build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Економски вести
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 11-Jan-2013 at 19:09
samo da ne izleze kako i tie 100 tenderi do sega deja vu rabota.bi bil srekjen dokolku uspee tewnderot i ohis se vrati vo normala.a tie 1000 novi vrabotuvanja dokolku se realiziraat se e golem plus

Германски конзорциум заинтересиран за ОХИС

четврток, 10 јануари 2013, 20:02

Германски конзорциум заинтересиран за Охис, дознава Алфа.. Ал кот груп интернешанал планира да инветсира во хемискиот гигант, да продолжи да работи со истата дејност, да не отпушта работници туку да вработи нови 1000.

Вакво известување било испратено до вицпремиерот Пешевски и минстерот за економија Сараќини. Тие деновиве се очекува да остварат средба со раководството на компанијата и да ги објаснат деталите за продажба на хемискиот гигант. Оваа компанија засега е единствата сериозна заинтересирана да достави своја понуда на тендерот, кој завршува кон средина на април.

Во меѓувреме на вработените ќе им биде исплатена една плата. Владата на последната седница одлучила да ги вклучи и сите промотори како и министри да најадат инвеститор за продажба на хемискиот гигант.

Охис се продава за почетна цена од 14 илјади евра, со околу 800 вработени..

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=61442
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 17-Jan-2013 at 11:00
Лани преработени само 335.000 тони сурова нафта

Рафинеријата “ОКТА“ лани има преработено само 335.000 тони сурова нафта, покажуваат податоците од новиот Енергетскиот биланс на земјава што го усвои Владата, пишува “Дневник“.
Ова е огромно намалување не само во однос на планираното, туку и во однос на тоа што беше преработувано во претходните години. Па така, од влезот на македонскиот пазар на новите сопственици, рафинеријата обработува над еден милион тони сурова нафта.

Тој обем на работа беше и во 2009 година. Но, веќе следната година почна да се спроведува политика на намалување на производството на сметка на увозот на готови деривати. Па така, веќе од 2010 година таа има преработено 842.000 тони, годината потоа производството се намали на 685.000 тони, за лани да се преполови на минимални 335.000.

Рафинеријата минатата година е работеше од март до октомври. Како што тогаш пишуваше “Дневник“, прекинот на работа уследил по состанокот на раководството на кој била разгледувана варијантата да се престане со работа една година, а со цел да се помогне на матичната компанија “Хеленик петролеум“ од каде што би се пласирале производи на нашиот и на косовоскиот пазар.

Во меѓувреме, неработењето на рафинеријата имаше сериозни негативни последици врз домашната економија, односно растот на домашниот бруто производ бидејќи во изминатите години таа беше еден од позначајните креатори на БДП.

За годинава, како што пишува “Дневник“, “ОКТА“ малку ќе се поправи, но тоа повторно ќе биде далеку од тоа што и’ беше обем на работа во претходните години. Најавените проекции во Енергетскиот биланс се дека годинава таа ќе преработи 560.000 тони сурова нафта. За идната година, пак се планира обем на работа од 650.000 тони, а ваквото ниво се предвидува да се задржи се’ до 2017 година.

http://tocka.com.mk/1/85167/lani-preraboteni-samo-335-000-toni-surova-nafta?utm_source=daily.mk
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 02-Feb-2013 at 10:43
вреди да се прочита

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FCCEEA86A3B182459F147AEAE78E7280
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 02-Feb-2013 at 10:50

Македонија на листата на најбавно растечки економии

Близината на Македонија и трговските односи со преостанатиот дел од Европа ја изложуваат земјата на проблемите на економиите на земјите-членки на ЕУ

 

 
%20  

ИЗВЕШТАЈ НА СВЕТСКА БАНКА

Македонија се најде на 14-то место на листата 20 најбавно растечки економии во светот, според новиот извештај на Светска банка. Нашата земја се најде на листата поради близината и трговските односи со преостанатиот дел од Европа, кои ја изложуваат земјата на проблемите на економиите на земјите-членки на ЕУ. Во извештајот се вели и дека земјава има добро развиен црн пазар, а има проблеми и со привлекување странски инвестиции. Извештајот на Светска банка ги рангира 20-те најбавно растечки економии врз основа на сложена годишна стапка на пораст до 2015 година.

- Иако ослабени, продолжуваат ризиците за глобалната економија во кои се вклучени бавниот напредок на еврозоната, долгот и фискалните прашања во САД, можноста за остро забавување на инвестиции во Кина, како и нарушување во глобалните нафтени резерви - оценува банката.

Инаку, последните две места на листата им припаднаа на Белизе и на Антигва и Барбуда, по нив следува Ел Салвадор, на седумнаестто место се најдоа САД поради неизвесната политичка криза и неуспехот за договор на економските мерки. По нив следува Бугарија, каде што, според извештајот, инвестициските приливи се ограничени поради корупцијата и организираниот криминал, како и поради недостигот од законот и редот. На петнаесеттото место се наоѓа Винсент и Гренадини, а по неа Македонија.
Тринаесеттото место му припадна на Фиџи, а по него се Романија и Албанија. На десеттото место е Сирија, а по неа следуваат Венецуела, Иран, Сент Луција, Свазиленд, Доминика, Црна Гора, Јамајка и Јапонија. Првото место ѝ припадна на целата еврозона, иако, според извештајот, Светската банка гледа прогрес, а веројатноста за распад на Унијата е многу помала отколку пред една година.  


