Економски вести |
Post Reply | Page <1 1011121314 29> |
Author | |
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #221 Posted: 12-Apr-2010 at 00:05 |
Не го гледај ова само како извоз на "tangible" продукти. На пример Грција има најголема светска поморска флота, они се и те како голем извозник на услуги од тој тип. И јас верувам дека имаат прилично лоша структура на економијата, но исто така верувам дека се подобри од Хрватите. |
|
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #222 Posted: 12-Apr-2010 at 00:08 |
Да да, се разбира дека е така. Но, пред се јас ја имав в предвид индустријата и тврдиот извоз. Инаку, неоспорно дека само од туризам вртат невидени пари. Тоа повлекува и ред други услужни дејности кои запослуваат голем број грци. Симптоматично е што не сум чул за ниту една голема грчка фабрика (која произведува нешто друго од сокови и кроасани). Може Гитар ќе сподели нешто?
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #223 Posted: 12-Apr-2010 at 00:11 |
Се слагам за Грција. Не затоа што не ги сакам (а не ги сакам), ама земја чија главна индустрија и е туризмот, со децении добива огромни неповратни средства од ЕУ (а не успева да развие позаблежително производство или технологија) и згора на тоа со својата не толку импресивна големина и ниво на развој успеала да начука надворешен долг од 300 милјарди евра, таква земја сигурно не може да има некакви завидни резултати на полето увоз-извоз. Како што кажа пбанкс, веројатно доста ги вади и огромната трговска флота и поморските услуги, ама тоа е далеку од доволно. Споредбите со Хрватска се релативни, затоа што Хрватска до сегашното ниво стигнала со многу помал надворешен инпут. Мислам дека не е далеку денот кога Хрватска ќе ја прошиша Грција и на поле увоз-извоз и во севкупната економија. Ако сме паметни, можеме и ние во не толку далечна иднина Edited by Cloverstack - 12-Apr-2010 at 00:21 |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #224 Posted: 23-Apr-2010 at 13:54 |
Деновиве случајно налетав на двајца германски бизнисмени. Дошле во Македонија да бараат бизнис-партнер и да направат скенирање на условите за инвестирање во земјава. Ги прашав за нивните впечатоци и, секако, дали би инвестирале во Македонија. Од сите контакти што ги имале, најголем впечаток им оставила посетата на една овчеполска општина, каде што на договорената средба, наместо градоначалникот, ги пречекал неговиот брат. На градоначалникот му излегла некоја работа, па го пуштил брат му. А тој, пак, не знаел што да прави со нив, па ги однел директно на зделка во кафеана. Сакам да верувам дека ова е изолиран случај и дека Македонија е “рамна” како што ни вели Владата, ама реалноста секој ден ми вели нешто друго. А и бројките. Минатата година имаме инвестиции од едвај 180 милиони евра. Владата прво велеше дека кризата ќе нè прескокне, а потоа таа стана главниот виновник зошто немаме инвестиции. Да, светската економска криза одложи многу планови и бизнис-зделки насекаде во светот, но во Србија, Хрватска и Бугарија, и покрај кризата, инвестициите од минатата година се бројат во милијарди евра. Во нашиве индустриски зони има две компании, во српските - 300. Според статистиката, нам за милијарда ни требаат минимум пет години, а инвестициите ги броиме како во анегдотата за Енвер Хоџа: ги собрал на состанок министрите, сите стресени, освен тој што е задолжен за земјоделие, кој поентира дека производството на трактори е зголемено за 100 отсто. Претходната година произвеле еден трактор, а актуелната дури два. Што е уште поинтересно, најголем инвеститор во Македонија се странските влади. Во изминативе речиси две децении, странски државни агенции, владини и меѓународни финансиски институции инвестирале во Македонија повеќе од три милијарди евра, наспроти 2,5 милијарди евра странски инвестиции. Неспорен факт е дека во Македонија долги години кај политичарите и немаше интерес за воведување мерки со кои странските компании ќе се поттикнат да инвестираат во земјава. Затоа и го испуштивме “Ауди”. Во првите петнаесет години по осамостојувањето менаџерите на државата беа презафатени со продажбата на општествениот капитал, па дури 72 отсто од странските инвестиции во тој период се приватизации и доприватизации. Големо внимание им посветуваа и на т.