build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 29-Aug-2011 at 11:49
На четврто место се гасните масла, чиј извоз во првите шест месеци од годинава изнесува 37 милиони евра
Трет најувезуван производ се гасните масла, чија вредност на увозот достигна 80 милиони евра




Гасни масла ?!?




Edited by Cloverstack - 29-Aug-2011 at 11:51
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 29-Aug-2011 at 12:10
Originally posted by Cloverstack

Гасни масла ?!?


= дизел + мазут.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 03-Sep-2011 at 14:05
„Џонсон контролс“ објави оглас за вработување во новата фабрика
Бизнис | 3. септември 2011 - 13:44
Компанијата „Џонсон контролс“, која вчера ја ја најави изградбата на втората фабрика во Македонија, денеска објави оглас за вработување на лица кои ќе бидат ангажирани во неа.




Компанијата бара стручни лица во процесот, како инженери за шиење, за кроење, инжинери за компјутерски потпомогнато дизајнирање, тим лидери на производна линија, електромеханичари, ревизори за квалитет, проект асистен, како и искусни оператори за шиење.

Во фабриката во Технолошко индустриската зона кај Штип, според најавите треба да се вработат околу 1.400 лица. Фабриката е наменета за тапацир за автомобилски седишта. Почетокот на изградбата на се очекува на средината на наредниот месец, а со работа да почне за една година. Производите ќе бидат наменети за нивни европски клиенти.

Инвестицијата се проценува на околу 20 милиони евра.
http://press24.mk/story/biznis/„dzonson-kontrols“-objavi-oglas-za-vrabotuvanje-vo-novata-fabri
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 05-Sep-2011 at 15:23
Обем на стоковната размена со странство

понеделник, 05 септември 2011


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-јули 2011 година изнесува 2 446 373 илјади САД долари, а на увозот 3 985 530 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.4%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2011 година, изнесува 1 539 157 илјади САД долари.
 
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
 
Во периодот јануари-јули 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (61.0%) и земјите од Западен Балкан (27.5%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.9%) и земјите во развој (26.8%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Русија, Бугарија и Грција (44.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).


http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 05-Sep-2011 at 15:44

Две нови странски инвестиции вредни 8,5 милиони евра

Две%20нови%20странски%20инвестиции%20вредни%208,5%20милиони%20евра%20
Свето Николовски
Две нови инвестиции во еден ден. Малтешко-британската „6ПМ“ влегува во доменот на информатичките технологии, додека македонско-холандската „Стил Кон“ во секторот за преработка на арматурно железо. И двете инвестиции се надвор од технолошко индустриските развојни зони и не користат државна помош.

Македонија е избрана како најдобра дестинација за инвестирање во Источна Европа од страна на групацијата „6ПМ“, специјализирана во областа на информатичко компјутерските технологии, која што оперира на пазарите во Велика Британија и во Малта. Во македонскиот огранок на компанијата „6ПМ Ниар шор” ДООЕЛ веќе се вработени 12 ИТ специјалисти, чиј број ќе се зголеми на 50, а динамичниот план најавува проширување до 250 вработени. Вкупната инвестиција ќе изнесува 5 милиони евра. Главни предности на Македонија се: квалитетната работна сила, ниските трошоци на работење, вистинскиот претприемачки дух и солидното познавање на англискиот јазик.

„Во однос на Малта вкупните оперативни трошоци во Македонија се помали за 60%, а во однос на Британија за дури 150%“ - изјави Иван Бартоло главен извршен директор на „6ПМ”.

За директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо оваа инвестиција е предизвик и за другите компании од информатичката технологија да инвестираат во земјава.

Малтешко-британската компанија е високо специјализирана за обезбедување софтверски решенија во здравствениот сектор кои веќе се применуваат во јавното здравство на Велика Британија, а новиот проект за следење на здравјето на пациентите на далечина е наменет за Малта и доколку е успешен ќе биде раширен и во другите земји.

Втората инвестиција ја реализира македонско – холандската компанија Стил Кон. Во новиот погон за конфекционирање на арматурно железо се вложени 3,5 милиони евра, а ќе бидат вработени 100 лица. Ќе се извезуваат производи со сертификат за квалитет и со ознака македонски производ, што треба да го олесни експортот на соседните пазари. Се најавува изградба на два нови погона со што ќе се оформи мини индустриска зона на површина од 6 хектари. Стил Кон извезува челични конструкции  во: Германија, Србија, Африканските земји, а новата фабрика ќе има годишен капацитет за преработка на 10 до 15000 тони арматурно железо.


http://www.time.mk/read/18d22ea09f/4279efb0e3/index.html
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 05-Sep-2011 at 15:46
Да му е мерак човек да ја чита нишкава во последно време... 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 09-Sep-2011 at 16:53

Стигнуваат 18 илјади метрички тони челик за „Арчелормитал“ во Скопје

http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/09/09/Hot_rolled_steel_coil_JIS_G3131_SPHC.jpg

Околу 18 илјади метрички тони топло валани челични лимови, произведени од железарата „АрчелорМитал Брнс Харбор“ од северозападот на сојузната држава Индијана, САД, тргнаа со брод до солунското пристаниште од каде ќе бидат пренесени во железарата на „Арчелормитал“ во Скопје на доработка.


