build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Економски вести
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 05-May-2011 at 15:25
Обем на стоковната размена со странство, јануари-март 2011

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-март 2011 година изнесува 934 707 илјади САД долари, а на увозот 1 611 563 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58.0%. Трговскиот дефицит во периодот јануари-март 2011 година изнесува 676 856 илјади САД долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, благородните метали во колоидна состојба; нивните органски и неоргански соединенија; амалгамите на благородни метали, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Во периодот јануари-март 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (63.8%) и земјите од Западен Балкан (24.2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (55.0%) и земјите во развој (27.5%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Србија и Бугарија (48.2% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=13.01&rbs=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 05-May-2011 at 16:35

НБРМ: БДП во првиот квартал со раст од 5,1%

Бруто домашниот производ пораснал за 5,1% во првите три месеци од годината, пресметала Народната банка.

Растот е нешто над претходните проекции и главно се должи на поголемиот извоз.

И инфлацијата е над проекциите. Во првиот квартал стигнала до 4,1%. Се должи на високите увозни цени на храната и енегренсите.

Базичната инфлација која ги исклучува овие два сегменти и натаму е ниска и изнесува 1,5%.  

Очекувањата на Централната банка се дека во вториот квартал таа ќе надмине 5%, но во втората половина од годината ќе забави затоа засега нема потреба од антиинфлаторни мерки кои би значеле покачување на каматните стапки.

- Заклучивме дека се уште нема доволно јасни аргументи за да пристапиме кон промена на монетарната политика. Имено, ја задржуваме каматната стапка на благајничките записи на непроменето ниво од 4%. Наредните движења во економијата и движењата на главните детерминантни на домашната инфлација ќе покажат дали и кога би следело евентуално затегнување на монетарната политика - изјави гувернерот на НБРМ, Петар Гошев.

Растечките цени се главниот ризик за 2011, но амбиентот за водење монетарна политика и натаму е поволен, проценува НБРМ.

Состојбата внимателно ќе се следи и доколку е потребно ќе се интервенира за да се заузда инфлацијата.

Прогнозите се дека годинава таа ќе изнесува меѓу 4,5% до 5%, а економскиот раст 3%.

И девизниот пазар е стабилен. Девизните резерви на крајот на март изнесувале милијарда и 900 милиони евра.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/nbrm-bdp-vo-prviot-kvartal-so-rast-od-51
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 09-May-2011 at 09:29

ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ СО ПАД НА ДОБИВКАТА ЗА 37%

Дојче%20Телеком%20со%20пад%20на%20добивката%20за%2037%Германскиот телекомуникациски гигант Дојче Телеком забележа значителен пад на добивката во првото тромесечје од годинава, под влијание на лошите резултати на грчкото и романското одделение, како и загубата на голем дел од корисниците на американскиот пазар. 

Компанијата со седиште во Бон објави дека во првиот квартал од годинава оствари нето- добивка од 480 милиони евра, што претставува пад од дури 37% во однос на лани. Резултатот ги изневери очекувањата на аналитичарите на Блумберг кој очекуваа просечна добивка од 572 милиони евра. Тримесечните приходи и се намалија за 7,7% на 14,6 милијарди евра, што е исто така под очекувањата на експертите. 

Прилагодената добивка пред каматата, данокот, депрецијација и амортизацијата се намали за 8,4% на 4,48 милијарди евра. Дојче Телеком во март склучи договор за продажба на американското одделение за мобилна телефонија T-Mobile USA, кој ќе го превземе телекомуникацискиот гигант AT&T за 39 милијарди долари. Договорот сеуште чека “зелено светло“ од регулаторите. T-Mobile USA во изминатиот квартал изгуби 471.000 корисници и оствари пад на оперативната добивка за 14%.
Интересна вест, посебно бидејќи начнавме теми за добивката на Т-Хоум во Македонија во другите нишки. Но уште поинтересен е болдираниот дел. Ме изненедаува загубата во Грција, кога се знае дека Дојче Телеком го купи Космофон пред 2 години (нели поради тоа и Космофон Македонија се продаде на Словенечки Телеком). 
 