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2113168274&id=10&prilog=0&setIzdanie=22795
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 02-Feb-2013 at 12:55
Гошев само кажува критики,а едно нешто некажува како.Човек кој е при крај на својата професионална кариера некажува алтернатива.Ако ова нечини(на пример слободните зони) нека кажи што чини.Вака изгледа како стара баба покрај телевизор-само штракоти
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 27-Mar-2013 at 21:22
оваа вест ја чекавме скоро еден век(ако не е малку фризирана поради избориве)

Раст на индустриското производство за 4,5 проценти
Среда, 27 Март 2013 19:53

Индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани забележа раст од 4,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, бележи пораст од 17,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,6 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,9 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,8 отсто и Капитални производи за 7 отсто.

Индустриското производство во периодот јануари - февруари 2013 година, во однос на првите два месеца од минатата година забележа раст од 1,9 отсто.

Курир

Edited by Cloverstack - 29-Mar-2013 at 01:45
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 27-Mar-2013 at 23:24
Лани беше паднато ненормално многу, така што овој пораст баш и не е нешто сјаен. Ако се врати на ниво од пред 2005 може да зборуваме за некаков успех, колку толку. Текстилната индустрија оди само надолу, а и металургијата не е ништо подобра.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 27-Mar-2013 at 23:42
не дека е добро,туку малку за тешење,ништо друго.а јас се надевам дека светлото на крајот на тунелот нема да биде фарот на локомотивата
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 28-Mar-2013 at 01:15
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13140
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 14-Oct-2013 at 09:23
„Ван Хол“ почна да извезува автобуси од Македонија

Белгиската компанија за производство на автобуси “Ван Хол“ ја почнува практичната реализација на нејзината инвестиција во Македонија. Имено, компанијата „Ван Хол“ го извезе првиот автобус направен во фабриката во Македонија во Технолошко индустриската зона Скопје 1, Бунарџик.



Со тоа, Македонија повторно стана извозник на автобуси. Првата тура која „Ван Хол“ ја има веќе потпишано е за Америка, односно првите 300 автобуси кои ќе се произведат ќе одат за американскиот пазар и ќе бидат производ од Република Македонија.



http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/133428-FOTO-Van-Hol-pocna-da-izvezuva-avtobusi-od-Makedonija">http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/133428-FOTO-Van-Hol-pocna-da-izvezuva-avtobusi-od-Makedonija http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/133428-FOTO-Van-Hol-pocna-da-izvezuva-avtobusi-od-Makedonija
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13140
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 28-Oct-2013 at 16:24
За сè има вторпат
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 28-Oct-2013 at 22:16

Ова е старо проекција за 2013, дали има можеби проекција за 2014?

ЕДИТ: Се извинувам за избрзаниот коментар. Го прочитав целиот документ, и сепак се работи за топ 100 компании за 2012 година (2013 не е завршена) а проекциите се и среднорочни за 2014.

Edited by UrbanFreak - 28-Oct-2013 at 22:21
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 02-Jan-2014 at 22:20
вреди да се прочита посебно интересен е делот за странските инвестиции со кои секој ден ни ја полнат главата.некој ке рече корисно од странскиве инвестиции се платите со ги земаат работниците тие мизерни 10 до 15 000 денари од кои државата ги помага со 50 ако не и над 50 %.одсекогас го имам тоа цувство дека нашиве влади работат на штета на нас и нашата држава и убеден сум во тоа.ние немаме индустрија наши производствени капацитети ниту им се помага на малкуте што ги има а странците упорно ги форсираат давајки им 1000 привилегии државата финансиски го помага дури и градењето на нивните погони со одреден процент.имаме безброј примери колку државата мисли на својот народ и својата индустрија, САНОС-ВАН ХООЛ сто повеке да се каже

Aleksa Milojević, ekonomista: BiH je kolonija, a mi smo robovi

BDP raste zato što buja administracija • Napravljen je mehanizam lažnog prikazivanja bogatstva manje razvijenih zemalja, vlada ubjeđuje narod kako je bogat, a narodu je sve teže, izjavio je u intervjuu za Oslobođenje Aleksa Milojević, ekonomista.

Piše: Jakub SALKIĆ, Oslobođenje

Statistika kaže da BiH ima određeni ekonomski rast, da se oporavlja, a iskustvo da je sve teže i sve gore: zašto se statistika i iskustvo razilaze?

- Očito je da postoji velika razlika između statističkog mjerenja bruto društvenog proizvoda (BDP) i stvarnosti. Ko od nas može da vjeruje da smo sada dva i po puta bogatiji, dva i po puta zaposleniji i da imamo dva puta razvijeniju privredu nego prije rata? Prije rata imali smo BDP po stanovniku 1.800 do 2.000 dolara, a sada 5.000 dolara. Znači da postoji metodološka greška u mjerenju BDP-a i mi smo u statistici bogati, a ustvari smo siromašni. S druge strane, kada se uzme sadašnja struktura BDP-a, industrije je sve manje, a sve više administracije, sve više je zaposlenih u administraciji, a sve manje u industriji, a BDP raste. Znači, BDP raste zato što buja administracija. Međutim, mislim da je osnovna greška mjerenja BDP-a što se inostrana roba i inostrani dugovi upisuju kao naše bogatstvo, tako da mlijeko koje mi uvezemo iz Slovenije uračuna se kao BDP u Sloveniji, a kada se ovdje proda u Mercatoru, upiše se kao naš BDP zato što je Mercator naše preduzeće. Kada Mercator podnese svoj završni račun, mi tu robu iz inostranstva upišemo kao naše bogatstvo.

