build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 30-Nov-2008 at 01:45
Навистина треба да се оформат нови линии, постојните се недоволни па мора некои наши граѓани да се менуваат по два па дури и три линии за да стигнат на работа. Тоа е големо мачење, јас би направил ревизија на сите линии, некои би ги укинал, ама би вовел многу нови.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 08-Dec-2008 at 16:22
Еве ви свежа информација од сабота 6 декември е продолжена линијата број 2 на ЈСП во насока на Сарај за уште две станици, па така наместо на почетокот на селото, од сега ќе застанува кај супермаркетот во центарот на Сарај на местото на поранешната последна станица на 12. Ова ќе биде прекрасна вест за жителите на Сарај, веќе се возев и има заинтересираност за нејзе!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 23-Jan-2009 at 23:22
Изменет возен ред на две линии

ЈСП „Скопје“ воведе измени во режимот на сообраќај на автобусите со број 7-б и 17. Градската автобуска линија 7-б е скратена и сообраќа до фабриката „Хемтекс“, наместо до улицата Вардарска. Изменета е и трасата на линијата со број 17, која сега води преку населбата Ново Лисиче. Јавното претпријатие воведе и нова автобуска линија со број 3-а, која оди од ЕТУЦ „Михајло Пупин“ до Клиничка центар.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1604&ArticleID=106131
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 25-Feb-2009 at 00:28

Активирана линијата на автобусот број 26

На барање на граѓаните од населбата Бутел 2, кои останаа без град ски превоз, Општина Бутел во соработка со ЈСП повторно ја воведе линијата на автобусот број 26.По прекин од неколку години, автобусот повторно ќе сообраќа од населбата Железарница, преку Бутел 2, Чаир, Центар и булеварот Партизански одреди до населбата Карпош 3.


Оваа линија ќе вози во две утрински и две попладневни тури, од 6.50 и 8.10 часот, како и од 14.30 и 15.30 на појдовна постојка во Бутел 2. Стартот од автобуската станица во Карпош 3, кај спортската сала „Партизан“, ќе биде од 7.30 и 8.50 часот и попладне од 15.30 и од 16.30 часот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=08318C2B48447B4382129E1A1497D408
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 03-Jun-2009 at 10:05

Жителите од Визбегово бараат автобуска линија

Општина Бутел доставила барање до ЈСП за воведување нова автобуска линија до Визбегово

По барање на жители на населеното место Визбегово, Општина Бутел преку Секторот за сообраќај во Градот побарала од ЈСП да воведе нова автобуска линија што ќе ги поврзе со другите делови на општината. Автобусот би требало да сообраќа по траса од почетната станица во населбата Скопје-Север, преку булеварот „Словенија“ и Момин Поток до крајната станица во Визбегово. Ова населено место брои околу 3.000 жители кои сметаат дека им е неопходна врска со другите населени места од општината на која територијално припаѓаат.

Од Градот потврдуваат дека барањето на Бутел е доставено до ЈСП и моментно се врши анализа на исплатливоста на линијата. Во рамките на оваа анализа, надлежните служби на ЈСП ќе извршат и увид на терен, а ќе ги анкетираат и жителите на целиот потег на кој би требало да сообраќа линијата. Доколку ЈСП утврди дека има потреба од воведување на оваа линија, ќе достави барање до Секторот за сообраќај на Град Скопје, по што барањето ќе го разгледуваат надлежните служби во Градот. Конечната одлука за воведување нова автобуска линија ќе ја донесе Советот на Скопје. Но, во ЈСП велат дека до вчера не добиле вакво барање.

„Доколку го добиеме, студиозно ќе ја опсервираме потребата за нова автобуска линија за жителите од Визбегово и ќе ја утврдиме и нејзината економска исплатливост. Ќе утврдиме колкава е должината на линијата и колку патници би опслужувала. Доколку се покаже дека барањето е издржано, расположени сме да им излеземе во пресрет на граѓаните“, вели Иле Георгиевски, технички директор во ЈСП „Скопје“. (Сн.К.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2430A113CC77634F8B257B3734B2C267
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 06-Jul-2009 at 05:37
 

СТАРАТА МРЕЖА НА АВТОБУСКИ ЛИНИИ НЕ ГИ ЗАДОВОЛУВА ПОТРЕБИТЕ

Се бара автобус од Сарај до Клинички



Мрежата на автобуски линии е стара над 20 години и одамна не ги задоволува потребите на граѓаните, а најизразен е проблемот со непостоење автобуска врска што би ги поврзала населбите долж булеварот Партизански одреди со Клиничкиот центар. До клиниките има директни автобуски линии од Хиподром, Ново Лисиче и од Топанско Поле, а стотици илјади жители од западниот дел на градот мора да се снаоѓаат за да стасаат до најголемиот здравствен центар во земјава.

- Многу граѓани што живеат на потегот од Сарај до Карпош одат на работа во клиниките, многу ученици и студенти се на настава во Средното медицинско училиште и на Медицинскиот факултет, голем број болни таму одат на специјалистички и редовни прегледи, а исто така, стотици граѓани секојдневно одат во посета на роднини и на пријатели што се на болничко лекување во Клиничкиот центар. Затоа ни е неопходно воспоставување на оваа автобуска линија - потенцираат жители од овој дел на градот.

Тие, за да стасаат до клиниките или мора да одат пеш од „Партизанска“ или да користат такси. Револтирани се што градските власти со години не ја преиспитале можноста од воведување нови автобуски линии, кои ќе бидат приспособени на реалните потреби на граѓаните.

- Веќе подолго се обидуваме да ги поврземе институциите кои би требало да го решат нашиот проблем, а тоа се Општините, ЈСП и Секторот за сообраќај во Градот. Од Општините ни одговараат „ние не сме одговорни“, одете во Градот. Во ЈСП велат дека треба да поднесеме барање до Градот, а градските власти само нудат оправдувања за нерешавање на проблемот - се жалат граѓаните и прашуваат што уште треба да преземат за да го реализираат своето барање.Од Општината Сарај велат дека има потреба од воспоставување линија од Сарај до Клинички, но и на други.

- Има потреба за повеќе нови линии, а на граѓаните им е проблем и тоа што градските автобуси не возат ноќни смени. Затоа сме принудени ова да го решиме на локално ниво, со вклучување комбиња за патниците од околните села - вели Бекир Мухамети, шеф на кабинетот на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.И Општина Ѓорче Петров е заинтересирана за воспоставување линија до клиниките.

- На тој начин жителите нема да мора да менуваат неколку автобуси за да одат на преглед или на работа - вели Момо Николовски, портпарол во Ѓорче Петров.Портпаролката на Карпош, Виолета Цветковска, вели дека во Општината има пристигнати барања од граѓаните за оваа линија, но од Градот ги одбиле со образложение дека ќе има проблеми при вртењето на автобусите на последната станица кај училиштето „Кочо Рацин“.

- Имаме барања и за две нови линии од Злокуќани кон центарот и од Момин Поток кон центарот - вели Цветковска.И Ленин Јовановски, директор на Приватното претпријатие за јавен превоз „Слобода превоз“, вели дека има голема потреба од нови автобуски линии.

- Мрежата мора да се промени поради демографските и урбанистичките промени во градот. Но, очигледно е дека Градот не е заинтересиран за тоа, иако не се потребни ниту многу пари, ниту време - вели Јовановски. И покрај важноста на новата линија и големата потреба на многу граѓани, од Градот велат дека ќе почекаат да биде изработена сообраќајната, односно транспортната студија за Град Скопје. Во рамките на студијата ќе се направат анкети со жителите во поширокиот Скопски регион за нивната потреба од автобуски превоз до одредени дестинации.

- Студијата треба да биде изработена во рок од 15 месеци. Во неа ќе има и предлог за нова мрежа за јавниот градски превоз - велат во одделението за односи со јавност во ГрадотСпоред одговорните во Секторот за сообраќај во Градот, последната измена на мрежата на автобуските линии е извршена со донесување на ГУП во 2002 година, но генерално, мрежата е стара повеќе од 20 години.

Анела Петрова

 
 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 06-Jul-2009 at 06:04
Стварно неможам да разберам кога некој ќе рече мора да има директна врска од сарај или драчево до некоја специфична локација во градот ... мислам дека ако живееш по периферија многу поважно е да има фрекфентна врска со центарот. Стварно не е тешко да се смени еден автобус или 10-15 минути да пешачи човек (ова е сосема нормална работа по цел свет).
 
 
Не дека мрежата е совршена, се разбира дека некои линии треба да се поместат или нови да се воведат али треба да биде врз основа на демографски и урбанистички промени , а не зш на некој од незнам каде не му се менувало автобус Roll%20eyes .
 
 


Edited by vardar - 06-Jul-2009 at 06:08
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 11-Sep-2009 at 14:35
Допополнета градската линија број Сарај - Матка

Градот Скопје со цел подобрување на пристапноста на туристичкиот локалитет Матка за граѓаните го дополни постојниот возен ред на автобуската линија со број 60 на делницата Сарај – Матка, кој важи за неделите и за државните празници, соопштуваат од прес службата на градот.

Поаѓањето од Сарај за Матка е во следниве термини: 8; 12.30; 14.00; 15.10 и 18.40 часот.

Поаѓањето од Матка за Сарај е во следниве термини: 8.30; 13.30; 14.30; 15.30 и 19.10 часот.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=61499&kategorija=1

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 05-Oct-2009 at 15:08

ЈСП реши да вози од Ѓорче до Клинички

На барање на граѓаните градските власти одлучија да ја воведат линијата „22а“, која ќе сообраќа од населбата Даме Груев до клиниките на „Водњанска“

Жителите од Ѓорче Петров и од Карпош конечно добија автобуска линија која ќе ги поврзе со Клиничкиот центар. Градските власти одлучија да ја воведат линијата „22а“, која ќе сообраќа од населбата Даме Груев, попозната како Новоселски Пат, до клиниките на „Водњанска“. До клиниките е воведена и линијата „3б“, која ќе ги опслужува жителите во реонот на Кванташки пазар. За потребите на граѓаните од Карпош измени има и во возниот ред на линијата „59“, која сообраќа до гробиштата во Бутел. Овие линии ќе ги опслужува Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

До клиниките има директни автобуски линии од Хиподром, Ново Лисиче и од Топанско Поле, а стотици илјади жители од западниот дел на градот со години останаа без можност дотаму да стасаат директно со автобус. Тие со години писмено бараа од ЈСП и од градските власти да воведат линија која од булеварот Партизански одреди ќе вози до „Водњанска“. Молбите не им беа прифатени и покрај нивните аргументи дека линијата им е потребна на болните, на студенти, на учениците и на вработените. Едно од објаснувањата зошто не се воведува ваква линија беше дека кај училиштето „Кочо Рацин“ во близина на клиниките, каде што е последната станица на линиите „3“, „9“ и „50“, нема доволно место за вртење и стоење на возила за уште една линија. Поради тоа, жителите од западниот дел на Скопје беа принудени или да менуваат два автобуса, да платат такси или да одат пеш од „Партизански одреди“ до Клинички центар.

- Досега беше многу тешко патувањето од Ѓорче Петров до Клинички центар за задоволување на социјалните, едукативните и медицинските потреби на граѓаните - признаваат од Градот.

Оттаму велат дека воспоставувањето на новите линии и измените на постојните се резултат на следење на промената на демографскиот потенцијал во градот и на барањата на граѓаните.

Освен овие две линии, новина во јавниот превоз е и промената на трасата на линијата „59“, која оди до гробиштата во Бутел.

- Во утринските часови, кога поголем број патници имаат цел да стигнат до гробиштата во Бутел, линијата „59“ ќе се движи од Карпош 4, преку „Партизански одреди“, центарот, „Боца Иванова“ и „Гвадалахара“, се' до Кучевишка Бара и обратно. По 16.30 часот, кога патниците повеќе имаат потреба од централното подрачје, трасата ќе биде изменета и ќе се движи од Карпош 4, преку улицата кај пазарот во Бутел, до Кучевишка Бара - објаснуваат градските власти.

Во однос на приватната линија „23а“, која вози од Дом на печат до Кванташки пазар, допрва ќе се наоѓа соодветно решение. Таа долго не функционира, а од Градот информираат дека на барање на граѓаните се бара начин за нејзино реактивирање.

- Приватните превозници укажуваат дека не постојат сообраќајно-технички услови за одржување на линијата. Како предлог потенцираат дека може да ја променат трасата во кружна линија, што би довело до совпаѓање со многу линии на ЈСП, кои се движат по булеварот „Александар Македонски“. ЈСП може да ја опслужува Месната заедница кај Кванташки пазар, но со одвојување на одреден број возила од линијата „3“, кои би биле обележани со „3б“. На тој начин би добиле линија што се разгранува, со цел да се согледаат првичните ефекти од превозот на патници. По потреба или на барање на граѓаните може да се зголеми бројот на возилата - образложуваат градските власти.

Распоредот на линиите на ЈСП не беше променет 20 години.

Јорданка Ивановска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E24B96C96B5B8D44985C54DE43457EA0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 24-Oct-2009 at 14:08

ЈСП со нови линии

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од понеделник ќе воведе нови линии. Од Клинички центар до Кванташки пазар ќе сообраќа линијата „3Б“, а линијата „22А“ од Клинички центар кон населба Даме Груев. Линијата со број „59“, која сообраќа од Карпош 3 до Градските гробишта во Бутел, ќе го задржи постојниот возен ред на трасата се' до 18,30 часот. По овој термин наместо по улиците „Боца Иванова“ и „Гвадалахара“ автобусот ќе вози по „Александар Урдаревски“ преку пазарчето во Бутел 1.

Возниот ред на новите автобуски линии веќе е истакнат на веб-страницата на претпријатието www.jsp.com.mk. (Сн.К.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=51432E20BCCD3D44AAC394E4BE922D00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 08-Nov-2009 at 17:59
Малку статистика за некои од градските линии на ЈСП

Извор:
УРБАН ШИНСКИ СООБРАЌАЈ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ
м-р Гордан Стојиќ, дипл. сооб. инж.
http://www.ekosvest.com.mk/publikacii/urban_sinski.pdf

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 09-Jan-2010 at 06:36

Граѓаните окапаа чекајќи „4“ и „24“

ЈСП го прави возниот ред врз основа на бројот на патници и редовноста на поаѓање на возилата

Снежана Калабакова


Жителите од Кисела Вода и на Расадник мака мачат со јавниот градски превоз, бидејќи со центарот, од кој се оддалечени два-три километри, се поврзани единствено со автобусите со број „4“ и „24“. Со години не е променет возниот ред на ЈСП за овие линии кои сообраќаат од Кисела Вода до Тафталиџе и до Хром. Автобусот број „4“ сообраќа на секои 20 минути и тоа во шпицовите, а во подоцнежните часови дури на 40 минути, додека „24“ до Кисела Вода и Сопиште на 11 односно 17 минути. Секое доцнење значи чекање повеќе од половина час.

Граѓаните се жалат дека откако по измачувачкото чекање конечно ќе се качат во автобус, наидуваат на страшна турканица во која имаат впечаток дека некој им стои над глава. Патниците тврдат дека често се случува по речиси 50- минутно чекање да видат како одеднаш доаѓаат по две „24“. Оние што секојдневно чекаат автобус во центар на „Рекорд“ велат дека гледаат како додека упорно ја чекаат „24“, поминуваат најмалку по три „57“ или „ 50“ и по неколку „5“, „3“, „23“ и „22“.

Одговорните од ЈСП тврдат дека возниот ред го прават врз основа на испитувања, како што е бројот на патници и редовноста на поаѓање на возилата, што е многу важен фактор, бидејќи неостварено поаѓање повлекува доцнење на автобусите. Од претпријатието признаваат дека имаат поплаки што се однесуваат на редовноста на автобусите и на односот на возачите.

„Не дај боже некој од оние што чекаат автобус да ви каже дека тукушто поминала ’24‘. Тогаш веднаш подгответе се за најмалку 40-минутно дружење со другите граѓани што стојат на автобуската станица. Да не зборуваме за односот на возачите, кој е претерано груб, а ако реагирате зошто толку сте чекале, ве очекува силно развикување. Јас неколку пати сум се јавувала во ЈСП со цел да реагирам за ваквите проблеми, но оттаму некоја од секретарките ќе ми одговори ’Бадијала ќе ги пријавите, ние ги казнуваме и пак се непоправливи‘. Што да очекувам по ова‘, вели Наташа Николова, жителка на Кисела Вода.

Таа прашува зошто нема приватна конкуренција на линијата број „24“?

Смета дека така најдобро ќе се решат маките на граѓаните, кои иако живеат речиси во центарот на Скопје, се малтретираат како да се од најпоследното и најзафрлено село во државава.

„Жителка сум на Кисела Вода веќе неколку години. Бидејќи немам автомобил, принудена сум да го користам јавниот градски превоз. И можам слободно да кажам дека е вистинска катастрофа, а ние како граѓани на Скопје воопшто не го заслужуваме ова што ни го приредува ЈСП. Единствениот автобус што оди во мојата населба Расадник е фамозната ’24‘. Кога си одам од работа, некаде во 5 или 5,15 часот попладне, секој ден доживувам вистинска голгота чекајќи го овој автобус. Ако го дочекате за 20 минути, сте имале среќа, но тоа се ретки моменти, бидејќи најчесто го чекате од половина час до 40 или дури 50 минути“, објаснува Ангелина Трајчевска, исто така, жителка на Кисела Вода.

Аце Стојановски, технички директор во ЈСП, вели дека на секои четири до пет месеци претпријатието врши ново испитување на линиите и според тоа го прави возниот ред. Новиот систем за автоматска локација на возилата ќе реши многу од досегашните проблеми.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FD87DA814DF9F04F85ADFA6B42917F66

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 15-Jan-2010 at 13:39

Приватните автобусчии возат како што им е ќеф

Иако овие превозници, за да добијат лиценца за работа од Градот, треба да обезбедат редовен превоз за граѓаните, тие не се редовни ниту во работните денови, но ситуацијата е најалармантна во неработните денови, кога приватен автобус се чека и по два-три часа

Приватните автобуси за време на викендите и на празници никаде ги нема. За да стасаат до саканата дестинација, граѓаните чекаат и по еден -два часа, а има денови кога автобус не доаѓа и по два-три саати.
Иако приватните превозници, за да добијат лиценца за работа од Градот, треба да обезбедат редовен превоз за граѓаните, тие не се придржуваат на возниот ред. Скопјани се жалат дека приватните автобуси не се редовни ниту во работните денови, но ситуацијата е најалармантна во неработните денови.
"Најчесто се возам со 9-ка и 19-ка. За време на викендите и на празниците, приватните автобуси како да не возат. Со саати дремам на автобиските постојки. Имам извадено месечна карта за приватните автобуси, ама морам дополнително да плаќам за автобусите на ЈСП 'Скопје' оти немам друг начин да стигнам на работа", вели 36-годишен скопјанец од населбата Чаир.
Од Град Скопје велат дека доколку добијат писмана поплака од граѓани, нивните инспектори ќе излезат на терен да проверат дали приватните превозници се придржуваат кон возниот ред одреден од Градот. Без забелешка, инспекторите не излегуваат да извршат проверка.
"Логично е тој што ја издава лиценцата и да проверува дали тоа што е пропишано со нејзиното добивање и се почитува. Ако ништо друго, можат барем еднаш на два месеца да ги исконтролираат дали возат по возен ред или си возат по своја процена, кога сакаат", револтирано коментираат граѓаните.
Во Градот објаснуваат дека во работни денови или на празници и за приватните автобусчии важи одреден возен ред.
"Приватните автобуси треба да се придржуваат кон возниот ред утврден од 2001 години, и тој, во секој случај, предвидува чести линии и за време на викендите и за празниците. Не смеат приватните превозници самите да си одредуваат колку ќе работат и кога. Иако во неработните денови нема многу патници, тие, сепак, се од јавен интерес за граѓаните, и треба да сообраќаат според утврдениот возен ред", велат од Град Скопје.
Од приватните автопревозни претпријатија велат дека автобусите во неработните денови ги има на 15 минути.
"Можно е некој од сопствениците на автобусите да не излегол самоиницијативно за време на празник, па затоа автобусите да се толку ретки. Ние ќе ги засилиме нашите контроли, да провериме дали се почитува предвидениот возен ред", вели Милорад Димитриевски, директор на "Макекспрес".

http://vest.com.mk/?ItemID=E92F50E6EE703546A5A88B61EF4CF349
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 27-Jan-2010 at 02:29

„Четворката“ е многу ретка, но со чести дефекти

Само во последните два месеца „4“ четири пати ги остави граѓаните на половина пат

Снежана Калабакова


Нема крај на проблемите на скопјани со градските автобуси, а особено кога наутро ќе се расипат и ќе ги остават на полпат. Нервози, доцнење на работа, на часови, пропуштен закажан лекарски преглед или не дај боже закажан термин во МВР за вадење лична карта или пасош. Ваквите дефекти многу често се случуваат на автобусите на ЈСП на линијата број „4“, кои сообраќаат од 11 Октомври до Хром. Само во последните два месеца „четворката“ четири пати ги остави граѓаните на половина пат.

Последен пат, пред неколку дена, тоа се случи на „Партизанска“ спроти „Симпо“. На автобусот му изгоре ламелата, па откако почна да мириса на изгорено, возачот ги замоли патниците да се симнат. Тие, оставени на раскрсницата на „Партизански одреди“ со „Рузвелтова“, револтирани побараа од возачот да го запре првиот автобус на ЈСП што наиде за да може да се качат и со него да дојдат барем до центар. Бидејќи немаше никаков резон да се чека следната „4“, оти таа сообраќа на 20 минути до половина час, граѓаните беа решени со друг автобус да дојдат до центар, а оттаму, оние што требаше да продолжат до Кисела Вода, ќе чекаа друг автобус, или евентуално ќе продолжеа пеш.

Од ЈСП признаваат дека им се случува и вакво нешто, бидејќи возниот парк е многу стар. Само 80 автобуси се стари по 12 години, додека сите други се возат повеќе од две децении. Одговорните се надеваат дека проблемот со старите возила наскоро ќе се реши. Но, освен дотраените автобуси, очигледно има проблем и со возниот ред, кој воопшто не се менува, иако има постојани реакции од граѓаните.

Така, возниот ред на градската линија број „4“, кој на времето бил „кроен“ според работното време на фабриките, не е променет со години. Автобусите сообраќаат на секои 20 минути и со секое доцнење, особено кога врне дожд или снег, на патниците кои чекаат по постојките им се трошат по четириесетина минути. Граѓаните се револтирани, бидејќи, како што велат денес, динамиката на животот е сосем поразлична од времето кога е правен распоредот на возење, поради што бараат промена на возниот ред, како и воведување конкуренција со приватни превозници. Истовремено, инсистираат и на вакви градски линии да не се пуштаат толку стари возила кои брзо се расипуваат.

„Секојдневно морам да патувам од Влае до 11 Октомври и многу често се случува ’четворката‘ да ме остави на полпат. Што можам да направам освен да користам два автобуса и на работа да доаѓам со задоцнување. Не можам постојано да се оправдувам поради неодговорното однесување на ЈСП. А, не можам да си дозволам постојано да користам такси. Се прашувам, мислат ли тие во ЈСП да преземат нешто, бидејќи сигурна сум дека проблем нема само со ’четворка‘, туку и со другите линии“, вели Билјана Илиевска.

Мишко Николов, генерален директор на ЈСП „Скопје“, признава дека возниот парк на претпријатието е во лоша состојба. Тој вели дека постојано се казнуваат и механичарите што ги потпишале налозите за исправност на возилото, а се покажало дека тоа не е така.

„Возниот парк навистина е во лоша состојба, иако резервните делови не се проблем. Секако, треба да се преиспита и возниот ред, бидејќи луѓето веќе не работат од 7 до 15 часот. Даден е налог за негова ревизија и тоа на сите линии. Проблемот со старите возила се надевам ќе заврши до крајов на годинава, кога треба да пристигнат новите 84 автобуси. Откако ќе го потпишеме договорот со министерот за транспорт и украинската фирма, од април би требало да пристигнат првите 12 возила“, објасни Николов.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F224A0A93BA5244DB419CE192056BC6C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 09-Feb-2010 at 05:50

Нов возен ред на „4“, „8“ и „59“

Јавното сообраќајно претпријатие направи измени на возните редови на броевите „4“, „8“ и „59“ со кои автобусите на овие линии од вчера по 16 часот сообраќаат многу почесто. Од претпријатието велат измените се направени по барање на граѓаните и најавуваат дека деновиве ќе направат измени и на други линии.

„Четворката“ сега во терминот од 16 до 17 часот сообраќа на 20 наместо на 40 минути. И во возниот ред на линијата број „8“ има измени во истиот термин. Ако претходно во периодот од 16 до 17 часот немало автобус, сега од Влае „осумка“ ќе тргнува во 16,30 часот. Во периодот помеѓу 19 и 20 часот, односно точно во 19, 40 и во 19,55 часот по еден автобус ќе тргнува и од Љуботенски Пат кон Влае. Од оваа населба кон Љуботенски Пат линијата со број „8“ ќе сообраќа и во 20,20 часот, а во спротивен правец во 21 и 21,40 часот. Во 22,20 часот ќе сообраќаат последните автобуси од двете населби. Измени се направени и во термините на линијата „59“, која сега ќе ја има многу почесто. Првиот автобус ќе тргнува во 7,50 часот, а последниот во 22,40 часот.

Сите измени и точните термини на поаѓање на овие линии веќе се внесени во возниот ред истакнат на веб-страницата на претпријатието www.jsp.com.mk.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7304BF441638504D891F082047F85160
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 18-Feb-2010 at 01:48

Анализи за подобар возен ред на ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие преку месечни анализи за процентот на остварување на возниот ред ќе ја подобрува редовноста на автобусите и ќе презема активности за приближно остварување на планираното. Анализата за јануари покажала дека 1.131 таканаречен полуобрт од почетната до крајната дестинација на одредени линии биле изгубени, односно толку автобуси не поминале на постојките да соберат патници. Во еден правец претпријатието имало испланирано 83.187 вакви полуобрти, а остварило 82.046, што значи дека не биле остварени 1,36 проценти од планираното.

Директорот на ЈСП, Мишко Николов, смета дека ова е успех за претпријатието што располага со многу стар возен ред, но дека ќе се прават напори да не се дозволува патниците да остануваат на постојките. Според него, загубите кај нас се значително помали отколку во Белград, чие претпријатие губи три отсто од планираното сообраќање на автобусите во еден правец од почетната до крајната дестинација. (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6BC2D38AD470CA40838932BC81E98EA9
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 22-Feb-2010 at 05:23
Нова веб-страница на ЈСП
ЈСП „Скопје“ наскоро ќе има нова веб-страница на која корисниците ќе може да се пожалат на работењето на претпријатието. Според директорот Мишо Николов, со новите и корисни содржини сакаат да бидат што поблиску до своите корисници.

- На новата веб-страница првпат ќе ги има и нашите финансиски извештаи, но исто така граѓаните ќе имаат можност да ги пријават проблемите со кои се соочуваат, на што ние ќе одговориме. Досега најчесто се жалеле на лошото однесување на возачите кон нив и на тоа што честопати автобусите застанувале на несоодветни места, пооддалечени од автобуските станици - вели Николов.

Тој додаде дека подоцна на страницата www.jsp.com.mk ќе биде истакнат и планер на патување, кој ќе биде наменет пред се' за тие што доаѓаат од другите градови, а користат јавен градски превоз.

Николов се пофали дека веб-страницата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ го држи 48-то место на листата со читаност во Македонија, а најчитан е возниот ред.

- Интернет-страницата на ЈСП е почитана и од страницата на Градот Скопје, која е 190 по ред, па и од онаа на Владата, која е 90 на листата, како и од страницата на МВР - нагласи Николов.

Од планирани 83.177 претпријатието во јануари остварило 82.046 полуобрти, односно возења по возни редови само во еден правец. Тоа значи дека се остварени 58,6 отсто од планираниот возен ред. Ова го покажала анализата на реализацијата на возниот ред, која првпат се спроведува.

Во јануари 1.131 автобус не поминале по автобуските постојки за да соберат патници од најразлични причини - бидејќи се расипал или имало метеж.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=DD32D3BAB980714A9AE8544E589FEF31&arc=1

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-Mar-2010 at 20:43
Автобусот со број „7“ заминува во историјата
 
Наместо „седмица“ ќе возат две линии „7а“ и „7б“, но, не од населба Лисиче до Карпош 3, туку само од Дом на печат до село Лисиче и до Вардариште  
 
%20  
Линијата број „7“, што цели 42 години ги поврзуваше населбите Лисиче и Карпош 3, наскоро ќе „замине“ во пензија. Според директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП), Мишо Николов, на овој чекор се решиле за да им излезат во пресрет на жителите од село Лисиче. Наместо линијата „7“, во иднина од село Лисиче до Дом на печат ќе вози „7а“, а од Вардариште до Дом на печат „7б“. За одговорните од ЈСП е поисплатливо и автобусите со број „15“ да возат на секои 10 минути, со што ќе се компензира укинувањето на „седмицата“.

- Селото и населбата Лисиче со центарот на градот, како и со населбите Карпош, сега се поврзани со три линии „7“, „7а“ и „7б“. „Седмицата“ сообраќа на секои 20 минути, „7а“ од село Лисиче до Дом на печат вози на час и 20 минути, а „7б“ од Вардариште до Дом на печат на секои 50 минути. Со цел жителите од село Лисиче да не чекаат автобус час и половина, се планира укинување на линијата „7“, а продолжување на „7а“ од населбата до селото Лисиче. Во план е на линијата „7б“, повеќе да не возат автобуси, туку минибуси. Со тоа бројот на автобуси на линијата „7а“ ќе се зголеми и тие ќе возат почесто - вели Николов.

Тој објасни и дека автобусите од „7“ ќе се ќе се преориентираа на други релации.

- Бидејќи со укинувањето на „7“, жителите на населбите Карпош ќе останат само со една автобуска линија до центарот и до Лисиче, се планира линијата „15“, да е пофреквентна. Сега „15“ на релација Ново Лисиче-Карпош 4 сообраќа на 15 до 20 минути, а во иднина треба да вози на секои пет до 10 минути - појаснува Николов.

Тој додаде и дека до село Визбегово освен линијата број „18“, сега вози и „9а“, а превозот е организиран со комбиња и минибуси. Исто така, продолжена е трасата на линијата „21“, која наместо до Бардовци сега вози до Хавзи пашините конаци.

Николов најави и дека откако ќе стасаат новите укранински автобуси во јуни, ќе ги заменат 20 и повеќе години старите „Раба“ возила.



До Трнодол и Жданец со минибуси

Жителите на Трнодол и Жданец наскоро до своите населби ќе се возат со минибуси, вели директорот на ЈСП, Мишо Николов.

- Идејата овие населби да добијат јавни минибус линии е навистина добра и за кратко време ќе се реализира. Овие жители до најблиската автобуска станица треба да пешачат дури еден километар. Како што е познато населбите се високо на рид, па качувањето и симнувањето пеш не е пријатно ни за помладите, а камоли за постарите жители. До крајот на месецов Министерството за транспорт и врски треба да распише тендер за набавка на 16 нови минибуси, наменети за сообраќање до Трнодол и Жданец, како и до Вардариште, Визбегово и другите подалечни населби - вели Николов.




Десет нови панели

До 20 март ќе бидат пуштени во функција уште девет панели кои ќе покажуваат за колку време треба да пристигне автобусот на постојката. Директорот Мишо Николов вели дека сега работи само еден и тоа во населбата Ѓорче Петров.

- Панелите, кои чинат 4.000 евра, ќе бидат поставени на повеќе локации, на „Рекорд“, во населбата Карпош 3, Буњаковец, Комплекс банки, во населбата Јане Сандански и на Бит-пазар. На другите места панели ќе поставуваат фирмите кои ќе го добијат рекламниот простор на новите унифицирани автобуски постојки - вели Николов
.
 
   
Автор: Бојана Стојчевска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=38101045459&id=14&prilog=0&setIzdanie=21928


Edited by Cloverstack - 08-Mar-2010 at 20:43
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 08-Mar-2010 at 21:09
До крајот на месецов Министерството за транспорт и врски треба да распише тендер за набавка на 16 нови минибуси, наменети за сообраќање до Трнодол и Жданец, како и до Вардариште, Визбегово и другите подалечни населби - вели Николов.


Ете ми конечно одговор

До 20 март ќе бидат пуштени во функција уште девет панели кои ќе покажуваат за колку време треба да пристигне автобусот на постојката.


А другите што ги поставија демек работат, па овие се плус? Или на тие старите се мисли?


Edited by гитардемон - 08-Mar-2010 at 21:18
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 14-Mar-2010 at 14:47
Мислам дека укинувањето на линијата број 7 е потег без размислување од ЈСП, затоа што многу работници од Карпош ќе ги остави без превоз до своето работно место. Има голем број на индустриски погони и претпријатија во близина на депото Лисиче и е глупаво да бидат поврзани со единствена линија што поаѓа од центарот на градот.

Солуција, паралелно да возат 7, 7а и 7б.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.