build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 21-Aug-2008 at 14:03
Rastat investiciite, nevraboteni 400.000 iljadi , ne veruvam bash vo takvi prikaski a vie?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 21-Aug-2008 at 14:06


Ниедни инвестиции неможе да им помогнат на тие 400.000 луѓе. Потребно е лична иницијатива, претприемаштво, инвестиција во себе (образование). Сите овие компоненти ги нема.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 22-Aug-2008 at 10:25
Па ако е толку лесно веќе 17 години можеле да покажат како што викаш лична иницијатива, мислам дека е наивно да се очекува/бара  преку 30% од населението само да се извлече од мизеријата во која се наоѓа.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 22-Aug-2008 at 11:53
Originally posted by vardar

Па ако е толку лесно веќе 17 години можеле да покажат како што викаш лична иницијатива, мислам дека е наивно да се очекува/бара  преку 30% од населението само да се извлече од мизеријата во која се наоѓа.


mali i sredni biznisi se sekade golema komponenta od ekonomijata (megju niv i mali biznisi koi stanuvaat sredni za 17 godini ). Apsolutno mislam deka ne e naivno. Lani imase edno javno ispituvanje kade samo se potvrdija ovie moi somnezi. Mozebi i e postirano tuka nekade vo Test, ne sum siguren. Gore dole rabotite stoea vaka

- ogromno mnozinstvo lugje ne bea spremni da se doobrazuvaat/doobucuvaat makar toa bilo i  besplatno
- ogromno mnozinstvo lugje cekaat drzavata da im gi resi problemite
- ogromno mnozinstvo lugje poprvo bi go zadrzale status quo (socijalna pomos itn) otkolku da se obidat nesto da smenat samite.

Toa e nasiot mentalitet, toj e fakt. Niedna stranska investicija nemoze da zaposli 400.000 lugje. Pa eve da gi donese DPMNE site pogolemi fabriki koi gi najavi tie nema da zaposlat povekje od 3.000 lugje. A zborime za seriozni fabriki. Iako brojkat ane e 400.000 tuku e znacajno pomala sepak e ogromna.

I na krajot. Ne rekov deka e lesno no nema nisto lesno vo zivotot. Treba da se raboti i uspeh (pogolem ili pomal) neminovno kje ima.


Edited by pbanks - 22-Aug-2008 at 11:53
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 22-Aug-2008 at 13:26
Originally posted by pbanks


mali i sredni biznisi se sekade golema komponenta od ekonomijata (megju niv i mali biznisi koi stanuvaat sredni za 17 godini ). Apsolutno mislam deka ne e naivno.
 
 
Точно, мислам негде 80% од претпријатијата во развиените земји се мали или средни (иако што е мало а што средно варира од земја до земја), и сосема нормално е што фирмите растат, но проблемот е што ти предлагаш преголем чекор (свесен сум дека ништо не е лесно). Мислам дека  е нереално да се очекува од луѓе кои се без работа 15 години  или  по завршување школо не работеле ни еден ден некој да им рече епа ај снајдисе земи нешто отвори бизнис и они одеднаш да се "разбудат" и да почнат масовно да отвараат мали или средни претпријатија Big%20smile  ..... Затоа реков дека ми звучи наивно......
 
  
 
 Lani imase edno javno ispituvanje kade samo se potvrdija ovie moi somnezi. Mozebi i e postirano tuka nekade vo Test, ne sum siguren. Gore dole rabotite stoea vaka

- ogromno mnozinstvo lugje ne bea spremni da se doobrazuvaat/doobucuvaat makar toa bilo i  besplatno
- ogromno mnozinstvo lugje cekaat drzavata da im gi resi problemite
- ogromno mnozinstvo lugje poprvo bi go zadrzale status quo (socijalna pomos itn) otkolku da se obidat nesto da smenat samite.
Toa e nasiot mentalitet, toj e fakt. Niedna stranska investicija nemoze da zaposli 400.000 lugje. Pa eve da gi donese DPMNE site pogolemi fabriki koi gi najavi tie nema da zaposlat povekje od 3.000 lugje. A zborime za seriozni fabriki. Iako brojkat ane e 400.000 tuku e znacajno pomala sepak e ogromna.

I na krajot. Ne rekov deka e lesno no nema nisto lesno vo zivotot. Treba da se raboti i uspeh (pogolem ili pomal) neminovno kje ima.
 
 
Ова не е македонска појава/менталитет, ова го има буквално СЕГДЕ низ светот, факт е дека не можеме сите да бидеме исти, некои луѓе лесно се адаптираа на промените од 90 наваму некои не......  не се само они криви исто како што не е само државата крива.
 
Не сум го видел испитувањето али не ме изненадува, депресија и ниско мислење за  способностите се составен дел од овој феномен, државата може на пример да ги натера на овие работи (дообучување) со тоа што ќе ја услови социјалната помош и други работи. Државата мора да ја брка работата од проста причина што луѓево имале 17 години да се снајдат самите и не успеале.
 