Precijenjena valuta

Slično je sa zaduživanjem, dignemo kredit, isplatimo našem građevinskom preduzeću neki posao i to preduzeće uvede u bilans kao naše bogatstvo, a to je ustvari inostrani kredit. Nigdje se metodološki ne umanjuje BDP za iznos dugova i deficita, odnosno za iznos tuđe robe, za deficite platne bilance, tako da mi što smo zaduženiji i što imamo veći gubitak u poslovanju sa inostranstvom, to smo bogatiji. Što gore, to bolje. U statistici raste bogatstvo, a u stvarnosti raste zlo, siromaštvo, svoje siromaštvo pretvaramo u svoje bogatstvo. Isto je i sa izvozom. Dođe strana firma, otvori pogon i ona knjiži izvoz na nas. Npr. sad je Češka u izuzetnom suficitu zato što je njemački Volkswagen otvorio svoje preduzeće Škodu tamo i sav iznos izvoza se knjiži na Češku, a u suštini Nijemac uzima taj novac. Napravljen je mehanizam lažnog prikazivanja bogatstva manje razvijenih zemalja, vlada ubjeđuje narod kako je bogat, a narodu je sve teže. Prva stvar koju trebamo raščistiti sa Bruxellesom je da računamo BDP onako kako smo radili prije, a to je samo materijalno bogatstvo koje su stvorila naša preduzeća, a ne da dođu strane firme, registruju se kao domaće i prodaju tuđe proizvode, a nama se upisuje kao bogatstvo, dok one novac odnose vani.

Da li je onda slična stvar i sa valutom, kurs je fiksan, ali jasno je da ne vrijedi koliko piše da vrijedi?

- Valutni odbor (Carrency Board) je priprema ekonomskog sloma, to je najpouzdaniji dokaz da smo mi kolonija, jer Engleska je izmislila valutne odbore 1850. godine, kada su krenuli pokreti za oslobađanje od kolonijalnog ropstva i Engleska više nije bila u stanju da to brani vojskom pa je engleski kralj smislio valutne odbore kao novu kolonijalnu izmišljotinu, koja je toliko dobra da je preko valutnih odbora faktički ugušio oslobodilačke pokrete i produžio carstvo za još 100 godina. Oko 1950. počinju ponovo oslobodilački pokreti širom carstva i tada je srušeno, mislilo se da se nikad neće pojaviti valutni odbori kao najcrnja kolonijalna institucija. Zemlje koje su bile u valutnom odboru ni do danas se nisu oporavile, a bilo ih je 76. Prvi put u istoriji javljaju se valutni odbori na tlu Evrope u BiH, Bugarskoj i Litvaniji i to je potpuni dokaz da je EU kolonijalna sila. Suština valutnog odbora je, a to je prevara Engleza, da se nešto zove nečim što nije. Mi nazivamo Centralnom bankom BiH instituciju koja nema nikakve monetarne nadležnosti i koja je ustvari samo jedna velika mjenjačnica. Nemamo monetarne nadležnosti, fiksira se devizni kurs, a ispod kore tog deviznog kursa idu zaduživanja i deficiti, što slabi valutu i što bi trebalo biti signal da zemlja propada u krizu i da treba početi upravljati i imati centralnu banku, imati devalvacije itd. Međutim, mi imamo precijenjenu valutu i to je najveće zlo koje može pogoditi neku zemlju, što znači da je u inostranstvu sve jeftinije, a kod nas skuplje i onda ta valuta gura uvoz, a onemogućava izvoz. Znači, sve se isplati, i zaduživati se i uvoziti, samo se ne isplati ništa ovdje proizvoditi ni finansirati. Sa ovako precijenjenom valutom mi nemamo nikakve šanse da ekonomski opstanemo.

 Zašto je Valutni odbor priprema ekonomskog sloma?

- Valutni odbor nije trajna kategorija, on je priprema ekonomskog sloma i jednom mora doći do toga, jednom mora pući taj administrativni kurs i oni će to uraditi onda kad nas dovoljno zaduže i ekonomski unište, a tada će dugovi i deficiti skočiti za dva-tri puta. BiH sada ima sedam milijardi KM duga, kad se taj slom dogodi, dug će skočiti na 25-30 milijardi, a onda smo potpuno potopljeni. Nas čeka potpuni ekonomski potop u momentu kad prestane funkcionisati Valutni odbor. Da smo imalo narod koji misli na svoju budućnost, mi bismo već skočili da se uništi Valutni odbor, da napravimo svoju centralnu banku i da počnemo da upravljamo svojim dugom, svojom valutom. Ovako smo nemoćni. Gdje je još velika prevara Valutnog odbora? Oni su proglasili 100-postotno pokriće, a to znači sav naš novac, šest milijardi maraka, koliko su naše monetarne rezerve, iznesen je u inostranstvo i mi dobijamo kamatu oko 0,80 posto. Dakle, mi finansiramo inostranstvo jer taj novac posuđujemo po kamati od 7-8 posto i zaradimo oko 130 miliona na tim kamatama. To potroše CBBiH i vlade. Istovremeno, dajemo za otplatu kamata na posuđena sredstva oko 1,2 milijarde KM. To je prevara. Nijedna zemlja nema 100-postotno pokriće svoga novca, kada dostigne 30 posto pokrića, to je izuzetno pokriće. Sav naš novac je u inostranstvu, sutra kad se dogodi taj monetarni slom, mi ćemo ostati bez novca, znači sve ono što smo kupili za naš novac kad je uveden Valutni odbor, negdje je u inostranstvu i nećemo ga nikad moći vratiti. Bilo bi najuputnije da ustanemo i gradimo svoju centralnu banku.

Vječni dužnici

Da se vratimo Daytonu. Oni su napravili Dayton, a razvalili državu. Prvi stub države je novac, odnosno monetarna politika. Od onog momenta kad su nam napravili Valutni odbor i oduzeli nam mogućnost upravljanja novcem, mi nemamo državu i ne možemo se dogovoriti. Da imamo svoju centralnu banku, ja sam uvjeren da bi se oko tog problema okupila jedna zdrava, razumna grupa ljudi koja bi istakla potrebu jačanja države. Mi nemamo nijednu instituciju oko koje bi se morali okupiti. Zato ovi političari mogu tako neodgovorno da se ponašaju, da ugrožavaju državu sa svih strana, da neće da se dogovore, ali da imamo centralnu banku, morali bi se dogovoriti. Zašto? Zato što je prva funkcija centralne banke da kontroliše potrošnju vlade. Nikad se prije rata vlada nije mogla zadužiti kod komercijalne banke, nego samo kod centralne banke i taj dug se vraća ili pretvara u inflaciju, odnosno emisiju novca. Danas imamo vlade koje nisu pod kontrolom i zadužuju se bezgranično.

Možete li, molim Vas, da pojasnite koliko smo duboko u krizi?

- Mi smo u nepodnošljivoj krizi. Evo, da uzmemo za primjer dug prema inostranstvu. Prodavači novca, MMF i Svjetska banka, definisali su jedan potpuno neobjektivan kriterij i rekli može se država zaduživati do 40 posto BDP-a, to je niska zaduženost, od 40 do 80 je srednja i preko 80 posto BDP-a je visoka zaduženost. To je potpuno neosnovan kriterij, napravljen tako da se održavaju slabe vlade, jer su one veliki kupci novca i uništavaju svoje zemlje i privrede. Da ima istine u priči kako su oni došli da nas razviju, ne bi nikad uništili Energoinvest, ali Siemens nije mogao dobiti posao od Energoinvesta, pa je morao biti uništen. Njihova namjera ovdje je, kao i svih kolonizatora, a nisu ništa drugo nego kolonizatori, da nas ekonomski unište kako bi došli do jeftinog robovskog rada, prirodnih bogatstava i vječnih dužnika, jer i naši praunuci će morati pola plate davati za otplate dugova. Oni će za svega nekoliko godina da za svoje unuke i praunuke obezbijede robove koji će za njih raditi. Prava ekonomska mjera duga u inostranstvu je strana valuta, pošto se dug mora vratiti u stranoj valuti, a valuta se stiče izvozom. Prava ekonomska mjera je veličina izvoza i koliko se od tog izvoza može odvojiti za otplatu duga.

Dokad će takvo stanje trajati?

- Mi više ničim ne upravljamo. Vidite da su budžeti donošeni samo da bi se udovoljilo MMF-u da bi se povukla nova tranša, samo 75 posto budžeta se puni od vlastitih izvora, a 25 posto se računa na zaduživanje. Zadužujemo se da bismo vraćali dug, znači već smo otišli u spiralu dugova, što je prema svim iskustvima, padanje u kolonijalno ropstvo. Kada sam prvi put upotrijebio tu riječ, ja sam se ježio, ali vidim da sada niko ne obraća pažnju i to je u suštini najveća opasnost. Upumpavanje tuđeg novca je slatko, jer oni kažu ako ne bude prihvaćen budžet, neće biti penzija, a penzioneri nemaju snage da kažu “e ja neću da primim penziju zbog toga što ću uništiti svoga unuka, svoje dijete, jer oni neće imati platu pošto neće moći da rade”. Zna se da nema niko snage da to uradi, a loše vlade egzistiraju na bazi toga, stalno će biti neka ucjena. Samo je pitanje kada će MMF da povuče ručnu i da nas pusti pod led, kao Grčku. Grčkoj su 20 godina govorili da je najbolja dok su trošili tuđe, onda su povukli ručnu i potopili ih. I nama to isto predstoji kad ne budemo mogli da vratimo prvu ratu, a to se približava. Stvar je procjene kada više neće dati novac koji im se vraća, jer mi sad uzimamo tranšu i samo im je vratimo. Mislim da mogu napraviti haos, posebno ako politika počne da misli svojom glavom i počne da se spašava i pokaže bilo koju vrstu neposlušnosti. U roku 24 sata mogu izazvati haos – nema penzija, nema plata, počinju neredi…

Ima li iko u vlasti ko shvata to što nam se dešava i ima snage da nešto promijeni?

- Mislim da postoje pojedinci koji to shvataju, pa čak i političari, ali niko više nema šansu da se tome odupre. Neka patriotska politika nema nikakvu šansu, jer kad bi sad neko došao i rekao dvije godine radimo za upola manje plate da razvijemo industriju, odmah bi izgubio na izborima. Dokle god MMF bude htio da nas uništava, može to preko “bezbjednog novca” jer niko nema snage u politici da otkaže taj novac i krene u razvoj. Nepojmljivo je da ova politika, koja je srušila privredu, ne zna ponovo da napravi Šipad, UPI…, a hoće da vlada, i vlada zato što ih MMF podržava. On inače podržava slabe vlade. Da je MMF bio dobronamjeran prema nama, povukao bi svoj novac, ove vlade bi odmah pale i došle bi neke nove zdrave snage. Treba zaboraviti strane investicije, one su štetne. Na 1.000 KM stranih investicija za 30 KM se umanjuje BDP. Postoje istraživanja nobelovaca u svijetu da su direktne strane investicije štetne. Može se bogatiti samo na domaćem novcu. Mi danas u BiH sve potrošimo, dobijemo novac od MMF-a, i to potrošimo. Prije rata Jugoslavija je izdvajala 70 posto BDP-a za investicije, Njemačka i Austrija danas izdvajaju 28, a Kina 40 posto.

Opasan virus

U vrijeme globalizacije, provaljenih granica, dotoka ovog bezvrijednog novca, koji je za njih bezvrijedan, a mi ćemo ga morati vratiti u robi i on za nas ima strašnu vrijednost, izvlačenje će biti vrlo teško. Istorija govori da je to završavalo u potpunom kolonijalnom ropstvu ili velikim prevratima. Meni je žao da su ovi političari uspjeli da zavade narod toliko da nemamo mogućnosti za jedinstveno djelovanje za ekonomsko oslobađanje. Izgleda da je zagrljaj EU toliko snažan da sve uništava, eno Grčka propada, totalno je uništena, propadaju Hrvatska, Srbija, Češka…

Osim ekonomske krize, mislite li da imamo neku vrstu krize svijesti u društvu jer ne vidimo šta nam se pred očima radi?

- Kod nas je kriza politike. Svaki narod živi preko elite, kod nas je elita protiv naroda, plaši se naroda. Nemamo poslovnu elitu koja je sa svojim narodom gradila preduzeća, imamo poslovno-političku elitu koja se obogatila na otimanju i boji se svake promjene i oduzimanja onoga što su prisvojili, spremni su na najgore izdaje i zaduživanja samo da bi ostali na vlasti. Nažalost, nemamo nijedan ekonomski institut koji bi mogao biti najbolja opozicija i tumač stanja u kojem smo, to je ova politika uništila. Prije rata smo imali, bili smo doveli privredu u rang srednje razvijene zemlje i bili smo opasna prijetnja, virus koji se mogao proširiti na druge zemlje. Vjerujem da je urađena privatizacija po modelu Ante Markovića, Jugoslavija bi bila najsretnija zemlja na svijetu i da ne bi bilo rata, jer bi se narod povezao preko vlasništva nad privredom, politika bi se temeljito izmijenila. Kad su međunarodne sile vidjele da smo mi opasan virus, da možemo biti primjer za ugled i prevrat za njihovo rušenje i rušenje njihovog kapitala, nisu mogle dozvoliti da pobijedi ljevica u svijetu na ekonomskoj osnovi, pa su nam organizovale rat. Vidite, svugdje gdje hoće, mogu izazvati rat, Afrika, Ukrajina… Nekada smo imali najveće firme koje su radile u cijelom svijetu, a sad su došli da nas uče kako praviti mala preduzeća, zašto nas ne uče da pravimo velika, nego nas zamajavaju malim, a za to vrijeme njihova preduzeća su sve krupnija.

Strah od posljedica

Latinoameričke zemlje su 70-ih godina upale u nepodnošljiv dug i to onda kada je zaduženje iznosilo 30 posto izvoza i to je gornja granica zaduženosti. Na kraju je to dovelo do oslobodilačkih ratova u tim zemljama. Sa tog stanovišta, gornja granica zaduženosti BiH na izvoz od sedam milijardi KM je dvije milijarde KM. Naš dug je oko sedam milijardi KM, dakle, mi smo dva i po puta zaduženiji od gornje granice zaduženosti. Naši političari tvrde da smo umjereno zaduženi, a mi smo prezaduženi i niko nema ideju odakle vraćati ta sredstva. Nemoćni smo da vraćamo rate duga koje nam stižu na naplatu, prihodi od poreza nisu dovoljni da pokriju dug, tako da će država povećavati poreze građanima i privredi, na taj način će uništavati privredu, koja će propadati, a dugovi će rasti. To je naša sudbina. MMF i Svjetska banka samo zamajavaju narod da bi izazvali njegovo propadanje. U Hrvatskoj su nakon ulaska u EU svi parametri ekonomije pogoršani, to znači da je neoliberalna dogma naturena kroz globalizaciju jedna od najpogubnijih dogmi i najgori način zarobljavanja. Prvi put se narodi u svijetu porobljavaju bezbjednim novcem i danas imate u svijetu 10 puta više novca nego što je proizvedeno robe. Kao kada bi u litru vina nasuli decilitar vina, a devet decilitara vode, može li jedan decilitar vina nadomjestiti devet vode? Ljudi ne razumiju, nije isto biti veliki i mali, Amerika nikad nije vratila svoj dug, nije ni Njemačka, ali mali narodi moraju. Amerika ima i vojnu silu da brani svoju ekonomiju. Mi ćemo sve krvavo platiti, možemo samo strepiti od posljedica.

http://tacno.net/interview/aleksa-milojevic-ekonomista-bih-je-kolonija-a-mi-smo-robovi/

П.С админи ако мислите дека треба префрлете го во економски вести


Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 25-Feb-2014 at 16:49
Капитал анализира: Што и колку извезува Македонија?

Половина од македонскиот извоз се прави со 20 производи!

Биљана Здравковска Стојчевска
Половина%20од%20македонскиот%20извоз%20се%20прави%20со%2020%20производи!

Извезуваме премалку производи, а од нив уште помалку се со повисока додадена вредност или готови производи. Дури половина од извозот лани е направен со 20 производи, а од нив на една рака се бројат производите кои имаат повисока додадена вредност или доработка. Најголем дел од клучните македонски извозни производи ги произведуваат компании во странска сопственост кои произведуваат во слободната економска зона за што од државата добиваат огромни поволности и бенефиции. Останатите извозни производи се сведуваат на суровини, како феро никел, феро силициум, суров тутун,руди на олово, бакар и цинк, производи од железо и челик и свежо овошје и зеленчук.

Македонската економија лани оствари извоз од 4,26 милијарди долари, што е раст од 6,6% во споредба со извозот направен минатата година. Некои медиуми податоците за раст на извозот ги пласираа со наслови од типот “извозот расте како квасец”, а некои министри побрзаа да го објават клучниот доказ дека македонските компании излегле од криза. Капитал направи детална анализа на тоа колку и што извезуваше Македонија во изминатата 2013 година.

Ако треба да се изведе еден генерален заклучок за тоа колку и што извезувавме лани тогаш тоа сигурно би бил дека извезуваме премалку производи, а од нив уште помалку се со повисока додадена вредност или готови производи. Дури половина од македонскиот извоз минатата година е направен со 20 производи, што е уште поголема концентрација во споредба со изминатите години. Од овие 20 производи на една рака се бројат производите кои имаат повисока додадена вредност или доработка. Најголем дел од клучните македонски извозни производи ги произведуваат компании во странска сопственост кои произведуваат во слободната економска зона за што од државата добиваат огромни поволности и бенефиции. Останатите извозни производи се сведуваат на суровини, како феро никел, феро силициум, суров тутун,руди на олово, бакар и цинк, производи од железо и челик и свежо овошје и зеленчук.

Иако минатата година извозот се зголеми за 6,6%, тој се уште е помал од извозот направен во 2011 година кога Македонија оствари рекордно највисок извоз од 4,48 милијарди долари. Ако се анализира на што се должи ланскиот раст на извозот тогаш повеќе од очигледен е заклучокот е дека тој во најголем дел е резултат на зголеменото производство и извоз на странските инвеститори кои отворија фабрики во слободната економска зона Бунарџик. Сите странски инвеститори во Македонија лани имале огромен раст на извозот од над 20%.

За разлика од нив, повеќето компании од металопреработувачката индустрија, која е меѓу клучните извозни индустрии, лани бележат пад на извозот. Голем пад има и кај извозот на нафтени деривати, што е резултат на неработењето на Окта, како и во некои делови од прехранбената индустрија. Но, заклучокот кој најдобро го опишува извозот минатата година е дека извезуваме премалку производи, а од нив уште помалку се со повисока додадена вредност или готови производи.

Така на пример, извозот на најизвезуваните 20 производи лани изнесуваше 2,2 милијарди долари, што е 52% од вкупниот извоз на Македонија. Меѓу овие 20 најизвезувани производи, кои прават половина од македонскиот извоз, како производи со повисока додадена вредност и со повисока фаза на доработка се единствено катализаторите, лековите, табли за автомобили, текстилните производи кои се произведуваат по принципот на лон доработки...Останатите се суровини, како феро никел, феро силициум, суров тутун,руди на олово, бакар и цинк, и производи од железо и челик.

Најголем извозен производ за минатата година се катализаторите кои ги произведува Џонсон Мети во неговата фабрика во слободната економска зона Бунарџик. Лани извозот на катализатори од Македонија достигна 589 милиони евра, што е раст од 25%. Втор најизвезуван производ е феро никелот кој го извезува кавадаречки Фени Индустри, кој лани бележи пад од 12,77%. Трет најизвезуван производ се машините и апарати за филтрирање на гасови, кои исто така се производ на Џонсон Мети, со извоз од 266 милиони долари, што е раст од дури 52%. Со тоа вкупниот извоз на Џонсон Мети од двете фабрики во Македонија лани достигна 855 милиони долари, што е 20% од вкупниот извоз на земјава.

Прилепскиот тутун е четврт најизвезуван македонски производ, чиј извоз лани достигна 122 милиони долари, што е годишен раст од 38,75%. Вкупниот извоз на тутун лани достигна 182,1 милион долари, што е раст од 24,4% во споредба со претходната 2012 година.
Петти најизвезуван производ од Македонија се памучните кошули за мажи, чиј извоз лани достигна 88 милиони долари, што е речиси ист извоз како и претходната година. Извозот на феросилициумот кој го извезува поранешниот Југохром од Јегуновце лани имаше огромен раст на извозот од 88% и достигна 85,8 милиони евра, со што стана шести најизвезуван производ.

Најголем дел од извозните компании од металопреработувачката дејност лани имале пад, а на ниво на индустрија лани извозот на железо и челик паднал за 5,58%. За разлика од железото и челикот, извозот на обоени метали лани бил поголем за 56%. Раст на извозот од 20,3% има и кај мебелот и лани од Македонија се извезол мебел во вредност од 65 милиони долари. Извозот на облека, која во Македонија се произведува по лон –принцип лани достигна 623 милиони евра, што е годишен раст од 4,3%.Раст од 5,2% има и кај извозот на обувки кој лани достигна вредност од 70 милиони долари. Извозот на тутун лани достигна 182,1 милион долари, што е раст од 24,4% во споредба со претходната 2012 година.

Голем пад лани има и извозот на нафтени деривати, кој на годишно ниво е помал за 54,2%, што пред се должи на неработењето на рафинеријата Окта. Пад има и кај извозот на пијалоци од 3,74%, додека извозот на медицински и фармацевтски производи е намален за 5,33%. Извозот на млечни производи и јајца лани изнесуваше 9,52 милиони долари и е намален за 15,52%.

Повеќе извезуваме во Кина отколку во Хрватска!?

Анализата на извозот според земји во кои најмногу се извезуваат македонските производи покажува дека најголем извозен пазар е Германија каде лани се извезле производи во вредност од 1,5 милијарда долари или дури 37% од вкупниот македонски извоз...

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВО БИЗНИС МАГАЗИНОТ "КАПИТАЛ" ОД 21 ФЕВРУАРИ 2014 ГОДИНА (ПЕТОК)


http://www.kapital.mk/MK/makedonija/97774/polovina_od_makedonskiot_izvoz_se_pravi_so_20_proizvodi!.aspx

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 04-Jun-2014 at 09:35

Каде е македонската економија во рамките на регионот

Во Македонија бруто-домашниот производ во 2012 година изнесувал 9,663 милијарди долари, а во Словенија 45,47 милијарди долари

Нина Нинеска-Фиданоска

„Вредноста на српскиот бруто-домашен производ, конечно, се изедначи со оној на Хрватска“, изјави деновиве Александар Вучиќ, премиер на Србија, во интервју за РТС. Според него, ова претставува големо достигнување и чекор напред за српската економија. Изјавата на Вучиќ е добар повод да се проанализира какви вредности имале регионалните економии и како тие се движеле во изминатиот период од неколку години.

„Утрински весник“ ги претставува сумите на БДП во земјите од регионот и од поранешна Југославија, при што се користени податоци на Светска банка, каде што последните достапни показатели се однесуваат на 2012 година.

Според овие бројки, во Македонија бруто-домашниот производ во 2012 година изнесувал 9,663 милијарди долари, а една година претходно, во 2011, тој бил над 10 милијарди, односно изнесувал 10,44 милијарди долари. Во 2007 година Македонија имала БДП тежок 8,18 милијарди долари, а во 2008 бил 9,83 милијарди. Според истите податоци на Светска банка, земјава во 2012 година броела 2,106 милиони жители. БДП по глава на жител, пак, во таа година бил на ниво од 4.589 илјади долари.

Нашиот северен сосед Србија во 2012 година имал понизок БДП од Хрватска, односно тој изнесувал 37,49 милијарди долари, наспроти хрватскиот кој во истата 2012 бил на ниво од 56,44 милијарди.

Во Србија во 2011 српскиот БДП тежел 43,29 милијарди долари, додека, пак, во 2010 тој тежел 36,99 милијарди. Во 2007 БДП на Србија изнесувал 38,95 милијарди евра, а во 2008 бил најголем и тежел 47,76 милијарди долари. Во 2012 година Србија имала 7,22 милиони жители, а БДП пер капита изнесувал 5.189 долари.

Хрватска, пак, во 2007 имала БДП на ниво од 59,34 милијарди долари, а во 2008 тој скокнал на 69,6 милијарди долари. Во 2011 економијата на Хрватска вредела 61,79 милијарди долари, а во 2012 се спушта на 56,44 милијарди. Во 2012 Хрватска броела 4,27 милиони жители, а нејзиниот БДП пер капита е многу пореспектабилен од нашиот и од српскиот, и тежел 13.227 долари.

Црна Гора во 2012 имала БДП вреден 4,23 милијарди долари, додека во 2007 тој бил на ниво од 3,66 милијарди. Со 621 илјади жители во 2012, црногорскиот БДП пер капита изнесувал 6.813 долари.

Албанија, пак, со БДП од 10,7 милијарди долари во 2007 година, стигнала до 13,12 милијарди долари во 2012 година. Таа земја има 3,16 милиони жители, а нејзиниот БДП пер капита е 4.148 долари во 2012 година.

Босанскиот БДП, пак, во 2012 изнесувал 17,05 милијарди долари, а во 2007 тој бил на ниво од 15,28 милијарди. БиХ брои 3,834 милиони граѓани, а БДП по глава на жител во таа земја бил 4.446 долари.

Како стојат работите во Словенија на тој план? Во 2012 година таа држава имала БДП тежок 45,47 милијарди долари, послабо од 2011 кога изнесувал 50,28 милијарди. Во 2007 година, пак, словенечката економија вредела 47,31 милијарди долари. Словенија има 2,06 милиони жители, а интересен е нејзиниот БДП по глава на жител, кој во 2012 тежел дури 22,092 долари, речиси двојно поголем од хрватскиот, а повеќе од четирикратно поголем од нашиот.

Бугарија, пак, во 2012 имала БДП од 51,03 милијарди долари, додека во 2007 тој изнесувал 42,11 милијарди. Со 7,31 милиони жители, Бугарија во 2012 имала БДП пер капита од 6.986 долари.

Владимир Глигоров, угледен економист од Виенскиот економски институт, во една своја колумна прави интересна споредба меѓу Полска и Украина, во смисла колку влезот на Полска во Европската унија бил значаен за нејзиниот раст на БДП по жител, наспроти оној на Украина, која е надвор од европското семејство. „Украина имаше подобра почетна позиција во периодот на падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот Сојуз, за сега нејзиниот БДП по глава на жител да биде едвај половина од оној на Полска. Споредбата е на место затоа што станува збор за две соседни земји со слична големина. Исто така, во Украина често се поставува прашањето, зошто ние не сме како Полска? Не мал број Украинци мислат дека е така затоа што Полска е членка на Европската унија, а Украина не е. Тоа во еден дел ја објаснува популарноста на европските интеграции во Украина“, вели Глигоров.

Бруто-домашниот производ, или БДП е еден од основните начини на мерење на големината и перформансите на една економија. Бруто-домашниот производ е дефиниран како вкупната пазарна вредност на сите произведени финални добра и услуги во една земја во одреден период, вообичаено, една година. Според тоа, во БДП се вклучуваат само финалните добра, т.е. се исклучува вредноста на интермедијарите производи во производството. Бруто-домашниот производ е централна макроекономска категорија, преку која се мери вкупната економска активност на една земја.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=F6EBA1ADEB6DDE41A173F64CDBD57877
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13140
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 21-Aug-2014 at 08:59


vecer.mk

Edited by Џоле - 21-Aug-2014 at 08:59
За сè има вторпат
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 644
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 20-Sep-2014 at 13:58
Kako ne gledaat od nadvor:



Makedonija: porezni raj – radnički pakao

http://www.bilten.org/?p=2454
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13140
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 01-Nov-2014 at 11:27
ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ СТРАНСКИ ВЛОЖУВАЊА ОД 177 МИЛИОНИ ЕВРА

Во споредба со истиот период лани кога Македонија станала домаќин на близу 188 милиони евра, годинава имаме благо намалување за 6,1 отсто

Нина Нинеска-Фиданоска

Од почетокот на годинава заклучно со август во Македонија влегле 176,5 милиони евра странски инвестиции, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Во споредба со истиот период лани, кога Македонија станала домаќин на близу 188 милиони евра, значи дека годинава имаме благо намалување за 11,5 милиони евра, или за 6,1 отсто.

Само во август годинава странците вложиле 24,5 милиони евра. Притоа, на сопственички капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат само три милиони евра, додека, пак, во делот на должнички инструменти, вкупниот влез на инвестициите е 21,5 милиони евра. Тука, пак, како вложување на директниот инвеститор во претпријатието во кое се инвестира (обврски) се наведени 6,2 милиони евра, а како повратно вложување (средства) износот е минус 13,4 милиони евра. Додека, на вложување меѓу хоризонтално поврзани претпријатија (нето обврски) отпаѓаат околу два милиони евра.

Ако се гледаат странските вложувања по месеци, може да се забележи дека најдобар месец досега е март, со вложени 42,2 милиони евра, додека, пак, најлош е јуни, кога имало одлевање на 860 илјади евра. Во јануари годинава биле инвестирани 24,3 милиони евра, а во февруари 34,7 милиони. Во април инвестицискиот резултат е 7,5 милиони евра, а во мај 24 милиони. Јули и' донел на Македонија 20 милиони евра странски инвестиции, а август 24,5 милиони.

За годинава Владата најави дека очекува влез на околу 300 милиони евра странски инвестиции. Ако во првите осум месеци од годинава се вложени 177 милиони евра, излегува дека за да се исполнат плановите би требало во преостанатите четири месеци да бидат вложени 123 милиони евра, или во просек по 30,8 милиони евра месечно.

Според најавите на Владата, во наредните месеци се очекува нов прилив на странски инвестиции. Во отчетот на премиерот Никола Груевски за 100 дена Влада, тој рече дека привлекувањето странски компании го смета за една од најуспешните политики на Владата. „По 17 објавени инвестиции во Македонија пред изборите, во првите 100 дена, шест компании објавија одлуки за инвестирање, а уште шест донесоа интерни одлуки. Уште две компании присутни со инвестиции одлучија да ги прошират капацитетите. Тоа се вкупно 31 инвестиција“, рече Груевски.

Инаку, најуспешна година досега на планот на привлекувањето на странските инвестиции била 2007, со инвестирани околу 506 милиони евра, што следуваше откако во 2006 во земјава влегоа 345 милиони евра. Во 2008 во Македонија биле инвестирани 400 милиони евра, а во 2009 година има значаен пад на инвестицискиот скор и тој изнесува 145 милиони евра, слично колку и во 2010, 160 милиони евра. Подобрување е регистрирано во 2011, со инвестирани 344 милиони евра, а во 2012 година повторно влошување на инвестициската слика, со 111 милиони евра. Во 2013 година во земјава беа инвестирани 252 милиони евра, а за годинава очекувањата се движат на 300 милиони.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B548997B9D6D2E43AE01B522ACE0EC1B
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13140
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 15-Nov-2014 at 19:46
Првиот камион произведен во Македонија



Во Македонија е произведен првиот камион. велешката компанија „Брако“ започна со производство на камиони за вакуумско чистење на градските улици.



http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=53896

Edited by Џоле - 15-Nov-2014 at 19:53
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13140
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 22-Jan-2015 at 08:50
И СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ПРОТИВ ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ХОНОРАРЦИТЕ

МАЈА ТОМИЌ

Многу забелешки и препораки до надлежните институции содржи првото издание на „Белата книга“, подготвено од Советот на странски инвеститори, кој го сочинуваат на 110 странски компании што работат во земјава, а се од разни профили и големина. Целта е да се влијае врз подобрувањето на деловниот амбиент, отстранувањето на непотребните бариери за бизнис и да поттикнувањето на инвестирањето.

Покрај позитивните оценки на реформските процеси и деловната клима во земјава, инвеститорите во „Белата книга“ даваат многубројни препораки и забелешки:

· Да не се менуваат често законите, бидејќи тоа доведува до нестабилна клима за инвестирање. Од многу измени на даден закон во текот на една година, може да се случи фирмите да не успеат да исполнат одредени обврски. Примената на законите се' уште е предизвик, особено придобивање разни дозволи, лиценци, одобренија и регистрации;

· Силно се препорачува хонорарните договори и договорите за привремени вработувања да не подлежат на плаќање надоместоци за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, бидејќи со тоа вработените немаат подобри права;

· Пазарот на трудот треба да е пофлексибилен и да се укинат непотребните бирократски постапки со што ќе се олесни процесот на вработување;

· Законот за работни односи да биде пофлексибилен и да им овозможува на договорните страни да ги уредуваат односите, без кратење на работничките права.

· Администрацијата е се' уште бавна и неефикасноста и реформите треба да се одвиваат забрзано;

· Моделот на раст, во кој внатрешната побарувачка е клучен фактор, треба да се замени со модел во кој главна движечка сила е извозот;

· Потребно е да се работи на намалување на вкупните административни постапки и законски оптоварувања и да се воведат пософистицирани решенија во работата на Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување и Фондот на пензиско;

· Да продолжи борбата против корупцијата;

· Образовниот систем треба да претрпи суштински промени за да може да обезбеди висококвалитетен кадар за потребите на компаниите;

· Компаниите треба да имаат полесен пристап до финансии

· Прекршочните казни од договорните односи да се укинат, и да се заменат со казни според големината на долгот;

· Задолжницата да претставува можност, а не обврска на компаниите. Казните кои се предвидуваат и за издадена и за неиздадена задолжница што може да доведат до ситуација компаниите да се плашат да се впуштат во какви било договорни односи;

· Да се почитуваат препораките од ЕУ за унапредување на судството и судските одлуки да бидат поделени по година на завршување и вид на постапка;

· Владата да продолжи со процесот на гасификација, како и со натамошна реализација на градежните проекти на Коридорите 8 и 10, на железничката линија со Бугарија, како и на Рутата 9 и 6 од автопатиштата од македонската граница до Приштина.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=EECA6743F263D848914C09F7C79AAC4A
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.