build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 18-Mar-2021 at 20:06

Кипар даваше пасоши и на Арапи и на Кинези. Не е многу паметна таа идеја. Инаку, 200.000 евра ми изгледа како пренизок праг...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 455
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 18-Mar-2021 at 20:59
Po mene treba da se selektiraat lugeto koj dobivaat pasos. Po mene pravoslavni russi i ukrainci od opustosenite zemji kako Ermenia, Gruzija, Uzbekistan, Kazakstan, Kirgistan moze da se podobni za pasosi i rabotni vizi. Sepak tie luge polesno bi se vklopile od arapi i kinezi vo nasata kultura i nacin na ziveenje.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 18-Mar-2021 at 22:41
Зашто некој од една опустошена држава би идел во друга?! Еве ти како Македонец би идел ли во Грузија?, исто е! Ако се сели некој од тамо или од тука, се исто, ќе иде по Европа.

Мислам дека не си ја разбрал идејата на моделов. Не е ова можност или обид за масовно менување на демографска слика, друго е финтата. Кога ќе се спомне државјанство, не мора одма по ровови да се рипа и да се асоцира на избирачки списоци, пописи, косовски гласачи и сличен тукашен фолклор.

Македонија додека не стане сушински до срж капиталистичка држава џабе се овакви мерки, нема ниеден богаташ да привлече. Ако тој нема гаранција дека може за пари преку ред, повластено да користи услуги од државата, не доаѓа. Да отиде на лекар, школо, паркинг, процедури, минситерства, општини. Се дотогаш е џабе. Додека партиите тука не излезат од ситуацијава јајцето-кокошката, мислам на тоа дека се тркаат кој посоцијална мерка ќе смисли, со која ги арчат парите со кои уствари би требало да стимулираат развој кој ќе доведе до тоа да на помалку луѓе им требаат тие социјални мерки. Е се дотогаш додека не излезе од тој зачаран круг, до тогаш нема да бидеме привлечни за оваков ходајучи-капитал.

Дали сте свесни каков лош сигнал Македонија испрати со таа екскурзија што си ја дозволи со укинувањето, па враќањето на исправниот и праведен рамен данок. Таква несериозност праќа многу лош сигнал. И тоа за предизборно додворување на социјални групи. Често тука во Македонија политичари сурфаат на незадоволството, зависта, нервозата на обичните луѓе. Им стимулираат омраза и гнев, а проблемите пак им стојат нерешни. Па видете го овој клисаров у политика на што ги печали гласовите, и ќе ви стане јасно. Будалата го прогласи капиталот за "класен непријател", додека цел свет трча по инвестиции. И тоа е најбрзорастечка партија во Македонија. Па за што би доаѓал некој тука, да го рекетираат општинари ли?

Edited by user8642 - 18-Mar-2021 at 22:47
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 19-Mar-2021 at 00:40



Секако програмава не е за луѓе што масовно ќе се доселуваат, прашање е колку од нив воопшто ќе престојуваат тука макар и периодично (ниту познавање на јазик, ниту престој, не се дел од критериумите).

Но програмата очигледно не е насочена ни кон привлекување на тешки богаташи. Долната граница за инвестиција е 200.000 EUR

Македонија е географски и културолошки дел од Европа, делумно е интегрирана со западноевропските економии, пасошот не е баш најдобриот ама не е ни за фрлање... Плус тоа, трошоците за престој или живеење тука се ниски, исто како и трошоците за водење бизнис. За некои жители на земји од Азија, македонско државјанство би било придобивка, а некои од тие причини и склопови на околности ние тука на форумов не можеме ни да ги претпоставиме. Не мора ни да бидеме нечиј прв избор, ама па Австриско или Швајцарско државјанство не се добива баш лесно

Азија има 4,5 милиарди жители.
Само Филипините, Тајланд и Виетнам имаат вкупно 275 милиони жители.

Во сите тие милиони луѓе со цел спектар на бизнис интереси, фамилијарни интереси, и којзнае какви се интереси, ваљда може во разумен рок да се исполни почетната квота од 1000 државјанства.

Тоа за почеток би значел директен прилив на најмалку 200 милиони евра (мада не ми е јасно кои се моделите на инвестирање). Поатака тоа би значело индиректен прилив на дополнителни суми. Но не помалку важно, тоа би значело воспоставување на контакти, познанства, бизнис можности, знаење и искуства... Затоа од мене максимална поддршка за овој чекор.

Нормално, подобро е вакви државјанства да даваме на корејски и јапонски тајкуни, со долна инвестициска граница од 20 милиони евра, ама според истата логика од погоре, како што обичен Филипинец со 200.000 евра тешко дека ќе најде начин за Швајцарско државјанство, така и ние тешко дека ќе привлечеме милијардери во моментов.



И секако се надевам дека оваа програма е само прв чекор кон посеопфатни политики на привлекување на прикладни луѓе во Македонија, не само во оваа форма. Сме збореле за западњачки пензионери. Не памтам дали сме збореле за дигитални номади, ама и тие се интересна категорија особено тие што се постатични. И конечно мора да се размислува и од демографски аспект, во некоја следна фаза да се привлечат млади луѓе што тука ќе создадат дом и ќе се интегрираат. Нормално, во тој поглед ќе мора да бидеме многу внимателни со критериумите.


Edited by Cloverstack - 19-Mar-2021 at 00:44
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 19-Mar-2021 at 01:07
Неодамна имаше една епизода со овие дигитални номади, ако се сеќаваш, кога во Србија најавија некое драконско даночење за програмери, дури и ретроактивно, и тоа под притисок на сељачката јавност која решила да им ги земе парите на програмерите зашто многу заработувале и не било тоа фер. И мислам дека во тој период се пререгистриаа неколку фирми во Македонија. Ама сепак ова не е зашто Македонија понудила некои поволни можности, туку зашто отидоа фирмите во егзил од Србија.

Дигитални номади нема уште долго да видиме додека ова држава не го либерализира малку финансискиот сектор. Па ние уште мака мачиме со Payoneer, Paypal и такви сервиси. Па да реши некоја фирма во Македонија да исплати еден бонус во BitCoin, па тоа има пола службеници во УЈП да се избагираат. Луѓе идат во Косово во Raiffeisen Bank во Качаник да вадат пари од Payoneer. Просто поразително е да не ни се средени овие дигитални текови на пари сеуште.Ајде, во Косово ќе речеме дотациите од големата дијаспора прават притисок некои од овие модели да функционираат, ама и Македонија не е со мала дијаспора. И тоа па, нема разбирање од ниедна влада тоа да го стави во програма, уште се печали гласови на обеќавања за селски чешми. А да не збориме за електронско државјаносто како Естонскиот модел на пример, без праг од 200к евра, туку само дигитален резидент си. Немаш дури ни правона глас, туку право на регистрацијана фирма, обрт, сметка. Едноставно на некој начин дигитално емигрираш во Естонија, не мора физички да се преселиш.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 19-Mar-2021 at 01:20
Успеав да најдам еден коментар од интернет во Бугарија од неодамна, не се сеќавам пред колку време беше. Да видиш како пластично се гледа општо-јавното мислење на оние "од другата страна". Јас не верувам и дека и во Македонија или во Србија е нешто различно. Па затоа кај нас се случи епизодата со рамниот данок, затоа во Србија ќе и се случеше помор на младината и ИТ бизнисот, од овакви идеологии. Со овој менталитет, можеби не е јавно откриен ама е масовен, нема никакви дигитални номади да видиме, него ќе си остане балканот резервоар за работна сила и мозок за по запад.

Еве го Паметњаков на интернет коментар, па му се нашол уште истомисленик што напишал колумна како се согласува со него...
Петъчно: Ама то твойто работа ли е?
от Костадин Николов


Преди известно време една публикация стана много популярна в интернет и събра върху себе си всички подигравки на обществото. Очевидно хората не разбираха дълбокия социален въпрос, който прозираше през нея и не спряха да си я споделят по чатове и фейсбуци и нескрито да се хихикат.

Аз силно се асоциирам с нейния автор и искам да развия неговия труд. Драги читатели, позволете ми да допълня дисертацията му за програмистите и да допълня още няколко дейности, набедени за професии. Не само, че това не са никакви работни позиции, ами на всичкото отгоре да са високоплатени измишльотини.

Програмисти

Програмистите са събирателен образ на всичко, което не е наред в обществото в наши дни. Тези брадясали, неподстригани нехранимайковци са наводнили и изкривили структурата на социума със своите безбожни заплати и арогантно поведение. Самочувствие до небесата, подплатено с мръсни дрехи, некъпано тяло, визитка и магнитна карта, висяща от задния джоб на дънки, които през 2010-та са били нови. Същите тия селяндури ми се возят в скъпите лъскави БМВ-та, минават на жълто и ни премигват на магистралата. И за какво? За какво, питам аз! Отиват на работа по обед, играят ми на джаги и на плейстейшън до три следобед, завъртат се набързо пред компютъра и си тръгват. Пълен абсурд е това! Пълен ви казвам. Първоначално и аз исках да ставам програмист, да не работя и да взимам чисто 2-3 бона, но после се отказах. Това ми е под достойнството.

...

https://www.trio.bg/petachno-ama-to-tvoyto-rabota-li-e/


Edited by user8642 - 19-Mar-2021 at 01:20
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 31-Mar-2021 at 17:22
Светска банка излезе со прогноза за растот на македонската економија, полоша е само Босна

Македонија и оваа година на економски план ќе биде меѓу последните во регионот. Mакедонската економија за годинава ќе има раст од 3,6 отсто и за наредната од 3,5 проценти. Со ваква прогноза излезе Светска банка.

Банката наведува дека Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија се меѓу 10-те земји во развој со најголем број смртни случаи од коронавирусот по глава на жител, што дополнително ги оптоварува здравствените системи. Светска банката проценува дека има поволни услови за економски раст на среден рок и за зголемување на продуктивноста во Албанија и Македонија. Оценува дека тие ќе имаат забрзувањето на структурните реформи како дел од подготовката за членство во ЕУ. Ова е под претпоставка дека почетокот на преговорите нема да биде одложен.

Од државите во регионот најголем раст за 2021 година е предвиден во Црна Гора од 7,1 отсто, потоа Србија од пет, Албанија 4,4, Косово 4 и Босна и Херцеговина од 2,8 проценти. За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5 отсто, во Србија и Албанија по 3,7 и по 3,5 проценти за Македонија и Босна и Херцеговина.

Светската банка посочува дека на стартот на 2021 година економиите на Западен Балкан се едни од најтешко погодените од коронавирусот во Европа и Централна Азија, со најголем број на случаи на новозаболени во еден ден, со што далеку го надминуваат просек на европско-ценралноазискиот регион.

https://faktor.mk/svetska-banka-izleze-so-prognoza-za-rastot-na-makedonskata-ekonomija-polosha-e-samo-bosna
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 01-Apr-2021 at 14:43
МОЛОВИТЕ ЌЕ РАБОТАТ И ВО НЕДЕЛА - ВЛАСТА СЕ ПРАВДА: Ќе биде само од 10 до 18 часот и дневницата ќе биде повисока за 100 отсто

На денешната седница на ЕСС биле разгледани и работните верзии на законските измени на Законот за работни односи и на Законот за трговија, кои се однесуваат на решението недела, ден за неделен одмор.

Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска објаснила дека после повеќемесечна анализа на состојбата во стопанството и проценетите финансиски импликации, одлуката трговските центри да работат во недела е разумна и основана. Затоа, според не, е добро тоа да биде регулирано во Законот за трговија, со конкретно дефинирана висина на надоместокот за работниците од трговијата кои ќе работат во недела.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пред членовите на ЕСС ги елаборираше предложените измени на Законот за трговија и објасни дека начинот на кој ќе биде уредена работата во трговијата мора да биде уреден со Законот за трговија, а не со Законот за работни односи. На овој начин, нагласи тој, се зајакнува контролата над работодавачите, бидејќи се создаваат услови контрола покрај Државниот инспекторат за труд, да вршат и Управата за јавни приходи, како и Државен пазарен инспекторат.

„Со предложеното законско решение за трговските центри и трговците на мало се утврдува надоместок во висина од два проценти од вкупниот приход остварен во претходната година во ден недела и на празници, кои средства ќе се инвестираат во детски градинки“, информираше Бектеши.

Вице-премиерот Битиќи додаде дека прометот на трговските центри, во услови кога во соседството нема соодветна регулација, не може да се занемари.

„Бидејќи за трговските центри за во недела се предвидува работно време од 10 до 18 часот, тоа значи дека во недела ќе биде ангажирана само една смена, поради што бројот на лицата кои ќе работат во недела ќе се преполови. Овие лица за работата во недела ќе добијат за 100 проценти повисока дневница. Барањата на работниците се испочитувани, долго ја водиме дебатата за да дојдеме до решение кое ќе биде и во интерес на работниците, но и кое нема драстично да и наштети на економијата“, нагласи Битиќи.   

Економско социјалниот совет на денешната седница ја утврдил висината на минималната плата, во согласност со Законот за минимална плата, кој предвидува нејзино усогласување во март секоја година, соопштија од Кабинетот на министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска.

Во согласност со овие критериуми минималната нето плата ќе изнесува 15.194 денари.

Ова значи дека власта остана на своето и не ги уважи барањата на синдикатите, кои инсистираа за повисоко зголемување на минималната плата во пандемиска година.

Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и од април 2021 година ќе изнесува 22.146 денари во бруто износ.

„Усогласувањето на платата се врши врз основа на законски предвидените параметри: една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Северна Македонија, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот, како и една третина од реалниот пораст на БДП“, се вели во соопштението од Министерството за труд.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека сериозно го зеле предвид тврдењето на Сојузот на синдикатите на Македонија, кои се однесуваа на тоа дека во пресметката на минималната плата не треба да се земе последниот параметар – една третина од реалниот пораст на БДП, со образложение дека истиот е со негативен предзнак, односно тоа не претставува пораст.

„За таа цел, МТСП се обрати до Државниот завод за статистика (ДЗС) да даде мислење дали негативната стапка на раст го претставува реалниот пораст на БДП, во смисла на Законот за минимална плата.

Во согласност со ставот на ДЗС, дека терминот реален раст се користи кога станува збор за раст или опаѓање на БДП, односно кога стапката има позитивен или негативен знак, Владата мора да го земе предвид и третиот критериум при усогласувањето на минималната плата.

Стапката на раст на БДП, како што дефинира и ДЗС, може да биде позитивен или негативен број, односно позитивна или негативна стапка на раст. Оттука Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика се должни целосно да го почитуваат и да постапуваат по Законот за минималната плата и при усогласувањето на минималната плата сме обврзани да ги земеме предвид трите законски наведени критериуми“, нагласи министерката Шахпаска.

Вице-премиерот Фатмир Битиќи оцени дека Владата не може целосно да го занемари или да го изедначи со нула еден од трите законски предвидените параметри за дефинирање на минималната плата, како што е предлогот на синдикатите, бидејќи тоа се коси со Законот.

Во однос на предложените измени на Законот за работни односи министерката Шахпаска информираше дека се разгледува можноста примената на законските измени да биде одложена за 1 јануари наредната година, само поради економската криза што ја наметна Пандемијата.

„Определбата на Владата на Република Северна Македонија е јасна и ние посветено работиме на тоа недела да биде ден за одмор за повеќето работници. Но, уште на почетокот на разговорите и Владата и јас потенциравме и бевме јасни во одлуката дека примената на законот е врзана со завршувањето на пандемијата“, нагласи Шахпаска.

Забелешките што претставниците на работниците ги имаа во делот на примената на законските решенија, но и во делот на придружните дејности ќе бидат сериозно разгледани, по што ќе се заокружи процесот на дефинирање на предлог-законските решенија.   

https://faktor.mk/molovite-kje-rabotat-i-vo-nedela---vlasta-se-pravda-kje-bide-samo-od-10-do-18-chasot-i-dnevnicata-kje-bide-povisoka-za-100-otsto
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 12-Apr-2021 at 14:45
АНАЛИЗА: Инфлацијата се „подгрева“ – можно поскапување и на увозни производи

Килограм шеќер 44 денари, литар масло за јадење 95 денари. Цените на основните прехранбени производи растат со почетокот на оваа година. На крајот од третиот квартал статистика и официјално потврди дека трошоците на живот во март во споредба со истиот месец лани се зголемени за 2,1 отсто, пишува Порталб.

Дел од трговците со увозна стока – пластика, кујнски производи, керамика велат дека не само цените на храната, допрва ќе растат и цените на другите производи.

Трошоците на живот растат…

Текстил, производи од пластика и од метал – голем број на увозни производи поскапуваат. Трговците велат дека изминатиот период се соочуваат со драстично повисоки цени на различен асортиман на производи кои ги увезуваат од Кина и од Турција.

– Во продавницава сите цени ќе морам да ги зголемам. Пластични производи за во бања и за во кујна, порцелански производи, сè што увезував од Турција сега е со многу повисока цена. Ако не ги поскапам производите, треба да го затворам дуќанот – вели Елена, сопственичка на продавница во Скопје.

Слична е состојбата и во трговијата со текстил.

– Увезувам текстилни производи од Кина и од Турција. Минатата недела кога правев нарачка, за истата сума што досега ја плаќав ми кажаа дека ќе добијам преполовена количина на производи што вообичаено ги увезувам – објаснува еден трговец со текстилни призводи.

Годинава е јасно дека започна со ценовен бран. Очекувањата се дека инфалцијата ќе се “подгрева“ поради повеќе фактори. Според најновата Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП што ја прави Народната банка очекувањата за ценовен раст се во нагорна линија. Така, наместо прогнозираните 1,5% во претходната анкета, сега очекувањата се позиционирани на 1,8% за годинава и 1,9% за следната.

„Испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања со следниве фактори: досегашните остварувања на стапката на инфлација, неизвесноста предизвикана од пандемијата на ковид-19, повисоките цени на храната и енергијата, како и цените на увезените добра. Исто така, испитаниците сметаат дека постепеното надминување на кризата, монетарните и фискалните стимули, растот на домашната побарувачка, како и закрепнувањето на економијата би придонесле кон повисок раст на инфлацијата“ – се наведува во Анкетата.

Растот на цените веќе се чуствува во секојдневието.

– За кратко време зејтинот поскапе многу. И другите основни призводи. Цените растат, а е криза – вели една наша сограѓанка.

Цени на мало март 21/20

Индустриски производи – 2,9%

https://plusinfo.mk/analiza-inflaci-ata-se-podgreva-mozhno-poskapuva-e-i-na-uvozni-proizvodi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 22-Apr-2021 at 15:40
Побрзо се празнат семејните буџети, ама инфлацијата нема да вивне

Растот на цените на храната од почетокот на годината ги подгреа размислувањата дека е започнат процесот на раст на инфлацијата. Граѓаните се жалат дека семејниот буџет го празнат побрзо од вообичаено поради зголемените трошоци за храна и здравствена нега што ги потсетува на поодминати времиња кога со многу пари во продавниците можеле да купат малку. Од Народна банка, пак, смируваат дека овој раст на инфлацијата е во рамки на прогнозираното, но дека состојбата се следи. Бизнисмените, пак, велат дека пазарните услови, пандемијата и берзите ги диктираат и цените на производите, а како тоа ќе се одрази на инфлацијата засега не можат да прогнозираат.

Цените на храната и одделни репроматеријали од почетокот на годинава поради продолжениот тек на здравствената криза и во светски рамки бележи зголемување. На одделни продукти цените скокнаа и до 40 отсто. Тоа придонесува и за зголемување на цените на дел од производите и во земјава главно поврзани со увозни репроматеријали чија цена е берзанска.

Статистичките пресметки покажуваат дека на годишно ниво во март трошоците на живот пораснале за 2,1 отсто, а просекот за првите три месеци е пораст од околу 2 отсто.

Граѓаните негодуваат на цените и се надеваат дека е претпразничен тренд, но ги загрижува фактот што неколку месеци со ред чувствуваат дека паричниците полесно се празнат поради повисоките цени на основните прехранбени производи.

– Да, за празниците цените обично растат, но овој пат порастот на цените почна порано и се надевам ќе запре по празниците. Семејниот буџет некако полесно се лизга во овој период и поради пониските плати и зголемените трошоци за здравјето. Ваквиот тренд ме потсетува не некои поранешни времиња кога со многу пари не купувавме ништо – вели повозрасна скопјанка.

Бизнисите кои веќе ги зголемија цените на производите се правдаат со пазарните услови и берзанските цени на репроматеријалите, но и со царинските стапки кои ги нема во другите европски земји за репроматеријалите кои ги користат. Така поскапе маслото за јадење, а по празниците се очекува нова повисока цена и на сувомесните производи, ако владата не овозможи бесцарински увоз на потребните количини на смрзнато месо.

Економистите, пак, со став дека не станува збор за инфлаторен скок, туку за претпразничен тренд кој ќе се стабилизира по празниците. Тие не очекуваат инфлацијата рапидно да расте бидејќи нема услови освен кај берзанските производи, забрзано да растат цените на домашните производи. Случувањата со цените, според нив, се ефект од здравствената криза.

Слични се и податоците од последната Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП, спроведена во март оваа година, каде што економските аналитичари очекуваат просечна стапка на инфлација за 2021 година од околу 1,8%, што не отстапува значајно од очекувањата на Народната банка.

Од Народната банка, пак, велат дека стапката на инфлација во нашата економија е стабилна и ниска веќе подолг временски период, а за годинава не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци.

– Минатата година, инфлацијата во просек изнесуваше 1,2%. Со оглед на пандемијата и падот на побарувачката, овие промени, главно ги поврзуваме со фактори на страната на пoнудата, а воедно имаше и одредени регулаторни промени што делуваа на ценовното ниво. Врз основа на претпоставките вградени во нашите есенски проекции, за оваа година се очекува просечна инфлација од 1,5%, при очекува забрзан раст на цените во рамки на енергетската компонента. На среден рок, во 2022-2023 година, очекуваме инфлацијата да се приближи до нивото од околу 2% – велат од НБ.

Оттаму додаваат и дека последните информации со кои располагаат упатуваат на можни умерени нагорни ризици поради цените на увезените производи.

– Ризиците во однос на очекуваната динамика на цените главно се поврзани со големата променливост на цените на примарните производи присутна на меѓународниот пазар, која е дополнително нагласена поради тековната здравствено-економска криза и непредвидливиот развој на пандемијата. Во однос на очекувањата при последните проекции, корекциите во очекувањата за увозните цени се нагорни, поради што ризиците околу проектираната стапка на инфлација за оваа година би кажале дека се умерено нагорни. Сепак, би нагласиле дека засега не очекуваме тоа да предизвика позначајно различни очекувања за инфлацијата, од тековните. Остварената просечна годишна стапка на инфлација во првиот квартал од 2021 година од 2% е многу блиска до проектираната за овој период при последниот циклус проекции. Во тек е и редовен циклус проекции, во којшто ќе се направат повторни согледувања и оценки за движењето на инфлацијата и останатите макроекономски варијабли за оваа година, но и на среден рок – велат од НБ.

И од Народна банка се повикуваат на последната Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП, спроведена во март оваа година, каде што економските аналитичари очекуваат просечна стапка на инфлација за 2021 година од околу 1,8%, што не отстапува значајно од нашите очекувања и не упатува на посериозно забрзување на растот на цените во домашната економија. Умерената инфлација испитаниците главно ја поврзуваат се случувањата и ефектите од глобалната криза предизвикана од пандемијата на ковид-19.

Оттаму додаваат дека согласно последните проекции на домашните и меѓународните финансиски институции, позначаен нагорен притисок на цените на среден рок не се очекува ниту во еврозоната како наш клучен трговски партнер.

– Врз основа на макроекономските проекции на ЕЦБ од март оваа година, стапката на инфлација во еврозоната се очекува да се придвижи до 1,5% во 2021, 1,2% во 2022 и 1,4% во 2023 година. И ЕЦБ на среден рок очекува инфлацијата да е умерена и во контролирани рамки, со оглед на потребното време за закрепнување на побарувачката – велат од Народната банка.

https://plusinfo.mk/pobrzo-se-praznat-seme-nite-bu-eti-ama-inflaci-ata-nema-da-vivne/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 11-May-2021 at 13:50
ГОДИНАВА ЌЕ ИМАМЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ОД ОНА ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ - Народна банка ги зголеми прогнозите за инфлација на 2,2 отсто за годинава

Повисока стапка на инфлација, односно раст на трошоците на живот за годинава прогнозира Народна банка, во споредба со она што го очекувала во октомври. Или, годинава инфлацијата ќе изнесува 2,2 отсто.

Растот на економијата, пак, за годинава се очекува да биде 3,9 отсто, што е исто со она што претходно се предвидуваше.

Втора година по ред, макроекономските проекции се спроведуваат и објавуваат во време на пандемија и сѐ уште присутна глобална неизвесност. Априлските проекции не се значително променети во споредба со октомвриските согледувања. Во текот на овој период се очекува закрепнување на економијата, при што и натаму целосно враќање и надминување на преткризното ниво се очекува во 2022 година. И ова сценарио не упатува на поголеми инфлациски притисоци, а надворешната позиција и понатаму останува поволна. Во однос на изворите на ризици, тие и понатаму се оценуваат како изразено надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата на ковид-19.