Знаеме дека Грците ги исфабрикуваа финансиските резултати на Космофон Македонија и им продадоа прецент оператор на Словенците. Но дека го продале матичниот оператор во Грција на Дојче Телеком, кој после само 2 години е еден од главните виновници за падот на глобалната добивка на Дојче Телеком, навистина барем за мене е шокантно.
 
Патем, дали и во Романија влезе преку Космофон Дојче Телеком?


Edited by UrbanFreak - 09-May-2011 at 09:30
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 09-May-2011 at 09:37
Originally posted by UrbanFreak

[quote]
Патем, дали и во Романија влезе преку Космофон Дојче Телеком?
Ова излезе како реторичко прашање но одговорот бил ДА:
 
http://translate.google.com/translate?js=n&prev=_t&hl=en&ie=UTF-8&layout=2&eotf=1&sl=ro&tl=en&u=http%3A%2F%2Fwww.bizcity.ro%2Fstiri%2Fsurse-romania-va-fi-prima-tara-in-care-cosmote-devine-t-mobile.html%3Fid%3D40484
 
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 09-May-2011 at 18:46

И Богов ќе го чува стабилен курсот на денарот

Нема промена на политиката на фиксен курс на денарот. И новиот гувернер Богов ќе го чува стабилен курсот. Флуктуирачкиот не е во насока на економски раст, смета тој. За дел од експертите пак променлив курс на денар значи економски развој, поголем извоз и повеќе странски вложувања.

Фиксен курс на денарот – идниот гувернер Богов ќе ја продолжи политиката на актуелниот, Гошев. Стабилниот курс е добар за македонската економија. За Богов нема гаранција дека девалвацијата би го поттикнала извозот. Дел од експертите и бизнисмените пак сметаат дека фиксниот курс го кочи развојот. Предлагаат тој постепено да премине во флуктуирачки за да помогне да се зголеми економскиот раст, извозот, и бројот на странски инвеститори.

Економскиот раст не зависи од курсот, дали е тој флуктуирачки или фиксен, туку зависи од квалитетот на економските политики. Не постои гаранција дека девалвацијата би креирала поттик на извозот. Понатака, висока е евроизираноста на активите и пасисiвите на населението, банките и претпријатијата во РМ, така што промена на курсот би имала сериозни последици кон сите овие економски агенти, рече Димитар Богов, идниот гувернер на Народната Банка.

Ако се задржат позитивните трендови во економијата може да се очекува и поевтинување на кредитите, вели Богов.

Новиот гувернер смета дека засега нема опасност од висока инфлација, но уверува дека нема воопшто да се двоуми доколку е потребна негова реакција за зачувување на економската стабилност. Ќе работи на зацврстување на стабилноста и конкурентноста на банкарскиот систем, а основна цел ќе биде ценовната стабилност и одржлив економски раст. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=74916
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 09-May-2011 at 19:13

Економски раст од 5 % во првиот квартал - успешна 2011 за бизнисот

Успешна 2011 та за бизнисот. Стопанствениците со оптимистички очекувања по податоците на Народната Банка за раст на економијата од 5,1 отсто во првиот квартал годинава.

Иако изборите ја намалија активноста на компаниите, сепак дел од бизнисмените убедени дека годинава ќе биде добра. Од комората на северозападна Македонија велат дека по изборите монетарната и фискалната власт да се фокусираат само во насока на подобри услови за водење бизнис.

Економски раст од 5 % во првиот квартал е охрабрувачки сигнал и за Владата. Економската слика се подобрува, растот на индустријата од 25%, извозот со 40% во првите три месеци, трговијата според министерот за финансии Зоран Ставрески ги надминува очекувањата на Владата која проектираше раст на економијата во 2011 за 3,5%.

Народната Банка во вториот квартал проектираше инфлација до 5%, но нејзино забавување во втората половина годинава. Затоа засега централната банка нема да преземе антиинфлаторни мерки.

И бизнисмените како и Владата охрабрени од податокот за раст на економијата од 5,1% во првиот квартал годинава. Дел од бизнисмените очекуваат успешна година. За успешна реализација на бизнис плановите веднаш по изборите новата фискална и монетарна власт треба да се фокусираат само во насока на подобри услови за стопанисување. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=74833
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 09-May-2011 at 19:17
Значи овие извозниците (олигарсите, кои се бројат на прсти) што заговараат промена на курсот се невидени профитери. Така така, ама тогаш дури ќе нурне цела економија. За месец дена денарот ќе падне на 70-80 денари за евро, и после дури ќе видиме сиромаштија. Ми беше мисла откако го најавија Богов и откако рекоа дека може ќе го промени курсот, ама сега ми е многу полесно. Истото сценарио за Грција и за враќањето на драхмата важи и за нас ако го направат курсот флуктуирачки.

Инаку девалвацијата би го поттикнала извозот, ама кој извоз? Колку семејства се прехрануваат благодарние на извозно ориентирани фирми во Македонија? Не повеќе од 4-5% од домаќинствата, и тоа може да е многу.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 09-May-2011 at 19:39
Грција може и корист да има од враќање на драхмата. За сега најголемат апречка е како тоа ќе се одрази на еврозона. Да не беше толку тектонски тоа, до сега еднострано ќе ја отфрлеа, а и властите имаат ќар што ќе можат да девалвираат валута со помалку галама одколку промени на даноци, вака сите давачки со еден удар ќе се решат со девалвација и доштампување. Плати ќе намалеа, де факто, пензии и се што треба да се корегирта. Кај нас се работи за обично пуштање патка за такви некои тезга-експерти да се налепат кој за пари кои не, да викаат по телевизии да браво како тоа флуктурирачки курс било којзнае колку добро. А кај нас знаеме како се сваќа девалвација, како мачка во вреќа никој не знае што е ама сите знаат дека е лошо. Бе зразлика колку властите се плашат да превземат таков чекор, доколку ставрно ете би бил потребен, сепак Богов го дава најлогичното објаснување. дека нас цело општество ни е евроизизирано па било какво чепкање во тој сооднос евро према денар ќе направа голема каша.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 09-May-2011 at 21:10
Originally posted by гитардемон

Ми беше мисла откако го најавија Богов и откако рекоа дека може ќе го промени курсот, ама сега ми е многу полесно.
Дај ми еден пример каде некој гувернер на централна банка било каде во светот најавил дека ќе има девалвација Big%20smile
Таква најава би направила огромна беља.

Не велам дека ќе има девалвација, баш напротив и јас сметам дека нема ништо од тоа, но зборот ми е дека изјавата на гувернерот не е никаква индикација.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 09-May-2011 at 21:15


Ама во Грција не се евроизирани, па затоа да си ја вратат драхмата е паметно? Не зафркавај. Грција нема да има никаква корист од враќањето на драхмата. Единствено ќе се удвои долгот бидејќи вредноста на драхмата уште во првите два месеци ќе се намали барем двојно. Од ширење на такви вести имаат корист шпекулантите кои прават сè да падне кредитниот рејтинг на Грција (и за Португалија кружеја исти вести), за да расте spread-от неколку дена пред да земе Грција нова рата од кредитите. Ниту ќе банкротира, ниту ќе излезе од Еврозоната. Тоа ќе ја чини ЕУ многу поскапо отколку да ја одржува во живот Грција.

Него за кај нас, девалвација за ваква увозно ориентирана држава е жива катастрофа. Колку и да трошиме државни резерви за одржување на курсот, тоа е ништо во споредба на тоа што ќе се случи ако го пуштиме денарот да лудува. Како и да е, мило ми е Богов што не ни размислува на такво нешто.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 09-May-2011 at 22:51
Враќање на драхмата е најголема глупост што Грција би можела да ја направи за себе.

Патката за драхмата е пуштена од МНОООГУ поголеми светски играчи, кои со тоа уствари успеаја да го постигнат тоа што сакаа - девалвација на еврото наспроти другите валути.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 10-May-2011 at 02:06
Девалвација е еден олегитимните инструменти за во такви ситуации. Грција го нема како алат. Како брзо решение неможе ништо да биде, секако дека ќе ги пробаат сите други начини првенствено со штедачките рефроми што ги правеа. 
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 10-May-2011 at 09:11
ОК, влегуваме веќе во економска дебата и можеби интересно прашање е во која држава и кога девалвацијата ги решила проблемите? Девалвацијата секаде каде што се користела, всушност предизвикувала опасна спирала на собирање на куп други проблеми, кои потоа со децении се решавале.

Лекцијата е: не постојат решенија за преку ноќ, за проблеми наталожени 2-3 децении.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 10-May-2011 at 09:57
Како девалвацијата е алат за решавање на проблеми? Девалвацијата е најчесто последица на испуштање на уздите врз курсот. Види Аргентина во 90-тите за еден класичен пример. Девалвацијата евентуално да е корисна за Кина за да извезува многу поевтино и да ги зафркава Американците, но и тоа полека полека им се удира од глава, и затоа ренминбито ќе расте во однос на доларот. Тоа за извозни земји е алатка, ама не се многу такви земји во светот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 10-May-2011 at 13:17
Originally posted by гитардемон

Како девалвацијата е алат за решавање на проблеми? Девалвацијата е најчесто последица на испуштање на уздите врз курсот. Види Аргентина во 90-тите за еден класичен пример. Девалвацијата евентуално да е корисна за Кина за да извезува многу поевтино и да ги зафркава Американците, но и тоа полека полека им се удира од глава, и затоа ренминбито ќе расте во однос на доларот. Тоа за извозни земји е алатка, ама не се многу такви земји во светот.


Да не мешаме работи: Кинеската валута не девалвирала, туку е подценета (две различни нешта). Девалвацијата, како и имањето на потценета валута, најчесто резултира со инфлација. Ова е поизразено кај девалвациите, каде знае да има и астрономски инфлации кои се погубни за економиите на самите земји (србија, зимбабве, итн.).
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 10-May-2011 at 13:52
Моја грешка. Јасно дека не е исто. 
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 27-May-2011 at 18:22
Индустриското производство во април порасна за 11,8 отсто

Скопје, 27 мај 2011 (МИА) - Индустриското производство во април годинава во однос на април лани забележа пораст од 11,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Идустриското производство во секторот рударство и вадење камен бележи пораст од 20 отсто, во секторот преработувачка индустрија од 14,7 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6,3 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст на производството има кај енергијата за 12,9 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 4,7 проценти, капитални производи за 44,8 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 107 проценти и нетрајните производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто.

Индустриското производство во периодот јануари - април 2011 година, во однос на истиот период лани, е поголемо за 13,2 проценти

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=84076419&lId=1&pmId=504
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 07-Jun-2011 at 12:32

Трговскиот дефицит пораснал на 940 милиони долари


Трговскиот дефицит во периодот јануари-април 2011 година изнесувал 940 милиони долари. Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април 2011 година изнесувала 1,3 милијарда долари, а на увозот 2,2 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58,7 отсто.

 

 
%20  

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-април 2011 година најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (63,2 отсто) и земјите од Западен Балкан (25,5 отсто), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (53,3 отсто) и земјите во развој (29,3 отсто). Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Русија, Велика Британија, Србија и со Бугарија (48,2 отсто од вкупната надворешнотрговска размена се врши со овие пет земји).

Се намалил бројот на одобренија за градба

Во април 2011 година биле издадени 220 одобренија за градба, што е за 5,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Државниот завод за статистика соопшти дека според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1,4 милијарда денари, што е за 33,3 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 165 (75 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9,1 отсто) за објекти од нискоградба и 35 (15,9 отсто) за објекти за реконструкција.

Обезбедени 400 транспортни дозволи за Украина

Дополнителна квота од 400 транспортни дозволи за македонските превозници што се занимаваат со транспорт во Украина обезбеди Владата за 2011 година. Во Министерството за транспорт и врски соопштија дека е обезбеден дополнителен контингент со 50 универзални транспортни дозволи и дозволи за превоз во и од трети земји, 300 универзални транспортни дозволи за возила со еуро 3 и првпат надвор од редовната квота се обезбедени 50 универзални транспортни дозволи за возила со еуро 5.

Во рамки на работата на мешовитата работа комисија во која членуваат претставници на ресорните министерства од Република Македонија и од Украина е договорена квотата на дозволи за превоз за 2012 година.
Македонските превозници во текот на следната година ќе можат да искористат 200 универзални транспортни дозволи и дозволи за превоз во и од трети земји, 700 универзални транспортни дозволи за возила со еуро 2, 800 универзални транспортни дозволи за возила со еуро 3 и 100 универзални транспортни дозволи за возила со еуро 5.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6711958167&id=10&prilog=0&setIzdanie=22299
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 03-Jul-2011 at 11:11

НБРМ: 131 милион долари странски инвестиции во март

НБРМ:%20131%20милион%20долари%20странски%20инвестиции%20во%20март
Свето Николовски
Нивото на странските нвестиции во земјава во првиот квартал од 2011  надмина 282 милина долари, што е износ скоро идентичен со целата 2010-та година. Народна банка објави дека март бил најдобриот месец кога странските компании инвестирале  дури 131 милион долари.

Најголем износ на инвестиции, 129 милиони американски долари, пристигнал од холандски компании, следуваат британските со 38, австриските со 26, турските со 20 и словенечките со вложени 7 милиони долари.

Само во последниве 30 дена официјалниот почеток на своите инвестиции го објавија три компании :италијанската Витек, германската Кромберг и Шуберт и американската Кемет електроникс, додека во последниве 2 месеца вкупно 8 компании започнаа или пак финишираат  со своите инвестиции во земјава, меѓу кои и турски ТАВ кој што наскоро завршува со модернизацијата на аеродромската зграда  на Александар Велики.

Сите странски менаџери без исклучок нагласуваат дека Македонија е избрана како бизнис дестинација пред се поради добрата бизнис клима,квалификуваната и ефтина работна сила ,ниските даноци, солидниот образовен систем.

“Јас верувам во оваа земја и затоа инвестираме во неа“ изјави  неодамна Андреа Витило сопственик на компанијата“ Витек” од Италија.

Американскиот Кемет електроникс ја избра Македонија во најтесна конкуренција од неколку земји.
“Македонија е конкурентна земја и сметаме дека донесовме добра одлука, затоа што планираме од оваа фабрика  со електронски компоненти да ги снабдуваме нашите европски комитенти“-  вели  Пер Олоф Луф, генерален извршен директор на американскиот Кемет електроникс.

Условите што ги нуди Македонија се на нивото ,односно се подобри од јужноазиските економии и токму затоа Кемет ја лоцира својата прва европска фабрика во Македонија, објаснува Луф.

Следниве 5-6 месеци очекуваме да започнат уште најмалку 3 до 4 нови инвестиции, најави премиерот Никола Груевски. Доколку ваквиот инвестициски тренд  продолжи  се очекува  рекордно ниво  на странски вложувања, а планот за следниот  четири годишен период е привлекување на  инвестиции вредни 2 милијарди евра.

http://daily.mk/cluster3/dd4df29f88bb261df07f4596cf1eb37b/806052
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 06-Jul-2011 at 18:43

За пет месеци дефицит од 1,1 милијарда евра


Трговскиот дефицит во првите пет месеци од годинава изнесувал над 1,1 милијарда долари

 

 
%20  
Во периодот јануари-мај, годинава вкупниот обем на стоковната размена на Македонија со странство била во вредност од 4,5 милијарди долари. Извозот на стоки изнесувал 1,7 милијарда долари, а биле увезени стоки во вредност од 2,8 милијарди долари. Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Најмногу сме извезувале во земјите-членки на ЕУ (62,6 отсто) и во земјите од Западен Балкан - 26 отсто, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ (54,4 отсто).

http://www.time.mk/read/310a8a4ae8/6d694c5cc8/index.html
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.407 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.