build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ГУП - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 10-Dec-2012 at 01:39
Originally posted by IN_MOTION

А што е со делот во бутел одма после обиколницата??? Тој дел не спаѓа во градот?





Edited by Cloverstack - 10-Dec-2012 at 01:39
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 22-Dec-2012 at 20:20
Вчерашното интервју со градоначалникот на Скопје. Не знаев каде точно да го ставам видеото па го ставив тука, ако има посоодветна нишка слободно преместете го.


Edited by HugoGoulding - 22-Dec-2012 at 20:22
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 31-Oct-2017 at 00:44

дали при новонајавените измени на ГУП-от, во прв план ќе бидат неап-от и леап-от во костец загадувањето, дали и нив не треба да ги ревидираме, битно се работеше на истиот и порано, и посекако ќе треба пак ... дали Шилегов истакна каде како ќе го дополнуваат гупот, можеби во хард рок

http://vistinomer.mk/trajanovski-na-koj-nachin-e-donesen-gup-ot-od-2012-godina-002/

видено наназад низ есапот на дпмне за гуп-едитирање, денес ништо помалку е сличниот на сдсмп, самодоволност или вишок енергоја ...

Originally posted by beTon

а за упадот сме на различна фреквенција, гупот не е устав ниту партија па посекако доколку се процени дека нешто треба да се промени тоа нешто треба и да се промени
Back to Top
Blagh View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 05-Jan-2019 at 12:24

Интервју со градоначалникот на Скопје. Бидејќи нема некоја општа тема за Скопје најсоодветно ми е да го ставам тука. Новинарот не е целосно подготвен, но има некои интересни информации.



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 04-Oct-2019 at 16:05
И со новиот ГУП за Скопје ќе се гради во центарот на градот

Град Скопје најави изработка на нов Генерален урбанистички план. Планот на градоначалникот Петре Шилегов е Скопје да биде зелен град со пешачки зони во централното градско подрачје. Најавува проширување на Скопје кон северниот дел на градот. Но, Шилегов не се откажува од нови градби во центарот на главниот град. Вели, и во иднина ќе се гради, но овој пат плански.

„Дефектите кои ги имаме во животната средина е токму поради непланското градење. И никогаш ниту јас ниту некој од политичката структура каде што јас припаѓам не сме зборувале дека нема да се гради, туку ќе се гради по план. Во оваа фаза ние започнуваме постапка на изработка на Генерален урбанистички план со кој ги утврдуваме деловите од градот. Преамбициозно ќе биде сега да зборуваме дали ќе има определени објекти на определени места“, рече Шилегов.

Новиот закон за Урбанистичко планирање кој е заглавен во собраниска процедура треба да стави комплетен ред во однос на новите градби. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува во брзо време да биде донесен Законот и негира било каква вмешаност на бизнис интереси во кочењето на решението. Но потенцираше дека Законот треба да биде добар и за економски развој, но и еколошки бенефити за градот и државата.

„Не само одредени категории да бидат задоволени, навистина да направиме нешто утре и да треба да се гради да биде со план изградено а не да биде изградено само колку дека на некого му текнало“, рече Сугаревски.

Градоначалникот Шилегов ветува дека ГУП ќе се подготвува со сите релевантни чинители, а најави и дека ќе се одржат неколку јавни дебати. Тој напомена дека во новиот план ќе ја нема јужната обиколница се со цел да се спаси Водно од уништување. Инаку, претходниот ГУП на град Скопје е усвоен во 2012 а важноста му истекува во 2022 година.

Иле Петревски

https://www.alsat-m.tv/mk/и-со-новиот-гуп-за-скопје-ќе-се-гради-во/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 04-Oct-2019 at 16:06
Скопје треба да се шири кон северниот дел

Скопје во наредната деценија треба рационално, контролирано и флексибилно да се шири, со цел градот да обезбеди одржлив развој. При тоа, новиот Генерален урбанистички план кој ќе важи за периодот од 2022 до 2032 година, ќе треба да се испланира на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот на сметка на рационално користење на неискористените слободни површини во северниот дел.

Ова е визијата за развој на Скопје на градоначалникот Петре Шилегов, кој во наредната декада метрополата ја гледа како зелен град со одржлива урбана мобилност на сообраќајот, а се во функција на чиста животна средина.

Ваквата заложба, Шилегов му ја предочи ма министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на работната средба на која разговара за начинот на кој ова ресорно министерство ќе може да се вклучи и да ја поддржи изработката на ГУП-от кој е стратешки план за развојот на Скопје.

– Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура. Имајќи предвид дека станува збор за еден сложен и сеопфатен процес во подготовката на новиот ГУП, повеќе од потребна е поддршка не само од министерството, туку и од поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и од граѓаните, директно или преку единиците на локалната самоуправа – изјави Шилегов.

Тој потенцираше дека верува оти во текот на изработката на новиот ГУП ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци од постојната планска документација.

– За пример ја земам таканаречената јужна обиколница која според моето мислење, но и според мислењето на стручната јавност, е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзиното пробивање е потребно да се уништи добар дел од Водно – потенцираше скопскиот градоначалник, нагласувајќи дека до истекувањето на важноста на постојниот ГУП има доволно време да се вклучат сите засегнати страни во неговата изработка на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг.

Сугарески истакна дека Министерството за транспорт и врски се става во поддршка, во се она што Градот сака да го направи и да помогне во 2022 година да се донесе новиот ГУП, не само во финансиски, туку и со стручна помош.

Тој напомена дека во финална фаза е донесувањето на Законот за урбанистичко планирање.

– Токму во овој правец е донесувањето и на Законот за урбанистичко планирање. Направивме дебата со екологисти, стручни и надлежни лица. Целта е да се направи баланс меѓу стопанскиот развој и екологијата, поточно заштитата на животната средина. Не се во прашање ничии бизнис интерси. Се работи за целосно транспарентна постапка за донесување на овој закон. Доколку се подготви, очекувам наредната недела овој закон да оди на второ читање пред Собранието и со тоа постапката да биде затворена – најави Сугаревски.
(А.П.)

https://www.vecer.press/скопје-треба-да-се-шири-кон-северниот-д/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 19-May-2020 at 22:20
Кога треба да почне планирањето на следниот ГУП?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 20-May-2020 at 17:32
Во Тафталиџе на ул.Будимпештанска





https://propertyone.mk

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 20-May-2020 at 20:17
Претходно на тоа место, традицијата на максимизирање на парцелата со цел профит продолжува, па чак и при инвеститори во елитни населби

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 20-May-2020 at 20:25
Можеби со новиот ГУП ваквото градење низ Скопје ќе престане.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 20-May-2020 at 20:27
Мора, иначе ќе пукне градот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 20-May-2020 at 23:13
Реално, да.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 20-May-2020 at 23:37
Треба сосема нов концепт за развој на градот и ширење на север и исток, како и во Сопиште. Не би било лошо да се размисли и за агломерација со Куманово, сателитски населби кон Свети Николе и подлабоко поврзување со Тетово и Велес.

Edited by Staro Skopje - 20-May-2020 at 23:37
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 21-May-2020 at 07:11
Originally posted by Staro Skopje

Треба сосема нов концепт за развој на градот и ширење на север и исток, како и во Сопиште. Не би било лошо да се размисли и за агломерација со Куманово, сателитски населби кон Свети Николе и подлабоко поврзување со Тетово и Велес.

Каква агломерација со Куманово бре човече ??? Малку е угушено Скопјево од кумановчане сељачане па уште и по документи да се укотатат тука.
Не може град-држава да прајме,не може секоја приселска населба да се "урбанизира" со чкарт 7-катници и ете,град е,не може да трае тоа.
Дефинитивно треба нов ГУП,му треба модернизација и инфраструктура на градов,тоа што е вистински град,а не експерименти.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 21-May-2020 at 11:36
Зошто да не се размислува во таа насока? На државава ѝ треба brainstorming и нови идеи. Можно е да се покрене поголема дебата за идниот развој на градот (а не само дали треба да се тргнат спомениците и дали во Дебар Маало треба да има 3 или 7 катници), со што би се увиделе предностите и мааните на супер-агломерација во Скопје, како и нејзиното вклопување во децентрализацијата и развојот на останатиот дел од земјава. Тоа значи одржлив и паметен развој, подобра позиција на Скопје и Македонија, развој на економијата и населби кои ги почитуваат урбанистичките стандарди и се грижат за жителите и животната средина, а не профитот на мала група бандито-корупционери.

Еве нешто набрзина нацртано, фалат уште многу работи како железници, регионални патишта и Сопиште:
Темно сина линија - автопат; црвена - булевар
Жолт простор - населби со куќи; тиркиз - станбени згради и деловни објекти; розе - индустрија; зелен - шуми и парк-шуми








Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 21-May-2020 at 12:35
Прво нешто што очекувам со новиот ГУП е што ќе се прави во станбените згради стари по 50,60,70 години,не може упорно да се градат нови згради кога постоечките се распаѓаат,едноставно ги згазило времето и не можат да ги понудат оние поволности што ги нуди пр. Чевахир,да не зборувам дека не можеш ни да го продадеш станот и да сакаш,зошто повеќето луѓе сакаат ново,па макар и понеквалитетно. Очекувам конкретна проекција за растење на градот,не во ширина или должина туку во висина,еве да ќе ги земам кулите од градски ѕид позади Холидеј ин,зошто да не се проектира тој простор и наместо тие десет-катници да се изгради "down town" дел од Скопје,облакодери,деловни објекти,хотели...или не знам општината во Кисела Вода,и кулата карши неа,од 15 спрата зграда можеш да ја срушиш и да изградиш 35 спрата зграда во која бу можела да се смести и општината,или место самата општина уште една над 20-30 спрата...карикирам ама муабетот ми е дека Скопје зборувам вистинското Скопје градено после земјотресот ја губи трката со време,и мора да се најдат решенија.

А за ширење и должење на градот,иако според мене е далеку далеку такво нешто,очекувам и попаметно би било Скопје да се шири и урбанизира накај Велес,што би рекол ти.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 21-May-2020 at 12:42
Originally posted by David


Каква агломерација со Куманово бре човече ??? Малку е угушено Скопјево од кумановчане сељачане па уште и по документи да се укотатат тука.
Не може град-држава да прајме,не може секоја приселска населба да се "урбанизира" со чкарт 7-катници и ете,град е,не може да трае тоа.
Дефинитивно треба нов ГУП,му треба модернизација и инфраструктура на градов,тоа што е вистински град,а не експерименти.


Абе гледаме скопјани пукаат од култура. Ти старогражданин на Скопље си чул за проект на мега-град или си прочитал ли нешто за инфраструктурна поврзаност и децентрализација? Секаде низ светов сите населени места се добро поврзани со поголемите градови со јавен превоз (автовуски линии и воз) и патишта и сето тоа супер фукнционира.

Еве ти нешто прочиај и едуцирај се
https://en.wikipedia.org/wiki/Jing-Jin-Ji и намали на „котењето“ да не се шири твојата малограѓанштина. #piceout
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 21-May-2020 at 12:51
Околу CBD со кластер висококатници, касарна Илинден е добар кандидат за „примарен“ даунтаун, а Охис и просторот карши идниот КЦ за „секундарни“.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 21-May-2020 at 14:28
Originally posted by Staro Skopje

Треба сосема нов концепт за развој на градот и ширење на север и исток, како и во Сопиште. Не би било лошо да се размисли и за агломерација со Куманово, сателитски населби кон Свети Николе и подлабоко поврзување со Тетово и Велес.


Овој план ќе имаше некаква иднина доколку остатокот од Македонија имаше 8 милиони жители, сегашниов капацитет на луѓе што останаа у внатрешноста задоволовува да се наполнат само она кутиине од згради што се градат низ Аеродром.

Да не збориме дека власта нема ни потенцијал ни воља да го задржи единственото она што е плански градено во време на СФРЈ и тоа сред град,а не пак да гради плански населби према Велес и Свети Николе.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 21-May-2020 at 16:39
Originally posted by David


Каква агломерација со Куманово бре човече ??? Малку е угушено Скопјево од кумановчане сељачане па уште и по документи да се укотатат тука.


Прибери се малце

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.