build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Земјоделие и рурален живот
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Земјоделие и рурален живот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 03-Dec-2014 at 12:41

airlija zadrugari, konechno da chujam ubav muabet, kamo i organski raspolozenite da se zdruzuvaa, pa ova e bez presedan do dusha organicharite dokolku vidat air od subvencii lesno moze da se preorentiraat na konvencionalno proizvodstvo, a posle kje im treba Juzni Vetar da gi teshi lol

Земјоделците добија ГАГА механизација и опрема субвенционирана од државата
...
Министерството за земјоделство субвенционира 90 проценти во набавката на механизацијата во земјоделските задруги. За таа цел, годинава, преку Платежната агенција инвестиравме преку три милиони евра за набавка на потребната механизација и опрема. Сакаме да ги задржиме младите во оваа стопанска гранка преку директна помош и олеснувања со цел создавање на модерно земјоделство и оптимални услови за живот во руралните средини, посочил министерот.
Земјоделската задруга „Вегевреш“, како што изјавил министерот, е убав пример за организирано здружување на земјоделците и нивен заеднички настап на пазарот, без посредство на прекупци.
Според него, земјоделската задруга „Вегевреш“ е убав пример за организирано здружување на земјоделците и нивен заеднички настап на пазарот, без посредство на прекупци.

Цветков ја нагласи заложбата на Владата за давање помош на земјоделците при набавката на земјоделската механизација и приклучни машини, изразувајќи притоа подготвеност за максимално и рационално искористување на 150-те милиони евра од субвенциите за 2015 ггодина, како и 20-те милиони евра кои на македонските земјоделци им стојат на располагање од ИПА Програмата на ЕУ.

Директорот на „Вегефреш“ Драги Памуков се заблагодари за ангажираноста и помошта на Министерството кое директно и ја предаде механизацијата на првата задруга во државата.

http://bukvar.mk/news/cvetkov-modernoto-zemjodelstvo-prioritet?newsid=qXc1


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 05-Dec-2014 at 20:48

shto ksmet kje imaa, sega od ovie sapun kje pravat, taman sefte primer za se ostanato shto slusha turbofolk u shtala a misli deka so toj pamet kje stigne do ibica

ПОЛИЦИЈАТА ОТKРИ МАСОВНА ИЗМАМА

Со лажни податоци 80 земјоделци и фирми влечеле пари од субвенции
Седумдесет и осум земјоделци и пет фирми се осомничени дека давале лажни податоци за откупените земјоделски производи за да добијат поголеми субвенции од државата. Полицијата ја откри оваа масовна измама и поднесе кривични пријави за инволвираните. Централно место во измамничката шема има бизнисменот М.А. (41) од Kочани, сопственик и управител на фирмата БМФ од Зрновци. Со него се осомничени и други 77 лица на возраст од 35 до 83 години.

Според истрагата на полицијата, бизнисменот М.А. во периодот од средината на јуни до крајот на август минатата година од име на својата фирма повеќепати во потврдите за откупена или преработена оризова арпа внесувал невистинити податоци, кои ги заверувал со свој потпис и печат.

Осомничениот во потврдите внесувал количина за откупена оризова арпа поголема од стварно откупената количина констатирана од приемниците. Таквите потврди им ги издавал на комитентите, со што овозможил да аплицираат за износ за субвенции поголем од износот што реално би го добиле - објаснуваат од МВР.

Потоа земјоделците и фирмите, иако знаеле дека поседуваат документи што се со лажни податоци, ги искористиле при поднесување барања за директни плаќања (субвенции ) од Програмата за финансиска подршка во земјоделство за 2013 година во Агенција за финансиска поддршка и рурален развој при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C1D6A07C62254349AF9DD859508796D5



Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 08-Dec-2014 at 08:54




мала дигресија, нека им викнат и Поп кога делат екстра субвенции друг пат, за полесно да им проработи совест ако не праведност, или бар нека им делат Tемјан уз кофинансирањето, или рецепт како да си направат, во најмала рака поука каде можат да си набават иако можат и да ги тераат да пазарат за 10 евра пола кило како потем лесно би можеле да си окадат од мисли секакви алчни пориви
извинете за бош муабетов, но колку да си најдам опрадување зошто да го закачам текстов во нишкава, иако природните (домашните) мириси, сапуни и шампони се дел од секоја рурална средина а идеално во секоја изворна куќа, обично порано секое село си имало свој Биљар чии марифети ги користеле соселаните па и околијата зависно до каде стигнал со аберот, но денес органски расположените сред сето ова сестрано достапно знаење просто сами си припремаат вакви муабети... смешно ко дете бев супер-скептик за ефектот од тинктури пр. ко кантарион или домашни масти пр. од арника ил невен, а сега не ми е логично како луѓе по дома не држат по некоја (бар од фора ако не ради трошок) но да не излезе дека јассум цвеќе за мирисање просто и јас сеуште си трошам од тоа хемијата со кеиф [1][2] а особено кога овците не ми се на број


...од почит кон заминатиот агро-портал еве негов препис за Темјанот...

http://www.zemjodelstvo.mk/index.php/2012-04-01-19-35-40/52-lekoviti-bilki/2218-temjan-edno-od-najlekovitite-rastenija-na-svetot

Темјан - едно од најлековитите растенија во светот

Темјанот е ароматична смола добиена од дрвото Boswellia, кое расте во Азија и Африка.

Нас повеќе ни е познат преку црковните церемонии на поткадување со темјан што се прави така што парче бела ароматична смола се става на јаглен.Темјанот се смета за еден од најстарите мириси. Со него се тргувало уште пред 5000 години на Арапскиот полуостров и во Северна Африка, каде што бил вреден како злато.

Патот на темјанот кој води од јужна Арабија кон Медитеранот е еден од најстарите трговски патишта во светот.Поради своите својства во Египет се користел за балсамирање на мумии.

Темјанот одамна се користел и во ритуалите на римокатоличките и православните цркви, поради верувањето дека ги брка злите духови.Денес тој се применува не само во ароматерапија, козметика, масажа и религиозни церемонии, туку исто така и за лекување.

Лековити својства на темјанот

Во ајурведската медицина индискиот темјан ( Boswellia serrata ) се користи веќе илјадници години за лекување на артритис, зараснување на рани, зајакнување на женскиот хормонален систем и заштита од патогени микроорганизми .

Според Ајурведата,секојдневното кадење со темјан во куќата носи добро здравје на сите членови во домаќинството.

Темјанот се користи од античките времиња и на Блискиот Исток за одржување на оралното здравје . Таму луѓето имаат навика да ја џвакаат смолата од темјан, кој го подобрува здравјето на забите и непцата, бидејќи темјанот поради своите антимикробни својства ја спречува инфекција.

На Запад, темјанот е најмногу познат по своите анти-воспалителни својства .Активните лековити состојки на темјанот произлегуваат од одделни јаглеводороди, монотерпени и дитерпни и босвелиска киселина.

Босвелиската киселина е најважната состојка во темјанот. Таа има силни анти-воспалителни својства и ефикасно ја ублажува болката предизвикана од артритис , и за разлика од конвенционалните лекови не предизвикува несакани ефекти.

Темјанот ја подобрува циркулацијата и протокот на крв низ крвните садови оштетени од воспаление, што уште повеќе помага на зглобовите погодени од артритис. Со своето моќно анти-воспалително својство помага и при Кронова болест и циститис.

Некои студии покажале дека темјанот може да помогне во лекувањето на некои видови на рак - малигнен меланом, рак на мочен меур и тумори на мозокот.

Беше потврдено дека екстрактот од темјан: темјан ацетат ги намалува невролошките оштетувања, олеснува депресија и ги намалува тензиите, спречува болести на крвните садови и го намалува лошиот холестерол.

Во ароматерапијата, темјанот се користи за олеснување на стресот , напнатоста, хистеријата и депресијата.

Масажата и бањата со масло од темјан во голема мера помога при менструалната болка и воспаление на мочниот меур.

Терапијата со масло од темјан има корисен ефект врз респираторниот систем и го олеснува бронхитисот, астмата, воспаление на синусите, настинки и алергии .

Истурете на рака неколку капки масло и вдишете неколку пати на ден или инхалирајте се со тинктура од темјан (1 лажичка на литар топла вода).

Се верува дека темјанот може да го запре ‘рчењето – за таа цел неопходно е со масло од темјан да се намачка вратот, градите и областа околу носот.

Ова растение е одлично и за нега на кожата – помага за чистење на акни , лузни, стрии, брчки и рани .Низ милениумското користење на темјанот не се забележани никакви значајни несакани ефекти.

Последните токсиколошки студии потврдиле дека екстрактите од темјан се безбедни како за надворешна така и за внатрешна употреба.

Не се препорачува користење на темјан ако пиете лекови за разредување на крвта, ако страдате од висок крвен притисок,и ако сте бремени или доите.

Не треба да се користи чисто масло од темјан, тоа треба да се разреди во базно масло или вода.


Подготовки од темјан

Темјанот и производите кои се подготвуваат од него се увезуваат од Индија. За лекување се користи смолата од темјан што се собира во текот на годината.

Од смола се подготвува тинктури, масла, креми и додатоци врз основа на темјан.

Темјанот кој што се јаде мора да биде прозирен, без црни или кафеави точки. Најчесто е малку жолтеникав со примеси од зеленкаста боја, и се користи како мастика за џвакање, а како лек се внесува во облик на капсули.

Тинктурата bosvelijа може да се купи или направи така што смолата од темјан се меша со 80 процентен алкохол.

За кадење се користи смола од темјан или миризливи стапчиња од темјан.

Темјанот и производите од него може да се набават во билните аптеки и продавници за здрава храна. Низ вековната традиција се покажа дека користењето на темјан има само позитивни ефекти.

http://www.theyummylife.com/Natural_Room_Scents

Интересно за темјанот

Египќаните подготвувале маски подмладување на лице од темјан. Го користеле и за балсамирање, помешан со смола од кедрово дрво и мускатово масло.
Древните Кинези верувале дека инхалации со чад од темјан го прочистува умот и душата.
Во муслиманскиот свет се бркат злите духови со темјан.
http://denesen.mk/web/?p=227078




Edited by Max - 28-Sep-2015 at 10:01
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 12-Dec-2014 at 01:00

posle temjanov verojatno bi trebal da odi negoviot pandan shitaketo, no za da ne se povtoruvam eve neka odi edna proshetka po tartufi

seushte eznam koja e forata so zimski i leten tartuf, verojatno letniot i na plaza se jade

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 12-Dec-2014 at 07:35



neizbezen topik koga tartuf e vo prashanje a ikorisno po komshiluk

da se ima pametno izdresiran pes iako velat i potekloto bilo bitno mozebi ako e carsko

http://mojker.com/trazenje-tartufa-pomocu-psa.html

http://balkankinology.net/forums/topic/656-obuka-pasa-za-pronalazenje-tartufa/
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 12-Dec-2014 at 10:10


НЕМА ЛЕСЕН БИЗНИС СО НАЈСKАПИТЕ ПЕЧУРKИ

Не наседнувајте на приказните за брзо богатење со тартуфи

Најскапите печурки на светот, тартуфите, може да се одгледуваат и во контролирани услови, но таквото производство воопшто не е лесно и затоа луѓето не треба да наседнуваат на трговските трикови и на приказните дека на тој начин брзо ќе се збогатат, вели писателот Санде Стојчевски, кој е добар познавач на габите. На светскиот пазар килограм од овој деликатес достигнува цена и до 5.000 евра, што поттикнува многумина да продаваат имот или да се задолжат со кредити за да подигнат плантажа. Во Србија за помалку од две години биле купени 14.700 садници лешник со мицелиум на тартуфи, но новопечените фармери не само што не заработиле ништо од комбинираниот бизнис туку сега и го тужат за измама англискиот фонд што им ги продал.

Тартуфот во природата расте подземно на длабочина од 10 до 30 сантиметри. По него се трага со помош на специјално издресирани кучиња или со свињи, кои може да го насетат неговиот специфичен мирис. Иако на подрачјето на поранешна Југославија природни диви тартуфи можеа да се најдат само во Истра, приказните дека наводно се видени и во други краишта с` уште ја поттикнуваат фантазијата за брза заработка и преку нивно собирање и преку плантажно одгледување. Ваквиот тренд се шири во регионот и покрај предупредувањата на експертите дека таа работа воопшто не оди толку лесно.
- Точно е дека тартуфот може да се одгледува преку садници чии корења се намерно заразени со семето од оваа габа. Но треба да се знае дека се потребни специјални услови - погоден состав на почвата и соодветна надморска височина. И ако го имате сето тоа, пак нема никакви гаранции дека зафатот ќе успее. Прво треба да се зафати и да зајакне самото дрвце, од кое потоа габата добива хлорофил и храна, а за возврат му дава минерали. Потребно е време да профункционира ваквата симбиоза и затоа пред да се прават плантажи луѓето треба да знаат дека првиот род од тартуфите може да го очекуваат најмалку по пет години од засадувањето на дрвцата - вели Стојчевски.

Изгорени од очекувањата за брзо збогатување се неколку стотици фамилии од околината на Ниш и од сиромашниот југ на Србија. Тие ја виделе својата шанса во производството на тартуфи за кое им било речено дека ќе им носи редовна заработка од 2.000 евра месечно. Од градовите се вратиле во селата за на напуштените имоти да подигнат плантажи за кои прво на фондот што им ги продал садниците му платиле по 300 евра за да им изработи елаборат. Секоја купена садница имала свој сертификат и упатство за употреба на кое било наведено дека не треба самите ништо да преземаат, па дури ни да ги допираат садниците со раце. Селаните од околината на Ниш кои приватно го тужат англискиот фонд велат дека не само што не ја добиле ветената стручна помош туку дека веќе неколку месеци никој и не им се јавува од фондот. По првите приватни тужби, сега и полицијата ја истражува англиската фирма „Грин лабораторис“. Таа и понатаму се наоѓа на списокот на официјалната веб-страница на Агенцијата за земјоделски регистри на Србија, иако во нејзината централа во Белград веќе неколку месеци нема никој. 

Во Македонија го има црниот тартуф

Во Мариово, Стогово и во Kумановско досега е регистриран црниот тартуф. Интересно е што лоцирањето на оваа скапа храна се прави најчесто со дресирани кучиња. Не е лесно да се препознаат, велат експерти. Во Франција и во Шпанија се користат и свињите зашто ги привлекувал мирисот на габите и ги асоцирал на мирисот на нивните мажјаци. Во Русија, пак, користат припитомени мечки. Тартуфите не се измислица на 21 век. Уште старите Египќани ги познавале, а ги спомнуваат и староримски и грчки филозофи. Им се препишуваат и афродизијачки својства.

http://dnevnik.mk/?ItemID=8CCBEF94CB251B4898D2DB826A14D6C8


veli samo so deset grama se krchka neodoliv vkus, brej moze i godinava da dresiram kuche

po ovoj arshin zemjava bi trebalo da e kolonizirana

10.05.2008 - НАЈСКАПАТА ПЕЧУРКА ЈА ОСВОЈУВА И МАКЕДОНИЈА

Тартуфи од илјада евра во македонски тави

Дамир Модрушан, шефот на кујна во истарскиот ресторан "Зиганте", кој во Хрватска е познат по специјалитети од најскапата печурка на светот, минатата недела во хотелот "Александар палас" во Скопје ги обучуваше угостителите од македонските хотели

"Само 10 грама тартуфи се доволни за да се постигне неодолив вкус на јадењето. Повеќе не ви требаат ниту индиски ниту кинески зачини, кои важат за едни од најароматичните", ги подучи своите колеги од Македонија Дамир Модрушан, шефот на кујна во истарскиот ресторан "Зиганте", кој во Хрватска е најпознат по специјалитети од најскапата печурка на светот. Модрушан минатата недела во Скопје три дена ги обучуваше угостителите од македонските познати хотели, ресторани и пицерии како да приготвуваат јадења со тартуфи. Готварските тајни им ги пренесе во хотелот "Александар палас" каде што за кратко време приготви изобилство од предјадења, главни јадење и десерти од тартуф.
"Само неколку минути се потребни за да се направи вкусно предјадење карпачо. Потребни се сол, црн пипер, маслиново масло со вкус на тартуф, малку зелена салата, рукола и филети од сурова пастрмка или бифтек, и сосема малку конзервиран или свеж црн тартуф. Во животот сум изел многу големи количини од оваа најскапа печурка, и тврдам дека меѓу свежата и конзервираната нема некоја голема разлика. Единствено свежата има многу силен, дури пробивен мирис кој не би можел да го дефинирам", вели Модрушан.
Ако македонските угостители се придржуваат на рецептите од Модрушан, тие во своите менија ќе можат да понудат специјалитети со тартуф за сечиј џеб. Иако оваа печурка е позната како екстремно скапа, од неа, сепак, може да се приготват јадења кои гостите во рестораните нема да ги чинат повеќе од 300 денари.
Модрушан во Македонија беше придружуван од неговиот газда Џанкарло Зиганте кој, освен што е угостител, ја поседува и единствената фабрика за конзервација на тартуфи во Хрватска. Преку македонската фирма "Виг-зиг", неговите производи речиси една година се нудат и на пазарот во Македонија. Ги има во продавниците за здрава храна, но со нив се снабдуваат и луксузните ресторани кои веќе нудат специјалитети од тартуф.
Џанкарло Зиганте е познат и по пронаоѓање на најголемиот тартуф во светот. Во 1999 година тој од почвата во Истра, која е позната по тартуфарство, ископал тартуф тежок дури 1 килограм и 310 грама. Со оваа скапоцена печурка Зиганте влегол во Гинисовата книга на рекорди.
"Во нашиот крај има околу 2.000 тартуфари, луѓе што собираат тартуфи и ги продаваат.
Печурките тешко се наоѓаат оти бараат посебни услови за да може да изникнат. Ги има на места каде што растат тополи и брези. Потребно е да има и вода. Не можат да се видат оти се скриени под земја на длабочина од околу 15 сантиметри, затоа се бараат со специјално дресирани кучиња кои ги намирисуваат и ги откопуваат", вели Зиганте.
Според него, тартуфарите се најсреќни кога ќе откопаат бел тартуф, оти тој најчесто чини неколкупати повеќе од црниот. На пазарот повеЌе се цени бидејќи има многу посилен мирис и е многу поквалитетен од црниот.
Освен со кучиња, во Франција и во Италија тартуфите се бараат и со свињи. Свињите можат да ги намирисаат оти миризбата што ја шири печурката е многу слична на онаа од нивниот мажјак.

Зачин или храна

Поради силната миризба, многумина сметаат дека тартуфот е зачин, но научните испитувања докажале дека оваа скапа печурка е храна. Содржи многу витамини и минерали, доста е калорична, а има и лековити својства поради кои го добила и епитетот афродизијак.
Со редовна консумација, тартуфот го подобрува имунолошкиот систем на организмот и спречува појава на тешки заболувања.

Килограм тартуф на берза чини од 1.000 до 5.000 евра

Тартуфот е берзански производ и неговата цена се регулира според понудата и побарувачката. Годинава килограм тартуф на светските берзи се нуди по цена од 1.000 до дури 5.000 евра. Има години кога се појавува недостиг од скапата печурка, па тогаш се случува нејзината вредност на берзата да се зголеми неколку пати.

Конзервирани тартуфи во Македонија се продаваат за 600 до 1.000 денари

На пазарот во Македонија сега може да се купат само конзервирани тартуфи, и тоа во продавниците за здрава храна. Спакувани се во стаклени теглички, а чинат од 600 до 1.000 денари, во зависност од количината. Ги има цели, мелени, мешани со шампињони и маслинки, но и како прелив од маслиново масло кое се користи како додаток за засилување на аромата на храната.

РЕЦЕПТ:
Тестенини со тартуф

Конзервиран мелен црн тартуф
Маслиново масло од бел тартуф
1 кг тестенини (макарони, шпагети, њоки)
80 г путер
200 мл павлака за готвење
пармезан
сол

Приготвување

На тивок оган се растопува путерот, се додава павлаката за готвење, солта и тартуфот. Се промешува и со сосот се прелеваат веќе сварените и исцедени тестенини. По желба се капнуваат неколку капки од маслиновото масло од бел тартуф.

Ирена Смиљанска - http://star.vest.com.mk/default.asp?id=151252&idg=8&idb=2369&rubrika=Revija




Edited by Max - 01-Oct-2015 at 17:34
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 13-Dec-2014 at 18:51
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 10-Jan-2015 at 19:45



му фали уште градина со/за пеперутки

http://www.sunhatsandwellieboots.com/2011/06/butterfly-garden-made-with-recycled.html

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=187284#187284

инаку Побожје порано ми велеа дека било најидеално село на Скопска Црна Гора за одгледување цвеќиња...

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 01-Feb-2015 at 15:15


национално ЕПП - бар вака ја доживувам Аграр на мтв со оглед дека опуштено тера емисијава и со инфо и со гости, а и водителкава е реге само уште у фон да ја поздравуваа ретро [1][2][3]

инаку од денешнава 68 емисија преку два муабети научив поприлично нови работи, уствари кузнај која емисија е по ред е ова а веројатно 68 качена на нет односно денес ќе треба да ја качат

http://play.mrt.com.mk/channel/275/

првиот е дека рурално субвенционираат и бушење бунири, а вториот е дека државата има гарантен фонд кој и до 80% ја покрива неопходната банкарска гаранција со која банките ги условуваат земјоделците за кредитирање

~

ова новава шпица само ко за гмо-земјоделие со 2.0 дизајн


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 06-Apr-2015 at 21:56
не можев да најдам посоодветна тема за ова
ова е трет ваков случај што го читам, за човек што се откажал од урбаниот живот за живот во рурална средина
овој случај ми беше поинтересен поради куќата во која живее

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1782384369/skopjanecot-koj-go-napusti-urbanoto-i-zivee-vo-trkalezna-kuka-vo-pobozje-foto-

Edited by zabegan - 06-Apr-2015 at 21:56
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 06-Apr-2015 at 22:12
Лично го знам човеков, (односно сум го запознал за време на работа) , беше одличен менаџер во софтверска компанија во Скопје, но поради лични причини се откажа од начинот на живот (доста брз и напорен живот) и се пресели во Побожје, денес мислам дека е преселен многу повисоко во падините на Скопска Црна гора. Куќата му е правена специјално по негова нарачка ,но штета што не е довршена.


Edited by daci92 - 06-Apr-2015 at 22:13
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 06-Apr-2015 at 23:36
Побарајте ја Зевзекманија,имаше репортажа со него.типот е стварно кул
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 29-Apr-2015 at 23:16



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 29-Apr-2015 at 23:41




интересни новини ем доста информативно интервју за ипард-от... да се думав сега во што да инвестирам во земјава, тоа посекако ќе беше земјоделие, особено што кофинансирањево важи и за луѓе кои не живеат на село а сакаат да терат земјоделие... патем со ипард-2 селата ќе дочекаат и здраво улично осветлување...

24.10.2012 - Ќе се поедностават процедурите за аплицирање за ИПАРД

ЕУ од идната година ќе ги поедностави процедурите за аплицирање за средства за ИПАРД – компонентата, наменета за земјоделците, во делот на прибирање на бараната документација и за поддршката за апликантите.

Според Делегацијата овие измени ќе следат отако во досегашниот период најмногу реакции од земјоделците имало во однос на проблеми да се обезбеди правна поддршка од големиот број различни агенции и министерства, доказ дека земјата е сопственост на лицето, дека зградите се легално изградени и животната средина нема да претрпи штети.

Значителна поддршка се предидува и за консултанти и за агенциите за развој на земјоделството за да се обучат и да им помогнат на земјоделците соодветно да ги подготват апликациите за тие да имаат подобри шанси да ги добијат бараните средства.

Промени ќе има и во правилата во однос на поддршката од 50 проценти за земјоделците кои набавиле земјоделска механизација. Услов се предвидува да биде таа да е набавена од земја – членка на ЕУ или од земја, која е корисник на ИПА иструментот, односно од земја од Западен Балкан или Турција.

Според Делегацијата на ЕУ во Македонија, македонските институции се позитивен пример за користење на средствата од ИПАРД компонентата. Од 2009 година досега биле реализирани шест јавни повици, а во тек е седмиот. Вкупно потпишани се 170 договори од сите типови мерки со вкупна вредност од 16 милиони евра. Сепак, три милиони евра кои биле на располагање ќе бидат вратени во ЕУ, а потоа повторно наменети за Македонија и релоцирани за други намени. Причинита за тоа, како што велат, не е во институциите во државата ниту кај земјоделците, туку во начинот на структурирање на средствата за оваа компонента во 2006 и 2007 година, а пред економската и финансиска криза.

ИПАРД – 2 компонентата за Република Македонија, како дел од ИПА – 2, која ќе го покрива периодот од 2014 до 2020 година, ќе се конципира во соработка со македонското Министерство за земјоделство и Агенцијата за поддршка на развојот во земјоделството согласно нивните потреби. Таа ќе содржи нови мерки. Новини што ќе ги донесе ИПАРД – 2, меѓу другото, се можноста за 100-процентно финансирање со ЕУ грантови на проекти за подобрување на инфраструктурата во малите рурални општини, за што финансиските планови ќе се работат во согласност со тие општини. Втората област која ќе се финансира со 100-процентни грантови е обуката за земјоделците и членовите на руралните средини за да се подобри пристапот до новите образовни сознанија во земјоделството. Една од целите е спречување на миграцијата село – град.

Во рамки, пак, на ИПА – фондовите за земјоделството Република Македонија искористиле 20 милиони евра, во кои се вклучени 10 милиони евра во ветеринарството.

http://ekonomski.mk/2012/10/24/ke-se-poednostavat-procedurite-za-apliciranje-za-ipard/


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 30-Apr-2015 at 12:58

еве кус препис од НПП за ИПАРД со издвоени прашања кои мене ми се од полза, мерките ги постирам во низа но прашањата се во обратен редослед

колку што можам да разберам од ова издвоеново П-О човек треба да бери памет да инвестицијата ја димензионира така да со време повлече доволно средства а да не заглави со временските рокови, веројатно здружување во форма на комшиски или родниски апликации можат да помогнат за ревитализирање и на цело маало куќи кои потем би ги работел еден стопан односно да бидат дел од една понуда, и сл. комбинации во недоглед, а дополнително самото здружување но во кооператива носи екстра бенифиции и до 95% но кому колку му сечи, но за тоа потоа

Прашање: Дали можам повеќе пати да поднесувам барање за поддршка од ИПАРД?
Одговор: Да, но се до моментот додека не го достигнете дозволениот максимум за дадената мерка. Доколку, пак, претходно сте користеле средства, на ново барање можете да сметате откако ќе ги завршите обврските кои произлегуваат од претходната поддршка.


МЕРКА 101

Прашање: Дали средствата ќе се одобруваат и за нов насад од
овошје? Дали е задолжително да се има сопствена нива?

Одговор: Сoгласно ИПАРД Програмата дозволено е копачење на
постоечки и подигнување на нов овошен насад на иста површина.
Нивата не мора да биде сопствена, но за под наем или концесија
мора да се има адекватни документи кои
...
Прашање:Во врска со мерка 10131 Изградба на пластеници
прифатлив корисник може да биде индивидуално земјоделско
стопанство кое поседува 0.3 ха пластеници,или 0,3 ха
земјоделска површина?

Одговор: За тип на инвестиција 10131 барателот треба да има
“Пријавено производен капацитет пластеник“ во Подрачната
единица на МЗШВ согласно наведениот критериум 0,3ха сопственост
или закуп на земјоделска површина, што се докажува со соодветен
документ (имотен лист, договор за концесија, закуп и сл).
...
Прашање: Дали со мерка 101 се опфатени ситна јагода, капина,
малина?

Одговор: Да, ниско стеблести овошја се прифатливи.

...

МЕРКА 103

...

МЕРКА 302

Прашање: Што подразбирате под градба во "Традиционален стил" за
областа Тетово, Гостивар.

Одговор: Во врска со традиционален стил во барањето за мерка
302 стои дека архитектонскиот проект изготвен од страна на
овластен архитект со кој се потврдува традиционалниот стил на
градба од местото каде што е лоцирана градбата или краток опис
на стилот и материјалите за градба кои се употребуваат во
традиционалните градби во руралната средина каде што се наоѓа
градбата поддржана со фотографии.
...
Прашање: Ако е трговец поединец, а земјиштето е сопственост на
сопственикот

Одговор: Ако фирмата е трговец поединец имотот треба да биде на
негово име или да има договор за закуп на минимум 10 години
бидејќи се работи за реновирање на објект и негово проширување.

...

ОПШТИ ПРАШАЊА

Прашање: Дали треба односно дали мора да се реши прашањето со
арско ѓубриво за да се аплицира?

Одговор: Да, за арското ѓубриво потребно е да се исполнат
критериумите кои се потребни за основање на објект за
складирање на арско ѓубре во прилогот 4 во упатството.