Во согласност со вградените претпоставки за надворешното окружување и домашните фактори, во 2021 година се очекува раст на економската активност од 3,9 отсто што претставува непроменета проекција во однос на октомври. Во 2022 година ќе продолжи закрепнувањето на економијата со раст од 3,9 отсто (мала нагорна корекција во однос на октомври), а во 2023 година со иста очекувана стапка како во октомври, од 4 отсто. Притоа, од аспект на структурата на растот, не се направени позначајни промени, така што и во овој циклус на проекции се очекува растот на БДП, оваа и следната година да произлезе од домашната побарувачка, додека нето-извозот да има негативен придонес.

Кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2 отсто (1,5 отсто во претходната проекција), при нагорни корекции кај надворешните влезни претпоставки во делот на цените на нафтата и храната. За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2 проценти.

Очекувањата за идните движења во надворешниот сектор укажуваат на стеснување на дефицитот во тековната сметка до 2,9 отсто од БДП во 2021 година, што во најголем дел се должи на подобрите очекувања кај дознаките, при постепено намалување на негативните ефекти од пандемијата во текот на годината. Намалувањето се очекува да продолжи и во наредните две години, со што во наредниот двегодишен период (2022-2023 година) дефицитот во тековната сметка ќе изнесува во просек околу 2,1 отсто од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на соодветно ниво.

Кредитната активност на банкарскиот систем и натаму е еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст. Имено, во текот на 2020 година кредитната поддршка беше солидна, а тековните проекции упатуваат на нејзино постепено забрзување во следниот период. За 2021 година кредитниот раст би изнесувал 5,8 отсто, а со постепеното нормализирање на состојбите и стабилизирање на очекувањата, се очекува постепено забрзување на растот на кредитната активност кој за периодот 2022-2023 година во просек би изнесувал 7 отсто. Во однос на изворите на финансирање, имајќи го предвид солидниот раст на вкупните депозити во текот на 2020 година и во првиот квартал од 2021 година, се очекува дека растот за целата 2021 ќе изнесува 7,5 отсто. Во услови на помала неизвесност и посилно економско закрепнување се очекува и поголема склоност за потрошувачка и инвестиции, поради што и растот на депозитите ќе се стабилизира во 2022 година, по што умерено ќе забрза на 8 отсто во 2023 година.

Ризиците за остварување на основното макроекономско сценарио и понатаму се оценуваат како надолни и се главно поврзани со пандемијата на ковид-19. Главниот надолен ризик се поврзува со евентуалното побавно спроведување на имунизацијата, што е тесно поврзано со набавката и дистрибуцијата на вакцините, како и со повторно разгорување на пандемијата со појавата на нови мутации на вирусот и нивна поголема отпорност на веќе постоечките вакцини, што би можело да доведе до повторно воведување на построги рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот. Евентуалната материјализација на овие ризици може да доведе до повторно нарушување на синџирите на производство и побарувачката и до значително забавување на очекуваната динамика на економско закрепнување, а со тоа и до потешкотии во опстојувањето на фирмите и побавно опоравување на пазарот на труд.

Од друга страна, побрзата динамика на вакцинација од очекуваната и напредокот во медицинскиот третман на коронавирусот и во развојот на вакцини отпорни на новите мутации, се потенцијални позитивни ризици. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната, а со тоа и домашната економска активност. Исто така, членството на нашата држава во НАТО алијансата и отпочнувањето на преговори за полноправно членство во ЕУ и натаму претставуваат позитивен ризик за проекцијата, на среден рок.

Како што беше нагласено на седницата на Советот, Народната банка, и натаму, постојано го следи развојот на настаните, вклучително и потенцијалните ризици од окружувањето, и доколку има потреба, подготвена е соодветно да ги приспособува политиките и навремено да преземе дополнителни мерки, согласно со своите надлежности.

https://faktor.mk/godinava-kje-imame-povisoki-ceni-od-ona-shto-se-ochekuvashe---narodna-banka-gi-zgolemi-prognozite-za-inflacija-na-22-otsto-za-godinava
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 11-May-2021 at 13:57
Кинески заеми за Западен Балкан – Црна Гора е најзадолжена, каде е С. Македонија

Кинеските заеми на Западен Балкан привлекуваат сè поголемо внимание како резултат на геополитичките и економските последици, а нивниот удел во надворешните долгови на регионот веројатно ќе се зголеми, иако Кина не е главен кредитор во таа област, се наведува во анализата на УниКредит банка, јави дописникот на МИА од Белград.

Веројатно најголемиот стимул за владите на Западен Балкан да се задолжуваат од Кина е брзата достапност на финансирањето со неколку предуслови, наведува авторот на анализата, економистот на Уникредит банка во Виена, Мауро Џорџо Марано.

Сепак, официјални претставници на ЕУ предупредуваат на растечкото присуство на Кина во регионот и изразуваат загриженост за прекумерниот фискален товар поради некои проекти, како и влијанијата врз животната средина.

Кредитите обезбедени од кинеската државна банка ЕКСИМ на владите и државните претпријатија на Западен Балкан се претежно со рок на достасување од 15 до 20 години, со каматна стапка од 2-3 отсто и фокусирани се на инфраструктурата, се наведува во анализата „Западен Балкан: Товарот од кинеското финансирање на владите“.

ЕКСИМ банка, која ја поддржува кинеската надворешна трговија, инвестициите и меѓународната соработка, обично финансира 85 отсто од трошоците на проектот, а остатокот е на владите на Западен Балкан.

Во Србија, која има најмногу проекти, кинеските заеми достигнуваат 7 отсто од БДП, во Црна Гора 21 отсто, во БиХ 3 отсто и во Северна Македонија 8 отсто.

Албанија е единствената земја во регионот што нема кредит, иако претходно има разговарано со кинеската ЕКСИМ банка за некои проекти.

Просечните годишни отплати се помалку од еден процент од БДП во сите земји во регионот, освен Црна Гора (1,8 отсто) и достигнуваат 57 милиони евра во Северна Македонија, 60 милиони во БиХ, 77 милиони во Црна Гора и 233 милиони во Србија.

Отплатите сочинуваат помалку од десет отсто од вкупните потреби за финансирање во периодот 2021-23 година во сите земји, освен Црна Гора, каде што тие во просек претставуваат 40 отсто во 2022 и 2023 година.

Кина, како што се наведува, не е најголемиот доверител од странство, но нејзиниот удел во надворешните долгови на регионот веројатно ќе се зголеми, доколку заемите се отплатат во согласност со договорите.

Марано, експерт за Централна и Источна Европа во Уникредит, смета дека таквиот тренд може да се надомести со поголема улога на фондовите на ЕУ во финансирањето инфраструктурни проекти преку Инвестицискиот план на Западен Балкан, кој планира грантови од седум до 18 отсто од БДП за периодот 2021-27 година.

Покрај тоа, од Западен Балкан се очекува да има корист од дополнително финансирање од други меѓународни финансиски институции, како што се Светска банка, ЕБОР и ЕИБ.

Според проценките, тоа финансирање се движи во претходните пет години од просечно 1,1 до 2,2 отсто од БДП годишно во однос на БДП од 2019 година, во зависност од земјата.

Процесот на пристапување во ЕУ може да донесе дополнително финансирање на ЕУ, пишува Марано, додавајќи дека новата методологија за проширување предвидува можност за постепено дополнителни ЕУ трансфери во замена за напредок во спроведувањето на реформите.

Во анализата се наведува дека процесот на пристапување кон ЕУ ќе го подобри кредибилитетот на Западен Балкан и ќе им помогне на земјите од регионот да го користат пазарот на долгови.

Анализата е направена врз основа на увид во извештаите за долгови, законите за буџет, законите за државни гаранции за државни претпријатија и вклучува само проекти за кои договорот за заем е завршен и официјално објавен.

https://nezavisen.mk/kineski-zaemi-za-zapaden-balkan-crna-gora-e-najzadolzhena-kade-e-s-makedonija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 28-May-2021 at 15:05
Поскапа струја, а се најавува и НОВ, КРИЗЕН ДАНОК!

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, најави можност за воведување прогресивен данок, но, како што вели, за богатите кои за време на пандемијата станаа уште побогати, намалување на персонален данок во одредени сектори кои најмногу настрадаа од короната, но и воведување на кризен данок.

– Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување. Јас велам – зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните – велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено, вели Битиќи.

Од опозицијата, пак, обвинуваат дека со даночната реформа која е во подготовка повторно ќе се удри врз стопанството и стандардот на граѓаните.

Ќе имаме корекција во даноците, не го бараме решението кај себе, туку повторно удираме по бизнисот и граѓаните и ги зголемуваме даноците наместо да најдеме начин да ја намалиме сивата економија и така да се зголемат приходите во буџетот. Ние остануваме на нашата политика, а тоа е рамен данок и негово намалување до ниво од 8 проценти, вели, претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

– Во Министерството за финансии се заговара воведување на кризен данок, по примерот на воениот данок во 2001 година. Ова значи плаќање на дополнителен процент данок на буквално секоја финансиска трансакција. Тоа значи дека кога секој граѓанин ќе купува нешто или ќе плаќа сметка, ќе плаќа допонителна сума, процент од сметката на Владата. На овој начин Владата на Заев става рака во џебовите на сите граѓани во државата и влијае на нивно дополнително осиромашување, покрај вртоглавиот раст на цените на прехрамбените производи, горивата, како и најавата за ново поскапување на електричната енергија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

По актуелизирање на идејата за прогресивен данок од страна на академикот Таки Фити, од пред неколку дена, многу реакции стигнаа на адреса на сивата економија, односно дека не не е легитимно да се зборува за зголемување на даноци кога даночната евазија се приближува до 40 проценти.

Според главниот советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија, Зоран Јовановски, со поголем данок практично повеќе ќе се оптоварат тие кои плаќаат данок.

– Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се среди па потоа да се размислува за нови или повисоки даноци, реагираше Јовановски.

Прогресивното оданочување е одложено за 2023, но не се исклучува можноста да биде воведен и порано.

https://vecer.mk/ekonomija/poskapa-struja-a-se-najavuva-i-nov-krizen-danok
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 28-May-2021 at 17:30
До кога партиите во Македонија ќе се тркаат кој ќе смисли полевичарска мерка?! зашто во Македонија за десница се мисли и се подразбира дека тоа се само сељаци кои пијат у кафана на патриотски песни и со знаме?!

До кога со овакви полулистички глупсоти? Америка е Америка зашто тамо се разговара и за регресиверн данок. 10% од X+Y е повеќе од 10% од X. Што е тука нејасно? Толку ли не им иде проста математика.

Истите политичари што не успеаја 30 години да обезбедат саглам инвестициска бизнис клима, еднакво владеење на правото, микро-компании фамилијарни да бидат столб на мало стопанство, истите оние кои земјоделство го држат на subsistence ниво како да сме уште турско, истите тие што оставаат да хара сива економија, Е ИСТИТЕ ТИЕ луѓе сега шират пизма и гнев масовно меѓу осиромашениот македонски народ, му ја стимулираат љубомората и омразата, и тоа пак према сопствени сограѓани кои имаат поголема плата. А баш тие доктори и инженери се моментално оние кој најмногу бегаат од Македонија. Ние неможеме да научиме сеуште тука што е флуктуирачки пазар на труд и како таквиот пазар стабилно ги еквализира разликите во примања меѓу професиите. Уште чекаме некој тито да дојде и да тропне од маса и да одреди пласнски плати, луѓе се надеваат на некакви комуњарски систематизации. До кога?!

Акциза е сосема легитимна тема за разговарање. Даноци и царини на производи, странска роба, деликатес роба, све што е надвор од проширена потрошувачка кошница, луксузни возила, 3+ собни станови. За све можеме да разговараме како да се оданочи дополнително. Значи на outbound, кога се трошат парите. Ама да се разговара за оданочување уште на inbound, е тоа е сосема глупаво.

Edited by user8642 - 28-May-2021 at 17:33
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 29-May-2021 at 16:58
Владата го презентираше интервентниот план за инвестиции 2021-2026, најавени 30 нови инвестиции



Голем дел односно 4,2 милјарди евра од овие инвестиции се базираат на странски капитал, јавни приватни партнерства, кредити и грантови а околу 3,8 милјарди евра се од домашниот буџетот.

Премиерот Заев најави 1,6 милјарди евра инвестиции во патната инфраструктура, 1,1 милјарда евра во железничката и околу 500 милиони евра во гасификација. Сепак најголемите и најзначајните инвестиции се околу зелената енергија, преку нови ветерници, фотонапонски и гасни електрани со план година или две пред крајниот рок 2030 РЕК Битола да престане да користи јаглен и земјава да се префрли на обновливи извори на енергија кои сепак ќе не чинат преку поскапа струја но владата планира воведување на пакети на помош за социјално ранливите категории.

Големи инвестициии најави Заев и во технолошко индутриските развојни зони и во други места надвор од нив како одминува здравствената криза. Се најавуваат 30 нови странски инвестиции со вкупна вредност од 609 милиони евра како и дополнителни 45 милиони евра во трите откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи.

Од владата ги најавија инвестициите во ски центрите, нова еколошка фабрика за челик, фабрика за преработка на отпад по еколошки стандарди без да испушта штетни гасови во воздухот и претворање на земјиштето предвидено за карго аеродромот во фотонапонска електрана со моќност колку два блока на РЕК Битола.

За да има успешна реализација на овој обемен инвестициски план владата ќе формира посесбно тело кое ќе помага инвестициите да се реализираат непречено. Премиерот Заев најави и дека владата работи и на подготовка на ребаланс на буџетот за да се обезбедат пари за набавка на апарати за земање отисок од прст како услов за одржување на пописот како и обезбедување на средства за да се плаќаат порачаните вакцини

https://kanal5.com.mk/vladata-go-prezentirashe-interventniot-plan-za-investicii-2021-2026-najaveni-30-novi-investicii/a476858
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 02-Jun-2021 at 17:33
Рекорден раст на јавниот долг од над 65 проценти од БДП

Јавниот долг на државата до крајот на оваа година ќе достигне 63.9 проценти од бруто-домашниот производ. Според владината фискална стратегија, наредните две години јавниот долг ќе достигне историски највисок раст или во 2022 задолжувањето ќе биде 65,9 проценти а во 2023 година 65,2 проценти од БДП. Премиерот Зоран Заев вели дека намалувањето на јавниот долг ќе се прави со поголем раст на БДП, но и намалување на вработените во администрацијата.

Целта е 2026 да паднеме под 60 проценти јавен долг а државниот долг под 50 проценти тоа е возможно секако ако проекциите за раст на економијата растат а истовремено ги намалување непродуктивните расходи односно го исполниме ветувањето за намалување на јавната администрација, и со тоа ќе се намали дефицитот со тоа ќе се намали и јавниот долг“, рече Заев.

Според фискалната стратегија во наредните пет години земјата ќе бележи раст на економијата од пет проценти бидејќи заздравувањето од кризата е веќе започнато.

„Согласно основното среднорочно сценарио, економскиот раст во 2021 година е проектиран на 4,1%, а во периодот 2022-2026 година се предвидува просечен годишен раст од 5,4%. Основното сценарио се заснова на стојалиштето дека економијата ќе заздрави во 2021 година, по што ќе се интензивира економскиот раст“, наведуваат од Министерството за финансии.

Според стратегијата оваа година ќе има зголемување на бројот на вработени за еден процент а во следните години вработеноста ќе се зголеми на 54,3 проценти, или во 2026 Владата проектира стапката на невработеност да биде 8,6 проценти. Приоритетите во следниот период според стратегијата биде справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите.

https://alsat.mk/mk/rekorden-rast-na-javniot-dolg-od-nad-65-protsenti-od-bdp/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 15-Jun-2021 at 07:26
АНАЛИЗА: (Не)достижно сценарио – по 6,1 отсто раст во секој квартал за да се оствари годишниот раст од 4,1отсто

И со ребалансираниот Буџет, Владата за годинава проектираше оптимистичко сценарио за раст на економијата повисок од 4 отсто. Додека податоците за првиот квартал од годинава покажуваат дека економијата сѐ уште е во минус а бруто-инвестициите се во „слободен“ пад, Владата е уверена дека Бруто домашниот производ ќе се зголемува, инвестциите ќе се рестартираат, невработеноста ќе се намалува, пишува „Порталб“. Што велат економистите?

Во првите три месеци од годинава – пад на економијата за 1,9 отсто. Бруто- вложувањата во минус со 16,6%. Овие негативни податоци се очекувани поради прелевањето на здравствената криза и во првите месеци од годинава – но според власта тие нема да ја засенат проекцијата дека оваа 2021 ќе регистрираме стапка на раст на БДП од 4,1 отсто – прогнозирана и во новиот ребалансиран Буџет.

Според дел од аналитичарите, економијата во следните три квартали од годинава треба да испорача по 6,1 отсто раст, со исклучени сезонски ризици (фактори) за да се реализира прогнозата за раст на БДП од 6,1 отсто..

– Како тоа ќе се случи? Без силни и реално проектирани инвестции – економијата нема да тргне напред – коментираат економистите.

Само со агресивен инвестициски циклус ќе бидат достижни стапките на раст повисоки од 5 отсто кои се предвидуваат во следните години.

– Систематски висока стапка на економски раст од над 5 отсто е достижна, меѓутоа само со засилена стапка на инвестирање, вклучително и квалитетни инвестиции на државата. Последново е од особена важност, бидејќи ние ретко зборуваме или ги пресметуваме мултипликативните ефекти на јавните инвестиции. Таква стапка на раст ќе е одржлива ако е поддржана од робусни структурни реформи, од кои најкруцијални се оние што се однесуваат на човечкиот капитал односно образованието и квалитетот на институциите кои треба да обезбедат владеење на правото – вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Додека податоците за инвестициите засега се поразителни, намалување на странските директни иневстиции и пад на Бруто-инвестициите воопшто, власта најави инвестициски бум од неколку милијарди евра. Токму ова според Владата ќе биде локомотивата за економскиот напредок.

– Инвестициите ќе имаат значајна улога во постепеното интензивирање на економијата. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8 отсто во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции – изјави премиерот Зоран Заев на презентација на Ребаланс на Буџетот.

Амбициозни и предизборни проекции за економски раст во состојба кога показателите за странските инвестиции се катастрофални – коментира Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО – ДПМНЕ.

– Најпрво, БДП и понатаму останува високопроектиран или би рекла само желба на власта. Просечната стапка на раст за периодот 2017-2019 година е 2,4 отсто (значи без криза) и нема ниту една причина да очекуваме дуплирање на растот. Стапка на раст од 5 отсто како што проектираат во Фискалната стратегија, прво бара многу работа а не возење мотори за викенд, второ, бара инвестиции. Високи стапки на раст на БДП имаше во 2006, 2007 и 2008 година но тогаш и бруто инвестициите беа високи и имавме комплетно друго економско опкружување со стабилна даночна политика и доверба на инвеститорите во власта. За овој период особено важно е дека инвестициите беа во основни средства кои се основа за подолгорочен и стабилен раст. За жал последните години имаме раст на резервите од кои не можеме да очекуваме некоја постабилна иднина – вели Кочоска

Наспроти опозицијата, власта е уверена дека оваа година економијата влегува во постковид период на заздравување. Се очекува раст на буџетските приходи за 4,7 отстоно се зголемуваат и трошењата за 8,6 отсто. Буџетскиот дефицит се продлабочува на 6,5 отсто. Во новиот ребалансиран Буџет се предвидува пад на невработеност а раст на вработеноста.

Ребаланс Буџет 2021

Приходи +4,7%

Расходи +8,6%

Капитални расходи +26,9%

Извоз +10,6%

Увоз +11,0%

Вработеност +1,0%

И според најновите анализи на НБМ економијата влегува во зона на заздравување – но со сѐ уште присутни ризици.

– На среден рок, се очекува натамошно закрепнување на економијата, со стапка на раст од 3,9 отсто во 2022 година и 4 отсто во 2023 година. Ризиците околу основното сценарио и натаму се оценуваат како поизразено надолни – велат од Народната банка.

Инаку според ММФ, годинава Македонската економија ќе испорача раст од 3,5 отсто.

https://plusinfo.mk/analiza-ne-dostizhno-scenario-po-6-1-otsto-rast-vo-seko-kvartal-za-da-se-ostvari-godishniot-rast-od-4-1otsto/?fbclid=IwAR1f96ac-w27Krg4t7BzjAZ0p5gCW0dAUrWMPVtQhJOSg7jXDBvJQsdizMg
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 15-Jun-2021 at 17:18
ОД 1 ЈУЛИ ПОСКАП БЕНЗИН И ДИЗЕЛ ЗА 3,5 ДЕНАРИ ЕКОЛОШКА ТАКСА, ДДВ НА СТРУЈА СЕ НАМАЛУВА ОД 18 НА 5 ОТСТО

Од 1 јули годинава ќе се воведе нова давачка за граѓаните – еколошка такса од 3,5 денари за нафта и нафтени деривати. Олеснување за граѓаните ќе биде намалување на цената на ДДВ за струја, со што сметките наредните две години ќе бидат помали односно ќе се амортизира ударот од поскапувањето на електричната енергија. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев објаснувајќи дека новата давачка е дел од зелената агенда на Владата, а парите собрани по овој основ ќе одат во таканаречениот еколошки фонд.

„Еколошката такса која е предвидена со ребалансот на буџетот е дел од еколошката програма на Владата. Веќе отворивме еколошки фонд со којшто треба да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија. Влезени сме во сериозен процес на промена на јагленовите термоелектрани во фотонапонски, ветерници и гасни. Паралелно со тоа државата мора да ги јакне своите институционални и финансиски можности за инвестирање во вакви извори. Еколошката такса оди со 3,5 денари на нафтата со порака да се откажеме од користење нафта и нафтени деривати и да преминеме буквално во користење на зелена енергија односно да се движиме почесто со велосипед, тротинер или со електрични возила, затоа што тоа го прави цел свет“, рече денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање при доделувањето на парите од ТАВ наменети за инфраструктурни проекти на општините

Од еколошката такса годишно во буџетот ќе се влеваат 54 милиони евра.

Заев најави дека од наредниот месец цената на ДДВ за струја ќе се намали од 18 на 5 отсто. Ваквата мерка ќе трае до 1 јули 2022 кога ќе биде 10 отсто, а од јули 2023 повторно ќе се врати на 18 отсто. Според Заев ваквата мерка ќе овозможи социјална стабилност на граѓаните.

„До 2023 ќе ги подготвиме најсиромашните преку државна помош да ги пребродат енергетски промени. И со воведувањето на еколошка такса остануваме со најниски цени на нафтата во регионот“, рече Заев.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/od-1-juli-poskap-benzin-i-dizel-za-3-5-denari-ekoloshka-taksa-ddv-na-struja-se-namaluva-od-18-na-5-otsto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 16-Jun-2021 at 12:23
Се подгрева инфлацијата: Растот на цените ќе продолжи

Се подгрева инфлацијата, очекувањата за цените остануваат во насгорна насока. Народната банка потврдидека има незивесност во однос на движењето на светските цени, што секако се рефлектира и овде. Денеска се одржа состанок на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на кој се потврдиле ставовите и за инфлацијата. Годишниот раст на цените во периодот април – мај 2021 година изнесува 2,9 отсто и е во согласност со очекувањата според априлските проекции на Народната банка.

„Во однос на очекуваните движења на увозните цени, последните ревизии се во нагорна насока. Неизвесноста во однос на движењето на светските цени на примарните производи во следниот период е особено нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со пандемијата и изгледите за справување со неа, стои во соопштението.

Оттаму велат дека според последните расположливи макроекономски показатели за економската активност, бруто домашниот производ во првиот квартал од 2021 година забележа реален пад од 1,9 отсто на годишна основа, во услови на трет бран на ковид-19 што негативно влијаеше врз динамиката на економското закрепнување.

Нови поскапувања ќе следуваат и по зголемувањето на еколошката такса за сите горива до 3,5 денари по литар од јули.

https://faktor.mk/se-podgreva-inflacijata-rastot-na-cenite-kje-prodolzi
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 01-Aug-2021 at 12:47
ЈАВНИОТ ДОЛГ ЗГОЛЕМЕН ЗА 213 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - земјава должи 7,4 милијарди евра

Јавниот долг за три месеци порасна за 213 милиони евра, или достигна 64,4 отсто од БДП, објави министерството за финансии.

Јавниот долг на крајот од јуни годинава е на ниво од 7,386 милијарди евра.

„Со ова јавниот долг достигна 7,4 милијарди евра, или за 2,7 милијарди евра повисоко во однос на 2016 година.

Оваа влада планира да продолжи уште да го задолжува овој народ. Следната година, планираат јавниот долг да достигне 8,5 милијарди евра или скоро 66 отсто од БДП, согласно Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство догодина ќе биде задолжено со 17.000 евра.

За сметка на тоа, никој ништо нема да добие. Капиталните инвестиции се реализирани со бедни 30 отсто за седум месеци, а истовремено се набавуваат автомобили и мебел и се вработуваат во јавната администрација лепачи на партиски плакати“, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

https://faktor.mk/javniot-dolg-zgolemen-za-213-milioni-evra-za-tri-meseci---zemjava-dolzi-74-milijardi-evra
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.158 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.