build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 20-Sep-2012 at 19:04
Originally posted by FoSsiL

Што се случува во Аеродром....

Дали поради реконструкцијата на Јане Сандански, ама од друга страна пак... не е затворен... 23 си вози таму... и коли си возат....

Ама сите линии на ЈСП што поминуваат од таму: 3, 3а, 3б, 5, 15, 15а, 35..... се пренасочени по Булевар АСНОМ (АВНОЈ) и Васко Карангелски, и се приклучуваат на Јане Сандански кај Мајчин дом....

Ова е вака веќе 2 дена...

ПС: Мене ова ми е таман погодено и баш ми одговара... ама ми нема некоја логика...


 

Уживај ако ти е таман, не се жали, батали ја логиката, јас не гледам логика во тоа Скопје да ги има речиси 1 милион жители, ама сепак ги има.

 
На мене таман би ми било 2, 16, 50, 45 и 65 да не поминуваат низ Бит Пазар и ич не би се жалел.
 
И 57 да не поминува покрај АВРМ и низ Бит Пазар, ееех, милина. Big%20smile


Edited by Dexter26 - 20-Sep-2012 at 20:25
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 10-Apr-2013 at 15:32

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈСП-Скопје, Мишо Николов, во четврток ја промовираа новата автобуска линија 5 А.
Станува збор за автобуска линија која ќе сообраќа на релација од населбата Дексион во Општина Ѓорче Петров до Клиничкиот Центар.
„Новата автобуска линија 5 А се воведува на директно барање на жителите на Дексион и Ѓорче Петров, кои побараа уште една автобуска линија која ќе ја поврзе оваа општина со Клиничкиот центар. Сакам да и се заблагодарам на Владата на Република Македонија на помошта за обновување на возниот парк на ЈСП-Скопје, без којашто немаше да бидеме во можност да ги воведеме овие нови линии", кажа Трајановски.
Претходно, пред околу две години, ЈСП-Скопје ја воведе и новата автобуска линија 22 А која овој дел на градот, исто така, го поврзува со Клиничкиот центар.


http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1003588844/jsp-vovede-nova-avtobuska-linija-5a



Директорот на ЈСП Скопје, Мишо Николов, утре попладне на последна 5-ка во Дексион ќе ја пушти во употреба автобуската линија 5А која ќе сообраќа од Дексион до Клинички Центар.

Истата ќе сообраќа по следната траса: нас. Дексион(5), ул. Ѓорче Петров, ул. Адолф Циборовски, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ул. Кирил и Методиј, бул. Водњанска до Клинички Центар.


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=92E04CD83015F44890C695C7F7276890

На сајтот на ЈСП ни трага ни глас за возниот ред на оваа линија.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 10-Apr-2013 at 15:37
Линијава вози веќе неколку дена ,сајтот на ЈСП не е надополнет но во вестите го има ова
        Ве известуваме дека од 03.04.2013 год. пробно започнува да сообраќа нова линија 5А на релација Дексион – Клинички Центар. Линијата ќе сообраќа по следнава траса: нас. Дексион(5), ул. Ѓорче Петров, ул. Адолф Циборовски, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ул. Кирил и Методиј, бул. Водњанска до Клинички Центар. Во обратна насока се движи по истата траса. Возниот ред е следниов:
Од Дексион во: 6,40; 8,00; 13,30; 14,50;
Од Клинички Центар: 7,20; 14,10; 15,30; 20,05.“
http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=173
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 04-Sep-2013 at 19:19
Ќе ми објасни ли некој зошто ретардираниве од ЈСП на ноќните линии ги пуштат старите канти?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 04-Sep-2013 at 19:46
Originally posted by phenomenon

Ќе ми објасни ли некој зошто ретардираниве од ЈСП на ноќните линии ги пуштат старите канти?


Моја теорија е поради зачестениот вандализам врз автобусите кои сообраќаат на ноќните линии, направени најчесто од младите.

А можеби и ги штедат (ги чуваат?) новите автобуси.
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 04-Sep-2013 at 20:17

Помислив и јас на вандализмот. Но тоа не е оправдување. Автобусите се осигурани и тој ризик ќе мора да се прифати. Плус, која улога имаат камерите во автобусите? Шминкерска?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 04-Sep-2013 at 22:41
Originally posted by Џоле

Originally posted by phenomenon

Ќе ми објасни ли некој зошто ретардираниве од ЈСП на ноќните линии ги пуштат старите канти?


Моја теорија е поради зачестениот вандализам врз автобусите кои сообраќаат на ноќните линии, направени најчесто од младите.

А можеби и ги штедат (ги чуваат?) новите автобуси.
јас па мислам затоа што ЈСП се неверојатно неодговорна фирма која не знае кој автобус за што служи и за што е најдобар... кога пуштаат двокатни автобуси да се забиваат во мостови и настрешници, а на приградски линии праќаат двокатни и ЛАЗ-ови, што може друго да очекуваш? Crazy
мислам дека и пет годишно дете знае дека на ноќни линии треба да ги пуштаат минибусите, кои ем трошат помалце, ем таман им е капацитетот... за вандализам секогаш има решение, не е решението само све да биде веќе крш
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 07-Sep-2013 at 10:17
Ја имав честа да патувам десетина дена континуирано со ноќните линии, поточно со 2-ка до Сарај, и не забележав дека автобусите некој ги оштетува. Истите се полни со патници и исто така не гледам потреба да сообраќаат минибуси бидејќи тогаш не би имало можност да влезат сите патници. Единствено што ми пречи е повисоката цена на картата, не ми смета да платам, но кога имам карта со 10 возења или веќе купено билет да купувам нов...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 07-Sep-2013 at 10:56
Македонска економска зависност:" Колку поискршен автобус, толку поскап билет".
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Endry01 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Sep-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Endry01 Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 18-Sep-2013 at 20:33
Здраво нас сите, јас сум нов на форумот, но и во Скопје, па ќе ве молам да ми помогнете околу автобусите. Дали може да ми кажете кој автобус осве 2ка и 2а оди од Технички факултет, бул. Партизански одреди до земјоделски факултет? Дали има приватни некои?

(се извинувам доколу постот не е во соодветна тема постиран)
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 18-Sep-2013 at 23:22
Оди и 26-ка, но многу е ретка. Од приватните превозници баш на таа релација нема линија, но имаш линија 12 која оди Шишево - Скопски Саем, т.е. последната станица е кај железничкиот надвозник кај што беше порано Пролетер, па ако не ти е проблем малку да поодиш, ова совршено би ти одговарало.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 17-Oct-2013 at 20:35

17.10.2013, 12:42
Скопје добитник на меѓународната награда „Градски трофеј 2013“



ОНЛАЈН ВЕСТИ
    
17.10.2013, 12:42
Скопје добитник на меѓународната награда „Градски трофеј 2013“



Наградата, која секоја втора година ја доделува Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ) се доделува за јавен транспорт и групен туризам

Град Скопје ја доби престижната награда „Градски трофеј 2013“ за јавен превоз и за групен туризам. Признанието денеска во Кортрејк, Белигија го прими градоначалникот Коце Трајановски. Наградата, која секоја втора година ја доделува Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ) им оддава признание на локалните власти кои имплементираат проактивни политики за одржлив транспорт, мобилност и ефикасен јавен превоз.

Во конкуренција со Малме, Ковентри, Ливерпул и Виена, Скопје ја доби наградата за севкупната политика за одржливи мерки за мобилност на граѓаните и посетителите, современа сообраќајна инфраструктура и промовирање како атрактивна туристичка дестинација.

„Интернационалното жири за ’Градски трофеј‘ ги препозна напорите на Град Скопје за организирање квалитетен јавен превоз и за комплетна замена на возниот парк на ЈСП ’Скопје‘. Градот во последниве неколку години интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура и на јавниот превоз, на збогатување на туристичката понуда, на промоција на организирани туристички посети со водичи, како и на приближување на сите туристички дестинации во Скопје и во неговата околина до посетителите“, рече Трајановски.

Ив Манерт, потпретседател на ИРУ и член на жирито потенцираше дека интернационалната жири комисија била импресионирана од сеопфатноста на досието доставено од Скопје и смета дека иако се' уште има простор за подобрување, Скопје е пример на којшто треба да се угледаат европските метрополи.

Меѓу досегашните добитници на оваа престижна награда се градовите Дрезден (Германија), Честер (Велика Британија), Стокхолм (Шведска) и Саутпорт (Велика Британија). (С.Р.)


http://www.utrinski.mk/?ItemID=247C13054A94A8478F9CA1EF07E749EF
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 17-Oct-2013 at 21:08

сериозно, во 21 век, градски превоз кој се состои само од автобуски линии, кои имаат 100 години зедно со нивните системи, начини на наплата и организација и одговорност, добил некаква награда??? или некој пуши некои чудни супстанци, или некоја местенка или преуваличена „награда“ е ова


Edited by zabegan - 17-Oct-2013 at 21:09
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 17-Oct-2013 at 21:19
еве што кажуваат другите портали:

Награда за Скопје – има најдобар јавен превоз за туристи во светот?
http://faktor.mk/archives/78318?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=nagrada-za-skopje-ima-najdobar-javen-prevoz-vo-svetot

Скопје добитник на меѓународната награда „Градски трофеј 2013“
http://24vesti.mk/skopje-dobitnik-na-megjunarodnata-nagrada-%E2%80%9Egradski-trofej-2013%E2%80%9C


Скопје добитник на наградата City trophy 2013
http://makfax.com.mk/320766/skopje_dobitnik_na_nagradata_city_trophy_2013
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 30-Oct-2013 at 10:58
Запознав еден дечко од Радуша и бев непријатно изненаден дека ова село од скопскиот регион нема автобуска линија кон Скопје, иако спаѓа под територијата на општина Сарај. Ми објасни како се снаоѓаат со превозот до Скопје, но јас не можам да ја разберам несериозноста на ЈСП. Знаете ли за некои други поголеми села околу Скопје што не се поврзани со директна линија до градот и многу ме интересира зошто.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 30-Oct-2013 at 16:51
Originally posted by BOJAN

Запознав еден дечко од Радуша и бев непријатно изненаден дека ова село од скопскиот регион нема автобуска линија кон Скопје, иако спаѓа под територијата на општина Сарај. Ми објасни како се снаоѓаат со превозот до Скопје, но јас не можам да ја разберам несериозноста на ЈСП. Знаете ли за некои други поголеми села околу Скопје што не се поврзани со директна линија до градот и многу ме интересира зошто.


Навистина до Радуша не оди ниту една линија на ЈСП, иако селото има околу 2000 жители. Исто така, градски превоз немаат ниту жителите на Чајлане и Семениште од општина Сарај, иако и двете имаат по 600 жители. Превоз немаат ниту жителите на Крушопек и Грчец. Е сега ним им беше битно да влезат во зоната на Град Скопје, а тоа што немат превоз не им беше гајле.

Ако самиот не си ги знаеш приоритетите, илузорно е од една фирма каква што е ЈСП, да очекуваш самата да ти излезе во пресрет.

Јавен превоз немаат ниту Танушевци и Брест и затоа не треба да чуди што очите им се свртени кон Витина.

Истиот го немаат ни жителите на Држилово, Црн Врв, Горно Нерези, Патишка Река и Палиград.



Edited by BOJAN - 31-Oct-2013 at 10:56
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 896
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 30-Oct-2013 at 21:01
Рашче, Бојане и Копаница се единствените села од Сарај до кои оди јавен превоз во општина Сарај (освен селото Сарај), но да бидам искрен за нивниот однос кон јавниот имот и нивото на плаќање на карти, не знам и дали би требало некогаш да имаат јавен превоз, а да не зборам дека нивната општина не ни треба да биде дел од Градот Скопје, иако линиите на ЈСП не се водат според територијалните граници на Градот и никогаш не се воделе.

Понекогаш се прашувам дали на пример општините кои не се дел од Градот, дали му плаќаат одреден надомест поради користење на услуга платена од граѓаните на Скопје преку постојаните субвенции кон претпријатието или воопшто не. Тука пред се мислам на Илинден, Сопиште, Арачино, Студеничани, Зелениково и Петровец.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 25-Jan-2014 at 10:44
Автобуска линија од Визбегово до Транспортен центар



Јавното сообраќајно претпријатие вчера ја промовираше автобуската линија „118“, која ќе сообраќа од Визбегово до Транспортен центар и обратно. Автобусот ќе вози преку булеварите „Кузман Јосиповски-Питу“, „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“, „Партизански одреди“, „8 Септември“, а потоа преку улица „Скупи“, „Магистрала“ и булевар „Словенечка“, преку индустриската улица ќе стасува до крајната станица во Визбегово. Во обратна насока автобусот ќе се враќа по истата траса.

Од ЈСП информираат дека новата автобуска линија ќе сообраќа 8 до 9 пати во текот на денот почнувајќи од 6,15 минути, па се' до 18 часот.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=BBFBCD966244D848B3EA0795949EBE2F
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 25-Jan-2014 at 12:16
Знае ли некој кој број оди до Мало Курило и каде можам да најдам возен ред за таа линија?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
marko.kostoff View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 104
  Quote marko.kostoff Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 25-Jan-2014 at 13:45


Edited by marko.kostoff - 29-Jan-2014 at 20:12
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.