build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Економски вести
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 22-Mar-2015 at 11:27
МАЛКУ ЕКОНОМИЈА Вака функционираат денес работите во Македонија

Кулаков: Ме прислушуваа, па ме уценуваа за да ми ја грабнат фирмата

21.03.2015 | 17:03
Прочитано: 10165
Прислушувањето било користено за уценување на бизнисмени и преземање на нивните фирми, тврди генералниот менаџер на фирмата „Јадран“ од Неготино, Тодор Кулаков, кој низ својот пример објаснува како се прават тие притисоци.  Според него, на ваков начин се преземени фирми вредни над 100 милиони евра.
 
- Логички е ако толкав голем ефект правиш со прислушувањето на политиката дека тој нема да се ограничи само на тоа, а да не чепне, народски речено, раката у мед да ја стави... Е па така чепнале. Над 50 фабрики се преземени преку обезвреднување на компаниите, вели Кулаков. 
 
Според него, прислушувањето се користи за дознавање на плановите и проблемите на фирмите, контактите со деловните партнери и нивно попречување односно дознавање до детали на начинот на функционирање на фирмите. 
 
-Врз основа на тоа, следува, според овој тајкунски систем, фаза на обезвреднување на компаниите со вешто блокирање на активностите на фирмите што финишира и преку блокирање на финансиските активности со помош на банкарите од оваа тајкунска мрежа. На крајот резултира со неколукратно обезвреднување на компаниите. И доаѓа, се разбира, последната фаза на воспоставување на контрола врз фирмата и преземање на фирмата дали преку фирми во скриена сопственост на тие тајкуни или преку нивни сателитски фирми, објаснува Кулаков. 
 
Неговата фирма е проценета на 5,5 милиони евра, а најсилниот притисок за нејзино преземање бил во летото 2013 година.  
 
Кулаков вели дека се надева дека институциите сепак ќе си ја завршат работата и ќе му застанат на патот на ваквото криминално преземање на фирмите.

http://24vesti.mk/kulakov-me-prislushuvaa-pa-me-ucenuvaa-za-da-mi-ja-grabnat-firmata

„Ексико“, Камчев и Панделески влегоа во „Здравје Радово“

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21078 

надоврзуванје од горниот текст.

И сигурно сите се секќаваме за случајот на Екстра-Меин со листерија целосно искреиран случај,знаеме сите поради што,со користење на истите методи опишани во текстот погоре и уште еден куп други примери


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 16-Nov-2017 at 15:45

чув в Битола чаршиски муабет дека Камчев го принудувале да ги пушти акциите од зкПелагонија, изгледа ват гоус араунд камс араунд, иако чоекот (партијата) ги купи акциите од Гагачев факајќи го во матно за неговиот ала гпМаврово спин, кога нелегално сакаше да ја одвои фирмата ќерка Жито Полог од ЗИКо ...

него еве интересен инфографик колку само менува кога има боја во позадина на статистиката, бар за промена, корисно во однос битни поенти, а би било идеално ова да е интерактивна мапа која би посочила понатака како одело задолжувањето низ годините до сега, хм идеално ако имаше да видиме и на што ошле народните пари ...



edit: инфографикот од 2017-та а веќе испарил, среќа архивиран беше на archive.org па го репостирам, всушност еФоруми е корисна работа само ако фотките и линковите се дополнително архивирани, во спротивно постот губи од контекст и смисла со испарени делои ...


Edited by Zelenikovo - 04-Feb-2019 at 09:28
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 04-Dec-2017 at 23:32

зошто ЕМО Охрид не стана успешен бренд има интересен абер од вмео [1] ова е-то е веројатно акроним за елитна, како дополна еве инфо и од разрешницата годинава [2][3]

24.11.2017 - https://sdk.mk/index.php/makedonija/viktor-mizo-e-direktor-na-firma-na-koja-kako-vladin-sluzhbenik-dade-sto-otsto-vladini-subventsii-reche-angushev/

него кој парцели на ЕМО сега ќе се распродаваат, најблиску до езеро треба да се погоните кај населба Рача, имаат нешто во село Косел мислам и нешто во Струга ... дали бидејќи ова е државен имот можат да го отстапат за нова Болница [1] преадаптирајќи ги погоните во нов клинички центар ... колку би чинела една ваква преадаптација а колку градење нова Болница, дали заштедата само на припремна работа околу гринфилд наместо браунфилд Болница би заштедило екстра камен за медицинска опрема!?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 30-Jan-2018 at 17:18
Дали некаде може да се најдат информации за невработеноста во Република Македонија по општини? Еве интерактивна мапа за Република Хрватска: http://demo.croracun.hr/

Edited by Staro Skopje - 30-Jan-2018 at 17:19
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 19-Nov-2018 at 14:41



кај нас прво треба Попис еве деноиве во најава еден, но бидејќи истиот нема да се тера биометриски, дефакто и бројката на невработени ќе расте, впрочем мнозина се водат и како невработени а се заминати надвор, за што пак гајрет е законот за одјавување адреса односно престој и како печалбарите сеуште дремат не само во статистика туку и во избирачки список, а и биометриски да го тераат попусот пак истиот нема да биде 100% ефективен, за што пак може и треба да се оди на повеќе нивоа, споредувајќи ги базите на податоци на мобилните оператори, на граничните премини [1] во спротивно со постојниот попис каде како но добар дел од население нема да начекаат дома, оние пак дома за да не им наплатат казни бидејќи печалбарите не се одјавиле ќе ги кажуваат ко да се дома итн. итн. мислам ок нека опнат казна за лажно сведочење ем Полиција да има право да ги споредува пописните изјави и граничните движења та може и пописните информации да се целосно употребливи како статистички абер неопходен за државни есапи ...

мене не ме загрижува невработеноста, туку дали до следната светска економска криза ќе ушуќариме што пивече кредити а со тоа и кренеме каков таков квалитет на живеење од спунт, тренд кој Грујо го завозе, но Зајко го ресетира, иако претходните бар извадија некакви проекти на маса, додека сегашниве турниме да кинисам изгледа едно два мандата ќе им треба за нешто да склепаат, иако она што Грујо го ветуваше - земјоделска влада, а по логика на нешта Зајко ко Чоек сигурно со искуство и на нива би требало да ја стори, но ето ни претходните ниту овие имаат озбилни развојни програми и стратегии како да релоцираат народ кон Рурална Самоодржливост, нормал им требаат градски бројлери за да бркаат greedфилдери како би штимале полесно фалц бдп, но истото како така сега не држи на какво такво ситно задолжено ниво, но си имаме проблем со зајковци да разберат дека сред кашатализам не се тера социјализам ќе глумеле дечките домакинлук што никогаш вака како ја тераат нема да го постигнат, како велат фрли рипче фати крапче, ами овие обратно фрли крапче фати рипче, фокусирани се преку Устав да довлечкаат отварање преговори со еу, онаму каде и оние што не заминале таман да заминат бидејќи се надеваат дека ќе биднеме на цицалче, а всушност че влетам во пазар каде не сме конкуретни од таму тука ќе влетаат апашана и вештачки ќе кренат стандард но не и плати, и во најдобар случај ќе биднеме ко Хрватска презадолжени е со европски цени посреди балкански плати, сетне масовно им бегале млади, та тоа тука не е издржлив живот не пак таму, но ако Чоек најубо на својте грешки учи, ашава пак без конкренција уникатна и неповторлива другде, ајт и така долго светската економија нема да стои вака простум, камо Народ да се свести и да си поднапраи какво такво рурално осигурување со засолниште и алат, а убо би било и државата да мислеше за тоа вака и.и онака, но кога ќе се видат просторните планови на РМ јаснно е дека немаме спремност да се соочиме ниту со расчистување ѓубре од една поплава а не пак колапс на економија, убо би било да ме демантира некој и да извади уки како во какви околности населението би можело да се реорганизира дали при економски политички или природен колапс, ќе имаат ли Луѓе бар питка вода, ека земат бар едно сто артериски бунари со бушотини од 300 до 500 метра нека сторат ако не друго бар на прва за чиста вода да не му се мисли ...

смешно е што живееме во време кога алатки за премерување со здружени сили имаат на претек научниците а не ги користат, еве постојат платформи како е-форуми та пак немаме видено некој некаде од својата фела бар по фалкутетите институтите и министерствата да имаат свој интерен еФорум за премерување стратегии како научници и практиканти, коа тоа пак би го чинеле економистите секојдневно тоа чунки ќе не доведе бар лесно до нзс да и левица и десница не на сила ами сложно ќе туркаат инвестициски проекти, зошто да не измолзиме и ние од фиктивното светскко богатсво за живот на вересија а така да поставиме каква таква Самоодржлива инфраструктура за Не Дај Боже пр. Општински Машински Кругови за социјални рурални реемигранти кои ќе бидат помогнати и со земја па и со помош околу исправање полураспаднати куќи итн.

https://bigthink.com/strange-maps/the-national-debt-pizza-how-much-is-your-slice#Echobox=1541577242


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 29-Jan-2019 at 10:29

кога ќе биде следната светска економска криза, хм незнам ете на крај од постов има некои филмои за возрасна публика, но ајт прво да пробам да ги посочам економските ризици со кои се соочуват економските џинови кои се мотор на светската економија и каде сме ние во однос нив, тие се налик џинови кои играат фудбал врз палети со гајби полни стаклени шишиња, теоретски си помагаат во натпреварот кој повеќе вода ќе наточи но воедно и си ги крадат шишиња ненамерно како играта е поставена односно си ја договориле или попрво фатила инерција како секој би почнал да ја надградува својата вештина на полнење додавање набацување жонглирање клизачи бранење испади глумење итн. чек дис има и дремење, нам ова како јуниорски феномени ни е главна фора да додека се учиме и тренираме, а сега со ерга-омнес дилот и загреваме до аут линија просто анајлесно ни е да дремеме!

и знаете после кој дава голови највеќе токму тие на аут линијата, но само ако се спремни а не задремани, реалност која sdSSm си ја руши и заради фокусирање на ерга-омнесот низ вод пушти многу што стекнато одсоите претходници, иако за волја на вистинтатоа почна да го прави уште одма кога почна шарено да парадира та и сите на трибини кои покажале интерес да вложат во нашиот потенцијал искулирале, сега пак sdSSm се надева дека од под трибини заради дремачка послушност ќе ги наградат европете изобилно низ разни тапшања по рамо, евала да си го фрлиш дресот и да изигаваш кловн ормално ќе ти речат арлија паљачо не изнасмеа еве ти жонглирај и ти малку, но еднаш кловн цел живот кловн или!? акоткви номл утре ќе ни маваат заушки и пак ќе не третират ко собирачи на залутани топки, освен аконе е опаметиме и не почнеме и самите да се днесваме како сите останати односно даваме се' од себе за да биднеме кадети па професионалци, да имаме раст кој ќе наликува на Марадона на млади години, за жал ние се однесуваме како да сме Марадона на стари години кажете како да ја опишам нашата ноншалатна природа да сакаме да пораснеме а основна предстрожност како преглед на спортска медицина што во нашиот случај би било биометриски попис не го чиниме, нели како би знаеле за што се сме спремни, иако под капа на Спортка Медицина влегуваат многу други прегледи освен статистии, да набројам неколку работоспособност на фелата, нели не значи дека ако постои некој нерв дека и рефлексите се топ, та зар има некое бодување според заслуга која ќе ви влегува индивидуално кака клетки во работно досие, дали тоа досие исто си оди на жими мајка препорак од бивш газда а знаеме дека најчесто кога некоја клетка напушта едно ткиво дефакто дошло до недоразбирање, та чинам сите успеси кои ги има дадена клетка треба правовремео да се заведуваат во општо јавно поведение, а тоа и зицерите може да се шминкаат т.е. не бидат дрско прикажани, но само така е воможно да знаеме на што сме со сигурност, знаете нели има клетки кои ништо не рабоат а ете одат неприметно да го прават она што другите воопшто не ги засега пример Призивање Божја Благодат, забавување и пазење на малџиските Дечиња, Насмевки како Баскери на уморни минувачи, едно време дури имаше едни трендовски кои Народ по случаен избор го гушкаа на Плоштад, но и такви кои од скоро ревосно се трудат да Готват Храна за Бездомнии итн. итн. сите тие освен тапшање по рамо ништо друго не добиваат, и не ни мора но бар некаде да им го чкрнат тоа како активност за да знае одредена артерија каде што да полни обемно, вака сега како си тераме на жими мајка само у глава маваат тромбови а после дотрчува некој до аут линија да не освестува
е сега без разлика на спремноста поведението волмата знаењето, да речеме сега не натерале да глумиме стари Марадона кој ќе глуми ко млад марадон така уствари бивајќи паљачо бидејќи од џебои испозвадил разни пенкала за да собира по аут линија и кога има шанса да се освести и отповеќе, но за што е кадарен не знае, пак и пак размислува дека развојно треба да глуми робот а тој да ти е всушност Селско Дете но забораил не бил одамна на Село што да праи за да се извади и долгрочно стои цврсто на нозе да не се тетерави, што треба да земе да теќерави, прво опинци наместо бос да земе да ора по тревата, после стегачи да не му паѓаат гаќи кога ќе раскока по неа за да не избега одма одтаму, потоа стегач за глава за да не му капе многу пот од чело бидејќи одамна не се растрчал здраво итн. итн. мои мили северомаусдонци тоа значи на Македонија и треба Земјоделие за да си дојдеме на себе долгорочно, како ќе го сториме тоа незнам, имате учени нека земат нека најдат начин како да мотивираат Млади Брачни Парови (бар тие треба да имаат предност заради Прираст на Популација) за Рурална РеемигРација, само така е возможно да стане збор за Самоодржливост долгорочно, еве утрово думав дека тоа треба да е на ниво на 30% [1] идеал до кој лесно не се доаѓа, груевци велеа 250 евра месечно се довлна мотивација бреј лапај си пари тректор ќе ти падне од марс и сам ќе ора, мислам ало докторе дај аспирин зошто за Природен Иљач воа главучките вијуги немаат абер та може ќе се опаметат со хемии, обично им текнуе да се пофалат дека ЌЕ имале земјоделска влада а на крај извадија груевци идеја за балканска банкарска офшор зона, саде на сите тука рокфелер им е амбиција та убаини, додека зајковци имале некаква теслина 369-тка а тоа да ти било трипартитен коплерај помеѓу могериновци ципровци и нив, мислам се гушкале најкомшиски, како поинаку да го протолкувам дефокусирање од економија кон ци-за дилање незнам, се потепаа да и угодат и двајцата на могеринка а на крај наместо таа ним или тие неа меѓу себе си разменија машни, нејсе, што ќе прават незнам НО едно е Вељо Тантаро да извади Земјоделска Партија ако овие не можат друго освен ко змејоделско-бројлерски постојано да ни се товарат како авторитети без конкуренција, и Вељо да беше пред Могеринка па ќе извадеше за вватод сите оние 300 милијарди за ципро бар едно 30 за зародиш на Ново Македонско Земјоделие, но било што било, каде сега со овој памет!?

знаеме ли дека тамoшните кои се имаат растрчано по флашираниот терен си имаат многу што остаено забораено застоено потскршено скршено, свесни ли сме дека се' за миг може да ојди апсана заради преголема балетанска амбицозност со толкава килажа, мислат стријата за семафорот е во нивни раце и оп може да прават шо сакат и кај сакат да акаат, но каузалност та и кога немаат лоша намера тро терсене инерција, и оп сите четири во вис, Не Дај Боже но ќе да саклдисаа озбилен гајрет могериновци што не присилија нас на сокс без осет, дека ако глата може тоа да го проголта другите ткива неможат та вајбоина да ја додржат та стигнала мрчајќи до нивните шишиња, или само така ми се чини, може сум грешка ќе да не сум разбрал добро, ај карамба барт симпсон им ја промовирал како олраунд изрека во сАд или некој друг, но кој ќе им ја промовира во еу, видиш супер им одеше со БРРРегзит, и таман стегнаа да не сарат ергаомнистично оп им пррропадна ним од спунт дилот, само да е пропаднат така сите сонего, иако тоа нема да биде брзо ако е случај, а нам ни останува нешто време да се консолидираме со мислите и да одучиме дали ќе ја затераме Македонија навистина Земјоделски или пак инвеатициски ќе размислуваме да фрламе субвенци по бројлерски гридфилд браинфалш конфекционери, зар побитно е Здрава Храна и мали Фарми заради социјален мир ем Здрав Живот апреку Рурални Општински машински Кругови, правична распределба на земјоделско земјиште низ земјишна реформа, а сето тоа со предност за Рурални Реемигранти наместо зик-ои и ним слични, или пак гетото ќе го правиме фарма од фејкбук краста'иц'шпалирани, камо да имаше дебата 24/7 на оваа тема, онака експертски, зошто вреди да се заборџуваме додека сеуште можеме а тоа да генерира бар некаква Самоодржливост и Волја За Слобода од урбната џунгла, бреј така ќе скокнат одма урбимафи деа градежниот сектор ќе рокнел и макроекономски ќе сме биле во аут, така е кој ќе ви ги купува станоите и вози патиштата кога сите Млади ќе ви се иселат и сега ако меркелка си го исполни ветувањето дека во јануари немало да има работни визи за сервомасудонци, а ако не ќе знаеме дека лажењето им е главна фора па на следен референдум за европска интеграција може и сами ќе речеме не фала, нормално ако до тогаш се подосвестиме за сите ризици од еутаназија! вушностглавната причина зоштосеанесакаат поатојните удбалитичари активна еФорумска дебата туку само спиндерела фејкбукоски агитпроп без можнот да се премерат сите аршини и ризици правовремено, прашајте ги Хрватите сега им е криво зошто им се брзало, нели брза кучка слепи кучиња раѓа, но дали сега не е тоа така ис еропеите, бреј се брзаа за федерализација иоп чикен ран им протча низ ришел и оп Фараж долета со референдум во лондон егит братја британци инаку има да не нема, чинам дури и кралиц му имаше покрастрено крила натака, којзнае може посреди е само блфрање заради поголем авторитет или пак спешлрилејшн члеств, знаете она некои играчи не скаат да доживуваат како резервни а сим се репрезентативци со тапија, но да видиме ...

една од гајбите обврзници
04.01.2019 ~ https://www.ft.com/content/Brexit threat to European sovereign bond sales

21.08.2018 ~
https://www.ft.com/content/Risk of a no-deal Brexit matters for European bank bonds

15.01.2019 ~ https://www.bloomberg.com/news/articles/2019-01-15/it-s-2012-again-as-europe-eclipses-latin-america-in-bank-risk

друга и можеби поопасна дериватите
14.01.2019 ~ https://www.ft.com/content/Brexit spells trouble for Europe’s €660tn derivatives market


Edited by Zelenikovo - 29-Jan-2019 at 11:04
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 04-Feb-2019 at 10:01

хипотетички можеби ова е сценарио за контролиран хаос кој некои елити во сенка го менаџираат како би стигнале час поакоро до федерализирана европа а по можмост односно логично мерџинг потоа меѓу сЕд и сАд, зар грегзитот не беше таква фора, си го избалансираа долар америте во однос евро со еден удар, зар од кај нив не излезе патката за фалцуваните грчки биланси, не сум паметен да речам и ова е слично сценарио, дури и тоа како предетерминирано сигурно имало екстра ризици од колапс на еврозоната по систем на врзани садови, но ете излегоа на крај европеите, ко што велат дури и појаки!?

инаку дериватите врзани за лондонската безра се 1една десетина од оние 660 трилиони евра во еу како унија ко што велат во текстов, прашање е само дали навреме ќе стигнат се' да испеглаат, колку и 1% е доволен за да се создаде паника!? тоа грегзитот со 300 милијарди евра дупка им зададе тешки главоболки а не пак трилион два да кикснат, лаички видено шпекулации фрчат секојдневно и за банални ризици а така реметат пазар, а не пак да постои озбилен ризик, тоа така ќе се рефлектира на цел европски берзански пазар, во кој случај банките ќе мора да бидат консолидирани дополнително а што значи забавен еконосмки раст доколку обемот е поголем, тури претури да не си ја срушат играта навистина и ненамерно, доколку ете не постои во позадина никакво сценарио за контролиран хаос, а од она што го имам научено следејќи домашен пример на инвеститор обично берзанските играчи кога станува збор за ризик не се двоумат да рискираат, просто берзите се коцка добива оној кој е спремен да рискира, а многу се, особено во вакви околности кога водата е разбуричкана и секој чека во матното да се офајди, да се надеваме знаат што прават европеите чим се толку самоуверено исклучиви во однос простор за пеглање на брегзит разлики до истекот на рокот ...

The message was blunt: the threats were simply too big to be left to industry to solve on its own, with thousands of firms and millions of derivatives contracts and insurance policies, on the line. The U.K. was ready to step in with legislation to permit banks and insurers to do business in London in case of a hard Brexit, and so should the EU, they said [1]
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13140
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 09-Apr-2019 at 15:54
ПОЛОВИНА ОД ИЗВОЗОТ ГОДИНАВА ЌЕ ГО НАПРАВАТ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ОД ЗОНИТЕ

Сите 24 компании што работат во технолошко индустриските развојни зони лани направиле извоз од 2,43 милијарди евра и тоа е за петтина повеќе отколку годината претходно, покажуваат податоците што ги добивме од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ). Тоа значи дека 45% од целиот македонски извоз минатата година е направен во овие зони.

Проценките се дека годинава овој удел ќе се зголеми и дури половина од се што извезува земјава надвор, ќе се произведува во погоните на компаниите што работат во зоните.

Под одделни компании, апсолутно најголем извозник е компанијата Џонсон Мети која лани направила извоз од 1,8 милијарди евра, што е третина од целиот македонски извоз. Или пак, ако се спореди со извозот само од зоните, произлегува дека дури 75% се создава од оваа компанија. Рангирањето на најголемите извозници по одделни компании од технолошко индустриските развојни зони Капитал ќе го објави следниот месец во едицијата Топ 100 извозници.
Анализата на показателите покажува дека се зголемува и нето извозот од зоните, па така ако во 2017 година компаниите продале надвор за 283,4 милиони евра повеќе производи одошто увезле, минатата година извозот бил поголем од увозот за 342,7 милиони евра.

Бројот на вработени до февруари годинава пак, достигна 13.196 луѓе. Најголем работодавач меѓу нив е Адиент Ситинг лоцирана во Штип, каде што се вработени вкупно 2.144 луѓе, а потоа следуваат Гентерм со 1.853 вработени, Ки Сејфти Системс со 1.496 вработени, Адиент Аутомотив од Струмица со 1.493 вработени и Леар со 1.329 работници.

Директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони, Алекснадар Младеновски посочи дека оваа дирекција посветено работи на подобрување на условите во зоните со цел да се обезбедат подобри услови за работа на инвеститорите и ги објави податоците за перформансите на компаниите што работат во овие зони.



2018 година компаниите од зоните направија рекорден извоз од 2,43 милијарди евра, што е за околу 20% повеќе од 2017 година. Зоните ги развиваме во забрзано темпо, дел од нив беа недоволно развиени. Ќе започнеме со изградба на ТИРЗ Скопје 3, во ТИРЗ Штип ќе започнеме со реализација на гасовод, во ТИРЗ Струмица се гради терминалот, последниот дел од зоната. Во ТИРЗ Прилеп се гради приклучниот пат, водоводот и канализацијата се завршени, во ТИРЗ Струга исто така се гради приклучен пат, додека водоводот е завршен лани, а во ТИРЗ Кичево се доградува внатрешната инфраструктура. Сите овие инвестиции ги правиме во насока на побрзо завршување на зоните и обезбедување на подобри услови за работа на компаниите, што очекуваме да резултира со отворање на нови работни места“, истакна Младеновски.

Од Дирекцијата што менаџира со зоните објаснуваат дека тоа се планирани економски целини наменети за влез и работа на технолошко напредни компании кои директно придонесуваат за забрзување на развојот на подрачјата каде се основани и подобрување на економската состојба во државата. Преку стратешко планирање, определени се 13 локации на кои се основани вкупно 15 технолошко индустриски развојни зони кои се во различен степен на градба. Инфраструктурните работи се изведуваат согласно најавените инвеститори, нивните потреби и предвидена динамика и согласно програмата за работа на Дирекцијата за ТИРЗ, а според планот од Буџетот за годинава, за таа намена се наменети околу 10 милиони евра.
Зоните се лоцирани во разни делови на државата, а нивната географската распределба овозможува рамномерен регионален економски развој како и диверзификација на инвестициите. Во зависност од видот на инвестицијата, дејноста и потребите на потенцијалните странски инвеститори им се нудат локации во различни зони во земјава.

Од основаните зони, оперативно подготвени и функционални се 8 зони и тоа: ТИРЗ Скопје 1, ТИРЗ Скопје 2 ,ТИРЗ Штип, зоната во Кичево, Прилеп, Струмица, Струшко Охридската зона и зоната во Тетово.

Во зоните фигурираат вкупно 28 компании, од кои 24 се оперативни а останатите имаат договори за закуп за земјиште и се очекува да почнат со градење на фабриките.



Повеќе на https://kapital.mk/polovina-od-izvozot-godinava-ke-go-napravat-stranskite-investitori-od-zonite-2/
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 20-Apr-2020 at 21:02


Oil prices dip below zero as producers forced to pay to dispose of excess

Jillian Ambrose and Martin Farrer

US crude has negative value for first time in history as stockpiles overwhelm storage facilities

US oil prices turned negative for the first time on record on Monday as North America’s oil producers run out of space to store an unprecedented oversupply of crude left by the coronavirus crisis.

The price of US crude oil collapsed from $18 a barrel to -$38 in a matter of hours, forcing oil producers to pay buyers to take the glut of crude which they cannot store, as rising stockpiles of crude threaten to overwhelm oil storage facilities.

(...)

Despite the historic production cuts, most analysts believe that oil prices will fail to reach the same price levels recorded at the beginning of the year before the outbreak. The global oil price, under the brent crude measure, reached highs of almost $69 a barrel in January before plummeting to less than $23 a barrel at the end of March.

https://www.theguardian.com/world/2020/apr/20/oil-prices-sink-to-20-year-low-as-un-sounds-alarm-on-to-covid-19-relief-fund
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1956
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 21-Apr-2020 at 15:58
А кај нас од утре повисоки цени
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6866
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 21-Apr-2020 at 16:08
Владината уредба за акцизите на нафтата ќе остане на сила речиси до Нова Година

Очекува ли Владата нестабилноста на нафтениот пазар поради кризата предизвикана од корона вирусот да трае подолг период е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека новата Уредба со која се зголемуваат акцизите за нафтените деривати се предвидува да трае за време на вонредната состојба, но и седум месеци по нејзиното завршување.

Со Уредбата од 5 мај, годинава се воведува нов начин на пресметување на износот на акцизата за безоловниот бензин и за гасното масло како погонско гориво.

„До отпочнувањето на примената на новата пресметка акцизата за безоловниот бензин со важност до 4 мај 2020 година се утврдува на 24,692 денари за литар, а износот на акцизата за гасно масло како погонско гориво се утврдува на 18,121 денари за литар. Оваа уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба“, пишува во Уредбата која веќе е објавена во Службен весник.

Одлуката за продолжување на вонредната состојба излезе во Службен весник на 17 април годинава, што значи дека таа би трабало да трае до 16 мај. Математиката покажува дека уредбата која се однесува на акцизата ќе биде на сила некаде до средината на декември, годинава односно дека „стариот“ Закон за акцизи ќе се врати две недели пред Нова година.

Од Владата денеска соопштија дека новиот механизам овозможува и постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од здравствено-економската криза заради корона вирусот.

„За оваа мерка да биде добро и правично решение зголемувањето на акцизата за +3 денари, ќе важи како анти-кризна мерка доколку не се промени/зголеми цената на нафтата, односно ако малопродажната цена се зголеми за 10 денари, акцизата ќе се намали за -1 денар, така ќе остане покачена за +2 денари. Ако малопродажната цена се зголеми за 20 денари, акцизата ќе се намали за -3 денари, или ќе се врати на цената која ја имаме во моментов пред воведување на оваа анти-кризна мерка“, соопшти владиниот портпарол Муамет Хоџа.

https://meta.mk/vladinata-uredba-za-akczizite-na-naftata-ќe-ostane-na-sila-rechisi-do-nova-godina/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 21-Apr-2020 at 19:54
Ние сепак се водиме според лондонската цена, а владата сред економска криза покачува акциза. Во меѓувреме во Данска:

Denmark bans tax haven companies from accessing coronavirus bailout money – will other countries follow?

Denmark has told companies that they will not be eligible for bailout funds to help them through the coronavirus pandemic if they are registered in tax havens, prompting calls for other countries, including the UK, to attach similar strings to their own financial support packages.

The Danish government also said companies that access government support must not use profits to buy back shares or pay dividends to shareholders in 2020 or 2021. Earlier in April, Poland said its bailout funds would only be available to companies that pay tax in the country.

(...)


https://www.independent.co.uk/news/business/analysis-and-features/coronavirus-denmark-bailout-tax-haven-companies-uk-richard-branson-a9475081.html
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 22-Apr-2020 at 12:03

кај нас сме еколози у Душа баш кога нетреба, но и тоа е нешто, таман што појќе Народ да се мотивира час поскоро или за Печалба или за Враќање на Корените онака Рурално Реемигрански ...

интересно отаде барата трендот е чукш стојте бројлери ево ви и бонуси само дремете по бетонските џингли!

Originally posted by BorisVM

Какви времиња! Купувачите добиваат сурова нафта на подарок, а згора на тоа уште и премија. Дали тоа се должи само на коронавирусот или на специфичностите на пазарот на нафта?

Прочитајте Повеќе ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6866
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 24-Apr-2020 at 08:53
Тенка линија меѓу песимистичките економски прогнози и реалноста

Веќе само оптимистите прогнозираат рецесија, сите останати очекуваат многу поголема економска криза годинава, од размери на Големата депресија од триесеттите години на минатиот век.

Оваа економска криза што настана како последица на рестриктивните мерки што ги воведоа државите за спречување на ширењето на корона вирусот, редефинираше што е оптимизам, а што песимизам, па така рецесијата која е веќе факт, е одлика на економистите со поумерени предвидувања. Песимистите, уште од сега сметаат дека дури и 2021 година ќе биде загубена.

Прогнозите за македонската економија се движат од намалување на бруто домашниот производ (БДП) од -0,4%, што е најоптимистичкото сценарио на Светска банка, потоа пад на економската активност од -2%, според попесимистичкото сценарио на оваа меѓународна финансиска институција, па до -4%, што засега е најнегативната прогноза од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Меѓутоа, и ММФ има попесимистички сценарија од овие, според кои, Големото затворање, како што го нарече овој период додека се во сила мерките за ограничување на движењето, може да ѝ стане конкуренција на Големата депресија, феномен кој служеше како пример за економска криза од огромни размери, кога се забележани стапки на пад на БДП и до -15%.

Во просторот меѓу прогнозите и реалноста остануваат неколку непознати, меѓу кои, рокот на траење на рестриктивните мерки, кои буквално ги замрзнаа општествата и можноста за пронаоѓање вакцина или ефикасна терапија подоцна годинава.

Како што посочи извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, „за првпат во историјата на Фондот, макроекономските прогнози целосно зависат од проценките на епидемиолозите, а не на економистите“.

Во отсуство на официјални статистички податоци за обемот на економската активност во последните два месеца, некои индикатори, како на пример, фактите дека 70 проценти од граѓаните прифатиле одложување на ратите за кредитите, или, пак, намалување на движењата на луѓето до работните места за дури 82 проценти, упатуваат на сериозни последици врз економијата.

Освен тоа, податоците од Центрите за вработување покажуваат зголемување на бројот на граѓани кои активно барале работа во март, што упатува на заклучок дека пораснал бројот на отпуштени работници.

Најновата анкета на Стопанската комора спроведена меѓу компаниите со вкупен обрт од 1,5 милијарди евра покажа дека речиси половина од нив пријавиле прекин на доставата на суровини од ЕУ, од земјите надвор од ЕУ, па и внатре во државава. Секоја четврта компанија очекува целосен прекин на производството во април, а 23 проценти од нив преполовување. Слични се трендовите и кај извозот и остварениот промет.

Имајќи предвид дека ММФ ја ревидираше својата прогноза за движењето на македонската економија за 7,4 процентни поени надолу, односно од првичната проценка за раст од 3,4% до последната, според која, ќе има пад од -4%, произлегува дека во апсолутен износ, домашниот бруто домашен производ ќе загуби околу 890 милиони евра од својата вредност годинава, како последица на кризата од корона вирусот.

Доколку се оствари, ова би бил најостар пад на домашната економија во последните 20 години. Податоците за движењето на БДП по години покажува дека во екот на големата светска криза во 2009 година, ние поминавме солидно со мал пад од само -0,4%, потоа во текот на 2012 година, кога Европа се соочи со должничката криза, нашата економија падна за -0,5%, а најголем пад од -3,1% е евидентиран во 2001 година, како последица на воениот конфликт.

Од домашните институции, засега само Институтот за економски истражувања и политики Finance Think објави своја проценка дека економијата годинава ќе падне за -3,8%, споредено со лани.

Според проценката на овој Институт, најголем интензитет на економската контракција се очекува во вториот квартал, за кога се проектира намалување на БДП од -12,7%, а следните квартали да забележат економска консолидација.

„Фирмите во секторите угостителство, хотелиерство и трговија на мало, кои беа затворени, позначајно ќе ја вратат својата активност кон средината или кон крајот на мај. Фирмите, пак, што се дел од меѓународните синџири на снабдување, постепено ќе ја воспостават меѓународната трговија во првата половина на јуни“, проценуваат од Finance Think.

Народна банка, која сè уште ги калкулира идните негативни ефекти и најави дека ќе излезе со своја прогноза до крајот на овој месец, исто така потврди дека рецесијата е неизбежна.

„Извесно е дека на краток рок, економските остварувања ќе бидат пониски од досега очекуваните“, вели гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Министерството за финансии, исто така, сè уште нема официјална проценка за движењето на домашната економија, иако во неколку наврати лицитираше со различни бројки. Министерката Нина Ангеловска, пред неколку дена изјави дека веројатно и нивните прогнози ќе бидат на иста линија со оние на меѓународните финансиски институции, без да прецизира поконкретно. А за вториот квартал, кога се претпоставува дека ударот од пандемијата ќе биде најсилен врз економијата, Ангеловска рече дека падот на БДП ќе достигне околу -15%.

„Добро е што оваа економска криза не е од економска причина, што значи дека штом пандемијата ќе почне да се смирува, очекуваме економијата многу бргу да закрепнува“, истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Па така, ММФ за следната година прогнозира раст на македонската економија од дури 7%, што е, исто така, своевиден екстрем во услови кога просекот кај нас се движи меѓу 3% и 4%.

Даночните приходи секнуваат, задолжувањата надоместуваат



За финансиската кондиција на државата веќе информираше Управата за јавни приходи (УЈП), која обелодени дека приливите од даноци и придонеси се драстично намалени. Во март, кога стапија во сила рестриктивните мерки, со кои и се затворија голем дел објекти, во државната каса се слеале 12,3% помалку пари, додека, пак, во првите две недели од април, евидентиран е уште поголем кусок од дури 38,2%.

Меѓутоа, државната каса, во меѓувреме, се надополнува со пари од задолжувања. Иако финансирањето во време на светска пандемија и зголемена побарувачка за пари е огромен предизвик, особено за мала земја како Македонија со шпекулативен кредитен рејтинг ББ+ според Fitch, сепак, засега државата успева да ги надомести загубените јавни приходи на пазарот на капиталот.

Прво, ММФ ни одобри заем од 176,5 милиони евра, што е двојно повеќе од првично бараниот износ, односно тоа е максималната квота што може да ја добие земјава. Потоа и Светска банка најави дека разгледува програми за финансирање на земјата во вредност од околу 140 милиони евра.

И Европската комисија потврди дека одобрува 160 милиони евра за макро – финансиска стабилност на земјата, а Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) уште 250 милиони евра како дел од Пакетот за солидарност.

Кога ќе се собере вкупната помош, доаѓаме до сума од околу 726 милиони евра, а откако овие пари од концесионалните кредитори станаа извесни, власта го измени планот за задолжување со таканаречениот инструмент bridge to bond, со кој требаше да позајми околу 400 милиони евра од странски банки за да се премости овој период, па ќе оди директно на издавање еврообврзница.

Министерката Ангеловска ја објасни промената во стратегијата со очекувањето да се стабилизираат пазарите на капитал.

„Тој процес е започнат. Тоа значи дека се подготвуваат сите институции, се прават потребните документи и се следи пазарот. Целиот процес трае од 45 до 60 дена, што ни дава право, кога ќе одлучиме дека е најдобро, согласно движењата на пазарот, дека е најсоодветно да се задолжиме на тој пазар“, изјави министерката за финансии, Ангеловска, без да прецизира колку пари ќе позајмиме.

Освен на странскиот пазар, државата пред една недела се задолжи и кај домашните банки, со издавање шестмесечни и едногодишни записи во вредност од 95,5 милиони евра. Во исто време, за отплата доспеаја државни записи во вредност од околу 24,4 милиони евра, што значи дека во државната каса останаа околу 70 милиони евра.

Операцијата за задолжување кај домашните банки се случи и откако Народна банка ја намали основната камата на 1,75% и објави дека ја намалува понудата на благајнички записи за околу 130 милиони евра, со што се ослободи дополнителна ликвидност кај банките, пари што очигледно се префрлаат од трезорот во буџетот.

Сè на сè, пресметките на ММФ покажуваат дека во буџетот ќе фалат 727 милиони евра годинава, што значи дека буџетскиот дефицит ќе се искачи на 6,5% од БДП. Според ММФ, јавните приходи ќе се намалат за 14,8% во однос на првично планираниот буџет, со што паѓаат во вода сите претходни несмасни пресметки дека во државната каса ќе недостигаат над две милијарди евра, односно и до 60% од приходите.

Колку пари, толку мерки



Обемот на фискалните мерки што ги презема државата во насока да им помогне на најпогодените компании од оваа криза директно ќе зависи од можноста за обезбедување пари. Во услови кога јавните приходи паѓаат, задолжувањето ќе биде клучно, за да може државата да ги финансира сите основни потреби и дополнително да финансира помош за бизнисите и граѓаните преку посебни антикризни мерки.

Досега владата има усвоено два пакет-мерки, што се проценуваат на околу 200 милиони евра. Главната мерка е со државни пари да се покрие износ од 14.500 денари, односно колку што изнесува минималната плата во земјава, за сите работници од фирми погодени од оваа криза. Дополнително, истата сума се обезбедува и за спортистите, уметниците и за сите самостојни вршители на дејност, како фризери, козметичари, занаетчии, земјоделци и сл.

Освен тоа, преку Развојната банка одобрени се две бескаматни кредитни линии за компаниите, во вкупна вредност од 13,7 милиони евра.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска оценува дека нашите мерки не се разликуваат многу во споредба со останатите земји, освен според бројот на нули во сумите.

„Речиси стандарден пристап во овие неколку недели е фокусот да биде ставен на зачувувањето на работните места и спречувањето на поголем пад на платите, многу често преку различни шеми на субвенции. Досега, владата усвои два пакети на фискални мерки, а најави и нови, кои секако се неопходни, имајќи ја предвид силината на шокот. Обемот на фискалните мерки ќе зависи од можноста за обезбедување на финансирање. Оттука, многу ќе биде важно да се обезбеди дополнителна финансиска поддршка преку задолжување“, посочи Ангеловска-Бежоска.

Колкав ќе биде навистина ефектот од овие мерки, допрва ќе треба да се види, откако ќе почне да се користат по завршувањето на овој месец.

https://prizma.mk/tenka-linija-megu-pesimistichkite-ekonomski-prognozi-i-realnosta/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 14-Jul-2020 at 19:39
Охрид, Преспа, Дојран, Сарај, Чучер Сандево, Маврово... имаат потенцијал кај нас.

Грција ги привлекува странските пензионери да се преселат во земјата

Грчката влада ги повикува странските пензионери да ги пренесат своите даночни резиденции во таа земја, со воведување единствена даночна стапка од седум проценти на нивниот цел приход остварен во странство, пишува „Катимерини“.

Властите во Грција со овој потег очекуваат да се натпреваруваат со други земји во јужниот дел на Европската унија, кои веќе имаат слични придобивки за пензионерите.

Според одредбите во нацрт-законот што Министерството за финансии го достави пред парламентот за усвојување во текот на минатата недела, на пензионерите им е потребен доказ дека најмалку пет од шесте даночни години, пред да се преселат во Грција, не биле нејзини даночни обврзници.

Покрај тоа, земјата од каде потекнуваат мора да има потпишано договор со Грција за административна соработка и за даночни проблеми.

Откако ќе се донесе одлуката за данок на странските пензионери, таа ќе се утврди со фиксна стапка од само седум проценти во следните десет години. Надоместокот се плаќа секоја финансиска година во паушална сума.

(...)

plusinfo.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 21-Aug-2020 at 22:04
Има податоци за просечни плати и невработеност по општини?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 22-Aug-2020 at 15:10
Има само годишници по региони не по општини. За 2019 сеуште не е излезен. Последно што има е за 2018, но одтогаш наваму сигурно многу е променето. Пубилкацијата се вика Регионите во Македонија во 2019 година но се однесува на крајот на 2018 почеток на 2019. Најдоле на последните страници имаш статистика по региони. Тука е и просечната плата како и невработеноста т.е. вработеноста. Треба да се има во предвид дека и овие податоци се нецелосни бидејќи се пресметани врз население од безмалку 2.08 Милиони жители, додека реално во Македонија има околу 300.000 помалку или околу 1.75 - 1.80 милиони.

http://www.stat.gov.mk/publikacii/2019/RegioniteVoRM.2019.pdf
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 23-Aug-2020 at 21:43
Ја знам таа публикација, ама ме интересираа општините... знам некаде имаше по некоја бројка за рандом општини, ама никакво наменско и редовно соопштение.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 17-Sep-2020 at 23:13
Повеќе моќ на ДУИ, работење против проектот за едно општество на сите
> Институционализирање на национализам и сегрегација
>> ДУИ ќе вработува свои потрчковци и во приватниот сектор, откако го уништија државниот
>>> Потрчковците нема да работат, економијата губи
>>>> Газдите се бунат, ДУИ квичи за национализам
>>>>> Политички револт, криза
>>>>>> Избори, СДСМ губи уште 50.000 гласа поради слугувањето на ДУИ
>>>>>>> Коалиција на ДУИ со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ е единствена опција во Собранието
>>>>>>>> ВМРО-ДПМНЕ сè уште е жмронска, антизападна и антинародна партија
>>>>>>>>> Влада на ДУИ со СДСМ
>>>>>>>>>> Повторно повеќе моќ на ДУИ, работење против проектот за едно општество на сите

ГРУБИ: ВРАБОТУВАЊАТА НА ПРИПАДНИЦИ ОД ДРУГИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ Е ОД ПОЛЗА ЗА ПРИВАТНИТЕ КОМПАНИИ

Артан Груби предлага субвенционирање на фирми со рамковни вработувања, но Владата од која е дел само декларативно го поддржува. Засега нема најави дека и законски ќе се интервенира, за да може компаниите кои ќе вработат Албанци или други етникуми да добијат финансиска помош од државата. Ова е дел од предизборната програма на ДУИ и не се работи за дискриминација објаснува вицепремиерот Груби.

Од Илинденска бр.2 одговорија само со повик за охрабрување кон компаниите да ги поддржат меѓуетничките односи. Напоменуваат дека државна помош ќе добијат сите компании кои ќе понудат еднаков пристап за сите невработени, без привилегии.

(...)

24.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6866
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 17-Oct-2020 at 17:01
КАКО Е ДА СЕ ЖИВЕЕ СО 126 ДЕНАРИ НА ДЕН - короната ќе втурне уште 100 илјади луѓе во апсолутна сиромаштија



Ковид кризата ќе ја зголеми сиромаштијата во земјава. Денес, FINANCE THINK - Институтот за економско истражување и политики - Скопје, на брифинг за новинарите насловен „Колку Ковид-19 влијае врз сиромаштијата во Северна Македонија?“ ги претстави резултатите од истоименото истражување.

„Кризата предизвикана од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство. Нашата анализа покажа дека заради пандемијата, стапката на релативна сиромаштија во земјава ќе се зголеми за 1,2 процентни поени, што значи дека нови 25 илјади лица се втурнати во сиромаштија за време на Ковид кризата. Резултатите за апсолутната сиромаштија се позагрижувачки и укажуваат дека заради кризата, нови 100 илјади лица ќе живеат со помалку од 5.5 долари (според паритет на куповна сила) односно 126 денари на ден“, се вели во соопштението.

Една од Владините мерки насочени кон зачувување на животниот стандард на најранливото население беше олеснување на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош, што според истражувањето има потенцијал да извлече 24 илјади лица од екстремна сиромаштија што се дефинира како живот со помалку од 1.9 долари (44 денари) на ден. До јули годинава, потенцијалот е искористен само 65 отсто, што значи дека уште 9 илјади лица имаат можност да влезат во системот на ГМА и да излезат од екстремна сиромаштија, сметаат од Институтот.

„За таа цел, потребен е понатамошен напор од Владата за соодветно информирање на населението за новите критериуми за стекнување право на оваа помош. Дополнително, им предлагаме на носителите на политики, олеснетите услови за стекнување гарантирана минимална помош да продолжат да важат и во 2021 година, и да се воведе времен додаток на гарантираната минимална помош и времено дополнително олеснување на доходниот услов, со цел да се опфатат, покрај најсиромашните, и дел од ранливите слоеви од населението“, се вели во извештајот.

https://faktor.mk/kako-e-da-se-zivee-so-126-denari-na-den---koronata-kje-vturne-ushte-100-iljadi-lugje-vo-apsolutna-siromashtija
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.