаме на НЛО планови? Со која здрава логика некој може да го толерира задржувањето во тој ГлУП проекти што сите знаеме во 21 век нема да се изградат во Скопје? Нашата генерација не сака да биде роб на нечии минати неостварени визии.

И трето да ти порачам на тебе, а и на другите. Треба да ги отворите умовите, да излезете од кутијата и да ги раширите малце погледите во кои гледам сте ограничени од планови кои ама благе везе немаат со реалноста на живеењето. Секоја дисциплина, па и архитектурата, прави пробив напред кога луѓето решаваат да ги отворат погледите и да ја скршат догмата која никој не се осмелувал да ја преиспита. Ако останете само послушници, ќе бидете во одредена дисциплина успешни, ама никогаш толку како оние што ќе бидат не само послушници, туку и креатори на нова визија која придвижува напред.

Стариот ГУП предолго не држи заложници во овој град.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 07-Apr-2011 at 15:46
крале ти си ги побркал поимите, денешната постојна инфраструктура не соодветствува на потребите на Скопје баш поради недовршување на тој ти што го викаш глуп, а инаку ГУП-от соодвествува на потребите за наредните најмалку 20 години
и инфраструктурни планови се прават за да ги задоволуваат потребите на градот подолг временски период
ако остваруваме планчиња поради нестрпливост и правиме само привремени решенија тогаш ќе треба нов план да се прави секоја нова година, поради тоа што реално сме направиле улица за краткотрајна употреба, поради тоа што саме мислеле дека булевар, мост или тунел биле утопистички решенија и градот тек така ќе си остане заложник на нелогични планови...
и градот не е заложник на ГУП-от, туку на градските и повисоките власти, кои со години наназад ни го тапат мозокот со ставови како твојов, ако на секои две години реализиравме по еден проект од тој ГУП, сега ќе бевме на коњ!


Edited by zabegan - 07-Apr-2011 at 15:47
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 07-Apr-2011 at 16:55
Зашто не се разбираш од објаснување мора со пчелки да ти се објанува како во забавиште. Замисли ти кошница-началникот, матицата, да донесе план дека од утре сите пчели мора да плетата квадратни ќелии, а не хексагонални. Што ќе се случи? Нема да се почитува планот и целата кошница ќе биде полна дивоградби. Мора вака до банална ситуација да се разбереш. Проповедаш да сме отвореле ум, а ни самиот неможеш да го отвориш неколку години понапред и мислиш дека буџет е фиксна бројка со милениуми. Плановите за тебе се непријатен вишок што го сметаш за пречка зашто не си ни сватил што значи планирање.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 29-Jul-2011 at 15:48






0
Share

Новиот ГУП до октомври следната година

  • Објавено: пред 1 час |
  • Прочитано: 84 |
  • Печати |
http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/07/29/3950459226_f7bf8f550b.jpg

Нацрт-верзијата за Генералниот урбанистички план треба да биде готова до јуни следната година, а подоцна во октомври се очекува планот официјално да биде изгласан од Советот на Град Скопје. Ова информација денеска ја обелодени градоначалникот Коце Трајановски, како заклучок на една точките кои денеска беа ставени на дневниот ред на Координативното тело на скопските градоначалници.


- Во септември се планира состанок со сите скопски градоначалници и нивните стручни служби од областа на урбанизмот и локалниот економски развој. Ќе се направи пресек до каде сме со изготвувањето на ГУП-от и кои се забелешките на општините по однос на овој план. На овој начин сиситемски се поставува регулирањето на донесувањето на ГУП-от од страна на општините на Градот – рече Трајаносвки .


На денешната координација донесено е решение новите комуналните редари што ќе функционираат во скопските општини униформите да ги добијат во септември, а согласно новиот правилник изготвен од Министерството за транспорт и врски, во голем дел тие ќе наликуваат на полициските униформи. Со ова, Трајановски смета дека ќе се зголеми ефикасност во функционирањето на комуналните редари во градот, кои како што беше најавено, и самите ќе може да изрекуваат казни за несовените граѓани, согласно Законот за јавна чистота, но во тој случај парите од казните ќе се слеваат директно во општинските буџети, а не во државниот, како досега.


Трајановски не ја поддржува иницијативата на некои општини самите да фрмираат посебни комунални претпријатија бидејќи, според него, во таков случај би се дуплирале надлежностите на Градот со надлежностите на општините, односно би се формирала состојба на „општина во општина“.


Во однос на  последните информации за данок на имот, точка која редовно се разгледува на Координативното тело на градоначалниците, регистрирани се дополнителни 2.500 нови даночни обврзници.


- Поделбата на решенијата оваа година беше навреме. Со исклучок на општина Карпош која самата ги доставува решенијата за данок, во другите скопски општини даночните решенија ги дели Градот преку „Македонски пошти“- рече Трајановски. 

http://www.time.mk/read/570dc76628/a006030f42/index.html
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 15-Mar-2012 at 18:22
Повторно без граѓанска инклузија. Политичките елити со овие „тајни вечери“ продолжуваат да ги понижуваат оние чии ставови би требало да ги претставуваат.

Во Берово ќе се кројат плановите за Скопје

Градоначалникот Коце Трајановски и другите скопски градоначалници, од денеска до сабота во Берово ќе дебатираат за генералниот урбанистички план за Скопје

На работилницата се поканети и претставници од секторите за урбанизам во општините, Министерството за транспорт и од Агенцијата за планирање на просторот. Тема на првиот ден од разговорите се сообраќајот и јавните површини во градот, а свои излагање ќе имаат градоначалниците на Скопје, Аеродром и на Бутел. Вториот ден ќе зборуваат градоначалниците на Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и на Шуто Оризари. Со новиот ГУП е планирано да се направат промени на повеќе локации, а ќе се менуваат и границите на опфат во повеќе општини. За поквалитетна изработка, во планот ќе бидат вметнати нови содржини што ќе ги предложат скопските општини. Изработката на ГУП ќе чини два милиони евра, кои ќе бидат обезбедени од градскиот буџет. Генералниот урбанистички план за градот треба да биде готов до крајот на оваа година.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31512918586&id=14&setIzdanie=22531
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 16-Mar-2012 at 14:24
Скопје ќе се дели на 30 квартови

Македонската престолнина, според новиот Генерален урбанистички план, ќе се подели на 30 квартови, кои пак ќе бидат составени од по неколку блокови.
“Блокови и квартови имаат скоро сите градови и мислам дека е една добра новина во правењето на новиот ГУП на Град Скопје“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Како што рече Трајановски, на работната средба за ГУП-от за период од 2012 до 2022 на Град Скопје, што се одржува во Берово, секој блок ќе има свое име, а на тој начин ќе се олесни планирањето и идентификувањето на градот.

Претходно скопскиот градоначалник најави дека градот нема да се проширува во следните 10 години, бидејќи тоа не е планирано од градските власти.

http://tocka.com.mk/1/62496/skopje-ke-se-deli-na-30-kvartovi
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 16-Mar-2012 at 22:37
Прво, ја поздравувам одлуката да се подели на квартови (самиот дадов таков предлог пред неполна година ако добро се сеќавам), но би сакал и да ги укинат општините. Нека биде една градска општина (со граници на постојниот ГУП), и нека има некаква асоцијација со околните општини Илинден, Скопска Црна Гора, Петровец, Сарај, Зелениково, Студеничани и Арачиново, кои никако не би требало да влезат во градот и во неговиот ГУП.

Инаку зачуден сум од практично непостоечката дискусија во врска со „семинаров“ на Град Скопје и неговите Општини, овде на форумов...
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 16-Mar-2012 at 22:41
Во однос на последните изјави, разочаран сум што воопшто некој ја зел предвид несериозната студија за трамвај покрај Вардар, но и среќен што Трајановски начелно ја отфрла идејата.

Истотака, катастрофа е што одлучија Зелено Пазарче да ја задржи локацијата. Нели требаше неговата функција да ја замени новиот пазар карши Аутомакедонија???
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 16-Mar-2012 at 23:33
На мене и понатаму ми одговара градот да биде поделен на населби, а населбите на локални улици и булевари, ми звучи понормално за град како Скопје, а и како таков го знам градот од кога сум роден и од кога живеам во истиот. Big%20smile
 
А кога сме кај Зелено Пазарче, прво нека го преместат Бит Пазар, па потоа слободно нека преместуваат било кои други пазарчиња во градот.
 
Или Бит Пазар спаѓа во некоја "заштитена зона", во која не смее да се вршат измени на урбанистички план ?

А не прашувам само за ГУП - от на Скопје, туку и за ДУП - от под кој спаѓа Бит Пазар ?


