build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Земјоделие и рурален живот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 11-Jun-2014 at 12:28

исто убави цветови има и Калинката а ко плод е слична ко Маракијата, плус три цвета менува додека да созрее плодот, ем да не е без ич освен трпезно се користи и козметички [1]

Калинка

Потекло и распространетост. Се смета дека потекнува од стара Персија. Денес најмногу се одгледува во Тунис, Турција, Египет, Шпанија, Мароко, Иран, Кина, Калифорнија, Русија. Во Македонија во Валандово, Гевгелија, Дојран…

КАЛИНКА – како овошје е со исклучително хранливи и лековити својства и содржи: шеќери, лимонска и борна киселина, пектини, витамини, јод, железо и други корисни состојки.

Познати се диеталните и лековити својства, против слабокрвност, артериосклероза, настинка, грип и подобрување на имунолошкиот систем на организмот на човекот.

Плодовите од Калинка кои и досега се произведуваат без употреба на пестициди и минерални ѓубрива преставуваат исклучително ЗДРАВА ХРАНА богата со природни хранливи и лековити својства.

Ареал на распространетост: Климатско почвените услови во валандовско (должина на вегетацијата 240 дена, средно годишната температура >14,8С, годишна температурна сума >5.200 С, типот на почвите и др.), овозможуваат успешно одгледување на калинката, која со векови наназад е застапена на ова подрачје.

Опис на овошката: Листопадно овошје, грмушка или мало стебло, висина до 5 метри. Има особина да од основата развива многу изданки. Листот е издолжен, кожест. Цветот е црвен, многу атрактивен. Плодот е округлест малку сплеснат со маса од 300-800 грама. Кората на плодот е цврста, со боја од зеленкаста до црвена во повеќе нијанси зависно од сортата. Внатрешноста на плодот е поделен со тенки прегради на сегменти со многу сочни зрна со крупна семка.

Размножување и подигање насади: Лесно се размножува со ожилување на зрели резници долги 30-40 см. Најмногу и одговара плодна и растресита почва, заштитено од ветрови. Не поднесува тешки и кисели почви. Растојание на садење е 5 х 5 или 5 х 4 м. Многу поволно реагира на ѓубрење со прегорено арско ѓубре, ретко со минерални ѓубрива. Во текот на вегетацијата неопходно е често поливање поради плитката коренова маса.

Во фазата на мирување секоја година се врши резидба со редовно отстранување на сувите делови. Формирањето на родната форма трае 3-4 години. Родните папки се на врвовите од тенките гранчиња потерани од претходната година, а со тек на времето родот се пренесува на надворешните гранчиња и со време доаѓа до изродување и потребно е со резидбата родот да се пренесува на оставените младари избиени близу основата на крошната. Калинката малку раѓа во внатрешноста или плодовите се понеквалитетни.

Сорти: Најчесто се поделени во три групи според содржината на киселини и шеќери: слатки, слатко-кисели и кисели. Зреењето зависно од сортата е од прва декада на октомври до трета декада на октомври. Бербата е во 2-3 наврати. Во Валандовското подрачје се застапени повеќе сорти како: бејнарија, карамустафа, лифанка, зумнарија и други.

http://agroalternativa.info/kalinka/




http://www.krs.hr/events/2012/120308-radionica/prezentacije/Tszus.pdf







Edited by +Protagorist - 11-Jun-2014 at 12:31
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 12-Jun-2014 at 21:23

ako neshto e pokorisno i popotrebno em zivopisno za po doma toa e nasad limoni, koi jasno v zima bi trebalo da se izolirani t.e. da se vnesat vo zatvoren prostor ko zagrean staklenik ili eventualno doma pod pretpostavka deka drvata se odgleduvaat saksiski... za zasadenite jasno jutene kebe v zima za stebloto a kroshnata moze so najlon iscelo a vnatre grankite zamotani vo slama eventualno zagrevanje na ovohtarnikot dokolku e mal...

mislam dekavredi makata
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2945&PID=173824#173824



ЛИМОН ВО САКСИИ

Лимонот е дрво од фамилијата цитруси. Ширум светот се одгледува во многу варијанти, разликите се само во надворешниот изглед, додека хранливите својства се непроменливи.

Лимонот може да биде жолт и зелен кој се добива со калемење, но тоа е само комерцијална поделба. Зелениот лимон се добива по вештачки пат.

Има тенка кора и сочно месо, издржлив е за транспорт и складирање. Вообичаениот жолт лимон созрева во зима.

Лимонот е мало дрво со висина од околу 3 до 6 метри и со виолтови цветови.

Понекогаш ова дрво се одгледува и како украсно, но најчесто за добивање плодови. Во поволни климатски услови лимон дава род два пати годишно. Пролетно цветање кога се добиваат најквалитетни плодови трае најмалку два месеци. Исто толку долго зрелите плодови можат да чекаат за берење, што значи може да има непрекината берба цела зима од ноември до април или мај. Второто цветање кое во комерцијалните насади се прави присилно, трае од август до септември, а плодовите се берат во февруари, веднаш по зимската берба. Едно дрво во поволни климатски услови со сите применети агротехнички мерки може да даде род од 600 до 800 плодови годишно. Лимонот исто така е совршен за одгледување во саксија. Единствениот недостаток им е што ако ги засадите од семка ќе им требаат години да пораснат. Можете да си земете веќе израснато дрвце од расадник.

Пресадување и наѓубрување

Младите лимонови дрвца е потребно да се пресадуваат секоја година. Но не треба да се менува саксијата доколку корењата не ја зафатиле целата земја. Во тој случај е доволно да се замене дренажата и горниот слој на почвата во саксијата. Плодоносните постари дрвца се пресадуваат не почесто од еден пат во 2 – 3 години. Пресадувањето се прави пред почетокот на периодот на растење.

По завршувањето на периодот на растење не се препорачува пресадување. При пресадувањето не се препорачува претерување во намалувањето на постарата веќе постоечка земја. Неопходно е да се направи добра дренажа. Кореновата шија во новата саксија треба да биде на иста висина на каква што била и во старата саксија. Во првата половина од летото се применува течно ѓубриво. Таа го покачува шеќерот на плодовите и го намалува горчливиот вкус. На растението му е потребно повеќе ѓубриво доколку тоа е постаро и се наоѓа подолго време во иста саксија. Ѓубривото се нанесува после полевањето.

Наводнување

На лимонот му е потребно светло и топло. Цветањето и заврзувањето на плодовите најдобро произлегува при средна температура на воздухот и почвата + 15 – 18 C. Во зима се препорачува да се држат во светли и проладни простории ( до 12 C ). Лимоните се многу чуствителни на промена на климата. Ако ги поставете плодните дрвца на улица, од наглата промената на светлото и температурниот режим, може да му испаѓаат плодовите дури и лисјата, како резултатот од промената на климата може да се јаве и отсуство на плодност и во наредната година.

Во лето и пролет потребно е обилно наводнување 1 – 2 пати во ден со топла вода, во зима ретко и умерено – 1-2 пати во неделата исто така со топла вода. Но не треба ни во зима да се дозволи пресушување на почвата, поради што тоа ќе доведе не само до опаѓање на листјата туку и на плодовите. Но од друга страна не треба да се заборави, дека од премногу влага растението изумира. Почнувајќи од октомври полевањето се намалува. За да се обезбеди дишење на корењата и да се спречи застој на водата во саксијата горниот слој на земјата периодично треба да се раскопува. Најголем производители на лимони се Мексико, Индија, Иран , Шпанија , Бразил, Агрентина.

Превземено од земјоделство.мк

http://www.mug.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2434:limon-vo-saksii&catid=94&Itemid=514








Edited by +Protagorist - 12-Jun-2014 at 21:24
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 13-Jun-2014 at 08:09





еве на шест декара во Мостар насад на Калинки што може да окуражи чоек да се проба дури и скопско со калинка, зависно од сортата, и иако Мостар велат има медитеранска клима сепак мраз го дрма редовно зиме заради што ко најидеална е застапена локалната сорта главаш [1] која би била идеална и за тука, сепак кај нас пак се застапени шест сертифицирани сорти калинка (подобни за ипард) http://www.mzsv.gov.mk/files/Sortna%20Lista%202008.pdf

инаку кој пиел сок од калинки, знае дека оваа работа чини и здравје и љубов [1]

КАЛИНКИ: Добри за романтика, тешки за извоз

Масовно се менуваат насадите на калинките со нови сорти, кои се поиздржливи, со што овошјето би можело да се продава и во странство

Нема уште многу луѓе што можат да ја запросат својата сакана со истата сорта калинка како што тоа го направил претседателот Ѓорге Иванов. Вчера неговата сопруга Маја откри дека пред 23 години била побарана за жена со калинка и сега самото овошје ја асоцира на брак.

- Мојот сопруг ми предложи брак со калинка и со зборовите: „Како што се сплотени зрнцата во калинката, така да бидеме сплотени и ние цел живот“, и еве, пред два дена наполнивме 23 години брак, па оваа формула со калинката е испробана – раскажа првата дама.

Претседателската двојка заедно со детскиот херој, кучето Петко, ракометарот Наумче Мојсовски и стотина дечиња се избоцкаа берејќи од трнливите дрвја и ги едуцираа младите од Валандово зошто треба да јадат здрава храна, овошје и зеленчук, богати со витамини и со минерали.



Одгледувачите на калинки, и покрај претседателската промоција, велат дека тешко се води бизнис.

Долгогодишниот одгледувач Васил Киров од Валандово објаснува дека годинава има нешто повеќе од еден хектар, при што очекува околу половина тон калинки. Со носталгија раскажува дека тоа е малку во споредба со минатото, кога едно семејство добивало и по неколку тони род. Тој вели дека најголем проблем е што валандовчани немаат пазар за калинките.

- Нема организиран откуп. Доаѓаат двајца прекупувачи од Скопје, кои неколку години го „држат“ цело Валандово. Ако не откупат тие, ќе останат калинките на нивите, нема кој да ги купи. Помладите носат да продаваат на Кванташки во Скопје или во Струмица, ама и тоа не е решение. Никој не гарантира дека ќе ги продадете, а и не се исплаќа да купувате амбалажа да ги спакувате и да трошите бензин за продажба по други градови – вели Васил.

Одгледувачите објаснуваат дека овој вид овошје е тежок за одгледување – дрвјата се високи, тој што ги бере треба да се поткачи на скала. Имаат и трње, па боцкаат. Прекупувачите за килограм калинки на големо плаќаат по 15 денари. На Кванташки пазар цената е 19 или 20 денари во зависност од родот. На пазарите и во маркетите во Скопје, пак, цената им достигнува 60-70 денари за килограм.

Валандовчани велат дека годинава родот е слаб, сите одгледувачи ќе немаат ни сто тони заедно. И лани не поминале подобро, фатиле дождови, па калинките гниеле.

Од фирмата „Агрипро“, која продава семиња, потврдуваат дека сега калинките се извезуваат многу ретко. Според нив, причината е што вкусното и богато со витамини овошје многу лесно се оштетува при транспорт и скапува.

Менаџерот Васе Зајков вели дека затоа масовно се менуваат насадите со поиздржлива сорта. Тој мисли дека вака овошјето ќе стане многу пореспективно за извоз и за добар бизнис и треба сериозно да се пристапи кон поголемо одгледување.

Вечните ергени, по советот на првата дама, најверојатно ќе ги избегнуваа, а романтичните души во Валандово ќе ги бараат своите љубени со друга сорта различна од онаа на Иванов.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/47839-kalinki-dobri-za-romantika-teski-za-izvoz




HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 13-Jun-2014 at 20:17



...
Зеофитот во овоштарството

Зеофитот, како еколошки производ, дава извонредни резултати во областа на овоштарството. Една од важните способности што ги има овој минерал е да ги задржува влагата и дел од хранливите елементи во почвата, овозможувајќи му на коренот да ги користи во сушни периоди. На тој начин ја подобрува исхраната на растенијата и придонесува за подобро развивање на кореновиот систем, интензивирајќи го растот, а и самата плодност на растенијата. Ја одржува pH-вредноста и дејствува како мелиорант на почвата. Зеофитот има значителна улога во зголемувањето на приносот, особено кај:
лимонот, јаболката, сливата, крушата, вишната и др. Најдобри резултати се постигнуваат при неговата употреба во самиот процес на садење, со додавање на зеофит во количество од 1 кг по садница (во зависност од почвата)
...
http://ffrm.org.mk/jdownloads/moja%20zemja/2013/moja_zemja_septemvri_za_web.pdf



кога и оние кои треба да ги поучуваат и советуваат земјоделците го препорачуваат зеофитот што повеќе...

Метод за зголемување на економската вредност на пиперката

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) со седиште во Битола денеска во пелагониското село Кукуречани презентира демонстративен опит -комбинирана заштита на пиперката со употреба на нов природен, еколошки, минерален препарат од групата на зеолит - Зеофит форте

Како што беше речено, опитот почнал со реализација во јули годинава и е во завршна фаза, а резултатите се позитивни.
- Позитивните резултати се повеќе од евидентни. Растенијата се здрави и поотпорни на болести и штетници со што се намали и аплицирањето пестициди при редовната заштита. Приносот е зголемен, вегетацискиот период е скратен, а плодот е здрав и крупен. Многу е битно што трулежот на плодовите е сведен на минимум, со што се зголемува економската вредност на пиперката, истакнаа од АПРЗ.

17.09.2015 - http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=52273




Edited by +Protagorist - 17-Sep-2015 at 15:31
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 13-Jun-2014 at 22:47

конечно гостин маслинаро Илија



тоа и сега се сади маслина и лимон в Македонија, но за десетина години комотно ќе може да тераат истите под полна пареа, токму уште сега да се засадат одејки со руска подлога и високосорти калеми на неа, и токму за 15-тина години ето плантажи со изобилен род, бар такви се прогнозите
за 15 до 17 година, уколико се обистине пројекције стручњака о климатским променама, ћемо гајити маслине и лимун уместо малина и купина [1]


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 13-Jun-2014 at 23:30
но не е гајле само мразот, исто зорт насадите имаат и од суша, а по неа и сите болести кои го напаѓаат закржлавеното растение, овој абер е неопходен особено за кај нас, а уште повеќе за во иднина со оглед дека прогнозираат дека републиката наводно ќе ја закачи сахарски климакс

Суша, помал род, долгорочни мерки за прилагодување

Високите температури и сушатата кои ја зафатија државата имаат негативно влијание врз целокупното земјоделството. Според агрометеролозите оваа суша е сосема поинаква од другите кои се случуваат секое лето.

Според Ангелко Ангелевски од УХМР среднодекадните температури на воздухот, споредени со многугодишниот просек се повисоки и тоа континуирано од јуни до средината на август за досега неверојатни 3-5ºС.

„Додека апсолутно највисоките максимални температури се во границите на досега забележаните и тие се пониски во јуни за 4-7ºС, што како климатска карактеристика не е логично и вообичаено високите дневни температури се следени и со апсолутни максимални температури. Како илустрација, во Скопје во јуни е забележана максимална температура од 35,9ºС, а апсолутниот максимум за јуни измерен досега е 41,4ºС, додека средномесечната температура измерена оваа година изнесува 24,2, а просечната е за 3,3ºС пониска од овогодишната и изнесува 20,9ºС. Отсуството или потпросечното количество врнежи само ја надополнуваат констатацијата, со исклучок на Штип каде што имаше 10 л/м2 повеќе врнежи и Гевгелија каде што тие беа во границите на просекот. Месецот јули како да ја отсликува состојбата од јуни, но со уште помало количество врнежи и повторно високи декадни температури, а пониски максимални температури, со таа разлика што сега овие отстапувања се помали и се движат околу 2-3ºС", вели Ангелевски во својата анализа за најновиот број на магазинот „Моја земја" - 08.2012 - стр.5

Според информациите кои ги добива Федерацијата на фармерите на РМ од своите членови високите температури кои ја зафатија државата имаат негативно влијание и намалување на родот во градинарството, овоштарството, пчеларството и лозарството а што се однесува до сточарството најголем проблем прави сушата која создаде потешкотии во снабдувањето со храна, но и цената на чинење на храната се зголемува. Со сушата кај високите пасишта настана деградација на тревната маса, односно преовладува трева со полош квалитет, а знаеме дека стоката е пребирлива. Ова директно влијае на намалување на продуктивноста на производено млеко. Исто така поради неможноста за наводнување ливадите останаа неискористени . Сето ова има големо влијание во млекопроизвдството и сточарството.

„Сушата продолжува и овој период така што земјоделските култури трошат вода од сопствените резерви и тоа доведува до намалување на родот и сушење на растението. Ваквиот процес драстично е изразен во регионите кои се непокриени со системи за наводнување како што е Овчеполието . Ваквите временски неприлики ќе продолжат и во иднина. Излезот ние како ФФРМ го гледаме во капитални инвестиции во рационално управување со постоечките ресурси за вода. Исто така потребно е градење на една стратегија за прилагодување на земјоделството кон климатските промени и едукација на земјоделците за примена на нови технологии за прилагодување на земјоделството кон новите климатски промени. Поново здружувањето е основен излез од ваквиот проблем и на ваков начин може полесно да се реагира за цената на храната и тоа и од страна на производителите и потрошувачи и воопшто за справување со климатските промени", - вели Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ.

http://ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=677:susha-pomal-rod-dolgorochni-merki-za-prilagoduvanje&catid=46:stavovi&Itemid=77




СУША У ВОЋЊАКУ

Под отпорношћу према суши подразумева се способност воћака да успешно подносе дуготрајнији недостатак влаге у земљишту и атмосфери, без осетнијих последива у погледу родности и продуктивности .Воћке се по својој наследној природи различито понашају према суши изазваној трајнијим недостатком влаге, па се и разврставају углавном у следеће четири групе: http://www.tutorvista.com/content/biology/biology-i/environment/adaptation-plants.php

- ксерофитне (маслина, бадем и др.) (non-irrigated),
- полуксерофитне (бресква, кајсија и др.),
- мезофитне (крушка, шљива) и
- хигрофитне (агруми, јабука и др.).


Када се појави недостатак воде кроз мањи притицај од потрошње, воћке су принуђене да се прилагођавају новим ситуацијама. Оне то остварују слабљењем својих физиолошких функција, а нарочито редуковањем растења и родности.


Садржај воде у органима воћака је различит: дебло, гране и лишће (50-70%), корен (60-80%), плодови (80-90% воде). На пример садржај воде у гранчицама зависи од њихове старости. У периоду зимског мировања старије гране садрже више воде од млађих. У периоду вегетације је обрнуто – на једногодишњим и двогодишњим гранчицама налазе се плодови за чије развиће је потребно доста воде.


Од укупне количине апсорбоване воде, воћке задржавају у својим ћелијама и ткивима само око 0,3%, док се остатак губи транспирацијом. Воћке имају висок транспирациони коефицијент (представља количину воде која испари са листа док се у њему синтетише 1g. суве материје и он се обично креће од 200-500 док за плодове достиже чак и 1.000)


Потребе воћака за водом зависе од више фактора:

1.Врсте и сорте
Jабучасте воћне врсте имају јачу транспирацију од коштичавих и захтевају више воде. Редослед воћака према потребама за водом: АГРУМИ> ЈАБУКА> ДУЊА> ШЉИВА> КРУШКА> ОРАХ> ПИТ.КЕСТЕН> ТРЕШЊА> ВИШЊА> БРЕСКВА> КАЈСИЈА> БАДЕМ. Сорте које касније сазревају траже више воде.

2. Подлоге
Вегетативне подлоге захтевају већу влажност од генеративних,

3. Старост воћака
Младе воћке интензивније расту и троше више воде од старијих,

4. Родност воћака
Родније воћке траже више воде,

5. Фенофаза вегетације
Највећа потрошње воде је у фенофазама интензивног растења младара и развоја плодова,


6. Количина минералних материја у земљишту и њихова растворљивост (ако је мања концентарција јона у земљишном раствору, воћке морају апсобовати више воде),


7. Метеоролошки чиниоци - Температура, влажност ваздуха и ветар.
Отпорност према суши условљена је интензивношћу транспирације и њеним регулисањем.


Воћке се штите од суше:

- Затварањем стома при недостатку воде,
- Савијањем лишћа ради смањења површине испаравања,
- Одбацивањем лишћа (ради смањења транспирационе површине). Лишће отпада од основе према врху. Највише је изражено код бадема, затим брескве, трешње, шљиве и кајсије,
- Формирањем ксероморфне структуре лишћа.


Ако у пролеће у време формирања листова влада суша они добијају ксероморфну структуру која се карактерише већим бројем стома по јединици лисне површине (лакше је затварање при недостатку воде), дебљом кутикулом а посебно воштаним слојем и јачом маљавошћу лишћа.


Листови на врху круне и периферији (посебно са јужне стране) одликују се ксероморфнијом грађом у односу на листове у доњем делу и унутрашњости круне. Доњи листови младара који се обично образују у повољнијим условима влажности, мање су отпорни према суши од горњих млађих листова. У горњих листова је већа концентрација ћелијског сока и извлаче воду из доњих листова.

Штетне последице недостатка воде:

- Успоравају се процеси синтезе а појачавају процеси разлагања (хидролиза), скроб и други полисахариди прелазе у растворљиве и повећава се осмотски притисак у ћелијама, појачава се катаболизам протеина у протоплазмни, Мањи је тургор у листовима, мањи степен отворености стома а тиме и усвајање СО2 и степен фотосинтезе,
- Слабије растење младара и корена,
- Лишће почиње да вене, а при јачој суши извлачи воду из гранчица или из плодова.
- Млађе лишће извлачи воду из старијег,
- Мање се образују цветни пупољци,
- Плодови масовно отпадају, а они који се одрже су ситнији, убрзано сазревају и лошег су квалитета,
- Мања је количина резервних храњљивих материја у органима и
- Већа опасност од мразева.



Заштита воћака од суше:

- Избор врста и сорти отпорнијих према суши (нпр. сорте које раније сазревају),
- Избор подлога отпорних према суши
- Избор хумиднијих положаја,
- Подизање ветрозаштитних појасева,
- Редовна обрада земљишта
- Наводњавање (савремени системи за наводњавање, који ће се примењивати редовно и по потреби).

http://www.zdravasrbija.com/Zemlja/Vocarstvo/1339-SUSA-U-VOCNjAKU.php

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 15-Jun-2014 at 16:31


и иако ова горе е корисен абер - првиот и вториот текст, сепак доколку го споредам научниот пристап помеѓу од видеото (за сензорска контрола на наводнувањето) со магнетизирање на водата дефинитивно второво е побитно во однос сушните периоди, бидејќи не е склет за билките колку вода ќе имаатна располагање туку колку истата ќе успејат да ја апсорбираат, а бидејки вискозитетот на водата се зголемува со нејзино магнетизирање истата растенијата ја апсорбираат далеку повеќе него вообичаено та не е битно колку ами каква вода има чоек на располагање

http://www.researchgate.net/post/Are_there_scientific_experiments_on_the_use_of_irrigation_water_magnetization_in_the_field_of_agriculture [1][2]

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3008&PID=168963#168963

јасно фактор е и' самата ph-вредност на водата, а која во последно време заради секаде присутниот хлор наједноставно гледаат да ја решат со аскорбинска киселина [1] кој би рекол дека лимон му е мајката
но исто битно е и' какви се патогени се протнуваат до растенијата преку водата а заради што конечно корисно индивидуално решение би требало да бидат ефтините нано-филтри [1]   

впрочем освен агрометеорологија и педологија, главен фактор за добар принос и здрави растенија е познавање на физиологија на растенијата [1][2][3]

но ова знаење ќе биде особено неопходно во блиска иднина штом здрма глобалното затоплување и енормен пораст на цена на храната, та доколку чоек сака да биде самоодржлив мора да се едуцира, а потем или да префрли на gmo или да импровизира архаично, дали сме свесни за ова незнам, но и да сме ко систем лесно не можеме да се мобилизираме без иницијатива на самите политичари кон освестувањена масите за неопходност од нивна едукација иако за почетокот доволно би било ко што некогаш ги стимулирале да емигрираат од село в град сега да биднат стимулирани за реемиграција од град в село а потем и подготовка за активна самоодржливост


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 17-Jun-2014 at 11:50

со оглед дека во претходното видео се алудира на gmo пристап, односно ко потенцијално чаре за сушите кои ги исчекуваат научниците, иако до тогаш ќе не закачат попрво екстреми угоре удоле, јас би препорачал архаично-научен know-how од тип на вкопан пластеник, најнапред бидејки во пластеник производството е контролирано но и потенцијално од болести изолирано, а заради што приносот е 5 до 10 пати поголем со минимално третирање на растенијата, плус сето тоа ко такво поприлично е осигурано дал од природна ил антропогена непогода

поентата со вкопан стакленик/пластеник би била заради константната температура на земјата, но може да се оди и со дополнително разладување на истата геотермално доколку се има поголема вода в близина [1][2] плус во исто време тој систем би можел да служи и за наводнување капка по капка, навечер пак температуната екстрема може да се совлада со индиректно загревање преку камен ѕид на пластеникот [1]

посекако најнапред ќе мора да импровизираме со опциите, а тоа е возможно само доколку и со време сме фокусирани кон импровизација и брзо обновлива самоодржливост (и тоа индивидуално) со оглед дека при катаклизмички суши пример ко што се прикажани на горното видео - сигурно нема да биде безбедно и едноставно да се одржува одреден стакленик долгорочно макар и најдобри намери имале [1] затоа е и повеќе од неопходно човек да е спремен на архаични импровизации



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 17-Jun-2014 at 21:33

za nafatiranite sigurno deka dobra opcija e hi-tec staklarnik, no koja poenta od nego koga hranata izlezena od tamu ima muzejska a ne cena od granap!?

eve shto aber ima na balkan ko korisno info za pocetnici [1][2][3] iako sekoga e najdobroda se premeri investicijata ko plastenik za svoj rasad za svoi potrebi, aduri potoa da se odi na oranzerisko proizvodstvo, za sekogo e neophodno da se proba na malku za da vidi kako kje tera na angro, nekoj nema kichma za toa a nekoj nema volja da ja vitka potoa

no glaven problem denes e brojlerskiot mentalitet za hibridi i gmo zaradi ekstra prinosi, jasno na mladite i naukata e idninata, no seto toa lichi povekje borgovski nego chovecki, verojatno za tehno generaciite ova ne e nekoja losha pojava, sepak da bidam iskren me iznenadi argumentot za hidroponikata od videovo, no povtorno lichno bi improviziral so organsko-npk a na toa i vkopan plastenik, po moznost na biomasa zagrean [1] a na spisokot zelbi bi dodal i diy-fotovoltaichna kotrola na voda, vozduh i toplina


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 18-Jun-2014 at 09:33

ova za hidroponicniov staklenik vo Srbija me potseti na shishedzid opcijata, ta bi potenciral deka verojatno najisplatliva improvizacija od plastenik e istiot da se krene od plastichni ili stakleni shishinja no so voda, kako dopolnitelno bi se zgolemila energetskata efikasnost na plastenikot, deluva komplicirano, no ko shto veli choekot gore dolgorochno e poizdrzano reshenie so ogled deka glavniot kabaet kaj plastenicite e nivno zagrevanje v zima

no i za golemi plastenici ova bi bilo originalen nacin isplatlivo da se izolira plastenikot i za v leto i za vo zima, sepak bi moralo da se odi na modularen sistem od pogolemi boci, koi najednostavno bi se pravele na lice mesto so pet-blower [1] pretpostavuvam moze da se tera i so kockast kalap kako polesno bi se krevale zidovite, a logichno e krovot zime pokraj pvc folija ili pleksiglas da e prepokrien i so stiropor (ili poekoloshki kamena volna)

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=41&PID=27504#27504


vo sekoj sluchaj za mali farmi bez potencijal za zagrevanje e ekstra reshenie, iako moze da se kombinira zasredni farmi so earthship pozadina, a dopolnitelno da se osigura so visechko odgleduvanje ili hidroponika, vo princip lugje i te kako razmisluvaat za standardiziranje na vakvi improvizacii kako bi izvadile brz i eftin model za lokalna samoodrzlivost i vo tretiot svet a evntualno bajpas za kakva i da e ekonomska kriza




Edited by +Protagorist - 18-Jun-2014 at 09:34
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 18-Jun-2014 at 23:46

http://www.ecofriend.com/8-greenhouses-made-using-sustainable-materials.html


improvizacija podrazbiram - turbo fokus kon odredena cel, vo sluchajov plastenik i toa samoodrzliv, iako tradicionalno najdobro e da ne se sili choek za zimsko proizvodstvo, tuku da ja tera esenski i proletno pred se', i toa ko eftin nachin za proizvodstvo na rasad nego negovo kupuvanje, ednostavno matematikata veli choek na selo da nema svoj rasad e samoubistvo i ekonomski i ekoloshki itn. na strana shto svoj rasad e nalik svoe dete a rasadnik gradinka, osnovno i sredno

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 20-Jun-2014 at 08:23

po toj arshin improvizacija e pojavata na Sk'14 ko proekt, ona so upornost ko pesna odat proektite, sepak da teraa rachno i unikatno vo kamen posekako kje chekavme godini

slichno e i so rasadot, koj i pri zasejuvanjeto i pri rasaduvanjeto dokolku tera rachno kje zeme prilichno vreme, od ovoj aspekt mashinska intervencija e povekje od dobredojdena, no mesto da kupuvame poedinechno oprema toa drzavata treba da go ponudi preku masinskite krugoi, duri daoformi drzavni mashinski kroguvi kade mehanizacijata vrabotenite po ophtinite ili komunalnite pretprijatija bi ja opsluzuvale, ta sekoe selo da ima korist odvakviot intervencionizam



vo najmala raka neka investiraat vo know-how improvizacii



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 21-Jun-2014 at 22:24

pretpostavuvam od gornive videa prvata mashina za avtomatiziran rasad e izgor skupa, iako ko prikluchok za traktor toa i ne mora da e sluchaj, dodeka vtorata i da moze da se nabavi ne veruvam deka nekomu bi mu bila od osobena pomosh, osven ako ne rasaduva ili plevi egzotichni bilki ne tipichni za odredeno podnebje

sepak za mali farmi najverojatno kultivator za rasaduvanje e lekot, a od niv logichno cenovno najdostapni se kineskite [1] ili korejskite [1] avto-rasaduvachi, sepak japonskite izgledaat najnapredno za sega vo ovaa kategorija




Edited by +Protagorist - 21-Jun-2014 at 22:29
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 22-Jun-2014 at 14:27

конечно бидејки и овие култиватори не се секому достапни, логично е држвата да интервенира и да субвенционира формирање на машински кругови, што пример по балканиве и во Македонија и во Србија а и во Хрваска но и во Словенија сеуште се во форма на меѓусоседска соработка]

но сепак освен капиталистички (приватно ил здружено) исто потребно е и државата онака социјалистички да пристапи и да исфинансира свои машински кругови од кои според подобност приоритет би имале социјалните случаи, а дури потем останатите земјоделци без или со механизација јасно со предност за оние кои ја немаат или им е неопходна заради одредена итност итн.

инаку за сега во Македонија државното финансирање за механизација во МК кооперативност е 50/50 [1] додека во Хрватска ваквите ко-оп задруги имаат 75% потицај т.е. потпора за инвестиции во механизација [2] но и таму од ваквата интервенција многу не гледаат абер со оглед дека се сомничави ко балканци кон приватно партнерство [3] сепак скепсата лесно може да се надмине доколку ко посредник посреди е некој авторитет дали на државно или локално ниво наместо да се препушти потпората директно на совест и милост на меѓусоседските суети и ненаситност, кои и да ги нема доколку нема кој да тера ред и регулира приоритети ко појава машинскиот круг ќе предизвика пак внатре кавга, слично е и со акционерските друштва кои доколку немаат управен одбор ќе заглават в миг околу своето делување, а најчесто независни експерти се ангажираат по одборите како компаниите би куртулиле од непотизам и ситничарења за сметка на дејноста, та затоа кога веќе државата терасо 50 ил 70 посто субвенции за механизација зошто и самата да оформи машинси кругови кои бар по руралните општини би биле исфорсирани ако ништо друго заради демографска самоодржливост каде ошол наталитето курбан!?

реално и во идеални услови, сега само големите и средните фарми имаат фајде од постојниот модел на машински кругови по балкан, додека малите фармери се извисени, а за почетници ко урбани имигранти или селски реемигранти и да не праиме муабет, иако секогаш има исклучоци кои што од љубов што од потреба успеваат да кренат глава и самостојно а потем и да здружат сили со комшилук, битно на сите им е во интерес да закачат екстра субвенционирана механизација

   

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 22-Jun-2014 at 16:58

kolku mal kapacitet i volja imaat nasive zemjodelci toa ke obznani i samiot minister
Министерство интензивно го спроведува проектот за задругарството. Какви се резултатите на терен?
Во 2013 година донесовме два стратешки закони, за консолидација на земјоделското земјиште и за здружување на земјоделците во земјоделски задруги. Ова се исклучително важни законски решенија и проекти на Владата и на министерството за земјоделство.
Морам да истакнам дека на македонското земјоделство му е потребно окрупнување на земјоделските површини со цел, поекономично експлоатирање, односно обработување, намалување на производствените трошоци, зголемување на приносите, поквалитетни земјоделски производи, поголема заработувачка и повисоки откупни цени за производите.
По новиот за земјоделски задруги, досега се регистрирани седум задруги. Две се регистрирани по стариот Закон, а сега се пререгистрирани. Преку нив ќе успееме да ја зголемиме конкурентската моќ на земјоделците, намалување на трошоците во производството итн. [1]

no i site da sakaat da se zdruzat kade e garantot deka vlozenite subvencii za mehanizacija (koi spored noviot zakon bi moelo da odat i do 90% za co-op mehanizacija) kje ostanat vo igra vo samoto zemjodelie, prosto i da nesmejat da ja raskrchmat poklonetata oprema koj gi obvrzuva deka istata mora da e vo pogon, odnosno i da ne smejat da ja prodadat bidejki e vekje privatna makar i zadruzna zadrugarite ne se obvrzani dali i kolku kje ja koristat takvata oprema ili koga ne ja koristat deka treba nekomu shto e zainteresiran da ja rentaat itn. zatoa i pologichno e da se finansiraat opshtinski mashinski krugovi a so koi bi rakovodela primer apzr

no problem ne e samo koj kje go upravuva vakviot mashinski krug kako drzavna potpora za malite zemjodelci, tuku i kolku efeikasno kje bide toa upravuvanje, a za da se izbegnat glavobolki najdobro e da ima posredi javna online lista, nalik brz sistem za prijavuvanje, selekcija i raspored na koristenje na opremata, no bidejki sekoj ne e elektronski opismenet ili nema pristap do internet dobro e da postoi i sms-platforma za najava, a za vakva cel primer na sever vekje imaat i machinnenring online manager - [1][2]

tek togash moze da se reche deka kje ima realen prostor od sovetite i ukata na drzavnite agro-uchiteli, koi pokraj sovet kje mozat da motiviraat narod i na poozbilni investicii, a duri i odnapred da gi zdruzuvaat lokalno novopechenite zemjodelci ili nadeznata farmerska mladina vo plansko proizvodstvo podobno za dadeni uslovi i reoni, vaka ushte dolgo kje se cheka na inventivnosta na siromashni em banki otpishani zemjodelci koi ne mozat da pokrijat semenski materijal so svoi prihodi ane pa mehanizacija da nabavat a zgora na toa i da ja odrzuvaat! a i onie koi imaat neshto mehanizacija vo princip se ogranicheni so priklochoci za istata, taka da teshko teraat kon diverzifikacija na proivodstvoto, ajde ima koj da gi teshi bar kancelariski ako ne mashinski



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 23-Jun-2014 at 13:51

веројатно добро е да направат по примерот рурален доктор за селата и редовен рурален даскал кој преку доедуцирање на ветеринарите би бил воедно постојан почетен советник кој би го консултирале земјоделците и за сточарство но и за пољоделство и градинарство

до тогаш бар докториве можат да куражат народ на органско произодство и исхрана



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 23-Jun-2014 at 19:37


ako neshto e potrebno ovie doktori da pravat e da gi poduchuvaat selanite na korista od Lekovita Gradina na nekoj nachin da gi promoviraat prirodnite lekovi, bar antisepticite, primer da im pomognat so farmakoloshki informacii za toa koi lekoviti bilki kako da gi gajat, berat, sushat i koristat sekojdnevno, primer kantarion za isechenici, no se plasham deka moze da bide i obratno vo najmala raka neka iniciraat comumnity garden proekti kade bi se gaele lekoviti bilki za opshto dobro [1][2]



http://www.pijanitvor.com/index.php?threads/23917/


Na svom balkonu, u domu, vrtu ili dvorištu možete gajiti ljekovite biljke. Tako ćete stalno imati svoju malu armiju boraca za zdravlje i ljepotu.

Kamilicu, žalfiju, metvicu, aloe veru i lavandu nije teško uzgojiti, a i ne traže mnogo pažnje. Posadite ih u saksijama ili u bašti i one će vam svakodnevno biti na raspolaganju. Zato, ne budite lijeni – napravite svoj mali “ljekoviti” vrt odmah.

Kamilica je jedna od najpoznatijih ljekovitih biljaka, a njen čaj svi rado pijemo. Ako je sijete u baštici morate čekati jesen, ali u saksijama (koje ćete držati u kući ili na zatvorenom balkonu) možete je posijati i na proljeće. U saksiju, koja ima dobru drenažu (recimo, stavite šljunak na dno saksije) pospite sjemenke kamilice, prekrijte ih zemljom i zalijte vodom. Kamilica ne voli direktno sunce, pa je najbolje stavite s vanjske strane prozora ili na balkon. Cvjetiće sušite na pamučnoj gazi, na mjestu zaštićenom od jakog sunca i sa dobrim protokom vazduha.

Metvica je, pored kamilice, jedna od biljaka koju obavezno imamo u kući. Sijete je ili sadite u vlažnu zemlju na sunčanom mjestu ili u blagom hladu. Brzo će napredovati ako je budete redovno i obilno zalijevali. Listove koristite sušene ili svježe – za čajeve, osvježavajuće napitke ili čak aromatičnu kupku.

Žalfija je doktorica među ljekovitim biljkama, jer se koristi u borbi protiv mnogih bolesti, ali i kao odličan začin. Posadite je u zemlju, koja nije previše vlažna i pazite da je na zahvati mraz. Sadnice možete kupiti u bilo kom vrtom centru. Listove je najbolje brati prije nego što počnu da cvjetaju, jer tada biljka ima u sebi najviše eteričnog ulja. Sušite ih nekoliko dana u hladu, na umjerenoj temperaturi. Sušenu žalfiju držite u dobro zatvorenim posudicama, u mraku. (Za šta je sve dobra žalfija pročitajte ovdje)

Aloe vera je najbolja biljka za njegu kože i za brže zarastanje rana i ogrebotina. Sadnice kupujete u vrtnim centrima, a sadite ih u zemlju pomiješanu s pijeskom. Važno je da ima dobru drenažu. Aloe vera traži kutak koji je osunčan ili u blagoj hladovini, a ne podnosi temperaturu nižu od 5 stepeni Celzijusa.

Lavanda je lijepa i mirisna biljka. Nije mnogo zahtijevna, samo ne smije smrznuti ili će propasti. Najbolje joj pogoduje pješčano, šljunkovito i suho tlo i mjesto sa mnogo sunca. Berete je kada je u punom cvatu – cvjetne štapiće povežete špagom i objesite ih naopako da se suše. Odlična je za mirisne kupke, a u ormarima tjera moljce. [1]

Grow Your Own Medicine - part 8 - Herbs

...

GW Special - Roses

 

Origano - [1] Кујтим Хамза приказна за успешен бизнис со производство на оригано [2]

 




Edited by +Protagorist - 06-Jan-2016 at 17:29
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 23-Jun-2014 at 22:57
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 24-Jun-2014 at 14:08

eve dobar urnek od infografik za herb gardening iako treba i poveke od toa

pr. i neshto aber za presaduvanje [1] voopshto uchitel http://herbgardening.com pa i pouka [2]

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 25-Jun-2014 at 10:01
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.824 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.