- Задоволни сме што извезуваме речиси 18 илјади метрички тони челик, нашиот најголем извоз во период од 3 години од Порт Индијана – изјави Рамана Венкат, извршен директор на „Аечелормитал Интернешнл“ за тамошниот весник „Џрнал Газет.“


Челикот, кој беше товарен три дена и кој тргна вчера, ќе стигне на бродот „Пацифик Хајрон“ на 1 октомври во Солун. Бродот е специјално направен за транспорт на товари од Големите езера во САД до Европа и ова е негово четврто патување. Тоа се очекува да трае 23 дена, а бродот ќе застане за танкирање во Монтреал и на Гибралтар.

http://daily.mk/cluster3/6b4233236e3da854ed6abe9819c53135/896637


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 14-Sep-2011 at 14:55
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=91741&kategorija=2

“Скопски легури“ инвестира 30 милиони евра и отвора нови 182 работни места

14. 09.2011 - 10:05:14
“Скопски%20легури“%20инвестира%2030%20милиони%20евра%20и%20отвора%20нови%20182%20работни%20места
“Скопски Легури“ за кратко време планира да пушти во употреба инвестиција поголема од 30 милиони евра, и отвора дополнителни 182 работни места, на кои веќе се вработени нови 109 работници, како резултат на почетокот со работа на новата линија за производство на фероникел во земјава, соопштуваат од компанијата. 

Инаку, во “Скопски Легури“, во периодот од 18 до 21 јули, годинава, компанијата “Bureau Veritas“ изврши прва надзорна ревизија на функционирањето на системите за менаџмент согласно меѓународните стандарди за квалитет ИСО 9001:2008, екологија ИСО 14001:2004 и безбедност и здравје при работа ОХСАС 18001:2007.

“Во Извештајот на ’Bureau Veritas’ публикуван кон крајот на август, годинава, од страна на групата аудитори беше заклучено дека во ’Скопски Легури’ системите за менаџмент СМК и ИСМ функционираат и се усовршуваат, и како резултат имаме успешно завршена прва надзорна ревизија, а со тоа важноста на сертификатите е продолжена од 2011 до 2012 година“, велат од оваа компанија.

“Скопски Легури“ е една од само неколкуте компании во Македонија кои ги поседуваат овие три стандарди, сертифицирани по интегрирани системи.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 15-Sep-2011 at 08:27
uste pozitivni vesti.belezime mnogu investicii od nasive celicari i metalski kompanii,silmak feni skopski leguri makstil eve sega i arcelor mital sto e mnogu pozitivno

Арчерол Митал“ ќе извoзува повеќе челик

В година најавува нова инвестиција во проширување на постројките со што планира да го зголеми капацитетот за 50 отсто

Маја Томиќ



Скопската компанија „Арчелор Митал“ најавува за в година нова инвестиција во проширување на постројките со што планира да го зголеми капацитетот за 50 отсто и месечно да преработува по околу 16 илјади тони челични калеми. Овој челичен гигант во светски рамки во земјава е присутен од 2004 година и по кризата застанува цврсто на нозе.

Тоа го потврдуваат податоците за остварената добивка во вториот квартал од годинава на компанијата од 1,54 милијарди долари на светско ниво, а продажбата им се зголемила за 25 отсто, односно на 25,13 милијарди долари.

И првите луѓе на фабриката во Скопје, генерално, се задоволни од работењето во изминатиот период од годинава затоа што се остварил добар просек на производство и на пласман во странство. Деновиве очекуваат пратка со 18.000 метрички тони челични калеми, која е тргната од Индијана, САД, кон Македонија. Како што веќе објавија странски медиуми, преку солунското пристаниште таа треба да пристигне во оваа фабрика за обработка на челик во почетокот на октомври. Од компанијата велат дека не станува збор за значајни количества челични калеми за обработка, туку дека е тоа набавка за тековна активност на фирмата, односно дека се набавува суровина за редовниот процес на производство. „Количествата што се набавуваат за редовниот процес на производство зависат од моменталните состојби на цените на светските берзи. Кога се тие пониски, се обезбедуваат поголеми количини за обработка за подолг период, и обратно. Сега се берзанските цени поволни, а материјалот што треба да пристигне во Солун е квалитетен и е од наша сестринска фирма. Инаку, според расположливите капацитети, количината од 18.000 тони челични калеми е доволна за еден и пол месец непречено работење“, вели Жарко Ивановски, менаџер за односи со купувачи во „Арчелор Митал“. Тој додава дека се' уште не е прецизирано кога ќе почне обработката на новата пратка, што точно ќе се произведува и каде ќе се пласира. Тоа ќе се оценува според стратегискиот пристап на компанијата, а потоа останува на продажните агенции да решат каде ќе се извозува. Во секој случај, производите нема да бидат наменети за еден купец.

Според статистичките податоци за трговската размена на земјава за периодот јануари-јули 2001 година, како што е вообичаено, производите од железо и од челик (валани производи) се во групата најмногу извозувани стоки. Ставката во кои тие спаѓаат: производи класифицирани според материјалот, во вкупниот остварен извоз на земјава од 2,4 милијарди долари, учествува со 699 милиони долари или со околу 30 проценти. Ова споредено со истиот период минатата година претставува пораст од 32,3 проценти.

Од Стопанската комора велат дека кај компаниите од црната и од обоената металургија не се регистрирани поголеми нарушувања и проблеми во производството и во пласманот во изминатиот период од годинава.

Тие годинава имаат зголемено производство и продажба на своите производи на странските пазари, за разлика од претходните две години кога беа тешко погодени од финансиската криза поради падот кај градежниот и кај автомобилскиот сектор.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=03279DB13A232C458581D9FC7482CD2C
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 18-Sep-2011 at 13:52

Гумите за џвакање на „Макпромет Штип“ го освојуваат американскиот пазар

недела, 18 септември 2011, 12:40

„Макпромет Штип“ го зголеми извозот на своите гуми за џвакање во Соединетите Американски Држави од досегашните 50 тони годишно на 50 тони месечно. Македонската компанија позната по производство на брендот „Чунга Лунга“ ја почна својата стратегија за освојување на другите континенти.

- Драстичното зголемување на извозот во САД за нас претставува голем искечор напред. Сепак, станува збор за пазар од над 300 милиони потрошувачи. Тоа значи дека можностите се повеќе од големи. Ваквиот извоз резултираше откако измината година вложивме големи средства во нова опрема, модернизација на производството, користење висококвалитетни суровини. Овој нов квалитет на старо познатиот вкус на гумите за џвакање „Чунга Лунга“ беше главен фактор за почнување на извозот со обезбедување пласман во најголемите трговските синџири. Зголемувањето на извозот покажува дека реакциите од потрошувачите се повеќе од позитивни, а за нас е вистински знак дека сме на вистинскиот пат“, изјави Данче Ѓурова, менаџер за кондиториски производи од Макпромет Штип.


Досега акцентот во извозот беше ставен на европскиот пазар, земјите од поранешна Југославија, како и во Израел. Со зголемувањето на извозот во САД, се овозможува зајакнување и подобро позиционирање на фабриката и на нејзините гуми за џвакање „Чунга Лунга“.

http://daily.mk/cluster3/1f213e5b2622e66267387f0fedf52548/907819
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 19-Sep-2011 at 11:09

Шел сака да го купи Макпетрол?!

Катерина Попоска
Шел%20сака%20да%20го%20купи%20Макпетрол?!

Една од најголемите нафтени компании во светот, Ројал дач шел, повторно го пикира македонскиот нафтен дистрибутер Макпетрол, преку кој би влегол на македонскиот пазар, неофицијално дознава “Капитал“. Ова е втор обид на Шел да влезе во Макпетрол, а до каде ќе отиде засега никој не знае да каже. Генералниот директор на Макпетрол, Андреја Јосифовски, не открива детали. Пазарната капитализација на Макпетрол за 2010 година е 43,7 милиони евра


Англиско-холандскиот енергетски гигант Ројал дач шел (Royal Dutch Shell plc.) повторно го скенира Макпетрол, дознава “Капитал” од извори во компанијата. Дека претставници на Шел овој месец биле во Макпетрол, со намера да преговараат за купување на најголемата дистрибутивна компанија во земјава, како што беа и пред четири години, за “Капитал” потврдуваат повеќе вработени во нафтената компанија.

За можното преземање од една од најголемите нафтени компании во светот молчат во Макпетрол. Првиот човек на компанијата, Андреја Јосифовски, не сака ниту да ја потврди, ниту да ја демантира оваа информација. Ниту службата за односи со јавност во Макпетрол јавно објаснува зошто претставници на Шел дошле во нивната компанија, како и тоа до каде се преговорите за можната купопродажба. Пазарната капитализација на Макпетрол во 2010 година изнесуваше 43,7 милиони евра. Основната главнина, пак, изнесуваше 62,6 милиони евра.

“Не е прв пат претставници на Шел да дојдат во Макпетрол. Често пати досега доаѓале и емисари од овој нафтен гигант да го испитаат теренот. Но, дали Макпетрол и Шел преговараат и дали од сето тоа ќе има епилог знае само претседателот на Управниот одбор. Конечната одлука, сепак, ќе биде негова”, вели за “Капитал” вработен во Макпетрол.

Скорешната посета на Шел не е новина за Макпетрол. Високи претставници на овој нафтен гигант првпат беа во Македонија во 2007 година, кога намерата за инвестирање му ја презентираа на вицепремиерот Зоран Ставрески.

“Сакаме да видиме каква е состојбата во Македонија, да ги видиме можностите. Македонија се наоѓа на добро место во Европа и ќе ги видиме можностите дали може да инвестираме”, изјави пред четири години Симон Крегер, од Ројал дач шел.

Ројал дач шел е една од најголемите петрохемиски компании во светот, која годинава прослави 100 години постоење. Овој нафтен гигант е веќе присутен во 90 земји и речиси во сите земји од регионот. Оваа година Шел слави 20 години постоење во Бугарија. Според официјалните податоци, минатогодишните приходи на Шел групацијата се 368 милијарди долари, а реализирани се капитални инвестиции вредни 30,6 милијарди долари. За истражувања и развој Шел лани вложила една милијарда долари. Моментално, Шел прави бушотини и вади нафта од Северното Море.

Макпетрол, пак, лани беше во загуба од речиси четири милиони евра

Макпетрол повеќе од 60 години дистрибуира бензин во Македонија, бидејќи ја поседува инфраструктурата за дистрибуција и продажба на нафтени производи. Компанијата е содружник и во гасоводот во земјава, преку кој на македонскиот пазар се дистрибуира природниот гас. Има вкупен расположлив капацитет од 150.000 метри кубни во складишта за нафта и нафтени деривати, распоредени во различни региони на територијата на Македонија. Има и две наменски инсталации за керозин, лоцирани на аеродромите во Скопје и во Охрид.

Од 2002 година, акциите на Макпетрол котираат на официјалниот пазар на Македонската берза. Макпетрол е рангирана меѓу првите 10 најликвидни фирми кои котираат.

Оваа нафтена компанија првите шест месеци од годинава ги заврши со добивка од 520.770 евра, за разлика од првите шест месеци во 2010 година, кога пријави загува од дури 5,5 милиони евра. За оваа година, Макпетрол планира да оствари добивка пред оданочување од 197,5 милиони евра. Со загуба од 3,9 милиони евра и раст на трошоците за амортизација за 9% (327.000 евра) најголемиот дистрибутер на нафта и нафтени деривати во земјава ја заврши 2010 година. Компанијата во 2010 година ја намали годишната загуба за 14%, бидејќи во 2009 година таа изнесуваше 4,6 милиони евра.

Неревидираниот финансиски извештај на оваа компанија покажува дека лани Макпетрол остварил 346 милиони евра вкупни приходи од продажба, кои се за 23% поголеми споредено со приходите од продажба на бензините во 2009 година.

Нејасно е дали минатогодишните загуби се резултат на истите проблеми на компанијата, поради кои и во 2009 година Макпетрол работеше со милионска загуба. Од компанијата информираа дека “значајно намалена општа деловна активност, особено во секторите транспорт, производство и преработка на метали, земјоделство и текстилна индустрија, како и намалената куповна сила на населението“ биле главната причина за негативното работење на Макпетрол во 2009 година. Како проблем ја посочуваат и отежнатата наплата на побарувањата по сите основи, поради кои морале дополнително да се задолжуваат, со што растеле трошоците за камати и за курсни разлики.

Последните официјални податоци покажуваат дека во структурата на акционерскиот капитал на Макпетрол вработените учествуваат со 31,6%, менаџерите со 12,9%, Оилко командитното друштво со речиси 20%, надворешните акционери со 27,9% и пензионерите со 7,5%.


ФАКТИ ЗА МАКПЕТРОЛ

дистрибутер на нафтени деривати и природен гас;

располага со 150.000 метри кубни складишта за нафта и нафтени деривати;

добивка од 520.770 евра во првите шест месеци годинава;

загуба од 3,9 милиони евра во 2010 година и од 4,6 милиони евра во 2009 година;

приходи од 346 милиони евра во 2010 година;

во акционерската структура вработените учествуваат со 31,6%, менаџерите со 12,9%, Оилко командитно друштво со 20%, надворешните акционери со 27,9% и пензионерите со 7,5%.


ФАКТИ ЗА ШЕЛ

Една од најголемите петрохемиски компании во светот, која годинава прослави 100 години постоење;

присутен во 90 земји и во сите земји од регионот;

приходи од 368 милијарди долари во 2010 година;

капитални инвестиции вредни 30,6 милијарди долари во 2010 година;

за истражувања и развој една милијарда долари во 2010 година;

моментално, прави бушотини и вади нафта од Северното Море.


МАКПЕТРОЛ ФОРМИРАШЕ ФИРМА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ГАС

Макпетрол пром гас е новата фирма основана од Макпетрол, со влог од 163.000 евра. Фирмата доби лиценца да биде снабдувач со гас и во краен случај. Целта е снабдувањето со природен гас да се издвои од Макпетрол и да и се даде на новата фирма-ќерка, Макпетрол пром гас.

Директор на новата фирма е Милан Сотировски, кој во март годинава си поднесе оставка од Управниот одбор на Макпетрол.

Макпетрол во моментов е снабдувач на тарифните потрошувачи кои се приклучени на системот за пренос на природен гас. Но, според Законот за енергетика, треба да има и компанија која ќе ја добие лиценцата за снабдувач со гас во краен случај. Најверојатно новоформираната Макпетрол пром гас е заинтересирана и за оваа дејност.

Согласно со Законот, веќе од 2013 година сите индустрии кои користат природен гас, од тарифни ќе станат квалификувани потрошувачи. Квалификуваните потрошувачи ќе мора директно да склучат договори со фирмата-снабдувач со гас во краен случај.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73680/shel_saka_da_go_kupi_makpetrol_!.aspx?iId=2356
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 22-Sep-2011 at 17:49

Неверојатен раст на БДП во вториот квартал

четврток, 22 септември 2011, 18:03

Економијата во вториот квартал годинава пораснала за 5,3% - објави државната статистика. Растот се должи на зголемената економска активност во градежништвото. Овој сектор пораснал за 26%, главно поради градежните активности што ги презема Владата.

Значителен раст бележи и трговијата на големо и на мало за цели 18%. Помал е растот на преработувачката индустрија од само 12,8%. Извозот на стоки и на услуги забележа зголемување од 25,5%, а увозот за 15.6%.Позитивен раст имаше и во првиот квартал од 5,1 отсто, поради зголемениот извоз и исто така пораст во градежниот сектор. Растот во индустријата пак тогаш се должеше главно поради зголемување на цената на металите.

Владата не отстапува дека годината ќе ја заврши со раст на вкупната економија од 3,5%. Слична прогноза деновиве објави и Меѓународниот монетарен фонд, според кој македонскиот брутодомашен производ ќе порасне за 3%, а догодина за 3,7 отсто.

http://www.time.mk/read/f34333789a/d787ec2914/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 27-Sep-2011 at 11:14

Кинезите ќе ни го купат солунското пристаниште


Најголемите македонски компании не губат надеж дека ќе купат акции, тврдејќи дека и во кошарка бевме сметани за аутсајдери, но стигнавме далеку

 
 
%20  

За пристаништето се заинтересирани десетте најголеми македонски компании што со децении работат со него

Кој ќе ја купи најважната порта за македонската економија - солунското пристаниште? Најголемите македонски компании веќе покажаа интерес за учество во приватизација на пристаништето, но сериозни намери за купување на пристаништето имаат и Кинезите, кои веќе стопанисуваат со најголемото грчко пристаниште - Пиреја. Дознаваме дека големи кинески компании се заинтересирани да го откупат солунското пристаниште во пакет со грчката железница, која е заглавена во долгови. Кинезите се интересирале и за купување на српската и на македонската железница и на тој начин да создадат цела мрежа од кинески капитал на контролирани пристаништа, логистички центар и железнички пруги, за регионот да стане дистрибутивен центар за кинескиот извоз во Европа, велат нашите извори. Солунското пристаниште е дел од пакетот за брза приватизација, која Грција мора да ја направи како обврска кон ЕУ, до крајот на годинава. Домашните компании сепак не губат надеж.

- Зависи од понудениот модел за приватизација. Нашите компании се заинтересирани директно да купат акции таму. Колку ќе успееме да исчепкаме нешто останува да се види, но секогаш треба да се има надеж. И во кошарка бевме сметани за аутсајдери, па видовте до каде стигнавме - велат бизнисмените.

Од Стопанската комора на Македонија потврдуваат дека постои интерес кај најголемите 10 македонски компании („Фершпед“, „Фени“, „Цементарница“, „Макстил“ и други) што со децении работат и се клиенти на солунското пристаниште.

- На претстојниот саем за „Транспорт и логистика“ во Скопје ќе се сретнеме и со менаџментот на пристаништето и ќе разговараме на оваа тема. За нас секоја информација за приватизацијата на пристаништето е значајна и се надеваме дека ќе имаме помош во тој правец и од нивната комора - вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Тој смета дека Македонија нема сериозна алтернатива за солунското пристаниште, бидејќи сите други пристаништа значат дополнителни трошоци, има лоша инфраструктурата до нив, а не се добри ниту влезот ниту можностите за прием на поголеми бродови.

Според Димитриос Бакацелос, претседател на Трговско-индустриската комора на Солун, приватизацијата на пристаништето е обврска што грчката влада је презела пред Европската Унија.

- Тоа е задача што мора да се заврши брзо, иако сé уште не е утврдено што ќе се приватизира, дали дел од терминалите или ќе се оди на варијантата на учество на надворешни инвеститори во сопственоста на целото пристаниште. Во секој случај, тендерот што ќе го распише државата ќе биде достапен до сите - вели Бакацелос.

Заменик-генералниот директор на пристаништето Емануел Михалидис, пак, директно ги повика македонските компании да учествуваат во приватизацијата.

- Сметајте го солунското пристаниште како свое, зашто е најдобро решение за компаниите од вашата земја - вели Михалидис.

Во меѓувреме инвеститорите од Кина кај нашиот јужен сосед веќе имаат третман на нов сојузник и спасител на земјата. Додека изминатиот период голем број странски инвеститори се повлекоа од Грција, Пекинг ја искористи можноста и купи клучни инфраструктурни објекти по ниски цени. Извршниот директор на „Чајна оушн шипинг компани“, Веј Џафу, инвестицијата во пристаништето Пиреја ја објаснува вака:

- Во Кина имаме една поговорка“направи орловско гнездо и орлите сами ќе долетаат“. Во Грција градиме такво гнездо за да ги привлечеме кинеските орли - вели Џафу.

Компанијата што управува со солунското пристаниште, според податоците од атинската берза, располага со 10.080.000 акции со право на глас, при што цената по акција годинава варирала од 10 до 17 евра.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92711833572&id=10&prilog=0&setIzdanie=22391
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 28-Sep-2011 at 14:28
Индекси на индустриското производство

среда, 28 септември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2011 година, во однос на август 2010 година, изнесува 100.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2011 година, во однос на август 2010 година, бележи опаѓање од 8.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 12.9%.
Според главните индустриски групи, производството во август 2011 година, во однос на август 2010 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.9%, Капитални производи за 55.0% и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 21.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - август 2011 година, во однос на периодот јануари - август 2010 година, изнесува 107.5.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 02-Oct-2011 at 17:32

„Макпетрол“ отвори фирма во Солун со 350 илјади евра почетен капитал


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/01/makpetrol_resize.jpg

„Макпетрол“ АД, Скопје објави дека има извршено уплата во износ од 350 илјади евра како основачки влог во компанија со име „Петролмак,“ регистрирана како акционерско друштво.


Основач е „Макпетрол“ АД, Скопје со 100 отстотно учество во основачкиот капитал, а седиштето на новата фирма е во Солун.


Нејзиното скратено име е „Петролмак“ СА и таа ќе отпочне со работа откако ќе биде запишана во регистерот на акционерски друштва во надлежната солунска префектура.


Како што и може да се очекува, и новата компанија ќе се занимава со трговија со нафта и нафтени деривати, вклучувајќи тука физички гас, преработки од нафта и нивна стандардизација, трговија со масла за подмачкување и нивни производи, како и останати дејности.


Членови на управниот одбор се Карло Змајшек, Филип Чадиковски и Николаос Модиотис. Модиотис е наименуван и за застапник на друштвото.


Дали станува збор само за компанија која ќе се занимава со матичната дејност на „Макпетрол“, трговијата со нафта, само што сега компанијата ќе има и претставници и фирма на лица место, во Република Грција, од каде што „Макпетрол“ со децении ја увезува нафтата, или, пак, за подготовки и заземање на позиции пред очекуваната дополнителна приватизација на солунското пристаниште, останува да се види.


Грчката влада е под притисок од Европската унија да изврши забрзана приватизација (делумна или целосна) на редица државни компании до 2015 година со цел да подигне 50 милијарди евра и барем донекаде да го намали огромниот јавен долг на земјата.


До крајот на годинава, сумата што треба да се собере на ваков начин изнесува 5 милијарди евра. Но, досега се собрани само 380 милиони евра од продажбата на малиот удел што на грчката Влада и преостана во поранешниот државен телекомуникациски оператор ОТЕ на „Дојче Телеком.“


Во солунското пристаниште државата има удел од 75 отсто, додека 25 отсто се во рацете на мали акционери. Грчката влада има намера да го задржи мнозинскиот удел, но само до нивото од 51 отсто, што значи дека остатокот од над 23 отсто ќе оди на продажба.


Во деловниот печат во земјава, деновиве беше спомната идејата дека македонските компании, заинтересирани за учество во купувањето на удел во пристаништето, би требало да оформат конзорциум за да можат да дадат подобра понуда на тендерот што наскоро треба да се распише за оваа цел.

http://www.plusinfo.mk/vest/17438/Makpetrol-otvori-firma-vo-Solun-so-350-iljadi-evra-pocheten-kapital
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 03-Oct-2011 at 11:47

Македонските банки со најбрз раст на активата во Источна Европа


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/03/Bank-Tower.jpg

Банките во Македонија покажале најбрзо зголемување на активата во Источна Европа, со раст од 11 отсто меѓу 2009 и 2010 година, иако таа била вредна само 6 милијарди евра. Ова го покажа истражувањето на „Интерлејс Рисрч“ во кое се споредени состојбите меѓу националните банкарски сектори од регионот.


Вредноста на банкарската актива во Србија пораснала 10 отсто до 24 милијарди евра во овој период, во Полска 8 отсто, а во Чешка 7 отсто.


Во Албанија, Словенија и Унгарија, вредноста на активите на тамошните банки растеше поспоро и тоа меѓу 0 и 5 отсто.


Од друга страна, банкарската актива падна во Летонија, Литванија и Словачка, а најбрз пад е забележан во Естонија и тоа 6 отсто.


33 од 200-те најголеми банки што работат во Централна и Источна Европа се од Полска, 24 се од Чешка, а 22 од Унгарија.


Полските банки имаа и најголема актива во регионот која минатата година беше вредна 292 милијарди евра, пред Чешките со 173 милијарди и унгарските со 121 милијарди евра.

http://www.plusinfo.mk/vest/17543/Makedonskite-banki-so-najbrz-rast-na-aktivata-vo-Istochna-Evropa
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 05-Oct-2011 at 13:27
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78

Обем на стоковната размена со странство


среда, 05 октомври 2011


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-август 2011 година изнесува 2 846 361 илјади САД долари, а на увозот 4 623 936 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2011 година, изнесува 1 777 575 илјади САД долари.
 
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
 
Во периодот јануари-август 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.4%) и земјите од Западен Балкан (28.5%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.0%) и земјите во развој (27.8%).
 
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Русија, Србија, Бугарија и Грција (44.5% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 21-Oct-2011 at 18:30

Македонија преговара со Израел за статус на повластена нација!

МАја Бајалска-Георгиевска
Македонија%20преговара%20со%20Израел%20за%20статус%20на%20повластена%20нација!

ДЕЈАН ДЕЈАНОВ

претседател на Македонско-израелскиот бизнис-клуб

акедонија преговара со Израел за да добие статус на повластена нација во економските односи. Ова го открива Дејан Дејанов, претседател на Македонско-израелскиот бизнис-клуб кој се формираше во март годинава и има повеќе од 50 членки, компaнии и лица од Мaкедонија и од Израел. “Капитал“ разговараше со него за економските односи меѓу Македонија и Израел, за најавените израелски инвестиции во земјава, за бизнис-лекцијата што Македонија може да ја “купи“ од израелското економско чудо. Дејанов најавува многу активности во организација на бизнис-клубот, меѓу два големи бизнис-форуми кои во декември ќе се одржат во Скопје. Првиот форум ќе биде со теми од четири области: фармација и медицина, земјоделство, обновливи извори на енергија и туризам, додека вториот за информациско-комуникациски технологии. На двата настани Дејанов најавува многу интересни и влијателни бизнис-личности од светски рамки и многу компании од Македонија и од регионот.

Покрај двата бизнис-форуми во декември, какви други активности му претстојат на Македонско-израелскиот бизнис-клуб?

Во ноември ќе учествувам на меѓународна конференција во Израел, каде што ќе има претставници на бинационални комори со предзнак израелски од целиот свет. Најавено е учеството на претставници од Израелско-американската комора, Израелско-аргентинската, Израелско-уругвајската, Израелско-канадската, како и од бинационалните комори со предзнак израелски од европските држави: Франција, Германија, Унгарија, Чешка, Словачка. Присутни ќе бидат и претставници од израелските комори во Кина, Индија, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд. Настанот трае два дена, а надвор од закажаните седници ќе организираме средби со претседателите на мешовитите комори кои ќе бидат предмет на наш интерес. Придобивките од настанот ќе бидат контактите што ќе ги оствариме, кои потоа ќе ги искористиме за организирани бизнис-средби во Македонија од области кои ќе бидат предмет на интерес на нашите членки, како што се двата бизнис-форуми кои ќе ги организираме во декември.

Македонско-израелскиот бизнис-клуб ќе покрене и иницијатива за формирање мешовити бизнис-клубови со предзнак израелски во регионот. Целта е да формираме мрежа на бизнис-клубови во регионот, од чија соработка ќе имаат интерес сите држави на Балканот. Така на компаниите-членки ќе им понудиме еден поголем пазар.

Во моментов, има ли интерес за конкретни инвестиции или соработка со македонски компании, од рамки на израелските компании кои планирате да ги донесете на двата бизнис-форуми во декември?

Постои идеја за изградба на технолошки парк во Македонија. Очекувам претставникот на компанијата кон крајот на месецов или на почетокот на следниот месец да дојде тука и да ги продолжиме разговорите. Станува збор за човек кој е претседател на Израелско-јапонската комора, на Израелско-корејската комора, долгогодишен дипломат со искуство во развој на технолошки паркови во Словачка и во Австрија. Идејата е технолошкиот парк да се гради во општина Илинден и веќе остваривме контакти со институциите. Целта е во Македонија да се донесат компании од Јапонија и од Јужна Кореја, кои заедно со македонски компании ќе работат научно-истражувачки проекти.

Разликата меѓу површината на териториите на Израел и на Македонија е многу мала, но разликата меѓу нивото на развој на македонската и израелската економија е голема. Зошто е важно Македонија да ги следи стапките за развој на Израел?

Затоа што израелската економија е лидер во многу области во светот. За израелската економија нема некој што не знае. Документите на ЕУ и во ОН во однос на креирање стратегии за производство на повеќе видови храна, како пример или концепт го наведуваат израелскиот. Израел е лидер и во развојот на областите - технологија, медицина и туризам. Нивниот туристички концепт е мошне погоден за Македонија, бидејќи имаме многу да понудиме во туризмот, а не знаеме како. Од друга страна, Израел нема злато и дијаманти, но израелски компании имаат берзи за дијаманти во Холандија. Израел нема ниту извори за електрична енергија, но користи сончева енергија. И тоа мислам дека може да се преслика во македонската економија. А покрај земјоделството, туризмот, обновливите извори на енергија, израелската економија има силна фармацевтска индустрија. Израелската компанија Тева е лидер во генеричката фармацевтска индустрија во светот, а во регионот е присутна преку купувањето на хрватска Плива и на словенечки Лек. Кога станува збор за соработката меѓу македонската и израелската економија, Македонија може да понуди ресурси и знаење, во области во кои тие ги немаат. Македонија може да понуди суровини, затоа што Израел нема суровини, туку ги увезува. А можеме да им понудиме и минерали и рудни богатства.

На основањето на Македонско-израелскиот бизнис-клуб во Скопје во март годинава беше потенцирано дека ако Македонија сака подобри економски односи, прво треба да ја зајакне политичката соработка со Израел. На кое ниво се политичките односи Македонија-Израел?

Македонија никогаш немала повисоко ниво на соработка со Израел. Тоа го покажуваат повеќе настани кои се случија во последно време. На пример, на отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје беше вицепремиерот на Израел и претставници на Jewish American Comity. Исто така, македонската влада и македонскиот претседател веќе неколку пати остварија посети со највисоките државници на Израел, почнувајќи од премиерот Нетанјаху, претседателот Перез и некои министри. Последен пат во Македонија беше министерката за земјоделство на Израел, која најави отворање на производство за семенски материјал во земјава. Затоа мислам дека политичката соработка меѓу двете земји никогаш не била на повисоко ниво. Но, мислам дека политичките односи не се доволно проследени со економска соработка. Затоа, сега е вистинското време сето тоа да се стави на вистински колосек, за работите да се движат подобро и побрзо.

Како може да се зајакне економската соработка меѓу Македонија и Израел? Во таа насока, може ли да се очекува потпишување на некој билатерален договор?

На една од средбите меѓу претставници на двете влади, тука во Македонија, македонската влада предложи Македонија да добие статус на повластена нација во економските односи со Израел. Тоа би значело избегнување на двојното оданочување, преференцијален статус за македонските производи во трговијата со Израел, односно ослободување од царини кои компаниите од другите држави ги плаќаат. Мислам дека работите веќе се движат во таа насока. Македонија е во преговори со Израел за да се потпише еден таков договор. Израел има таков договор со неколку држави, дали и Македонија ќе успее да го добие не знам, тоа е сепак политичко прашање. Инаку, Македонија и Израел веќе соработуваат на повеќе проекти. Заедно со македонската влада за кратко време Израел треба да отвори регионален центар за обука на воени пилоти. Покрај тоа, како што неодамна во Скопје најави израелската министерка за земјоделство, овде ќе се направи и центарот за производство на семенски материјал, што мислам дека е од особена важност за земјоделството, затоа што се вели дека еден килограм семе може да чини колку еден килограм злато. Ова ќе биде од голема полза за Македонија, која сега за набавка на семенски материјал од странство издвојува големи суми пари.

Кога сме кај земјоделството, што се случи со инвестицијата на израелската компанија Соли груп во откупно-дистрибутивниот центар за кој во 2008 година ја формираа мешовитата фирма Агриленд со Владата. Деновиве хрватски Агрокор отвори дистрибутивен центар во Струмица, а за откуп од Агриленд не сме слушнале. Зошто овој бизнис не профункционира? 

Токму оваа компанија Соли груп, заедно со македонската Влада, ќе биде инвеститор во фабриката за семенски материјал која ќе се гради во Свети Николе и за што ќе се вложат околу 40 милиони евра. Што се однесува до откупниот центар, мислам дека тие имаа лошо искуство со квалитетот на земјоделските производи кои им се испорачуваа на почетокот. Кога почна со откупот на земјоделски и градинарски производи, неколку пати добиваа многу лош квалитет. Во пакувањата, одозгора им ставале квалитетни производи, а одоздола неквалитетни производи, што придонесуваше на крајот од испораката целата стока да биде расипана. Работеа со голема загуба. Но, мислам дека сега воспоставија нови начини на работење и ќе имаат повеќе резултати. Почнувајќи од идејата за производство на семенски материјал, а потоа и инсталирање на оранжерии. Така што мислам дека ќе дојдат во фаза да организираат и откуп, затоа што знам дека имаат контакти со големи дистрибутивни центри и маркети во земјите на Европската унија.

Што се случува со другите најавени израелски инвестиции во Македонија. Зошто доцнат изградбата на Сончев Град и инвестицијата на Газит глоуб на локацијата на поранешна Алумина?

Локацијата за изградба на Сончев град се расчистува и колку што знам таму ќе се гради. Значи, компанијата-инвеститор не се откажува. Проектот се оддолжи затоа што имаше грешки во Деталниот урбанистички план (ДУП) на општината Сопиште. Тоа отиде на Уставен суд и мислам дека таа постапка е при крај и се чека донесување на нов ДУП со кој ќе се решат пропустите од претходниот. Знам дека инвеститорите не се откажуваат од идејата, туку чекаат. Тие уплатија повеќе од три милиони евра за локацијата. Што се однесува до изградбата на трговскиот центар кај поранешна Алумина и таму локацијата се расчистува и ќе се гради. На оддолжувањето на оваа инвестиција имаше влијание светската економска криза и фактот што земјиштето треба да се исчисти и да добие еколошка дозвола, затоа што таму со години функционирал индустриски капацитет кој се утврди дека ја загадувал почвата. Откако ќе се исчисти земјиштето во длабочина, Министерството за екологија треба да даде дозвола за градба. Истовремено, за локацијата имаше и судски спор со компанија која е сопственик на една мала парцела. Но, мислам дека и тоа е при крај и од информациите што ги имам инвеститорот не се откажува.

http://www.kapital.com.mk/mk/magazin/75132/makedonija_pregovara_so_izrael_za_status_na_povlastena_nacija!.aspx
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 24-Oct-2011 at 15:27
Uste pred nekoe vreme imav informacija za ova od covek koj uste pred tri godini direktno ucestvuval vo razgovorite za poseta i investicii na emirot.Rabotite sto gi kaza se poklopuvaat so vesta,pa za toa i se nadevame deka ke se ostavarat najavite.

Емирот од Катар ќе инвестира половина милијарда евра во Македонија?

Балканска рафинерија, хотели, преработувачки капацитети. Емирот од Катар подолго време ја скенирал Македонија како можна инвестициска дестинација.


За неговиот тим најважна била стратешката положба и одличните услови за производство на храна. Во малата држава на Балканот сака да инвестира над половина милијарда евра.

Како што дознава Сител, главен проект била рафинеријата која ќе треба да го снабдува со нафта целиот Балкан. Уште пред четири години биле утврдени можните локации за изградба.

Паркингот пак во строгиот центар на Скопје според Хамад бин Калифа ал-Тани било идеално место за изградба на хотел со трговски центри и забавен парк. Иако побараната парцела за изградба на рафинеријата била слободна за облакодерот на постоечкиот паркинг пред Холидеј ин немало согласност.

По направените анализи емирот и лично ја посети Македонија да се увери каква храна произведува. Јагнето кое во Катар било увезувано од истокот ни од далеку не било како нашето. Затоа половина од предвидените инвестиции биле планирани токму за земјоделството. Според нашите информации Катарците сакаат да одгледуваат околу 10 илјади јагниња кои ќе се колат според ХАЛАЛ во новоизграден објект.

Водата исто така била интересна за бизнис. Емирот сака да финансира и во домашното образование, посебно во дефицитарните гранки во Катар, по што дипломците ќе може да бараат работа на истокот.

Како и да е според упатени доколку се остварат половина од првично предвидените проекти македонската економија значително ќе закрепне. Економистите уверуваат дека европскиот пазар не треба да се напушта, но секогаш треба да се има соодветна алтренатива.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/emirot-od-katar-ke-investira-polovina-milijarda-evra-vo-makedonija
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 724
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 24-Oct-2011 at 15:43
[QUOTE=ovaj_stariov] Ајде едно по едно:



Како што дознава Сител, главен проект била рафинеријата која ќе треба да го снабдува со нафта целиот Балкан. Уште пред четири години биле утврдени можните локации за изградба.


Од ова нема ништо, на Балканот има доволно капацитети за производство на нафта, не верувам дека уште една би била исплатлива. МОжеби би можел да ја откупи ОКТА од Грција! Освен тоа, Катар повеќе оди на производство на гас, посебноинвестираат во капацитети за транспорт на течен гас, со нафта е при крај.

Паркингот пак во строгиот центар на Скопје според Хамад бин Калифа ал-Тани било идеално место за изградба на хотел со трговски центри и забавен парк.

Ова ми е премногу мала инвестиција, зарем нема доволно трговски центри во Скопје?



По направените анализи емирот и лично ја посети Македонија да се увери каква храна произведува. Јагнето кое во Катар било увезувано од истокот ни од далеку не било како нашето. Затоа половина од предвидените инвестиции биле планирани токму за земјоделството. Според нашите информации Катарците сакаат да одгледуваат околу 10 илјади јагниња кои ќе се колат според ХАЛАЛ во новоизграден објект.


Овде се согласувам дека има шанси нешто да биде. И катар, Саудиска Арабија,Бахреин , како и Кореја и некој др земји кои се сиромашни со обработлива земја и купуваат по Африка и источна Европа земјиште за да произведуваат храна за своето население.


Водата исто така била интересна за бизнис.

Многу е интересна


Емирот сака да финансира и во домашното образование, посебно во дефицитарните гранки во Катар, по што дипломците ќе може да бараат работа на истокот.


Кои се тие гранки за кои веќе нема понуда во странство? Немам слушнато дека некоја земја инвестира во образованието во друга земја. Кој има пари купува готов кадар
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.