н. олигарси кои не сакаа конкуренција од странски компании. Последниве четири години Македонија конечно почна да гради стратегијата за привлекување инвеститори за која се потрошија многу милиони евра. И таман работата да биде како во народната “кој фрли, ќе си најде”, откривме дека имаме сериозен проблем со правната сигурност на инвеститорите. И на странските и на домашните. Дека сме ја утнале работата, прво ни покажа искуството со продажбата на ТЕЦ “Неготино”, а како шлагворт ни дојде спорот (кој сè уште нема епилог) со еден од најголемите инвеститори, австриската “ЕВН”. Работата стигна до Брисел и беше регистрирана во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон Европската Унија. Таму беше посочено дека правната сигурност на инвеститорите е еден од најкритичните предизвици на Владата. Владеењето на правото е потребно за да се обезбеди деловна клима која ќе значи сигурност и мотивација за инвеститорите. Тие треба да бидат сигурни дека ќе бидат ослободени од каков и да е притисок, кој не е во согласност со правилата и законите. Задача на секоја влада, која сака економски развој, е да обезбеди гаранција дека инвестицијата нема да биде условена со какви било оптоварувања. Спорот со “ЕВН” стигна и до Арбитражниот суд во Вашингтон каде што најчесто се поднесуваат тужби против неразвиените земји од третиот свет. До овој суд жалба против државата Македонија поднесе и швајцарско-српската компанија “Свислион”. Двете тужби ги добивме за неполна година. Критиките на домашната и на меѓународната јавност не нè освестија доволно, па како во поговорката “ем шуто, ем боде”, од инает решивме приватизацијата да ја ставиме во Устав и да расчистиме со спорните приватизации. Не треба да се биде многу паметен за да се сфати дека тоа е многу лош сигнал и за потенцијалните и за инвеститорите кои веќе се тука. “Хеленик петролеум” не е виновна што приватизацијата на “ОКТА” се третира како спорна. Виновни се тие што ја продале на таков начин. Ако не си “седнеме на брашното” и не се однесуваме како нормална земја во која владее правото, ќе си останеме само со милијардата на Циле. http://www.forum.com.mk/#21721;jsessionid=8713A72E127522A449A54C5C900475AF |
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1315 |
Quote Reply #225 Posted: 22-Jul-2010 at 18:43 |
Видете ги Турциве растураат
http://www.time.mk/read/e768bbf9d1/06d22c9085/index.html |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #226 Posted: 27-Jul-2010 at 17:39 |
Прв раст на индустриското производство годинававторник, 27 јули 2010, 17:32Во јуни, индустриското производство се зголеми за 5,4 проценти, што е прв пораст на производството оваа година. Најмногу за растот придонеле зголемувањата на производството на електрична енергија, гас и вода за скоро 50 проценти и на рударството за 20 проценти. Падови и натаму има кај текстилната индустрија за 12 проценти. Минимален пад има и кај металната индустрија, од каде велат дека чувствуваат минимално подобрување.Сепак, металците стравуваат дека подобрувањето нема да трае уште долго. Инаку, по првиот квартал годинава кој заврши со пад на целата економија за скоро еден процент, сега со нетрпение се очекуваат бројките за движењата во вториот квартал. Ако и во април, мај и јуни има пад на економијата, земјата повторно ќе влезе во рецесија. Поради лошиот прв квартал Европската банка веќе го намали очекувањето за годишниот раст на земјава од 2,2 на 0,5 проценти, но Владата објави дека не очекува рецесија и засега останува на својата прогноза за раст од 2 проценти. http://www.time.mk/read/dcc4f824e1/2a729e9f7e/index.html |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #227 Posted: 07-Sep-2010 at 08:07 |
Затворен стечајот на прилепски „Металец“, најавено рестартирање
Прилеп, 6 септемвро 2010 (МИА) - Стечајот на прилепската фабрика за челични конструкции Металец е затворен денеска со одлука на Основниот суд во Прилеп со што се отвори можност за нејзино рестартирање. - Нема никаква судска пречка „Металец“ да не почне со работа. Судот го предава имотот Металец да располага со него, а на одборот на доверители му дозволуваме веќе да почне да склучува договори за работа, изјави судијата Доста Лукароска која ја водеше стечајната постапка. Паралелно со решението за заклучување на стечајот е прифатен планот за рестартирање, понуден од стечајниот управник. - Ова е многу добра вест, изјави Лазар Ангелески, претседател на регионалниот синдикален совет, кој во стечајната постапка ги застапуваше вработените како најголеми доверители. Ангелески вели оти очекува акционерите да свикаат Собрание, да се формираат органи на управување и да се повикуваат работниците на работа. - Ова, за жал, истакнува тој, е редок случај едно претпријатие кое отиде во стечај да се рестартира, но е добар пример. Од рестартирањето на “Металец” многу очекуваат работниците кои останаа со три неисплатени плати, неплатени придонеси и без работа. Рестартиеањето на “Металец” е реално остварливо доколку словенечкиот акционер ЦМЦ “Цесте мостови” опстои на понудата за проширување на производството со конкурентни производи на пазарот при што понудиле матерјална, кадровска и логистичка помош, смета Ангелески. Стечајот во “Металец” беше отворен во март годинава. Најголеми доверители се Министерството за економија, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и вработените. Доверителите го прифатија планот за рестартирање пресметувајќи дека пореално ќе ги наплатат побарувањата преку работа на „Металец“ за чија дејност има интерес не само во земјава, туку и на странските пазари.рм/лв/15:24 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76719630&lId=1&pmId=504 |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #228 Posted: 07-Sep-2010 at 08:08 |
Стоковата размена со странство во првите седум месеци зголемена за 9,5 проценти во однос на истиот период лани
Скопје, 6 септември 2010 (МИА) - Обемот на стоковната размена на Македонија во периодот јануари - јули годинава е за 9,5 проценти поголем во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во првите седум месеци од годинава изнесува 1.734.527.000 долари, а на увозот 2.893.649.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 59,9 проценти. Трговскиот дефицит во периодот јануари-јули годинава изнесува 1.159.123.000 долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во првите седум месеци од годинава најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на Европската унија, со 61,8 проценти и земјите од Западен Балкан со 31,1 процент. Во увозот на стоки најголемо е учеството на членките на ЕУ со 52,8 проценти и земјите во развој со 28,3 проценти. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Италија и Русија со кои врши 44 проценти од размената. лв/дма/13:43 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76713089&lId=1&pmId=504 |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #229 Posted: 09-Sep-2010 at 16:59 |
Силмак доби нов газда, се враќа оптимизмот во металската индустријаРуски Камелот Груп е новиот газда на комбинатот од Јагуновце, некогашен Силмак. Раководството на најголемиот производител на феросилициум во Македонија најавува до крајот на овој месец пуштање во употреба на уште две печки. Со тоа дел од отпуштените ќе се вратат на работа. - Во моментов работат 4 печки кои произведуваат околу 4,5 тони фероцилициум месечно. Планираме до крајот на септември да рестартираме уште две печки и да го зголемиме производството на 6 тони - изјави Васко Скендеровски, Југохром Феро Алојс. Од Македонија најмногу се извезува железо, челик и фероцилициум. Токму високите цени на металите на светските берзи од почетокот на годинава го раздвижија и македонскиот пазар. Гигантите кои лани мораа да запрат со производство и да ги пратат вработените на принуден, сега работат со полна пареа. Оптимизмот во металската индустрија се врати. Инаку некогашен Југохром поради високата пазарна цена на струјата лани запре со проиводство. 700 лица од тетовскиот регион останаа без егзистенција. Почетокот на годинава Метал Инвест ЕФТ стана нов газда. Рестартираше 4 печки и врати на работа околу 300 лица. Сега новите сопственици најавуваат зголемено производство и пуштање во погон на уште печки. http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/silmak-dobi-nov-gazda-se-vraka-optimizmot-vo-metalskata-industrija |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #230 Posted: 20-Sep-2010 at 10:12 |
Макпрогрес вработи 100 нови работници
Виница,
20 септември – Три милиони евра ќе инвестира компанијата „Макпрогрес“
во две нови производствени линии, во инфраструктура и во нова управна
зграда и вработи нови 100 лица.
Годинава, оваа компанија прославува 20 години успешно постоење и делување. „Благодарение на проширувањето на производството и зголемување на капацитетот за 4.000 тони готов производ годишно Макпрогрес вработи над 100 нови вработени со цел успешно реализирање на производството и проширување и унапредување на странските пазари каде Макпрогрес пласира над 75% од своето годишно производство“, вели Маја Ивановска, маркетинг менаџер во компанијата. Двете нови линии ќе произведуваат производи под брендовите „Vincinni Finest“, како и на новиот бренд грисини и грицки „Armonia“. „Макпрогрес ДОО Виница“ е приватна компанија со комплетно домашен капитал, сопственик на три бренда Винчини, Сончева долина и на Армониа. Своите производи ги пласира на пазарите на ЕУ, Северна Америка, Австралија, Азија и Африка, а веќе се насочува и кон државите од Јужна Америка. http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208181242&s=251209112732&ID=20910103335 |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #231 Posted: 23-Sep-2010 at 13:41 |
Македонија забележа минимален раст на БДП во вториот кварталАвтор: Александар Поповски 23 септември 2010, 14:23 Извор: Макфакс
Скопје
Бруто домашниот производ на Македонија, во второто тромесечје од 2010 година забележа пораст од 0,4 отсто во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод на статистика. Иако стапката на пораст на БДП е минимална, сепак тоа значи дека македонската економија не западна повторно во рецесија, откако во првото тромесечје од годината беше забележан пад на БДП од 0,9 отсто. Според економската теорија, една економија влегува во рецесија, доколку во две тромесечја последователно оствари негативна стапка на раст. Македонија во последното тромесечје од изминатата година оствари позитивна стапка од раст од 1,2 отсто, со што беше прекинат низот од негативна стапка на раст, остварен во првите три тромесечја од 2009 година. Вредноста на Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и Непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2010 година, во однос на истиот период од 2009 година, номинално бележи раст за 4,7 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 74,2 отсто. Пораст од 3,9 отсто во второто тромесечје регистриран во секторот Сообраќај, складирање и врски, а во секторите Финансиско посредување, Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, Други комунални, општи и лични услужни активности и Импутирани станарини забележан е пораст од 3,2 отсто. /крај/ап http://makfax.com.mk/#116853 |
|
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #232 Posted: 28-Sep-2010 at 00:25 |
Се подобрува бизнис климата во Македонија
BUILD.mk билда рекорди! Скопје, 27.09.2010. Реномираниот електронски портал Build.mk, со истекот на третиот квартал успеа да го регистрира својот рекорден, 900-ти член. Со тоа Build.mk ги зголеми очекувањата на инвеститорите за рекордна оперативна добивка во кризната 2010 година. Акциите на порталот вчера веднаш ги валоризираа позитивните вести, искачувајќи се на ново рекордно ниво од 18.365,00 денари за една акција, што претставуваше нов рекорден дневен пораст, од 3,8%. Edited by OKA - 28-Sep-2010 at 00:31 |
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #233 Posted: 28-Sep-2010 at 00:39 |
Еве една од причините зошто е задолжително наведувањето на точниот извор на вестите
|
|
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #234 Posted: 03-Oct-2010 at 10:06 |
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #235 Posted: 07-Oct-2010 at 19:48 |
Фени индустри“ инвестира 20 милиони евраАвтор: Петре Димитров 07 октомври 2010, 10:26 Извор: Макфакс
Кавадарци
Инвестиција од 20 милиони евра во нова печка најави една од
најголемите извозни компании “Фени индустри“, со која се очекува раст на
производство за 35 отсто. |
|
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #236 Posted: 27-Oct-2010 at 14:24 |
МАКЕДОНИЈА ГО ПОДОБРИ КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГАгенцијата „Фич“ денеска објави дека кредитниот рејтинг на Македонија се подобрува од негативен во стабилен. Рејтингот е подобрен врз основа на високата фискална дисциплина, стабилноста на јавните финансии, ниското ниво на јавниот долг, како и обновувањето на девизните резерви на едно стабилно ниво.