build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетски капацитети

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Енергетски капацитети
    Posted: 28-May-2020 at 15:37
Значи сепак не било тешко и цел далековод да се реконструира, ама да се помести една бандера во Скопје било тешко. Ало МЕПСО??

Секако поздрав за оваа реконструкција.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15058
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-May-2020 at 15:25
Далековод Штип - Пробиштип дронски снимки



Далековод Штип - Пробиштип

За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Jul-2018 at 22:34

абе Гитар битолчанец а не си разбрал, како тоа еве од трета рака абер, требало оплатата да ја извадат по 10 а ја извадиле кузнај зошто по 7 дена од наливањето на бетонот, та и се појавил мевот, ова е само убав доказ колку и за вакви озбилни ем крупни проекти не се водело особено сметка, а што е пак убав пример во однос другите политики на титоистите и локалните и централните, но да не кршам клечки, низ цела екс-ју има слични недоносености не дека дека ние сме исклучок, еден поинтересен за око иако нени за психа е тоа мртвите столбови од траса за далековод од Дрниш кон Шибеник а кои ги утнал инжинерот во пресметките а велат после што од зорт заминал од овој свет, што сметам е погрешно бидејќи требало да има и ревиденти на проектот но и надзор при изведба, та и одговорноста да не може да падне во никој случај на еден одговорен во вакви случаи!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Jan-2010 at 01:38
Да ептен боде очи... јас имам слушнато дека ја збркале работата изведувачите
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Jan-2010 at 01:34
Иако мислам дека е очигледно, сепак да напоменам дека едната разладна кула е ужасно деформирана. Колку што знам се случило нешто при изградбата па се направила онаква изобличена, но сепак е безбедна и ете стои 30 години
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Jan-2010 at 01:20
ТЕ Битола


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Nov-2008 at 23:54
Обновливи извори
Влијанието врз животната околина станува неизбежен фактор при изготвувањето на стратегиите за енергетски развој насекаде во светот. За таа цел се поголемо внимание се посветува на зголеменото искористување на обновливите извори на електрична енергија, како во светот така и во Република Македонија, која во својот процес на приближување кон ЕУ, постепено ги усвојува и Директивите на ЕУ во однос на заштита на околината и обновливите извори на електрична енергија.

   ЕЛЕМ, како современа компанија за производство на електрична енергија, е посветена на бизнисот со обновливи извори и продолжува со истражување на можностите за придонесување во одржлив енергетски развој. Во овој правец, главни стратешки предизвици на компанијата во рационалното користење на енергетските ресурси и развојот на обновливите извори се:

  •  да ја спроведе енергетската политика, особено преку порационално искористување на енергетските ресурси и развојот на обновливите извори на електрична енергија;

  •  да промовира истражување и технолошки развој во делот на производство на електрична енергија;

  •  да обезбеди намалување на емисијата на CO2 - еден од главните општествени стремежи;

  •  да го зголеми уделот на обновливите извори на електрична енергија во енергетскиот биланс, со што се стимулира одржливиот развој.
Одлуката за вклучување на енергијата на ветрот како дел од портфолиото на ЕЛЕМ е донесена во јуни 2004 година, кога Секторот за развој и инвестиции објави Јавен повик за изработка на Прелиминарен Атлас на ветровите за Република Македонија.

 Атласот го изработи американската компанија AWS Truewind LLC, користејќи го MesoMap system, нумерички модел за временска прогноза. Основна цел беше да се идентификуваат, селектираат и изберат регионите и локациите кои поседуваат доволен енергетски потенцијал каде ќе се продолжи со понатамошни едногодишни мерења на параметрите на ветрот, со поставување на мерни станици.  

 Врз основа на резултатите од Атласот, во тек е реализација на Мониторинг Програма на потенцијалот на ветрот во Република Македонија, која се реализира од страна на норвешката компанија NTE, а во рамките на Грант од Норвешката Влада.

 Програмата ќе се одвива во неколку фази. Во првата фаза ќе бидат опфатени 4 локации, на кои ќе се инсталираат мерни станици. Мерењата и прибирањето на податоците за параметрите на ветрот ќе траат најмалку една година, за потоа истите да продолжат на наредна група локации.

Матерјалите околу енергетските капацитети се превземени од www.elem.com.mk


Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:56
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Nov-2008 at 23:50
Хронолошки приказ

Растежот на ЕЛЕМ е нераскинливо поврзан со развојот на производството на електрична енергија во Македонија. Иако ЕЛЕМ е основанa како независна компанија во 2005 година, нејзиното работење и нејзините производствени капацитети датираат уште од почетокот на 20-тиот век, во 1909 година, кога засветува првата светилка во Скопје.

 Како што е дадено во продолжение, сликата за развојот на производството на електрична енергија до 2005 година, во рамките на Електростопанство на Македонија е една. Оттогаш па се до денес, фокусот на менаџерскиот тим на ЕЛЕМ е понатамошен развој на компанијата.

 1909 

 Со примена на технологијата на еднонасочна струја, засветува првата светилка во Скопје. Малата дизел електрична централа која го овозможила тоа имала еден агрегат од 44 kW, со напон од 220 до 240 V и служела за напојување на една пумпна станица за градскиот водовод, за осветлување на зградата на Општината, за една улица и за конакот на турскиот валија.

 1909 - 1924 

  Во главниот град пуштени се во погон уште неколку помоќни агрегати, а снабдување со електрична енергија добиваат и некои други градови како Тетово, Битола, Велес, Куманово, Прилеп...

 1924 - 1940 

 Позначајни објекти изградени во овој период се ХЕ Пена во Тетово (1.760 kW), пуштена во погон во 1927 година, ТЕ Дизел во Скопје (1.000 kW) пуштена во погон во 1933 година, ХЕ Матка во Скопје (4.160 kW) пуштена во погон во 1938 година, како и ТЕ Пробиштип (1.280 kW) пуштена во погон во 1940 година.

 1945 - 1955 

 По завршувањето на Втората Светска војна и конституирањето на НР Македонија како составен дел од некогашната Југословенска Федерација, почнува втората развојна фаза во електростопанството. Основано е електроенергетско претпријатие, кое практично го означува почетокот на Електростопанство на Македонија чиј континуитет, преку различни организациони форми, е одржан до денешен ден. Хронолошки, реализацијата започнува со пуштањето во погон на двата агрегати во ТЕ Маџари, а потоа секоја година се става во функција на електроенергетскиот систем по една мала хидроелектрана: Зрновци, Песочани, Сапунчица, Дошница.

 1955 - 1970 

 Во 1957 и 1958 во ХЕ Вруток се пуштени два агрегати со моќност од по 37,5 MW, а една година подоцна пуштени се во погон и ХЕ Равен (12,8 MW) и ХЕ Врбен (12,8 MW), со што се оформи првата фаза од изградбата на Мавровскиот хидроенергетски систем. Во овој период се започнати и активности за искористување на хидропотенцијалот на Црнодримскиот слив, така што последователно во 1965 година е пуштена во погон ХЕ Глобочица (42 MW), а во 1969 и ХЕ Шпилје (70,2 MW). Во тоа време пуштени се во погон и две други хидроелектрани - ХЕ Тиквеш (два агрегати од по 46 MW) во 1968 година, а во 1970 и ХЕ Калиманци (12,8 MW).

 1970 - 1990 

 Оформувањето во современ електроенергетски систем македонското електростопанство го започнува некаде во почетокот на осмата деценија од претходниот век и тој процес трае до денес. Кон крајот на 70-тите години изградени се и термоелектраните, и тоа: ТЕ Неготино во 1978 година; две години подоцна РЕК Осломеј, како и сукцесивно трите термо блока во РЕК Битола, каде изградбата на последниот блок завршува во 1988 година.

 1990 - . . .

  Во овој период се реализира изградбата на браната на ХЕ Козјак (80,5 MW) која е пуштена во погон во 2004 година.

 Во јуни 2005 година, формирано е Акционерското Друштво Електрани на Македонија АД ЕЛЕМ, компанија за производство на електрична енергија, како резултат на трансформацијата на Електростопанство на Македонија.



Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:52
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Nov-2008 at 23:46
ПК Брод-Гнеотино (во изградба)
Во јагленовото наоѓалиште Брод-Гнеотино во текот на 2000 – 2001 година извршени се детални гелошки истражни и испитателни работи и изработен е Елаборат за рудните резерви. Утврдени се вкупни геолошки резерви од 108 милиони тони јаглен.


 Со разработените рударско-технолошки анализи и дефинираните основни параметри на идниот површински коп, а согласно можната динамика на експлоатација, во експлоатационото поле се ограничени вкупно 32 милиона тона јаглен. Од овие количини може да се обезбедат по 2 милиони тони јаглен годишно. Со ова производството ќе се обезбедува гориво за работа на еден блок на ТЕ Битола за наредните 16 години.


 Со оглед на тоа што квалитетот на јагленот на ова лежиште е понеповолен од јагленот на ПК Суводлол, неопходно е што побрзо да се отвори ПК Брод-Гнеотино, со што ќе се овозможи заедничка паралелна експлоатација со преостанатиот дел на ПК Суводол, односно покасно со ПЈС.


 Инаку, наоѓалиштето Брод-Гнеотино се наоѓа на околу 10 км јужно од ПК Суводол, односно помеѓу селата Гнеотино и Долно Егри на запад и реката Црна на југ. На југозапад се наоѓа селото Брод.


 Наоѓалиштето Брод -Гнеотино од аспект на геолошката градба ги носи сите карактеристики специфични за наоѓалиштата Суводол и Живојно.


 Бројот на јагленовите слоеви е констатиран со изведените истражни дупнатини и се утврдени од 1 – 8 со карактеристично раслојување. Раслојувањето настапува кон источниот рабен дел каде што јагленовите слоеви исклинуваат. Дебелината на поединечните јагленови слоеви по своето протегање по хоризонгален и вертикален правец се движат од 0,5 до 7,5 метри.


 Во ограничениот простор за експлоатација на јагленот се пресметани дебелините на јагленовите слоеви кои ќе се експлоатираат, просечната дебелина на откривката до кровината на првиот слој, како и меѓуслојната јаловина до кровината на вториот, третиот и четвртиот слој на јаглен.
Добиени се следните вредности:

  • просечна дебелина на првиот јагленов слој изнесува 3,81м, на вториот 3,37м, на третиот 2,95м. и на четвртиот 1,63м.
  • просечната дебелина на откривката до кровината на првиот слој изнесува 49,85м., на првата меѓуслојна јаловина 10,32м, на втората 6,81м и на третата меѓуслојна јаловина 4,42м.
  • просечна дебелина на збирот на јагленовите слоеви изнесува 9,48м.

 

 Пресметката на експлоатационите резерви на јаглен и количината на откривка, е направена со метода на паралелни профили, со дефинираните граници и соодветните агли на завршните косини на идниот површински коп.
Врз основа на комплексно извршената анализа на расположивата геолошка документација, усвоените рударско-технолошки параметри на копот и можната опрема, а имајќи го во предвид искуството од досегашната експлоатација на ПК Суводол, извршена е вертикалната распределба на масите откривки и јаглен.


 Во почетната фаза на отварањето и развојот на копот (првите 5-10 години) моќноста на основната откривка е од 50-80 метри за која ќе се ангажират 2 БТО системи (еден стар и еден нов) и еден јагленов систем. Стариот БТО систем ќе биде донесен од рудникот Суводол.


 После овој период доаѓа до значително зголемување на откривката од преку 50-80м., дури и до 100 метри поради што е потребно вклучување на уште еден БТО систем.


 Експлоатацијата на откривката, јагленовите слоеви и меѓуслојните јаловини ќе се врши со селективна технологија со роторни багери во спрег со багерите дреглајни и користење на разделни станици кои ќе служат за преунасочување на јагленот, односно јаловината.


 Транспортот на јаглен од ПК Брод – Гнеотино до предајното место Р.Суводол ќе се врши со систем на транспортни ленти во должина од околу 11 км. Транспортниот систем е димензиониран со цел евентуално да го прими и јагленот од рудникот Живојно, доколку истиот се стави во функција на експлоатација.


 Векот на експлоатација на ПК Брод – Гнеотино изнесува 20 години: 3 години фаза на отварање + 17 години експлоатација на јагленот.


 Постои можност да се прошири експлоатационото поле во правец на север, со што векот на експлоатацијата на јагленот ќе се зголеми за уште 3-4 години.


 Во првата фаза на отварање и развој на површинскиот коп, т.е во периодот од околу 5 години, одлагањето на јаловината ќе се врши на надворешно одлагалиште. После овој период одлагањето ќе премине во внатрешниот откопан простор со правец на напредување југ-север.


 Отварањето на Брод-Гнеотино започна со поставувањето на камен темелникот во август 2004 година.


 Во тек е изработка на усек на отварање на површинскиот коп, Главен рударски проект за експлоатација, набавка на еден нов јаловински БТО систем, изградба на далновод од РЕК Битола до ПК Брод-Гнеотино, изградба на трафостаница ТС 110/6 кv и други инфраструктурни објекти.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Nov-2008 at 23:44
ПК Поповјани (планиран)
Со цел да се продолжи векот на експлоатација на ТЕ Осломеј, односно нејзиното постабилно обезбедување со јаглен, односно искористувањето на набавената и ревитализираната рударска опрема, потребно е максимално да се искористат расположивите резерви на јаглен во близината на Осломеј.


 Како потенцијално можно лежиште за обезбедување на јаглен е наоѓалиштето “Поповјани”.


 Просторот на наоѓалиштето “Поповјани” се наоѓа северно од ТЕ Осломеј на оддалеченост од околу 3км и го зафаќа крајниот северен рабен дел на Кичевскиот басен.


 Досега е истражувано во две фази со истражни дупнатини кои имале единствено структурен карактер. Истите не се користени за дефинирање на хидрогеолошките и геомеханичките карактеристики на седиментационата средина.


 Со оглед на степенот на истраженост на ова наоѓалиште и потребите од обезбедување на сигурна суровинска база за ТЕ Осломеј, потребно е да се извршат комплексни, дополнителни истражни работи чија цел би била, дефинирање на залагањето на јагленовиот хоризонт, неговата дебелина, резервите и квалитетот ни јагленот, хидрогеолошките и инжинерско-геолошките карактеристики, кои ќе послужат за изработка на потребната инвестициона и техничка документација.


 За таа цел е изработен Проект со кој се дефинирани потребите од истражните и испитателните работи, по обем, вид, локација и начин на изведување (спецификација).


 Со изведбата на планираните теренски и лабораториски работи ќе се обезбедат податоци кои ќе послужат за изработка на следната документација:

  • Елаборат за класификација и категоризација на рудните резерви;
  • Елаборат за инжинерско-геолошките и хидрогелошките истражувања и испитувања;
  • Елаборатот од геомеханичките истражувања и испитувања.

 

 Овие Елаборати ќе преставуваат основа за проектирање на натамошни рударски работи и изработка на Главен рударски проект за отварање и експлоатација на идниот ПК Поповјани.


 Пресметката на геолошките резерви на јаглен е направена уште со изработката на Елаборатот за рудни резерви во Кичевскиот басен од 1968 година и за наоѓалиштето Поповјани се потврдени и заверени вкупно 11.424.000т. Процентуалната застапеност на поедини категории не ја одразува вистинската состојба на степенот на истраженост на наоѓалиштето. Поради тоа е потребно извршување на нови дополнителни комплексни истражни работи.


 Со можното отварање и експлоатација на ова јагленово наоѓалиште ќе се обезбеди јаглен за работа на ТЕ Осломеј за период подолг од 10 години.
Откопувањето на откривката и јагленот од ова наоѓалиште ќе се извршува со истата технологија и опрема со која моментално се работи во ПК Осломеј – Запад.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Nov-2008 at 23:43
Рудник Живојно (планиран)
Наоѓалиштето Живојно се наоѓа на југоисточниот дел од Пелагонискиот басен до самата граница на Р.Македонија со Р.Грција на оддалеченост 35км од Битола или 20км од рудникот Суводол.


 Истражувањата се започнати во периодот од 1966 и продолжени се до 1983 година со изработка на Елаборат за рудните резерви. Прегледот и анализите на податоците добиени со истражувањата овозможија да се дефинира површина од околу 10 км2 која е погодна за површинска експлоатација . Во рамките на ова лежиште е утврден јагленов слој, со средна дебелина од 6,3м и средни длабочини ни јаловината од 72,10 метри.


 Лежиштето е ограничено на север со Црна река , на југ со границата со Грција, на исток со источниот дел од Пелагонискиот басен. Западната граница не е дефинирана поради големата длабочина на која се наоѓа јагленовиот слој.


 Лежиштето поради поголемото растојание од ТЕ Битола и послабите можности за експлоатација со Површински коп (повисок коефициент на откривка), е предвидено да се експлоатира во периодот после завршувањето со експлоатација на другите претходно наброени рудници.


 Геолошките студии за лежиштето потенцираат неколку раседи со правец на движење од север-северозапад кој југ – југоисток.


 Вкупните гелошки резерви изнесуваат 105,8 милиони тони, од кои експлоатациони се 65 милини тони, со среден коефициент на откривка од 12,7м3/т.


 Пред да се започне со експлоатација на лежиштето задолжително ќе биде потребно да се извршат дополнителни истражни дупчења со кои ќе се пресметаат резервите од А-категорија, нивната веродостојност како и точната дефинираност на раседите.


 Со планираната површинска експлоатација годишно можат да се откопаат 2,3 милиони тони јаглен.


 Врз основа на наклонот на јагленовата серија и длабочината на која се наоѓа, лежиштето ќе биде експлоатирано со користење на БТО системи.
Овие планирани активности и ефекти се користени т.е разработени во Студијата која е изработена од страна на РЕК Колубара.


 Доколку површинскиот коп се отвори после завршувањето со експлоатацијата во рудниците Суводол и Брод-Гнеотино, БТО системите од овие рудници ќе бидат слободни и на располагање за отварање на Живојно.


 Како што се приближува времето за затворање на површинските копови Суводол и Брод-Гнеотино, така ќе биде потребно да се изработи и потребната техничка документација за користење на опремата од нив и набавка на нова опрема со поголем теоретски капацитет.


 Рудникот Живојно ќе има слични експлоатациони услови како условите за ископ на јаглен во ПК Суводол и затоа тамошната опрема ќе може да се користи и во Живојно, нормално со претходна ревитализација на истата. Основни разлики во однос на Суводол ќе биде трошокот за транспорт на јаглен од Живојно до ТЕ Битола (поради поголемото растојание од околу 20км.).


 Рударскиот Институт Скопје во текот на 2004 година за ова лежиште изработи Физибилити Студија за јамска експлоатација, со предвиден ископ на 3,0 милиони тони јаглен годишно. Можноста за јамска експлоатација треба понатаму да се проучува за да се открие и секој најмал потенцијален ризик пред да се донесе конечната одлука за ваквиот вид на експлоатација. Овие детални истражувања треба да се изведат заедно со дополнителните дупчења за јагленот во Живојно, со цел потврдување на рудните резерви од јаглен и на геолошката структура, посебно во однос на распространувањето на раседите.
Потребните испитувања за да се потврди оправадноста за јамска експлоатација треба да се извршат во наредниот период од 20 години.


 Можна е комбинирана експлоатација на ова лежиште со површинско и јамско откопување која треба да се проучи подетално во времето додека јагленот за ТЕ Битола се обезбедува од рудниците Суводол – ПЈС и Брод – Гнеотино.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Nov-2008 at 23:42
ПК Суводол-Подинска јагленова серија (планиран)
Просторот од наоѓалиштето ПЈС се наоѓа во експлоатационото поле на рудникот Суводол и зафаќа површина од околу 3км2 односно 1/3 од вкупната површината зафатена со главниот јагленов слој (10км2).


 Подинскиот јагленов комплекс лежи под главниот продуктивен слој на наоѓалиштето и во него се издвоени 1 – 18 слоеви на јаглен. Просечната дебелина на јагленовиот слој во ПЈС изнесува 14,97м.


 Преку анализа и интерпретрација на досега изведените истражни работи за истражување на ПЈС, како економски интересни се издвоени два подинска слоја на јаглен и тоа: I-от подински слој и II-от подински слој, односно главниот слој од ПЈС.


 Првиот подински слој се карактеризира со релативно мала дебелина од 4,5м и лежи непосредно под Главниот продуктивен слој, кој е откопан или се откопува и се наоѓа на длабочина од 2,5 – 35,0м.


 Вториот јагленов слој (главниот јагленов слој од ПЈС) се наоѓа на поголема длабочина од 50-100м, а од првиот слој е одвоен со серија на прашинети песоци. За разлика од првиот слој овој има континуирано распространување, со променлива дебелина и во одредени позиции се раслојува во повеќе слоеви.


 Вториот јагленов слој во југоисточниот дел од наоѓалиштето (Врањевски ревир) е со дебелина од 5,0 – 39,2м и се спојува со главниот продуктивен слој.


 Во текот на 2004 година извршени се детални геолошки и геотехнички доистражувања и изготвена е техничка документација при што се добиени потребните параметри за геолошката градба, инженерско-геолошките и гео-механичките карактеристики со кој ќе може да се изработи Главен рударски проект за отварање и експлоатација на ПЈС.


 Со овие истражни работи утврдени се следните количини на јаглен:

Геолошки резерви

      55.000.000т.

Експлоатациони резерви     

50.000.000т.

Коефициент на откривка

1:4,7 (м3/т)

 

 Технологијата на експлоатација на Подинската јаленова серија ќе се состои од континуирани БТО системи со користење на дел од опремата од ПК Суводол по завршувањето на ископот на јагленот од Главниот продуктивен слој и со еден нов БТО систем.


 Транспортот на јаглен кој ќе се откопува од ПЈС ќе се врши преку сегашниот транспортен систем кој се користи во рудникот Суводол.




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:42
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-Nov-2008 at 23:37
ПК Осломеј
Термоелектраната Осломеј-Кичево со инсталирана снага од 125 MW е изградена и работи врз база утврдените резерви на јаглен од наоѓалиштето Осломеј, кој се наоѓа во непосредна близина на истата. Површинскиот коп Осломеј со годишно производство од 1,2 х 106 тони јаглен и век на експлоатација од 22 години, почна со експлоатација од 1980 година.


 Ова лежиште е поделено на два ревира со реката Темница и тоа:

  • ПК Осломеј-Исток, целосно е изваден јагленот.
  • ПК Осломеј-Запад е во фаза на експлоатација.

 Во ПК Осломеј-Запад, во експлоатационото поле се определени следните количини и тоа:

Јаловина

57.000.000м3

Јаглен

13.000000т

Коефициент на откривка

4,4м3

 

 Со овие количини на јаглен се обезбедува континуирано работење на ТЕ Осломеј за период од 14-15 години. Во склоп на ова лежиште се регистрирани потенцијални мали јагленови простори: Стар рудник и Осломеј – Североисток.
Во ПК Осломеј – Запад е регистриран еден јагленов слој со константни моќности од 7-8 метри.


 Врз основа гелошките истражувања, хидрогеолошките услови, положбата и протегањето на јагленовиот слој и моќноста на откривката е направен изборот на технолошкиот процес за експлоатација на јагленот и откривката. Моќноста на откривката просечно изнесува 40 метри и истата се откопува во етажи.


 Технолошкиот процес на откопување на јагленот и откривката се врши комбинирано, т.е. со континуирана и дисконтинуирана механизација.
На откопните етажи се поставени БТО системите, кои представуваат технолошки целини на багеровање, транспортирање и одлагање на откривката и јагленот.


 Багерите кои се во работа се роторни и истовремено вршат копање, транспорт и истовар на материјалот. Транспортните ленти служат за транспорт на материјалот од багерот до одлагалиштето, односно преку дробиличното построение до рудните греди на депонијата. Одлагачот претставува завршна конзолна машина, која го прифаќа материјалот од транспортерите и го депонира во внатрешното одлагалиште.


 Во дисконтинуираната механизација се застапени багерите дреглајни со кои непосредно се чисти јагленовиот слој со директно префрлање на материјалот во претходно откопаниот празен простор.


 Откопувањето на јагленовиот слој се врши со два роторни багери SH – 400 во длабински блок чиј теоретски капацитет е 2 х 900м3/ч. Етажниот транспортер е поставен на кровната од јагленовиот слој. Работниот багер SH – 400 е во спрега со самоодниот транспортер PVR – 1800. Самоодната лента, со нејзините технички карактеристики овозможува максимални услови за селективно откопување на јагленот, односно прослојците од јаловината.


 Откопниот јаглен преку јагленовите транспортери се носи до дробилично построение, односно до рудните греди на депонијата, а од таму во термоелектраната.


 Технолошкиот процес на откопување и одлагање на јаловината се врши со континуирана и дискунтинуирана рударска опрема, односно со роторните багери SRs – 400, SRs – 401, ESH – 6/45 и ESH – 10/70.


 Багерите SRs – 400 и SRs – 401 откопуваат во висински блокови, а материјалот преку етажните транспортери се транспортира до одлагачите ZP – 2500 и А2Rs – 3500 и се одлага во длабински и висински блок во внатрешното одлагалиште.


 Откопувањето (дисконтинуираното) се врши со багерот ESH – 10/70 со кој директно се откопува јаловината и се префрла во откопаниот празен простор а во спрег со багерот ESH – 6/45.


 Годишниот капацитет на откопан јаглен од рудникот Осломеј – Запад изнесува 1,0 х 106 тони.




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:37
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 12-Nov-2008 at 23:35
ПК Суводол
Површинскиот коп Суводол се наоѓа во склоп на РЕК Битола и како рудник за експлоатација на јаглен – лигнит има примарно значење за производство на електрична енергија во Термоелектраните Битола 1, 2 и 3 со инсталирана снага од 3 х 225 MW.


 Термоелектраните во РЕК Битола работат со полн капацитет и учествуваат во вкупното производство на електрична енергија во Р.Македонија со 70-80%.


 Површинскиот коп Суводол се наоѓа источно од Битола на оддалеченост од 15км и зафаќа површина од околу 9,0 км2. Експлоатацијата на рудникот Суводол е започната во 1977 година со откопување на јаловината, а во средината на 1982 година е започнато откопувањето на јаглен.


 Рудникот Суводол е отворен врз база на извршените истражни работи во 1972 – 1974 година и изработениот “Елаборат за рудни резерви” од 1975 година со кои беа утврдени и заверени геолошки резерви од цца 175.000.000 т., а со искористување од 95% на минералната суровина, односно 5% загуби, се пресметани експлоатациони резерви од 161.000.000тони, со просечен однос на јаглен и јаловина 1 :3,9.


 Јагленовиот слој е со просечна дебелина од 19,8 метри и се наоѓа на длабочина од 30-100 метри.
Технолошкиот процес на експлотација во ПК Суводлол се базира на класична континуирана технологија на ископ, транспорт и одлагање на откривката. Во работа се 3 БТО системи (Багер, Транспортер, Одлагач), и врз основа на карактеристиките на расположивата механизација и геометријата на копот, извршени се сите анализи за вертикалната распределба на етажите и динамиката на ископот.


 При изборот на технологијата на работа на системите, земени се во предвид технолошките карактеристики на секоја багерска единица поединечно, како и геометријата на откопниот блок а врз основа на усвоените гемеханички параметри.


 Според вертикалната распределба на масите по системи, откопувањето се врши со следната технологија: На I и II БТО систем работат ротобагери тип SRs - 2000, со теоретски капацитет од 6000м3/ч, систем на транспортни ленти со ширина од 1,8 метри и конзолен чекорен одлагач ZP-6600 со теоретски капацитет од 6000м3/ч.


 На О БТО систем работи, ротобагер SRs – 1300 со теоретски капацитет од 4.000 м3/ч, систем транспортни ленти со широчина од 1,6м и одагач тип А2Rs – 5500 со теоретски капацитет 5500 м3/ч.


 Со I и II БТО систем се врши ископ на јаловината во три етажи: висинска, подетажа и длабинска, а се одлага на надворешните одлагалишта, додека ископната јаловина од О БТО систем се одлага во внатрешното одлагалиште.
На приложените слики е прикажана опремата која се користи во ПК Суводол.


 Системот за ископ, транспорт и дробење на јагленовиот систем го сочинуваат следниве машини: два ротобагери SRs – 630 со теоретски капацитет од 2 х 1200т/ч, еден рогобагер Кu – 300 со капацитет од 2.200т/ч и систем на транспортни ленти со ширина од 1,6м, дробилична постројка со капацитет од 2 х 1250т/ч и уреди за издвојување на гранулиран јаглен за широка потрошувачка со капацитет од 300.000 т/год.


 Машините и уредите кои го сочинуваат јаагленовиот систем, технолошки се поврзани преку заштита и блокади со комбинирани машини (ротобагери) на депонијата за јаглен во термоелектраните кои можат истовремено да одлагаат и да копаат.


 Годишниот капацитет на откопан јаглен од рудникот е 6,5 х 106т јаглен.


 Според последните анализи динамиката на завршување со работа на системите е следниот:

II БТО систем

2006 година

I БТО систем

2009 година

0 БТО систем

2010 година

јагленов систем

2012 година


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 12-Nov-2008 at 23:34
Рудници
Обезбедувањето енергија е основен предуслов за економскиот развој на секоја земја. Стопанскиот развој на секоја земја е во посотојана и директна врска со сопствениот енергетски потенцијал. Најголемо, нагласено место од енергентите завзема јагленот.

Основен енергент во Електроенергетскиот систем во Р.Македонија за производство на електрична енергија во термоелектраните е нискоколоричниот јаглен – лигнит.

Се очекува јагленот и во иднина да има поголема примена во индустријата, топлификацијата и широката потрошувачка. Нашата земја е во многу висока енергетска зависност од неговото истражување, производство и користење.

Природните услови и утврдените резерви на јагленовите лежишта, како и техничките можности на енергетскиот систем се гарант дека и во наредниот период ќе продолжи континуираното работење на термоелектраните.

Стратешки може да се констатира дека иднината на енергетиката во Македонија е во веќе утврдените и потенцијални резерви на јаглен.

Базната енергија на електроенергетскиот систем на државата се темели врз јагленовиот потенцијал на Кичевскиот и Пелагонискиот басен со утврдените јагленови наоѓалишта. Суводол, Брод-Гнеотино, Живојно, Осломеј, Поповјани и Страгомиште, кои овозможија отварање на двата наши големи површински копови на јаглен ПК Осломеј и ПК Суводол.

Јамската експлоатација на јагленот на нашите простори сеуште не е застапена.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Nov-2008 at 23:26
ТЕ Осломеј
Најголемиот дел од производството на електрична енергија во Република Македонија, некаде околу 80 %, е базирано на термоелектрани. Најмал термоенергетски капацитет во составот на електроенергетскиот систем е Рударско енергетскиот комбинат Осломеј кај Кичево со инсталирана моќност на блокот од 125 MW И нето годишно производство од околу 700 GWh/год.

  РЕК Осломеј започна со производство во 1980 година , и се до денес забележува одлични производни резултати. Со инсталирана моќност од 125 MW оваа електрана обезбедува околу 10 проценти од вкупното производство на електрична енергија во  Република Македонија. Оваа термоелектрана како основно гориво користи јаглен со просечна калорична вредност од 7600 kJ/kg, а потрошувачката на јаглен изнесува 1,5 kg/Wh, додека потрошувачката на мазут е 2.16 gr/Wh. Годишниот ископ на јаловина изнесува над 3 милиони метри кубни јаловина и над 600.000 тони јаглен годишно.

 Локација

 Осломеј, Кичево

 Број на единици

 1

 Тип на гориво

 јаглен

 Година на започнување со работа 

 1989

Парен котел

   Тип
   Произведувач
   Капацитет

 

 OB-380
 Rafako, Полска
 380t/h

Парна турбина

   Тип
   Произведувач
   Снага

 

 13К-125
 Zameh, Полска
 125 MW

Генератор

   Тип
   Произведувач
   Снага

 

 TGH-120
 Zameh, Polska
 120 MW

  Ладилна кула

 1

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Nov-2008 at 23:24
ТЕ Битола
Рударско енергетскиот комбинат Битола е лоциран во општината Новаци основана во 1975 година. Комбинатот се наоѓа на периферијата од Пелагониската рамнина. Комбинатот чија основна дејност е производство на електрична енергија и јаглен е најголем во системот на македонското електростопанство и е составен од две производни единици: Рудник Суводол и Термоелектрана  и Работна единица.

  Производството во комбинатот е започнато во 1980 година, со ископ на јаловина од првиот БТО систем(багер, трака, одлагач), а првите киловатчасови електрична енергија се добиени во 1982 година кога во работа е пуштен првиот од трите блока на електраната. Производството го овозможуваат три блока чија моќност со реконструкција во 1994 година е зголемена за дополнителни 15 MW по блок или за вкупно 45 MW нова моќност, така што сега инсталираната моќност по блок изнесува 225 MW или вкупно 675 MW. Годишното производство на електрична енергија изнесува 4600 GWh.

  Сиот овој потенцијал во РЕК Битола овозможува над 70% учество на комбинатот во вкупното производство на електрична енергија во електроенергетскиот систем.

  Кога се говори за РЕК Битола не треба да се изостави фактот дека се работи за едно перманентно високо производство, кое споредено со енергетските објекти од овој вид, дури И споредено во пошироки рамки заслужува голем респект. Ова го потврдува И постојаното натфрлување на годишните производни биланси.

 

 Локација

 Новаци, Битола

 Број на единици

 3

 Тип на гориво

 јаглен

 Година на започнување со работа

 1982/1984/1988

 Парен котел

   Тип
   Произведувач
   Капацитет

 

 p-65
 ZIO-Podoljsk, Русија
 700t/h

 Парна турбина

   Тип
   Произведувач
   Снага

 

 K-210-130-3
 LMZ, Русија
 225 MW

 Генератор

   Тип
   Произведувач
   Снага

 

 TBB-200-2A
 Elektrosila, Русија
 247 MVA

 Ладилна кула

 3


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-Nov-2008 at 23:13
ХЕ Градец (планиран, дел од Вардарска Долина)
ХЕ Градец е предвидено да се изгради на реката Вардар, 30.4 км од Македонско-Грчката граница. Преку автопатот Скопје-Гевгелија е овозможен пристап директно до круната на браната.

 Машинската зграда е составен дел од телото на браната а во неа се сместени два агрегати со Каплан турбини.

 Железничката пруга Скопје-Гевгелија ќе биде потопена со формирањето на идната акумулација. Заради тоа пругата треба да се дислоцира на повисоко ниво а овој обем на работи треба да биде предвиден при изведбата на браната.

 Техничката документација е на ниво на Главен Проект за преливниот дел и машинската зграда а за левиот и десниот гравитационен дел на браната на ниво на Идеен Проект.

 

Основните карактеристики на ХЕ Градец се:

 Просечен проток

 152,70 m3 /s

 Просечно производство

 252,40 GWh

 Конструктивна висина на брана

 42,50 m

 Геодетска висина на брана

33,00 m 

 Инсталиран проток

240,00 m3/s

 Број на агрегати

 2

 Инсталирана снага

 54,60 MW

 Номинален пад

 27,15 m

 Тип на турбина

 Каплан

 Тип на генератор

 Трифазен синхрон

 Инвестициона вредност (брана + пруга)

156.800.000 EURO

 Време на градба (брана + пруга)

4 години




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:14
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 12-Nov-2008 at 23:12
ХЕ Велес (планиран, дел од вардарска долина)
ХЕ Велес се предвидува да се изгради на реката Вардар блиску до Башино Село узводно од градот Велес.

 Со идната акумулација ќе се потопи железничката пруга Скопје-Велес. Заради тоа пругата треба да биде дислоцирана на повисоко ниво. Дислокацијата на пругата треба да се изведе пред изградбата на браната.

 Пристапот до преградното место е овозможен преку автопатот Скопје-Велес.

 ХЕ Велес е прибранска електрана со гравитациона бетонска брана. Машинската зграда е лоцирана во речното корито непосредно низводно од браната.

 Техничката документација е на ниво на Идеен Проект за изградба на браната и за изместувањето на пругата. Новата дислоцирана железничка линија се предвидува да биде двоколосечна со проектна брзина од 160 Kм/h, односно со многу подобри карактеристики од постојната. Времето потребно за дислокација на пругата е три години и треба да биде завршена пред изградба на браната.

 

Основните карактеристики на ХЕ Велес се:

 Просечен проток

 86,32 m3 /s

 Просечно производство

 300,60 GWh

 Конструктивна висина на брана

 69,00 m

 Геодетска висина на брана

59,50 m 

 Инсталиран проток

195,00 m3/s

 Број на агрегати

 3

 Инсталирана снага

 93,00 MW

 Номинален пад

 53,50 m

 Тип на турбина

 Францис

 Тип на генератор

 Трифазен синхрон

 Инвестициона вредност

251.000.000 EURO

 Време на градба

7 години




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Nov-2008 at 23:11
ХЕ Галиште (планиран)
ХЕ Галиште се предвидува да се изгради на Црна Река на почетокот на постоечката акумулација Тиквеш. Таа е прибранска електрана.

 Електраната се состои од следните објекти: камено насипана брана со глинено јадро, опточен тунел кој после изградбата ќе се користи како темелен испуст, шахтен прелив, доводен тунел, цевовод и машинска зграда со три агрегати.

Техничката документација е на ниво на Идеен Проект.

 

Основните карактеристики на ХЕ Галиште се:

 Просечен проток

 28,90 m3 /s

 Просечно производство

 262,50 GWh

 Конструктивна висина на брана

 141,50 m

 Геодетска висина на брана

138,50 m 

 Инсталиран проток

180,00 m3/s

 Број на агрегати

 3

 Инсталирана снага

 193,50 MW

 Номинален пад

 129,20/78,30 m

 Тип на турбина

 Францис

 Тип на генератор

 Трифазен синхрон

 Инвестициона вредност

200.241.000 EURO

 Време на градба

7 години




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:16
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.