Прашање: Дали националните стандарди за млеко треба да се во
согласност со стандардите со ЕУ?

Одговор: Да

...

Прашање: Дали постои рок во кој ќе треба да се реализира
инвестицијата?

Одговор: Во бизнис планот самите апликанти наведуваат во колку
фази и кога ќе ја реализираат инвестицијата. За секоја фаза ќе
им се исплаќа поединечно, меѓутоа рокот не смее да биде подолг
од 2 год. Во наредните 5 год инвестцијата не смее да се
промени.

Прашање: Доколку се купува опрема/механизација која година на
производство треба да биде истата?

Одговор: Дозволена е набавка на нова опрема/механизација не
постара од две години.

Прашање: Постои објект на фарма (дивоградба) Дали може истиот
да се легализира за да се аплицира?

Одговор: Да. Доколку инвестицијата не е во спротивност со
законските прописи на Локалната Самоуправа. Апликантот
поднесува барање до Општината за добивање на
индивидуална/поединечна урбанизација на локација во рурална
средина.

...

Прашање: Дали шумите се дел од програмата на ИПАРД?
Одговор: Шумите не се предмет на кофинансирање по ИПАРД
Програмата.

...

Прашање: Дали за градежните активности, се прифаќа фактура само
за набавен материјал, а не за вграден материјал?

Одговор: Не, се прифаќа и вградениот материјал, услуги на надзор, работна рака на трети лица (треба да постои Договор за
работа со физички лица).

...

Прашање: Дали монтажа на набавена опрема која треба да ја
изведе стручно лице влегува во прифатливи трошоци?

Одговор: Ако е посебно издвоена, нема да се смета за прифатлив
трошок; ако е вклучена во цената и не е издвоена тогаш може да
влезе во прифатливи трошоци.

Прашање: Дали каматите и ДДВ се прифатливи трошоци?
Одговор: Каматите и ДДВ како и царина се неприфатливи трошоци.

...

Прашање: Дали Агенцијата за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој има рок за одговор по
апликации?
Одговор: Да, до 3 месеци.

...

Прашање: Дали учеството на корисникот на почеток на
инвестицијата е 50%?

Одговор: Не. Учеството на корисникот во инвестицијата е 100%,
односно мора да ја направи целата инвестиција, а барање за
поврат на средствата се поднесува по завршување на
инвестицијата.

...

Прашање: Дали по завршувањето на инвестицијата можам истата да ја отуѓам?
Одговор: Не, должен сте да ја задржите дејноста и се што е
предмет на поддршка од ИПАРД за време од 5 години од исплатата
на средствата од ИПАРД.

Прашање: Кога можам да започнам со предвидените активности?
Одговор: Само откако ќе добиете известување за одобрување на инвестицијата и ќе го потпишете договорот со АФПЗРР. Секој трошок направен пред добивањето известување и потпишан договор со АФПЗРР (освен дозволената група трошоци) нема да биде сметан за прифатлив и нема да Ви биде исплатен.

...

Прашање: Дали ми е потребна проценка за влијание на животната средина за мојот проект планиран за инвестирање од ИПАРД фондовите?
Одговор: Да, овој документ е потребен само за нова инвестиција... во случај на бројлерско производство и кланици за бројлери, како и воспоставување на собирни центри за зеленчук и овошје и млеко (мерка 103) за овие инвестиции, треба да се побара мислење од Министерството за животна средина дали е потребно да се подготви елаборат за проценка на
влијанието на проектот

...

Прашање: Дали можам сам да си направам план и распоред на
објектите кои ми се потребни?

Одговор: Да, бизнис планот може да го направите сам. Не, сите
објекти и распоредот во рамките на истите мора да бидат
изработени од лиценцирани архитекти, кои ќе ви изработат
документ според стандардите кои владеат во Европската Унија.

Прашање: Колку треба да платам за изработка на инвестициски
план?


Одговор: Наплатата на оваа услуга е предмет на договор помеѓу
Вас и изработувачот, но истиот не треба да го надминува
дозволениот процент од дозволените трошоци за инвестицијата за
која се изработува планот и изнесува 4 или 5 % од вкупната
инвестиција.

Советниците од АПРЗ ќе ги нудат своите услуги за помош за
изработка на бизнис план и пополнување на апликацијата за ИПАРД
бесплатно, за потенцијалните корисници по мерките 101 и 302.

...

Прашање: Дали 3 понуди треба да има од 3 производители или
добавувачи? Што ако постои само 1 производител?

Одговор: Треба да има 3 понуди од различни добавувачи. 1
производител може да има повеќе реални добавувачи кои не се
капитално поврзани.

Прашање: Кој го врши изборот на најповолен понудувач за набавка
на потребна опрема која ќе се финансира од програмата на ИПАРД?

Одговор: Вие самите го вршите изборот. АФПЗРР ќе ја почитува
Вашата волја доколку цените за опремата која сте ја избрале е во рамките на референтната листа на цени за опремата за која се бараат средства. Сепак, во случај кога е избрана најскапата
понуда, мора да се има соодветно објаснување зошто е направен
таков избор.

...

Прашање: Дали можам повеќе пати да поднесувам барање за
поддршка од ИПАРД?

Одговор: Да, но се до моментот додека не го достигнете
дозволениот максимум за дадената мерка. Доколку, пак, претходно
сте користеле средства, на ново барање можете да сметате откако
ќе ги завршите обврските кои произлегуваат од претходната
поддршка.

Прашање: Од каде може да се набави опремата за инвестицијата?
Одговор: Опремата за инвестицијата може да биде набавена само
од земји членки и кандидати за влез во ЕУ

...

Прашање: Кои трошоци се нарекуваат недозволени?
Одговор: Даноци (вклучително и ДДВ), царини и увозни такси,
купување, изнајмување или закуп на земја и објекти, казни,
финансиски казни и трошоци од судски спорови, осигурителни
премии, надомест за социјално, здравствено и пензиско-
инвалидско осигурување, оперативни трошоци, користени машини и
опрема, банкарски трошоци, трошоци за гаранции, придонеси во
натура.

...

Прашање: Дали сончеви колектори се прифатливи во ИПАРД програмата ?
Одговор: Да. Опрема за заштеда на енергија (искористување на
соларна и геотермална енергија, биогас, ветерници) како
придонес кон заштита на животната средина, проектите кои
вклучуваат ваков тип на опрема имаат предност при изборот на
корисниците.


Прашање: Дали склучени договори со трети лица значат
започнување на инвестицијата?

Одговор: Да. Склучен договор со изведувач значи и започнување
на инвестицијата.

http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/_docs/Programi/Subvencii/NPP%20za%20na%20web_15_06_2012_27112012.pdf


Edited by +Protagorist - 30-Apr-2015 at 19:26
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 30-Apr-2015 at 21:20

во последно време доста народ повлече камен врз основа на рурален туризам, доста ставки се надополнуваа и со занаетчии, а прилог инвестиција која се врзува во проектите се и мини рибник та мини золошка нормално музеј и опремување на истиот итн. би било корисно да може некој да посочи во кои случаи се зголемува прагот на кофинансирање над 50%, хм во членките на еу по дифолт чинам прагот е над 70% но таму толку цепидлачат со проектите та едно штрафче да е вишок или мањак од предвиденото и ојде инвестицијата 100% индивидуално

нејсе за наши услови не е воопшто малку 500к индивидуално а веројатно никогаш нема ни да ги врати чоек назад од рурален туризам макар 50% му ги поклониле односно вратиле преку ипард, но бар ќе почне екстра комфорен живот на село, ова е добра квака за оние кои сакаат да скубнат од град а за тоа и да добијат државна потпора иако тоа може да биде и во форма на викендица зависно од инвестицијата - пр. ко во случајот од видеово [1] со фам.Георгиевски и обновената селска куќа во село Оморани

конечно селска куќа се обновува топтан и за ~25к евра само треба чоек да има и дејност угостителство ил туризам во дооел-от за и да биде кадарен за ипард кофинансирање, шанса така место на една да има на две планини викендица т.е. мала камена утврда! иако корисно е на едната да и закачи и фотоволтаични панели, а зошто не и озонатор за водата од бунар, нормално јонизатори по собите за да немора прашина да чисти

ИПАРД за рурален туризам, инвестиции, услови и кој може да аплицира за 550 000 евра

Изградба и опремување на објектите за рурален туризам е инвестиција, која е прифатлива за кофинасирање од ИПАРД Програмата

Прифатливи инвестиции:

- Инвестиции во изградба/реконструкција и опремување на објекти во руралните средини и/или стари традиционални земјоделски објекти (воденици, плевни итн.) за нудење на услуги за сместување, рурален музеј, угостителство, дегустација, продажни места)

- инвестиции во придружни рекреативни капацитети (спортски објекти- отворени и затворени, одгледување на коњи, рибници и риболов, велнес објекти, игралишта, зоолошки градини и сл.)


Максималниот износ на прифатливи трошоци за кофинансирање е 550.000 eвра. АФПЗРР не ги одбива проекти кои го надминуваат овој износ, доколку бараниот износ за кофинансирање е во рамките на максимално дозволениот износ.

Кој може да биде корисник за овој тип инвестиции:

1. Земјоделско стопанство
2. Трговско друштво или Трговец поединец регистриран во Централен регистар за вршење на дејност туризам, угостителство, земјоделство, шумарство и ловство, рибарство и аквакултура или производство на вино со регистрирано седиште во рурална средина, каде се планира инвестицијата. Истите мора да имаат помалку од 50 вработени и да остваруваат годишен приход (обрт) под 10 милиони евра или биланс на состојба под 10 милиoни евра.
3. Физички лица (во овој случај земјата/зградата каде се планира инвестицијата мора да биде во сопственост на физичкото лице и да се наоѓа на нивната постојана адреса на живеење во руралната област)

повеќе информации во АФПЗРР

http://brif.mk/?p=169357

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 12-May-2015 at 10:24


Земјоделците да се разбудат, достапни се милиони евра

Министерството за земјоделство, во соработка со УСАИД, работи на воспоставување гарантен фонд за олеснет пристап до кредити. Преку овој гарантен фонд, корисниците на ИПАРД ќе имаат можност да добијат гаранција до 50 отсто од кредитот

Македонските земјоделци најмногу користат финансиска поддршка од ИПАРД за набавка на трактори

ПАРИТЕ ОД ЕУ-ФОНДОВИТЕ СЀ УШТЕ НЕ СЕ КОРИСТАТ ВО ДОВОЛЕН ОБЕМ

Земјоделците преку ИПАРД-програмата за развој или набавка на нова опрема добиле 4,3 милиони евра по десет објавени повици за користење на европските пари. Досега се потпишани над 500 договори, а земјоделците, за разлика од порано, денес се многу повеќе информирани за можноста да се користат средства преку ИПАРД-програмата. Сепак, патот до тие парични средства сѐ уште е тежок.
- Во рамките на 10-те јавни повици во изминатиот период беа потпишани вкупно 560 договори за финансиска поддршка во вкупна вредност од 12.824.000 евра. Од нив, на 230 потписници на овие договори веќе им се исплатени средствата и вкупната вредност на реализираната финансиска поддршка изнесува над 4.300.000 евра. Другите договори очекуваме да се исплатат по реализација на инвестициите од страна на самите баратели - велат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Финансиската поддршка што се нуди преку ИПАРД-програмата е неповратна, а средства се обезбедени од буџетот на Европската Унија и од буџетот на Република Македонија. Со средствата се покрива одреден процент од вкупната вредност на инвестицијата направена од барателот на средствата.
 - Македонските земјоделци најмногу користат финансиска поддршка од ИПАРД за набавка на механизација во овоштарство, лозарство и градинарство, како трактори и приклучна механизација, ефикасни системи за наводнување, атомизери, мулчери и друго. Со ИПАРД е реализирана и поддршка за реконструкција на овошни и лозови насади, како и за модернизација на краварски фарми. Бидејќи ИПАРД е наменет и за преработувачката индустрија, значајно е да се напомене дека овие средства се искористени и за модернизација на фабрики за преработка на овошје и зеленчук, млекарници, винарници и откупни центри - велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 
Од агенцијата, пак, посочуваат дека со финансиската поддршка им се овозможува на земјоделците зголемување на ефикасноста на производството и достигнување стандарди на ЕУ.

ИЗДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА
Од Агенцијата велат дека голем број земјоделци се веќе запознаени со условите што треба да ги исполнат, како и со документите што треба да ги поднесат за нивното барање да биде прифатено, но тие заедно со телото за управување со ИПАРД при МЗШВ работат на издигнување на свеста кај земјоделците за искористување на можностите што ги нуди ИПАРД со одржување директни средби со потенцијални баратели речиси во сите населени места низ Македонија.
 - Најголем проблем за искористување средства од ИПАРД-програмата е обврската целосно да се вложат средства, па да се собере потребната документација и со неа да се аплицира за средства од програмата. Секако добар потег е најавата на Министерство за земјоделство да формира фонд со кој ќе се поддржат инвестициите, бидејќи малку земјоделци имаат финансии предвреме да ги вложат потребните пари и да чекаат поврат на половина од вложеното - вели Влатко Стојановски, консултант за аплицирање за средства од ИПАРД-програмата. 
Тој исто така посочува дека при аплицирање за средства од програмата забележале дека проблематични се и собирањето и пополнувањето на документите, бидејќи во одредени институции потешко се добиваат документите, или не се даваат во форма како што се бараат за аплицирање за ИПАРД.
- Понекогаш е потребно повеќе време, што е кочница во целата процедура. Од друга страна, не им се дава ниту помош на земјоделците за вадење документи, би било убаво да има советник во агенцијата што би им помагал на земјоделците и би ги насочувале при собирањето на документите или би им кажувале дали документите се во ред - додава Стојановски.

ПОМОШТА Е ДОБРЕДОЈДЕНА
Преку ИПАРД може да се добие финансиска поддршка преку три различни мерки што се однесуваат на примарното земјоделско производство, преработка и маркетинг на земјоделски производи и диверзификација и развој на рурални економски активности. Притоа, условите што треба да ги исполнат барателите се разликуваат во зависност од мерката. На пример за мерката 101, инвестиции во земјоделски стопанства за нивното преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија, најзначаен критериум е земјоделското стопанство да биде регистрирано во таканаречениот Единствен регистар на земјоделски стопанства и притоа да ги исполнува минималните критериуми во поглед на расположливите земјоделски капацитети и да ги има намирено сите обврски кон државата, да биде сопственик на земјиштето или да има право на користење.

- Во план ни е во блиска иднина да конкурираме на ИПАРД-огласите за стратегиски инвестиции што ќе ни бидат потребни во согласност со нашите планови за пораст и развој на компанијата, а лично сметам дека ИПАРД-програмата е одлична можност за развој на земјоделството и бизнисите поврзани со него, бидејќи овозможува поврат на вложените (инвестираните) средства во висина од 50 отсто. Хендикеп за искористувањето на финансиските средства што оваа програма ги нуди е тоа што претходно мора да инвестирате 100 проценти од средствата и дури потоа да чекате поврат на 50 отсто од вложените средства од една страна и во некои случаи преобемната документација и сложените процедури за конкурирање за дел од земјоделците и компаниите - вели Дане Јовановски, директор на винарница „Стоби“.
 Тој додава дека во насока на олеснување на процедурата за земјоделците и компаниите е заложбата на ресорниот министер Михаил Цветков за формирање таканаречен гарантен фонд за ИПАРД, преку кој ќе бидат обезбедени 100 отсто од средствата за инвестирање преку комерцијалните банки со повластена каматна стапка и за очекување е овој фонд да биде од голема помош за земјоделците и компаниите за реализирање на нивните развојните планови. 

ДОЛГ ПЕРИОД ЗА ВРАЌАЊЕ НА СРЕДСТВАТА
 Пред секој јавен повик, АФПЗРР издава упатство за корисници на средства од ИПАРД по мерки во кои детално се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање, кои упатства се дистрибуираат до сите подрачни единици на МЗШВ и работните единици на АПРЗ. Упатствата во електронска верзија може да се најдат на електронската адреса: http://www.ipardpa.gov.mk 
- Има зголемена продажба на механизација преку програмата ИПАРД, што, според мене, е добра мерка, бидејќи земјоделците се снабдуваат со нова и посовремена опрема. Секоја помош е добредојдена, особено бидејќи земјоделците се посиромашни и најчесто купуваат евтини модели или, во овие ситуации, најевтиниот модел што е субвенциониран со програмата - вели Александар Зојчевски, претставник на „Агровојводина механизација“, компанија за продажба и за сервисирање земјоделска и градежна механизација, продажба на сточна храна, увоз и реекспорт.

Тој додава дека разликата меѓу купувањето пред да почне програмата и денес е што сега се купува поквалитетна опрема, бидејќи со програмата е наметнато опремата да потекнува од ЕУ.
 - Според мене, и покрај подобрата опрема, земјоделците не се шират, не вработуваат луѓе, туку и понатаму работат како и претходно, кога имале стара опрема, или воопшто немале опрема. Нема напредок, нема ширење на бизнисот или зголемување на приносите, а што е причината, не знам, но би требало со нова опрема да се зголеми обработеното земјиште, да се зголеми приносот, но кај нашите земјоделци не се случува тоа - вели Зојчевски, додавајќи дека единствен недостаток според него е предолгиот период на поврат на парите, бидејќи понекогаш тие се добиваат дури по година-година и пол од купувањето, што за некои земјоделци може да биде проблематично, но како акција е секако позитивно.

МЗШВ: Фондот ќе ги олесни вложувањата

Земјоделците можат да добијат бесплатна помош при подготовка на своите барања за користење финансиска поддршка од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. При аплицирање и собирање на потребната документација, на земјоделците им стојат на располагање советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во шест регионални центри низ државата. Советниците од АПРЗ им помагаат на земјоделците во собирање и проверка на потребната документација, како и изработка на технички предлог-проекти и деловни планови што се дел од барањето за користење на ИПАРД-средства. 
 - За поддршка при аплицирањето земјоделците можат и се јавуваат и во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и во централата на МЗШВ во Скопје. За поголемите типови инвестиции што се прифатливи за кофинансирање преку ИПАРД постојат и приватни консултантски куќи што работат на изработка и собирање на целата потребна документација.
Може да се каже дека правилото инвестицијата да биде целосно реализирана со сопствени средства, по што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој исплаќа до 50 проценти од реализираните трошоци, до одреден степен претставува пречка за земјоделците, особено кога се работи за поголеми инвестиции и една од причините за недоволната искористеност на ИПАРД-средствата - велат од МЗШВ.
 Земјоделците и преработувачката индустрија во моментов имаат на располагање поволни кредити што се нудат од страна на Македонската банка за поттикнување на развојот, пласирани преку комерцијалните банки, а Министерството работи на воспоставување гарантен фонд во соработка со УСАИД за олеснет пристап до кредити. Преку овој гарантен фонд, корисниците на ИПАРД ќе имаат можност да добијат гаранција за до 50 отсто од кредитот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=511151022429&id=10&setIzdanie=23464

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 27-May-2015 at 10:10


ако се спореди новата мерка за 3ха по Социјалец наспроти 10ха по Земјоделец ќе излезе дека социјалците се попривилегирани од земјоделците, иако со 10ха се тера екстра фарма и производство доколку чоек има акал, а и со 3ха се вади супер еко-ранч, но сепак маката ќе им има различно времетраеење односно простор за ризик и зицери

не ми е јасно само како планира државата да ги помогне социјалците околу обработката на земјата можеби ќе им субвенционира и по некоја казма и мотика  шала на страна ова е навистина корисна мерка и за срдечен поздрав, а еве веќе и неколку години е во игра, фали уште да се формира државни/општествени машински кругови кои би ги опслужувале Социјалните Фармери, та преку нив и да поучува реемигранти дустабанлии [1] а зошто и да не ги организира (штом им крене родот потурбо) кон плански расад,берба,преработка,производ а сето нормално спроведено  преку тоа АФПЗРР, во спротивно без нивни аршин ќар ќе имаат само селаните староседелци кои се водат како социјалци, додека ре-емигрантите на тие нивје ќе тераат претежно фотосеанси од селска идила   

...при што еден барател може да добие максимум до 10 хектари земјиште. Ова право може да го искористат физички и правни лица, со претежно земјоделска дејност, а зависно од видот на културите, земјиштето ќе може да се закупува од 15 до 50 години. Согласно со Законот за користењето земјоделско земјиште, на 50 години ќе се издаваат маслинарници, на 30 лозја, овоштарници, локации за спортско-рекреативни активности и за рурален развој, а на 15 години ливади и за одгледување на други земјоделски култури [1]

26.5.2015 - Ќе се понудат 133 хектари земјиште за социјалците

На плодоуживање може да се доделат до три хектари земјиште за одгледување земјоделски култури

Јавен повик за давање државно земјоделско земјиште на плодоуживање

Државата на јавен повик за давање земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање за социјално необезбедени лица ќе понуди вкупно 133 хектари (ниви, ливади и трска) во 11 региони, и тоа во Свети Николе, Велес, Неготино, Гевгелија, Македонски Брод, Крива Паланка, Виница, Кавадарци, Крушево, Куманово и во Кратово.

Земјоделското земјиште се издава на петгодишно плодоуживање, а секој понудувач - корисник на правото на социјална помош како инвалидни лица, самохрани родители и лица згрижувачи или старатели на дете без родители и родителска грижа или возрасно лице со одземена деловна способност, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје, може да достави само еден оригинален образец (барање) во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневниот печат.

На плодоуживање може да се доделат до три хектари земјиште за одгледување земјоделски култури. Големината на површината на земјиштето не може да биде поголема од три хектари ниту помала од големината на една катастарска парцела.

Изборот на најповолен понудувач ќе го врши комисија, врз основа на критериумите утврдени во програмата, а во договорот ќе бидат одредени видот и висината на помошта што се обезбедува за започнување на плодоуживањето.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52615857155&id=10&prilog=0&setIzdanie=

вакви околности за концесионирање на Социјалците, Невработените и Стечајците чинам нема нигде на Балкан, а и во ЕУ не верувам дека би добиле негде 3ха обработлива земја на вересија, битно со ова кај нас сме чекор поблиску кон озбилно отворање простор за селска реемиграција, а по која веќе врти и цела европа сред рецесијава

Today, and after the bursting of the real-estate bubble, some of the construction workers who were laid off are returning to the rural areas in the hope of regaining their former jobs. Along with scores of unemployed urban youths, they are undergoing a process of re-peasantisation A and reiterating their demands for land access and work. [1]

Во Македонија има вкупно 170.885 земјоделски стопанства, покажува последното истражување на Државниот завод за статистика. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1,85 хектар земјоделско земјиште и има 2,14 добиточни единици. Вкупно користеното земјоделско земјиште е 315.863 хектари, а од вкупниот број стопанства 58,2 отсто користат до еден хектар земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства имаат вкупно 365.868 добиточни единици, додека 56,5 проценти одгледуваат добиток, живина и пчелни семејства. Според статистиката, во Република Македонија просечно има 0,5 трактори по стопанство. [1]




Edited by Max - 02-Oct-2015 at 20:15
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 28-May-2015 at 12:44


конечно доколку сакаме да се осигура руралната реемиграција, покрај субвенционирани (ако не и на поклон за социјално загрозените) туристички куќи, обработлива земја и заедничка механизација, ќе треба и некоја форма на бесплатно дворно место во склоп на куќата пр. од 0,5 ха а кое би имало функција ко лична градина по примерот кај руските социјалистички Дачи концепт кој корен влечел од Царска Русија

http://en.wikipedia.org/wiki/Household_plot
 

но денес главен проблем не е земјата, туку тоа што многумина немаат ништо при рака од механизација, а особено никаков абер како самоодржливо да преживеат од земјоделие

примерот со посткомунистичка Русија кога државата практично најправедно им ја распределила земјата од своите ЗИКови на самите вработени (нешто што кај нас не го дочекаа нит работниците по озт-еата а не па земјоделците) но тоа не допринело до особен развој нит па во регионите блиску до кина и јапонија [1] кои теоретски би можеле да повлечат лесна соработка односно извоз - Land reform in the early 1990s privatized 108 million hectares of agricultural land in Russia. These lands, owned by large Soviet collective and state farms (kolkhozes and sovkhozes), were distributed to their former workers as ownership rights to unspecified plots (page 9) [2]
дефинитивно социјални машински кругови би биле повеќе од добредојдени и не само како прва помош туку како алат за рента, со специфични бенефиции за почетници и посебни субвенции за органски и изворно расположени земјоделци, та ако ништо друго и старите сорти вака да ги вратиме во игра

можеби државата треба да покрене Вуфинг центри ко Селски Комуни каде оние кои би сакале нешто да научат практично органско земјоделие би имале прилика бесплатно тоа да си го дозволат истите комуни би можело да се дополнети со старечки домови за Социјалци,. иако чинам дека штом се покрене ваков едукативно-самоодржлив систем, со оглед дека во природа ем при органски зарзават, ќе се заинтересира сите пензионери за рурална реемиграција, а во случај на колапс на пензискиот фонд ова би било идеално решение за државата да си реши маките долгорочно


кога некоја влада би ја насочила енергијата кон рурална катарза на земјава, тоа би ја осигурало иднина на истата долгорочно и за во најневозможни услови, се сеќавате на сардисаната од војни и санкции СРЈ со се сета инфлација која ја дрмаше тогаш, да не беа живи селата во Србија сигурно се ќе отидеше јабана, нешто што сега може да ја снајде Грција, но тие имаат доволно масивен буџет и за да покренат рурална реемиграција макар банкротирале, иако прашање е дали сред сеопшт колапс на некој систем народ може да собере сили за некаква озбилна иницијатива ко Самоодржливи Комуни, со ко.оп Машински Кругови, воопшто солидарно обновување испустени села итн. можеби ќе им помогнат искуствата на катастрофално погодените Хаити, Пакистан, Непал итн. а во кои услови најбитно е само ЧИСТА ВОДА со оглед дека добар дел храна пристига тогаш како хуманитарна закрпа од страна





Edited by Max - 27-Sep-2015 at 08:41
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 05-Jun-2015 at 23:28

земјоделец без осигурување е ко бравар без заштитни наочари, можеби никогаш нема да настрада но зошточовек да ризикува, а знаејки дека секоја година мое да здрма суша или град бар овие два ризика да може да се анулираат, иако најбезбедна и најисплатлива опција е подигаже заштитни мрежи и сеници аберите постирани понапред [1][2] една година чоек да зијани ета ја мрежата

но не секој има камен да се расфрла макар јасно му е колку е саат и би сакал да ги пресретне несреќите, иако има многу што воопшто и не се замараат, за сите нив осигурување е повеќе од неопходно, ко молитва в Црква, во спротивно коцкарскиот табиет може да ги чини и нервози па и очај

за сите информации во однос на земјоделските осигурителни полиси најдобро е да се обраќате до АСО него до ОД-ата

[1] http://aso.mk/dokumenti/soopstenija/Brosura%20zemjodelstvo.pdf

[1] http://ec.europa.eu/agriculture/analysis/external/insurance/existing_en.pdf

http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/1450
13.09.2015 - Пораст во функционирањето на осигурителниот сектор

Граѓаните, компаниите и земјоделците се повеќе купуваат осигурителни полиси. Во првото полугодие од годинава, за скоро 8,5 % се зголемиле приходите од продажбата на полиси, во споредба со истиот период од лани, покажуваат податоците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Од Агенцијата велат дека осигурителните компании се високо ликвидни и навремено се исплаќаат штетите. По владината мерка за обештетување на земјоделците од пополавите, се зголемила и продажбата на осигурителните полиси за земјоделието.

Временски неприлики што ја зафатија земјава на почетокот на годинава во кој беа оштетени од невремето земјоделските посеви, но и домовите на дел од домаќинствата беше повод Владата да најави мерка за обештетување.

Вчера од Струмица вицепремерот Зоран Ставрески најави дека ќе се исполни даденото ветување до среда. Се чека извештајот од Агенцијата и комисиите за да стартува исплатата.

Станува збор за преку 400 налози, за 400 семејства, а износот на средства е 33 милиони денари.

http://24vesti.com.mk/porast-vo-funkcioniranjeto-na-osiguritelniot-sektor?quicktabs_popularna_sodrzina=1


~

Наместо еднаш годишно, тракторите ќе се регистрираат на шест години

Ќе се намалуваат трошоците за регистрација на трактори. Компаниите кои имаат вакви возила и земјоделците наместо еднаш годишно ќе имаат обврска да ги регистрираат на секои 6 години. Регистрацијата на тракторите чини од 500 до 1000 денари зависно од јачината на моторот, а дополнително нивната исправност на технички преглед ќе се проверува на секои две години. Според проценките на терен, во Македонија има околу 53 илјади трактори, а од нив само 20 илјади имаат регистрација. ...

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=94695#.VXIrrOUlhK8




Edited by Max - 24-Sep-2015 at 15:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.