build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 04-Jul-2008 at 15:52
Ама ако Битолска млекара и Бучен Козјак се сега под иста капа, значи пак се сведува на три поголеми играчи.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 06-Jul-2008 at 18:59
Originally posted by Cloverstack

Ама ако Битолска млекара и Бучен Козјак се сега под иста капа, значи пак се сведува на три поголеми играчи.


Pa dobro... sepak zboruvame za razlicni fabriki i linii na proizvodi nezavisno koj e vo pozadina.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 06-Jul-2008 at 19:00
nekolku pristojni informacii Cheers

„ВИТАМИНКА“ ПОЧНА СО ПРОИЗВОДСТВО НА КЕКСИ ВО НОВ ПОГОН

Прилепска „Витаминка“ почна со пробното, а деновиве и со официјалното  производство на кекси во новиот погон. Фабриката паралелно презема мерки и за заштеда од трошоците.

Со ова, фабриката ја реализира инвестицијата вредна пет и пол милиони евра од кои четири милиони се кредит од Европската банка за обнова и развој.

Новата инвестиција е петгодишниот план за проширување на производството. Погонот сместен во халата на поранешната текстилна индустрија „Политекс“ со целосно автоматизирани италијанско-автриски и холандски машини на „Витаминка“ ќе и донесе месечно производство од 200 тони неколку видови кекси за домашниот и за странскиот пазар.

- Проширувањето го зголемува пласман на пазарите. И досега бележиме позитивно салдо во работењето во споредба со лани, велат од раководството на фабриката.

Неодамна се валоризира соработката со австралиски партнери кои донесоа нов пласман на производите на овој далечен континент во вредност од 80.000 евра.

Паралелно со тоа прилепската прехранбена индустрија се обидува да се носи и со светските поскапувања. Растот  на цените на суровините и на нафтата ја принудија фирмата со 400 вработени деновиве да формира координативно тело кое ќе ги направи пресметките за намалување на трошоците на производството. Како неопходна превентивна мерка, тоа треба да ги амортизира евентуалните загуби и да ги одржи светските пазари зашто 40 насто од годишното производство е за извоз.


http://www.sitel.com.mk/?ItemID=5B3F432D9E2FDB418931DA90FF9C0C78

Свислион ќе вложи 10 милиони евра во Агроплод


"Свислион" планира да вложи 10 милиони евра во ресенската фабрика "Агроплод", во наредните две години за развој на нови производствени линии, најави менаџментот на компанијата. По преземањето на "Агроплод" од страна на брендот "Свислион" во 2006 година, досега се инвестирани осум милиони евра и изградени се две нови хали за производство на наполитанки и бисквити.

- Инвестициите се направени во сите производствени погони и во магацини. Комплетно е констриуран погонот за кексите "ресана", за чоколадните бомбони "бони топ" и модернизиран е целокупниот технолошки процес. Дел од парите се вложени и во воведување на нови брендови и на нови производи во погонот за храна. За еден месец најдоцна се очекува да се пушти во продажба и новиот производ од брендот "агрокрем" - вели Олгица Стојчевска, директорка на "Свислион Агроплод".

Во сите производствени погони е инсталиран системот за безбедност на храна НАССАР бидејќи производите се извезуваат. Сега се работи на имплементација на стандардите за извоз во земји со муслиманско и еврејско население. Таму се инсистира на строги правила и норми при подготовката и производство на храна.
- Мора да ги воведеме овие системи за да може да извезуваме во овие земји - вели Стојчевска.

"Свислион Агроплод" со своите производи, освен на македонскиот пазар е присутен и во земјите од поранешна Југославија. Брендовите на "Агроплод" се извезуваат и во САД, Австралија, а има интерес и за пласман во Арапските земји, но и во Израел, Холандија и Јапонија. Во сопственост на "Свислион Агроплод" се наоѓаат и јаболкови насади во преспанскиот регион, голема фарма за ноеви и туристичките капацитети во Претор и Крани.

(Р.Ј.Н.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DEAC3BA5B793DB4B8ADB0BC6C5BD7BBF

Ингра го купи Маврово инженеринг


Хрватска Ингра од 1 јули е сопственик на скопската компанија Маврово Инженеринг, во која поседува сто процентен удел. Маврово Инженеринг не е сопственички поврзана со АД Маврово, компанија која од неодамна ја презеде Ингра преку јавна понуда. Маврово Инженеринг е посебна компанија, која беше формирана во време кога АД Маврово имаше проблеми во работењето.

Како што јавуваат хрватските медиуми, станува збор за нова зделка на Ингра на македонскиот пазар, која ја чинеше оваа загрепска компанија дополнителни 2,5 милиони евра.
- Со овој дил, Ингра дополнително ја зајакнува својата позиција во Македонија и регионот, бидејќи Маврово Инжеринг е компанија со искуство во планирање, проектирање и изведување на градежни работи во ниско и високоградбата - велат хрватските медиуми.
Моментално Маврово Инженеринг вработува 400 работници, од кои 100 се високообразовани инженери. Минатата година Маврово Инженеринг оствари вкупен приход од 15,5 милиони евра и добивка од 235.000 евра.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A8FEFD8D0A8504418FCC1528089D972F
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 07-Jul-2008 at 03:04
Bravo!
Kolku uspesni, ili silni mislete mozeme da staneme so nasite domasni kompanii vo regionot?? Koga ke pocnat da investirat po sosednite zemji.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 07-Jul-2008 at 03:17
На скободниот пазар, по систем на сврзани садови, економиите ќе се изедначат. ЕУ го нуди тој слободен пазар без никакви граници, а вака надвор од еу пак го имаме, само што иде поспоро. Едноставно кога ќе влеземе ќе се убрза процесот.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 07-Jul-2008 at 03:27
Ako moze bes EU da se ubrza procesot, uste podobro.

Eve nesto od A1

Македонската берза неделава лидер во регионот


05.07.2008 16:42
 

 

По рекордниот месечен пад во јуни, Македонската берза неделава е лидер во регионот по растот. Индексот МБИ 10 се зголеми за 7,2%, што е повеќе од регионалните пазари на хартии од вредност, па дури и од дел од берзите во Европа.

Белградскиот индекс Белекс 15 и словенечкиот СБТИ Топ паднаа за повеќе од 4%. Лондонскиот зaгуби 0,96% од својата вредност, a германскиот ДАКС се намaли за 1%.

На Македонската берза, иако се зголеми пазарната вредност, кај најголем дел од компаниите, сепак се намали прометот.

Вкупно се свтреа 2,3 милиона евра, но на официјалниот пазар прометот беше за 29% помал во однос на минатата недела, кога индексот на берзата имаше надолен тренд.

Најголем неделен раст забележа „РЖ Услуги“. Вредноста се зголеми за 38,4%. Пазарно акцијата чини 567 денари, а книговодствено 449 денари.

Акции со раст
„РЖ Услуги“ - 38,4%
„Топлификација“ - 33%
„Комерцијална банка“ - 13,8%
Тргувањето го одбележа акцијата на „Топлификација“. Цената се зголеми за 33%. Акцијата пазарно чини 8.146 денари, книговодствено 3.576 денари.

Голем интерес имаше за акцијата на „Макпетрол“, но продавачите не беа подготвени да продаваат на цена од околу 65.500 денари.

Најголем пад имаше кај „Комуна Скопје“. Вредноста се намали за 5%. Пазарно акцијата вреди 950 денари, а книговодствено 1.524 денари.

За 1,8% падна вредноста на акцијата на „Охридска банка“. Пазарната вредност на акцијата е 5.102, а книговодствено 3.181 денар.

Акции со пад
„Комуна Скопје“ - 5%
„Охридска банка“ - 1,8%
Најголем промет забележа акцијата на „Комерцијална банка“. Вредноста порасна за 13,8%, се истргува капитал за сума од 451.000 евра. Пазарно акцијата чини 5.844, а книговодствено 2.415 денари.

Актуелните политички случувања и натаму ќе бидат меѓу клучните фактори кои ќе влијаат на идните текови на берзата. Од друга страна, експертите сметаат дека берзата веќе го допре дното и фондовите повеќе не можат да дозволат цените на акциите да одат надолу бидејќи така губат од вредноста на својата актива.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 10-Jul-2008 at 09:49
Уште две фини вести Cheers

Во Битола ќе се гради уште една млекарница
 
Во Битола се зголемува конкуренцијата на преработувачи на млеко и млечни производи. Фирмата „Сирма“ од Бугарија деновиве ја комплетира градежната документација за изградба на нова млекарница во овој град.
“Општина Битола излезе во пресрет на барањето на бугарскиот инвеститор и донесовме одлука за отпочнување постапка за изработка и донесување на урбанистички план за стопански комплекс, фабрика за млеко и млечни производи кај месноста „Црвеник“ во селото Братиндол во непосредна близина на Битола”, потврди Горан Михајловски, прв човек на локалната комисија за урбанизам во овој град.
Трошоците околу постапката за документацијата на урбанистичкиот план со опфат од 0,70 хектари, ќе ги преземе бугарскиот инвеститор. Со инвестицијата во овој сектор, во Битола ќе егзистира трета млекарница покрај веќе познатите ИМБ-Битола и Идеал Шипка во кои доминира странски капитал.
(Mиа)


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11469&mid=303&tabId=1&tabindex=0


“Випро“ гради нов производен комплекс во Гевгелија
 
Преработувачката компанија “Випро“ гради нов производствен комплекс составен од фабрика за производство и простор за складирање и откуп на зеленчук и овошје, кој ќе чини 380.000 евра. За оваа намена “Випро“ доби и грант од АгБиз проектот на УСАИД за развој на земјоделството, чија цел е поддршка на извозно ориентирани проекти и компании и воведување на еколошки стандарди. Со изградбата на овој комплекс „Випро“ очекува раст на производството од над 30%.
“Випро“ своите производи, во најголем дел преработки од зеленчук и овошје, ги извезува на пазарите во Југоисточна Европа, на Косово, во Србија и Црна Гора, потоа во скандивските земји, Швајцарија, Германија, САД, Канада, Нов Зеланд, Англија. Сега работат и на освојување на пазарите во поренешниот Советскиот Сојуз, односно Средна и Источна Европа. Виктор Петков, директор на “Випро“, вели дека најголем проблем им е освојувањето на нови пазари кое би се одвивало побргу доколку македонските производи се произведуваат со посовремена технологија.
Овој откупно-складишен центар ќе се гради во близината на Гевгелија и се планира да биде завршен до септември 2009 година. Фабриката ќе биде изградена по најнови стандарди со функционално поврзани згради кои овозможуваат стандардно и попродуктивно производство. Заради временското несовпаѓање на откупот на свежите производи и нивната преработка, во проектот е планирана и изградба на складиштен простор и простор за откуп.
(Тотал)


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11436&mid=303&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 22-Jul-2008 at 13:40

НБРМ даде согласност на Австријците да ја купат „Инвестбанка“


Коментари (0)   
22.07.2008 12:34

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија донесе решение со кое е издадена претходна согласност на „Штаерска банка и Штедилница“ АД од Грац, Република Австрија, за стекнување 100% од вкупниот број на акции на „Инвестбанка“ АД Скопје.

Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 180 дена од денот на добивањето на согласноста од гувернерот.

„Штаерска банка и Штедилница“ АД работи од 1825 година како штедна банка. Таа има дозвола за банкарско работење издадена од Агенцијата за надзор на финансискиот пазар на Република Австрија. Има учество и контрола во повеќе банки и друштва за лизинг, недвижности, картично работење и истражување и развој во Република Австрија и регионот на поранешна Југославија.

Банката и најголемиот дел од австриските штедни банки се дел од групацијата на Erste Bank der Oesterreichischen Sparkasse AG.

Согласно ревидираните консолидирани финансиски извештаи за 2007 година, Банката има финансиски потенцијал од 12,2 милијарди евра, капитал од 942 милиони евра и прикажала позитивен финансиски резултат од 110 милиони евра.

Се очекува влезот на „Штаерска банка и Штедилница“ АД да придонесе за понатамошно зголемување на финансиското посредување во Република Македонија, зајакнување на конкуренцијата во банкарскиот сектор и зголемување на понудата на банкарски производи и услуги.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95548
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 25-Jul-2008 at 02:00

Комерцијална со профит од 17 милиони евра за шест месеци

Поголемиот износ на остварен позитивен финансиски резултат произлегува од зголемените приходи од редовно работење

Комерцијална банка продолжува да соборува рекорди во поглед на добивката. Во првите шест месеци од годинава таа остварила профит од 17,13 милиони евра или 1.054 милиони денари.

Само за споредба, за цела 2007 година Комерцијална банка оствари добивка од 16,5 милиони евра, а заедно со нераспределената добивка од минатите години, се искачи на 18,6 милиони евра.

Од Комерцијална банка објаснуваат на што се должи профитот остварен во првото полугодие од годинава. „Остварениот финансиски резултат за периодот 1 јануари до 30 јуни 2008 година, во износ од 1.054 милиони денари, е за 65 отсто поголем од остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година“, објаснува банката. Поголемиот износ на остварен позитивен финансиски резултат во однос на минатата година произлегува од зголемените приходи од редовно работење (приходи од камата, провизии и надоместоци), но и од поголем износ на приходи од наплатени сомнителни и спорни побарувања, приходи од работење со хартии од вредност, како и помал обем на издвоена резервација за првата половина од годинава. „Во спомнатиот период нето - приходите од камата се зголемени за 27,5 отсто, остварени се значително повисоки приходи од наплатени билансни и вонбилансни побарувања, а исто така, издвоената резервација во првите шест месеци од 2008 е значително помала во споредба со високиот износ на издвоената резервација во првите шест месеци од 2007. Во периодот 1 јануари до 30 јуни 2008 година се реализираше наплата на билансно побарување од Еј Вај бенк од Лондон, како и наплата на вонбилансно побарување во износ од 236.367.466 денари од должникот „Алумина“ во стечај , по основа на правосилно решение од Основниот суд Скопје 2. Средствата се уплатени по извршена продажба на имотот врз кој на Комерцијална и' е утврдено разлачно право во стечајната постапка“, се вели во коментарот за билансот на успех на Комерцијална. (Н.Н.Ф.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=724D77744A8C6A42BCC48EC37EDCC6EC
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 04-Aug-2008 at 10:09
Ве молам да ми одговорите искрено дали и колку компании што имаа намера да вложуваат во Македонија, по неуспехот на земјава да влезе во НАТО, се повлекоа?
 
Rollin 
 
 

ИНТЕРВЈУ

Ниедна странска компанија не се повлече поради НАТО

Веле Самак, министер за привлекување странски инвестиции

Нина Нинеска-Фиданоска

Господине Самак, пред две години, кога оваа власт го доби мандатот, ги намали даноците и плати скапи реклами во странски весници, со цел да се привлечат странски инвестиции. Но, се' уште постои впечаток дека тие не' одминуваат. Се согласувате или, во спротивно кој е ефектот на оваа власт?

Пред се', низа активности се направени за да се разниша онаа лежерна активност што постоеше во последните 15 години, на пасивно седење и чекање да дојдат инвеститорите. Имаме постигнато огромни резултати, и тоа со старт од нула, за многу кратко време. Пред се', донесовме две најголеми гринфилд-инвестиции во Македонија, а да не зборуваме за многубројни помали инвеститори кои имаат почнато со активности во последниве две години. „Џонсон Мети“ и „Монтипе“ се двете најголеми гринфилд-инвестиции во Македонија. Со многу компании сме навлезени во финална фаза, каде што останува фирмата да избира меѓу Македонија и уште една конкурентна земја, што е финален индикатор колку добро ја спроведуваме работата. Ги надминуваме сите рекорди постигнати во привлекувањето странски инвестиции во Македонија.



Конкретно за „Џонсон Мети“, требаше да почне да гради во април, но се' уште не се удрени камен-темелниците. Што е проблемот поради кој доцни проектот на „Џонсон Мети“?

Генерално, станува збор за двојна инвестиција од страна на „Џонсон Мети“. Тие потенцираа дека прават експанзија во Европа и во САД, Северна Америка. И паралелно градат две фабрики, една во Пенсилванија и една тука во Македонија, која има иста намена и иста потреба. На почетните дискусии се работеше за една технологија, а сега се работи за исклучиво нова технологија, нов метод на производство и усогласување меѓу овие два погона. И тоа е една од генералните причини поради кои имаше одолжување со стартот. Не е тоа некоја грешка или некој проблем, едноставно, така се одвиваат работите некогаш. Моментално се' е во тек, не само од наша страна како Влада и институции туку и од страна на „Џонсон Мети“, бидејќи се завршени дискусиите околу договорот за закуп, кој е стандарден за зоната и се чека тој да помине на владина седница за да може да се потпише. Во тек се и подготовки на терен од градежната фирма што ја избра „Џонсон Мети“.

Значи, многу е важно да расчистиме со митови дека кога некоја фирма одлучува да инвестира во Македонија, дека тоа се површни трансакции кои се гледаат на филмови. Тука треба да се знае дека станува збор за низа активности. А особено тоа важи за гринфилд-инвестиција, затоа што тоа е најризична инвестиција за секоја фирма, без разлика дали е Македонија или која било земја. „Џонсон Мети“ би требало да почне оваа есен. Така што, ние го сметаме тој проект за почнат.



Со „Монтипе“ се потпиша Меморандум за разбирање, два дена пред изборите, што во јавноста беше доживеано како собирање предизборни поени. Колку Вие како министер можете да ни потврдите дека таа инвестиција сигурно ќе влезе во Македонија?

Кога ќе се потпише Меморандум за разбирање, инвестицијата е 99 проценти сигурна, поради тоа што станува збор за детална одлука во која се проследени, во овој случај конкретно, една и пол година активности. Доколку некоја од тие претпоставки не се смени, на пример фирмата да влезе во стечај или наеднаш и' се откажани порачките или, на пример, Македонија да влезе во некои политички конфликти или нестабилности, таа инвестиција сигурно ќе се реализира. Шансите да се повлече таа одлука се многу мали. Второ, не станува збор за некој предизборен трик, туку едноставно беше добар тајминг. Значи, „Монтипе“ веќе има погон во Бугарија, тие не беа многу задоволни од Бугарија. Во последната една и пол година имавме чести дискусии, две посети кај нив, за да ги разгледаме сите можности и на некој начин да ги разубедиме од експанзија во Бугарија. И кога тие одлучија да дојдат во мај, а таа одлука ја донесоа во јануари, апсолутно никој немаше претстава дека ќе има избори. Моментално разгледуваат понуди од минимум шест градежни фирми и проектантски куќи за реализација на фабриката. Планот е најдоцна до март да се почне со градба.



Кога сме кај „Монтипе“, морам да Ве прашам, што Ви требаше оној „излет“ со францускиот амбасадор кога жестоко реагиравте зошто се кити со туѓи пердуви?

Комуникацијата со амбасадорот на Франција беше исклучиво на службено ниво. Јас и амбасадорот сме имале добри лични односи во последните две години. Не станува збор за некои лични несогласувања, но, едноставно, моја службена одговорност е како министер да ги коригирам фактите, да знае и народот зошто сме тука, што работиме, да не се дава погрешна претстава дека ете сите тие напори што ги вложивме, всушност, се на туѓ кредит. Така што го расчистивме тоа и мислам дека не е потребно дополнително да навлегуваме во тие активности.



Нели мислите дека избрзавте, дека тоа беше погрешно?

Апсолутно не. Мислам дека е важно секој министер, затоа што министерската позиција е јавна функција, да ја информира јавноста конкретно со сите активности што се преземени и да биде транспарентен, а ние го направивме тоа.



ММФ, но и домашните инвеститори имаат многу забелешки дека на странските инвеститори во зоната им се даваат премногу бенефиции. Дали вредат сите тие ослободувања?

Апсолутно. Морам да потенцирам за сите, и за странските лица тука, повеќе да не навлегуваме во тие замки дека кај нас се случува нешто што е чудно. Само за пример, бенефиции за фирми, особено кои инвестираат во нови погони, нови технологии и нови машини, се даваат секаде, низ цел свет. Дури и во Америка, која е огромна и развиена земја, има држави кои се максимално ангажирани да даваат такви бенефиции. На пример, „Мерцедес“ доби над 250 милиони долари бенефиции од Алабама да изгради цел погон за фабрика. Она што го правиме ние во Македонија целосно е во согласност со нормите во ЕУ и не треба тоа да биде заблуда за никого.



Лани, и покрај сите мерки, Македонија оствари странски инвестиции од само 240 милиони евра. Годинава, за четири месеци се влезени 160 милиони евра. Кога конечно Македонија ќе се одлепи од тие 100-200 милиони и кога ќе имаме, на пример, 500 милиони евра, барем половина од она што влегува во земјите од регионот?

За две години. Тоа, исто така, е нов дел заблуди што навлегуваат од таканаречената експертска јавност, затоа што треба да ги земете предвид големината на македонската економија и апсорпционата моќ за нивото на инвестиции, па на таа база да се споредуваат инвестициите во Македонија со инвестициите во регионот. Сепак, ние сме земја од 5,5 милијарди евра бруто-производ и со два милиона жители. Со тие бројки сме неспоредливи во Источна Европа. Единствена земја со таква популација е Словенија, но таа е на сосема друго ниво. Затоа вистинска мерка за нас, всушност, е бројот на странските директни инвестиции како процент од БДП. Во таа ставка ние сме на слично ниво некаде на пет проценти како и голем број источноевропски земји. Единствено Бугарија оди накај 15 проценти. Кога ќе достигнеме бројка од 500 милиони евра, за што мислам дека за две години сме на вистински пат, ќе ги надминеме сите тие источноевропски процеси.



Кои други компании може да очекуваме да инвестираат во Македонија?

Во тек ни се пет проекти со над 200 милиони евра инвестиции, кои обезбедуваат 2.500 вработувања. Проекти кои се во финална фаза, значи оној чекор каде што останува Македонија и една земја за да се донесе одлука.



Ве молам да ми одговорите искрено дали и колку компании што имаа намера да вложуваат во Македонија, по неуспехот на земјава да влезе во НАТО, се повлекоа?

Пред еден месец, кога имавме дискусии со една од овие фирми што се во тие пет проекти, нивното прашање беше - добро, не влеговте во НАТО, но од која земја ве покрива Америка? Да не ве покрива од Грција, од Бугарија или од Србија? Ние им рековме - не, во Скопје се гради една од најголемите американски амбасади на Балканот. Тогаш од компанијата ни одговорија - добро, се' ни е јасно, за еден месец ќе дојдеме во Македонија. Америка ни дава далеку поголема и политичка и безбедносна, па и економска стабилност од тие интеграции. Тоа не значи дека треба да прекинеме со НАТО и со ЕУ. Ама апсолутно ниту една фирма не се заинтересира за одлуката во НАТО. Дури и една данска фирма ни кажа, иако тоа беше малку нашега - ние апсолутно ќе инвестираме во Македонија ако ветите дека нема да го смените името.



Кои се најголемите забелешки на странците за Македонија?

Пред да дојдат инвеститорите во Македонија, најчести се забелешките околу големината на земјата, големината на локалниот или регионалниот пазар, чисто како бизнис. Тоа е во смисла дека ако инвестираат тука, им треба некој голем пазар за да ги оправдаат инвестициите. А кога ќе дојдат, генерално најголемите забелешки кои, за среќа, засега не се критични, се околу автопатиштата. И тоа во смисла на локации надвор од Скопје. Една единствена забелешка е да се изградат повеќе автопатишта. Затоа што на тој начин фирмите можат да инвестираат во кој било град во Македонија, да ја земат таа работна рака и да немаат логистички проблем.



Едно приватно прашање. Дали Вашата сопруга и ќерката се приспособија на животот во Македонија?

Да, тука сум комплетно со фамилијата. Сопругата и ќерката се тука секој ден, така што за нив не е проблем приспособувањето. И сопругата и ќерката зборуваат македонски. Долго време доаѓавме во Македонија, така што не е ништо чудно од тој аспект.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 11-Aug-2008 at 12:39
Технолошкиот центар ќе биде двигател на домашната ИТ-индустрија



Автор:   В.Н.
Среде Скопје, во близината на Железничката станица, на просторот на Тутунскиот комбинат, наскоро ќе никне првиот технолошки центар во Македонија, кој го гради групацијата „Сивус“. Се работи за модерен објект од 20.000 квадрати и инвестиција што чини повеќе милиони евра. Можност за специјализација, можност за развој на мали ИТ-компании, истражување на сосема нови ИТ-технологии се само дел од новините што ќе ги понуди првиот технолошки центар во Македонија. Во него ќе работат околу 1.500 лица. За концептот, кој лесно може да доведе до целосно заживување на информатичката индустрија во Македонија, разговаравме со Игор Лештар, главен извршен директор на компанијата.

Најавивте дека во технолошкиот парк ќе има центар за обуки. За што станува збор?
- На 3.000 квадрати ќе биде лоциран центарот за обуки каде што ќе се работи на специјализација на кадри за разни технологии, кои потоа ќе бидат комерцијално употребливи. Сè уште ја правиме стратегијата во врска со тоа за какви технологии ќе се обучуваат кадрите. Меѓутоа во секој случај се работи за обуки на кадри за кои сметаме дека се потребни на светските пазари каде што ние работиме. Идејата е, по обуката, кадрите да можат да ги користат компании однадвор. Ставот на „Сивус“ не е ние да дефинираме какви кадри да се градат во државата. Државата е потребно сама да дефинира какви кадри се потребни, без оглед на тоа што им треба во моментот на компаниите. Треба да се размислува што ќе му треба утре на пазарот. Градиме центар за обуки каде што ќе се доспецијализираат лицата што ќе излезат од образованиот систем. Студентите се генерално обучени за разни технологии и знаат од сè по малку. Меѓутоа за да бидат употребливи во конкретни проекти и за конкретни технологии им треба специјализација. Со овој центар ќе бидеме комплемент на активностите што ги прави Владата. Го поздравуваме вложувањето на државата во информатиката. Со овој центар се усогласуваме во начинот на размислување.
 
 
На кој принцип ќе работи ИТ-инкубаторот, кој ќе биде дел од технолошкиот центар?
 
- Инкубаторот е замислен како дел во кој ќе им се овозможи реализација на мали „стартап“-компании, но и на големи компании што имаат иновативен бизнис-план и потенцијал за напредување и за создавање капитал. На компаниите што се со широк поглед, визија и идеи ќе им овозможиме да користат простор за низок трошок. Ќе им овозможиме да ги користат заедничките служби на центарот, што подразбира менаџмент, правни служби и слично, сè со цел да можат полесно да ги реализираат идеите. Се разбира дека тоа ќе им го овозможиме со договор за отстапување акции, како коинвеститори или некој друг модел. Секој договор е различен во зависност во која фаза е компанијата и колку таа идеја може да се реализира. Нашата идеја е во технолошкиот центар, вакви компании да бидат близу едни до други, да менуваат знаења и на тој начин да станат попрогресивни. На располагање ќе им биде меѓународна продажна мрежа. Ќе им отстапиме контакти од странски компании што инвестираат во нови бизнис-идеи. Докажувањето на концептот односно дали една идеја може да функционира бара одреден период. Во почетокот во една компанија се внесува мал капитал за да почне да живурка и потоа има тест-период. На Запад тоа е скапо. Идејата е претприемачите, наместо на Запад, да инвестираат кај нас, и тоа во кадри и на тој начин да имаат поевтин тест-период. Доколку се покаже дека концептот е успешен, потоа се разбира во таа фирма ќе се вложува повеќе.
 
 
Во објектот ќе има и истражувачки центар. На што ќе се работи во овој дел?
 
- Во моментов за „Сивус“ 40 лица истражуваат различни софтверски решенија и технологии. Ние сакаме да ги сублимираме во истражувачкиот центар во еден ентитет, кој ќе се фокусира на напредни технологии. За тоа треба критична маса и затоа го правиме истражувачкиот центар. Капацитетот на домашните образовните центри е мал. Недостасуваат доволно знаење, компетенција и визионерско размислување.
Со истражувачкиот центар сакаме да ги поттикнеме другите и да се создаде здрава конкуренција и во овој домен. Зошто да не создаваме нови технологии во Македонија? Идејата е паркот е да биде главен двигател во ИТ-индустријата и да ја развива. Да биде засолниште за сите луѓе и фирми што размислуваат подалеку од границите на Македонија. Владата многу вложува во информатичкиот сектор и треба да покажеме дека и во Македонија може.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=155&ArticleID=5244
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 12-Aug-2008 at 10:52
  •                        
за оние што сакаат да разберат што се има меѓу редови во нашата ни економија како и за стопански живот мислам дека најдобро е да го разгледаат хрватскиот форум „мој новац“ каде на долго и на широко на разбирлив јазик се објаснети, се објаснуваат и ќе се објаснуваат сите состојби во светската, балканската а и македонската економија, поинаку кажано доколку човек реши во животот да почне да се коцка на големо(берза) а воедно и да разбере како тоа коцкање ќе го уништи и него и сите околу него слободно нека го препрочита подфорумот за македонија на овој форум... 

таму ќе најдете доста инсајдерски информации за сите наши фирми од градежништво па се до земјоделство, но има и доста шпекулации кои, што од конкуренцијата што од службите што од инает се протнуваат како би влијаеле на општото мнение и инвестирање. инаку форумот го консултираат и сите наши новинари кои ја третираат економијата, па така доколку сакате јасна слика истражувајте темелно па брзо ќе ви стане јасно кој се треба да го слушате и читате а кој се е убацен како џокер за подкусурување... штета што немаат и подфорум за третмани за релаксирање и регенерирање на зависниците и настраданите од македонската а и светската берза

има и нешто други форуми каде може да се разбере плус некоја информација за економијата на овие простори, но мој новац е нај разработен и нај веродостоен, бидејќи форумашите се постојани и неуморни!
еве уште некој сајт каде можете данајдете инфо за состојбите кај нас и надвор:



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 12-Aug-2008 at 12:29


Мој новац беше одличен извор на информации но мислам дека нивото на дискусијата и квалитетот на инфромациите во македонската секција страшно опадна од кога македонците го откривме форумот.

Сега е помалку или повеќе се сведено на празни шпекулации, попмпезни инвеститорчиња кои се натпреваруваат да се пофалат со кого се (демек) се знаат и од каде ги набавуваат (дез) информациите, ефтини дофрлања итн.

Не дека претходно информациите кои хрватската (заедно со словенечката) инвестициска заедница ги сервираше можеше да се зимаат здраво за готово но анализите кои се постирии посебно од неколку посилни форумаши беа далеку поиздржани.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 12-Aug-2008 at 15:10
Originally posted by pbanks


Сега е помалку или повеќе се сведено на празни шпекулации, попмпезни инвеститорчиња кои се натпреваруваат да се пофалат со кого се (демек) се знаат и од каде ги набавуваат (дез) информациите, ефтини дофрлања итн.


ова домакине се должи на излезот на МК од нато, па најверојатно се додека не не приберат и берзата ќе биде удрена со мокра чорапа по бубрези, па нормално и форумот како нејзин нус ефект.
во моментов анализите се во лер, бидејќи ретко кој очекуваше дека нема да влеземе во нато, затекнати, дотогаш распеаните акционери сега повеќе тепаат време отколку што имаат за што да полемизираат надевајќи се и чекаќи на Грујо да се спогоди со грците и пак да се вратат странските фондови а овие да се офајдат од болното чекање во место и да почнат да се фалат како станале милионери и кај се пак ќе инвестираат...
до тогаш атмосферата ќе биде досадна, но интересно е да се анализираат некои размисли на испржените и префриганите форумаши кои сепак делува дека играат со отворени карти но уствари само пуштаат вода како би добиле и самите кураж за своите разбирања, верувања и принципи кои сепак се применливи на сите берзи но не и кај нас, последно што беше интересно е обидот да се групираат во приватни фондови, но некако килаво им тргна па најверојатно си останаа слободни стрелци и надежни милионери!

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 12-Aug-2008 at 15:17


во огромна мерка си во право, се сложувам.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 12-Aug-2008 at 16:05


Со исклучок на фактот што несериозна атмосфера, ароганција и смешни препукувања преовладуваа уште долго пред самитот на нато.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 19-Aug-2008 at 18:34
Еве го тој фамозен мост на реката Bunë (Бојана) во Албанија, на патот помеѓу Албанија и Црна гора, за кој зборевме во контекст на Бар како можно алтернативно пристаниште за наши потреби...


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 20-Aug-2008 at 23:04
Прилично сме негативни за многу работи во последно време но тука мора да се признае дека никогаш не било подобро Cheers

Растат странските директни инвестиции во Македонија

Во петте месеци од годинава влегле 230,7 милиони евра, што е приближно на инвестициите остварени во 2007 г.

Маја Томиќ

Растат странските вложувања во земјава. Од јануари до крајот на мај годинава, според податоци од Народна банка, странските директни инвестиции изнесувале 230,7 милиони евра, што е речиси три пати повеќе од истиот период минатата година и приближно исто со висината на инвестициите од странство реализирани во цела 2007 година. Поточно, ланската година странските инвестиции изнесувале 239,3 милиони евра. Според НБМ, најголем прилив на инвестиции оваа година се реализирани во февруари и во мај, кога пристигнале 66, односно 68,9 милиони евра. Од Агенцијата за странски инвестиции коментираат дека зголемувањето на директните инвестиции од странство во земјава е потврда дека владината кампања за привлекување инвестиции почнува да дава резултати.

Нема конкретни информации каде се инвестирало и од која земја е капиталот, иако е јасно дека во најголем дел станува збор за инвестиции во финансиски институции. И од НБМ констатираат дека лани, во споредба со 2006 година, најголем раст на учеството на странски капитал од 13 отсто е забележан во сопственичката структура на македонските банки. Таа ситуација сигурно продолжува и годинава. За потсетување, австриската Штаерска банка минатиот месец ја купи Инвест банка, за што вложи 38,5 милиони евра, а во скоро време е најавено и купување на Ик банка и на Поштенска банка од странски банки.

Според НБМ, на крајот на минатата година, околу 70 отсто од вкупниот капитал во банките и осигурителните компании е во рацете на странски компании, кои имаа и повеќе од 80 отсто сопственост кај друштвата со управување на инвестициски фондови и над 95 отсто кај друштвата за лизинг.

Работите стојат поинаку во стопанството. Освен влезот на американски „Џонсон контролс“ во „Бунарџик“ во почетокот на годинава, нема поголема странска инвестиција. Втората гринфилд-инвестиција на англиската „Џонсон Мети“ во „Бунарџик“ се планира за наесен. Министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, во неодамнешното интервју за „Утрински“, вели дека се чека параф од Владата за откупот на земјиштето и дека оваа есен ќе почнат градежните работи на „Џонсон Мети“ во „Бунарџик“. Што се однесува до третата инвестиција планирана во „Бунарџик“, француската „Монтипе“, според Самак, работата е 99 отсто завршена и најверојатно во март идната година ќе се стават темелите. Тој оптимистички најави дека во наредните две години ќе влезат многу повеќе инвестиции и дека бројката сигурно ќе достигне 500 милиони евра.

Според неодамнешните странски анализи околу состојбата со инвестициите, Македонија се' уште има лоши позиции. Виенскиот институт оцени дека минатата 2007 година земјава беше последна на листата од 20 држави во Централна, Источна и Југоисточна Европа според висината на странските директни инвестиции. Овој институт предвидува дека Македонија ќе се одлепи од дното до крајот на оваа година и дека ќе заврши со околу половина милијарда евра инвестиции од странство, што би значело досега најголемо ниво на странски директни инвестиции.

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, во 2006 година странските директни инвестиции изнесувале 350,7 милиони долари. Најмногу пари дошле од земјите на ЕУ, а први на листата се Австрија (со купувањето на ЕСМ), потоа Русија, британските Девствени Острови, Грција и Словенија.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0DF05F0030F7D443AC08B10CCD391C93
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 20-Aug-2008 at 23:12

Најмногу пари дошле од земјите на ЕУ, а први на листата се Австрија (со купувањето на ЕСМ), потоа Русија, британските Девствени Острови, Грција и Словенија.

Ова подобро нека не го рачунаат у статистика на странски инвестиции... Претпоставувам тоа се испраните пари на нашите сопствени олигарси...


Stern%20Smile

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 20-Aug-2008 at 23:14
Originally posted by Cloverstack

Најмногу пари дошле од земјите на ЕУ, а први на листата се Австрија (со купувањето на ЕСМ), потоа Русија, британските Девствени Острови, Грција и Словенија.

Ова подобро нека не го рачунаат у статистика на странски инвестиции... Претпоставувам тоа се испраните пари на нашите сопствени олигарси...


Stern%20Smile



Мене тоа не ми смета... Олигарси имало секаде ги има и кај нас. Убаво е парите да се вратат тука и да генерираат развој.

Земи ги како пример Мишковиќ и Тодориќ во Србија и Хрватска. Па од нив поголеми олигарси нема но колку се тие битни и колку квалитет денеска внесуваат во српската и хрватската економија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.461 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.