build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: АДИССДП - Комерцијални згради
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

АДИССДП - Комерцијални згради

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: АДИССДП - Комерцијални згради
    Posted: 20-Oct-2008 at 23:18
Ќе градиме 1.500 комерцијални станови по пониски цени


За три години ќе се изградат илјада комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола и тоа по цена од 800 евра за квадратен метар


Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) ќе почне со изградба на станови за да ги урне високите цени на квардатниот метар. Директорот на ЈПССДП, Ивица Коневски најавува почеток на тригодишна изградба на илјада комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола и тоа по цена од 800 евра за квадратен метар. Според него, ова е релативно ниска цена и се разликува од цените на станбен квадрат што во моментов ги продаваат други градежни компании. На пазарот на недвижности, цените на станбен квадрат во Скопје се движат од 800 евра па нагоре.
- Идната година ќе понудиме поголем фонд на станови за продажба со цел да ја спуштиме цената на квадратот на пазарот на недвижности - вели Коневски.

Тој не ја исклучува можноста сегашната цена од 800 евра за квадратен метар да се намали со оглед дека тоа е тренд секаде во светот. Покрај комерцијални станови, ЈПССДП (ќе) гради социјални станови, како и станови за деца без родители. Покрај 102-та социјални стана во Ѓорче Петров и 29-те во Македонска Каменица, што се во фаза на градба, до крајот на годинава ќе се почне со изградба на такви објекти и во Кавадарци, Кочани, Крива Паланка, Охрид, Кичево и Штип, а од идната година и во други градови.

Поради високиот квалитет во изведбата на станбената изградба, на Јавното станбено претпријатие вчера му беше врачен сертификатот ИСО 9001:2000 од страна на реномираната сертификациона куќа СГС или Сосиете Женерале од Женева.
- Со овој сертификатот ЈПССДП е вброено на листата на доверливи испорачатели на услуги и меѓу најпознатите светски фирми и јавни претпријатија кои го добиле ова признание како што се ИБМ, Бритиш Ервејз, Бритиш Телеком, Ер Франс, општините Женева, Будимпешта, Братислава и уште 300 други европски општини и јавни претпријатија. Ова е прв сертификат за јавно претпријатие во Македонија и се надевам дека ќе биде поттик и за другите - рече Маринко Копола од СГС.

За министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески постигнувањето на европските стандарди е од големо значење за македонските јавни претпријатија.
-Со овие стандарди се осигурува висок квалитет на услугите со кои, освен што ќе се обезбеди поголемо задоволство кај потрошувачите, ќе се обезбеди и соединување со европскиот пазар - нагласи Јанакиески. 

http://vecer.com.mk/?ItemID=A5CA256674383E43A3CC8DE71CBE4AC0

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jul-2009 at 07:11
ММ има некој рендер на градилиштето? Дали знаеш колку ката биде?
 
Еве веб страна од изведувачот али нема инфо за овој проект   www.bemosv.mk  
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Dec-2009 at 12:36

Догодина државата ќе гради 492 социјални станови и 612 за продажба

Изгрaдбата останува приоритет на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) во 2010 година, во која планира  да почне да гради 612 станови за продажба, од кои 515 во Скопје и 67 во Битола.

Ќе стартува изградбата и на 492 социјални станови, 356 во Скопје, 44 во Гевгелија, 51 во Берово и 41 во Струмица. Тоа го најавува директорот на ЈПССДП Владимир Бахчовановски во интервју за МИА.
 
Капитално дело, истакнува Бахчовановски, останува стадионот, а има начелна одлука да градиме катна гаража кај плоштадот Македонија меѓу МЕПСО и Т- Хоме, во висина од 29 метри. Со објекти од комерцијална градба ќе бидеме сконцентринари во општина Центар, Карпош и  Аеродром, вели Бахчовановски и додава дека комерцијалните градби во Општина  Аеродором ќе бидат во населбата Стар Аеродором, каде треба да се постигне договор за локации со лицата кои живеат во тн. воени бараки. 
 
ЈПССДП ќе биде вклучено и во проектот „АРМ мој вистиски дом“, при што ќе се грижи за проектирање и изградба на становите за вработените во АРМ.
 
Цената на становите за младите брачни парови со оглед на тоа што стапи во сила одлуката за пет проценти ДДВ ќе се движи од 750 до 770 евра по метар квадратен, а кај комерцијалните максималната цена во Центар би била од 850 до 900 евра, информира Бахчовановски. 
 
Според него,  моментната просечна цена на становите од приватните компании од 1.200 до 1300 евра по метар квадаратен е нереална.
 
- Не може приватните фирми да тврдат дека бруто произведен метар квадратен чини повеќе од 550 евра, па и со највисоко софистицирани квалитетни материјали. До 1.300 евра има уште многу. Ним им е намален трошокот. Градежните компании плаќаа 18 проценти ДДВ, а сега 5 проценти, вели Бахчовановски и додава дека одобренијата за градба се издаваат на физички лица кои не се ДДВ обврзници и понатаму становите се продаваат од физичко на физичко лице, со што се изигрува државата со плаќањето ДДВ.
 
Бахчовановски истакнува дека освен во Скопје, Охрид, Битола и Штип, побарувачката на станови во останатите градови е многу мала. Злоупотребата на толку високата цена на чинење е само поради фактот што сите луѓе од Македонија сакаат да купат стан во Скопје и тоа во Центар, Кисела Вода, а во наредниот период поради пребукираноста на тие две општини, тежиштето веројатно ќе биде во Општина Карпош, смета директорот на ЈПССДП.

sitel.com.mk

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 31-Mar-2010 at 12:50

Започна продажбата на 50 стана за млади брачни парови

Наташа Стојановска Коментари (0)   
31.03.2010 12:11
 

 

50 станови изградени од јавното станбено претпријатие од денеска се на продажба по цена од 750 евра за квадрат. Граѓаните уште рано утрово чекаа да ги видат условите за да аплицираат. Станува збор за станови наменети за млади брачни парови и самохрани мајки.

Доколку се случи накои од барателите да имаат ист број бодови, тогаш предност ќе им се даде на оние кои први аплицирале.

Поднесувањето на документите почна од денеска, а ќе трае во наредните 15 дена.

Аплициравте ли денеска за стан?

„Не јас не аплицирав затоа што условите не беа погодни за нас, цената беше многу скапа околу 700 евра така што и кредитирањето не ни дозволува некој правила така што јас не аплицирав“, вели граѓанин.

Не ги исполнувавте условите?

„Условите ги исполнував, само заради цената не аплицирав“, додаде граѓанин.

Аплициравте за стан?

„Чекаме да аплицираме за ќерка ми за стан ама не ги знаеме се уште кои се условите“, изјавија граѓани.                                                                                                                                                 http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121594 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-May-2010 at 10:07
СТАНБЕНАТА ПОЛИТИКА НЕ ГИ СТИМУЛИРА БРАКОВИТЕ
Држава нуди прескапи станови

Елена Костовска

Становите за млади брачни двојки и за самохрани родители се достапни само за доброситуирани семејства, кои имаат големи месечни приходи, за да можат да ги платат високите рати. Овие станови се продаваат по цена од 800 евра за квадратен метар. За конкурирање се потребни десетина документи до кои тешко се доаѓа, најмногу бодови добиваат тие што можат веднаш целосно да го исплатат станот, а другите, доколку, сепак, дојдат до ваков стан, треба да земат комерцијален кредит во некоја банка. Социолозите коментираат дека ова не е политика што ќе ги охрабри младите да влегуваат во брак бидејќи немањето услови за живеење е една од причините поради која не се решаваат на овој чекор. Стан од 50 квадратни метри, лоциран во Ново Лисиче, во согласност со огласот за млади брачни двојки и самохрани мајки се продава по цена од 41.337 евра. Дури и да се вложи веднаш половина од износот, треба да се земе кредит од 22.000 евра и секој месец да се плаќаат по околу 11.000 денари. Во првите три години, месечната рата е со фиксна камата од 6,9 проценти, а во следните 17 со осум проценти променлива каматна стапка. Ова е банкарска симулација доколку месечни примања на брачната двојка се 35.000 денари, со рок на отплата од 20 години. Банкарите обично и не даваат кредит на подолг рок, ратата според прописите треба да биде една третина од примањата, така што тие со помали плати, практично и немаат услов за банкарски кредит. Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 41 стан во скопската населба Ново Лисиче наменети за продажба на млади брачни двојки, кои се на возраст до 38 години, кои се во брак до осум години, а 30 проценти од нив ќе бидат неменети за самохрани родители. Се продаваат станови од 50 до 60 квадратни метри, а бодирањето се врши според бројот на години во брак, бројот на деца и понудениот процент за учество во вкупната цена на станот. Тие што можат да ја платат целата сума во готово добиваат 44 од максимум 100 поени, а тие што имаат услови за почеток да платат 30 до 40 проценти од станот, ќе добијат само осум поени. Во агенциите за недвижен имот велат дека цената од 800 евра за еден квадратен метар не е државна помош зашто тука некаде се и пазарните цени на становите во оваа скопска населба, кои се движат од 900 до 950 евра. Брачните двојки се категорични дека цената од 800 евра за еден квадратен метар е висока и дека за толкава цена нема потреба од никакво декларирање на владина политика и од собирање еден куп документи. - Со сопругот во брак сме пет години и имаме две деца. Живееме под кирија зашто немаме пари да купиме стан. Нема да ни помогне ни овој оглас на Владата зашто цената е многу висока. Проклетството да се живее под кирија е што петпати ќе ја отплатиш цената на станот - вели една Скопјанка. Според социологот Илија Ацевски тука нема никаква социјална компонента, туку само можност до поевтини станови да дојдат тие што имаат пари. - Овие станови се наменети за средната ситуирана класа, за семејствата кај кои двајцата родители имаат месечни примања од 500 до 1.000 евра или за тие што се синови или ќерки на доброситуирани родители - вели Ацевски. Во агенцијата за недвижен имот „Хепинес“ велат дека јавното претпријатие за станбен и деловен простор ја пумпаат цената иако градат под многу поповолни услови и на државно земјиште. - Кај малку брачни двојки се вработени и двата возрасни членови на семејството. Нема ни гаранција дека ќе останат на работното место додека го отплатат станот - вели Сашо Поп Илоски, сопственик на „Хепинес“. Во споредба со Македонија, во Србија Владата субвенционира 20 проценти од цената на станот, додека другите се отплаќаат со поволен кредит што го даваат банките со фиксна каматна стапка од 5,25 проценти на годишно ниво.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2020&ArticleID=140659

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Jul-2010 at 14:31
Добро е се вразумиле од владава

Стопирани становите за млади брачни двојки

На оние што ги добија становите, Министерството за транспорт и врски ќе им понуди нов договор со нова клаузула, според која државата ќе им заб ра ни на младите брачни парови да ги препродаваат субвенционираните ста но ви во првите пет години. Оние што нема да го потпишат новиот до го вор, го губат станот

