АДИССДП - Комерцијални згради |
Post Reply | Page 123 6> |
Author | ||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#1 Topic: АДИССДП - Комерцијални згради Posted: 20-Oct-2008 at 23:18 |
|||||||||
|
||||||||||
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #2 Posted: 29-Jul-2009 at 07:11 | |||||||||
ММ има некој рендер на градилиштето? Дали знаеш колку ката биде?
Еве веб страна од изведувачот али нема инфо за овој проект www.bemosv.mk
|
||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #3 Posted: 23-Dec-2009 at 12:36 | |||||||||
|
||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #4 Posted: 31-Mar-2010 at 12:50 | |||||||||
Започна продажбата на 50 стана за млади брачни парови
50 станови изградени од јавното станбено претпријатие од денеска се на продажба по цена од 750 евра за квадрат. Граѓаните уште рано утрово чекаа да ги видат условите за да аплицираат. Станува збор за станови наменети за млади брачни парови и самохрани мајки. Доколку се случи накои од барателите да имаат ист број бодови, тогаш предност ќе им се даде на оние кои први аплицирале. Поднесувањето на документите почна од денеска, а ќе трае во наредните 15 дена. Аплициравте ли денеска за стан? „Не јас не аплицирав затоа што условите не беа погодни за нас, цената беше многу скапа околу 700 евра така што и кредитирањето не ни дозволува некој правила така што јас не аплицирав“, вели граѓанин. Не ги исполнувавте условите? „Условите ги исполнував, само заради цената не аплицирав“, додаде граѓанин. Аплициравте за стан? „Чекаме да аплицираме за ќерка ми за стан ама
не ги знаеме се уште кои се условите“, изјавија граѓани. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121594 |
||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #5 Posted: 13-May-2010 at 10:07 | |||||||||
СТАНБЕНАТА
ПОЛИТИКА НЕ ГИ СТИМУЛИРА БРАКОВИТЕ
Држава нуди прескапи станови
Елена Костовска http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2020&ArticleID=140659 |
||||||||||
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
Quote Reply #6 Posted: 23-Jul-2010 at 14:31 | |||||||||
Добро е се вразумиле од владава
http://www.vest.com.mk/?ItemID=A2265029FF76AE4D9F40CDE8044AAF9E&arc=1 |
||||||||||
build.mk, гради форумска историја
|
||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #7 Posted: 15-Aug-2011 at 13:47 | |||||||||
300 нови државни комерцијални станови ќе се градат од септемвриСоња ЈовановаСо изградба на државни комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје јавното претпријатие ќе ги руши цените на становите Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) од септември почнува силна градена офанзива. Освен социјални станови и станови за млади брачни парови, во наредниот период станбеното претпријатие ќе почне интензивна изградба на станови за комерцијална продажба. Офанзивата ја најавува новиот директор на претпријатието, Цветко Грозданов, кој за “Капитал“ изјави дека има намера да го трансформира претпријатието во менаџерска фирма која ќе прави профит не само за плати на вработените, туку и за добивка, од која ќе се градат нови социјални станови. “Становите кои ги продаваме во моментов се за 15%-20% поевтини од тие што моментално ги нудат приватните градежни компании. Од септември повеќе ќе се фокусираме на изградба на комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје. Прво почнуваме со една зграда кај Католичка црква, понатаму ќе следува изградба на уште една зграда кај Педагошки факултет, а се размислува и за градење во Ѓорче Петров, што севкупно е околу 300 станови“, вели Грозданов. Тој додава дека цените на становите кои ќе се градат од септември ќе бидат повисоки од вообичаените по кои досега продаваше ЈПССДП, поради тоа што ќе се градат на атрактивни локации каде што комуналиите се поскапи. Грозданов објаснува дека е неопходно приоритет на претпријатието да биде изградба на комерцијални станови со цел добивката да се реинвестира во градење социјални станови, но и бидејќи како државна компанија имаат обврска да го раздвижат пазарот и преку зголемена понуда да ја намалат цената на станбен квадрат. Најпрвин ќе се изградат 56 комерцијални станови во близина на Католичката црква, каде што уште лани е поставен камен-темеленик, но изградбата не почна бидејќи ЈПССДП го раскина договорот со градежната компанија Маврово инженеринг, која требаше да ги изведува градежните работи. Сега на тендер ќе се бара нова градежна фирма, но нема отстапки од предвидениот рок за почеток на градбата во септември. Зградата ќе биде на четири ката со мансарда и деловен простор за 10 локали. Објектот ќе чини околу два милиони евра. Во Реонскиот центар во скопската населба Ново Лисиче веќе почна изградба на комплекс од седум станбени згради со 350 станови и подземна гаража, што е вкупна инвестиција на ЈПССДП од 13 милиони евра. Цената на овие станови нема да биде повисока од 850 евра за квадратен метар, велат од ЈПССДП.
|
||||||||||
maci
Newbiе Joined: 09-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 14 |
Quote Reply #8 Posted: 17-Aug-2011 at 11:35 | |||||||||
искрено ако е се во ред и како што најавува владата со новиот проект би земал стан се разбира ако ми дадат
|
||||||||||
Djole88
Senior Member Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
Quote Reply #9 Posted: 22-Dec-2011 at 11:39 | |||||||||
Државата ќе се фрли на комерцијална градба
Објектите ќе се градат по сите ИСО-стандарди и со енергетска ефикасност, а ќе се продаваат по цена конкурентна на останатата комерцијална градба Државата ќе ја интензивира комерцијалната станбена изградба. Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во иднина ќе гради станови секаде каде што ќе има интерес за такво нешто. Колку комерцијални станбени објекти и со каква динамика ќе се градат, ќе зависи од побарувачката на пазарот и од капацитетот на претпријатието. Сепак, постои можност во иднина овие станови да не се продаваат преку јавна лицитација, бидејќи станбеното претпријатие нема голем бенефит од таквата продажба. Средствата од продадените комерцијални станови, меѓу другото, ќе бидат наменети и за изградба на станови за социјални случаи. Градбите ќе бидат изведувани по сите ИСО-стандарди и задолжително со енергетска ефикасност. Целта е, како што вели директорот на АД, Цветко Грозданов, објектите да се вреднуваат според квалитетот со кој се изведени, но и да не се дозволи одредени субјекти енормно да ја зголемат цената на станбениот квадрат, туку да им се овозможи на граѓаните да дојдат до сопствен покрив над главата. Тоа никако не значи дека државата ќе биде нелојална конкуренција на оние фирми што се занимаваат со изградба на станови за пазар. „Ние градиме и продаваме станови по реална цена. Секако, вредноста ќе се зголеми доколку се зголеми ДДВ од пет на 18 проценти. Но, да се надеваме дека нема да дојде до такво нешто. А колку чини квадратот во даден момент зависи од повеќе фактори, како што е локацијата, квалитетот на изведбата, но и од висината на комуналиите“, појаснува Грозданов. Според него, моментно во тек на изградба се 10-ина станбени објекти наменети за комерцијална продажба. Пред неколку дена во Скопје стартуваше изградбата на зградата на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти ресторанот „Воденица“, а четири-пет објекти веќе се готови и во тек е продажба на становите. Цената на станбениот квадрат во Реонски центар Аеродром изнесува 795 евра квадрат, додека во новоизградените објекти во индустриската зона кај Американски колеџ од 820 до 850 евра. Становите во Охрид се продаваат по 700 евра, а во Битола, пак, за 488 евра за квадрат. Сите овие цени се без ДДВ, но, сепак, според Грозданов, тоа се реални цени со кои може да се постигне заработувачка од најмногу 10 проценти. Инаку, продажбата на становите што ги гради Станбеното претпријатие преку лицитација, како што вели неговиот прв човек, имала многу негативности. Се случувало да има обиди да се скрие по некој стан што има добра позиција во објектот и да се чува за некој близок или, пак, интерес за купување да има во време на празници или на туристичка сезона кога доаѓаат гастарбајтерите. Сето тоа придонесува претпријатието да нема голема заработувачка од ваквата продажба, особено ако се има предвид дека лицитирањето се одвива со наддавање од само едно евро за квадрат. Оттаму, според Грозданов, не треба да има лицитација на комерцијалните градби. АД за станбен и деловен простор не се откажува и од изградбата на станови наменети за социјално ранливите категории граѓани. Во завршна фаза е изградбата на четири такви згради, а во план е до 2015 година да бидат изградени уште 1.700 социјални стана. Инаку, претпријатието моментално води постапка за 120 државни стана чии станари со години не плаќале кирија и на кои им се нуди можност или да ги откупат или да ги закупат. Станува збор за станови во кои се вселени порано регистрирани социјални случаи, а кои во меѓувреме го смениле таквиот социјален статус, па сега државата им нуди можност да ги купат. Во зависност од тоа како ќе се произнесат овие граѓани, односно колку од становите ќе бидат откупени, ќе зависи и колку социјални станови ќе бидат изградени в година. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A30B2A102A06DA49B5D1EA222F7AF49A |
||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #10 Posted: 06-Jun-2012 at 18:39 | |||||||||
Зградите што ги гради АДСДП во Аеродром, на 3-та Македонска Бригада
1 2 3 |
||||||||||
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #11 Posted: 06-Jun-2012 at 19:15 | |||||||||
Имам другар кој живее во една од зградите кои се распространети на 3-та Македонска Бригада. Се работи за понови згради кои по неколку години употреба изгледат како да се градени пред 30 години, освен тоа со паркинг се наоѓат кој како умее а згора на тоа кога ќе заврне пред зградата има бара така да доаѓање до влезот е возможно само со рипање и снаодливост. Со еден збор „катастрофа„,а уште полошо е што повеќето згради во Скопје се со слични стандарди. Би било добро некој од нас по можност ако ништо друго да фотографира дел од паркинзите или влезовите во споменатите згради и пошироко.
Edited by kultuzin - 06-Jun-2012 at 19:16 |
||||||||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15263 |
Quote Reply #12 Posted: 07-Jun-2013 at 17:10 | |||||||||
на бул. митрополит Теодосиј Гологанов
DSC00842 by george k. 1981, on Flickr[/IMG] DSC00841 by george k. 1981, on Flickr[/IMG] |
||||||||||
За сè има вторпат
|
||||||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #13 Posted: 15-May-2020 at 16:22 | |||||||||
Во Реонски Центар-Аеродром(од фб)
|
||||||||||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #14 Posted: 14-Jun-2020 at 12:56 | |||||||||
Првонаграден конкурсен труд за станбен објект / Андонова, Мицевска
marh.mk |
||||||||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #15 Posted: 14-Jun-2020 at 14:00 | |||||||||
Ова ли е локацијата? |
||||||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #16 Posted: 15-Aug-2020 at 13:57 | |||||||||
АДСДП во Реонски Центар Аеродорм
https://www.facebook.com/regnum.mk |
||||||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #17 Posted: 17-Aug-2020 at 11:11 | |||||||||
Нови наративи за градот Скопје
Во декември 2019 Агенцијатa за стопанисување на станбен и деловен простор распиша конкурс за изработка на конкурсна документација за Идеен проект за објект со намена А2-домување во станбени згради, П + 6 + Пк на ГП.04.17, Градска четврт И 04, Даре Џамбаз, Општина Центар, Скопје. Во јуни 2020 распишан е и тендер за негова реализација. Првонаградениот проект е решение на Елена Андонова, м-р инж. арх. и Натали Мицевска, м-р инж. арх. млади архитекти, магистрирани на Архитектонски факултет при УКИМ во јуни 2019. (консултант Предраг Андонов, дипл. инж. арх.) За нас овој конкурс е еден од низата локални и меѓународни учества на изложби, работилници и конкурси, но е од посебно значење бидејќи игра директна улога во формирањето на нови урбани пејзажи во Скопје. Како архитекти кои во моментот на распишување на конкурсот титулата магистер инженер архитект ја поседувавме помалку од една година, бевме предводени од поривот за докажување и покажување на професионално ниво, и ја поздравуваме одлуката за анонимен конкурс за решавање плански опфат, бидејќи можеби сè уште наивно веруваме во институцијата конкурс како објективен филтер за проценка на еден проект. За нас, графичкиот израз игра голем удел во квалитетот на архитектонскиот проект и цртеж, а специфичноста на истиот е препознатлив белег за нашето авторство. Основниот принцип на решавање на објектот е формирање џебни отвори долж максималниот волумен, во правец југозапад-североисток, со цел непречено струење на воздушните струи од планината Водно. Со овие продори се избегнува формирањето на условно кажано „ѕид“, кој би го задушил јадрото на градот Скопје. Се добиваат шест волумени кои се моделираат според зададените параметри на проектната програма, а се физички и визуелно поврзани со балкони на катовите Проектниот концепт создава објект кој влегува во зададените урбанистички параметри и јасно ги одредува содржините односно намените на секое ниво. Според изводот од план, проектниот опфат е со основна класа на намена А2 – домување во станбени згради и компатибилни класи на намени. Максимално дозволен процент на учество на збирот на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 40 %. Градежната парцела се наоѓа помеѓу две улици: сервисна улица 3, дел од улица „11 Октомври“ и булевар „Македонија“. Колскиот пристап е предвиден да биде од сервисна улица 3. На југозападната фасада е поставен систем на засенчување заради директната изложеност на сонце. На приземјето е сконцентрирана намена Б1 со директен пристап, и тоа: продавница за електротехника, cowork простор, детски престој, козметички салон, минимаркет, аптека и кафуле, со вкупна површина од 338 м2. Продорите формираат пет пасажни премини. Исто така се лоцирани и осум сервисни јадра од кои две се за подземните нивоа за паркирање, а шест се за станбените единици. Обезбедени се еднособни/едноиполсобни станови, двоиполсобни станови, трособни станови и поголеми станови, со вкупна површина од 6.476 м2. При решавањето на станбените единици водено е сметка за рационална искористеност, без нарушување на основните принципи за начинот на користење и хуманизација на просторот. На шестиот кат предвиден е зелен прооден кров од екстензивен тип кој е достапен за сите жители и корисници на објектот. Конструктивното решение е систем кој потполно одговара за сеизмичките подрачја третирани во современи услови по најнови технички методи. Основниот конструктивен систем е мешовит, го сочинуваат носечки а.б. столбови со а.б. греди и а.б. платна. Со цел оптимална енергетска ефикасност избрана е контактна фасада со термоизолационен незапалив материјал и завршна обработка абрихт. Системот за засенчување е од леснопенасти бетонски префабрикувани елементи анкерисувани за а.б. елементите на објектот. Станбеното прашање е скокотлива тема за Скопје, и ако се има предвид моменталната ситуација во архитектурата и урбанизмот во рамките на нашата држава каде општото добро е второстепено, а желбите на инвеститорот за квадрат повеќе се императив, за голема почит и поздрав е одлуката на Агенција за стопанисување на станбен и деловен простор да избере решение кое на прво место ја става благосостојбата и квалитетот на живот на крајниот корисник на просторот наспроти максималното искористување на можностите на парцелата зададени од ДУП-от. Ние, како млади архитекти, се надеваме дека ќе продолжиме да играме активни улоги во архитектонските наративи за нашиот град Скопје. https://www.porta3.mk/novi-narativi-za-gradot-skopje/ |
||||||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #18 Posted: 21-Aug-2020 at 11:56 | |||||||||
Еве го ревидираниот детален план за овој дел Ситуација од Google maps |
||||||||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4091 |
Quote Reply #19 Posted: 21-Aug-2020 at 12:27 | |||||||||
Супер!!
|
||||||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #20 Posted: 23-Aug-2020 at 10:41 | |||||||||
Во Реонски центар
https://www.facebook.com/regnum.mk |
||||||||||
Post Reply | Page 123 6> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |