build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетски капацитети

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Енергетски капацитети
    Posted: 12-Nov-2008 at 22:10
Во нишкава се опфатени комплетно сите енергетски капацитети во Македонија, вклучувајќи ги и оние кои се во план да се изградат. Материјалите се превземени од www.elem.com.mk


Хидроелектрани

Енергијата на водата претставува еден од првите енергенси кој што човекот ги користел во својата историја. Уште од 4-от век пред нашата ера е започнато користењето на енергијата на водата за движење на воденичкото тркало, а подоцна со развојот на науката и техниката започнува и изградбата на првите хидроцентрали (1882 година, на реката Фокс-Висконсин) за производство на електрична енергија.

  Хидроенергијата е најзначајниот обновлив извор на енергија познат досега. Неговото искористување е поврзано со изградба на значајни градежни објекти, пред се брани и акумулации, односно долги доводни тунели или цевоводи, кои објектите ги прават од една страна скапи за изградба но од друга страна допринесуваат за целокупниот развој на еконимијата во земјата. Наспроти големото чинење на изградбата, годишното чинење на експлоатацијата на објектите и производството на електрична енергија од истите е многу ниско.

  Со оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развојот на електро енергетскиот сектор и  државата во целост. Хидро производството учествувало со 15% во вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ и тоа пред се за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија со што се постигнува поголема флексибилност и расложивост на електроенергетскиот систем, како и соодветен процент на производство од обновливи извори на енергија.

Просторот во Р Македонија според конфигурацијата на теренот и климатските услови е предодреден за искористување на проточните води од реките, изградба на брани и формирање на поголеми и помали акумулациии.

  Денес, со постојната изграденост на хидроенергетските извори, од технички искористивиот потенцијал се користи само 26,6%. Прикажано по сливови тоа изгледа вака:

 Слив

Теоретски потенцијал

 Технички потенцијал 

  Искористен потенцијал

 

 GWh 

 GWh

 GWh

 Вардар

 6.660 

 4.559,3

 1.150,0

 Црн Дрим 

2.203

964,9

583,0

 Вкупно

 8.863 

 5.524,2

 1.471,7

        
  Вкупниот волумен на акумулациите во републиката е 891 милиони метри кубни и вкупно годишно производство од  1000 GWh. Вкупната инсталираност на хидрокапацитетите изнесува  504 MW или 39% од вкупната инсталираност на капацитетите на АД ЕЛЕМ.

  Во развојните планови на АД ЕЛЕМ голем акцент се става на изградба на нови хидроенергетски објекти, како и на ревитализација на постојните хидроелектрани.




Edited by lslcrew - 13-Nov-2008 at 03:39
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Nov-2008 at 22:12
Термоелектрани
Најголемиот дел од производството на електрична енергија во Република Македонија, некаде околу 80 проценти, е базирано на термоелектрани. Најголем производен капацитет е Рударско - енергетскиот комбинат “Битола” со своите три блока од по 225 MW и нето производство од околу 1.434 GWh по блок. Комбинатот е целосно  заокружена производна целина со повеќе единици. Оваа термоелектрана како основно гориво користи јаглен кој е со просечна калоричност од 7.900 kJ/kg.

  Другиот  термокапацитет во составот на електроенергетскиот систем е Рударско - енергетскиот комбинат “Осломеј” кај Кичево, со инсталирана моќност на блокот од 125 MW и нето годишно производство од околу 700 GWh.

  И овој термокапацитет како основно гориво користи јаглен со просечна калоричност од 7.660 kJ/kg. Сите овие термоелектрани имаат битна улога во покривањето на базниот дел од дијаграмот на конзумот на Република Македонија.



Edited by lslcrew - 13-Nov-2008 at 03:40
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Nov-2008 at 22:23
Мавровски систем (Равен, Врбен, Вруток)
Користејќи го фактот дека водата е енергетски ресурс од нејзиното извирање па се до нејзиниот влив во морето, изграден е хидроенергетскиот систем Маврово, на самите почетоци на изворите на планинските масиви на Кораб, Бистра и Шар Планина.

  Системот е замислен и изграден така што енергијата на водата повеќекратно се искористува. Водите од корабскиот слив, преку ХЕ Врбен, искористени се акумулираат во Мавровската акумулација. Акумулираната енергија по втор пат се искористува во ХЕ Вруток, а потоа и во ХЕ Равен.

  Мавровскиот хидроенергетски систем со трите централи ХЕ Вруток, ХЕ Равен и ХЕ Врбен и со вкупна акумулација од 277 милиони м3 вода, претставува еден од најголемите и најсложените во македонскиот електроенергетски систем. Во вкупната инсталираност на хидрокапацитетите во земјава, овој систем учествува со 42%.

Историјат

1945-1950

Во 1947 година е донесена одлука за изградба на системот, со што започнуваат и првите подготвителни работи, а во 1948 година и самата изградба. При тоа се ангажирани и неколку илјади луѓе, кои речиси со голи раце го градеа дотогаш најголемиот хидроенергетски систем на Балканот.

1950-1960

Завршува првата фаза од изградбата, во која беа опфатени изградбата на браната Маврово и првото полнење на езерото во 1952 година. Во 1957 година пуштени се во погон и два агрегати во ХЕ Вруток со инсталирана моќност од 37,5 MW по агрегат. Две години подоцна, во 1959 година, пуштени се и два агрегати во ХЕ Равен со инсталирана моќност од 6,4 MW по агрегат, како и два агрегати во ХЕ Врбен со иста инсталирана моќност. Ноќта меѓу 11 и 12 февруари 1956 година се случи голема човечка трагедија, кога лавина затрупа 52 градители на системот. Во нивна чест, како и во чест на сите градители, секоја година се одржува Мавровскиот скијачки меморијал.

1960-1970

Започнува со реализација втората фаза, која опфаќа изградба на нови доводни системи од шарското сливно подрачје, како и инсталирање на два нови агрегати во ХЕ Вруток и еден агрегат во ХЕ Равен, се со цел да се обезбеди зголемено производство на електрична енергија и посигурна работа на електроенергетскиот систем.

1970-1980

Завршува втората фаза со воведувањето на шарските води во акумулацијата во 1973 година и пуштањето во погон на новите агрегати во ХЕ Вруток и ХЕ Равен. Во овој период е изградена и новата 220 kV постројка за обезбедување на подобра поврзаност на електраната со електроенергетскиот систем.

1980-1990

Со цел да се зголемат маневарските способности на акумулацијата, изградена е браната Леуново. Изработен е и проект за изградба на брана за акумулацијата Луково Поле, се што ХЕ Врбен од проточна би работела како акумулациона електрана.

1990-...

Во овој период продолжуваат процесите на се подобро и поекономично искористување на целиот хидроенергетски систем. Започнува и процесот на ревитализација на објектите за да се добие зголемено производство на електрична енергија и зголемена моќност на генераторите.

Општи податоци

Хидроенергетскиот систем се протега во северозападниот дел од Република Македонија на површина од 513 км2 и е еден од најголемите на Балканот. Самата конфигурација на теренот дава можност за зафаќање на големи количества на вода.

Доводен систем

Доводниот систем се наоѓа на надморска височина од над 1233 м и зафаќа води на површина од преку 513 м2. Во поголем дел се состои од подземни канали, тунели и цевководи со вкупна должина од околу 124 км. Целиот доводен систем може да се подели на неколку географски целини.

Горнорадички доводен систем

  Овој систем ги зафаќа водите од горниот дел на реката Радика, од планините Кораб и Шар. Дел од зафатените води кои нормално се сливале во јадранското сливно подрачје се пренасочени во егејското сливно подрачје, преку реката Вардар. Доводниот систем ги содржи следниве зафати:

 

ЗАФАТ

НАДМОРСКА ВИСОЧИНА

ПРОСЕЧЕН ЗАФАТЕН ДОТЕК

Штировица 1

1450 м.н.в.

25,0 мил.м3

Штировица 2

1495 м.н.в.

Црн Камен

1452 м.н.в.

73,0 мил.м3

Агина Река

1448 м.н.в.

32,3 мил.м3

Бродечка Река

1440,5 м.н.в.

8,6 мил.м3

Кракорничка Река

1420 м.н.в.

12,3 мил.м3

Богдевска Река

1425 м.н.в.

6,0 мил.м3


Сливот се протега на вкупна површина од 180 м2 и има просечен годишен зафатен дотек од 126 милиони м3.


Белички доводен систем

  Беличкиот систем ги зафаќа водите од планината Бистра, односно реките Беличица и Кичиница. Системот има сливно подрачје од 22 м2 и годишно просечно зафаќа 11 милиони м3 вода, кои директно се акумулираат во Мавровската акумулација.

Непосреден доводен систем

  Го сочинуваат реките од планината Бистра: Мавровска, Леунска, Никифоровска, Какачка и низа останати водотеци околу акумулацијата. Системот се протега на површина од 98,3 км2 и годишно просечно зафаќа 30 милиони м3 вода.

Јеловски доводен систем

  Доводот Јеловце ги собира зафатите на реките Вруточка, Јеловска 1 и 2 и уште седум помали зафати и ги носи до водостанот на ХЕ Вруток. Ги зафаќа водите од планината Шар на површина од 49,4 км2 и просечен зафатен дотек од 12,5 милиони м3 вода.

Шарски доводен систем

  Ги зафаќа водите од Шар Планина и се состои од следниве зафати: Уливеричка, Камењанска, Фискајет, Новоселска, Мазалец, Ломничка, Думково, Враца 1 и 2 и други помали попатни зафати. Сите овие зафати ги собираат водите на површина од 161 км2 со вкупен просечен годишен дотек од 144 милиони м3 вода.

Брани и акумилација

Целиот хидроенергетски систем има една голема акумулација, сместен меѓу двете сливни подрачја - јадранското и егејското. Сместена е на просторот на некогашното Мавровско Поле со површина од 1370 ха, на кота 1202 м.н.в. и максимална кота од 1233 м.н.в. и со можност за акумулирање на 274,8 милиони м3 вода корисен волумен или 376,5 милиони kWh електрична енергија.

  Главната намена на акумулацијата е производство на електрична енергија, а покрај тоа се користи и за наводнување на Полошко и Скопско Поле како и за одржување на биолошкиот минимум на реката Вардар. Акумулацијата е заградена со две брани: Мавровска и Леуновска.

Брана Маврово
  Браната е земјано-насипна со височина од 61,9 м, должина на круната на браната од 210 м и широчина од 7 м. Волуменот на браната изнесува 767,747 м3 земјен насип.

Брана Леуново
  Браната е земјано-насипна со јадро од глина и нафрлени камења. Самата брана се наоѓа на 1235,2 м.н.в. Должината на круната изнесува 820 м, а широчината 6 м. Браната има вкупен волумен од околу 730,000 м3 земјен насип.

Хидроелектрани

Мавровскиот хидроенергетски систем со трите централи ХЕ Вруток, ХЕ Равен и ХЕ Врбен и со вкупна акумулација од 277 милиони м3 вода, претставува еден од најголемите и најсложените во македонскиот електроенергетски систем. Во вкупната инсталираност на хидрокапацитетите во земјава, овој систем учествува со 42%.




Edited by lslcrew - 13-Nov-2008 at 03:42
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Nov-2008 at 22:56
ХЕ ВРУТОК
ХЕ Вруток се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија и е најголема хидроелектрана во земјата. Со големата акумулација има незаменлива улога во регулирање на дневниот дијаграм на потрошувачката во електроенергетскиот систем.

Електраната е градена етапно и тоа:


- 1947 година - почеток на изградбата
- 1952 година - одлука за основање на ХЕ Маврово
- 1957/58 година - влегување во погон на два агрегати
- 1973 година - влегување во погон на уште два агрегати

 

  ХЕ Вруток е деривационо-акумулациона електрана и заедно со целокупната електромашинска опрема е сместена во каверна изградена под земја. Самата каверна е изградена на 4 просторни нивоа во кои се поставени четирите хидроагргати и главната просторија за управување со нив.

Трафо комора

  Оваа комора исто така е сместена под земја и во неа се сместени четири блок трансформатори од по 42 MVA. Енергијата од трафо комората на 110 kV напонско ниво се доведува до 110 kV разводна постројка.

110 kV постројка

  Карактеристично за оваа постројка е тоа што претставува чвориште од два доводни и три одводни 110 kV далноводи, каде едниот од изводите е до 220 kV разводна постројка. Во состав на постројката се наоѓа и 35 kV разводна постројка на кое се врзани хидроелектраните Врбен и Равен.

ХЕ ВРУТОК

Тип на електрана

деривационо-акумулациона

Локација

с. Вруток

Слив

Мавровска Река

Број на агрегати

4

Инсталирана моќност

150 MW

Просечно годишно производство

350 GWh

Пуштање во работа

1957/1973

Нето висински пад

525 м

Инсталиран проток

32 (4x8) м3/сек

Тип на турбина

Пелтон со 4 млазници



Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:20
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Nov-2008 at 22:57
ХЕ ВРУТОК
ХЕ Вруток се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија и е најголема хидроелектрана во земјата. Со големата акумулација има незаменлива улога во регулирање на дневниот дијаграм на потрошувачката во електроенергетскиот систем.

Електраната е градена етапно и тоа:


- 1947 година - почеток на изградбата
- 1952 година - одлука за основање на ХЕ Маврово
- 1957/58 година - влегување во погон на два агрегати
- 1973 година - влегување во погон на уште два агрегати

 

  ХЕ Вруток е деривационо-акумулациона електрана и заедно со целокупната електромашинска опрема е сместена во каверна изградена под земја. Самата каверна е изградена на 4 просторни нивоа во кои се поставени четирите хидроагргати и главната просторија за управување со нив.

Трафо комора

  Оваа комора исто така е сместена под земја и во неа се сместени четири блок трансформатори од по 42 MVA. Енергијата од трафо комората на 110 kV напонско ниво се доведува до 110 kV разводна постројка.

110 kV постројка

  Карактеристично за оваа постројка е тоа што претставува чвориште од два доводни и три одводни 110 kV далноводи, каде едниот од изводите е до 220 kV разводна постројка. Во состав на постројката се наоѓа и 35 kV разводна постројка на кое се врзани хидроелектраните Врбен и Равен.

ХЕ ВРУТОК

Тип на електрана

деривационо-акумулациона

Локација

с. Вруток

Слив

Мавровска Река

Број на агрегати

4

Инсталирана моќност

150 MW

Просечно годишно производство

350 GWh

Пуштање во работа

1957/1973

Нето висински пад

525 м

Инсталиран проток

32 (4x8) м3/сек

Тип на турбина

Пелтон со 4 млазници



Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:20
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Nov-2008 at 22:58

ХЕ РАВЕН

ХЕ Равен се наоѓа околу два километри низводно од ХЕ Вруток и ја користи таму еднаш преработената вода. Оваа електрана нема сопствена акумулација, туку директно зависи од режимот на работа на ХЕ Вруток.

  Во машинската зграда се сместени три агрегати со моќност од по 6,4 kV, кои се пуштени во погон етапно, и тоа два во 1959 и еден во 1973 година. Во неа, покрај агрегатите, сместена е и командната просторија и 35 kV разводна постројка.

Пред самата електрана сместени се трите енергетски блок трансформатори 6,3/35 kV.

  Преработената вода, преку подземен одводен тунел, се испушта во регулираното корито на реката Вардар, од каде понатаму се користи за наводнување на Полошкото поле.

ХЕ РАВЕН

Тип на електрана

проточна

Локација

с. Равен

Слив

Мавровска Река

Број на агрегати

3

Инсталирана моќност

19,2 MW

Просечно годишно производство

40 GWh

Пуштање во работа

1959/1973

Нето висински пад

74 м

Инсталиран проток

32 (3x10,6) м3/сек

Тип на турбина

Францис



Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:19
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Nov-2008 at 23:00
ХЕ ТИКВЕШ
ХЕ Тиквеш е лоцирана на Црна Река, околу 27 км. узводно од нејзиното вливање во р. Вардар во близина на Кавадарци. Овој хидросистем е со двојна намена: наводнување на Тиквешко Поле, кој е еден од најтоплите и најсушните региони во Македонија, како и производство на електрична енергија.

Историјат
   1953 - 1962 Во овој период, со прекини се работени Идејните проекти паралелно со истражните работи
   1962 - 1966 Започнува првата фаза на изградбата, за во март 1968 година да биде затворена акумулацијата и бидат пуштени во работа првите два агрегати
   1970           Акумулацијата започнува да се користи за наводнување
   1979 - 1981 Започнува втората фаза од проширувањето на ХЕ Тиквеш, кога се пуштени во работа вторите два агрегати

 Вкупните средни годишни дотекувања изнесуваат 1188 милиони м3, додека просечниот проток е 37,40 м3/с. Површината на сливот изнесува вкупно 5361 км2.

Доводен систем
 Доводниот тунел со кружен пресек е со должина 405,8 м, а дијаметарот е 4,70 м. Прагот на влезниот објект е поставен на кота 215,00 м.н.в.

Брана и акумулација
 ХЕ Тиквеш има камено насипна брана со висина од 113,5 м, при што се формира акумулација со вкупен волумен од 475 милиони м3, од кои корисниот волумен изнесува 309,6 милиони м3. Нормалното проектирано работно ниво на акумулацијата е 265,00 м.н.в. а минималното е 233,00 м.н.в.

Хидроелектрана
 Хидроелектраната Тиквеш е проектирана и изведена со инсталирана снага од 92 MW и годишно производство од 184 GWh.

 Машинската зграда се наоѓа во подножјето на браната. Во зградата се сместени 4 агрегати опремени со Францис турбини со вертикална оска, како и со трофазни синхрони генератори. Трите трансформатори се сместени надвор од машинската зграда.

Локацијата на разводната постројка 110 kV е надворешна.

 

Основните карактеристики на ХЕ Тиквеш се:

 Тип на електрана

 прибранска-акумулациона

 Локација

Кавадарци

 Слив

Црна Река

 Број на агрегати

4

 Инсталирана моќност

92 MW

 Просечно годишно производство 

 184 GWh

 Пуштање во работа

1966/1981

 Нето висински пад

91,30 м

 Инсталиран проток

120 (4x30) м3/сек

 Тип на турбина

Францис



Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:21
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Nov-2008 at 23:01
ХЕ ШПИЉЕ
Најголемата акумулациона хидроелектрана на сливното подрачје на р. Црн Дрим е ХЕ Шпилје во близината на Дебар. Со пуштањето во работа во 1969 година, оваа хидроелектрана е значаен извор на електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.

 ХЕ Шпиље има акумулација со волумен 520 милиони м3, од кои корисниот волумен е 223 милиони м3. Хидроцентралата се наоѓа на самиот состав на реките Црн Дрим и Радика, па затоа режимот на дотекувањата во акумулацијата зависи од режимот на двете реки. Дотекувањето од страна на Црн Дрим во тек на годината е доста рамномерно поради постоењето на две узводни акумулации, Охридско езеро и акумулацијата Глобочица. Протекувањата во Радика се мошне променливи, што се должи на природните фактори во сливот.

Историјат
    1953 - 1962 Во овој период, со прекини се работени Идејните проекти со инвестиционата програма
   1963 Започната е изработка на Главниот проект
   1964 Започнуваат подготвителните работи за почеток на градба
   1966 Свртување на р. Црн Дрим
   1969 Во месец јуни започнува полнењето на акумулацијата, за истата година во октомври да започне со работа ХЕ Шпилје

 Вкупните годишни дотекувања на профилот Шпилје изнесуваат 1700 милиони м3, додека просечниот проток е 53,76 м3/с.
 Површината на сливот до браната изнесува вкупно 4198 км2.

Доводен систем
 Доводниот тунел под притисок, со должина од 321,65 м, е поставен на десниот бок. Прагот на зафатниот објект е поставен на кота 546,00 м.н.в. Зафатниот објект е опремен со решетка и механизам за чистење на истата. Доводниот тунел се разгранува во три дела, а дијаметарот на секоја гранка изнесува 2,20 м.

Брана и акумулација
 ХЕ Шпилје има камено насипна брана со висина од 100 м, при што се формира акумулација со вкупен волумен од 520 милиони м3, од кои корисниот волумен изнесува 223 милиони м3. Нормалното проектирано ниво на акумулацијата е 580 м.н.в., а минималното е 575 м.н.в., меѓутоа за да се намалат преливите во тек на експлоатацијата, нивото во акумулацијата е спуштено и до кота 560,00 м.н.в.

Хидроелектрана
 Хидроелектраната Шпилје е проектирана и изведена со инсталирана снага од 66 MW и годишно производство од 384 GWh. Со ревитализацијата на основната опрема на хидроелектраната, изведена од 1997 до 1999 година, инсталираната снага на ХЕ Шпилје е зголемена на 84 MW.

 Машинската зграда се наоѓа околу 70 м од низводната ножица на браната. Во зградата се сместени 3 агрегати опремени со Францис турбини со вертикална оска, поставени на кота 485,75 м.н.в., како и со трофазни синхрони генератори. Трите трансформатори се сместени надвор од машинската зграда.

 Просторот меѓу ножицата на браната и машинската зграда искористен е за сместување на разводната постројка 110 kV.

 

Основните карактеристики на ХЕ Шпиље се:

 Тип на електрана

 прибранска-акумулациона

 Локација

Дебар

 Слив

Река Црн Дрим

 Број на агрегати

3

 Инсталирана моќност

84 MW

 Просечно годишно производство 

 300 GWh

 Пуштање во работа

1969

 Нето висински пад

91,30 м

 Инсталиран проток

108 (3x36) м3/сек

 Тип на турбина

Францис



Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Nov-2008 at 23:02
ХЕ Козјак
Браната и хидроелектраната Козјак се лоцирани на реката Треска, на околу 25 км. возводно од нејзиното вливање во реката Вардар и на околу 16 км. возводно од ХЕ Матка, во близина на Скопје и претставуваат прв степен во каскадата брани и хидроелектрани на реката Треска. Со изградбата на оваа брана се оформува голем акумулационен простор и како челна акумулација обезбедува регулирана вода за низводните хидроелектрани како и вода за наводнување на Скопско Поле после изградбата на хидромелиоративниот систем Скопско Поле и техничка вода за индустријата во Скопје. Една од основните намени на оваа акумулација е исто така и ретензија на поплавниот бран од р. Треска во време на големи води, за што во акумулацијата е обезбеден простор од 100 милиони м3.

 Првите идеи за изградба на оваа ХЕ се јавени после поплавата на Скопје во 1962 година, а кои покасно се разработени во Студијата за регулација и контрола на река Вардар, изработена од фирмата Норконсулт А.С. - Осло, Норвешка и финансирана од Обединетите Нации.

 Акумулацијата е со волумен 550 милиони м3, од кои корисниот волумен е 260 милиони м3.

Историјат
  Студии и Идејни проекти од 1962 година.
  Главен проект од 1989 година.
  Почеток на градба во јули 1994 година.
  Пуштање во работа на ХЕ Козјак во 2004 година.

 Вкупните средни годишни дотекувања изнесуваат 715,87 милиони м3, додека просечниот проток е 22,70 м3/с.

Доводен систем
 Доводниот тунел со кружен пресек е со должина 460 м, а дијаметарот е 5,00 м. Прагот на влезниот објект поставен е на кота 420,00 м.н.в.

Брана и акумулација
 ХЕ Козјак има камено насипна брана со висина од 126,1 м, при што се формира акумулација со вкупен волумен од 550 милиони м3, од кои корисниот волумен изнесува 260 милиони м3. Максималното работно ниво на акумулацијата е 459,00 м.н.в. а минималното е 432,00 м.н.в.

Хидроелектрана
 Хидроелектраната Козјак е проектирана и изведена со инсталирана снага од 80 MW и годишно производство од 156 GWh.

 Машинската зграда се наоѓа во подножјето на браната. Во зградата се сместени 2 агрегати опремени со Францис турбини со вертикална оска, како и со трофазни синхрони генератори. Трите трансформатори се сместени надвор од машинската зграда.


Локацијата на разводната постројка 110 kV е надворешна.

 

Основните карактеристики на ХЕ Козјак се:

 Тип на електрана

 прибранска-акумулациона

 Локација

Скопје

 Слив

Река Треска

 Број на агрегати

2

 Инсталирана моќност

80 MW

 Просечно годишно производство 

 156 GWh

 Пуштање во работа

2004

 Нето висински пад

95 м

 Инсталиран проток

100 (2x50) м3/сек

 Тип на турбина

Францис



Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Nov-2008 at 23:03
ХЕ Глобочица
ХЕ Глобочица се наоѓа во Западна Македонија на реката Црн Дрим, околу 30 км. северно од Струга. Оваа деривациона електрана, која го затвора тесниот профил на р. Црн Дрим, со својата акумулација врши неделно израмнување на дијаграмот на потрошувачка.

 Акумулацијата е со волумен 58,4 милиони м3, од кои корисниот волумен е 13,2 милиони м3. За глобочичката акумулација со посебни доводи се доведуваат водите на р. Јабланска и р. Селечка. Последната е приклучена во водостанот и оттука преку тунелот се води во акумулацијата.

Историјат
   1954 - 1956 Во овој период се работени Идејните проекти со инвестиционата програма
   1957 - 1961 Започната е изработка на Главниот проект, за во 1960 година да започне и изградбата на електраната
   1965           Пуштање во работа на ХЕ Шпилје

 Вкупните средни годишни дотекувања изнесуваат 964 милиони м3, додека просечниот проток е 34,13 м3/с.
Површината на сливот изнесува вкупно 3118 км2.

Доводен систем
 Доводниот тунел под притисок е со кружен пресек и должина од 7740 м, дијаметарот е 4,40 м, V=2,47 м/сек. Прагот на влезниот објект поставен е на кота 673,50 м.н.в.

 Водостанот е цилиндричен тип со пригушител, две долни проширувања од кои едното се користи како деаерациона комора и една горна комора од диференцијален тип со преливен праг и отвор во вид на вертикална шахта низ која се воведуваат зафатените води од р. Селечка.

Брана и акумулација
 ХЕ Глобочица има камено насипна брана со висина од 94,5 м, при што се формира акумулација со вкупен волумен од 58,4 милиони м3, од кои корисниот волумен изнесува 13,2 милиони м3. Нормалното проектирано работно ниво на акумулацијата е 687,50 м.н.в. а минималното е 682,00 м.н.в.

Хидроелектрана
 Хидроелектраната Глобочица е проектирана и изведена со инсталирана снага од 42 MW и годишно производство од 191 GWh.

 Машинската зграда се наоѓа на десниот брег на р. Црн Дрим, на 7,8 км низводно од браната, непосредно узводно од вливот на Селечка река. Во зградата се сместени 2 агрегати опремени со Францис турбини со вертикална оска, поставени на кота 576,75 м.н.в., како и со трофазни синхрони генератори. Трите трансформатори се сместени надвор од машинската зграда.

Локацијата на разводната постројка 110 kV е надворешна

Основните карактеристики на ХЕ Глобочица се:

 Тип на електрана

 деривационо-акумулациона

 Локација

Струга

 Слив

Река Црн Дрим 

 Број на агрегати

2

 Инсталирана моќност

42 MW

 Просечно годишно производство 

 191 GWh

 Пуштање во работа

1965

 Нето висински пад

95,29 м

 Инсталиран проток

50 (2x25) м3/сек

 Тип на турбина

Францис




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Nov-2008 at 23:05
ХЕ Света Петка (во изградба)
ВОВЕД

ХЕЦ Св. Петка (претходно Матка 2) е алката која недостасува за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска. ХЕЦ Св. Петка е лоцирана меѓу новата ХЕ Козјак (во изградба, околу 16 километри возводно од Св. Петка) и постојната ХЕЦ Матка, лоцирана низводно.

Објектот ХЕЦ Св. Петка во рамките на повеќенаменскиот ХС Скопско Поле-подсистем Козјак-Матка има основна намена да го искористи расположивиот хидроенергетски потенцијал на истечните води од ХЕЦ Козјак и локалните води од сливот на река Треска на потегот од профилот ХЕЦ Козјак до профилот ХЕ Св. Петка.

Освен горенаведената намена, со корисниот простор на акумулацијата ХЕЦ Св. Петка заедно со расположивиот корисен акумулационен простор од постојната акумулација Матка, треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕЦ Козјак, (проектирана и изградена да работи како врвна електрана според дневните потреби на конзумот), според потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ Матка (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби). Како енергетски објект ХЕЦ Св. Петка практично ќе работи како проточна хидроелектрана со истечните води на ХЕЦ Козјак во тек на денот, пререгулирани и максимално воедначени според барањата на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ Матка. Со паралелна работа на ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Св. Петка ќе се добие дополнителна расположива снага од ц.ц.а. 110 MW во електроенергетскиот систем.

За овој проект досега е припремена следната техничка документација:

  • Геолошки, геотехнички и сеизмички студии;
  • Студии за оптимално искористување на потенцијалот на р. Треска;
  • Идеен проект;
  • Фисибилити студија “ Инвестициони можности во енергетскиот сектор ” -Компонента 3: Хидроелектрана Св. Петка (Матка II ) Техничка & Еколошка студија за реката Треска, финансирана преку FARE Програмата и изработена од Конзорциум на компании предводен од EXERGIA S.A. (Грција).

 

Во наредниот период треба да се изготви Главен проект и Тендерска документација за финансирање и набавка на опрема.

 

Финансирањето на проектот се планира дел од сопствени средства на ЕЛЕМ, дел од средства од Механизмот за Чист Развој (CDM), а дел преку обезбедување на кредит за главните градежни работи и опремата, со следниот распоред:

Сопствени средства на ЕСМ

12,900 мил.ЕУР

Механизам за Чист Развој

6,000 мил. ЕУР

Кредит

 31,730 мил.ЕУР

 

 

 

 

ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Пристап до локацијата

Пристапот до локацијата на ХЕЦ Св. Петка е во моментов возможен или со брод преку акумулацијата Матка 1, долж речното корито, или пешки низ планинската патека на левиот брег на реката. Новиот пристапен пат е во завршна фаза на изградба.

Брана

Браната ќе биде двојна лачна брана, со висина од 69 m, со должина на круната од 118 m, ниво на круна на 364 мнв, и со вкупен волумен на браната 27.325 m 3 .

Акумулација

Акумулацијата ќе покрие површина од 0,54 (km) 2 на минимално работно ниво од 355 мнв и максимална површина од 0,62 (km) 2 , на максимално ниво од 357,3 мнв. Вкупниот волумен е 9,1 x 10 6 m 3 , со активен волумен од 1,1 x 10 6 m 3 . Должината на акумулацијата е 11 km долж реката Треска.

Капацитет на турбината

Инсталираниот капацитет на централата е 36,4 MW. Две Франсис турбини, секоја со 18,2 MW се инсталирани во ХЕЦ. Проектираниот протек низ турбините е 2 x 50 m 3 /s.

Трошоци

Вкупните трошоци за ХЕЦ Св. Петка се проценети на 44.630.000 евра, и се составени од следниве елементи:

  • Претходни : 1.738.000 евра ;
  • Подготвителни работи: 5.961.000 евра ;
  • Главни градежни работи: 23.800.000 евра ;
  • Оскултација на брана : 250.000 евра ;
  • Експропријација, итн: 500.000 евра ;
  • Електромашинска опрема: 12.381.000 евра .

Реализацијата на проектот е предвидена да биде во период од 4 години.

Хидролошки податоци

Потребните хидролошки податоци за акумулациите на ХЕЦ Св. Петка и Матка 1 се обезбедени од ЕСМ.

Протеците за годините 1993, 1985 и 1963 се сметаат за репрезентативни за целиот период 1946 – 1995. Годината 1993 е најсушна (10,5 m 3 /s), просечните протеци се регистрирани во 1985 (21,8 m 3 /s), додека максималните протеци се појавија во 1963 (51,7 m 3 /s). Протеците за овие три години се искористени при пресметките за енергетското производство.  

Енергетско производство

За пресметка на енергетското производство, е користено компјутерскиот модел HEC-5. Овој програм е развиен на Хидролошкиот Инжинерски Центар (HEC) на Военото Тело на Инжинери на Армијата на САД ( US Army Corp of Engineers ).

Енергетските пресметки се направени за неколку сценарија. Сценариото кое е усвоено за економската проценка на животниот век го зема предвид следново:

•  потребата од еколошки протек од 3,5 m 3 /s низводно од ХЕЦ Матка 1;

•  потреби од наводнување од 105 милиони m 3 низводно од ХЕЦ Матка 1;

•  најдобра ефиксност за работа на ХЕЦ Св. Петка (протек од 45 m 3 /s за секоја Францис турбина).

Економска проценка на животниот век

Економската проценка на животниот век се заснова на показатели и критериуми во врска со дисконтираните трошоци и приходи, кои резултираат во текот на работниот век на анализираното решение. Основните претпоставки се следниве:

  • Сопствен капитал: 20% од вкупната потребна инвестиција;
  • Долгорочен заем: 80% од вкупната потребна инвестиција;
  • Долгорочен заем ( период од 20 години, грејс период 6 години, камата 3%) ;
  • Животен век на инвестицијата од 25 години.

Понатаму е претпоставено дека производството на Св. Петка ќе ја замени делумно моќноста од ТЕЦ Неготино, со погон на мазут, и тоа целосно од виртуелна гасна турбина со ист капацитет.

Резултатите ги вклучуваат следниве параметри:

  • Дисконтиран производен трошок: 51,76 €/MWh;
  • Интерна Стапка на Рентабилност (на сопствените вложувања) 10,5%;
  • Нето Сегашна Вредност: 4.400.000 €.

Врз основа на овие резултати, треба да се нагласи дека проектот Св. Петка може да се смета економски исплатлив од аспект на ЕЛЕМ, со оглед на тоа што овозможува поврат на сопствениот капитал од 10,5% во реални услови, кој е поголем од потребните 6%. Понатаму, дисконтираниот производен трошок од 51,76 €/MWh се смета за конкурентен, во споредба со трошокот кој би се јавил доколку вршната енергија се произведува со гасни турбини.

Вклучена е исто така и параметричка анализа, која се однесува на несигурноста поврзана со бројни критични параметри.

Еколошки аспекти

Генералниот заклучок од Проценка на влијанијата врз животната средина (EIA) е дека акумулацијата ќе има позитивни ефекти. Нејзиното влијание ќе биде позитивно како извор на животна средина. Од постоењето на акумулацијата ќе има придобивки и вработувањето.

Нивото на акумулацијата ќе биде од големо значење. Позитивните влијанија ќе бидат уште поголеми тогаш кога акумулацијата е полна, но ќе бидат значително помали и дури негативни, тогаш кога нивото е мало.

 

На почеток

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ХЕЦ СВ. ПЕТКА

Основните податоци и главните карактеристики на ХЕП Св. Петка се следниве :

Хидрологија

Површина на сливно подрачје

1.815

km 2

Природен среден протек 1946/1995

21,85

m 3 /s

Корисен среден протек

20,71

m 3 /s

Користен годишен протек

653,10

10 6 m 3

Големи води

Q10.000 =

1.200

(1.800)*

m 3 /s

 

Q1.000 =

600

(1.200)*

m 3 /s

 

Q100 =

<100

(540)*

m 3 /s

 

Q10 =

<100

(480)*

m 3 /s

 

Q 5 =

<100

(350)*

m 3 /s

 

Q 2 =

<100

(175)*

m 3 /s

*)без акумулацијата “ Козјак ”

 

Акумулација

Тип

Дневна

 

Максимално работно ниво

357,30

мнв

Минимално работно ниво

355,00

мнв

Корисен волумен

1,10

10 6 m 3

Вкупен волумен

(max/min) 9,10/8,00

10 6 m 3

Ниво на гравитација

356,20

мнв

Површина при МРН

0,62

km 2

Должина на акумулација

11,00

km

Енергетски волумен

3,52

GWh

 

Брана

Тип

Двојна лачна брана

 

Висина

69,00

m

Ниво на круна

364,00

мнв

Должина на круна

118,00

m

Ширина на круна

2,00 (4,40)

m

Ископ во алувиум

10.200,00

Ископ во карпа

19.633,00

Количина на бетон

27.325,00

 

Прелив

Тип

Шахтен прелив

 

Дијаметар на шахтот

23,00

m

Должина на преливен тунел

268,00

m

Дијаметар на тунел

9,40

m

Ниво на круна

357,30

мнв

Максимален протек (Q 10.000 )

1.200

m 3 /s

 

Темелен испуст

Тип

Тунел со шахтна затворачница

 

Должина

43

m

Дијаметар

3,50

m

Напречен пресек

2,40/3,00

 

Опрема за затварање

Еден (1) комплет ревизионен затворач Ш/В = 2,40/3,00

m

Еден (1) комплет помошен затворач Ш/В = 2,40/3,0

m

Максимален капацитет (Q max )

136,00

m 3 /s

Кота на прагот на зафатот

324,50

мнв

 

Опточен тунел

Тип

Тунел со армирано – бетонска облога

 

Должина

31,45

m

Дијаметар

4,00

m

Опрема за затворање

Една (1) дамбалкина Ш/В = 3,2/4,0

m

Максимален капацитет (Q max )

120,00

m 3 /s

Кота на прагот на зафатот

320,00

мнв

 

Доводни органи

Тип

Два (2) независни челични цевоводи низ браната, со армирано – бетонска облога со дебелина 10 mm

 

Должина

2 x 35,5

m

Дијаметар

3,20

m

Опрема за затворање

Два (2) комплета на ревизиони затворачи Ш/В =2,6/3,2

m

Инсталиран протек (Q max )

2 x 50,00

m 3 /s

Кота на прагот на зафатот

330,00

мнв

 

Електрана

Тип

 

Надворешна

Волумен

 

9.775m³

Турбини Тип

 

Франсис

Инсталирана моќност

2 x 18,2=36,4

MW

Бруто пад (max / min)

H max /H min = 40,30/37,40

m

Нето пад (max / min)

H max /H min = 40.00/36,60

m

Проектиран протек

2 x 50 = 100

m 3 /s

Генератори

Синхрони

2 x 22,5 MVA

Брзина

214,3

Врт/мин

Трансформатори

Тип, блок

2 x 22,5 MVA

Годишно производство

66

GWh




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Nov-2008 at 23:09
ХЕ Бошков Мост (планиран)
ХЕ Бошков Мост се предвидува да се изгради на Мала Река, блиску до градот Дебар и магистралниот пат Скопје-Дебар-Охрид.

  Предвидена е изградба на брана и акумулација со зафатни градби на сите притоки на Мала Река, деривациони канали, главен доводен деривационен тунел, цевовод и машинска зграда.

  На крајот на доводниот тунел е лоциран цилиндричен водостан. Водата од водостанот се води преку два цевоводи до машинската зграда.

Техничката документација е на ниво на Главен Проект.

 

Основните карактеристики на ХЕ Бошков Мост II се:

 Просечен проток

 4,60 m3 /s

 Просечно производство

 126,7 GWh

 Конструктивна висина на брана

 44,40 m

 Геодетска висина на брана

33,80 m

 Дијаметар на доводен тунел

 2,70 m

 Инсталиран проток

 22,00 m3 /s

 Број на агрегати

 2

 Инсталирана снага

 70,00 MW

 Номинален пад

 365,00 m

 Тип на турбина

 Пелтон

 Тип на генератор

 Трифазен синхрон

 Инвестициона вредност

 70.000.000 EURO

 Време на градба

 4 години




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-Nov-2008 at 23:10
ХЕ Чебрен (планиран)
ХЕ Чебрен се предвидува да се изгради на Црна Река, блиску до селото Манастир, 7 км узводно од Расимбегов Мост.

 Со својот голем акумулационен простор, оваа ХЕ има можност да го регулира природниот проток на Црна Река. Оваа акумулација е прва во низата на три енергетски скалила и има голема важност за производство на квалитетна енергија, не само во ХЕ Чебрен туку и во низводните електрани, изградени или планирани (ХЕ Тиквеш и ХЕ Галиште).

 ХЕ Чебрен е прибранска електрана лоцирана во близина на гравитационо лачната брана. Во проектната документација преливниот орган се предвидува да биде преку браната а темелниот испуст е лоциран во телото на браната.

 

Основните карактеристики на ХЕ Чебрен се:

 Просечен проток

26,00 m3 /s

 Просечно производство

840/786 GWh

 Конструктивна висина на брана

192,50 m

 Геодетска висина на брана

180 m

 Инсталиран проток (турбина/пумпа)

231/208 m3/s

 Број на агрегати

3

 Инсталирана снага(турбина/пумпа)

333/347 MW

 Номинален пад (макс/мин)

172/150 m

 Тип на турбина

Францис реверзибилна

 Тип на генератор

 Трифазен синхрон

 Инвестициона вредност

318.489.000 EURO

 Време на градба

6 години




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:16
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 12-Nov-2008 at 23:11
ХЕ Галиште (планиран)
ХЕ Галиште се предвидува да се изгради на Црна Река на почетокот на постоечката акумулација Тиквеш. Таа е прибранска електрана.

 Електраната се состои од следните објекти: камено насипана брана со глинено јадро, опточен тунел кој после изградбата ќе се користи како темелен испуст, шахтен прелив, доводен тунел, цевовод и машинска зграда со три агрегати.

Техничката документација е на ниво на Идеен Проект.

 

Основните карактеристики на ХЕ Галиште се:

 Просечен проток

 28,90 m3 /s

 Просечно производство

 262,50 GWh

 Конструктивна висина на брана

 141,50 m

 Геодетска висина на брана

138,50 m 

 Инсталиран проток

180,00 m3/s

 Број на агрегати

 3

 Инсталирана снага

 193,50 MW

 Номинален пад

 129,20/78,30 m

 Тип на турбина

 Францис

 Тип на генератор

 Трифазен синхрон

 Инвестициона вредност

200.241.000 EURO

 Време на градба

7 години




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:16
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 12-Nov-2008 at 23:12
ХЕ Велес (планиран, дел од вардарска долина)
ХЕ Велес се предвидува да се изгради на реката Вардар блиску до Башино Село узводно од градот Велес.

 Со идната акумулација ќе се потопи железничката пруга Скопје-Велес. Заради тоа пругата треба да биде дислоцирана на повисоко ниво. Дислокацијата на пругата треба да се изведе пред изградбата на браната.

 Пристапот до преградното место е овозможен преку автопатот Скопје-Велес.

 ХЕ Велес е прибранска електрана со гравитациона бетонска брана. Машинската зграда е лоцирана во речното корито непосредно низводно од браната.

 Техничката документација е на ниво на Идеен Проект за изградба на браната и за изместувањето на пругата. Новата дислоцирана железничка линија се предвидува да биде двоколосечна со проектна брзина од 160 Kм/h, односно со многу подобри карактеристики од постојната. Времето потребно за дислокација на пругата е три години и треба да биде завршена пред изградба на браната.

 

Основните карактеристики на ХЕ Велес се:

 Просечен проток

 86,32 m3 /s

 Просечно производство

 300,60 GWh

 Конструктивна висина на брана

 69,00 m

 Геодетска висина на брана

59,50 m 

 Инсталиран проток

195,00 m3/s

 Број на агрегати

 3

 Инсталирана снага

 93,00 MW

 Номинален пад

 53,50 m

 Тип на турбина

 Францис

 Тип на генератор

 Трифазен синхрон

 Инвестициона вредност

251.000.000 EURO

 Време на градба

7 години




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Nov-2008 at 23:13
ХЕ Градец (планиран, дел од Вардарска Долина)
ХЕ Градец е предвидено да се изгради на реката Вардар, 30.4 км од Македонско-Грчката граница. Преку автопатот Скопје-Гевгелија е овозможен пристап директно до круната на браната.

 Машинската зграда е составен дел од телото на браната а во неа се сместени два агрегати со Каплан турбини.

 Железничката пруга Скопје-Гевгелија ќе биде потопена со формирањето на идната акумулација. Заради тоа пругата треба да се дислоцира на повисоко ниво а овој обем на работи треба да биде предвиден при изведбата на браната.

 Техничката документација е на ниво на Главен Проект за преливниот дел и машинската зграда а за левиот и десниот гравитационен дел на браната на ниво на Идеен Проект.

 

Основните карактеристики на ХЕ Градец се:

 Просечен проток

 152,70 m3 /s

 Просечно производство

 252,40 GWh

 Конструктивна висина на брана

 42,50 m

 Геодетска висина на брана

33,00 m 

 Инсталиран проток

240,00 m3/s

 Број на агрегати

 2

 Инсталирана снага

 54,60 MW

 Номинален пад

 27,15 m

 Тип на турбина

 Каплан

 Тип на генератор

 Трифазен синхрон

 Инвестициона вредност (брана + пруга)

156.800.000 EURO

 Време на градба (брана + пруга)

4 години




Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:14
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Nov-2008 at 23:24
ТЕ Битола
Рударско енергетскиот комбинат Битола е лоциран во општината Новаци основана во 1975 година. Комбинатот се наоѓа на периферијата од Пелагониската рамнина. Комбинатот чија основна дејност е производство на електрична енергија и јаглен е најголем во системот на македонското електростопанство и е составен од две производни единици: Рудник Суводол и Термоелектрана  и Работна единица.

  Производството во комбинатот е започнато во 1980 година, со ископ на јаловина од првиот БТО систем(багер, трака, одлагач), а првите киловатчасови електрична енергија се добиени во 1982 година кога во работа е пуштен првиот од трите блока на електраната. Производството го овозможуваат три блока чија моќност со реконструкција во 1994 година е зголемена за дополнителни 15 MW по блок или за вкупно 45 MW нова моќност, така што сега инсталираната моќност по блок изнесува 225 MW или вкупно 675 MW. Годишното производство на електрична енергија изнесува 4600 GWh.

  Сиот овој потенцијал во РЕК Битола овозможува над 70% учество на комбинатот во вкупното производство на електрична енергија во електроенергетскиот систем.

  Кога се говори за РЕК Битола не треба да се изостави фактот дека се работи за едно перманентно високо производство, кое споредено со енергетските објекти од овој вид, дури И споредено во пошироки рамки заслужува голем респект. Ова го потврдува И постојаното натфрлување на годишните производни биланси.

 

 Локација

 Новаци, Битола

 Број на единици

 3

 Тип на гориво

 јаглен

 Година на започнување со работа

 1982/1984/1988

 Парен котел

   Тип
   Произведувач
   Капацитет

 

 p-65
 ZIO-Podoljsk, Русија
 700t/h

 Парна турбина

   Тип
   Произведувач
   Снага

 

 K-210-130-3
 LMZ, Русија
 225 MW

 Генератор

   Тип
   Произведувач
   Снага

 

 TBB-200-2A
 Elektrosila, Русија
 247 MVA

 Ладилна кула

 3


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-Nov-2008 at 23:26
ТЕ Осломеј
Најголемиот дел од производството на електрична енергија во Република Македонија, некаде околу 80 %, е базирано на термоелектрани. Најмал термоенергетски капацитет во составот на електроенергетскиот систем е Рударско енергетскиот комбинат Осломеј кај Кичево со инсталирана моќност на блокот од 125 MW И нето годишно производство од околу 700 GWh/год.

  РЕК Осломеј започна со производство во 1980 година , и се до денес забележува одлични производни резултати. Со инсталирана моќност од 125 MW оваа електрана обезбедува околу 10 проценти од вкупното производство на електрична енергија во  Република Македонија. Оваа термоелектрана како основно гориво користи јаглен со просечна калорична вредност од 7600 kJ/kg, а потрошувачката на јаглен изнесува 1,5 kg/Wh, додека потрошувачката на мазут е 2.16 gr/Wh. Годишниот ископ на јаловина изнесува над 3 милиони метри кубни јаловина и над 600.000 тони јаглен годишно.

 Локација

 Осломеј, Кичево

 Број на единици

 1

 Тип на гориво

 јаглен

 Година на започнување со работа 

 1989

Парен котел

   Тип
   Произведувач
   Капацитет

 

 OB-380
 Rafako, Полска
 380t/h

Парна турбина

   Тип
   Произведувач
   Снага

 

 13К-125
 Zameh, Полска
 125 MW

Генератор

   Тип
   Произведувач
   Снага

 

 TGH-120
 Zameh, Polska
 120 MW

  Ладилна кула

 1

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 12-Nov-2008 at 23:34
Рудници
Обезбедувањето енергија е основен предуслов за економскиот развој на секоја земја. Стопанскиот развој на секоја земја е во посотојана и директна врска со сопствениот енергетски потенцијал. Најголемо, нагласено место од енергентите завзема јагленот.

Основен енергент во Електроенергетскиот систем во Р.Македонија за производство на електрична енергија во термоелектраните е нискоколоричниот јаглен – лигнит.

Се очекува јагленот и во иднина да има поголема примена во индустријата, топлификацијата и широката потрошувачка. Нашата земја е во многу висока енергетска зависност од неговото истражување, производство и користење.

Природните услови и утврдените резерви на јагленовите лежишта, како и техничките можности на енергетскиот систем се гарант дека и во наредниот период ќе продолжи континуираното работење на термоелектраните.

Стратешки може да се констатира дека иднината на енергетиката во Македонија е во веќе утврдените и потенцијални резерви на јаглен.

Базната енергија на електроенергетскиот систем на државата се темели врз јагленовиот потенцијал на Кичевскиот и Пелагонискиот басен со утврдените јагленови наоѓалишта. Суводол, Брод-Гнеотино, Живојно, Осломеј, Поповјани и Страгомиште, кои овозможија отварање на двата наши големи површински копови на јаглен ПК Осломеј и ПК Суводол.

Јамската експлоатација на јагленот на нашите простори сеуште не е застапена.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Nov-2008 at 23:35
ПК Суводол
Површинскиот коп Суводол се наоѓа во склоп на РЕК Битола и како рудник за експлоатација на јаглен – лигнит има примарно значење за производство на електрична енергија во Термоелектраните Битола 1, 2 и 3 со инсталирана снага од 3 х 225 MW.


 Термоелектраните во РЕК Битола работат со полн капацитет и учествуваат во вкупното производство на електрична енергија во Р.Македонија со 70-80%.


 Површинскиот коп Суводол се наоѓа источно од Битола на оддалеченост од 15км и зафаќа површина од околу 9,0 км2. Експлоатацијата на рудникот Суводол е започната во 1977 година со откопување на јаловината, а во средината на 1982 година е започнато откопувањето на јаглен.


 Рудникот Суводол е отворен врз база на извршените истражни работи во 1972 – 1974 година и изработениот “Елаборат за рудни резерви” од 1975 година со кои беа утврдени и заверени геолошки резерви од цца 175.000.000 т., а со искористување од 95% на минералната суровина, односно 5% загуби, се пресметани експлоатациони резерви од 161.000.000тони, со просечен однос на јаглен и јаловина 1 :3,9.


 Јагленовиот слој е со просечна дебелина од 19,8 метри и се наоѓа на длабочина од 30-100 метри.
Технолошкиот процес на експлотација во ПК Суводлол се базира на класична континуирана технологија на ископ, транспорт и одлагање на откривката. Во работа се 3 БТО системи (Багер, Транспортер, Одлагач), и врз основа на карактеристиките на расположивата механизација и геометријата на копот, извршени се сите анализи за вертикалната распределба на етажите и динамиката на ископот.


 При изборот на технологијата на работа на системите, земени се во предвид технолошките карактеристики на секоја багерска единица поединечно, како и геометријата на откопниот блок а врз основа на усвоените гемеханички параметри.


 Според вертикалната распределба на масите по системи, откопувањето се врши со следната технологија: На I и II БТО систем работат ротобагери тип SRs - 2000, со теоретски капацитет од 6000м3/ч, систем на транспортни ленти со ширина од 1,8 метри и конзолен чекорен одлагач ZP-6600 со теоретски капацитет од 6000м3/ч.


 На О БТО систем работи, ротобагер SRs – 1300 со теоретски капацитет од 4.000 м3/ч, систем транспортни ленти со широчина од 1,6м и одагач тип А2Rs – 5500 со теоретски капацитет 5500 м3/ч.


 Со I и II БТО систем се врши ископ на јаловината во три етажи: висинска, подетажа и длабинска, а се одлага на надворешните одлагалишта, додека ископната јаловина од О БТО систем се одлага во внатрешното одлагалиште.
На приложените слики е прикажана опремата која се користи во ПК Суводол.


 Системот за ископ, транспорт и дробење на јагленовиот систем го сочинуваат следниве машини: два ротобагери SRs – 630 со теоретски капацитет од 2 х 1200т/ч, еден рогобагер Кu – 300 со капацитет од 2.200т/ч и систем на транспортни ленти со ширина од 1,6м, дробилична постројка со капацитет од 2 х 1250т/ч и уреди за издвојување на гранулиран јаглен за широка потрошувачка со капацитет од 300.000 т/год.


 Машините и уредите кои го сочинуваат јаагленовиот систем, технолошки се поврзани преку заштита и блокади со комбинирани машини (ротобагери) на депонијата за јаглен во термоелектраните кои можат истовремено да одлагаат и да копаат.


 Годишниот капацитет на откопан јаглен од рудникот е 6,5 х 106т јаглен.


 Според последните анализи динамиката на завршување со работа на системите е следниот:

II БТО систем

2006 година

I БТО систем

2009 година

0 БТО систем

2010 година

јагленов систем

2012 година


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.191 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.