Јав но то претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор прив ре ме­но ги стопира сите договори за продажба на станови наменети за мла ди брачни парови и самохрани родители. Министерството за транспорт и врски ги менува условите за продажба и додава нова клаузула со која др жа ва та ќе им забрани на младите брачни парови да ги препродаваат суб вен ци о ни ра ни те станови во првите пет години. Забраната за продажба на становите ќе биде ставена во имотниот лист, а нотарите не смеат да ги за ве ру ва ат ваквите купопродажни договори.
От ка ко "Вест" ја откри скандалозната препродажба на суб вен ци о ни ра ни те станови, Владата веднаш за ова расправаше на прексиноќешната сед ни ца. Министрите заклучиле дека е направен превид во постојните до го во ри кој, практично, им дозволува лесна заработувачка на добитниците. Дел од брачните двојки кои пред еден месец ги добија становите по пов лас те на цена од др жа ва та за 750 евра по квадратен метар, сега ги про да ва ат за 1.200 евра.
"Не можеме да забраниме засекогаш да не можат да ги продаваат, но мо же ме да им забраниме тоа да го направат во првите пет години", изјави вче ра министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Са мо еден ден пред тоа, од Министерството тврдеа дека е противуставно да се мешаат во сопственоста, и изјавија дека единствената можна казна за препродавачите ќе била тоа што нема да може по вторпат да ап ли ци ра ат за ваков стан.
Спо ред податоците на Министерството, од вкупно 37 станови колку што пред еден месец беа распределени во скопската населба Ново Лисиче, само 10 се платени. Но ниту еден договор кој бил потпишан не бил конечен и ста пен во сила.
"До кол ку некој одбие да го потпише новиот договор, тогаш станот ќе го до бие второрангираниот. Ако никој не е заинтересиран, тогаш ќе рас пи ше ме нов конкурс за становите кои ќе останат непродадени", вели Ја на ки е ски.
Од Министерството тврдат дека новите договори не го стопираат вториот кон курс кој е во тек и со кој треба да се распределат дополнителни 56 ста нови во истата населба.
Ми нис терс тво то за транспорт и врски, во јуни годинава подели 37 станови во Скоп је. Интересот беше огромен, зашто за еден стан аплицираа по шест брач ни парови или вкупно 244 апликанти.
Ко га беше најавена изградбата на зградите со станови за млади брачни двој ки, и министерот Јанакиески и премиерот Груевски, во неколку нав ра ти, из ја ву ваа дека целта на Владата е да им помогне да го решат стан бе но то пра ша ње на младите брачни двојки кои не можат да дојдат до стан по па зар на цена, но и да влијаат врз намалување на цените на становите.
До крајот на 2012 година во Скопје, Охрид и во Велес ќе би дат изградени уш те три згради со 139 станови, наменети за продажба за млади брач ни двој ки и за самохрани родители.
Р.Фотиновска


http://www.vest.com.mk/?ItemID=A2265029FF76AE4D9F40CDE8044AAF9E&arc=1
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Aug-2011 at 13:47

300 нови државни комерцијални станови ќе се градат од септември

Соња Јованова

Со изградба на државни комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје јавното претпријатие ќе ги руши цените на становите

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) од септември почнува силна градена офанзива. Освен социјални станови и станови за млади брачни парови, во наредниот период станбеното претпријатие ќе почне интензивна изградба на станови за комерцијална продажба. Офанзивата ја најавува новиот директор на претпријатието, Цветко Грозданов, кој за “Капитал“ изјави дека има намера да го трансформира претпријатието во менаџерска фирма која ќе прави профит не само за плати на вработените, туку и за добивка, од која ќе се градат нови социјални станови.

“Становите кои ги продаваме во моментов се за 15%-20% поевтини од тие што моментално ги нудат приватните градежни компании. Од септември повеќе ќе се фокусираме на изградба на комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје. Прво почнуваме со една зграда кај Католичка црква, понатаму ќе следува изградба на уште една зграда кај Педагошки факултет, а се размислува и за градење во Ѓорче Петров, што севкупно е околу 300 станови“, вели Грозданов.

Тој додава дека цените на становите кои ќе се градат од септември ќе бидат повисоки од вообичаените по кои досега продаваше ЈПССДП, поради тоа што ќе се градат на атрактивни локации каде што комуналиите се поскапи. Грозданов објаснува дека е неопходно приоритет на претпријатието да биде изградба на комерцијални станови со цел добивката да се реинвестира во градење социјални станови, но и бидејќи како државна компанија имаат обврска да го раздвижат пазарот и преку зголемена понуда да ја намалат цената на станбен квадрат.

Најпрвин ќе се изградат 56 комерцијални станови во близина на Католичката црква, каде што уште лани е поставен камен-темеленик, но изградбата не почна бидејќи ЈПССДП го раскина договорот со градежната компанија Маврово инженеринг, која требаше да ги изведува градежните работи. Сега на тендер ќе се бара нова градежна фирма, но нема отстапки од предвидениот рок за почеток на градбата во септември. Зградата ќе биде на четири ката со мансарда и деловен простор за 10 локали. Објектот ќе чини околу два милиони евра.

Во Реонскиот центар во скопската населба Ново Лисиче веќе почна изградба на комплекс од седум станбени згради со 350 станови и подземна гаража, што е вкупна инвестиција на ЈПССДП од 13 милиони евра. Цената на овие станови нема да биде повисока од 850 евра за квадратен метар, велат од ЈПССДП.

КОМЕРЦИЈАЛНИ СТАНОВИ
ИЗГРАДЕНИ И ВО ИЗГРАДБА

БИТОЛА - 149 изградени станови

ОХРИД - 78 изградени станови

КАВАДАРЦИ – 19 изградени и продадени станови

ШТИП - 46 станови изградени

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72249/300_novi_drzhavni_komercijalni_stanovi_kje_se_gradat_od_septemvri.aspx?iId=2310

Back to Top
maci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote maci Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Aug-2011 at 11:35
искрено ако е се во ред и како што најавува владата со новиот проект би земал стан се разбира ако ми дадат
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Dec-2011 at 11:39
Државата ќе се фрли на комерцијална градба

Објектите ќе се градат по сите ИСО-стандарди и со енергетска ефикасност, а ќе се продаваат по цена конкурентна на останатата комерцијална градба

Државата ќе ја интензивира комерцијалната станбена изградба. Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во иднина ќе гради станови секаде каде што ќе има интерес за такво нешто. Колку комерцијални станбени објекти и со каква динамика ќе се градат, ќе зависи од побарувачката на пазарот и од капацитетот на претпријатието. Сепак, постои можност во иднина овие станови да не се продаваат преку јавна лицитација, бидејќи станбеното претпријатие нема голем бенефит од таквата продажба. Средствата од продадените комерцијални станови, меѓу другото, ќе бидат наменети и за изградба на станови за социјални случаи.

Градбите ќе бидат изведувани по сите ИСО-стандарди и задолжително со енергетска ефикасност. Целта е, како што вели директорот на АД, Цветко Грозданов, објектите да се вреднуваат според квалитетот со кој се изведени, но и да не се дозволи одредени субјекти енормно да ја зголемат цената на станбениот квадрат, туку да им се овозможи на граѓаните да дојдат до сопствен покрив над главата. Тоа никако не значи дека државата ќе биде нелојална конкуренција на оние фирми што се занимаваат со изградба на станови за пазар.

„Ние градиме и продаваме станови по реална цена. Секако, вредноста ќе се зголеми доколку се зголеми ДДВ од пет на 18 проценти. Но, да се надеваме дека нема да дојде до такво нешто. А колку чини квадратот во даден момент зависи од повеќе фактори, како што е локацијата, квалитетот на изведбата, но и од висината на комуналиите“, појаснува Грозданов.

Според него, моментно во тек на изградба се 10-ина станбени објекти наменети за комерцијална продажба. Пред неколку дена во Скопје стартуваше изградбата на зградата на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти ресторанот „Воденица“, а четири-пет објекти веќе се готови и во тек е продажба на становите. Цената на станбениот квадрат во Реонски центар Аеродром изнесува 795 евра квадрат, додека во новоизградените објекти во индустриската зона кај Американски колеџ од 820 до 850 евра. Становите во Охрид се продаваат по 700 евра, а во Битола, пак, за 488 евра за квадрат. Сите овие цени се без ДДВ, но, сепак, според Грозданов, тоа се реални цени со кои може да се постигне заработувачка од најмногу 10 проценти.

Инаку, продажбата на становите што ги гради Станбеното претпријатие преку лицитација, како што вели неговиот прв човек, имала многу негативности. Се случувало да има обиди да се скрие по некој стан што има добра позиција во објектот и да се чува за некој близок или, пак, интерес за купување да има во време на празници или на туристичка сезона кога доаѓаат гастарбајтерите. Сето тоа придонесува претпријатието да нема голема заработувачка од ваквата продажба, особено ако се има предвид дека лицитирањето се одвива со наддавање од само едно евро за квадрат. Оттаму, според Грозданов, не треба да има лицитација на комерцијалните градби.

АД за станбен и деловен простор не се откажува и од изградбата на станови наменети за социјално ранливите категории граѓани. Во завршна фаза е изградбата на четири такви згради, а во план е до 2015 година да бидат изградени уште 1.700 социјални стана.

Инаку, претпријатието моментално води постапка за 120 државни стана чии станари со години не плаќале кирија и на кои им се нуди можност или да ги откупат или да ги закупат. Станува збор за станови во кои се вселени порано регистрирани социјални случаи, а кои во меѓувреме го смениле таквиот социјален статус, па сега државата им нуди можност да ги купат. Во зависност од тоа како ќе се произнесат овие граѓани, односно колку од становите ќе бидат откупени, ќе зависи и колку социјални станови ќе бидат изградени в година.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A30B2A102A06DA49B5D1EA222F7AF49A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Jun-2012 at 18:39
Зградите што ги гради АДСДП во Аеродром, на 3-та Македонска Бригада


1


2


3

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Jun-2012 at 19:15
Имам другар кој живее во една од зградите кои се распространети на 3-та Македонска Бригада. Се работи за понови згради кои по неколку години употреба изгледат како да се градени пред 30 години, освен тоа со паркинг се наоѓат кој како умее а згора на тоа кога ќе заврне пред зградата има бара така да доаѓање до влезот е возможно само со рипање и снаодливост. Со еден збор „катастрофа„,а уште полошо е што повеќето згради во Скопје се со слични стандарди. Би било добро некој од нас по можност ако ништо друго да фотографира дел од паркинзите или влезовите во споменатите згради и пошироко.



Edited by kultuzin - 06-Jun-2012 at 19:16
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15260
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Jun-2013 at 17:10
на бул. митрополит Теодосиј Гологанов

DSC00842 by george k. 1981, on Flickr[/IMG]

DSC00841 by george k. 1981, on Flickr[/IMG]
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-May-2020 at 16:22
Во Реонски Центар-Аеродром(од фб)

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-Jun-2020 at 12:56
Првонаграден конкурсен труд за станбен објект / Андонова, Мицевска

Проектот го освои првото место на Конкурсот за избор на идејно решение за објект ГП 04.01 Јужен дел-централно градско подрачје во Скопје распишан од Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје преку Бирото за јавни набавки во декември 2019.

Автори: Елена Андонова, Натали Мицевска,

Консултант: Предраг Андонов,

Година: 2020

Локација: Јужен Булевар

(...)

Градежната парцела се наоѓа помеѓу две улици: сервисна улица 3 дел од улица 11 Октомври и булевар Македонија. Колскиот пристап е предвиден да биде од сервисна улица 3.

(...)

Проектниот концепт создава објект кој влегува во зададените урбанистички параметри и јасно ги одредува содржините, односно намените на секое ниво. Основниот принцип на решавање на објектот е формирање на џебни отвори долж максималниот волумен на објектот во правец југозапад-североисток со цел непречено струење на воздушните струи од планината Водно. Со овие продори се избегнува формирањето на условно кажано „ѕид„ кој би го задушил јадрото на градот Скопје. Се добиваат шест волумени кои се моделираат според зададените параметри на проектната програма, а се физички и визуелно поврзани со балкони на катовите. На југозападната фасада е поставен систем на засенчување заради директната изложеност на сонце.

(...)

На шестиот кат предвиден е зелен прооден кров од екстензивен тип кој е достапен за сите жители и корисници на објектот.

(...)






marh.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 14-Jun-2020 at 14:00

Ова ли е локацијата?

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Aug-2020 at 13:57
АДСДП во Реонски Центар Аеродорм





https://www.facebook.com/regnum.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Aug-2020 at 11:11
Нови наративи за градот Скопје









Во декември 2019 Агенцијатa за стопанисување на станбен и деловен простор распиша конкурс за изработка на конкурсна документација за Идеен проект за објект со намена А2-домување во станбени згради, П + 6 + Пк на ГП.04.17, Градска четврт И 04, Даре Џамбаз, Општина Центар, Скопје. Во јуни 2020 распишан е и тендер за негова реализација.
Првонаградениот проект е решение на Елена Андонова, м-р инж. арх. и Натали Мицевска, м-р инж. арх. млади архитекти, магистрирани на Архитектонски факултет при УКИМ во јуни 2019. (консултант Предраг Андонов, дипл. инж. арх.) За нас овој конкурс е еден од низата локални и меѓународни учества на изложби, работилници и конкурси, но е од посебно значење бидејќи игра директна улога во формирањето на нови урбани пејзажи во Скопје.

Како архитекти кои во моментот на распишување на конкурсот титулата магистер инженер архитект ја поседувавме помалку од една година, бевме предводени од поривот за докажување и покажување на професионално ниво, и ја поздравуваме одлуката за анонимен конкурс за решавање плански опфат, бидејќи можеби сè уште наивно веруваме во институцијата конкурс како објективен филтер за проценка на еден проект. За нас, графичкиот израз игра голем удел во квалитетот на архитектонскиот проект и цртеж, а специфичноста на истиот е препознатлив белег за нашето авторство.

Основниот принцип на решавање на објектот е формирање џебни отвори долж максималниот волумен, во правец југозапад-североисток, со цел непречено струење на воздушните струи од планината Водно. Со овие продори се избегнува формирањето на условно кажано „ѕид“, кој би го задушил јадрото на градот Скопје. Се добиваат шест волумени кои се моделираат според зададените параметри на проектната програма, а се физички и визуелно поврзани со балкони на катовите

Проектниот концепт создава објект кој влегува во зададените урбанистички параметри и јасно ги одредува содржините односно намените на секое ниво. Според изводот од план, проектниот опфат е со основна класа на намена А2 – домување во станбени згради и компатибилни класи на намени. Максимално дозволен процент на учество на збирот на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 40 %. Градежната парцела се наоѓа помеѓу две улици: сервисна улица 3, дел од улица „11 Октомври“ и булевар „Македонија“. Колскиот пристап е предвиден да биде од сервисна улица 3.

На југозападната фасада е поставен систем на засенчување заради директната изложеност на сонце. На приземјето е сконцентрирана намена Б1 со директен пристап, и тоа: продавница за електротехника, cowork простор, детски престој, козметички салон, минимаркет, аптека и кафуле, со вкупна површина од 338 м2.

Продорите формираат пет пасажни премини. Исто така се лоцирани и осум сервисни јадра од кои две се за подземните нивоа за паркирање, а шест се за станбените единици. Обезбедени се еднособни/едноиполсобни станови, двоиполсобни станови, трособни станови и поголеми станови, со вкупна површина од 6.476 м2. При решавањето на станбените единици водено е сметка за рационална искористеност, без нарушување на основните принципи за начинот на користење и хуманизација на просторот. На шестиот кат предвиден е зелен прооден кров од екстензивен тип кој е достапен за сите жители и корисници на објектот.

Конструктивното решение е систем кој потполно одговара за сеизмичките подрачја третирани во современи услови по најнови технички методи. Основниот конструктивен систем е мешовит, го сочинуваат носечки а.б. столбови со а.б. греди и а.б. платна. Со цел оптимална енергетска ефикасност избрана е контактна фасада со термоизолационен незапалив материјал и завршна обработка абрихт. Системот за засенчување е од леснопенасти бетонски префабрикувани елементи анкерисувани за а.б. елементите на објектот.
Станбеното прашање е скокотлива тема за Скопје, и ако се има предвид моменталната ситуација во архитектурата и урбанизмот во рамките на нашата држава каде општото добро е второстепено, а желбите на инвеститорот за квадрат повеќе се императив, за голема почит и поздрав е одлуката на Агенција за стопанисување на станбен и деловен простор да избере решение кое на прво место ја става благосостојбата и квалитетот на живот на крајниот корисник на просторот наспроти максималното искористување на можностите на парцелата зададени од ДУП-от.

Ние, како млади архитекти, се надеваме дека ќе продолжиме да играме активни улоги во архитектонските наративи за нашиот град Скопје.

https://www.porta3.mk/novi-narativi-za-gradot-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 21-Aug-2020 at 11:56
Originally posted by stef4o

Нови наративи за градот Скопје









https://www.porta3.mk/novi-narativi-za-gradot-skopje/


Еве го ревидираниот детален план за овој дел



Ситуација од Google maps



Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4091
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 21-Aug-2020 at 12:27
Супер!!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Aug-2020 at 10:41
Во Реонски центар



https://www.facebook.com/regnum.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.