build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 17-Jan-2017 at 11:32
Originally posted by Џоле

„ДЕВЕТКИТЕ“ ТРЕТ ДЕН ГИ ОСТАВАТ ГРАЃАНИТЕ ДА ВИСАТ ПО ПОСТОЈКИ

За само 15-ина дена откако беше воведен АВЛ-системот во јавниот градски превоз и стартуваше електронската наплата во сите автобуси, се појавија многубројни проблеми, а возачите на приватните автобуси наместо со ЈСП, сега се тркаат со времето. Додека порано брзаа да му ги земат патниците на ЈСП, сега ги оставаат да „висат“ на постојките.

Граѓани имале вакво искуство изминатиов викенд на линијата број „9“ на која сега возат само автобусите на приватното претпријатие „Макекспрес“. Патниците се жалат дека не им застанал автобусот на постојката на „Водњанска“, туку, веднаш продолжил надолу по втората коловозна лента без да ги качи оние кои чекале на последната постојка. Голем дел од патниците кои се пожалија, се враќале од работа, а по завршувањето на работниот ден наместо што побрзо да си дојдат дома, не можеле да се качат во автобус. Вчера, пак, граѓаните се изначекале „9“ и во населбата Скопје Север. Останале на автобуската од 8:45 до 9:30 часот и измрзнале на снегот и студеното време. Велат дека четири автобуси заминале кон последната станица, а од таму по речиси еден час чекање, конечно им дошла „9“.

Од „Макекспрес“, приватното претпријатие кое вози на оваа линија, објаснија дека сега имале редуциран возен ред.

„Автобусите се поретки, затоа што, поради училишниот распуст возниот ред е редуциран, но, по 23 јануари се враќа основниот возен ред според кој автобуси ќе има на секои 7-8 минути се' до 17 часот, кога потоа повторно ќе бидат редуцирани. На линијата ’9‘ ние ќе сообраќаме до 31 јануари, а потоа таа ќе стане дел од пакетот линии на ’Слобода превоз‘“, објасни Војо Велевски, еден од основачите на „Макекспрес“.

Корисниците на приватната „9“ се жалат дека не смее да се редуцира возен ред поради зимски распуст, па вработените да не можат да стигнат на работа. Реагираат и на возачи кои се' уште не се откажуваат од старите навики да собираат патници попатно, а други ги оставаат со часови на постојки. Некои граѓани се обиделе да му напишат поплака на претпријатието на неговата веб-страницата, но таа била недостапна.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=C5D7736324CB4F4AA89DCDADBD727F16

ВНИМАНИЕ! Зошто е многу важно секој патник да се валидира? Доколку не ја валидирате картичката при влегување во автобусот, ќе се смета дека не поседувате важечки билет! Секој патник е неопходно да се валидира при секое влегување во автобусот со што ќе се добијат податоци за протокот на патници во автобусите во секое време, по оделни постојки и линии, со што ќе се овозможи подобра оптимизација на возните редови и обезбедување поквалитетен превоз на патниците.

http://www.skopska.mk/

Eте им ја подобрата оптимизација на возните редови и поквалитетниот превоз на патници.

Туку, знае ли некој како иде процедурата со плаќање со мобилен телефон?
И ако знае, нека каже.

Дали може да се плаќа од било кој мобилен, или само од смартфон?
Дали може да плаќа припејд корисник, или само постпејд?
Што добива патникот како потврда дека платил од мобилен? Во случај да наиде контрола има ли некоја фискална сметка, парагон-блок или контролата му гледа во мобилниот дали го повикал бројот за валидирање? Во случај да му се испразни батеријата, да му се исклучи телефонот, а да не го знае пинот повторно да го вклучи, или истиот да му се расипе, како патникот ќе докаже дека платил со мобилен телефоН?

Edited by phenomenon - 17-Jan-2017 at 11:33
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3346
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 17-Jan-2017 at 13:36
Има многу цаки ова возењево со картичката. Разбрав дека ако си имаш 2-3 возења од оној билет со 10 вожњи за 250 ден. и ако го надополниш билетот (а рокот од 15 дена за претходните 2-3 возења не ти е истечен), тогаш ги губиш тие 2-3 возења! Такоџе, ако се качиш во приградски автобус во Карпош, тогаш не можеш да се куцнеш со билет за 10 возења од 250 денари.

Такоџе, не ми е јасно, навечер се враќаш со ноќен автобус, ништо живо не работи, а треба да платиш со картичка. Каде да ја надополниш картичката, прибидејќи во автобус не можеш.

Овие три приказни ги ставам тука чисто за дебата, а по можност за нивно итно расчистување. Мене како корисник на јавниот превоз не ми се јасни!
Back to Top
ToniB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 19-Jan-2017 at 21:29
Originally posted by BOJAN

Има многу цаки ова возењево со картичката. Разбрав дека ако си имаш 2-3 возења од оној билет со 10 вожњи за 250 ден. и ако го надополниш билетот (а рокот од 15 дена за претходните 2-3 возења не ти е истечен), тогаш ги губиш тие 2-3 возења! Такоџе, ако се качиш во приградски автобус во Карпош, тогаш не можеш да се куцнеш со билет за 10 возења од 250 денари.

Јас 6-7 месеци се возам доминантно со картичка од 10 возења и кога ќе ја надополниш картичката или ќе купиш нови 10 возења за 250 ден тие се активираат откако ќе ги потрошиш претходните возења. Пример имаш 2-3 возења на картичката и купиш 10 возења за 250 ден врз веќе постоечките, тие возења и тој рок не опочнуваат да одборјува пред да се потрошат претходните 2-3 кои веќе ги имаш на картичката.

За приградски, сум се возел со приградски автобуси од Транспортен со картичка за 10 возења за 250 ден низ централно Скопје без проблеми.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 20-Jan-2017 at 04:39
дали намераваат ЈСП да станат барем малку сериозно претпријатие со тоа што ќе направат повеќе билетари и автомати кои ќе работат 24/7 и за секакви празници(или барем дел од нив да работат така, на ноќните линии, или пак барем нека има привремен систем каде што картичка ќе можеш да надополниш/купиш и на други продажни места)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 20-Jan-2017 at 20:39
Веќе од септември минатата година активно ја користам електронската картичка на начин што си ја надополнувам со 10 возења, вообичаено купувајќи две наеднаш, за да не доаѓам на секое во билетарница. Можам да потврдам дека возењата не ги губиш од втората непочната картичка. Сепак треба да се размисли дали во старт да ставиш ваква карта, затоа што не секој користи јавен превоз секој ден.

Од друга страна, во приградски автобус може да се качиш во Скопје, но цаката е дека не можеш да се качиш од некое село, па да дојдеш во Скопје Искрено, тоа го сметам за голема слабост на системот. На пример, лична ситуација, реков дека цело време користам картички со десет возења, и сега треба да се возам со приградски автобус, дали сега треба да дополнам 35 денари за тоа возење, дали системот нема да се помеша ако претходно куцнам за возење во градски автобус?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 21-Jan-2017 at 11:19
не може да има 500 системи во еден, или ќе имаш една кредитна картичка што се надополнува по желба и важи за сите тарифи во секое време, или ќе имаш посебни врсти на картички за секоја намена и тарифа посебно, и ќе имаш каде да ги купиш во секое време
они греотички пробаа да го имплементираат стариот систем на хартиени билети вр новиот на електронски... ЈСП, бедотија невидена!
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 21-Jan-2017 at 13:01
Originally posted by zabegan

не може да има 500 системи во еден, или ќе имаш една кредитна картичка што се надополнува по желба и важи за сите тарифи во секое време, или ќе имаш посебни врсти на картички за секоја намена и тарифа посебно, и ќе имаш каде да ги купиш во секое време
они греотички пробаа да го имплементираат стариот систем на хартиени билети вр новиот на електронски... ЈСП, бедотија невидена!

Сега, пак и ти.
Тие билетари и пунктови за картички ќе поставуваат или панорамско тркало ќе градат.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 22-Jan-2017 at 11:20
Originally posted by phenomenon

Originally posted by zabegan

не може да има 500 системи во еден, или ќе имаш една кредитна картичка што се надополнува по желба и важи за сите тарифи во секое време, или ќе имаш посебни врсти на картички за секоја намена и тарифа посебно, и ќе имаш каде да ги купиш во секое време
они греотички пробаа да го имплементираат стариот систем на хартиени билети вр новиот на електронски... ЈСП, бедотија невидена!

Сега, пак и ти.
Тие билетари и пунктови за картички ќе поставуваат или панорамско тркало ќе градат.
а сега еве укапираа дека на еден куп луѓе најисплатлива инвестиција им е промотивната карта за пет возења, па ја укинаа во сите автобуси и се прават дека наводно им се потрошени...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 22-Jan-2017 at 14:14
Па и ќе им се потрошат реално кога по дома треба да имаш 3-4 празни скопска картички...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 25-Jan-2017 at 15:17
http://i.imgur.com/HcZe0Dh.png
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 25-Jan-2017 at 15:25
Прашање за плаќање преку мобилен телефон:

Dobro utro, me interesira kako.e.procedurata za plakanje so mobilen telefon vo.avtobusite, i.koja e cenata.za edno.vozenje? Vi.blagodaram.odnapred.

Одговор:

За постпејд корисници: -     Со повик кон бесплатниот број: 14 11 14 -     Со праќање бесплатна SMS порака со текст: START на 14 11 14 За припејд корисници: -     Услугата автоматски се активира при првото надополнување на MobiPay ваучер. -     По активирањето, веднаш добивате MobiPay PIN код во SMS порака, кој се користи за авторизација на плаќањата. Плаќање во автобус: -     MobiPay можете да го користите и како платежно средство во автобусите на Јавното Сообраќајно Претприејатие- Скопје и со него да го платите вашиот автобуски билет. Сė што треба да направите е да го завртите бројот 185 на вашиот телефон и да го доближите до валидаторот. При успешно плаќање ќе добиете звучна и светлосна сигнализација од валидаторот, а како потврда за вашата уплата и SMS порака, која треба да ја чувате до крајот на возењето. -     Плаќањето на автобуските билети во ЈСП- Скопје e достапно само за корисниците на MobiPay преку постпејд сметка или MobiPay припејд сметка. -     Цената на автобуски билет за едно возење изнесува 40 денари, а цената на вечерниот билет е 50 денари.

Каква црна SMS порака која треба да се чува до крајот на возењето? Кај ви е слип потврдата на трансакцијата што треба да се добие при плаќање со MobiPay?

http://mobipay.mk/kako-se-kupuva-so-mobipay.nspx
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 25-Jan-2017 at 17:58
проблемов со греењево од погоре го приметив и јас... одам на работа отсабајле во 5, тогаш сонцето уште не е излезено и можеби ова најладниот период во денот
не дека во ЈСП не пуштаат греење, пуштаат, ама изгледа многу долго време им е потребно на кинескиве скапаници да постигнат температура, а често греењето е исклучено... кога беше -20 степени се возев стуткан и завиткан ко бакшиш... а внатре влага вода од надвор и уште толку влочува ситуација
такви основни проблеми не знаат да си решат, ама знаат сељачиштана во контрола да ги пуштат и да се прават шерифи
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 02-Feb-2017 at 10:58
Нова веб-апликација за планирање на превозот со ЈСП

„ЈСП Скопје“ ја пушти во употребата новата алатка која на корисниците на јавниот превоз треба да им го олесни патувањето. Се работи за алатка, достапна на интернет страницата info.skopska.mk, преку која на граѓаните можат во реално време да добијат информации кога ќе пристигне автобусот на посакуваната постојка.

Податоците на веб-апликацијата „TransInfo“, која е прилагодена и за мобилен телефон, се проверуваат на секои 30 секунди.

Планерот содржи три дела според кои се нудат информации за корисниците на јавниот превоз:

„СТАНИЦИ“ – овозможува јасен преглед на сите почетни станици низ кои стартуваат одредени линии и преостанатото време на тргнување на возилата.

„ЛИНИИ“ – оваа алатка овозможува јасен преглед за одредена линија. Сликовито и текстуално ги наведува станиците низ кои поминува возилото на „ЈСП Скопје“, за одбраната линија.

„СОВЕТНИК“ – оваа алатка служи за определување на линијата и трасата на патувањето. Со внесување на почетната точка каде што се наоѓа патникот и крајната дестинација, може да се добие информација со која линија да се пристигне до посакуваната цел, дали треба да направи префрлање во друго возило, за колку време пристигнува возилото и за колку време ќе пристигне.

Во информациите на апликацијата се наведува дека времињата на пристигнување се калкулираат во реално време во однос на движењето на превозните средства по маршрутите. За часовите на пристигнување подалечни од еден час, системот прикажува час согласно транспортната шема на градот. Тоа време ќе се актуелизира во моментот кога превозното средство ќе започне со движење по сопствениот курс.

Се потенцира и дека апликацијата содржи веродостојни информации за транспортната шема на градот и дека доколку се менува маршрутата поради работи на пат или други околности, таа информација веднаш се одразува на сајтот.

Извор
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 02-Feb-2017 at 12:22
Originally posted by Navigator

Kaтастрофа.

Еве ти да видиш како изгледа планер со следење на автобуски линии во реално време:

https://www.straeto.is/en/

Со кликањето на икончето автобус во долниот десен агол може да избереш следење на една, две, повеќе или сите линии во реално време.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 05-Feb-2017 at 01:36
Planer za voznite linii

http://info.skopska.mk/

Prvo si postaviv prasanje sto e rabotata so bugarskiot jazik koga gledam bugarska Firma go pravela sistemot.

Edited by kultuzin - 05-Feb-2017 at 01:42
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 06-Feb-2017 at 19:36
Не знам дали некој им го фотнал автоматот... кој кога го фотнав јас не беше во функција

Edited by zabegan - 06-Feb-2017 at 19:36
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 06-Feb-2017 at 21:51
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 06-Feb-2017 at 22:59
Zosto otvarat novi rabotni mesta a ne postavuvaat aparati na poveke stanici. Koja e logikata ne mi e jasno ziveeme vo informaticko vreme a uste karti kupuvame od trafiki. Nema logika osobeno ne sega koga se vovede elektronski nacin na plakanje.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1827
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 07-Feb-2017 at 00:22
Originally posted by phenomenon

Кое соопштение е точно:

Ова,

http://javno.mk/merki-protiv-zagadenosta-na-vozduhot-od-utre-besplaten-javen-prevoz-za-site-gragani-vo-skopje/

или oвие?

http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=397
http://skopjeinfo.mk/jsp-skopje-zapochna-so-besplaten-prevoz-na-patnicite-0

Па не ќе да е точно второто ,отвори фејсбук страна на јсп и читај коментари.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 07-Feb-2017 at 04:39
не ни треба бесплатен превоз, туку квалитетен превоз... една од главните причини поради кои избегнувам користење на јавен превоз во шпиц е неподносливата гужва, а со ова ќе стане полошо

плус, која дрскост е тоа да им пропаднат парите на оние кои што купиле картичка од 250 денари и месечна карта во која си ги калкулирале сите возења

Edited by zabegan - 07-Feb-2017 at 04:41
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.