build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 07-Jul-2011 at 08:07

Се менува структурата на надворешната трговиЈа

Платината го потисна црното злато

Две фирми ја испревртеа досегашната монотона слика за трговската размена на Македонија со странство. Доволно беше „Џонсон Мети“ и „Џонсон контрол“ да почнат да работат под полна пареа и нивното производство да влезе во статистичките обработки, па извозот на катализатори и увозот на платина и легури на овој благороден метал неопходен за производство на автомобилските делови, да се искачат на врвот на скалата на најтргувани производи, наместо нафтата, металите, автомобилите... Истовремено, Велика Британија стана еден од трите наши најзначајни надворешно-трговски партнери, за разлика од досега, кога котираше прилично пониско. Ваквите показатели во размена за првите пет месеци од една страна покажуваат колку нашето стопанство е неразвиено, но од друга, дека полека се менува структурата кон производи со повисока додадена вредност.



Дефицитот стара болка

Меѓутоа, и натаму останува старата болка трговскиот дефицит да е голем, дури 1,1 милијарда долари за петте месеци од годинава, со тенденција до крајот на годинава да достигне рекордни 2,5 милијарди долари. Радува зголемениот обем на размена, кој во овој период изнесуваше над 4,5 милијарди долари, но во тој износ извозот изнесува 1,7 милијарди, а увозот 2,8 милијарди долари, односно покриеноста на увозот со извоз е 60,7 отсто.

- Кога една или две фирми можат да ја нарушат целата статистика, тоа покажува колку е кревко македонското стопанство и дека треба уште многу да се зајакнат конкурентските капацитети на постојните компании - вели еден економист.

Во Стопанската комора на Македонија велат дека ваквите резултати во надворешно трговската размена се должат на првите станари во слободната економска зона Бунарџик, фирмите „Џонсон Мети“ и „Џонсон контрол“ кои произведуваат катализатори за автомобилската индустрија. Првата целото свое производство го извезува во Велика Британија, што покажува зошто оваа земја наеднаш се најде меѓу најзначајните наши трговски партнери, велат во Комората.



Нема чуда

Од таму додаваат дека и на други носечки сектори на македонското стопанство им оди добро, пред се на металскиот комплекс, но и на текстилците.

Според неофицијални информации, лани додека беше во пробно производство, британската „Џонсон Мети“ извезла производи во вредност од околу 130 милиони евра, додека сега нивното производство просечно месечно вреди 40 милиони евра, што значи дека доколку продолжи да работи со истото темпо во три смени, вкупно годинава ќе достигне импресивни 500 милиони евра. Под претпоставка додадената вредност која тие ја вградуваат во нивните производи да е десет отсто (како разлика на увезените репроматеријали и извезените готови производи), произлегува дека нивниот удел во зајакнување на македонскиот нето-извоз годинава би можел да биде педесетина милиони евра, односно за толку да го зголемат домашниот бруто општествен производ. Слично е и со „Џонсон контрол“, каде исто како и во „Џонсон Мети“ се вработени околу 280-290 лица.

Но, според економистите, Македонија е уште далеку да направи целосен пресврт, па дефицитот во размената да го трансформира во суфицит.

Во Агенцијата за привлекување на странски инвестиции очекуваат и најавените инвестиции на неколку странски фирми да придонесат за такво нешто, но како што вели првиот човек Виктор Мизо, за мала земја со ограничени природни ресурси, акцентот треба да се стави кон намалување на јазот во покриеноста на увозот со извоз, и да настојуваме во сопственото производство да се преориентираме кон производи со поголема додадена вредност, наместо како што до сега доминираа суровините и репроматеријалите.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=01FF4E2A8F71C1459976685977359D6A
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 18-Jul-2011 at 06:30

Нова фабрика за обработка на тутун

КАВАДАРЦИ - Со 80 отсто поголем капацитет за обработка на тутун и официјално во Кавадарци започна со работа новата фабрика на „Алајанс уан Македонија“. Инвестирани се околу четири милиони евра во најсовремена опрема за обработка на тутун. Како што информираа од компанијата, се работи за редок тип партнерство меѓу две успешни компании, едната од странство и другата домашна. „ИГМ трејд“ ја финансираше изградбата на објектот по стандардите на тутунската индустрија и е потпишан долгорочен договор за закуп.

„Денеска сме овде за да им изразиме голема благодарност на луѓето што ја имаа истата визија како и ние и кои веруваа во големиот потенцијал на македонскиот ориентален тутун“, нагласи главниот извршен директор Стергиос Григоријадис.

„Алајанс уан“ во Македонија работи од 1998 година, кога нејзиниот претходник „Дајмон“ влезе на пазарот со купување две домашни компании во Кавадарци и во Виница. Од компанијата рекоа дека прават напори во изминативе две години повторно да го заживеат полуориенталниот тутун од типот „отља“, претежно во Кумановскиот и во Скопскиот регион. „Алајанс уан“ е на десетто место во земјава на листата извозници.

„Ние инвестиравме во оваа земја бидејќи тука најдовме околина што е пријателски настроена за создавање бизнис и соодветна почва за имплементирање нови идеи и технологии“, рече Хосе Марија Коста, регионален директор за европскиот регион и додаде дека оваа година се склучени договори за повеќе од 6.700 тони македонски ориентален тутун. (А.Д.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FCF23822CFED04DB27CD7D27C2E56A5
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 18-Jul-2011 at 07:54

Мети прави 19% од македонскиот извоз

Извозот расте побрзо од увозот

Во првите пет месеци годинава вкупната трговската размена на Македонија со странство достигна 4,568 милијарди долари, што е раст од 43,6% во споредба со првите пет месеци минатата година. Извозот кој во првите пет месеци изнесуваше 372 милиони долари е за 47,4% поголем од извозот направцен во истиот период минатата година. За првпат после подолго време извозот расте повеќе од увозот, кој во првите пет месеци е зголемен за 41,5%.Растот на извозот главно се должи на зголемениот извоз на хемиски производи, во кои главно влегуваа катализаторите произведени од Џонсон Мети, кој за само една година работење создава 19% од македонскиот извоз.

http://www.kapital.com.mk/MK/magazin.aspx/71302/meti_pravi_19_od_makedonskiot_izvoz.aspx?iId=2279
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 25-Jul-2011 at 18:06

Четирите загубари се враќаат во живот


Компаниите ОХИС, ЕМО-Охрид, Тутунски комбинат-Прилеп и „Еурокомпозити“, кои никој не сака да ги купи, ги намалија загубите и почнаа да извезуваат

 
 
%20  
Зголемен обем на работа, намалени долгови, ексклузивни договори, па дури и извоз во странство. Најновите показатели до кои дојде нашиот весник покажуваат пресвртница во работењето на четирите најголеми загубари во државата и нивно постепено консолидирање. Долги години за ОХИС, ЕМО- Охрид, Тутунски комбинат-Прилеп и за „Еурокомпозити“ никој од инвеститорите не даваше ниту денар, а пропаднаа и неколку меѓународни тендери за нивна продажба. Во моментов загубите кај сите четири компании се значително намалени за разлика од претходно, па дури се размислува и за профит.
Ексклузивни договори со странски партнери за производство и извоз на европскиот пазар веќе потпишаа Тутунскиот комбинат и „Еурокомпозити“. Тутунскиот комбинат ќе ги произведува двата најпродавани бренда на кинески цигари „99“ и „јин-јан“, додека „Еурокомпозити“ склучиле договор за извоз на воена опрема. Во програмата за санација на ОХИС, пак, се предвидува добивка од 500 до 700 илјади евра уште во првата година.

- Се работи за бизнис-план на раководството на ОХИС за наредните 5-8 години. Морам да нагласам дека Владата му даде нужно внимание на овој документ, кој беше повеќепати разгледуван во детали. Бевме блиску до поддршка на тој бизнис-план, но сé застана кога дојдоа изборите - вели Пеце Јовевски, директор на ОХИС.

Тој очекува дека ќе продолжат разговорите за изнаоѓање најдобро решение за ОХИС. Дознаваме дека интерес за купување на компанијата веќе пројавила некоја данска фирма, со претставништво во земјава и уште една домашна компанија. Во однос на финансиските резултати, од менаџментот тврдат дека компанијата ја наследиле со 600.000 евра месечна загуба, додека бројките за минатата година покажуваат просечна месечна загуба од 200.000 евра. Очекувањата се оваа година да се анулира загубата со сведување на трошоците на минимум. Во 2009 година загубата на ОХИС изнесуваше 6,3 милиони евра, но таа лани е намалена на 2,4 милиони евра.

- Сепак, за добивка и позитивни резултати во работењето може да се говори само ако се направат структурни промени. Затоа мора да седнеме со Владата и да видиме што понатаму. Времето е кратко бидејќи за месец-два истекуваат мандатите на надзорниот одбор и дел од раководниот кадар - нагласува Јовевски.

За претставниците на четирите загубари, добро е што остануваат истите луѓе во економските ресори на власта, бидејќи се запознаени со состојбите во компаниите. Кон крајот на оваа недела (29 јули) истекува и рокот за поднесување понуди за продажба на ЕМО-Охрид. Досега само една турска компанија подигнала тендерска документација. Од Министерството за економија велат дека само ЕМО е огласен за продажба, додека за другите дополнително ќе се размислува и ќе се прави процена што со нив. Од ЕМО за годинава најавуваат намалување на загубите за 25 проценти. Вкупната загуба на компанијата лани изнесуваше 3,8 милиони евра.

- Со успешната деловна политика што ја водеше ЕМО успеа да ги исполни сите обврски кон домашните и странски партнери и да го задржи реномето на компанијата - стои во годишниот извештај за минатата година.

Зголемен обем на работа и подобри финансиски резултати најавуваат и во „Еурокомпозити“.
- Подобрено е и кај нас и сега имаме многу повеќе работа од порано. Ако дојде до навремена исплата на сите договори, ќе имаме позитивен биланс годинава. За прв пат извезовме и воена опрема - ни изјави Никола Вучевски од „Еурокомпозити“.

Од компанијата сметаат дека лесно можат да се извлечат од положба на загубар и да почнат да остваруваат добивка. Тие тврдат дека само со набавките за Министерството за одбрана, МВР и со затворите може профитабилно да се работи. На тој начин и компанијата ќе функционира и нема да се трошат девизи за набавка на опрема од странство.

Во четирите загубари има над 4.000 вработени, а државата стана мнозински акционер со претворање на нивните долгови во траен влог. Од Владата потврдуваат дека се разгледувала опцијата за реструктуирање на загубарите, но тоа било понеповолна варијанта бидејќи требало да се изврши нивна докапитализација. Доколку компаниите можеа сами да функционираат, немаше да станат загубари, е објаснувањето на власта. Досегашниот слаб интерес на инвеститорите за загубарите се објаснува со нивната голема превработеност, технолошка застареност и имот под хипотека. За вицепремиерот Владимир Пешевски излезот може да се бара и во нов тендер со порелаксирани услови или со директни преговори со потенцијалните купувачи.

http://daily.mk/cluster3/c9423cb479a94ee2b658a5e1281277a9/837149
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 25-Jul-2011 at 18:29

Намалена невработеноста во Куманово

 Бројот на невработени во кумановскиот регион бележи намалување во однос на истиот период лани.

Заклучно со месец јуни годинава во Куманово се регистрирани 25 597 невработени лица, од кои 17 031 живејат во градот,  а 8 566 во селските средини. Во истиот месец минатат година во Агенцијата за вработување биле регистрирани вкупно 27 136 невработени лица.

Според податоците на Агенцијата во јуни бројот на невработени лица во земјава изнесувал 311.374 лица.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/namalena-nevrabotenosta-vo-kumanovo.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 25-Jul-2011 at 19:52
Ова загубарите, мислам дека една добра опција е за ОХИС да се размислува во трансформација на фабриката во слободна економска зона и расцепкување на функционални единици посебни фирми со нормално заеднички служби како посебна и онаму каде што е физички ограничено да не може да се дво да остане една. Ќе се издвојат незагубарските делови за да после некој период повлечат и загубарските да се одкупат и припојат кон некои веќе разработени нормално, кога инвеститорите ќе изразат желба да ги купат. Да биде нешто како ТИРЗХИС (Технолошко-Индустриска Развојна Зона за Хемиска Индустрија - Скопје).
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 26-Jul-2011 at 11:26

Здравје Радово отвора трета млекарница во Македонија

Маја Бајалска-Георгиевска
Здравје%20Радово%20отвора%20трета%20млекарница%20во%20Македонија

Јован Дабевски, генерален директор и сопственик на Здравје Радово

За околу еден месец компанијата Здравје Радово ќе отвори трета млекарница во Македонија, инвестирале 3 милиони евра и ќе вработат 20 луѓе. Генералниот директор на Здравје Радово, Јован Дабевски, во интервју кое во целост ќе биде објавено во најновиот број на магазинот “Капитал“ зборува за новата инвестиција и за состојбите во македонската млечна индустрија

За околу еден месец компанијата Здравје Радово ќе отвори трета млекарница во Македонија, во која ќе се произведуваат трајно млеко, пудинзи, сутлијаши и млечни напитоци со различни вкусови. Во новиот производен погон сопствениците инвестирале 3 милиони евра и ќе вработат 20 луѓе. За три години оваа фабрика на Здравје Радово треба да преработува 50.000 литри млеко дневно, што ќе биде 55% раст на вкупната количина млеко од 90.000 литри дневно, која сега двете фабрики ја преработуваат.

Здравје Радово, која е втора по големина млекарница во Македонија, минатата година ја завршила со вкупни приходи од 15 милиони евра и повеќе од 2 милиони евра добивка. Генералниот директор, Јован Дабевски, во интервјуто за изданијата на Капитал Медиа Груп, кое во целост ќе биде објавено во петок вели дека секоја година производството на компанијата расте во просек околу 15% и така планираат да продолжат и понатаму. Од вкупната продажба 20% се извезува на пазарите во Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Иако, како што вели Дабевски, производите на Здравје Радово во Белград, Подгорица и Приштина добро ги знаат, желбата на менаџментот е компанијата да продолжи да се шири на балканските пазари, затоа што македонскиот пазар е мал и нема доволно суровина за преработка. Дабевски не крие дека размислува за аквизиција или инвестиција во нова млекарница на соседните пазари, со цел посилно позиционирање на Балканот.

“Не се носиме од идејата дека мора да извезуваме на американскиот пазар или во Канада и да прескокнеме една цела низа пазари, туку дека пред се треба да извезуваме во нашето опкружување. Во моментот кога ќе ги освоиме овие пазари од Југоисточна Европа, ако имаме уште количини би оделе еден чекор понатаму - во ЕУ, а дури потоа на подалечните пазари. Сметаме дека сега с$ уште можеме да растеме на пазарите во соседството, а ако анализираме по држави, во Србија, Црна Гора и Косово сме навистина препознатлив бренд”, вели Дабевски.

Тој вели дека Сведмилк предизвикал вистинска дисторзија во македонската млечна индустрија пазарот.

“Мислам дека случајот премногу се експонираше и се искористуваше и во политички цели. Јас никогаш не би убедувал фармер да земе кредит и да му потпишам договор дека ќе му го плаќам млекото по цена двапати поголема од светските цени. Тоа беше “суперприказна”. Но, кога ги натераа луѓето да влезат во тој бизнис, престанаа да им го плаќаат млекото. Ако се анализира случајот Сведмилк, мислам дека целата работа премногу се третираше медиумски, пред сe, поради тоа што се очекуваше дека со нејзиното доаѓање многу ќе се подобри млекопроизводството. Но, тие очекувања беа погрешни”, смета Дабевски објаснувајќи дека е голема заблуда верувањето кое постои во Македонија дека зголемената конкуренција со нови млекарници по дефиниција ќе ги подобри состојбите во млечната индустрија.

“Најважно е секоја млекарница да гради здрави односи со фармерите. Тогаш ќе има општ раст на производството”, вели Дабевски.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/71740/zdravje_radovo_otvora_treta_mlekarnica_vo_makedonija.aspx?iId=2294
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 29-Jul-2011 at 11:17
Големите долгови на “ЕМО“ ги бркаат купувачите

Турска фирма единствена била заинтересирана за купување на “ЕМО“, но се предомислила поради преголемите долгови и загуби на охридската компанија, дознава Нетпрес.


Нашите извори велат дека Турците се предомислиле за “ЕМО“, откако направиле ревизија на компанијата и утврдиле дека таа всушност е потоната во огромни долгови.

Денеска во Министерството за економија во 14 часот ќе се отворат пристигнатите понуди на заинтересирани компании за купување на еден од најголемите македонските загубари “ЕМО“ од Охрид.

Од министерството за економија потврдуваат дека целосна тендерска документација подигнала само една турска компанија, но оттаму велат дека треба да се почека до 13 часот, денеска, до кога е крајниот рок за доставување понуди од заинтересирани купувачи.

“Само една турска компанија подигнала комплетна тендерска документација“, изјави за Нетпрес Селвет Барути, портпарол на министерството за економија, додавајќи дека сепак треба да се почека официјалното затворање на прибирањето на понудите.

Купувачот на еден од трите македонски загубари “ЕМО“, ќе треба да ги задржи сите 1.595 вработени во наредните пет години, а од истиот како услов се бара и реализација на повеќе инвестиции во истиот период. Првично за “ЕМО“ биле заинтересирани повеќе фирми, но главна пречка за продажбата која се организира по рекорден шести пат, е загубата од 3,9 милиони евра и обврски во висина од 15 милиони евра. Долговите на компанијата, државата ги прости и ги замени со нови акции, по што сега продава 65 отсто од главнината која е во државна сопственост. 
Идниот купувач на “ЕМО“ не е обврзан со јавната понуда да ги купи акциите на малцинските акционери.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=89617&kategorija=2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 29-Jul-2011 at 12:35
Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство

петок, 29 јули 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, изнесува 98.2.
 
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, бележи опаѓање од 2.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 33.5%.
 
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, бележи пораст кај Капитални производи за 17.6%, Трајни производи за широкапотрошувачка за 139.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.4%, додека кај Енергија бележи опаѓање за 45.7% и кај Интермедијарни производи, освен енергија опаѓање за 3.6%.
 
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2011 година, во однос на периодот јануари - јуни 2010 година, изнесува 109.2.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 29-Jul-2011 at 12:38
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=2


Индекси на работниците во индустријата

петок, 29 јули 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 103.3.
 
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, е зголемен за 2.8%, во Преработувачката индустрија е зголемен за 1.8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е зголемен за 4.2%.
 
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 3.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8%, кај Капитални производи за 5.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%.
 
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јуни 2011 година, во однос на периодот јануари - јуни 2010 година, изнесува 102.2.


Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 04-Aug-2011 at 15:46
CheersFala
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/embargoto-srbija-kosovo-nosi-kar-za-makedonija
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 05-Aug-2011 at 14:43
Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство

петок, 05 август 2011


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-јуни 2011 година изнесува 2 099 505 илјади САД долари, а на увозот 3 399 004 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.8%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2011 година, изнесува 1 299 499 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката, и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
Во периодот јануари-јуни 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (61.7%) и земјите од Западен Балкан (27.3%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (55.3%) и земјите во развој (26.5%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена,
Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Велика Британија, Русија и Бугарија (45.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 05-Aug-2011 at 14:53
ZEMJI SO NAJGOLEM OBEM NA RAZMENA SO REPUBLIKA MAKEDONIJA, JANUARI-JUNI 2011 GODINA
COUNTRIES WITH THE HIGHEST VOLUME OF COMMODITY EXCHANGE WITH THE
REPUBLIC OF MACEDONIA, JANUARY-JUNE 2011
- Prethodni podatoci / Preliminary data -
po tekoven kurs daily exchange rate
Zemja
Obem vo
000 SAD $
Volume in
000 US $
Struktura
Structure
Izvoz vo
000 SAD$
Export in
000 US $
Struktura
Structure
Uvoz vo
000 SAD$
Import in
000 US $
Struktura
Structure
Pokrienost na
uvozot so izvoz
Import coverage
by export
Country
VKUPNO 5 498 509 100.0 2 099 505 100.0 3 399 004 100.0 61.8 TOTAL
Germanija 973 881 17.7 611 482 29.1 362 399 10.7 168.7 Germany
Srbija 391 342 7.1 155 004 7.4 236 338 7.0 65.6 Serbia
Velika Britanija 376 691 6.9 23 855 1.1 352 835 10.4 6.8 Great Britain
Rusija 374 297 6.8 22 468 1.1 351 828 10.4 6.4 Russia
Bugarija 364 819 6.6 156 206 7.4 208 614 6.1 74.9 Bulgaria
Grcija 362 633 6.6 102 463 4.9 260 170 7.7 39.4 Greece
Italija 335 123 6.1 133 673 6.4 201 450 5.9 66.4 Italy
Kosovo1) 261 553 4.8 243 262 11.6 18 291 0.5 1330.0 Kosovo1)
Kina 204 060 3.7 44 175 2.1 159 886 4.7 27.6 China
Turcija 203 840 3.7 37 553 1.8 166 286 4.9 22.6 Turkey
Hrvatska 139 713 2.5 76 439 3.6 63 273 1.9 120.8 Croatia
Slovenija 138 546 2.5 48 568 2.3 89 978 2.6 54.0 Slovenia
Ukraina 134 355 2.4 51 245 2.4 83 110 2.4 61.7 Ukraine
[vajcarija 94 134 1.7 15 794 0.8 78 340 2.3 20.2 Switzerland
Bosna i Hercegovina 84 876 1.5 43 325 2.1 41 551 1.2 104.3 Bosnia and Herzegovina
Avstrija 81 358 1.5 19 314 0.9 62 043 1.8 31.1 Austria
Holandija 77 913 1.4 44 316 2.1 33 597 1.0 131.9 Netherlands
Romanija 74 753 1.4 22 595 1.1 52 158 1.5 43.3 Romania
[panija 65 941 1.2 34 666 1.7 31 274 0.9 110.8 Spain
Francija 57 373 1.0 7 833 0.4 49 540 1.5 15.8 France
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 11-Aug-2011 at 08:12
Увозот најпрофитабилна дејност во земјава

Кои се најголемите 100 увозници во Македонија?

Биљана Здравковска-Стојчевска
Кои%20се%20најголемите%20100%20увозници%20во%20Македонија?

Ако анализата на извозот ги покажува силните страни на една економија, увозот дефинитивно ги покажува слабите точки на економијата. Македонија е речиси целосно увозно зависна земја, што значи дека е принудена да увезува најголем дел од производите кои и се потребни за производство, но и за широка потрошувачка, бидејќи не ги произведува сама. Но, во Македонија се увезува буквално се и сешто. И тоа што ни треба и тоа што не ни треба, и тоа што го немаме и тоа што го имаме или можеме да го обезбедиме преку домашно производство. Најтипичен пример е прехранбената индустрија. Македонија, која важи за земјоделска земја со многу големи потенцијали за домашно производстсво на храна, не покрива ниту половина од сопствените потреби за храна. И покрај стотиците милиони поделени државни субвенции на земјоделците, наместо да се зголемува домашното производство на храна, од година во година увозот се повеќе расте и минатата 2010 година достигна рекордни 600 милиони долари. Тие што веќе работат во македонската прехранбена индустрија велат дека буквално се е поскапо да се произведе дома отколку да се увезе од околните пазари. Затоа сме преплавени со странска стока буквално од секаде. Од година во година расте и вредноста на вкупниот увоз во Македонија...

Топ 10 најголеми увозници во Македонија

1. ОКТА-Рафинерија за нафта

2. Џонсон Мети

3. Арцелормиттал Скопје (ЦРМ)

4. Макпетрол

5. Фени индустри

6. Лукоил Македонија

7. ИГМ-Трејд

8. ЕФТ Македонија

9. Дојран стил

10. Џонсон контролс 

Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "Капитал" од 11 август 2011 година (четврток).

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/72146/koi_se_najgolemite_100_uvoznici_vo_makedonija_.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 11-Aug-2011 at 11:19

Кои се најголемите 100 увозници во Македонија?

Биљана Здравковска-Стојчевска
Кои%20се%20најголемите%20100%20увозници%20во%20Македонија?

Анализата на увозот ги покажува слабите точки на економијата. Македонија е речиси целосно увозно зависна земја и е принудена да увезува најголем дел од производите кои и се потребни бидејќи не ги произведува. Но, во Македонија се увезува и тоа што ни треба и тоа што не ни треба, и тоа што го немаме и тоа што го имаме, а увозните компании прават најголеми профити

Ако анализата на извозот ги покажува силните страни на една економија, увозот дефинитивно ги покажува слабите точки на економијата. Македонија е речиси целосно увозно зависна земја, што значи дека е принудена да увезува најголем дел од производите кои и се потребни за производство, но и за широка потрошувачка, бидејќи не ги произведува сама. Но, во Македонија се увезува буквално се и сешто. И тоа што ни треба и тоа што не ни треба, и тоа што го немаме и тоа што го имаме или можеме да го обезбедиме преку домашно производство.

Најтипичен пример е прехранбената индустрија. Македонија, која важи за земјоделска земја со многу големи потенцијали за домашно производстсво на храна, не покрива ниту половина од сопствените потреби за храна. И покрај стотиците милиони поделени државни субвенции на земјоделците, наместо да се зголемува домашното производство на храна, од година во година увозот се повеќе расте и минатата 2010 година достигна рекордни 600 милиони долари. Тие што веќе работат во македонската прехранбена индустрија велат дека буквално се е поскапо да се произведе дома отколку да се увезе од околните пазари. Затоа сме преплавени со странска стока буквално од секаде.

Од година во година расте и вредноста на вкупниот увоз во Македонија. Минатата година во Македонија се увезени производи во вредност од 5,5 милијарди долари. Земјава со години увезува повеќе отколку што извезува. Во 2010 година увозот беше за 2,14 милијарди долари поголем од извозот. Во првите пет месеци од годинава увозот достигна две милијарди евра, а трговскиот дефицит е 1,1 милијарди евра, односно 30% поголем отколку во истиот период лани.

Колку за споредба, во 2000 година Македонија увезе производи и услуги во вредност од две милијарди долари, а трговскиот дефицит беше само 770 милиони долари. Тоа значи дека вредноста на увозот за овие десет години се зголеми за 178%, а трговскиот дефицит порасна за цели 160%.

Анализата на 100-те најголеми увозници, која во целост ќе биде објавена во најновиот број на магазинот “Капитал“, покажува дека тие лани оствариле увоз во вредност од 2.650 милијарди долари, што е половина од вредноста на вкупниот годишен увоз на целата земја.

На листата со 100 најголеми увозни компании во Македонија се наоѓаат и многу од големите извозни компании. На пример, на листата со 100 најголеми извозни компании најбројни се компаниите од металопреработувачката индустрија. Дури 11 компании од металургијата, кои истовремено се извозници, се наоѓаат и на листата со најголеми извозници. Тоа е сосема логично ако се знае дека најголем дел од суровините за производство овие извозни компании мора да ги увезуваат од странство затоа што Македонија нема челична руда. Вкупниот увоз на овие 11 металопреработувачки компании лани изнесуваше 405 милиони долари, при што најголем увозник е Арчелор Митал, чиј годишен увоз надминува 100 милиони долари. Следуваат Фени индустри и ИГМ трејд.

Најмногу девизи Македонија како држава дефинитивно троши за плаќање на увозот на нафта и нафтени деривати. На ниво на држава лани се потрошени 744 милиони долари за увоз на нафта и нафтени деривати, а над 85% од овој увоз го прави рафинеријата Окта, која е најголем увозник во Македонија. Рафинеријата Окта истовремено е и најголема компанија во Македонија според вкупните приходи во работењето, кои надминуваат 514 милиони евра. На второ место на листата со најголеми увозници се искачи Џонсон Мети, хемиската компанија, која пред две години изгради фабрика во слободната економска зона Бунарџик. Увозот на Џонсон Мети, кој лани имаше вкупни приходи од 132 милиони евра, надминува 250 милиони долари, а извозот се уште е помал од увозот.На третото место на листата со најголеми увозници е металопреработувачката фабрика Арчелор Митал, чиј увоз надминува 100 милиони долари.Во првите 10 најголеми увозни компании во Македонија дури три се од нафтената индустрија, кои годишно увезуваат нафтени деривати во вредност од над 780 милиони долари.

И ДРЖАВАТА НА ЛИСТА СО НАЈГОЛЕМИТЕ УВОЗНИЦИ

На листата со 100 најголеми увозници во Македонија се наоѓаат министерствата за здравство и за внатрешни работи и општина Центар, кои лани увезле производи во вредност од 56,5 милиони долари. Министерството за здравство со увоз од 30 милиони долари се наоѓа на 15-то место на листата со најголеми увозници. Најголем дел од увозот на ова министерство се должи на опрема за јавното здравство. Министерството за внатрешни работи лани увезло производи во вредност од околу 16 милиони долари и е на 32 место на листата со 100 најголеми увозници.

Најголемиот увоз на ова министерство отпаѓа на уреди за следење и репродукција на звукот. Општината Центар се наоѓа на 62 место со увоз од 9,5 милиони долари во 2010 година. Општината Центар за прв пат се јавува во групата најголеми увозници годинава, поради увезените споменици и скулптури од странство како дел од проектот “Скопје 2014“.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72139/koi_se_najgolemite_100_uvoznici_vo_makedonija_.aspx?iId=2305
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 12-Aug-2011 at 11:22

150 милиони евра поволни кредити

Соња Јованова

Од најавените нови 150 милиони евра евтини кредити, 50 милиони од ЕИБ се веќе одобрени со подолг рок на отплата. Допрва ќе се дефинира како ќе се пласираат новите 100 милиони, кои се очекува да се одобрат до крајот на годината

Вкупно 150 милиони евра, пари од Европската инвестициска банка (ЕИБ), ќе им бидат на располагање на малите и средните претпријатија од почетокот на 2012 сe до 2015 година. Преговорите за првите 50 милиони евра се завршени и тие ќе бидат достапни веќе наесен. Останатите 100 милиони евра, кои ги побарала Владата, очекува да бидат одобрени до крајот на годината.

Одобрените 50 милииони евра ќе бидат во функција веднаш откако ќе се изгласа Законот за задолжување кај ЕИБ, што ќе биде главна точка на следната владина седница, планирана за наредната недела. Како што веќе објави “Капитал“, овие 50 милиони евра од ЕИБ ќе им бидат достапни на компаниите по старите услови - камата од 5,5% и лимит на една транша од максимум три милиони евра. Промена има кај рокот на отплата, кој е зголемен од 3-5 години на 5-8 години.

Кенан Идризи, заменик-директор на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), вели дека предлогот за зголемување на рокот на отплата е веќе прифатен, останало уште да го потврди Надзорниот одбор на банката. Тој не беше информиран како ќе се пласира останатиот дел од втората кредитна линија од ЕИБ.

“Изложеноста на МБПР кон ЕИБ како финансиска институција е лимитирана и со овие 50 милиони евра банката е максимално изложена и не смее да го надминува лимитот. Доколку сакаме повеќе да се задолжиме банката ќе мора да го зголеми капиталот, но за такво нешто не е разговарано. Не сум информиран како Владата ќе ги дистрибуира до компаниите останатите 100 милиони евра што ги најавува“, објаснува Идризи.

Во Министерството за финансии велат дека парите се веќе официјално побарани од ЕИБ и се очекувало формално да бидат одобрени до крајот на годинава и почетокот на следната.

“И овие 100 милиони евра ќе бидат достапни за користење исто преку МБПР со учество на деловните банки. Условите под кои ќе бидат одобрени ќе бидат утврдени дополнително, зависно од општите услови на пазарот на капитал во тоа време“, информираат од Министерството.

Банките коментираат дека за овие пари е премногу рано да се зборува, бидејќи засега ЕИБ даде зелено светло само за 50 милиони евра.

ПРВАТА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ОТИДЕ КАКО АЛВА

“Најверојатно, кога ќе почнат да се враќаат парите од првиот кредит од 100 милиони евра ќе се оди на законската можност МБПР да го зголеми капиталот со цел и останатиот заем што планира да го земе Владата да го пласира преку банката. Постои и друга можност, кредитот да се пласира и преку деловните банки, но во тој случај ќе мора да се склучи договор со некаква агенција, како што беше на времето Земјоделскиот фонд, која ќе каже кои банки можат да го пласираат заемот. Но, прво да почекаме да се одобрат парите“, коментираат од банките.

Последната транша од првата кредитна линија од 100 милиони евра беше исплатена во февруари, но компаниите не престанаа да доставуваат кредитни барања до МБПР, што упатуваше на фактот дека стопанството има голема потреба од пари. Компаниите земаа кредити најмногу за нови инвестиции и купување нови машини. Оваа евтина кредитна линија почна да се реализира кон крајот на 2009 година, како антикризна мерка за да им се помогне на компаниите во време на криза. Иако условите по кои се нудеа кредитите беа многу поволни, сепак, компаниите бараат државната банка да договори фиксна каматна стапка и подолг рок за отплата.

“Компаниите во моментов имаат голема потреба од евтини кредити, бидејќи се неликвидни. Затоа треба да се повлечат уште најмалку 100 милиони евра од ЕИБ. Иако оваа кредитна линија е поволна за компаниите, од искуството од првата кредитна линија, која компаниите ја трошеа минатата година, сметам дека треба да се променат условите и кај каматната стапка и кај рокот на отплата”, изјави неодамна за “Капитал“ Мирче Чекреџи, заменик-претседател на Сојузот на стопански комори. Тој смета дека каматната стапка, сепак, треба да се фиксира на 5%.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72190/150_milioni_evra_povolni_krediti.aspx?iId=2308
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 27-Aug-2011 at 18:30

Во градот на текстилот нема текстилни работници

сабота, 27 август 2011, 19:01

Индиската текстилна групација Бен оверсис до крајот на годината сака да вработи 250 работници во Штип кои ќе шијат кошули за европскиот пазар. Но, во градот на текстилот-текстилни работници нема. Сопственикот на новата текстилна конфекција Бенг и Скот вели дека се соочиле со ваков проблем уште на самиот почеток од создавањето на конфекцијата која во моментот вработува околу стотина.

Имаме големи надежи и покрај тоа што се соочуваме со големи проблеми.Најголемиот проблем за нас во моментот е недостигот на работна сила. Но, сакам да истакнам дека ние даваме добри опции, како што е сигурна работна средина.

Поради близината до европскиот пазар, ниските трошоци за транспорт, но и искусните работници, индискиот инвеститор го избрал Штип, наместо Србија или Словачка кои им биле едни од опциите за отпочнување на бизнис. Исчен верува дека има начин да го отстранат проблемот со кој во моментот се соочуваат.

Мораме да бараме решение на долготрајни патеки. Ако компанијата произведува квалитетни производи нивниот пазар ке се прошири, а за да произведувате квалитетни кошули ви требат искусни работници. Ако тоа го постигнете добивката за сите ке се зголеми.

Проблемот со кој во моментот се соочува странскиот инвеститор од пред неколку години создава главоболки и на штипските конфекционери, кои тврдат дека младите повеке сакаат да работат во државните институции, отколку за просечна плата од 12.000 денари да шијат на машини. Во моментот во Штип има 6130 невработени, од кои 880 се жени на возраст од 19 до 34 години.

http://www.time.mk/read/9397e96876/dd6b2f209a/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 29-Aug-2011 at 11:18

Макошпед со 1% помала продажба во првото полугодие

Шпедитерската компанија Макошпед во првото полугодие годинава остварила речиси исти приходи од продажба во споредба со истиот период лани. Според објавениот неревидиран финансиски извештај на Македонска берза, првата половина од годинава приходите од продажба бележат пад од 1% во споредба со лани.

Компанијата бележи раст на приходите од продажба на домашниот пазар за 3%,додека, пак, од продажбата на странските пазари приходите им се намалиле за 15% во првото полугодие годинава, во споредба со истиот период лани.

Што се однесува до расходите, во првото полугодие, Макошпед ги зголеми расходите од оперативното работење за 3% во споредба со лани, а бележи намалена добивка пред оданочување за 14% во споредба со првото полугодие од минатата година. Зголемување има кај финансиските приходи за 14%, а намалување од 13% кај приходите од вложувања, заеми, камати и курсни разлики во споредба со минатата година.

Нето добивката е за 25% помала од лани и изнесува околу 40 илјади евра.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72895/makoshped_so_1_pomala_prodazhba_vo_prvoto_polugodie.aspx?iId=2326
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 29-Aug-2011 at 11:19

Индустриското производство во јули порасна за 5,5%

За 5,5% порасна индустриското производство во јули годионава споредено со истиот период лани. Во првите седум месеци од годинава пак, индустриското производство порасна за 8,6% во споредба со периодот јануари-јули 2010 година.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули годинава текстилната индустрија паднала за фрапантни 41% во споредба со истиот период лани, градежништвото порасна за 12%, рударството за само 2,2% на годишно ниво, металната индустрија за само 0,9% во споредба со јули минатата година, додека пак, прехранбената индустрија пораснала за 7%.

Снабдувањето со електрична енергија, гас и пареа, според Заводот за статистика, во јули годинава падна за дури 18,7% во споредба со истиот период лани.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72877/industriskoto_proizvodstvo_vo_juli_porasna_za_5,5.aspx?iId=2326
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 29-Aug-2011 at 11:24

Зошто трговскиот дефицит во првите шест месеци се зголеми за цели 30%?!

Биљана Здравковска-Стојчевска

Иако Џонсон Мети, како што се најавуваше, стана најголем извозник, неговиот влез во Македонија не успеа да го намали трговскиот дефицит. Напротив, сe поголемиот увоз на платина и благородни метали, нафта, гасни масла и електрична енергија продолжува да го продлабочува јазот меѓу извозот и увозот, кој на крајот на јуни достигна 1,3 милијарди долари, што е 30% повеќе во споредба со истиот период лани

Македонскиот извоз во првите шест месеци од годинава достигна 2,099 милијарди долари, што е раст од 45% во споредба со првото полугодие од ланската 2010 година. Увозот пак, во истиот период достигна 3,4 милијарди долари, што е годишен раст од 38,6%. Иако првиот впечаток е дека извозот расте побавно од увозот, податоците покажуваат дека негативното салдо во трговската размена на Македонија со странство немилосрдно продолжува да се зголемува.

Така, трговскиот дефицит во размената на крајот на јуни достигна 1,33 милијарди долари, што е раст од околу 30% во споредба со дефицитот што го имала Македонија во првите шест месеци од минатата 2010 година. Колку за споредба, минатата 2010 година Македонија ја заврши со трговски дефицит од 2,15 милијарди долари. Ако се анализира трговската размена со странство на месечно ниво, тогаш јуни бил слаб месец.

Така, трговската размена во јуни била помала за 11,1% во споредба со претходниот месец, а истиот месец извозот паднал за 15,5%, а увозот за 8%. Поради тоа, покриеноста на увозот со извозот во јуни падна на 61,8%, во споредба со 69,8%, колку што беше неговата вредност во мај.

Со цел да дојдеме до вистинските причини зошто трговскиот дефицит во првата половина од годинава порасна за цели 30%, “Капитал“ анализира кои се најизвезуваните и најувезуваните производи.

Џонсон Мети стана најголем извозник, но и најголем увозник

Според податоците од Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот од Македонија во странство во првата половина од 2011 година имаат катализаторите, фероникелот, производите од железо и челик, облеката и нафтата.

На страната на увозот пак, најголемо учество имаат платината и легурите на платина, суровата нафта, автомобилите и лековите.

“Капитал“ анализаше кои се 20 најизвезувани, а кои 20 најувезувани производи во Македонија според вредноста на извозот и увозот остварени во првите шест месеци од годинава.

На чело на листата со најизвезувани производи се катализаторите на хемиската компанија Џонсон Мети, која веќе две години работи во слободната зона на Бунарџик. Како што се најавуваше, Мети стана најголем извозник во Мaкедонија и го симна на второ место со години наназад најголемиот извозник, Фени индустри.

Вредноста на извозот на фероникелот на Фени индустри во првите шест месеци изнесува 120 милиони евра.

На третото место по најизвезувани производи од Македонија се топловаланите челични лимови, кои ги произведува главно Макстил, чиј извоз во првите шест месеци достигна 46 милиони евра. На четврто место се гасните масла, чиј извоз во првите шест месеци од годинава изнесува 37 милиони евра, а на петтата позиција се машините и апаратите за филтрирање и прочистување гасови, во вредност од 28 милиони евра.

Лековите, чиј извоз во првите шест месеци изнесува 19,26 милиони евра, се наоѓаат на 14 место, а тутунот, чиј извоз изнесуваше 16,5 милиони евра, е на 17 место од најизвезуваните производи од Македонија.

Извозот пак, на јагнешко месо во првите шест месеци достигна 13 милиони евра, со што се најде на 19 место на листата со 20 најизвезувани производи.

На страната на увозот на првата позиција се наоѓа суровата нафта, која ја увезува Окта, чиј увоз во првите шест месеци достигна 211 милиони евра. Втор најувезуван производ во првите шест месеци е платината, која ја увезува Џонсон Мети, чија вредност на увозот во првата половина од годинава достигна 145 милиони евра.

Трет најувезуван производ се гасните масла, чија вредност на увозот достигна 80 милиони евра, додека увезената електрична енергија, во вредност од 77 милиони евра, е на четврто место на листата со 20 најувезувани производи.

Петти најувезуван производ се амалгамите, чиј увоз во првите шест месеци изнесува 51 милион евра. Увозот на топловалани челични лимови, кои се шести најувезуван производ, во првите шест месеци од годинава достигна 41 милион евра. Увозот на лекови, кои се наоѓаат на 11 место меѓу најувезуваните производи, во првите шест месеци изнесува 27,5 милиони евра.

Увозот на мобилни телефони изнесува 16,7 милиони евра, а на 16 место се увезените половни возила, со увоз од 15 милиони евра.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72876/zoshto_trgovskiot_deficit_vo_prvite_shest_meseci_se_zgolemi_za_celi_30_!.aspx?iId=2326
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.570 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.