build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Економски вести
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 262728
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 04-Dec-2021 at 15:55
Владата одлучи: Цените на основните прехранбени производи се замрзнуваат до крајот на јануари

Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти; свежо месо и сувомесни производи и сирење и урда. Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало. Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа“, соопшти владината прес-служба.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/vladata-odluchi-cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-se-zamrznuvaat-do
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1757
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 04-Dec-2021 at 20:17
Едноставно не е возможно да се донесе попогрешна одлука од оваа!     До кога со хвалоспевање на комунистички мерки. Овакви глупости секогаш даваат контраефект, џабе во Југославија бензинот беше 5-6 динари, кога го немаше. Кога државата реши да ги одредува цените на приватните болници, во тој момент ремедика рече дека не ги занима ковид. Како ќе натераш некој што увезува Алпско млеко, купено на светски слободен пазар, да го продава дома п регулирана цена?? Или српско брашно? Или азиски/јужноафрички шеќер?? Единствено што че се случи, е опасноста некој продукт да го снема на пазарот, па тогаш ќе се чешаме! Или па пекарите ќе почнат да декларираат други поризводи, само нема леб да се вика! Кифли ќе биде све и нема да подлежи на мерката.

Свесни ли сте која е трагичноста на ваквата мерка?! ++++   И немојте со емотивни коментари, точно е дека има луѓе во незавидна положба, фрустирани, напатени. Ама ова не им помага ниту нив, ниту на било кого!

Уште пострашно што меркава се донесе по инерција на копирање на мерките од Србија, а тамо па све е во функција на популизмот на А. Вучич кој има избори за пола година.

Edited by user8642 - 04-Dec-2021 at 20:19
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 08-Dec-2021 at 14:57
Брашното, маслото и млекото кај нас поскапи отколку во Германија!

Стравот од драматичен раст на цените на основните прехранбени производи ја поттикна македонската влада деновиве на двапати да најави замрзнување на цените. Најпрво беа замрзнати цените на лебот, млекото, шеќерот и брашното, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, месо, а потоа се најави и истото за оризот и јајцата. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја искритикуваа одлуката како ненавремена, и потсетија дека тие тоа го барале уште од пролетта оваа година.

Некои експерти во Македонија, како универзитетскиот професор Зоран Ивановски, веќе ја критикуваа одлуката, оценувајќи дека таа нема да има влијание во ублажувањето на ценовниот шок, пренесува Дојче Веле.

И стопанствениците се критични кон владината мерка. Велат дека таа ќе ја продлабочи кризата и наместо поддршка за граѓаните ќе доведе до намалување на производството во компаниите и отпуштање на работници, а притоа граѓаните ќе се соочат со празни рафтови.

Според државниот Завод за статистика, цените на прехранбените производи во Македонија во ноември 2021 пораснале за 4,8% во однос на истиот месец лани, пренесува Дојче Веле.

Репортерот на Дојче веле во вторник го посети маркетот ЛИДЛ за да ги спореди цените на некои основни прехранбени производи во Германија и Македонија, додека Германија нема замрзнување на цените.

Репортер на Дојче веле во вторникот посети маркет на Лидл во Бон, за да споредиме каква е цената на дел од основните производи во Германија- каде нема замрзнување на цените- и Северна Македонија каде тоа се практикува од минатата недела.

Така на пример, сончогледово масло во овој дисконт во Германија чини 1,39 евра. Истото во Македонија ќе го најдете од 89 денари- близу 1,5 евра- па нагоре. Пченичното брашно во Бон можете да го купите за 45 центи, во Македонија за 40 денари или околу 20 евроценти поскапо. Кристален шеќер во Лидл чини 79 центи, во македонските дисконти може да се најде поевтино- за 40 денари. Млекото со 3,5 отсто масленост во Македонија ќе ве чини најмалку 50 денари, во Германија може да се најде за 80 центи. Ако купувате месо, во Македонија ќе минете нешто поевтино- за килограм свинско ќе платите околу 350 денари, додека во Германија 6,99 евра.

Севкупно гледано, цените на производите се слични, со таа разлика што стандардот на граѓаните во Германија е далеку повисок- барем седумпати од македонскиот.

https://alsat.mk/mk/brashnoto-masloto-i-mlekoto-kaj-nas-poskapi-otkolku-vo-germanija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 13-Dec-2021 at 18:19
ОСТАР ПАД НА ТУРСКАТА ВАЛУТА Потребни ви се 16 лири за да купите едно евро

Турската лира денеска забележа уште еден остар пад на цената додека се чека најновата одлука од Централната банка на земјата за каматната стапка подоцна оваа недела, јави ДПА.

Претходно денеска, на моменти лирата беше во пад за околу 4 отсто и во однос на доларот и еврото, достигнувајќи нова најниска вредност. Во моментов потребни се повеќе од 14 лири за да се купи еден долар и повеќе од 16 за да се купи евро. Турската валута изгуби околу половина од својата вредност од почетокот на 2021 година, што ја прави една од најлошите светски валути оваа година.

Голем дел од проблемите на лирата може да се припишат на одлуките на Централната банка за намалување на каматните стапки и покрај тоа што инфлацијата се движи околу 21 отсто. Ваквите потези го поттикнаа Стандард и Пурс во петокот да го намали кредитниот рејтинг за земјата.

Каматната стапка на лирата е намалена за околу 4 процентни поени во последните шест месеци и аналитичарите очекуваат ново намалување по седницата на Централната банка в четврток. Повеќето традиционални економисти советуваат зголемување на каматните стапки кога инфлацијата е висока.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се противи на повисоките каматни стапки и тврди дека повисоките стапки предизвикуваат инфлација. Мнозинството економисти тврдат дека повисоките стапки ги поттикнуваат луѓето да штедат повеќе, извлекуваат пари од економијата и ги запираат зголемувањата на цените.

Ердоган повеќепати ја реорганизираше Централната банка во обид да инсталира луѓе кои се согласуваат со неговата економска визија, потсетува ДПА.

Претходно овој месец, тој го постави Нуредин Небати за министер за финансии. Небати рутински ја потврди својата лојалност кон Ердоган и во интервју за весникот Хабертурк истакна дека никогаш нема да оди против него. Тој остана нем на прашањето за промена на каматните стапки, освен што кажа дека нема да има покачување.

Централната банка се обиде да ја поддржи лирата со интервенции на пазарот, но тоа донесе само краткорочно олеснување.

https://plusinfo.mk/ostar-pad-na-turskata-valuta-potrebni-vi-se-16-liri-za-da-kupite-edno-evro/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 20-Dec-2021 at 14:26
ОД 1 ЈАНУАРИ НЕДЕЛА Е НЕРАБОТЕН ДЕН, ВРАБОТЕНИТЕ ВО МОЛОВИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ДВОЈНА ДНЕВНИЦА, ЗАКОНОТ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕ

Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието денеска го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со што недела станува неработен ден. Со новото законско решение недела е неработен ден од 1 јануари за 92 отсто од работниците.

Оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Со новото законско решение ќе биде дозволено да работат моловите, но вработените ќе добиваат двојна дневница. Дополнително, 2 отсто од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

„Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Со ова законско решение се овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место“, рече министерската за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Непочитувањето на ова законско решение го утврдува Државниот инспекторат за труд и на работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од 15 дена, а доколку го повтори прекршокот во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата.

Недела да биде неработен ден беше едно од барањата и на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на протестот кој се одржа на 12 декември во Скопје.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/od-1-januari-nedela-e-neraboten-den-vrabotenite-vo-molovite-ke-dobivaat-dvojna-dnevnitsa-zakonot-pomina-vo-sobranie/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 09-Jan-2022 at 14:44
Анализа на „Пари“: Кој има најголема инфлација во регионот?



Годишната стапка на инфлација во Еврозоната достигна рекордни пет проценти во декември, пред се поради наглиот раст на цените на храната и енергијата, соопшти статистичката агенција на Европската унија – Еуростат. Ова е највисоката стапка на инфлација во земјите од оваа зона од почетокот на водење на евиденција во 1997 година.
Инфлацијата од Еврозоната, секако се прелива и во целиот регион и во Македонија која важи за земја со мала и отворена економија. Државниот завод за статистика на нашата земја, како и на земјите од регионот, се уште го немаат објавено податокот за декември, но порталот „Пари“ ги разгледа ноемвриските податоци од извештаите за инфлација на државните заводи за статистика во земјите од регионот и дојде до сознание дека Македонија, „се држи“ добро во однос на инфлацијата, споредено со другите земји од нашето блиско опкружување.


Според статистичките податоци, Македонија во ноември имала инфлација од 4,8%, исто како и Хрватска. Најголема инфлација измерил Заводот за статистика на Србија, и во оваа земја инфлацијата во ноември била 7,5 проценти. Особено изненадува високата стапка на инфлација на храна во Србија од дури 12,2 проценти, а овој податок е загрижувачки и за Македонија со оглед на големиот увоз на жита, брашно, но и други прехранбени производи што ги увезуваме од Србија.

Она што може да се издвои како „заеднички именител“ на целата табела е дека во сите земји има голем раст на цената на мастите и маслото за јадење, дека има големи варијации во однос на цените на овошјето, така што во Косово неговата цена се намалила за 5,9 проценти, а во Србија се зголемила за дури 16,9 проценти. Секаде, освен во Косово растеле и транспортните трошоци, но растот бил најизразен кај нас 27,9% повисоки цени во ноември годинава во однос на ланскиот ноември. Она што е специфично за нашата земја е и што ставката „стан, вода, струја“ покажува раст на цени од само 0,7%, а другите земји, освен Црна Гора, имале значително поголем раст.

За годинава, прогнозите на нашето Министерството за финансии се инфлација од 2,4%, при што, како што е наведено во Буџетот за 2022 „ценовните притисоци како резулатат на неизвесноста поврзана со цените на енергијата и на дел од примарните прозводи на светските берзи се очекува да се релаксираат од вториот квартал од годината“.

Сепак, она што веројатно ќе се случи е зголемена инфлација во јануари, како резултат на скокот на цените на електричната енергија од 9,48 проценти за домаќинствата и малите фирми, како и укинувањето на дневната евтина струја за домаќинствата. Исто така, врз инфлацијата, се очекува да влијаат и новите договори на компаниите со снабдувачите на електрична енергија и на гас. Со вакви информации, многумина веќе се скептични дека годинава ќе ја завршиме со инфлација од 2,4%, но економистите се сложуваат дека таа ќе се стабилизира и релаксира во текот на годината.

Тронка оптимизам во однос на цените на храната влева Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации (ФАО) која во петокот објави вест дека има мал пад на цените во декември.

https://nezavisen.mk/analiza-na-pari-koj-ima-najgolema-inflacija-vo-regionot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 28-Jan-2022 at 17:47
ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОСТАНУВААТ ЗАМРЗНАТИ ДО 28 ФЕВРУАРИ

Владата на денешната осма седница донесе одлука до 28 февруари 2022 година да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи – лебот, шеќерот, брашното - тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенините.

Како што соопшти владината Прес-служба, со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст, како акциски попуст, снижувања или распродажба, кои важеле на 1 декември 2021 година.

- Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година, се додава во соопштението.

Претходно, министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека ресорното Министерството доставило одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година.

https://24.mk/details/cenite-na-osnovnite-prekhranbeni-proizvodi-ostanuvaat-zamrznati-do-28-fevruari
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 16-Feb-2022 at 11:41
Бектеши:Од 1 март нема да има замрзнати цени, најверојатно ќе се ограничи маржата на трговците

Според него оваа и наредената недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбени производи за оние производи кои се наведени во одлуката за замрзнување на цените за да најдеме начин да нема поскапување на цените.

-Оваа и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбените производи кои се наведени во одлуката за замрзнување за да најдеме начин да нема зголемување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи во трговијата на мало и на големо. Во делот на производите што ги произведуваме дома ќе може да се интервенира со замрзнување на цените, но забележавме дека генерално има поголемо зголемување на цените на тие производи кои се увезуваат во нашата држава и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на ограничување на трговската маржа.Ако се вратиме назад во времето кога беше објавено дека целосно ќе има затворање на одредени сектори ние такви одлуки носевме како Влада, дополнително имавме и други начини и можности како да им помогнеме на граѓаните со цел да ја подигнеме потрошувачката и да влијаеме на намалување на нивните трошоци и да не влијаеме негативно на животниот стандард. Веќе од декември се применува мерката за замрзнување на цените и е во сила до крајот на февруари. Во текот на оваа недела со економските ресори и со сите чинители, посебно во делот на производителите на овие основни производи, ќе имаме дискусии и најверојатно согласно првичните информации кои ги има Секторот за трговија ќе одиме со опцијата на одредување на маржи, имајќи во предвид дека согласно нашите анализи на таков начин нема да има ценовни шокови за основните прехранбени производи, прецизира Бектеши.

https://kanal5.com.mk/bekteshi-od-1-mart-nema-da-ima-zamrznati-ceni-najverojatno-kje-se-ogranichi-marzhata-na-trgovcite/a516594
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 16-Feb-2022 at 11:45
7.000 ФИРМИ БАНКРОТИРАЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА Во текот на минатата година забележани се поразителни економски резултати

Драстичен раст на бројот на затворени компании минатата година. Податоците говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании или поточно 6.993 фирми ставиле клуч на врата. Во однос на 2020-тата година бројките покажуваат зголемување на бројот на згаснати фирми за дури 782 (во 2020-тата не преживеале 6.211 компании), обелоденуваат податоците од реномираната бизнис платформа БизнисМрежа.мк.

Од друга страна, анализата на ,,ПАРИ” покажува дека самите економски показатели за 2021 година се поповолни отколку за 2020 година. Имено, 2020 година е завршена со пад на бруто општествениот производ за 4,5%, додека за 2021 година, Државниот завод за статистика се уште нема објавено податоци, но според ноемвриските проценки на Народната банка, годинава сме ја завршиле со раст на БДП од 3,9%. Инаку, според буџетските проекции на Министерството за финансии за минатата година се очекуваше економски раст од 4,1%. Сепак, и со сегашната динамика, остануваат уверувањата на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека годинава се очекува достигнување на претпандемиското ниво на економијата.

Но, и покрај ваквата глобална слика, на микро ниво меѓу компаниите, 782 фирми повеќе од преклани, лани ја изгубиле битката за опстанок.

ТОП 5 ДЕЈНОСТИ СО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ



ФЕВРУАРИ КОБЕН МЕСЕЦ ЗА КОМПАНИИТЕ

Вообичаено, најмногу фирми и во 2020-та и во 2021-ва, се затвориле во февруари, бидејќи тогаш Централниот регистар ги брише компаниите што не се активни, во согласност со членот 552 од Законот за трговски друштва. Станува збор за фирми што не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче, или не уплатиле основачки влог во пропишаниот рок. Но, Централниот регистар лани информира дека во првото полугодие од годината, кога се евидентирани затворања на дури 5.022 фирми, покрај вообичаеното годишно бришење на околу 3.000 фирми од нивна страна, зголемена е динамиката на фирми што отишле во стечај или ликвидација.

За жал, податоците и за второто полугодие покажуваат продолжување на трендот на зголемено затворање на фирмите. Така во периодот јули-декември 2020 година згаснале 1.504 форми, а во истиот период од 2021 година -1.971 фирма.



ВО КОИ ГРАДОВИ НАЈМНОГУ ФИРМИ СЕ ЗАТВОРИЛЕ?

Скопје, Битола, Тетово, Куманово и Гостивар се градовите во кои имало најмногу затворања на фирми, но во исто време – таму имало и добра динамика на отворање на фирми.

Очекувано, најголем дел од затворените фирми се во Скопје, повеќе од една третина. Прилеп пак, иако е четврти град по големина во државава, не е во правата петорка во која има затворање на фирми. Во Прилеп лани згаснале 254 компнаии.

ДООЕЛ НАЈПРИВЛЕЧНА ФОРМА ЗА ФОРМИРАЊЕ И НАЈЧЕСТА ВО ГАСНЕЊЕ

Доколку друштвото има еден содружник, фирмата ги содржи зборовите: друштво со ограничена одговорност од едно лице или ознаката ДООЕЛ. Тоа е наједноставната форма на организирање. Како што е и најобемно отворањето на ДООЕЛ, така и затворањето е најактуелно кај овој вид на фирми.

Како што е и најобемно отворањето на ДООЕЛ, така и затворањето е најактуелно кај овој вид на фирми.



https://plusinfo.mk/7-000-firmi-bankrotirale-vo-makedoni-a-vo-tekot-na-minatata-godina-zabelezhani-se-porazitelni-ekonomski-rezultati/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 17-Feb-2022 at 10:48
20 години во Арачиново не се наплаќа данок на имот, 6 градоначалници досега не вовеле софтвер за наплата

Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот. Од 1996 година 6 градоначалници ја воделе ова општина и досега никој не успеал да воведе софтер за наплата на данокот.

Градоначалниците со кои контактирале „Алсат“, изјавиле дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“.

Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите. Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.

https://sitel.com.mk/20-godini-vo-arachinovo-ne-se-naplakja-danok-na-imot-6-gradonachalnici-dosega-ne-vovele-softver-za
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 19-Feb-2022 at 14:39
Од нула отсто во јануари 2020 година, инфлацијата достигна 6,7 отсто, НБРМ е во „будна состојба“



Поради пандемијата и енергетската криза инфлација повисока од проектираната има и во еврозоната, но во Македонија е со уште повисока стапка. Во земјава денарот со децении е стабилен во однос на еврото, курсот и сега се чини е стабилен, но податоците за инфлацијата внесуваат неизвесност. Затоа и ММФ ќе препорача Народната банка на Македонија да подготвува мерки доколку ваквите трендови продолжат.

Инфлацијата во земјите од Европската Унија чија национална валута е еврото имаат инфлација која се објаснува со порастот на цените на струјата, гасот, мазутот, бензинот и нафтата, како и на цврстите горива, кои пак ги качуваат и цените на другите производи.

Но во Македонија расте инфлацијата во последниот период и во јануари изнесува 6,7 проценти, а како што може да се забележи од илустрацијата, на графиконот се гледа дека и натаму е во раст, додека инфлацијата во Еврозоната е во пад. Во јануари таму изнесувала 5,1 отсто, што е значително пониско од македонската инфлација.

Стравувањата се дека одмрзнувањето на цените на повеќе производи кои се поврзуваат со основната прехранбена кошничка на едно семејство, ќе предизвика нов инфлаторен удар. На сето тоа треба да се додаде и цената на горивата, која кај бензинот надмина 80 денари по литар, додека кај нафтата доближува до 80 денари, што не било случај никогаш.

Последниот шок врз инфлацијата во јануари е и растот на цената на електричната енергија на сметките за домаќинствата од 9,4% и растот на цената на топлинската енергија за 14%, повторно како последица на енергетската криза.

Дали отсуствуваа конкретни мерки во втората половина од минатата година? Според повеќемина економисти, Владата потфрли на тој план бидејќи сметаат дека требала да ги предвиди светските енергетски текови и да ја обезбеди државата навремено со енергенси, воедно и да ги оспособи македонските електро капацитети кои се соочија со недоволно вода во акумулациите и недостаток на јаглен за ТЕЦ Битола.

Според државната статистика, цените на маслата и мастите уште во 2020 година растеа за 11%, продолжија и во 2021 година за 23,7%, и дополнително се зголемија во јануари за 1,2% (и покрај замрзнувањето).

Цените на храната, лебот и житата во 2020 година се зголемија за 3,2%, во 2021 година за 2,6%, а во јануари и покрај замрзнатите цени, дополнително се зголемија за 1,2%.

Генерално, од почетокот на пандемијата со ковид-19 (од март 2020 година до јануари 2022 година), кумулативниот раст на цените во домашната економија изнесува 8,6%, при значаен раст на цените на храната за 11% , висок раст на цените на услугите за домување од 11,6%, на цените на транспортот од 11,8% и на цените на услугите во рестораните и хотелите од 12%.

Податоците на Статистика од почетокот на кризата со пандемијата до најновите податоци во јануари 2022 година покажуават дека населението осиромашува и дека ја носочува потрошувачката кон најпотребните прехранбени производи и кон некои услуги, како и за заштита на сопственото здравје.

Инфлацијата во Македонија всушност започна порано од инфлацијата во Еврозоната, што може да се забележи на погоре објавениот графикон, што укажува дека генерално е производ од домашни фактори, од кои дел беа и под надврошни влијанија. Во прилог на тој податок е и фактот што Еврозоната во еден период имаше и дефлација.

Предвидувањата на ММФ се дека можеби во втората половина од годинава инфлацијата ќе започне да се намалува, но предупредува дека тоа ќе зависи од домашните мерки.

„Во согласност со глобалните трендови, повисоката инфлација веројатно ќе се задржи подолго во однос на претходните очекувања, намалувајќи се во текот на втората половина на 2022 година. Во наредниот период, Народната банка треба будно да ги следи движењата и потенцијалните ризици, нагласувајќи ја подготвеноста за реакција доколку е потребно", вели мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Извештајот за земјава

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/od-nula-otsto-vo-januari-2020-godina-inflacijata-dostigna-67-otsto-nbrm-e-vo
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 22-Feb-2022 at 17:50
ВЛАДАТА РЕШИ ДА ГИ ОГРАНИЧИ МАРЖИТЕ НА ТРГОВЦИТЕ МЕСТО ДА ГИ ЗАМРЗНУВА ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука за определување на највисока трговска маржа до 5 отсто на продажната цена на големо и на 10 отсто од продажната цена во трговијата на мало на основните прехранбени производи, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција.

Како што кажа министерот, целта е да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите.

Доколку трговците не се придржуваат до овие мерки, кажа Бектеши, предвидени се глоби од 800-1.000 евра за микротрговци, до 2.000 евра за мали трговци, до 6.000 за средни и до 10 илјади за големи трговци.Оваа мерка се носи бидејќи од 1 март престанува да важи цената за замрзнување на цените на основните прехранбени производи

Основни прехранбени производи се леб, шеќер, сол, брашно, сончогледово масло, млеко, месо, сувомеснати производи, сирење, урда, ориз, јајца, тестенини, пченица и овошје и зеленчук.

Оваа мерка на Владата ќе биде со важност од 1 март до 31 мај.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vladata-reshi-da-gi-ogranichi-marzhite-na-trgovtsite-mesto-da-gi-zamrznuva-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 27-Feb-2022 at 12:53
ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ „СКАПА“ Украинската криза ќе ги покачи цените кај нас и во светот

Безбедносната состојба во земјава е стабилна и во моментот не постои директна закана. На највисоко ниво е подигнато нивото на заштита, а се очекува засилување на опасноста од кибер напади по нападот на Русија врз Украина.

Но, предизвикот кој стои пред земјава е повеќе од економска природа, која е од глобални размери. Од Владата уверуваат дека се подготвени и дека ќе одговорат соодветно со цел да се намали притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството.

Ќе има поскапувања во целиот свет, но не се знае колкави
Премиерот Ковачевски во своето обраќање до јавноста вчера предупреди дека нè чека неизвесна година, но вети дека Владата ќе интервенира со цел да се заштити домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.

– Би сакал да ве уверам дека Владата одблиску ги следи промените во светските економски текови и како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Досега, преку правилно поставената стратегија во оваа исклучително кризна година, ние како Влада инсистиравме и овозможивме сите ресурси и енергија да се насочат кон справувањето со кризата и економска поддршка за граѓаните и стопанството. Ги покачивме платите, ќе се покачат пензиите и финансиски ги поддржуваме компаниите. Така ќе продолжиме и понатаму – истакна Ковачевски.

Она што се очекува како ефект од руско-украинската криза врз македонската економија е глобалното влијание од покачувањето на цените на основните прехранбени производи и енергенсите.

Ефект на снежни топки во економијата
Според министерот за финансии Фатмир Бесими, тешко е во овој момент да се зборува за исходот на оваа криза врз глобалната економија.

Исходот, вели Бесими, ќе зависи од тоа како ќе се одвива инвазијата и колку ќе трае, какви западни санкции ќе се воведат и дали Русија би реагирала со реципроцитет.

– Како што видовме и со пандемијата, помалите прекини во еден регион можат да генерираат поголеми прекини глобално. Недостигот или порастот на цените на некои од стоките кои ги извезуваат овие земји, може да имаат ефект на снежни топки, особено бидејќи економијата е сè уште кревка од ударот на пандемијата. Имено, синџирите на добавување се сè уште затегнати, понудата прави ценовни притисоци, а Федералните резерви на САД и Европската централна банка претходно најавија затегање на монетарната политика поради високата инфлација.

Дополнително, политичката несигурност и нестабилност ѝ тежат на економската активност, вели Бесими во неговата најнова колумна.

Осврнувајќи се на главните економски последици врз европската економија кои би можеле да настанат од руско-украинската војна, Бесими во колумната посочува дека предизвиците од европската економија ќе се рефлектираат и врз македонската економија.

– Покрај директните ефекти врз македонската економија, преку трговската размена, развојот на настаните во Украина може да има и негативен ефект врз европската и глобалната економија, преку дополнителни нарушувања на синџирите за снабдување, односно негативен ефект врз странската побарувачка. Како мала и отворена економија која е високоповрзана со европската, ние би ги почувствувале тие нарушувања. Исто така, може да дојде до поголема претпазливост кај странските и домашните инвеститори, што би се одразило на нивото на инвестиции – вели Бесими, додавајќи дека будно се следи состојбата и се креираат соодветни сценарија за можните исходи.

Министерот уверува дека стоковите резерви се на соодветно ниво, а буџетот ликвиден и дека има средства да се реагира доколку има потреба.

– Имаме и инструменти да ги ставиме на располагање за приспособување во услови на поголеми нарушувања на пазарите – порачува Бесими, оценувајќи дека во вакви кризи од големо значење е темелната анализа и земањето предвид на сите параметри, дури и на оние кои во моментот се чинат дека се мали и неважни.

„Не треба да шириме ниту песимизам, ниту оптимизам, туку да бидеме реални и да преземаме активности согласно ситуацијата. Со таква стратегија дејствуваме и за време на пандемијата, кога донесовме 6 пакети на антикризни мерки за поддршка на граѓаните и стопанството и за што во сите извештаи на меѓународните институции добивавме признание дека сме дале силен и навремен одговор“, наведува министерот Бесими во колумната.

Кризата ќе го осиромаши туризмот
Очекувањата на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) се дека руско-украинската криза негативно ќе се одрази врз туризмот во земјава.

– Цените не можеме да ги задржиме, се намалува моќта на секој турист од која било држава да направи одмор од 15 до 20 дена. Вака би направил пет дена, ако воопшто би дошле. Имаше јавувања, односно интерес од украински и руски тур оператори со оглед дека имаме и лет од Русија. За почеток беа на добро ниво, но со збиднувањата сега се затворени, не се знае што ќе биде понатаму. Се надеваме на добар компромис и разум кај сите големи сили да можат ова да го решат што побрзо и да одиме понатаму – изјави претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски.

Според Блажевски, хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина.

https://plusinfo.mk/ova-e-bide-teshka-ekonomska-godina-ukrainskata-kriza-e-gi-pokachi-cenite-ka-nas-i-vo-svetot/">Имаме резерви, ликвидни сме
Министерот уверува дека стоковите резерви се на соодветно ниво, а буџетот ликвиден и дека има средства да се реагира доколку има потреба.

– Имаме и инструменти да ги ставиме на располагање за приспособување во услови на поголеми нарушувања на пазарите – порачува Бесими, оценувајќи дека во вакви кризи од големо значење е темелната анализа и земањето предвид на сите параметри, дури и на оние кои во моментот се чинат дека се мали и неважни.

„Не треба да шириме ниту песимизам, ниту оптимизам, туку да бидеме реални и да преземаме активности согласно ситуацијата. Со таква стратегија дејствуваме и за време на пандемијата, кога донесовме 6 пакети на антикризни мерки за поддршка на граѓаните и стопанството и за што во сите извештаи на меѓународните институции добивавме признание дека сме дале силен и навремен одговор“, наведува министерот Бесими во колумната.

Кризата ќе го осиромаши туризмот
Очекувањата на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) се дека руско-украинската криза негативно ќе се одрази врз туризмот во земјава.

– Цените не можеме да ги задржиме, се намалува моќта на секој турист од која било држава да направи одмор од 15 до 20 дена. Вака би направил пет дена, ако воопшто би дошле. Имаше јавувања, односно интерес од украински и руски тур оператори со оглед дека имаме и лет од Русија. За почеток беа на добро ниво, но со збиднувањата сега се затворени, не се знае што ќе биде понатаму. Се надеваме на добар компромис и разум кај сите големи сили да можат ова да го решат што побрзо и да одиме понатаму – изјави претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски.

Според Блажевски, хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина.

https://plusinfo.mk/ova-e-bide-teshka-ekonomska-godina-ukrainskata-kriza-e-gi-pokachi-cenite-ka-nas-i-vo-svetot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 28-Feb-2022 at 17:56
Граѓаните во паника ги празнат полиците во маркетите, од утре поскапува лебот

Руско-украинската криза ги преплаши македонците. На социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледаат празни рафтови во повеќе маркети низ државава. Масовно се купува леб, брашно, сол, шеќер, тестенини....

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме, велат дека стравуваат од високите цени, но не можат да се остават со празни трпези. Велат, ќе купува кој колку може.

Од утре нема веќе замрзнати цени – туку намалена заработувачка за трговците. Сепак тоа нема да го спречи растот на цените. Пекарската индустрија иако јавно не потврди сепак според информациите на Канал 5, веќе ги стокмиле новите ценовници и лебот од утре ќе се продава со цена повисока за 5 денари. За други производи засега нема најава дека ќе поскапат.

Но, од кризата и намалените маржи најголем удар ќе претрпат овошјето и зеленчукот. Трговците кои имаат магацини на Кванташкиот пазар утре излегуваат на предупредувачки протест. Велат маркетите веќе им ги откажуваат набавките поради мерката и робата им стои во магацините. Доколку државата не ја укине, најавуваат и порадикални чекори.

„Овие штрајкови ќе траат се додека не се промени одлуката и за два три дена доколку нема мерки министерството, ние ќе преземеме и радикални чекори. Камионите со се скапаната роба ќе ги однесеме пред Влада па тие да видат што ќе им прават. Затоа што нема да ја земе никој, ни се јавија маркетите и фирмите дека ќе ја прекинат набавката. За контењер ќе биде робата се.“ изјави Џемаил Садики, Кванташки

Министерот за економија Крешник Бектеши викендов на средба ги покани претседателите на трите најголеми комори, но состанок немаше. Од економија велат дека средбата најверојатно ќе биде во текот на неделава...

А, освен храната нови повисоки цени од утре ќе добијат и горивата. По руско-украинската криза цената на гасот и нафтата на светските берзи вртоглаво пораснаа, па така македонците од утре ќе точат горива поскапи за денар и половина.

ЦЕНИ НА ГОРИВА ОД 01.03.2022:

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84 (денари/литар)

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86 (денари/литар)

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)

Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 74,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС - 48,170 (денари/килограм)

https://kanal5.com.mk/gragjanite-vo-panika-gi-praznat-policite-vo-marketite-od-utre-poskapuva-lebot/a518542
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 03-Mar-2022 at 14:41
1.200 МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ЗА РУСКИ ФИРМИ Најмногу вработени имаат „Бучим“ и „Лукоил“

Во Македонија има околу 70 компании во кои има руски капитал, покажуваат податоците од платформата бизнисмрежа.мк.

Најпознати, секако се Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје, Друштвото за трговија со нафти и нафтени деривати „Лукоил“ и Друштвото за производство и трговија „Бучим“ кое во своја сопственост го има рудникот за бакар. Но, покрај нив, тука се и многу други фирми, и речиси сите се микро и мали компании.

Анализата на податоците што ја направи порталот „Пари“ покажува во компаниите со руско потекло на капиталот, има околу 1.250 вработени и тие во 2020 година (за 2021 година се уште нема податоци) направиле вкупен приход од над 210 милиони евра. Секако, за тоа се најзаслужни трите најпознати руски компании во државава – „ТЕ-ТО“, „Лукоил“ и „Бучим“. Од другите фирми,со над 1 милион евра приход се 3 компании, а со приходи под 3 милиони денари (под 48.780 евра) се дури 50-тина фирми. Анализата покажа и дека 49 компании имаат управител кој е руски државјанин, а на дел од овие компании матичната компанија која е „надлежна“ за компанијата – ќерка во Македонија, не е регистрирана во Русија.



https://plusinfo.mk/1-200-makedonci-rabotat-za-ruski-firmi-na-mnogu-vraboteni-imaat-buchim-i-lukoil/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 13-Mar-2022 at 16:15
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 20-Mar-2022 at 13:38
Македонската економија со најлоши податоци за БДП и во регионални рамки





https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-so-najloshi-podatoci-za-bdp-i-vo-regionalni-ramki
Carpe diem
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 04-May-2022 at 09:15
Најголем пад во 2020 најмал раст во 2021. Блескаме, криви се војната и пандемијата. Среќа остатокот од светот немаа пандемија и војна па ќе им опростиме и ќе ги оправдаме неспособните елити во нашата држава.

П.С. најмногу се задолживме за мерки ама изгледа по приватни џебови отидоа парите...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 11-May-2022 at 09:30
ОД СТАРТОТ НА ГОДИНАВА ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПАДНАА ЗА 400 МИЛИОНИ ЕВРА - НБМ уверува, трендот е стопиран, курсот ќе се одбрани



Неколку месеци наназад се намалуваат девизните резерви на земјава.

Податоците на Народна банка на Македонија говорат дека само во првите четири месеци од годинава девизните резерви на државава се „стопиле“ за 403 милиони евра.

Најновиот показател на централната банка се однесува за април годинава и тој говори дека на крајот на четвртиот месец Македонија располагала со девизни резерви од 3,24 милијарди евра.

За еден месец, односно во споредба со март годинава, девизните резерви се намалиле за околу 33 милиони евра. Затоа, пак, многу позначајно било мартовското „топење“ на државните девизи, и тоа изнесувало дури 110 милиони евра. Девизните резерви се намалиле и во февруари, и тоа за 83 милиони евра. Затоа, пак, најголем бил минусот што за еден месец го доживеале девизните резерви во јануари годинава, и тоа за дури 178 милиони евра.

Или, за само четири месеци намалувањето е за дури 403 милиони евра.

Во целиот овој контекст, априлското намалување на девизните резерви за „само“ 33 милиони евра би можело да се толкува дури и како извесно стабилизирање, бидејќи претходните месечни падови беа многу повисоки.

Инаку, треба да се спомене дека во јуни лани, девизните резерви беа највисоки, и тоа 4,03 милијарди евра, а потоа стартуваше еден тренд на намалување, кој никако да запре, за сега државните девизи да се сведат на 3,24 милијарди евра.

Фактор ја праша Народна банка на Македонија зошто девизните резерви на државата се намалуваат континуирано од месец во месец, достигнувајќи го на крајот на април нивото од 3,24 милијарди евра, односно која е или кои се главните причини за падот, дотолку повеќе што за четири месеци падот е над 400 милиони евра. Понатаму, се интересиравме и дали е ова загрижувачки индикатор, како и колку месечен увоз на земјава сега покриваат девизните резерви. И конечно, она што ги интересира граѓаните, дали овие девизни резерви се доволни да се брани девизниот курс на државава.

Од НБМ уверуваат дека девизните резерви се на соодветно ниво за одбрана на курсот, а причината за нивното намалување е увозот на поскапите енергенси.

„Промените во девизните резерви од почетокот на годината главно се одраз на поголемите потреби на компаниите за девизи заради повисокиот увоз на енергенси, а во услови на значаен раст на светските цени на овие производи. Во текот на април и мај овие притисоци значително се намалија, воедно се забележува и сезонски поголема понуда на девизи и девизниот пазар е стабилен“, потенцираат од централната банка.

Од монетарната власт за Фактор тврдат дека девизните резерви на земјава без дилема се на соодветно ниво за одржување на стабилен курс на денарот.

„Впрочем ова јасно е истакнато и во Извештајот на ММФ од мисијата по Член 4 од Договорот со ММФ. Доколку се направи споредба со нивото на девизни резерви за време на глобалната финансиска криза, сега нивото на девизни резерви е двојно повисоко. На располагање ни е и репо-линијата од ЕЦБ, која обезбедува пристап до дополнителни 400 милиони евра девизна ликвидност“, објаснуваат од Народната банка.

Оттаму уверуваат дека девизните резерви покриваат околу четири месеци од проектираниот увоз, што според меѓународно прифатените стандарди, е конфорно ниво, а во услови на режим на стабилен девизен курс.

Според некои познавачи, пак, девизните резерви беа намалени и поради интервенциите на девизниот пазар, поради шпекулациите кои се појавија главно во критичните месеци, а кои наметнаа потреба НБМ да продава девизи на банките и менувачниците, за да се смири големата побарувачка за странска валута, главно евра.

Инаку, најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност, и тоа 73,1 отсто, по што следуваат валутите и депозитите, со 14,5 проценти, и монетарното злато, со учество од 12,4 отсто.

https://faktor.mk/shto-gi-stopi-deviznite-rezervi-za-400-milioni-evra-za-chetiri-meseci---intervenciite-poradi-shpekulaciite-no-i-poskapiot-uvoz
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 262728

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.211 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.