Edited by Dexter26 - 16-Mar-2012 at 23:33
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 17-Mar-2012 at 00:07
му пишав на Трајановски на email да размисли за тоа да ги трансформира градските општини во квартови додека град Скопје би бил една општина со истите граници. Чекам одговор
ಠ_ಠ
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 17-Mar-2012 at 00:15


Тоа е веќе политичко прашање кое тешко дека ќе се реализира на таков начин.

Ако цел град Скопје биде една општина, тогаш ќе има само еден градоначалник, само еден Совет и ќе има локални избори само на градско ниво, а не и на нивоа на општина Аеродром, општина Гази Баба, општина Центар, општина Кисела Вода, општина Карпош, општина Чаир и така натаму.

Ниту еден политичар не само во Скопје, туку општо и во Македонија не сака ни да чуе за таква територијална организација на локалната самоуправа бидејќи истата ќе води до помалку локални избори и помалку бирократија.

Доволен доказ за тоа е фактот дека ниту еден политичар не сака ни да чуе за менување на изборниот законик така што цела Македонија би била една изборна единица, а не поделена на 6 изборни единици како што е во моментов, бидејќи во таа една изборна единица многу мали ќе бидат шансите во парламентот да влезат личности кои не знаат ни најосновна човечка култура ни најосновни математички операции, а уште помалку па да донесуваат одлуки во име на народот.

Edited by Dexter26 - 17-Mar-2012 at 00:17
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 19-Mar-2012 at 03:09
Originally posted by alexgizh

Инаку зачуден сум од практично непостоечката дискусија во врска со „семинаров“ на Град Скопје и неговите Општини, овде на форумов...
Дефинитивно ќе беше убаво да имаше повеќе дискусија, но да бидеме реални, немаше баш некој квалитетен материјал за дискусија. Информациите што дојдоа од Берово беа скудни и непрецизни.

Инаку на иста линија сме за трамвајот и за пазарчето.


1. Идејата за трамвајот на столбови покрај Вардар не можам да ја опишам никако поинаку освен како комплетно ретардирана. Очигледно некои таму немаат воопшто осет за работата која ја вршат. Размислиле ли кои би биле ефектите од едно такво „решение“? Која е воопшто е целта, односно што се сака да се постигне? И која би била цената, односно какви други решенија би можеле да примениме за слични пари?

Божем моменталниот план за трамвајот не е доволно катастрофичен, па требаше да чуеме и една ваква бизарност... навистина сешто...
Во чиви раце ни е урбанистичкото планирање...  Ohno


2. На пазарчето дефинитивно не му е таму местото...


3. Незабележана остана крајно чудната изјава на градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски. Еве ќе транскрибирам од видео-прилогот од вестите на телевизија Алфа:
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=47462

„Во иднина на местата каде што се станбените куќи, да се предвидат места за изградба на објекти заради тоа што таму имаме огромен интерес и во моментов имаме состојба каде што еден дел од граѓаните имаат можност да се на нивните места градат згради, а друг дел од граѓаните немаат таква можност. Сакавме да ги изедначиме.“

Малце потешко му оди изразувањето на градоначалников, ама океј му ја разбравме поентата. Сака преку ГУП-от да се уреди да може се градат згради на сите места каде што веќе има куќи. Градоначалников демек нејќел неправди и нерамноправност, па затоа сакал да ги „изедначи“ граѓаните. Ај еве некако да му поверувам дека тој е вистинскиот мотив, ама некој сепак треба да му објасни дека не секаде може да се постигнат урбанистички и други услови за да може да се градат згради. Во планирањето на просторот важат многу поинакви критериуми, од наводната рамноправност на сите оние кои имаат куќи и на нивно место сакаат да градат згради. Патем, јас живеам во зграда, па живо ме интересира какво решение има Коневски за ваквите како мене, бидејќи според неговата филозофија, зарем ние не треба да бидеме исто така рамноправни во можностите за добивање на дополнителна квадратура?

Во врска со изјавата на Коневски, уште позагрижувачки ми звучи кажаното во веста дека градот прифатил најголем дел од барањата на градоначалниците за да се дозволи градење на згради на местата каде што сега има куќи. Се надевам дека сепак се применети разумни критериуми и филтри, но после се што гледаме и слушаме од нашите урбани планери, не сум баш уверен дека има простор да бидам преголем оптимист.



Ова се три работи кои процурија, којзнае уште за колку не знаеме...

Навистина сум уплашен, во каква огромна катастрофа за градот може да се претвори овој нов ГУП.




Edited by Cloverstack - 19-Mar-2012 at 03:29
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 19-Mar-2012 at 03:28

Знаете како ќе биде... Ќе се овозможи градење на повеќе објекти за повеќе профит.... инфраструктурата ќе се редуцира колку што е можно повеќе... се ќе биде за пари... ама кога тогаш градот ќе крахира... ама ај...

А ова со трамвајот на столбови покрај Вардар... РоУлКоУсТеР

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 19-Mar-2012 at 20:55
жалосло е пазарчето да го одзема воздушниот простор над него.нека се направи 15 катница и во еден од приземните или подземните катови нека биди повторно пазарчето,вака сите имаат штета,а и пазарџиите стојат на отворено под најлони како во чергарски шатор.не бива вака во 21 век
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 19-Mar-2012 at 21:09

15 ката е многу.... Едноставно СП може да изгради затворен објект, да речеме 5-6 ката најмногу... Нешто како комерцијално-деловен објкет, со што на првиот кат и приземјето би се инкорпорирале пазарчето, плус нешто како мини-трговски центар, маркет и слично... Нагоре можат да тераат со деловен простор, а подземја пак со паркинг... во секој случај е голема заработувачка... а од друга страна нема да имаме хаос-пазарче...

Ќе пробам нешто да визуелизирам, ми даде добра идеја...

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 19-Mar-2012 at 21:28
дислокација на пазарчето има многу пошироко значење од естетското, сметајте дека со таков потег ќе се променат движењата во центарот, барем во пределот околу Градска болница и9 конечно ќе може да се расчистат многу проблеми во тој круг, од хигиена, па се до хаотичноста со сообраќајот видот на „трговија“ што се мота таму...
и реално гледано, од пазарот во Центар, нема голема потреба, единствени причини зошто опстојува тој пазар се економските и не знам зошто сеуште се форсира идејата да опстане тој пазар, кога може да се дисперзира на повеќе локации

а за Битпазар најлесно решение ќе беше да го стават под земја, а над него да се развие нов урбан простор, но нити општината нити државата не функционираат така (и замислете, таквиот зафат ќе беше поефтин од чудовиштето од плоштад на само пола километар од него)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 19-Mar-2012 at 22:01
Originally posted by zabegan

дислокација на пазарчето има многу пошироко значење од естетското, сметајте дека со таков потег ќе се променат движењата во центарот, барем во пределот околу Градска болница и9 конечно ќе може да се расчистат многу проблеми во тој круг, од хигиена, па се до хаотичноста со сообраќајот видот на „трговија“ што се мота таму...и реално гледано, од пазарот во Центар, нема голема потреба, единствени причини зошто опстојува тој пазар се економските и не знам зошто сеуште се форсира идејата да опстане тој пазар, кога може да се дисперзира на повеќе локацииа за Битпазар најлесно решение ќе беше да го стават под земја, а над него да се развие нов урбан простор, но нити општината нити државата не функционираат така (и замислете, таквиот зафат ќе беше поефтин од чудовиштето од плоштад на само пола километар од него)


Дислокација на зеленото пазарче е сосема во ред но БитПазар има историска вредност и токму затоа не треба да се чепка.
ಠ_ಠ
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 19-Mar-2012 at 23:57
Originally posted by Macedonicus

Originally posted by zabegan

дислокација на пазарчето има многу пошироко значење од естетското, сметајте дека со таков потег ќе се променат движењата во центарот, барем во пределот околу Градска болница и9 конечно ќе може да се расчистат многу проблеми во тој круг, од хигиена, па се до хаотичноста со сообраќајот видот на „трговија“ што се мота таму...и реално гледано, од пазарот во Центар, нема голема потреба, единствени причини зошто опстојува тој пазар се економските и не знам зошто сеуште се форсира идејата да опстане тој пазар, кога може да се дисперзира на повеќе локацииа за Битпазар најлесно решение ќе беше да го стават под земја, а над него да се развие нов урбан простор, но нити општината нити државата не функционираат така (и замислете, таквиот зафат ќе беше поефтин од чудовиштето од плоштад на само пола километар од него)


Дислокација на зеленото пазарче е сосема во ред но БитПазар има историска вредност и токму затоа не треба да се чепка.
самиот пазар нема таква вредност за да не смее да се чепка, можеби има културно и историско значење, ама не е заштитен со некој строг закон
плус тоа, не се менува локацијата на пазарот, туку само нивото на кое се наоѓа, што значи скоро ништо не е изгубено
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.