build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ГУП - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 10-Dec-2012 at 01:39
Originally posted by IN_MOTION

А што е со делот во бутел одма после обиколницата??? Тој дел не спаѓа во градот?





Edited by Cloverstack - 10-Dec-2012 at 01:39
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 22-Dec-2012 at 20:20
Вчерашното интервју со градоначалникот на Скопје. Не знаев каде точно да го ставам видеото па го ставив тука, ако има посоодветна нишка слободно преместете го.


Edited by HugoGoulding - 22-Dec-2012 at 20:22
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1449
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 31-Oct-2017 at 00:44

дали при новонајавените измени на ГУП-от, во прв план ќе бидат неап-от и леап-от во костец загадувањето, дали и нив не треба да ги ревидираме, битно се работеше на истиот и порано, и посекако ќе треба пак ... дали Шилегов истакна каде како ќе го дополнуваат гупот, можеби во хард рок

http://vistinomer.mk/trajanovski-na-koj-nachin-e-donesen-gup-ot-od-2012-godina-002/

видено наназад низ есапот на дпмне за гуп-едитирање, денес ништо помалку е сличниот на сдсмп, самодоволност или вишок енергоја ...

Originally posted by beTon

а за упадот сме на различна фреквенција, гупот не е устав ниту партија па посекако доколку се процени дека нешто треба да се промени тоа нешто треба и да се промени
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 05-Jan-2019 at 12:24

Интервју со градоначалникот на Скопје. Бидејќи нема некоја општа тема за Скопје најсоодветно ми е да го ставам тука. Новинарот не е целосно подготвен, но има некои интересни информации.



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5098
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 04-Oct-2019 at 16:05
И со новиот ГУП за Скопје ќе се гради во центарот на градот

Град Скопје најави изработка на нов Генерален урбанистички план. Планот на градоначалникот Петре Шилегов е Скопје да биде зелен град со пешачки зони во централното градско подрачје. Најавува проширување на Скопје кон северниот дел на градот. Но, Шилегов не се откажува од нови градби во центарот на главниот град. Вели, и во иднина ќе се гради, но овој пат плански.

„Дефектите кои ги имаме во животната средина е токму поради непланското градење. И никогаш ниту јас ниту некој од политичката структура каде што јас припаѓам не сме зборувале дека нема да се гради, туку ќе се гради по план. Во оваа фаза ние започнуваме постапка на изработка на Генерален урбанистички план со кој ги утврдуваме деловите од градот. Преамбициозно ќе биде сега да зборуваме дали ќе има определени објекти на определени места“, рече Шилегов.

Новиот закон за Урбанистичко планирање кој е заглавен во собраниска процедура треба да стави комплетен ред во однос на новите градби. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува во брзо време да биде донесен Законот и негира било каква вмешаност на бизнис интереси во кочењето на решението. Но потенцираше дека Законот треба да биде добар и за економски развој, но и еколошки бенефити за градот и државата.

„Не само одредени категории да бидат задоволени, навистина да направиме нешто утре и да треба да се гради да биде со план изградено а не да биде изградено само колку дека на некого му текнало“, рече Сугаревски.

Градоначалникот Шилегов ветува дека ГУП ќе се подготвува со сите релевантни чинители, а најави и дека ќе се одржат неколку јавни дебати. Тој напомена дека во новиот план ќе ја нема јужната обиколница се со цел да се спаси Водно од уништување. Инаку, претходниот ГУП на град Скопје е усвоен во 2012 а важноста му истекува во 2022 година.

Иле Петревски

https://www.alsat-m.tv/mk/и-со-новиот-гуп-за-скопје-ќе-се-гради-во/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5098
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 04-Oct-2019 at 16:06
Скопје треба да се шири кон северниот дел

Скопје во наредната деценија треба рационално, контролирано и флексибилно да се шири, со цел градот да обезбеди одржлив развој. При тоа, новиот Генерален урбанистички план кој ќе важи за периодот од 2022 до 2032 година, ќе треба да се испланира на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот на сметка на рационално користење на неискористените слободни површини во северниот дел.

Ова е визијата за развој на Скопје на градоначалникот Петре Шилегов, кој во наредната декада метрополата ја гледа како зелен град со одржлива урбана мобилност на сообраќајот, а се во функција на чиста животна средина.

Ваквата заложба, Шилегов му ја предочи ма министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на работната средба на која разговара за начинот на кој ова ресорно министерство ќе може да се вклучи и да ја поддржи изработката на ГУП-от кој е стратешки план за развојот на Скопје.

– Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура. Имајќи предвид дека станува збор за еден сложен и сеопфатен процес во подготовката на новиот ГУП, повеќе од потребна е поддршка не само од министерството, туку и од поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и од граѓаните, директно или преку единиците на локалната самоуправа – изјави Шилегов.

Тој потенцираше дека верува оти во текот на изработката на новиот ГУП ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци од постојната планска документација.

– За пример ја земам таканаречената јужна обиколница која според моето мислење, но и според мислењето на стручната јавност, е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзиното пробивање е потребно да се уништи добар дел од Водно – потенцираше скопскиот градоначалник, нагласувајќи дека до истекувањето на важноста на постојниот ГУП има доволно време да се вклучат сите засегнати страни во неговата изработка на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг.

Сугарески истакна дека Министерството за транспорт и врски се става во поддршка, во се она што Градот сака да го направи и да помогне во 2022 година да се донесе новиот ГУП, не само во финансиски, туку и со стручна помош.

Тој напомена дека во финална фаза е донесувањето на Законот за урбанистичко планирање.

– Токму во овој правец е донесувањето и на Законот за урбанистичко планирање. Направивме дебата со екологисти, стручни и надлежни лица. Целта е да се направи баланс меѓу стопанскиот развој и екологијата, поточно заштитата на животната средина. Не се во прашање ничии бизнис интерси. Се работи за целосно транспарентна постапка за донесување на овој закон. Доколку се подготви, очекувам наредната недела овој закон да оди на второ читање пред Собранието и со тоа постапката да биде затворена – најави Сугаревски.
(А.П.)

https://www.vecer.press/скопје-треба-да-се-шири-кон-северниот-д/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2005
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 19-May-2020 at 22:20
Кога треба да почне планирањето на следниот ГУП?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.