build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11470
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 03-Dec-2010 at 05:36
СО ОДЛУКА НА ГРАДОТ
Пуштен автобус 57 А

Нова автобуска линија 57А ќе се воведе на релација од Радишани до зградата на поранешниот Дом на печат и во обратната насока. Одлуката се усвои на последната седница на Советот на Град Скопје, а, според образложението, линијата се воведува на барање на група граѓани, кои живеат на подрачјето на новоизградената улица 18, во населбата Радишани. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека постојната линија 57 ја минува релацијата од црквата во Радишани до населбата Козле.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2183&ArticleID=152636


Edited by Cloverstack - 03-Dec-2010 at 05:37
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2203
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 15-Dec-2010 at 11:38
Јас имам еден предлог, наместо да ги збунуваат граѓаните и да воведуваат 57а, 2а, 7б... мислам дека би било подобро да се воведат целосно нови линии, на пример наместо автобусот 2а од Сарај до Железара, истата линија да се пренумерира во 1, линијата 7б да се пренумерира во 6-ка и слично.

Многу лица што патуваат со автобус ја гледаат само бројката, а не е сеедно дали ќе се симнете кај Дом на печат или во Козле или на пример, во Железара или во Автокоманда.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 15-Dec-2010 at 14:29
Во право си за ова Бојан свакати част =) тотално те подржувам.
и ја сум имал збунки на времето кога идев во школо хехе
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4238
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 15-Dec-2010 at 15:41
И јас се согласувам. Неколку пати ми се има случено ова. Од сабајле за на школо божем порано да одам да се напијам кафе. И дојдов со 5 на Рекорд. Идеше една 7б, а мене ми се виде како 7, па сум брзал од Дом на Печат до Соборна. И ништо од кафето.

После во 3б се имам зезнато, јас дека живеам во аеродром близу мзт салата, често пати наместо да се симнам од 3 кај бисер, продолжувам до пред зграда. Ама ова 3б врти десно на раскрсницата кај мостот близнак, па еднаш се враќав од негде после самолонот на Мак ауто стар до дома. За глупости.

Ако ништо друго нека ги направат позабележителни.


Edited by FoSsiL - 15-Dec-2010 at 15:42
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11470
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 15-Dec-2010 at 15:56
И јас се согласувам со Бојан, таков систем повеќе ми фаќа око. Но сепак не губете од вид дека ако конечно се воведат електронски дисплеи со стандардизирана содржина, ќе бидат многу повидливи и почитливи од разноразните шперплочи и картони на кои досега ги читаме броевите на автобусот.

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2203
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 15-Dec-2010 at 19:37
Убави искуства, мене еднаш ми се има случено ваква случка со линијата 2а, за среќа немав многу за пешачење низ Автокоманда.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 581
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 16-Dec-2010 at 22:19
Одличен предлог, мислам дека може и официјално писмо да испратат некои од администраторите на форумот. Може да се пушти тоа писмо и да се каже дека ние како форум кој го следи вклучително и градскиот превоз, сме дале таков предлог. Само проблем би било учењето на „новите бројки“ односно новите линии
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11470
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 10-Jan-2011 at 15:59

Нова линија до Злокуќани

По барање на вработените од приватната болница „Систина“, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ планира да пушти нова автобуска линија. Најверојатно, таа ќе биде со број 21а и ќе сообраќа од Транспортен центар до Злокуќани. Попатно линијата ќе поминува низ централното градско подрачје и потоа ќе поминува покрај „Систина“, па ќе продолжи до Злокуќани. Предлогот за пуштање на оваа нова автобуска линија се' уште не е поминат пред Советот на Градот и најверојатно пред советниците ќе се најде уште на првата наредна седница, вели Мишо Николов, директорот на ЈСП. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=12D43937C029CB48A8DA6EB70DB9ED54
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 10-Jan-2011 at 16:28


Имаше ли до сега било каков јавен превоз до Злокуќани? Таму живеат не така малку луѓе...
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 84
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 11-Jan-2011 at 02:08
Мислам автобус број 21 оди до таму, ама преку Влае. А не сум сигурен ама мислам порано имаше и линија број 18 која имаше последна станица баш некаде кај систина.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2203
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 11-Jan-2011 at 15:56
До Злокуќани сообраќа автобусот 21, ама преку Влае, а не преку Систина. Во близина на Систина сообраќа автобусот 18 кој оди до Визбегово. Всушност, ќе биде голема грешка ако го пуштат 21а кон Злокуќани, а не кон новата индустриска зона позади Зајчев рид бидејќи ниеден автобус не сообраќа натаму, а има голем број на граѓани што таму работат.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3560
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 04-Feb-2011 at 19:46
Од понеделник нова автобуска линија 21-А во Скопје

петок, 04 февруари 2011
 
ЈСП-Скопје од понеделник воведува нова автобуска линија со број 21-А, што ќе оди од Транспортниот центар до селото Злокуќани и обратно
 

 
 
Како што соопшти Град Скопје, автобусите на ЈСП-Скопје ќе сообраќаат по трасата - од булеварот „Кузман Јосифовски - Питу“, булеварот „Кочо Рацин“, улиците „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“,„Даме Груев“, булеварот „Партизански одреди“, булеварот „8-ми Септември“ и улицата „Скупи“. Во обратна насока, возилата ќе се движат по истата траса.

Граѓаните возниот ред можат да го погледнат на веб-страницата на ЈСП-Скопје www.jsp.com.mk.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=62703
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2203
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 05-Feb-2011 at 00:24
Би било убаво ЈСП да својата страница да објави каков е исходот од воведувањето на новите линии: 4а, 18а, 22а и др., мене ми се чини дека поголем дел од овие линии се нискорентабилни, барем според бројот на патници што се вози во нив, со исклучок на линијата 2а. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 15-Mar-2011 at 16:48
 

Новата автобуска линија 15 А од утре ќе почне да сообраќа на релацијата Ново Лисиче - Карпош 4, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.

jsp-240
Новата автобуска линија ќе сообраќа по булеварите „Јане Сандански“, „Кочо Рацин“, улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, улицата  „Манапо“ во населбата Карпош 3, по булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Љубљанска“.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/22474-JSP-so-nova-linija-na-relacija-Novo-Lisice-%E2%80%93-Karpos-4


Edited by lslcrew - 15-Mar-2011 at 16:48
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4238
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 15-Mar-2011 at 16:51
Најс. Се надевам дека со неа ќе се зголеми бројот на автобуси кои сообраќаат натаму. Дали била 15, или 15а, мене не ми прави проблем. Само нека ги има почесто. Се надевам дека поради новава линија 15ката нема да изгуби од возниот парк.

Дали била Партизанска или Илинденска, Карев и така се наоѓа во измеѓу.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4238
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 15-Mar-2011 at 16:55
Од ЈСП:

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите корисници дека од (вторник) 15.03.2011 год. дел од автобусите од редовната линија 15 ќе возат со ознака 15А по бул. Илинден.
Трасата на движење е следнава: од почетна станица во Ново Лисиче до плоштад Рекорд автобусите ќе сообраќаат како и линија бр. 15, потоа продолжуваат десно по ул. Даме Груев и бул. ВМРО(Пошта 1), лево по бул. Илинден, ул.Манапо (Карпош 3), бул. Партизански Одреди и ул. Љубљанска (терминал на лин. 15 и 19 во Карпош 4).
Во обратна насока ќе се движат по ул. Љубљанска, бул. Илинден, бул. ВМРО, ул Даме Груев, ул. Димитрие Чуповски, а од Плоштад Рекорд продолжува коко и линија бр.15 до Ново Лисиче.


Толку од надежда дека ќе има повеќе автобуси.

Туку можеби најдобро би било веќе кога пуштаат нова линија, освен новина дека ќе вози по Илинденска, нека направат да вози и по Авној па после кај Мајчин дом да се приклучува на Јане Сандански.

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 609
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 15-Mar-2011 at 18:58
Ова по би изгледало како редуцирање на линијата
Back to Top
Sykes View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Sykes Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 15-Mar-2011 at 19:18
Броевите на линиите мора веќе еднаш да се средат. Еден “мал“ пример со линијата 65:

65 обична, обраќа на 2-3 часа, релација Т.Центар-Раштак.
65в, Стајковци, на околку 10 минути.
65в, Инџиково. Нема врска со Стајковци. Оваа линија е отприлика на час и половина.
65в, Црешево, поминува низ Стајковци, и обично се разликува по тоа што носи напред едно картонче на кое со пенкало пишува ЦРЕШЕВО. Обично врти на секој час.
65А, Страчинци. 4 пати дневно.
65Б, Смиљковци/Виниче.

А автобусиве едноставно ни изобилуваат со информации...
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 16-Mar-2011 at 13:04
непотребна глупост е ова со 15а... наместо да го зголемат бројот на возила за време на шпицови они пуштаат нова линија. исто мора да престанат да ставаат букви на броевите. што им фали нов број да воведат? или олд скул таблите се преголем трошок Roll%20eyes
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 16-Mar-2011 at 16:58

Шапуриќ - Скопје е единствена метропола во Европа без јавен превоз до аеродром

Скопје, 16. март 2011 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива

Воведувањето на автобуски превоз до „Александар Велики“ би им го олеснило превозот на граѓаните до аеродромот, смета  Зоран Шапуриќ, координатор на советничката група на ЛДП во Советот на град Скопје.

Шапуриќ вели дека Скопје е единствената метропола во Европа која нема јавен превоз до аеродромот.

- Градоначалникот и претставниците на ЈСП посочија дека е потребно да се разгледаат повеќе варијанти за реализирање на автобускиот превоз, да се добијат дозволи од Министерството за транспорт и врски и да се испита дали постои интерес кај операторот на аеродромот „Александар Велики“, турската компанија ТАВ, за воведување на автобуска линија. Досега е јасно дека ТАВ не е заинтересиран за овој предлог, поради што автобуската линија би можела да завршува пред паркингот на аеродромот, што е на само педесетина метри од зградата на аеродромот“, вели Шапуриќ.

Според него, превозот до аеродромот би можел да се организира комбинирано со автобуска линија преку автопатот или со приградска линија, или пак, во двете варијанти. Превозот до аеродромот, вели Шапуриќ, не би му носела загуби на ЈСП, туку напротив би била рентабилана особено ако се има предвид постојаното зголемување на бројот на патниците на аеродромот „Александар Велики“.
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=2066CFDF267B434B8897DCDCC3A5143D
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.