build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 19-Dec-2007 at 00:01
Не сум сигурен како тоа функционира. Мој другар работеше таму летово, се издава простор (дали државата го издава - не знам) кај некој производител на варикина, меѓу останатите кои изнајмуваат простории. Местото е тешка дупка и многу е језиво.  Confused
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 03-Jan-2008 at 14:13

Овде му е местото. Cheers


ПОЧНА ИСПОРАКАТА НА ПРЕПАРАТИ СО ЕДИНСТВЕНИ И ПОНИСКИ ЦЕНИ

Јануари треба да ги испие скапите лекови

Не очекуваме застој во снабдувањето на аптеките, а најдобро е фабриките да ги печатат цените на пакувањето ,вели директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев

Сите лекови што се испорачуваат во аптеките од вчера имаат единствени цени, одобрени од Бирото за лекови. Во ниедна аптека не смеат да се примаат лекови без наведена цена на кутијата, што е во согласност со новиот Закон за лековите, рече вчера директорот на Бирото, Илчо Захариев. Цените на многу лекови ќе бидат пониски од постојните, а препаратите во сите аптеки во земјата од 1 февруари ќе мора да се продаваат по исти цени. Лековите ќе може да се продаваат по единствените цени дури откако аптеките ќе ги потрошат резервите од препарати, кои сега се со повисоки цени. Аптеките имаат преоден рок од 30 дена за да ги потрошат старите резерви на лекови, но тие што пред тоа ќе се ослободат од нив, веднаш ќе може да ги продаваат лековите по нови, пониски цени.

Инспекторите на Бирото за лекови, по направената контрола кај производителите на лекови и кај веледрогериите, оцениле дека дел од нив ги печатат цените на лековите на бандеролите, а останатите ги печатат на самите кутии.

- Имаше 14 жалби на одлуката за воведување единствени цени, но таа стана правосилна и почнавме да ја спроведуваме. Се работи интензивно, а најголемите производители на лекови во земјата, како „Алкалоид“ и „Реплек“, се сосема подготвени за новата одлука, а и во „Јака“ веќе ги лепат бандеролите. И сите веледрогерии се подготвени и добро организирани, па не би требало да има застој во снабдувањето со лекови - изјави Захариев.

Бирото за лекови ги известило аптеките дека тие не смеат да порачуваат нови количества од некој лек се' додека не ја потрошат постојната резерва лекови во аптеките што ги набавиле пред да почне да важи Одлуката за единствените цени.

- Досега резервите лекови се трошеа за 15 до 30 дена, затоа и го определивме 1 февруари како краен рок. Не очекуваме застој во испораката на лекови во аптеките поради единствените цени, а најдобро е фабриките да ги печатат цените на кутиите со лекови - објаснува Захариев.

Бирото за лекови, во соработка со Управата за јавни приходи и Царината, вршат контрола на спроведувањето на оваа одлука.

Казните за непочитување на единствените цени на лековите се ригорозни. Казна од 25.000 до 50.000 евра ќе добие аптеката и веледрогеријата што нема да продава лек по овие цени. Освен тоа, на аптеката, односно веледрогеријата може да и' биде привремено или трајно одземена дозволата за работа ако не се придржува кон одлуката.

Љубица Балабан

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8B4199387A9D0941ABFE7DF917509CFA



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 03-Jan-2008 at 14:15


Cheers
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 03-Jan-2008 at 14:18
И ова вреди да се спомне:

Владата ги покачи пензиите

Зголемувањето на пензиите во просек од 15 отсто е најголемо досега, нагласи премиерот  Никола Груевски

Пензионерите од 1 јануари ќе добиваат повисоки пензии, одлучи Владата вчера. Покачувањето - во просек од 15 отсто - е најголемо кај најниските пензии.Пензионерите што примаат 6.000 денари ќе добијат покачување од 20 отсто, 15 проценти за тие од втората група, односно за пензии до 10.800 денари, 12 отсто за пензии до 15.000 денари и 10 отсто покачување на пензии над 15.000 денари. Јануарската пензија нема да биде покачена во најавениот процент, туку скратена за 3 отсто. Значи, во февруари пензионерите од првата група ќе добијат покачување од 17, од втората 12, од третата 9 и од последната група 7 отсто. Целосно покачени пензии ќе се исплаќаат од јули, кога пензионерите ќе ги добијат и сега „скратените“ три проценти.

Во јули пензионерите ќе добијат и евентуално ново покачување, зашто според усвоените законски измени пензиите треба да го следат порастот на платите и на трошоците за живот.

- Направивме дополнителни детаљни анализи и пресметки и тие покажуваат дека во наредниот период од пет полугодија, односно две и пол години пензиите ќе бидат зголемени од 20 до 30 проценти, сообразно со висината на пензијата. Сегашното покачување е најголемо досега - рече премиерот Никола Груевски.

Вицепремиерот Зоран Ставревски напомена дека, ако не беше вчерашната владина одлука, пензионерите годинава ќе можеа да добијат покачување на пензиите од само 6 отсто. Тој потсети дека во последните четири години вкупниот пораст на пензиите изнесуваше само 6 отсто. А ако се има предвид дека во овој период престана исплатата на „укинатите“ 8 проценти, пензиите практично се намалуваа, наспроти порастот на платите од 21 отсто.

- Со ова покачување од 15 отсто во просек, ние го компензираме одеднаш сето тоа, односно порастот на пензиите го усогласуваме со порастот на платите - рече Ставревски.

Покачувањето на пензиите, според министерот за труд и социјална политика Љупчо Мешков, е за подобрување на материјалната и социјалната состојба на корисниците на пензија.

- Најниската сегашна пензија, која изнесува 4.091 денар, на крајот од годинава ќе достигне ниво од 4.970 денари, што е значајно за оваа категорија пензионери. Со ова паѓаат во вода скептичните предвидувања дека пензиите не може да бидат покачени за повеќе од три отсто - рече тој.

Вчерашниот дневен ред на владината седница, на барање од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, беше проширен со иницијативата за отворање канцеларии за врски во Израел - Тел Авив и во Индија - Њу Делхи.

Предраг Димитровски

Thumbs%20Up
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 03-Jan-2008 at 14:24
Конечно ќе заврши сагата со пензиите.. Особено ми се допаѓа планот - тие со најниска пензија да добијат најголемо зголемување , како што е ред... Thumbs%20Up

Сега ќе се најде некој да се просерава, ама тоа е неизбежно.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 03-Jan-2008 at 14:28
Добри вести надвор од Скопје

2007ма ќе се памети како најуспешна година последнава деценија за Оптина Ресен и цела Преспа. Нашата Преспа годинава доживеа економска ренесанса.
 
Започнувањето со изградба на Градскиот пазар во Ресен кој веќе е во завршна фаза, како и почетокот на изградбата на хотелите на Аквапура во Отешево ја најавија успешната економска година во Ресен.

Отворањето на големиот маркет СП, а со тоа и целосното реновирање на некогашната Стоковната куќа во Ресен беше постигнато вработување за 33 лица.

Исто така на 19 декември беше удрен камен темелник на новата фабрика за градежни материјали која ќе се гради на локацијата на поранешна "Слога".

Во последниве 24 месеци во Ресен се вработени над 1300 лица, бројката постојано се зголемува.
Ресен е Општина со најмногу инвестиции во овој регион.

PrespaSky,
31/12/2007



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 03-Jan-2008 at 14:29


изоставиле да спомнат дека се отвори и првиот ладилник за овошје во тој регион Cheers
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 03-Jan-2008 at 14:38
Зарем Аквапура веќе почна со изградба?? 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 03-Jan-2008 at 14:39
Originally posted by gotsomekicks

Зарем Аквапура веќе почна со изградба?? 


во септември почна изградбата според медиумите. Но немаше никакви дополнителни информации, сечење ленти, слики....  би сакал да го видам градилиштето со мои очи пред да го земам здраво за готово
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-Jan-2008 at 14:44
 Yes
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Jan-2008 at 18:18

За земјоделството 45 мил.евра

Субвенциите за земјоделството годинава ќе изнесуваат 45 милиони евра, изјави вчера премиерот Никола Груевски. Според него, ова е највисок износ на годишна поддршка за земјоделците.

