АДИССДП - Комерцијални згради |
Post Reply | Page <1234 6> |
Author | |||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #21 Posted: 11-Nov-2020 at 17:47 | ||
50 СТАНОВИ ВО ГРАДБА во РЕОНСКИ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ во ОБЈЕКТ 1.12, во Скопје.
https://www.facebook.com/adsdp.makedonija |
|||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #22 Posted: 22-Nov-2020 at 14:17 | ||
Во Реонски Центар-Аеродром
https://www.facebook.com/adsdp.makedonija |
|||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #23 Posted: 19-Jan-2021 at 18:01 | ||
АДИССДП ќе гради комерцијални згради во Охрид, Битола и во Скопје
Интензивно работиме на нови комерцијални градби кои ќе ги понудиме по прифатливи цени на заинтересираните граѓани. Оваа година нѐ очекуваат активности за неколку комерцијални згради, во Охрид и Битола по две и една поголема локација во Скопје во делот на Јужен Булевар, изјави директорот на АДИССДП Кристијан Трајковски, по денешната средба со министерот за транспорт Благој Бочварски. Според Трајковски, има интерес за комерцијалните градби на државата бидејќи становите се по конкурентни цени. АД е регулатор на пазарот на цените на сите комерцијани објекти што се градат. Во Општина Аеродром кај двете комерцијални згради почетната цена на наддавањето беше 850 евра. На последната продажба на зградата во Аеродром во тек на ископот на почетокот на градбата се продадоа 46 од вкупно 50 станбени единици што зборува доволно за интересот на граѓаните за купување станови преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Цената од 850 евра согласно постапката и Правилникот по кој се продаваат овие станови порасна до 1.050 евра која е повторно конкурентна во однос на цената на приватните инвеститори – рече Трајковски. На терен во тек е изградба на 574 станови во седум општини. Во Пробиштип се градат 48 станови, во Неготино 62, Виница 36, Свети Николе 48, Бутел 312, Демир Капија 16, а во Гевгелија 52 станови. https://www.facebook.com/adsdp.makedonija Незнам за која поголема парцела на Јужен Булевар се мисли? |
|||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #24 Posted: 28-Jan-2021 at 14:55 | ||
Во Реонски Центар Аеродром
https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom |
|||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #25 Posted: 06-Mar-2021 at 12:28 | ||
Во Реонски Центар-Аеродром(од фб)
|
|||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #26 Posted: 13-Mar-2021 at 17:58 | ||
Директорот Кристијан Трајковски најавува изградба на комерцијални станови на атрактивни локации во Центар
Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) Кристијан Трајковски најавува изградба на нов комерцијален и деловен простор во општината Центар, откако Уставниот суд го укина мораториумот за градење Тој вели дека во изминатиот период интензивно се посветиле на расчистување на сите локации на кои беа предвидени згради за социјално ранливите категории. – Сметам дека навистина успеавме да покажеме сериозна реализација на капиталните инвестиции и дека бројките од 100% реализација за 2019 и 2020 година доволно покажуваат за нашиот ангажман и посветеност. Со ваквата динамика во соработка со Социјалната развојна банка на Европа ЦЕБ (The Council of Europe Development Bank -CEB), успеавме на целата територија на РСМ да отпочнеме изградба на 13 локации. Локациите на кои се градат сите објекти се претходно усогласени со Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика согласно потребите и нивната евиденција на лицата од социјално ранливите категории и впрочем се утврдени во Годишната програма на АДИССДП која ја донесува Владата на РСМ – вели Трајковски во интервју за „Локално“. Тој оценува дека е голем интересот за купување на комерцијални станови кои АДИССДП ги гради како инвеститор во изминатиот период. – Само за пример можам да ги истакнам продажбите на двете комерцијални згради во Реонски центар Аеродром кадешто на првата објава и лицитација се продадоа над 90% од понудените станови. Со укинувањето на мораториумот во Општина Центар се отвара можност за изградба на нов комерцијален и деловен простор. АДИССДП веќе подолг период работи на расчистување на неколку локации во Општина Центар од кои можам да ги истакнам следните локации како атрактивни: локацијата на јужен булевар – поранешна воена пекара, една локација во населбата Дебар маaло, локација во населбата Буњаковец и секако локацијата каде што во моментов се наоѓаат канцелариите – бараките на АДИССДП. За првата локација е завршена постапката за избор на проектант и во наредните месеци очекувам да започнеме со постапката за избор на изведувач – вели директорот Трајковски. https://plusinfo.mk/direktorot-kristi-an-tra-kovski-na-avuva-izgradba-na-komerci-ani-stanovi-na-atraktivni-lokacii-vo-centar/ |
|||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #27 Posted: 02-Jul-2022 at 13:52 | ||
Еве еден проект за оваа локација Објект: Стамбено-деловен објект Локација: Јужен Булевар, Скопје Инвеститор: Акционерски Друштво за изградба и стопаисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката Површини: Станбен простор: 8342m² Деловен простор: 872m² Администрација: 1783m² Подруми и паркинзи: 1438m² Година: 2018 https://www.smartconcept.mk/проект-11 локацијата |
|||
Carpe diem
|
|||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #28 Posted: 30-Sep-2022 at 17:25 | ||
од фб,изгледа се спрема рушење на објектов и реализација на проектов ова би требало да му е задната страна |
|||
Carpe diem
|
|||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #29 Posted: 13-Apr-2023 at 17:09 | ||
Објект заборавен од сите, дури и од сопственикот: Некогашен салон за мебел, денеска е руина полна со ѓубре и засолниште за бездомници
Напуштената зграда се наоѓа на Јужен булевар, веднаш по вкрстувањето со булеварот Кочо Рацин, во непосредна близина на основното училиште „Димитар Миладинов“ и е сопственост на АД за Изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, односно поранешен ПУИГ. Стара и напуштена зграда, каде некогаш беше сместен салон за мебел, сега зјае без врати и без прозорци, преполна со ѓубре и се чини, заборавена од сите. Објектот се наоѓа на Јужен булевар, односно на булевар Македонија, веднаш по вкрстувањето со булеварот Кочо Рацин, во непосредна близина на основното училиште „Димитар Миладинов“. Некогашниот салон за мебел, сега е депонија за шут и за остатоци од она што некогаш се продавало во него. Стари, превртени и искинати делови од кревети и друга покуќнина, искршени плочки, валкани сунѓери, кабли, полуразрушени сводови, искршено стакло – тоа е денешната слика во објектот и околу него. Сепак и покрај состојбата во која се наоѓа во него се сместиле бездомни семејства, обезбедувајќи си каков – таков покрив над глава, но и ризикувајќи да бидат повредени во зградата која сега е целосно небезбедна за оние кои ќе влезат во неа. – Секојдневно минувам покрај овој објект и не можам да се изначудам како е можно во центарот на градот да постои ваква руинирана градба, полна со ѓубре и никој, ама баш никој од надлежните да не мрдне со прст. Ајде што навистина изгледа грдо, туку во последно време гледам луѓе влегуваат во неа, со деца се, ќе настрада некој, па отпосле ќе се бара виновникот. Ако веќе не се реконструира или урива објектот, кој одамна си го отслужил своето, барем да се исчисти, па да се огради. Блиску е училиштето, не се знае што сѐ може да им падне на ум на децата, да влезе некое, да „истражува“ – вели скопјанец револтиран затоа што поради нечија негрижа објектот е претворен во депонија. За состојбата со објектот и за тоа постои ли некаков план тој да се исчисти или да се урне, одговор побаравме од Општина Центар. Оттаму велат дека инспекцијата веќе извршила надзор, но појаснуваат дека станува збор за објект кој е во сопственост на АД за Изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, односно поранешен ПУИГ. Инспекцијата за животна средина и комуналната инспекција на Општина Центар извршија вонреден надзор на булеварот Македонија (Јужен булевар), на напуштениот објект во приватна сопственост на АД за Изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката. Започната е инспекциска постапка согласно Законот за управување со отпад, член 38, отпад на приватен имот, согласно кој сопственикот е задолжен со Решение да го исчисти имотот од отпад и соодветно да го заштити, за да спречи загадување на животната средина – објаснуваат од Центар. Оттаму додаваат дека по истекот на рокот, инспекцијата треба да утврди дали е постапено по обврските од решението. Доколку сѐ уште не е исчистено, ЈП „Комунална хигиена“ ќе биде задолжена да го исчисти отпадот, со што трошокот ќе падне на сметка на сопственикот. Воедно, комуналната инспекција ќе постапи согласно Законот за јавна чистота за оставениот отпад на јавна површина – велат од Општина Центар. https://www.slobodenpecat.mk/objekt-zaboraven-od-site-duri-i-od-sopstvenikot-nekogashen-salon-za-mebel-deneska-e-ruina-polna-so-gjubre-i-zasolnishte-za-bezdomnici/ |
|||
Carpe diem
|
|||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #30 Posted: 13-Apr-2023 at 18:13 | ||
Тука е предвидено да се градат комерцијални државни станови, ама зашто се завлечка работата незнам. А баш е добра локацијата, обично државните комерцијални станови не изгледаат на тортите на урбаната мафија.
|
|||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #31 Posted: 13-Apr-2023 at 22:53 | ||
Какви се тие државни комерцијални станови? |
|||
antigona
Groupie Joined: 16-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 86 |
Quote Reply #32 Posted: 14-Apr-2023 at 10:18 | ||
.
Edited by antigona - 14-Apr-2023 at 10:32 |
|||
antigona
Groupie Joined: 16-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 86 |
Quote Reply #33 Posted: 14-Apr-2023 at 10:26 | ||
Да останеше малку нормалност во овој Франкештајн-град, овој стар, симпатичен објект државата/ПУИГ ќе го обновеше, или барем ќе го понудеше за јавно-приватно партнерство со обврска да се задржи габаритот и надворешниот изглед. Овој објект е идеален за адаптција во т.н. "farmer's market" со комбинација на продавници за органска храна и етно ресторани. Не треба да одиме подалеку од Софија, Тирана и последното, во Солун (Agora Modiano) за да видиме успешна пренамена на вакви слични објекти. Исто како претходно со старата Сапунара крај Рампа, кај нас повторно дивјачки ќе се сруши објектов и ќе се изгради уште една зградурина со стотици станови сред центар. Едноставно, одамна веќе за Скопје нема надеж!
п.с. Инаку се работи за поранешен магацин за Старата железничка станица, објект кој треба да е историско наследство на градов. И објектот, и покрај сето намерно запуштање низ годините, се уште има цврста основна конструкција и лесно може да се обнови и адаптира!
|
|||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #34 Posted: 14-Apr-2023 at 12:45 | ||
Станови наменети за продажба од страна на претпријатие во државна сопственост (поранешто ПУГ/СИЗ/ЈПССДПРМ/АДСДП). Државата не гради само социјални станови, него и комерцијални. Како на пример цел Реонски Центар Аеродром, овде онде по некоја разфрлани низ Скопје, дел од зградите на местото на старата општина Бутел.
|
|||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #35 Posted: 14-Apr-2023 at 13:54 | ||
|
|||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #36 Posted: 14-Apr-2023 at 15:10 | ||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #37 Posted: 14-Apr-2023 at 16:44 | ||
Ama ova e javno naddavanje, odnosno prodazba na odamna izgradeni stanovi koi poradi razni okolnosti ostanale vo drzavna sopstvenost. Tuka nema novogradba, t.e. plansko gradenje novi stanovi vo drzavna sopstvenost i prodavanje po komercijalni ceni.
|
|||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #38 Posted: 14-Apr-2023 at 19:33 | ||
Ima i novi.
|
|||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #39 Posted: 15-Apr-2023 at 03:48 | ||
по должината на цел јужен булевар/гологанов има поранешни објекти магацини од времето на железницата... дел од нив се обични бараки што може да бидат срушени, а дел се големи објекти ко овој кои може да се пренаменат во комерцијални цели, може да има музеј, галерија, пазар и дуќани, угостителски локали и т.н. ама викам дискутабилно е затоа што со оглед на тоа какви све чирови се изградени во околината, сега и самите тие објекти се чирови во простор неповрзани со ниедна градежна линија, дел од нив сметаат и на потенцијален инфратруктурен развој како и да е, што и да се прави, секако ќе биде подобро отколку да стојат така како руини и депонии расфрлени низ градот |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 565 |
Quote Reply #40 Posted: 15-Apr-2023 at 09:41 | ||
Конкретно за овде беше распишан конкурс на кој бее избрано ова идејно решение, но оттогаш нема никакви новости. |
|||
Post Reply | Page <1234 6> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |