build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 02-Sep-2021 at 16:55
ФИНАНСИИ ОТКРИВА Годинава се очекува раст од 4,1 и инфлација од 2,1 отсто

Според статистичките податоци и проекциите, државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување. Министерството за финансии оценува дека се стабилни очекувањата за раст од 4,1 проценти и инфлација од 2,1 процент годинава.

Министерството за финансии, како што информира на денешниот брифинг со новинари министерот Фатмир Бесими, има конзистентен пристап за остварување на поставените цели за зголемување на растот од 2,5 на 5 проценти, како и за фискалната консолидрација до 2026 година, односно јавен долг по 60 проценти и три проценти буџетски дефицит.

– Годинава нема да биде лесна и свесни сме за сите предизвици и за проекциите на Светска банка и ММФ за ковид и очекувањата на инвеститорите. Од аспект на приходите на буџетот се позитивни и очекувањaта се веќе во вториот квартал да излеземе од кризата – посочија од Министерството за финансии на денешниот брифинг.

Состојбата со јавниот долг заклучно со 30.06.2021 година, е дека изнесува 64,4 проценти, додека состојбата на државниот долг заклучно со 31.07.2021, што е последен податок, е дека тој изнесува 52 проценти.

Од Министерството за финансии потврдуваат дека цврсто стојат на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање ниво од 60 проценти од БДП, што е во рамки на мастришкиот критериум.

На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 57,7 проценти, додека државниот долг ќе се сведе на 50,7 отсто – брифираат од МФ.

Капиталните расходи заклучно со 1.09.2021 година, изнесуваат 39,85 проценти. Во финансиски средства тоа изнесува околу 11,8 милијарди денари, што е повеќе споредено со минатата 2020 година, кога тоа изнесувало 7,7 милијарди денари.

– Ќе има подобрување во однос на минатата година, но не очекуваме нешто спектакуално. Ние го зголемивме финансиското учество во капиталните расходи, додека кај капиталните инвестиции мислам дека ќе успееме да бидеме во рамки на просекот. Годинава има и избори, што исто тката е ограничување и влијае на успената реализација – велат од МФ.

Во однос на барањата за нов пакет мерки, истакнуваат дека се во постојана комуникација со стопанството и дека следат и реагираат соодветно. Посочуваат дека со ребалансот на Буџетот биле предвидени средства за поддршка на компании групи во општеството со заеми, поддршка за плати, за извоз и развој, кои се уште се спроведуваат.

– Сега за сега во оваа фаза е тоа што е досега најавено и се реализира во согласнот со буџетски предвидената поддршка. Има мерки што се спроведуваат – брифираат од Министерството за финансии.

Во однос на најавената Стратегија за либерализација на пазарот на капитал, министерот Бесими на денешниот брифинг со новинари, кажа дека се уште се работи на развој на стратегијата со акцент на нови решенија за финансирање и кредитирање на економијата, меѓу кои и можноста граѓаните освен преку депозити во банките да учествуваат и инвестираат во капитални проекти и купуваат државни обврзници поврзани со конкретни проекти, но дека за тоа се неопходни и сет обуки и програми за информирање на граѓаните.

https://plusinfo.mk/finansiii-otkriva-godinava-se-ochekuva-rast-od-4-1-i-inflaci-a-od-2-1-otsto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 11-Sep-2021 at 17:25
Ќе јадеме поскап леб, а ќе готвиме со поскап зејтин

Цените на брашното, на лебот и на белите печива ќе се зголемуваат и понатаму. Дел од приватните пекари веќе го направија зголемувањето на цените, но според мелничарите и увозниците и оние што не го направиле тоа, наскоро ќе мора да ги зголемат цените. Ќе се зголеми и цената на зејтинот, затоа што ни оваа од околу 90 денари, веќе не е исплатлива за производителите, а поскапел и увозот на сојата, палминото масло….

Горан Малишиќ, претседател на Мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, во изјава за „Слободен печат“ објаснува дека во моментов има драстично зголемување на цените на пченицата на светските берзи.