Груевски соопшти дека тутунот годинава ќе биде поддржан со 30 денари за килограм предадена количина, што е двојно повеќе од лани. Пченицата, пченката, јачменот, оризот, сојата и маслодајната репка ќе се субвенционираат со 100 евра за хектар, а стимулациите за млекото ќе изнесуваат два денара за предаден литар.

- Владата првпат ќе го поддржи производството на ориз со 100 евра за хектар, а ќе обезбеди и по 2.000 денари за регистрација на секој земјоделец - истакна премиерот.

Thumbs%20Up


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Jan-2008 at 18:39
Applause

Сега знам чија слика Кочанчани ке ја закачат до онаа на Тито ... Big%20smile
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 09-Jan-2008 at 05:59
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=145732&idg=8&idb=2266&rubrika=Makedonija

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ ТЕНДЕР ЗА НАЈСТАРИОТ СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА
"Попова Шапка" се продава по трет пат
На првите два тендера за продажба на скијачкиот центар не стигна ниту една понуда од заинтересиран инвеститор

Друштвото за угостителство и туризам "Попова Шапка" ги подготвува последните документи за третиот обид да се продаде овој зимско-планински туристички центар на јавен тендер. На продажба се двата хотела "Славија" и "Попова Шапка" со вкупно 240 легла, 11 ски-лифтови и влечници, како и кондолната(?) жичница до Тетово. Терминот на наддавањето ќе биде објавен по изјаснувањето на второстепената комисија во Геодетската управа на РМ, која треба да ја заврши процедурата за издавање имотен лист на ова друштво за сопственоста врз земјиштето на кое се наоѓаат хотелите.
Директорот на друштвото, Алајдин Хасани, изјави: "Владата донесе одлука за продажба. Има повеќе заинтересирани компании од САД, Израел, Германија, Австрија и од други европски држави кои се на врвот на зимскиот туризам. Тие веќе доаѓаат и ги разгледуваат капацитетите". За првиот и за вториот тендер во изминативе две години немаше ниту еден официјално пријавен интересент од странство. Во овие два обида не беше истакната никаква почетна тендерска цена. Се шпекулира за номинална вредност од околу пет милиони евра. Од Министерството за економија и од ЕЛЕМ нема никакви навестувања дали овој пат ќе биде утврдена појдовната вредност за лицитацијата.
Науме Мариновски, професор на Факултетот за туризам во Охрид, нагласува дека ако Владата сака успешна приватизацијата на скијачкиот центар на Шара, мора да размисли и за постапка за издавање на ски-терените и на земјата околу нив под концесија за во целост да се разјаснат перспективите на овој планински центар.
С.Т.

Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 26-Jan-2008 at 13:33

НОВА „МЛЕЧНА КРИЗА“ со откупот ВО ЗЕМЈАВА

Се бара литар повеќе млеко

Млекарниците најавија дека ќе ги кредитираат земјоделците за да набават крави, вели земјоделскиот лидер Вељо Тантаров

Првпат Македонија се соочи со нов вид „млечна криза“ - недостиг од млеко за откуп. Отворањето нови млекарници и продажбата на старите драстично ја зголемија побарувачката за сурово млеко, но понудата не е доволна. Откупните цени за шест месеци се зголемија речиси за 80 отсто.

Сточарите најавија дека ќе бараат ново зголемување на цените поради поскапувањето на сточната храна. Во Сојузот на земјоделците велат дека во пелагонискиот регион владее јагма за млеко.

- Се бара литар повеќе. Откупната цена се движи од 25 до 30 денари за литар. Сточарите се генерално задоволни, но се надеваат на долгорочни кооперантски односи со млекарниците за да може да набават храна за кравите - изјави Вељо Тантаров, претседател на Сојузот.

Според него, влегувањето на странски капитал во земјава и' стави крај на долгогодишната агонија во сточарството. Тантаров вели дека млекарниците најавиле оти ќе ги кредитираат земјоделците за да набават млечни крави, кои ќе ги отплаќаат со предаденото млеко.

Сојузот со Министерството за земјоделство и со експерти подготвува нов правилник, во кој строго ќе се дефинираат кооперантските односи помеѓу сточарите и млекарниците.

Во Федерацијата на фармери тврдат дека поскапувањето на млекото не ги покрива трошоците на сточарите.

- Ако млекопроизводителите и Министерството се задоволни од сегашната цена, сигурно не би имало субвенции. Реалната откупна цена на млекото е 35 денари - велат во Федерацијата.

Од битолската млекарница бараат подобар квалитет на млекото и зголемување на бројот на кравите.

- Ќе ги едуцираме земјоделците за да го зголемат квалитетот. Со тоа ќе се подобри пласманот во земјава и надвор - изјавија во ИМБ.

Според експертите, продукцијата на млеко мора да се зголеми до 7.000 литри од крава годишно ако сакаме да се доближиме до европскиот просек.

- Млечноста на нашите крави е на многу ниско ниво и се движи од 2.000 до 2.500 литри годишно, а вкупното дневно производство е 250.000 литри. Не треба се' што е понудено да се откупува без проверка на квалитетот - порачува Соња Србиновска, професорка на Факултетот за земјоделство и храна.

Производството на млеко и на млечни производи во земјава стана привлечен бизнис за странските инвеститори. Со шведски капитал се отвори млекарницата „Сведмилк“ во Петровец, „Бучен Козјак“ и' е продаден на корпорацијата „Данубе фудс“, а „Дукат“ ја купи „Идеал шипка“.

Во Министерството за земјоделство не се изненадени од сегашната ситуација.

- Знаевме дека ќе се случи тоа откако се појавија странските инвестиции. Уште тогаш министерот ги предупреди млекарниците дека треба да најдат начин да си ги задржат кооперантите бидејќи млеко ќе нема - вели Соња Трајкова, портпаролка во ресорот.

Според неа, за да се поттикне производството на млеко годинава првпат се даваат по два денара пзао литро предадено млеко, а се субвенционира и грло добиток за да се зголеми бројот на кравите.

Валентина Ангеловска



Edited by gotsomekicks - 26-Jan-2008 at 13:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 28-Jan-2008 at 19:00
Ова со Катар се спомнува од лани. Ни останува да чекаме и да видиме што ќе испадне... Можеби меѓудругото облакодери карши Холидеј Ин Big%20smile

http://kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28699&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Македонија
Црвенковски во Катар: Македонија подготвена за катарски инвестиции

Доха, 28 јануари (МИА) - Претседателот Бранко Црвенковски, кој престојува во тридневна посета на Катар, денеска се сретна со емирот Хамад бин Калифа ал-Тани, јави известувачот на МИА од Доха.

Главна тема на разговорите, на кои беше констатирано дека политичките релации се на високо ниво, беа економските односи. Црвенковски истакна дека оваа негова посета треба да претставува импулс за сите субјекти во Македонија и во Катар за почнување на соработката во сите економски области.

Тој ги презентираше можностите и најновите мерки на македонската Влада за привлекување странски директни инвестиции и ја презентираше даночната политика на Владата претставувајќи ја како најповолна во регионот, како и други погодности што Македонија ги нуди во промоцијата за создавање услови за привлекување странски директни инвестиции.

Во тој контекст Црвенковски оцени дека Македонија и натаму продолжува да создава услови за привлекување странски директни инвестиции, бидејќи тоа е приоритет на економската политика на земјата.

Црвенковски истакна и оти Македонија има склучено договори за слободна трговија со други земји што ја прави земјата еден регионален пазар. Тој исто така укажа и оти поради мерките на Владата многу странски компании пројавуваат интерес за инвестирање во земјата, а како уште една поволност за тоа е и фактот што Македонија е на чекор за влез во НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ што, според него, придонесува потенцијалот за инвестирање во Македонија да стане уште поголем.

Црвенковски укажа дека Македонија располага со можности за странски инвестиции во земјоделството и сточарството, а нуди и потенцијали во областа на градежништвото. Тој истакна дека Македонија има можности за енергетски инвестиции, како и инвестиции во туризмот вклучувајќи го хотелиерството.

Емирот ал-Тани од своја страна истакна дека Катар е заинтересиран за соработка со Македонија, а како најинтересни за соработка ги посочи областите на земјоделството, енергетиката, туризмот и гасот.

Тој ја истакна подготвеноста за катарски инвестици во Македонија, но како негативен пример го посочи проблемот со неподготвеноста на македонската Влада во 2005 година да обезбеди 17 локации за изградба на бензиски пумпи од страна на катарска нафтена компанија.

Емирот ал-Тани додаде дека Катар е во економска експанзија, во земјата се присутни многу странски компании, како и тоа дека многу од нив сакаат да се присутни на македонскиот и на поширокиот балкански пазар.

Во Кабинетот на емирот, кој е познат и како Диванот, беа потпишани Договор за одбегнување на двојното одданочување и заштита на фискалната евазија по однос на даноците по доход и Меморандумот за разбирање во областа на земјоделството.

Договорите ги потпишаа министерот без ресор Аднан Ќахил, кој е во состав на македонската делегација предводена од претседателот Црвенковски, и катарскиот министер за финансии Јусиф Хусаин ал-Камал.

Македонскиот претседател утре ќе ја посети Катарската Фондација за образование, наука и општествен развој, а предвидени се и посети на Катарската Стопанска комора и Агенцијата за инвестиции на земјата.

Во чест на посетата на претседателот Црвенковски во катарската престолнина се виорат македонски знамиња.

Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи во јуни 1996 година. Катар ја признава Македонија под уставното име.

Надворешно-трговската размена меѓу Македонија и Катар во 2006 година изнесува 6.750.000 американски долари главно од македонски извоз на суровини и репроматеријали железо, челик и други конструкции.

Првата рамка за стопанско-трговска соработка меѓу двете земји е воспоставена со склучување на договорот за економска и трговска соработка меѓу двете земји во март 2005 година.

Катар е Емират на Блискиот Исток и се наоѓа на Катарскиот полуостров, што е дел на Арабискиот полуостров. Во последните 150 години со политиката во Катар доминира семејството Ал-Тани. По завршувањето на британскиот протекторат во 1971 година, земјата не се приклучи кон Обединетите Арапски Емирати и ја одбра целосната независност. БДП по глава на жител во 2005 година изнесува 27.400 американски долари.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 28-Jan-2008 at 19:21
Хмммм... прилично замашен кредит... Изгледа сме направиле добра рокада со кредитите (тие што ги исплативме лани пред време)

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28708&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Македонија повторно се задолжи кај Светска банка

Македонија повторно се задолжи кај Светска банка. Од финансиската институција ќе позајми 280 милиони долари за следните четири години – годинава за четири проекти ќе потроши 175 милиони долари.

 

Најмногу 100 милиони се за изградба на регионални и локални патишта. Македонија ги бара за позначаен регионален развој.

 

Владата одлучи да се задолжи кај Светската банка и покрај тоа што обемниот буџет годинава го правдаше токму со предвидените пари за инфраструктурни објекти од кои најмногу за патишта.

 

Другите пари планирано е да се распоредат рамномерно - за секој проект по 25 милиони долари. Еден е за финансиска помош на посиромашните семејства – Владата ќе ги стимулира задолжително да ги испраќаат децата во училиште. Предвидени се пари и за развојни политики и посебно за развој на општините.

 

Новата кредитна линија за Македонија бордот на директори на банката треба да ја одобри во мај годинава.


(28.01.2008) Александра%20Мишовска
Автор: Александра Мишовска
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 22-Feb-2008 at 23:15
hm

„Текно Хозе“ сака да гради фабрика во Бунарџик

Александар Момировски  
22.02.2008 18:13

Италијанската компанија „Текно Хозе“ го пикирала Бунарџик за следна бизнис дестинација во регионот. Сака да гради фабрика за производство на челични цевки во слободната економска зона.

Според информациите на А1, се работи за инвестиција од околу 7 милиони евра, но се уште не е финализиран начинот за влез на Италијанците во зоната.

Во игра се две опции - или да закупат одредена парцела и таму да ја градат фабриката или, пак, „Текно Хозе“ да ја откупи зградата што ја изградија тајванските инвеститори во текот на 1999-та.

Извори на А1 тврдат дека за производство на италијанските бизнисмени им треба затворен простор од околу 3.000 квадратни метри, но отворена е можноста компанијата да закупи уште 3.000 квадратни метри што ќе ги употреби за евентуално ширење на бизнисот.

Засега нема информации кога би финиширала зделката. Владата треба да објави тендер за да ја продаде зградата што на крајот од декември лани ја откупи за 510.000 долари, а кои ги плати како спогодбено решение за судскиот спор што го покренаа Тајванците.

Во Бунарџик засега има само две компании инвеститори. Американската „Џонсон контролс“ веќе почна со производство во фабриката, а според информациите, сопствениците резервирале уште една парцела во зоната, најверојатно за нов објект.

Влез во зоната договори и британскиот гигант за производство на делови за автомобили „Џонсон Мети“.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90004
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 22-Feb-2008 at 23:17
Ова е последна бланко територија која можеме економски да ја освоиме и колку толку да го зголемиме капацитетот на нашето стопанство. Тирана веќе гради автопат кон Приштина и не смее да дозволиме Драч да ја превземе улогата на Солун и со тоа да изгубат Скопје и Македонија. Автопат кон Косово треба да биде меѓу приоритетите.

ЌЕ СТАНЕМЕ ТРАНЗИТЕН ЦЕНТАР
Производи за Косово од македонски магацини

Македонија има голема шанса да стане транзитна зона и главен дистрибутивен центар за стоките наменети за косовскиот пазар бидејќи Косово е земја зависна од увоз, објаснуваат познавачите на глобалниот пазар. Големите странски компании ќе ги транспортираат стоките од солунското пристаниште во Грција, преку Македонија до Косово. - Можно е да се отворат нови или уште повеќе да се активираат постојните странски претставништва во Македонија, а повеќе работа ќе имаат и домашните извозни компании. Развиената дистрибутивна мрежа и магацините во Македонија ќе се користат за префрлување на стоките од солунското пристаниште кон Косово - вели Владо Андонов од Центарот за економски анализи. Според него, сега Косово нема развиено никаква внатрешна контрола на увозот на стоки, а, од друга страна, живее од странски пари. Со оглед на тоа, единствена можност му се стоките што доаѓаат од солунското пристаниште преку Македонија и од албанското пристаниште. Мора да се има предвид дека и Албанија ќе ја искористи ваквата шанса за пренесување стоки кон Косово преку своето пристаниште. Билјана Муратовска од Асоцијацијата на камионските превозници - „Макам транс“, вели дека и досега Македонија претставувала значајна транспортна зона за Косово. Соодносот на стоките што се превезувале од солунското пристаниште кон Косово и Македонија бил три спрема еден за Косово, односно ако еден континент бил наменет за македонскиот пазар, три биле за косовскиот. - И досега македонските транспортери превезуваа стоки од Солун за Косово, но за разлика од тоа што се случуваше досега, со независноста на покраината може да се создаде една нова ситуација. Косово како независно сега може да потпише повеќе билатерални спогодби за транспорт со други превозници, така што би извисиле македонските превозници. Тоа е веќе една нова и многу незгодна ситуација - вели Муратовска.

А. Б.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1325&ArticleID=85419
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 22-Feb-2008 at 23:36


На автопат Приштина-Драч може само делумно да му конкурираме, без разлика дали ќе бидеме први. Со изградбата на тој автопат работите секако ќе се поместат. Но тој автопат веројатно ќе доцни на албанска страна, а на косовска нема ни абер за изградба, па имаме повеќе време. Исто така имаме пруга како наш адут. Како трет адут треба да ја искористиме положбата на Скопје кој е логичен „хаб“ во околината. Тука се вкрстуваат два пан-европски коридори и тоа има голема тежина.

Автопат Скопје-Приштина е работа за која треба да се изјасни косово. Доколку евентуално навистина се гради од таа страна (не им верувам баш премногу на оптимистичките најави на косовските медиуми), мислам дека воопшто нема да е проблем да се изгради и кратката делница од наша страна.

Во секој случај, како што кажав - долгорочно гледано Драч ќе добие големо значење за косово. Но не треба да гледаме само низ призма на „пристаништа“, туку и низ призма на тоа дека Скопје природно се наметнува како „хаб“ за Косво во многу погледи. Само се надевам дека цената нема да ја платиме преку лоши односи со Србија или со некаква изолирана Србија. Србија е сепак многу поважна за македонската економија отколку Косово во секој поглед.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 22-Feb-2008 at 23:40
Еве да ја илустрирам хабовската поставеност на Скопје Big%20smile


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.