Викаш ниедна инвестиција не им помага на овие луѓе и нејќат самите да си помогнат, па каде е тогаш излезот?
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 22-Aug-2008 at 13:52
Previous
Мислам дека сам го даде одговорот на твоето прашање. Излезот е во промената на свеста кај населението. Владата, невладиниот сектор, образовниот сектор треба сериозно а не само декларативно да се зафатат со работа. Негативните појави како зачмаеноста, барам работа за да не ја најдам, државата треба да ми го реши проблемот МОРА да се искоренат.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 22-Aug-2008 at 15:39
@vardar

битна е тенденцијата. Каде сме биле пред 17 години, каде сме сеа, а каде ќе бидеме за 17 години. Имало повеќе од доволно времe за "будење". Барем за тоа имаме доволно benchmark-ови. Полска, Естонија, Чешка, Романија, Бугарија............ Сите земји на кои во одреден момент во минативе 17 години им се потсмевавме а на кои денеска гледаме како пример.

Далеку од тоа дека директни (странски) инвестиции нема да помогнат во решавање на проблемот со невработеноста. Но тие не се носечки во таа битка. Главниот импулс мора да доаѓа од внатре. Најдобар пример се нашите сограѓани од албанска националност. Слактарниците ги сменија со фабрики за мебел, градежни материјали, храна... Тетово и Гостивар интензивно се градат. Можеме да дискутираме дека дизајнот на тие објекти е кичест, можеме да збориме дека индустријата која таму се отвара е low level без којзнае каква додадена вредност. Но неможе да ја игнорираме тенденцијата. Дека тие луѓе не се плашат да инвестираат во нови бизниси, да инвестираат во развој, да инвестираат во себе... Што е најважно не се плашат да работат.

Каква е ситуацијата во "македонскиот блок". Трафика, гранап, киоск за брза храна, двдтека (со пиратски филмови нормално)... Тоа се најголемите достигнувања во македонското претприемаштво. Најчество нивната функција е "да се преживее". Ретко кој размислува краткорочно, камули среднорочно или долгорочно. Еден ден кога во неговата близина ќе се отвори нов Carrefour na 100.000 квадрати газдата на гранапот пак ќе се чуди што го снашло и ќе му требаат нови 17 години "да се опорави од шокот и промените"? Можеби во тој период ќе почне да вози такси и да ги замара патниците како државата требала да отвара фабрики да имало кај да работи народот (прикаски кои ги слушам и ден денеска цели 18 години после промената на комунизмот).

Слична слика се пресликува и на други нивоа. Омилен пример ми е Тинекс (една од поуспешните нови компании во Македонија). Додека тие уживаа статус на голем играч на рудиментираниот македонски малопродажен пазар нивните колеги од соседството изградија концерни. Денеска кога Тинекс конечно покажува знаци на живот (што мене лично и покрај се ме радува) Конзум, Меркатор, Делта, Туш го освојуваат регионот.


Edited by pbanks - 31-Aug-2008 at 14:39
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 31-Aug-2008 at 14:35

Бугарскатa бизнис групација „Чимимпорт“ сака да ја купи Поштенска банка
 
Најголемата бугарска бизнис групација “Чимимпорт” ќе ја купи македонската Поштенска банка,објави американскиот медиумски концерн, Блумберг.
Според изјавата на извршниот директор на „Чимимпорт“ Иво Каменов, бугарската бизнис-групација планира преку Централната кооперативна банка да купи 67% од акциите во Поштенска банка.
- Преземањето на Поштенска банка беше одложено поради изборите во Македонија. Се надеваме дека ќе се договориме со македонската Влада, која поседува 33 проценти од капиталот на банката, изјави Каменов.
Централната кооперативна банка во Македонија веќе ја поседува Силекс банка.
Групацијата „Чимимпорт“ е сопственик на Националната авиокомпанија „Булгарија ер“ и поседува повеќе бизниси во Бугарија во регионот - од банкарство до транспорт и експлоатација на нафта.
(Тотал)
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 05-Sep-2008 at 02:46
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97153

Почна реализацијата на јапонската помош за аграрот

pece-stefanovski.jpg Пеце Стефановски Коментари (0)   
03.09.2008 19:43
 

 

Од денеска и формално започна осовременувањето на македонскиот аграр во индивидуалниот сектор. Министерството за земјоделство, преку најдобриот понудувач на земјоделска механизација, битолски „Симпекс“ што го доби тендерот, во Битола започна на земјоделците да им испорачува трактори од светскиот бренд „Џондир“, во рамките на програмата за јапонска поддршка на македонското земјоделство.

Со првата транша на оваа програма ќе се испорачаат 80 трактори. Тие чинат 16.000 евра, а земјоделците ќе платат 10% учество. Една година ќе добијат грејс-период и ќе имаат рок на отплата од шест години.

„Имаме застарена механизација од 20-25 години, еве сега со оваа можност земаме два трактори и возниот парк ќе ни биде многу освежен. Со тоа ќе имаме рентабилно производство“, рече Гоце Ангелов, земјоделец од Градско.

Педесетина земјоделци што дојдоа во Битола за да си ги земат новите трактори се убедени дека под вакви услови многумина ќе можат да ја обноват дотраената и застарена механизација.

„Тракторите коишто во моментот се користат во Македонија, како модели се лиценци коишто во европските земји се произведуваа во 50-те и 60-те години од минатиот век. Сега се отвора еден нов период, кога тој процес би требало дефинитивно да започне во Македонија и да почне нешто да се случува на механизирана обработка на земјиштето“, изјави Синиша Петровиќ, менаџер на Симпекс.

Овие трактори се најмали во брендот „Џондир“. Со втората јапонска транша предвидени се уште 60 поголеми, што ќе ги купат покрупните земјоделци.

Со овие трактори и дефинитивно ќе започне осовременувањето на приватниот сектор во македонското земјоделство.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 05-Sep-2008 at 02:47
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97200

Пристаниште од милијарда евра во Валона

aleksandar-momirovski.jpg Александар Момировски Коментари (1)   
04.09.2008 18:21
Сали Бериша

 

На крајбрежјето на Валона ќе се гради пристаниште вредно 1,2 милијарди евра. Англиско-швајцарската групација „Зумакс“ ќе го реализира овој мега проект, со кој се предвидува Валона да прерасне во центар на поморската трговија.

Новото пристаниште ќе биде едно од најголемите во регионот и се очекува да преземе голем дел од бизнисите кои сега се реализираат преку солунското и пристаништето во Драч, кое поради длабочината на морето не може да ги прошири капацитетите.

„Ќе ја претвориме Валона во еден од најголемите центри на медитеранот, но и зоната ќе стане еден од најголемите генератори на развојот на Албанија“, изјави Сали Бериша, премиер на Албанија.

Бизнисмени, политичари, претставници на владите од речиси сите држави на Балканот присуствуваа на денешната презентација на проектот во Тирана. И покрај официјалната покана, од македонската Влада немаше никој.

Мал беше бројот и на присутните бизнисмени од Македонија, иако пристаништето во Валона за нив значи нова алтернатива за полесно водење бизнис.

„Секој месец се повеќе се зголемува бројот на македонските компании што ја користат рутата преку Драч. Нашиот бизнис ќе има полесен пристап до светот. Ова за бизнисот во Македонија, поради проблемите со солунското пристаниште, објективни или субјективни, ќе се олесни, како и врската на државата со светот ќе биде Македонија како една транзитна држава“, рече Касам Зендели, Северозападна комора на Македонија.

Пристаништето во Валона ќе биде со капацитет од три милиони контејнери. Изградбата треба да финишира за неколку години.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 12-Sep-2008 at 12:19

Голем производител на компјутери ја мерка Македонија!
Со оваа најава Веле Самак, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции во Владата, ги најави приоритетите во својот втор по ред мандат. Како еден од клучните луѓе во старо-новата Влада, Капитал одлучи да разговара со министерот Самак, за новите предизвици во неговата работа. Во овој летен број ексклузивно ви ги презентираме најновите проекти на неговиот кабинет. Според Самак до крајот на годинава ќе се знае дали компанијата производител на компјутери за светските брендови како HP, Dell и Apple и дефинитивно ќе ја одбере Македонија како дестинација за своите нови инвестиции. Но, ова е само еден од неколкуте проекти на кои министерот Самак интензивно работи во изминатиов период. Како што вели тој, негова цел е во Македонија, покрај производствата за автомобилска и компјутерска индустрија, наскоро да донесе инвеститори и во други видови индустриски производства, како и во секторот аутсорсинг на услуги


Маја Бајалска
bajalska@kapital.com.mk

  • Како министер за странски инвестиции, кој повторно е реизбран во новата Влада на кои проекти сте сконцентрирани сега и ќе бидете сконцентрирани во иднина?

“Македонија има добра бизнис клима и им нуди повеќе предуслови на странските инвеститори, за да ја одберат неа како дестинација за вложување, наместо некоја друга држава од соседството. Но, се уште постои еден единствен проблем, а тоа се автопатите. Ако сакаме масовно индустриско производство, неопходна е изградба на автопати низ цела Македонија. Државата е мала, така што мислам дека за неколку години ќе го задоволиме и тој услов за влез на странски инвеститори”, вели министерот за странски инвестиции Веле Самак

Самак: Генерално со автомобилската индустрија целта ни е да привлечеме што е можно повеќе производители на автомобилски делови од различни сегменти. Да формираме една таква проширена база и стратегија, така што ќе можеме со производителите на автомобили постојано да ја потенцираме Македонија како набавна база за делови, а евентуално да влезе и во нивните планови за производство на возила. Знаеме дека тоа е малку подолгорочна визија, но сакаме со време тоа да го туркаме. Истовремено и да видиме кои се важните работи за да бидеме подготвени кога ќе дојде тој момент. Среќа е да бидете подготвени во вистински момент. А автомобилската индустрија е една од тие индустрии во која јас и мојот кабинет имаме вложено максимален напор за да ги привлечеме странските инвеститори во Македонија. Моја лична задача е да имам три вида инвестиции во Македонија. Еден тип веќе успеа со производителите на машински и висококвалитетни сериски делови, како што се Џонсон Мети и Монтипе.
Во план ни е да привлекуваме инвеститори и во други индустрии, како што се индустриски компоненти, машински делови, електронски компоненти, информатичка опрема и слично. Значи, втората моја лична цел е да успееме во Македонија да донесеме електронско производство. Третата моја цел е во Македонија да се развие сервисна индустрија, како што се софтверски фирми, аутсорсинг, но и канцелариски активности, сметководство, финансиски извештаи и други видови производства кои сè повеќе бараат земји кои ќе им бидат евтини бази на производство. Во овој дел сме подетално навлезени и имаме добри перспективи да донесеме некој таков инвеститор.
Во моментов преговараме со повеќе странски инвеститори кои заедно би вложиле околу 200 милиони евра во Македонија. Во некој од случаите конкуренција ни е Бугарија, во некој Србија, во некој Романија или Турција. Станува збор за повеќе различни инвеститори, кои би отвориле од две до три илјади нови работни места. Значи, станува збор за производство на индустриски пумпи, пластични делови за кабловски инсталации, мрежи, каиши, метални склопки кои влегуваат директно во моторот на автомобилот, како и камп приколки и возила ,како и склопување на компјутери и компјутерска опрема.
Последната е една од покрупните инвестиции, за која конкуренција ни е една земја, но се надеваме дека ќе успееме да го придобиеме инвеститорот.
Инаку, наведените инвестициски проекти на кои работиме, се навлезени во крајна фаза. Ако пола од нив се реализираат до крајот на годината, тоа ќе внесе значителен капитал, кој ќе има голем позитивен ефект врз македонската економија.

  • Можете ли да ни откриете некои од имињата на компаниите заинтересирани да вложуваат во Македонија? За какви компании станува збор, од каков ранг се тие инвеститори?

Самак: Компанијата која последно ја споменав е всушност еден од најголемите производители на компјутери, која склопува компјутери директно за најголемите светски брендови како што се HP, Dell и Apple. Имаме големи шанси да ја привлечеме оваа компанија, а ако тоа се случи, во Македонија ќе се произведуваат компјутери и ИТ- опрема за познатите брендови. Ова би била најголемата инвестиција досега од аспект на вработувања и од аспект на логистика. И не само тоа, туку и ќе не стави на мапата на светските инвеститори за ваков вид индустрија. Имаме само земја од Балканот која ни е конкуренција. До крајот на годинава треба да добиеме одговор од инвеститорот, кој се надеваме ќе ја избере Македонија како дестинација за своето вложување. Мислам дека сме во предност и дека ќе успееме да ја донесеме во Македонија, бидејќи станува збор за прилично голема инвестиција.

  • Пред да го почнеме овој разговор се вративте од службено патување во Германија. Какви новости имате оттаму што би ја интересирале македонската јавност?

Самак: Во Германија се сретнавме со претставниците на Даимлер, компанија сопственик на брендот Мерцедес Бенз. Целта беше да се види дали Македонија влегува во нивните планови за отворање на нова фабрика за производство на компактни автомобили од А и Б класа.
Тоа беше проект за кој јас и мојот кабинет во последните шест месеци активно конкуриравме и имавме повеќе разговори со Даимлер за отворање на еден таков производствен погон токму во Македонија. Според сите наши сознанија мислевме дека Македонија е прилично конкурентна земја, особено споредено со земјата која тие ја избраа. Имено, пред еден месец одлучија тој производствен погон да го лоцираат во Унгарија. Оваа средба беше за повторно запознавање на Македонија но и разгледување на следни чекори што Даимлер евентуално би ги презел, како што би било лоцирање на одредени добавувачи во Македонија кои ќе го помагаат производниот погон во Унгарија. Сметаме дека во тој дел Македонија има големи шанси, особено поради фактот што Даимлер донесе одлука -до крајот на 2010 и почетокот на 2011 година да произведува околу 200,000 до 300,000 нови возила само во Унгарија, која е на 700 километри оддалеченост од Македонија.

  • Дали постои извесност некоја друга автомобилска компанија да отвори свој погон во Македонија?

Самак: Можам да кажам дека комуницираме со Рено, која веќе има фабрика во Романија, каде што се произведуваат автомобилите Дачиа. Но, матичната компанија Рено има за цел да го зголеми бројот на производители на делови за тој погон и да го зголеми капацитетот на производство од 300.000 на 400.000 возила годишно. Ја одржуваме комуникацијата со Рено, со цел да им ја потенцираме Македонија како набавна зона, која е само 650 километри оддалечена од нивната фабрика во Романија. Сакаме да им ги посочиме и можностите во локалната автомобилска база, односно со домашните компании кои веќе произведуваат делови за автомобилска индустрија за евентуални партнерства. Очекуваме кон крајот на оваа или кон почетокот на идната година, Рено да посети некоја од македонските фирми.

  • За што најмногу се интересираат странските инвеститори кои пројавуваат интерес да вложат во Македонија? Дали ниските даноци играат пресудна улога или можеби бараат некој друг вид на предуслови?Што им пречи?

Самак: Генерално сите предуслови за инвестирање ги гледаат во еден пакет. За некои фирми значајни се даноците, за некои расположивата работна сила, а за некои пак логистиката. Но, клучното е што, на крајот сите овие фактори секогаш се земаат во пакет. Сакам да нагласам дека поради фактот што Македонија како мала земја досега воопшто не постоела во дискусиите на странските инвеститори, Владата прави големи напори да ги надмине сите очекувања на инвеститорот, од целосна подготовка на теренот, до обезбедување на сите потребни услуги. Секако, во сите овие проекти се прави пресметка за тоа кои се трошоците, а кои придобивките за инвестирање во Македонија.
Инаку, не би рекол дека постои еден фактор кој е пресуден за привлекување на инвеститорите. Важно е што сите досега направени посети во нашите фирми се доста позитивни и тоа го кажувам од позиција на претпазлив оптимист. На фирмите што ја посетиле Македонија им се допаѓа бизнис климата.
Единствено постојат три главни проблеми: автопати, автопати и автопати. Тоа е генералниот проблем што го имаме како земја која претендира еден ден да стане нова локација за склопување на автомобили. Друго е што таков погон не би се лоцирал во близина на Скопје, бидејќи станува збор за голем град, каде ќе има притисок на платите, а можеби и недостиг на работна сила во иднина. Значи, факторот земјиште, бидејќи за фабрика за автомобили е потребно од 200 до 400 хектари рамно земјиште. Тоа значи дека локацијата мора да биде некаде надвор од Скопје, а како што знаете нема многу места надвор од Скопје кои имаат добар пристап до автопат. Значи, ако сакаме таков тип на волуменско и големо производство на автомобили, неопходна е изградба на автопати низ цела Македонија. А државата е мала, така што мислам дека за неколку години ќе бидеме во можност и тој услов за влез на странски инвестиции да го задоволиме.

  • Вие сте човек со релевантно меѓународно искуство во областа на финансиите. Долго време работевте во САД, во срцето финансиската криза која денес го тресе целиот свет. Кои се вашите прогнози, како ќе се развива македонската економија на пократок рок гледано, со оглед на сите внатрешни и регионални политички случувања, но и со оглед на влијанието на финансиската криза врз домашната економија?

Самак: Гледајќи ја економската поврзаност на Македонија со другите земји, може да се заклучи дека сме мала земја која трговски е поврзана со ограничен број земји. На пример, трговијата меѓу Македонија и Германија е во вредност од милијарда евра годишно и тоа во полза на Македонија, што е уникатно, бидејќи Германија е најголем светски извозник. Токму ова го потенцира потенцијалот кој го има македонската економија.
Од друга страна, мислам дека непотребно се создава фама за бројот и износот на странски директни инвестиции во земјите на Источна Европа. Затоа што ако се земе една многу едноставна мерка за абсорпционата моќ на економијата, како на пример сумата на странски инвестиции како процент во бруто-домашниот производ, Источна Европа е на едно слично ниво како и Македонија, односно учеството на странските инвестиции во БДП се од 5% до 7%. Тоа значи дека Македонија иако има номинално ниско ниво на странски инвестиции, припаѓа во ист ранг како и земјите од Источна Европа, затоа што и кај нас странските инвестиции зафаќаат околу 5% од БДП. А кога споредуваме треба да се земе предвид и фактот дека Македонија има само два милиони жители и е многу помала економија од економиите на земјите од Источна Европа. Така, една милијарда долари странски инвестиции во Македонија би значеле поплава за економијата, бидејќи тие би претставувале 20% од БДП. Тој процент на учество на инвестициите во БДП го има само Сингапур. Во Источна Европа единствено во Бугарија може да се забележи позитивен тренд на движење на странските инвестиции каде што нивното учество во БДП од 5% се искачи на 15 %. Така, во Македонија ако дојдеме до 500 милиони евра странски инвестиции, тоа ќе значи дека сме ги надминале источно-европските земји.
Инаку, лично очекувам неколку нови трендови во македонската економија. Пред се очекувам драстично намалување на бројот на вработени во земјоделството, а истовремено со субвенциите ќе има зголемување на земјоделското производство и тоа ќе стане далеку попродуктивно. Ова ќе придонесе да се ослободи работна сила за другите сектори во економијата, пред се во градежништвото и индустријата.
Во контекст на светската финансиска криза сметам дека Македонија е мала економија и мал учесник во глобалниот извоз и странски инвестиции. Освен што имаме валута која е врзана за еврото, не може да се каже дека ги чувствуваме ефектите од глобалната финансиска криза. Сепак тоа не значи дека нашата економија нема да ги чувствува овие проблеми во иднина, бидејќи како ќе расте економијата така таа ќе станува се позависна од сите глобални трендови. Очекувам во наредните две до три години забрзано да се развива услужниот сектор, особено туризмот. Самата локација што ја има Македонија претставува огромен економски и логистички потенцијал за да се задоволат потребите на огромниот европски пазар за разни услуги. Во Македонија не се ретки луѓето кои ги зборуваат сите локални јазици, а имаме и одредена деловна и трговска култура, која лесно се прилагодува на земјите околу нас.
Друг позитивен фактор е тоа што случувањата во последно време навестуваат дека Балканот ќе се стабилизира политички. Гледаме дека Србија многу лесно го преболи Косово, а Косово допрва ќе се развива многу брзо. Албанија, како член на НАТО пак, брзо ќе го реши проблемот со инфраструктурата.
Сето ова значи дека пред Македонија стои предизвикот не само да ги задоволи потребите на пазарот на Источна Европа, кој се проценува на два трилиони евра, туку и на оние земји кои се околу Македонија, кои ни се и политички и економски блиски.



http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=637&ArticleID=15240
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 13-Sep-2008 at 19:20
Дали Капитал влегува во војна со владата заради нивна сметка или пак е навистина на траг на уште еден издуван балон?

Никој не смее да ги дознае странските инвеститори што ги вложиле рекордните 230 милиони евра!!?



Иако и премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески последниве две недели не пропуштаат шанса да соопштат по неколкупати на ден дека во првите пет месеци годинава во Македонија влегле рекордни 230,7 милиони евра странски директни инвестиции, ниту една институција во државата не сака да одговори на барањето кое им го достави Капитал јавно да одговорат: Кои се компаниите кои инвестирале? Од која држава се? Колку пари инвестирале? Во кој сектор инвестирале? Тие информации биле строго доверлива тајна!!?



При истражувањето што всушност стои зад сета оваа фама и мистериозност Капитал откри дека всушност лежи промената на методологијата на пресметување на странските директни инвестиции во Македонија. Промената која е извршена уште во септември 2007 година, меѓудругото предвидува во странски инвестиции да се бројат и кредитите кои странските компании кои веќе работат во Македонија ги земаат од своите матични компании. Така на пример, ако НЛБ Тутунска банка АД Скопје која е во сопственост на НЛБ Љубљана земе кредит од својата компанија мајка, тоа со новата методлогија се смета за странска инвестиција. Луѓето кои работат на евидентирање на странските инвестиции велат дека ова било сообразување со нормите на ММФ и дека сите земји во регионот и светот ги пресметувале странските инвестиции на тој начин. Велиме браво за промените. Но, зошто никој досега не ја соопштил јавно оваа промена во методологиите? Очигледно дека некому не му одговарало зголемените рекордни странски инвестиции, за кои се зборува во последнно време, да се анализираат во светлото на оваа промена на методологијата, која реално ги зголемува странските инвестиции во споредба со претходните години.
За тоа нема ниту збор во колумните и говорите за време на свечените настани.


По повод поставувањето на темелите на новиот трговски центар зад Рамстор, премиерот Никола Груевски свечено изјави дека во првите пет месеци годинава во Македонија влегле рекордни 230 милиони евра странски директни инвестиции. Што било повеќе отколку вредноста на сите странски инвестиции во цела 2007 година?
Само неколку дена во колумна истото го објави и вицепремиерот Зоран Ставрески, како една од двете добри вести во Македонија (покрај растот на индустриското производство).
И за да не бидеме економски лаици како фабричките новинари и независните економски експерти, за кои вицепремиерот сака да пишува, поставивме неколку прашања повеќе од оние кои вообичаено ги добиваат на ваквите свечени настани.
Кои се странските инвеститори (компании) кои ги инвестирале тие 230 милиони евра во Македонија во првите пет месеци годинава? Во кои сектори инвестирале ? Од која земја потекнуваат? Прашања кои се подразбираат како основа за една пристојна економска анализа.

Странските инвеститори –државна тајна!?

Капитал побара одговор од сите државни институции кои имаат какви било надлежности и допирни точки со темата странски инвестции. Од Народната банка на Македонија, од Агенцијата за странски инвестиции, од Владата, поточно од кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски систем, од Министерството за економија, од министерот за странски инвестиции Веле Самак.
Но, наместо податоци се судривме со "ѕид".

Народната банка, која всушност ја објави бројката од 230,7 милиони евра странски инвестиции во првите пет месеци годинава, веднаш се прогласи себеси за ненадлежна, нагласувајќи дека информациите кои сме ги барале имаат третман на строго доверлива информација (?!). НБРМ како институција ја имала надлежноста само да го следи текот на парите кои влегуваат во државата и дека ги имале само податоците за вкупната сума на странски инвестиции.
Знаејќи дека извештаите на Народната банка имаат одредена периодика на објавување и дека обично НБМ има извештаи и за тоа -од која земја се влезени странските пари во Македонија, побаравме од НБМ да ни ја обезбеди барем таа информација. Но, Народната банка од пред неколку месеци не го објавува ниту тој податок. Па така последната информација за странските директни информации по земји и сектори е заклучно со 2006 година.
Топката ја префрлија кај Министерството за економија кое по закон било надлежно да ги инвестира сите срански инвестиции.
Оттаму ни ветија дека ќе ни обезбедат детални податоци, но не предупредија на фактот дека статистиките на НБМ и Министерството за економија, во однос на странските инвестиции се разликувале. За на крај да добиеме кус одговор од кабинетот на министерот за економија Фатмир Бесими кој гласи вака: “Во врска со евидентираните податоци за директни инвестиции на нерезиденти во Република Македонија, според Регистарот на директни инвестиции што се води ви Министерството за економија од 01.01.2008 до 31.05.2008, пријавени и запишани инвестиции се во вкупен износ од 8.685.697 евра.”
Како е можно Министерството во првите пет месеци годинава да регистрирало само 8,7 милиони евра странски инвестиции, што е за 220 милиони евра помалку од цифрата што ја евидентирала НБМ. Како е можно да има толкава разлика не може да објаснат веројатно ниту независните, ниту зависните економски експерти.
Од кабинетот на вицепремиерот Зоран Ставрески ни одговорија дека не можат да ги набројат поединечните странски инвестиции во првите пет месеци годинава, кои ја сочинуваат бројката од 230,7 милиони евра. “За ова прашање ќе ни треба подолга координација и затоа не се нафативме да ви одговориме”, беше одговорот од Кабинетот без никаков одговор дали воопшто некогаш може да ги добиеме бараните податоци.
Но, на премиерот и вицепремиерот изгледа не им требаше поголема координација да зборуваат за износот на рекордните инвестиции јавно. Можеби зошто тие ги знаат деталните информации.

...”Податоците за странските директни инвестиции во 2008 токму го потврдуваат ова поволно сценарио. Во првите четири месеци приливот на капитал по таа основа е 230 милиони евра, на што треба да се додадат уште најмалку 100 милиони евра во периодот мај-август кои се уште не се официјално прикажани во податоците на Народната банка. Тоа дава сигурност дека 2008 година ќе биде убедливо најуспешна година според приливот на странски капитал по оваа основа, при што проценката е дека во оваа година тој ќе биде за 2 до 2,5 пати повисок од просекот во изминатите години.”, напиша Ставрески, во својата колумна, објавена неодамна во Дневник, под наслов Трговски дефицит.
Капитал ги побара деталите за странските директни инвестиции во првите пет месеци годинава и од Агенцијата за странски инвестиции. Сметавме дека како државна агенција чија работа е привлекување странски инвестиции, треба да ги има овие податоци.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо ни одговори дека ниту тие како институција ги немаат конкретните детали за секоја одделна инвестиција.
“Исто како и вие, така и ние ги добиваме бројките од Народната банка. Затоа не можеме да ви излеземе во пресрет на барањето за поединечните инвестиции во првите пет месеци годинава. Значи, ние како институција повеќе сме насочени кон анализи кои ги предвидуваат идните вложувања на странските компании во Македонија”, изјави Мизо.
На крајот се обративме и до Државниот завод за статистика, во кој се наоѓаат извештаите за странски инвестиции. Последното достапно соопштение за странските инвестиции во Заводот се однесува за 2006 година. Оттаму ни појаснија дека според планираните динамики во октомври годинава ќе го објавеле извештајот за 2007 година.
За споредба, на веб- страната на Народната банка на Хрватска, во моментов е достапна вкупната бројка на странски директни инвестиции во првиот квартал годинава, но и податоците –странски инвестиции по земји и по економски сектори.


Попис на странски инвестиции во 2008 година

Капитал се обиде да направи попис на странските инвестиции кои биле објавени во медиумите дека ќе се случат во првите пет месеци од годинава. Но, дали и НБМ мисли и ги евидентира истите инвестиции за жал не може да се потврди.

-Продажбата на Алумина- 20 милиони евра
-Турска компанија во изградба на хотелски комплекс- 20 милиони евра
-Продажба на Силекс банка- 13 милиони евра.
-Инвестиција на Космофон во 3Г технологија- 20 милиони евра
-Преземање на Макошпед осигурување од бугарски Еуроинс-7,3 милиони евра
-Инвестиции на ЕВН во обнова на дистрибутивна мрежа во Македонија
-Инвестиција на фондот Еквест во изградба на трговски центар- 45 милиони евра
-Штаерска банка ја купи Инвест банка-38 милиони евра


http://www.total.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=69&tabid=141&EditionID=22&ArticleID=681
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 18-Sep-2008 at 14:52
Скопскиот регион со најголемо учество во БДП на Македонија

Најголемо учество во бруто-домашниот производ на Македонија во 2006 година има Скопскиот регион со 47,4 отсто, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 4 отсто, според претходните податоци на Државниот завод за статистика.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Македонија, имаат единствено Скопскиот регион со индекс 163.9 и Вардарскиот регион со индекс 108.5. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Македонија. Најмал бруто-домашен производ по жител во однос на националниот просек имаат Полошкиот регион со индекс 47.9 и Североисточниот регион со индекс 51.3.

При користење на податоците треба да се има предвид дека податоците за БДП по жител во одделни региони во голема мерка се под влијание на “commuter flows”. Дневната миграција на работната сила придонесува во даден регион да се создаде бруто-домашен производ кој не е резултат на резидентното население. Од тие причини, податоците за БДП по жител може да бидат преценети во регионот каде што тој се создава (Скопскиот регион), односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила. Податоците не ја прикажуваат развиеноста на регионите од аспект на приходите на населението. Тоа значи дека многу граѓани од останатите региони придонесуваат во создавањето на БДП за одреден регион, а заработените приходи ги префрлаат во регионите каде што живеат (како што е, на пример, случајот со Скопскиот регион).


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=40134&kategorija=2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 18-Sep-2008 at 15:02
Полошкиот регион со индекс 47.9

Овој факт ме изненади, Полошкиот регион дефинитивно остава впечаток на економска раздвиженост. Ама веројатно се работи за пренатрупаност комбиниран со некаков демографски „лаг“ од поголемиот природен прираст.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 18-Sep-2008 at 15:03
Originally posted by Cloverstack

Полошкиот регион со индекс 47.9

Овој факт ме изненади, Полошкиот регион дефинитивно остава впечаток на економска раздвиженост. Ама веројатно се работи за пренатрупаност комбиниран со некаков демографски „лаг“ од поголемиот природен прираст.


Јас мислам дека статистичката аномалија се должи на сивата економија која веројатно таму е релативно голема.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 18-Sep-2008 at 15:11
Да и тоа  е значаен фактор
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 02-Oct-2008 at 09:37
Прилично замашна домашна инвестиција, 7 милиони ЕУР Cheers

Млин Стојчев ќе гради нова прехрамбена фабрика

Битолската компанија која произведува брашно, леб најави дека ќе инвестира седум милиони евра за изградба на нов капацитет во прехрамбената индустрија.
“Новата фабрика ќе биде максимално софистицирана, во неа ќе работат околу 60 луѓе. Околу 60-70% од производството ќе биде наменето за извоз“, изјави Благој Стојчев, сопственикот на Млин Стојчев. Тој сепак не сакаше да открие, во кој дел од прехрамбената индустрија ќе работи капацитетот, но најави дека неговото отварање ќе се случи наредната година, овој период. Опремата за капацитетот е веќе нарачана и ќе чини околу 4,5 милиони евра.
Инаку компанијата е една од трите најголеми капацитети во Македонија, по производство на леб и брашно. Млин Сојчев работи на пазарите во Битола, Ресен, Прилеп, Демир Хисар и т.н. Покрај производство на брашно и леб денес компанијата има и погон за слатки и во неа работат 120 луѓе и дистрибуција од дваесетина луѓе. Годишниот промет кој го остварува Млин Стојчев се движи од пет до шест милиони евра.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=11936
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 02-Oct-2008 at 14:10


Па не ќе беше лошо да кажат каде ќе биде таа фабрика. Веројатно во Битола, но не ќе беше лошо да се расчисти дилемата.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 13-Oct-2008 at 00:41
Рајфајзен банка се подготвува за влез во Македонија


Оваа банка е под меѓународен притисок за да влезе во Македонија, па со нејзиното евентуално вклучување во македонскиот банкарски сектор би се заокружил процесот на висок степен на конкурентност на македонското банкарство, изјави Славески


Рајфајзен банка се очекува да влезе во македонскиот банкарски систем. Ваков сигнал доби министерот за финансии Трајко Славески во Вашингтон каде македонската делегација присуствува на Годишното Собрание на ММФ и Светска банка. Славески потенцира дека има интерес од оваа банка за финансирање на проекти во Македонија.
- Рајфајзен банка е под меѓународен притисок за да влезе во Македонија, па со нејзиното евентуално вклучување во македонскиот банкарски сектор би се заокружил процесот на висок степен на конкурентност на македонското банкарство. Тоа не значи дека македонското банкарство и сега не е конкурентно, но еден бренд како Рајфајзен што е присутен во многу земји во регионот, секако дека е добредојден во Македонија - потенцира Славески.

Во Вашингтон, министерот Славески се сретна и со претставници на Ситигруп, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ). Со ЕИБ, која е долгогодишен партнер на Република Македонија во финансирањето на инфраструктурни проекти ќе се реализираат нови проекти, како што се јагленокопот Брод Гнеотино и Коридорот 10. ЕИБ подготвува нова инвестициска иницијатива заедно со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за помош на земјите од регионот на Западен Балкан.
- Во нарединиот среднорочен период тие ќе обезбедат околу милијарда евра за финансирање на проекти во земјите од Западен Балкан, а обезбедуваат и значителна сума на грант средства што можат да се користат како техничка помош за поддршка на проектите и да служат за субвенцинирање на каматната стапка за да се намалат трошоците за кредитите - нагласи Славески.

Тој ги информирал претставниците на Ситигруп дека македонската Влада ја разгледува можноста за дополнување на еврообврзницата што котира на светските финансиски пазари или за нејзина нова емисија.
- Иако во овој момент условите не се најповолни за ваква идеја, поради меѓународната финансиска криза. Но, во првиот квартал од 2009 година се очекува многу работи да бидат не само појасни, туку и условите на светските финансиски пазари да бидат поповолни - нагласи министерот.

Славески оствари средба и со гувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Рафаел Аломар, која финансира значителни проекти од областа на социјалните дејности во Македонија, како оние за изградба на социјалните станови, училишните спортски сали и здравствените и казнено-поправните институции.
- Претставниците на Банката изразија висок степен на задоволство поради успешноста на соработката со Република Македонија која ќе продолжи и натаму - нагласи Славески.

http://vecer.com.mk/?ItemID=7B4A198301D9A344858D0B983DC07561

Крајно време беше!!!

* Стварно незнаев кај да ја сместам веста. Ако треба пребацете.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 13-Oct-2008 at 18:00
ВО ФАБРИКАТА НА "ЛЕОВ КОМПАНИ" ВО ПРИЛЕП
Произведен првиот македонски сончев колектор

Во фабриката на "Леов компани" во Прилеп е произведен првиот македонски сончев колектор, според најнова технологија која во моментов ја применуваат врвни светски производители.
Финалниот производ е дел од партнерски проект на оваа македонска компанија со институтот "Вернер" од Австрија, како и со македонската фирма "Солар тјубис". Минатиот месец македонскиот колектор го доби највисокото признание на Светскиот конгрес во Австрија. Таму беше претставен како македонски производ кој за прв пат во Европа постигна температура од 250 Целзиусови степени.
Произведените сончеви колектори во Прилеп се наменети за домашниот и за пазарите на земјите на ЕУ. Засега е договорен извоз само за Австрија.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158197&idg=8&idb=2497&rubrika=Makedonija



Edited by lslcrew - 13-Oct-2008 at 18:01
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.