– Цената на пченицата од почнувањето на пандемијата се зголеми за 20 проценти, а сега имаме ново драстично зголемување на цената во светски рамки. Штом се зголемува цената на пченицата, нормално е дека се зголемува и цената на брашното, потоа на лебот и на белите печива. Но, не е само растот на цената на пченицата причина за раст на овие цени. Цената на струјата за компаниите што одат на слободен пазар е зголемена 100 проценти, а и цените на амбалажите за пакување се зголемени за 40-ина проценти – вели Малишиќ.

Нашите потреби од пченица и од брашно околу една третина се задоволуваат од увоз. Но, Македонија е увозно зависна и од масло за јадење, од млечни производи, од месо. Така, сите берзански цени на храната се отсликуваат во нашата потрошувачка кошничка. Вестите од берзите, пак, не се пријатни.

Новосадската берза, која е значајна за нашето снабдување од Србија, извести дека во првата недела на септември е забележан рекорден раст на цената на сојата, дури за 11,6 проценти во однос на претходната недела, но има раст и на цените на други житарки, како и одложена жетва на сончоглед поради временските околности.

Румен Смилевски, сопственик на компанијата „Малина“ преку која го врши увозот на брашно и на пченица од Србија, вели дека лани цената на пченицата на тамошната берза била од 160 до 170 евра за тон, а сега таа е 215 до 220 евра за тон.

Компанијата на Смилевски е втор најголем акционер и во фабриката „Благој Ѓорев“, која го произведува маслото за јадење „кристал“. Состојбата со сончогледот, Смилевски ја нарекува „урнебес“.

– „Благој Ѓорев“ е единствената фабрика кај нас што произведува масло за јадење од сончоглед, за разлика од другите што купуваат нерафинирано масло, па го доработуваат. Ако порано го плаќавме сончогледот по цена од 280 евра за тон, сега цената достигна 450 евра за тон. Урнебесно! А, според берзите, уште и ќе расте цената. Ние со вакви цени не можеме да го задржиме сегашното ниво. Сега имавме состанок и веќе разговараме за зголемување на цената – вели Смилевски, кој е и претседател на Одборот на директори во „Благој Ѓорев “.

Цените на палмовото масло и шеќерот „жртви“ на контејнерскиот превоз
За многу производи не е само проблем цената на земјоделските производи, туку и цента на контејнерскиот транспорт, објаснува Румен Смилевски, кој преку своите компании врши увоз на повеќе земјоделски производи .

– За само три-четири месеци, цената за еден контејнер се зголеми од 800 на 7.000 евра. Јас такво нешто досега никогаш не сум видел! Тоа не е резултат на економски околности, туку на трговската војна меѓу Кина и Америка, А тоа ја зголемува крајната цена на продуктите што се транспортираат. На пример, цената на палмовото масло не е зголемена, но со ваков скок на цените на контејнерите, неговата крајна цена се зголеми од 60 на 75 денари за килограм. А тоа е многу широко распространет продукт – го користат од бурекчиите до фабриките за храна – објаснува Смилевски.

Смилевски вели дека водениот транспорт со контејнери значително ја зголемил и цената на шеќерот и дека сега се бараат начини како поголем увоз да се направи од регионот за да се избегнат контејнерите.

Ланската плата од 20.000 денари сега вреди 720 денари помалку
Августовската инфлацијата на годишно ниво покажала раст од 3,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ова значи дека оние што лани имале, на пример, плата од 20.000 денари, ако истата ја добиваат и сега, таа им вреди 19.280 денари. Или поинаку кажано, сите оние што на ланската плата од 20.000 денари досега не добиле зголемување од 720 денари, колку што е инфлацијата, практично сега ја работат истата работа за помала вредност на парите.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, пак, е оптимист и тврди дека остануваат проекциите што беа наведени во ребалансот на буџетот од јули, според кои инфлацијата во 2021 година ќе биде 2,1 процент.

„Стапката на инфлација во 2021 година е предвидено да изнесува 2,1 процент, што претставува одредено интензивирање на инфлацијата споредено со 2020 година и е ревидирана нагорно во однос на првичната проекција (1,5 процент), при нагорна корекција на проектираниот раст на цените на примарните производи на светските берзи, како што се нафтата, пченицата и пченката, и нагорно придвижување на странската ефективна инфлација“, пишува во ребалансот на Буџетот.

Цените на индустриските производи за една година се зголемиле за 14 проценти
Во јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 1,8 проценти на месечно ниво, а за 14 проценти на годишно ниво, објави вчера Државниот завод за статистика.

На месечно ниво цените се повисоки во секторот „Рударство и вадење на камен“ за 2,9 проценти, во секторот „Преработувачка индустрија“ за 1 процент и во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 13,3 проценти.

Во јули 2021, во споредба со јули 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот „Рударство и вадење камен“ за 35,2 проценти, во секторот „Преработувачка индустрија“ за 11,6 проценти и во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 2,6 проценти.

https://www.slobodenpecat.mk/kje-jademe-poskap-leb-a-kje-gotvime-so-poskap-zejtin/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5307
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 12-Sep-2021 at 07:29
„зејтин“
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 13-Sep-2021 at 11:43
СЕ ПОДГРЕВА ИНФЛАЦИЈАТА Едногодишен највисок раст на цените на бензините

На почетокот од септември литар „еуросупер“ од 95 октани се подаваше за 72 денари а „еуросупер“ од 98 октани за цели 74 денари по литар. Изминатите неколку години ова се практично и највисоки цени на нафтените деривати во земјава, пишува „Порталб“.

Во август годинава во споредба со истиот месец лани измерена е и една од повисоките стапки на ценовен раст од 4,9 отсто.

Поскапа храна, земјоделски и индустриски производи, поскапи услуги – во август регистрирана е позначајна стапка на ценовен раст. Конкретно во осмиот месец од годинава во споредба со истиот месец лани Заводот за статистика регистрираше пораст на цените на мало за 4,9 отсто.

Поскапено е речиси се, од прехранбени до индустриски производи.

Ценовен раст август 2021/август 2020

Прехранбени производи                                                             4,2%

Земјоделски производи                                                               9,0%

Непрехранбени индустриски производи и тутун               5,2%

Индустриски производи                                                               4,2%

Во глобални рамки ценовниот раст на прехранбените производи е последица на растот на цените на примарните прехранбени производи, Зголемената побарувачка на пченица во некои од големите економии како Турција, Иран, Индија од една страна а намаленото производство, пред се во Северна Америка, придонесува за зголемување на цената на пченицата која е базичен прехранбен производ.

Изминатиот период цените на горивата растеа во континуитет со што достигнаа нивоа највисоки во изминатите години. Па така на почетокот од септември литар „еуросупер“ од 95 октани се продаваше за 72 денари по литар а „еуросупер“ од 95 октани за 74 денари по литар. Само за споредба, лани во истиот месец цените изнесувале 60 денари, односно 62 денари за литар.

Во светски рамки се очекува натамошен раст на цената на нафтата.

Се очекува значително посилен раст на цената на нафтата во 2021 година од очекуваниот во април, што во најголема мера е одраз на силната побарувачка, главно заради намалените рестриктивни мерки во глобални рамки, при истовремено намалени залихи на нафта и ограничување на производството на нафта од страна на ОПЕК“, оценуваат од НБМ.

Стабилизација на цените на нафтените деривати се очекува додгодина а во меѓувреме според прогнозите, инфлацијата во земјава ќе расте, но ќе се држи во проектираните рамки за годинава, не повисока од 3 отсто. Она што е значајно е дека дел од ценовниот раст е „увезен“ – односно поскпаувањата дома се и последица на инфлацијата со која се соочуваат и другите земји во регионот и во Европа а се наши стратешки трговски партнери.

„Нагорната ревизија за 2021 година се должи на очекувањата за повисок ценовен раст кај речиси сите наши увозни партнери, а најмногу кај Германија, Србија и Хрватска, додека за 2022 година речиси сите земји имаат сличен придонес за нагорната корекција“ – соопштуваат од Народната банка и додаваат:

Инфлацијата остварена во периодот јануари – јули, во просек од 2,5 отсто, малку ја надминува очекуваната во априлскиот циклус проекции, при нагорни ревизии кај очекувањата за растот на увозните цени, чие движење е исклучително променливо и неизвесно, а со тоа и нивното влијание врз домашните цени.

Растат цените – растат и трошоците за живот, најмногу кај транспорот за 13,5 отсто во август годинава во споредба со истиот месец лани, кај хотели и ресторани трошоците на живот се зголемени за 4,8 отсто, а за храната, алкохолот, тутунот растот е нешто над 4 отсто.

Трошоци на живот август 2021/2020

Масла и масти                                    27,1%

Зеленчук                                               16,4%

Гас                                                           21,2%

Течни горива                                        19,1%

Транспортни услуги                             16,6%

Според последните оценки на Министерството за финансии инфлацијата годинава нема да надмине 2,1 отсто. Во Еврозоната инфлацијата во август достигна 3 отсто и според анализата на Евростат, најголемо влијание врз растот на инфлацијата во Еврозоната има зголемувањето на цените на енергенсите во август од 15,4 отсто на годишно ниво.

https://plusinfo.mk/se-podgreva-inflaci-ata-ednogodishen-na-visok-rast-na-cenite-na-benzinite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 24-Sep-2021 at 16:42
Миграцијата на младите го чини Западен Балкан до 5,5 милијарди евра годишно, колку губи Македонија?

Според истражувањето спроведено од Вестминстер Фондацијата за демократија и Институтот за развој и иновации, регионот на Западен Балкан губи милијарди евра секоја година поради миграцијата од страна на нејзините млади граѓани, пишува ЕУобсервер.
За да се процени економскиот отпечаток, истражувањето ги зема предвид трошоците поврзани со образованието, 2,46 милијарди евра, како и потенцијалната загуба во растот на БДП поради загубата на младите во земјите.
Трошоците поврзани со образованието финансирано од државата варираат за секој поединец и се поврзани со нивото на образование и времето поминато во училиште – од 8 до 20 години.
Земајќи ги предвид овие променливи, истражувањето проценува дека вкупните загуби поврзани со образованието на младите луѓе кои ги напуштаат земјите од Западен Балкан за една година, варираат од минимум 840 милиони евра до 2,46 милијарди евра.
Студијата проценува дека вкупните трошоци за школување на поединец во земјите од Западен Балкан изнесуваат околу 25.000 евра, што претставува трошок поврзан со деветгодишното основно образование, четири години средно и пет години – во просек – високо образование.
Така, трошоците за образование на земјите од Западен Балкан стануваат инвестиции за земјите приматели.
„Многу висококвалификувани експерти и претприемачи имаат корист од можностите на глобализираната економија, бидејќи земјите-дестинации се натпреваруваат едни со други за да привлечат висококвалификувани луѓе нудејќи поволни правила за влез и престој во нивните земји“, вели Емил Атанасовски, директор за Западен Балкан во Вестминстер фондацијата за демократија (ВФД). ВФД е основана во 1992 година и добива основно финансирање од канцеларијата за надворешни работи на Обединетото кралство.

Повеќе и од државите од источна Европа, земјите од Западен Балкан имаат долга историја на емиграција, достигнувајќи нивоа што се меѓу највисоките во светот.
„За разлика од некои источноевропски земји, чие население почна да мигрира кога стана дел од Европската унија, населението на земјите од Западен Балкан почна да мигрира во големи бранови кон Запад пред половина век“, истакна Атанасовски.
Меѓу причините зошто регионот на Западен Балкан имаше голема миграција низ децениите, е распадот на Југославија, граѓанските војни и економските тешкотии што следеа, вели Атанасовски.

Заминуваат млади и образувани кадри

Се чини дека Босна и Херцеговина е една од најтешко погодените земји во регионот, при што некои студии велат дека речиси половина од граѓаните родени во оваа земја повеќе не живеат таму.
Друг впечатлив пример е Косово – кое загуби 15,4 проценти од своето население помеѓу 2007 и 2018 година.
„Структурата на сегашното население кое мигрира се менува, и гледаме се повеќе млади луѓе со перспектива кои заминуваат да студираат во странство, а високообразовани и квалификувани луѓе заминуваат откако ќе дипломираат“, додаде Атанасовски.

Студијата открива дека намалувањето на БДП – поради намалувањето на потрошувачката – е уште позначајно.
Пресметано е дека земјите од Западен Балкан губат, поради миграцијата на младите, 3,08 милијарди евра секоја година во потенцијален раст на БДП. Додавањето на таа бројка заедно со проценката за трошоците за образование изнесува вкупно околу 5,5 милијарди евра годишно.
Слично како и во источна Европа, на Западен Балкан му е потребен ремонт на управувањето и драстично прекинување на практиките од минатото за да се промени трендот.
Како што вели Арманд Госу, професор по политички науки на Универзитетот во Букурешт, за EUobserver „ова е прашање што треба да се дискутира во егзистенцијални услови, бидејќи зборуваме за самиот опстанок на овие држави.
„Не постојат земји без луѓе, а самото постоење на една држава се потврдува преку нејзиното население“.

Колку губи Македонија

Инаку, во зависност од нивото на образование и бројот на заминувања, вкупните трошоци за образование на луѓето што ја напуштаат Северна Македонија за една година варираат од 116 милиони евра до 433 милиони евра, покажува извештајот Трошоците за имиграција на младите во земјите од Западен Балкан.
„Поради неможноста да се спречи годишната емиграција, се додава потенцијалната годишна бруто загуба на додадената вредност во износ од околу 333 милиони евра, што е околу 3,1 проценти од БДП во 2018 година. Едноставно кажано, секој работно способен човек што ја напушта Северна Македонија со себе „носи“ и приближно 15.850 евра од потенцијален иден БДП“, се вели во извештајот, во делот посветен на нашата земја.
Притоа, се додава дека во Северна Македонија, како и во другите балкански земји, целосна анализа на влијанието на миграцијата е значително попречена од недостатокот на сигурни и детални податоци. На точниот број на лица што заминуваат, должината на нивниот планиран престој во странство, нивниот пол, возраста и образованието, како и клучните мотиви за напуштање се податоци за кои нема цврсти административни извори. Затоа, за да се анализира овој феномен, беше неопходно да се симулираат различни сценарија базирани на различни претпоставки, и индиректно да се извлечат заклучоци и да се проценат резултатите. Притоа, се обидовме да ги квантифицираме економските ефекти преку трошоците за образование и можните трошоци во однос на изгубениот потенцијален БДП, како и позитивните економски ефекти преку приливот на дознаки од странство, се вели во извештајот.
Според проценките на ОЕЦД, во просек од Северна Македонија се отселувале по 23.000 луѓе годишно, до земјите -членки на ОЕЦД во периодот 2012–2016 година. Миграцијата го достигна својот врв во 2015 година, кога 32.000 луѓе ја напуштија Северна Македонија, додека тој број беше 30 проценти помал следната година. Важно е да се напомене дека податоците ги опфаќаат сите луѓе што ја напуштиле земјата за една година, вклучувајќи ги и луѓето кои ја напуштија земјата да работат привремено, кои заминаа да се образуваат, или беа испратени во меѓукомпаниски трансфери, што се сите форми на привремена работна миграција.
Бидејќи пристапот на ОЕЦД ја вклучува привремената миграција, бројот на луѓе кои се враќаат не може да се занемарат; во овој петгодишен период се вратиле околу 13.500 луѓе, што значи дека просечниот годишен нето -одлив изнесуваше околу 9.400 лица. Според статистиката на ОЕЦД за 2016 година, речиси две третини од сите Македонци мигранти отишле во Германија, околу осум проценти во Швајцарија, додека Австрија беше на третото место.
Образованието на Македонец кој завршил во 2018 година, опфаќајќи основно училиште (девет години) преку средно училиште (четири години) до крајот на академските студии (што траеше во просек пет години), чинеше околу 29.000 евра. Цената на четиригодишната средно образование (вклучително и основното образование) за завршените во 2018 година изнесуваше околу 14.500 евра, додека деветгодишното основно образование чинеше близу 9.000 евра.
Проценката на трошоците за докторско образование не е лесно да се направи поради недостапноста на податоците во потребните структури. Врз основа на достапните информации, приближно во просек се трошат 48.000 евра за едукација на доктори на науки.

Има и придобивки

Покрај негативните ефекти, не може да се игнорираат придобивките од емиграцијата, дури и иако повеќето демографи и социолози ги сметаат за несакани ефекти, се вели во извештајот.

Најважната директна придобивка од миграциските текови се дознаките од странство. Дознаките од странство изнесуваат околу два проценти од БДП на Северна Македонија, или околу 200 милиони евра, во 2018 година.
Овие податоци се засноваат на административни извори и легални банкарски текови. Според Меѓународниот монетарен фонд, учеството на дознаките преку неформални канали изнесуваше дополнителни четири проценти од БДП. Следствено, вкупниот удел на реалните дознаки може да достигне и до шест проценти од БДП, што значи дека Северна Македонија е меѓу највисоко рангираните земји според нивото на оваа категорија приходи. Во поширока смисла, ако ги додадеме дознаките од странство, приливот од странски пензии и плати на македонските жители во странство, овој износ се зголемува на околу 721 милиони евра. Сепак, иако значаен, овој извор на средства не можат да бидат генератор на економски раст, бидејќи само еден процент оди во него бизнис инвестиции, наведуваат Вестминстер Фондацијата за демократија и Институтот за развој и иновации во делот за Македонија во извештајот Трошоците за имиграција на младите во Земјите од Западен Балкан.

https://nezavisen.mk/migracijata-na-mladite-go-chini-zapaden-balkan-do-55-milijardi-evra-godishno-kolku-gubi-makedonija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 04-Oct-2021 at 16:50
ЦЕНОВЕН ШОК - ХРАНАТА ПОСКАПА И ДО 50 ПРОЦЕНТИ



Животот станува се поскап. Коморите најавуваат ценовен шок. До нова година цените на храната ќе растат и до 50 отсто, бизнисот бара поддршка од државата за да се ублажи ударот врз потрошувачите.

Во наредните три месеци се очекува раст на цените на основните прехранбени производи од 40 до 50 проценти. Од Стопанската комора бараат итна средба со владините претставници за да може навремено да се ублажи ценовниот шок кој не очекува, доколку Владата излезе во пресрет, растот на цените ќе изнесува околу 15%, предупредува комората.

„Целата прехранбена индустрија бара од Владата да и се помогне за да може да функционира, а и потрошувачите да бидат заштитени. Ако суровините минатата година поскапеа до 40 отсто, се очекува поскапувањето на крајните производи да биде од 40 - 50 проценти, а тука секако треба да се додаде и новата цена на енергенсите.“ - вели Васко Ристовски.од Стопанска Комора.

Како главни причини за растот на цените се климатските промени, намаленото земјоделско производство, недовлна работна сила, скапиот транспорт и скапите енергенси.

„На поскапувањето укажувавме неколку пати од почетокот на годината. Поскапувања ќе има, но колкави ќе бидат, тука можеме секако да влијаеме. Поскапувањето на месните преработки се очекува да биде 15 отсто колку што е на глобалните пазари, но може да е и повеќе, 30 – 40 проценти ако државата продолжи да ја игнорира поддршката. Само 20 – 30 отсто се царинските давачки за увоз на смрзнато свинско месо за преработка.“ - изјави Гоце Трајчев - претседатело на Групацијата за месо и месни преработки.

Во моментов граѓаните купуваат поскапа храна за 5 до 10 проценти - Кесето се стега. Велат едвај врзуваат крај со крај. Платите, пензиите, производите се исти, но цените се далеку поразлични. За само една година според податоците минималната потрошувачка кошничка се зголемила за околу 1000 денари.

Екипата на ТВ24 денеска беше во обиколка на неколку продавници, па така на пример:

- За килограм леб потребни се од 25 до 50 денари. За литро зејтин од 90 до 110 денари. Брашното се продава по цена од 40 до 50 денари за килограм.

- Во иднина поскапување на цената ќе има и на лебот. Бројките покажуваат дека пченицата во жетва:

- Во 2020 година – била 10 денари килограм – 2021 година е 12 денари, што е зголемување од 20 отсто.

- Цената на јачменот лани изнесувала 8,5 денари, додека годинава се купува за 10,5 денари.

- Пченката - лани се купуваше за 9 денари, а оваа година производителите ја купуваат за 13.

Неизвесно е дали најавата на новиот ценовен бран ќе донесе покачување на цената на струјата, комуналиите, превозот. Властите во дрважава неколку пати повторуваат инфлацијата е стабилна и се движи од 2 до 2,5 проценти.

https://24.mk/details/cenoven-shok-khranata-poskapa-i-do-50-procenti
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5307
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 04-Oct-2021 at 19:52
литро зејтин

На кој јазик е ова?

Како и да е, 50% е fear mongering и ништо друго.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 04-Oct-2021 at 20:55
Хмммм, пазарот со енергенти во Европа е во хаотична состојба цел септември, а прогнозите за зимата се дека ќе биде ладна, што состојбата ќе ја услови цените само да растат. Јас работам од 2016 година во компанија за електрична енергија и не памтам цените да биле цел месец над 150 евра по мегават/час, освен еднаш (јануари 2017 г., кога зимата беше -20).

Така што, цените и те како ќе се зголемат ако не се смени нешто драстично.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 06-Oct-2021 at 10:42
Македонија е ставена на „сивата листа“ на ЕУ, земји со несоодветни даночни стандарди

Европската Унија ги отстрани Ангвила, Доминика и Сејшелите од својата „црна листа“ на даночни оази, а на „сивата листа“ ја додаде Македонија. На оваа листа се земји кои имаат несоодветни даночни стандарди, но се обврзани на измена на прописите во согласност со барањата.

Министрите за финансии на ЕУ во Ликсембург одлучија Ангвила, Сејшели и Доминика да ги избришат од „црната листа“ и да ги додадат на „сивата листа“, откако трите земји се согласија да ги прегледаат своите даночни системи. „Црната листа“ на ЕУ беше воспоставена во 2017 година со цел да се потисне растечката даночна евазија и редовно се ажурира со држави кои не ги исполнуваат критериумите за даночна транспарентност.

Девет „јурисдикции“ сѐ уште се наведени како „некооперативни“, како што се Американска Самоа, Фиџи, Гуам, Палау, Панама, Самоа, Тринидад и Тобаго, американските Девствени Острови и Вануату. Ангвила, Доминика и Сејшелите сега се наведени како јурисдикции кои сѐ уште не се во согласност со сите меѓународни даночни стандарди, но се посветени на принципите на добро даночно управување.

На „сивата листа“ се додадени и Костарика, Хонг Конг, Малезија, Северна Македонија, Катар и Уругвај, додека Австралија, Есватини (поранешен Свазиленд) и Малдиви се отстранети од неа по реформата на нивните даночни системи.

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-e-stavena-na-sivata-lista-na-eu-zemji-so-nesoodvetni-danochni
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.