- Македонија во сите тие сегменти, како и во општите услови за водење бизнис според „Фич“ е подобрена и тоа се сегментите што ги наведува како силни страни на проценката на рејтингот на Макеоднија, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според него, подобрувањето на рејтингот е исклучително добра позитивна вест што покажува дека напорите на Владата и на сите субјекти во Македонија да се подобрат економските услови, да се стабилизира економијата и меѓународните рејтинг агенции како што е „Фич“ веќе тоа го нотираат. Подобрувањето на рејтингот, според министерот за финансии, е значаен сигнал за инвеститорите, како и за намалувањето на трошоците при евентуално издавање во иднина на еврообврзницата. - Тоа е значаен сигнал за инвеститорите во светот, за инвеститорите што ја следат земјата. Оние што сакаат да инвестираат секоја ваква промена на рејтингот која го подобрува во стабилен покажува дека земјата е добра дестинација за инвестиции, истакна министерот Ставрески. Секое подобрувањето на рејтингот, како што посочи, ќе помогне каматната маргина на еврообврзниците и постојните, но и евентуално на нови што би се издале во 2011 година да се намали, бидејќи, потенцира, Македонија во основа има здрави еконмски политики и силни базични фундаментални политики кои во цената на нашата еврообврзница досега не беа целосно препознаени, бидејќи на некој начин го трпиме трошокот од кризата во соседството, од кризата на една соседна земја и пошироко во регионот. - Емитувањето нова еврообврзнице секако е опција на Владата и секое подобрување на рејтиногот е добар сигнал во таа насока, рече Ставрески и додаде дека тоа останува како една од најверојатните опции во следните години.http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/5646-Makedonija-go-podobri-kreditniot-rejting |
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #237 Posted: 27-Oct-2010 at 15:31 |
200 МИЛИОНИ $ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД СБВицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставрески и постојаниот претставник на Светска банка во Република Македонија Лилија Бурунчук денеска во Владата ја презентираат новата Стратегија за партнерство за периодот 2011-2014 година.Стратегијата претставува рамковен приказ на помошта што ќе ја обезбеди Светска банка за Македонија, во период од 2012 до 2014 и која изнесува 200 милиони долари. Според Вицепремиерот Ставрески, Светската банка е најзначаен партнер на Македонија, која во досегашното петнаесетгодишно работење има инвестирано една милијарда и сто милиони долари. - Воспоставивме партнерски однос со Светската банка, која во идните години ќе инвестира 200 милиони долари, инвестци кои ќе обезбедат побрз економски развој за нашата земја, истакна Ставрески. Од добиените пари околу 100 милиони долари ќе бидат инвестирани во енергетски проекти. Според претставникот на Светската банка во Македонија Лидија Борунчук, банката се одлучила на соработка поради низата реформи и успеси на нашата земја. - Инвестирањето во деловната околина помогнаа во забележителното подобрување на рангирањето во извештајот Doing Business, со скок од 83-та позиција од 125 во 2006 на 32-та позиција од 185 во 2009. Инвестициите во образованието резултираа во зголемување на запишувањето во средното образование, кое достигна 95 проценти, изјави Борунчек. Светска банка во Македонија има до сега спроведено 14 проекти во областите на социјална заштита, здравство, образование, деловна околина, енергетика, земјоделство, општински услуги и транспорт.http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/5647-200-milioni-dolari-dobi-Makedonija-od-Svetskata-banka Edited by OKA - 27-Oct-2010 at 15:31 |
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #238 Posted: 27-Oct-2010 at 16:12 |
BREAKING NEWS
Baroso: „Очекувам позитивен извештај за Македонија од ЕУ!” |
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #239 Posted: 10-Dec-2010 at 17:27 |
http://translate.google.com/translate?hl=en&sl=el&tl=mk&u=http://www.naftemporiki.gr/news/cstory.asp%3Fid%3D1907670 ___________________________________ Не е веста толку за резултатите на Џамбо, колку за разочарувачката вест дека нема проширување во Македонија. Според мене, една хиперпродавница во Битола/битолско би била супер, со оглед на тоа што најблискиот Џамбо е дури во Солун (и за Грците и за нас). Значи Кожани (Козани), Воден (Едеса), Лерин (Флорина), Кајлар (Птолемаида), Прилеп, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Струга, и нормално Битола, би пазареле во Битола. Нормално овој цел пазар заедно не е толку голем колку Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Приштина (кои пазарат во Скопје), но е добар почеток. Edited by гитардемон - 10-Dec-2010 at 17:36 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
StreetStruck
Senior Member Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
Quote Reply #240 Posted: 15-Dec-2010 at 01:26 |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121010194447&id=9&prilog=0&setIzdanie=22155
И од вакви работи се прават пари |
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
Post Reply | Page <1 1011121314 29> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |