build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стандардизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Стандардизација
    Posted: 21-Nov-2008 at 19:19

стандард е национален ресторан да има тавче гравче или шкембе чорба, но дали истиот е наметнат преку некаква регулатива и сертифицирање тоа незнам. логиката е доколку некој сака да носи епитет “национален“ логично би било државата да го стандардизира, но изгледа оваа алка од туристичко-промотивната стратегија ни изостанува, може и вака е подобро со оглед дека сеуште си го бараме идентитетот т.е. сеуште не знаеме на што сме!
сепак тоа незначи дека немаме никакви стандарди!
непишани стандарди човекот применува уште од камено време(неолит) а може и ги запишал но ние не сме ги нашле. пример орнаментиката или фигурините биле работени по некои унифицирани стандарди во склоп на една поширока културна заедница, но никој не се потрудил бар за сега надвор од стручните трудови да ја обработи пошироко оваа тема во Македонија, еве како за тоа размислуваат малтежаните Malta - where standards are as old as its history , па не би било лошо и ние да направиме една хронологија од неолит преку антика и среден век се до основањето на Институтот за стандардизација во 2003 (www.isrm.gov.mk).

значи во неолит имаме стандардизација од уметност па се до маркери по храмовите, подоцна во железно време и антика имаме по унифицирани стандарди, во законодавството, архитектурата, филозофијата, математиката, во војувањето - пример како тренингот и родовите на војска како фалангата, коњицата, стрелците (но за секоја културна област различни)... за мерење растојанија воведуваат нов систем на мерење и бележење на патиштата, но единствена машина за која се знае е Одометарот на Архимед кој го користеле римјаните за мерење и бележење на растојанијата, нешто подоцна се типизира изградбата на Христијанските Цркви во сакралната архитектура, а во Православното Учење се поставуваат јасни канони кои се темелат на Православните Догми. исто би требало да се спомне и стандирзацијата на македонскиот јазик и писмо од страна на Св.Кирил и Методиј или Св.Климент или подоцна Крсте Петков Мисирков.
со почетокот на индустриската револуција(која ќе се случеше прилично порано да не беа римјаните) се наметнува потреба од сеопшто глобално стандардизирање па така Метричкиот систем тогаш прв пат е стандардизиран, во тој период менделеев го составува Периодниот систем на хемиски елементи, а гаус го составува CGS(сантим-грам-секунда) системот нешто покасно модификуфан во MKS(метар-килограм-секунда). но дури после WWII во 1960 е прифатен и востановен конечниот Меѓународен систем на мерни единици - SI, кој во Македонија е официјализиран во 1981

Wiki- def. - Standardization (or standardisation) is the process of developing and agreeing upon technical standards.

стандарди има на сите страни: во политиката (ООН, ЕА интеграциите), во индустријата, во програмирањето, практично во сите научни области! во културата нешто малку полиберално се интерпретираат овие насоки, но во секој случај како цивилизација се водиме строго по востановени и општо прифатени стандарди како ICS (International Classification for Standards), кои се проверуваат и потврдуваат од меѓународни тела за стандардизација и сертификација како IEC (International Electrotechnical Commission) , CEN (European Committee for Standardization) , CENELEC (European Committee for Electrotechnical Standardization) , ISO (International Organization for Standardization) - ISO TC (technical committees). сепак во голем број области импровизирањето со стандардите е многу нормална работа пример како зголемувањето и намалувањето на старосната граница за упис во основните училишта, или пример користењето на материјалите во градежништвото каде заради постојано подобрување на техниките и на квалитетот на материјалите се менуваат постоечките стандарди и сертификати...

конкретно што се точно треба ние да исполниме за да влеземе во еу незнам, но се надевам дека во нишкава ќе разоткриеме. еве сега е најавено за почетокот на 2009 воведувањето на HACCAP (Hazard Analyses Critical Control Point) кој ќе биде предизвик и за проиводителите на храна но воедно и за државата како пазач (ДСЗИ)...



Edited by beTon - 21-Nov-2008 at 19:51
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Nov-2008 at 09:39

www.foodsafety.gov.mk  -  Водичи за безбедност на храна

Тоа што пред 30 години беше далеку од производствените процеси во прехрамбената индустрија кога се бараше начин како да се произведе квалитетна и сигурна храна за учесниците на вселенските мисии, денес станува секојдневна пракса.

Традиционално во прехрамбената индустрија квалитетот се испитуваше врз база на случајно земени примероци од финалните производи. Овој начин се покажа недоволно ефикасен и реактивен наместо превентивен. Реактивниот систем значеше да се направи загуба, да се фрли финалниот производ затоа што проблемот беше евидентиран на крај откако ќе се произведе ...

Доколку сте сопственик, директор, раководител или вработен во претпријатие кое произведува или манипулира со прехрамбени производи - имаме неколку информации кои би го задржале вашето внимание.

Што е HACCP?

H-Hazard-ОПАСНОСТ  A-Analysis-АНАЛИЗА  C-Crytical-КРИТИЧНИ  C-Control-КОНТРОЛНИ  P-Points-ТОЧКИ

HACCP е систем на работа (самоконтрола) кој е превентивен и кој служи сите опасни ситуации по здравјето на консуматорот да се отстранат или да се сведат на прифатливо ниво за време на производството, преработката или складирањето на прехрамбените производи.

HACCP - зошто е потребен?

Со воведување на HACCP системот се намалуваат конечните трошоци на производството, се зголемува безбедноста на вработените и на потрошувачите, се намалуваат рекламациите а со тоа се зголемува репутацијата на производителот или давачот на услугите
HACCP е законска обврска како во Е.У. така и во Република Македонија
Го зголемува квалитетот и продуктивноста
Неопходен е за пласман на интернационалниот пазар

HACCP - кому е потребен?

HACCP им е потребен на сите кои работат со храна без разлика дали е во прашање производство, увоз, извоз, складирање или директно служење на прехрамбените производи.

Според сектори можат да се набројат:

  • Месопроизводство, преработка и продажба на месо и месни производи
  • Производство и продажба на производи од житарици
  • Рибници, преработка и продажба на риба и рибни производи
  • Подготовка на свежа и смрзната храна
  • Производство на свежо, преработено и смрзнато овошје и зеленчук
  • Пакување на вода и производство на освежителни пијалоци
  • Трговци со храна и угостителски објекти
  • Мензи во детски градинки, училишта, претпријатија како и пензионерски домови
  • Секаде каде што се врши транспорт и складирање на храна

консултантски куќи:

www.fc.com.mk

www.haccp.hr

HACCP Прирачник

Упатсво за имплементација на HACCP систем

[1][2][3][4][5][6][7][8][9]

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Nov-2008 at 12:44

зошто и како е настанат CODEX ALIMENTARIUS ќе разберете од долниов текст кој иако е со деконспиративен набој и цел, сепак прилично едноставно и прецизно ја доловува хронологијата и хиерархијата на овој систем за имплементирање на стандарди... текстот го постирам непреведен како не би изгубил од автентичност  и мелозвучност!

CODEX ALIMENTARIUS
...
Sta je CODEX ALIMENTARIUS(ponekada samo kodeks)? Moramo od pocetka...posle II sv. rata se odrzao nirnberski proces, gde se sudilo nacistima za pocinjene zlocine. Ogroman industrijski gigant I.G. Farbenindustrie AG, tacnije njegov predsednik Herman Shmic je takodje bio medju optuzenima, jer je IG Farben pravio skoro sve sto je hitlerovoj nemackoj trebalo, armature, celik, municiju, gas Zyklon B, hemikalije, lekove, farbe. Nije vise nikakva nepoznanica cinjenica da je IG Farben bio direktno finansiran sa Volstrita. Da nastavim...bez digresije, ako je moguce...herman smic je proveo neko vreme u zatvoru posle sudjenja, to mu je dalo vremena za razmisljanje. Kada je izasao iz zatvora, otisao je da se vidi sa svojim starim prijateljima, koji su u medjuvremenu osnovali UN. U jednom od casual razgovora, on im je napomenuo njegova razmisljanja iz zatvora - ko kontrolise hranu, taj kontrolise svet, ako preuzmemo hranu globalno, tada cemo imati i globalnu moc. Njegovim prijateljima iz UN su se te ideje jako svidele i tako oni stvorise Trgovinsku Komisiju (trgovinska, znaci pare i profit su u pitanju), koju su nazvali Komisija Codex Alimentarius. Po stvaranju te komisije, 1962. godine, herman i prijatelji su sebi postavili sebi tezak i dugorocan izazov - globalna implementacija kodeksa koja ce se primenjivati od 31.decembra 2009 godine. Codex Alimentarius je skup pravila, regulativa, propisa, standarda i preporuka koja se ticu hrane. Komisija Codex Alimentarius je ogromna birokratska grozota koju za sada cini 27 komiteta za sva pitanja hrane i ishrane: za ribe i ribarstvo, masti i ulja, voce i povrce, orasaste plodove, zitarice, hranu i ishranu za posebne upotrebe... Kodeks je do sada postavio oko 4 000 regulativa i standarda u ishrani - bukvalno za sve sto vam se legalno moze staviti u usta, sa jednim izuzetkom, a ovo je jako vazno - lekova. Lekovi ne ulaze pod okrilje kodeksa.

Da bi slika bila potpunija....kodeks se ne spominje prvi put 1962-ge, istorija mu je malo starija....naime, u Austrougarskom carstvu se prvi put pojavila potreba drzave da preko sudova bude nadlezna u sporovima koji se ticu hrane. Napravili su skup pravila i regulativa koje ce sud sprovoditi. Tako je sve pocelo...dali su mu ime Codex Alimentarius, i sproveden je 1893. godine i trajao je do pocetka I sv. rata,odn. do pada carstva.

Komisiju CA vode WHO(world health organization) i FAO(food and agricultural organization). Oni su mama i tata komisije CA, mama i tata koji bi trebalo da se bave ishranom i zdravljem stanovnistva, a ne nekakvim komisijama. Proces izgleda otprilike ovako: komiteti donose ogroman broj pravila, standarda, regulativa, smernica, koji moraju proci kroz osam faza. Kada prodju poslednju fazu u administrativnom procesu, nazvanu 'step 8', ta dokumenta(pravila i regulative) dospevaju u komisiju CA na ratifikaciju. Ovde negde treba u pricu uvesti WTO/STO - svetsku trgovinsku organizaciju. Kakve sad oni veze imaju?.....skoro sve.

STO je osnovana 1994. godine. Pre osnivanja, njeni osnivaci su se nevino ceskali po glavi pitajuci se : kako cemo resavati trgovinske probleme po pitanju hrane? I onda se neko volsebno dosetio: hej, zasto ne bi uzeli Codex Alimentarius? I tako, STO je uzela CA kao osnovni regulatorni skup pravila/zakona po pitanju hrane i svega sto se nje tice. SVE drzave clanice STO ga se moraju(uprkos zvanicnoj propagandi) pridrzavati. Sve drzave clanice STO treba da se ''harmonizuju'' sa pravilima CA. Veliki korak ka globalnoj implementaciji, nema sta. Ovde treba napomenuti da npr., ako su dve drzave u sudskom sporu, jedna od njih je usaglasena sa kodeksom, a druga nije, slucaj dobija drzava usaglasena sa kodeksom, bez obzira na temu i sadrzinu slucaja. CA je postao izuzetno mocno oruzje u jednoj ogromnoj ekonomskoj bitci - svaka drzava u svetu se takmici da uradi sta? Da bude usaglasena sa kodeksom. Mislim da smo se mi 2005-te usaglasili sa kodeksom.

Ono sto je u ovoj prici vazno je sledece - ne znam koliko ste to primetili, ali u zadnjih par godina je sve cesca i intenzivnija pojava ''naucnih'' radova, tekstova u ''strucnim'' casopisima, a potom i casopisima koje cita sira javnost, u kojima govore o stetnom delovanju vitamina i minerala. Vitamin A radi ovo stetno, vitamin E radi ono stetno, vitamin C ne radi kao sto se mislilo... sada dolazi vazna stvar...4.7.2006 komisija CA je ratifikovala tzv. Vitamin and Mineral Guidline. Dovoljno je reci da guideline-u gorespomenuti ''naucni'' i ''strucni'' tekstovi samo prave cvrst temelj i daju mu buducu ''naucnu'' potporu. Neka moja pretpostavka je da u skorijoj buducnosti mozemo ocekivati situaciju gde ce vitamini biti zabranjeni, moci ce samo da se dobiju na recept, i to oni sinteticki...

ако ништо друго бар добро сценарио за Age of Empires за оние кои пристапов не им се допаѓа LOL, а за оние кои сакаат да продолжат да копаат околу демистификацијата на кодекс-А , би предложил неколку линкови...

Codex Alimentarius Info & Videos       www.foolmeonce.co.uk

Codex Alimentarius Global Food Imperialism       Anti-Codex Campaign

Who are you going to believe, me or your own two eyes?      www.healthfreedomusa.org/index.php

en.wikipedia.org/wiki/Codex_Alimentarius

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Nov-2008 at 12:45

да се вратиме на наш терен и да видиме до каде е имплементацијата на хасапот, дека ќе се затворат многу фирми тоа е сигурно, не ми се верува дека владата ќе има волја за пролонгирање, но доколку навистина 70 до 90 проценти од економијата врзана за преработка и продажба на храна нема да може да го снесе ова јајце, можно е и такво нешто! колку заради увид еве еден хронолошки редослед за тоа какво темпо и атмосфера има околу воведувањето на ХАСАП-от, според насловите мене повеќе ми звучи на имплементација на КАСАП-от!

...
Навистина е премногу цинично да се пека за дата за преговори со ЕУ, а да не се инсистира на исполнување на сите преземени обврски од претходната Спогодба за стабилизација и асоцијација, со која Македонија веќе требаше да ги воспостави основните европски стандарди и норми.

На пример, поминаа цели седум години од моментот кога сме се обврзале да почнеме да го применуваме ХАСАП-системот во прехранбената и услужната дејност, а Владата - реформска и преродбеничка - под притисок на заинтересираните се откажа од уште еден свој чекор.

На нашите кафанџии и производители на храна им требало уште две години за да се приспособат на европскиот стил на работа!? Седум години не им биле доволни за да се подготват за воведување висока и стандардизирана хигиена во своите локали и фабрики!
...
Нова Македонија - Мирка Велинова - 15.11.2008

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Nov-2008 at 17:19

       доколку сакаме еу тогаш сите нивни регулативи мораме безусловно да ги усогласиме со нашите кои какви такви и колку толку ги имаме да не е без ич, па нормално на почетокот од крајот сме во општествената транзиција. во принцип  и онаму каде што постојат ние имаме проблем со спроведувањето на нормите, треба и пожелно е да се има ред, но можеш ли да пуштиш поспан и улежан човек да трча маратон! она што сега им се случува на голем дел од новопримените земји од еу е голема рецесија меѓудругото условена и од стандардите кои мора да ги исполнуваат истите тие членки, па повеќе се борат лавовски да успеат во моментов да избалансираат помеѓу економската стагнација и постојаното пратење на трендовите на стандардизација, нешто што ќе ги пополека ќе ги истошти максимално нивните стопанства!

ова и нас не чека, само се поставува прашање зошто ако сме недоквакани да трчаме во еу, каде и она некакво мало стопанство што го имаме ќе колабира таму за час. долгорочно ова со стандардизацијата на сите нивоа во МКД со оние на еу, е само позитевен чекор како би се спремиле да избоксуваме домашно производство кое ќе биде таму конкурентно, а воедно и како такво ќе преживее! сите имаме потреба од ред како би се обезбедила долгорочност во кој било дел од животот, но единствен проблем е кога тој ред насила и набрзина се наметнува, па повеќе од сигурно е дека истиот тој ред ќе се раскалаши уште при првиот појак ветер, како што се европските регулативи.

убаво прашува Мирка каде беа цели седум години  фирмите, зар не знаеја сите дека мора да одиме кон еу, но што се тие криви што немало параноична турбо кампања за овој марш, па сега се затечени во небрано и мораат да бидат спринтери со држ недај дресови.   колку за да не биде трагично еве еден доказ дека и самите стопанственици покренувале барања за стандардизирање во сопствените дејности но ова сега им е преголем залак, бар на малите и средните претпријатија!

Угостителите инсистираат на стандардизација на локалите - 11.04.2003  

Здружението на угостителите инсистира на стандардизација на угостителските објекти, со што би се ставил крај на хаосот и во законската регулатива и во практичната работа на локалите. За угостителите, пред се, неопходни се категоризацијата и добивањето на лиценца за работа.

Хаосот мора да престане во угостителството, денеска самокритично коментираа угостителите. И нивни став е дека не може во зграда да функционира ноќен клуб и затоа пред се инсистираат на категоризација на објектите и добивање на лиценци за работа.

Денеска беше поздравено и најавеното поагресивно работење на пазарната инспекција која од 16. овој месецќе ги контролира минимално техничките услови на објектите.

 ...
А1 - Миле А. Ристески -   11.04.2003

од текстов излегува дека џабе стандарди ако нема кој постојано да ги надгледува и оценува, кај нас единствен  коректор се само скапите казни но кога нема силни механизми кои истите ќе ги спроведуваат работата личи на млатење празна слама, онака колку да се најдеме во работа. пред некој ден имаше еден уметник на тв кој направи интересна паралела која ја извлекол како заклучок од некој проект во лапонија, на едноставен начин го опиша проблемот на нашиот менталитет, ќе паразфразирам: во западна европа функционира технократско општество, додека кај нас семејно општество!

значи паралелата кажува се, ние никогаш нема да успееме да ги спроведеме стандардите кои владеат во еу, односно секогаш и мерките и механизмите за спроведување на законите, ќе бидат засенети од муабетот колку е мала МКД или СК, па затоа и не е оправдано што не сметаат за коруптивни, ние не плаќаме мито, ние бркаме врски, тук таму некому ќе му пуштат вода онаму каде работата стигнала до јавност или се преполниле сите шишиња, но и тогаш во повеќето случаи пресудите или се благи или застаруваат, што е навистина хумано од страна на судската власт, но стимулира (за сега латентна) анархија. 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Nov-2008 at 07:07

Интервју: Маја Ортакова, директор на “Кодекс системи за квалитет”
Не е прашање дали, туку кога и како во ЕУ?
- Total - 25.10.2007

Занаетчиите започнаа со имплементација на НАССР стандардот - 17.06.2008

Занаетчиската Комора Скопје овој месец започна со спроведување на програма за воведување на НАССР системи и процедури засновани на спроведувањето на НАССАР принципите кај занаетчиите и во малите бизниси. Програмата ќе трае до крајот на декември, што е и законски рок за воведување на НАССАР стандардите.
Во оваа група спаѓаат угостителските (катеринг) служби, ресторани, потоа производството, обработка и конзервирање на животинско и живинско месо, производството на свежи слатки, житарици, кафитерии, трговии на мало, колонијали супер маркети и сл. За имплементирање на НАССР, тие ќе треба да одвојат од 6.900 до 18.850 денари, во зависност од дејноста што ја обавуваат.
“Комората обезбеди делумна финансиска поддршка за спроведување на Програмата“, соопшти Снежана Денковска, извршен директор на Занаетчиската Комора Скопје, на денешната прес конференција.
“Сакаме да објаснеме дека воведувањето на НАССР стандардите не значи рушење, градење и реновирање на постојните производствени објекти, туку прилагодување на работењето во однос на на хигиената“, објасни Маја Ораткова, од Кодекс Системи за Квалитет, која ја спроведува обуката.
Во програмата учествуваат околу 2.000 зананаетчии, кои после завршувањето на програмата во декември , би требало да го добијат НАССАР сертификатот за квалитет.
Законот за НАССР ќе стапи во сила од први јануари 2009 година, кој доколку не биде спроведен од страна на компаниите, тие ќе плаќаат казни во вредност од 2.000 до 5.000 евра. Во Македонија има 18.000 фирми кои се занимаваат со производство и дистрибуција на исхрана, а во текот на овие шест месеци ќе треба да го имплементираат НАССАП стандардот.
Процесот на воведување на HACCAP системот во Македонија e започнат од 2000 година, а досега го имаат применето поголемите фирми и оние кои се извозно ориентирани.

Капитал - 17.06.2008

Системот ХАССАП скапа инвестиција за занаетчиите - Утрински - 18.06.2008

ХАЦЦП системот задолжителен и за бурекџиите, месарите, колонијалите, слаткарите... - 17.06.2008
...
имплементацијата кај леблебиџии, семкари, маркети, продавачи на улица ќе чини 6.900 денари, кај производството на леб и печива, макарони, кори, бурекџии, ќе биде 12.950 денари, а до 18.850 ќе чини имплементацијата кај рестораните, пицериите, ќебапчилниците, слаткарниците, производството на свежи слатки, сладолед, кисело млеко и млеко во домашни услови.

За малите бизниси, како што појасни Маја Ортакова од консултантската компанија „Кодекс системи за квалитет“, не е потребно воведување на целосниот ХАЦЦП систем, затоа што тоа бара голема документација. Кај овие бизниси ќе се прави само приспособување на нивните работни простории на стандардите на ХАЦЦП системот.

За оние кои нема да го воведат ХАЦЦП системот од 1 јануари се предвидени казни кои се дижат од 2000 до 5000 евра за фирмата и за одговорното лице во фирмата од 500 до 800 евра.
...
МИА - 17.06.2008

Не се знае од кога ќе се применува ХАСАП - Д - 06.12.2008



Edited by beTon - 07-Dec-2008 at 23:23
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Dec-2008 at 05:41
ЈУКА КАЛИО, ЕКСПЕРТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕУ-СТАНДАРДИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИ
На пазарот има многу работа за инспекторите - 09.09.2008

Ако овде се носат опасни производи, тоа значи дека некој во синџирот на трговија помеѓу Кина и Македонија ги нарачал таквите производи за да заработи повеќе пари, вели Калио

Јука Калио, тим-лидер на проектот „Техничка помош за пазарен надзор“, во Македонија е од февруари годинава и се надева дека пред да замине во октомври ќе почне да функционира предвидениот специјален тим од инспектори кои ќе ја проверуваат безбедноста на производите кои се увезуваат и произведуваат во земјава. Калио бил директор во финското министерство за економија и учествувал во подготовката на националните стратегии за надзор на пазарот во Естонија, Хрватска и во Турција.

Тој смета дека во Македонија треба уште многу да се направи. Според него, легислативата е во ред, но недостасува вистинска имплементација на законите. Во овој проект соработуваме со Државниот пазарен инспекторат и со Министерството за економија, каде што организиравме обуки за инспекторите. Со знаењата што ги стекнаа тие ќе может да вршат контрола на пазарот на индустриски производи, како што се машини, електрична опрема, градежни производи. Инспекторите треба да соработуваат со производителите и со увозниците за да ги информираат за барањата за сообразност на производите со стандардите на ЕУ, кои се нови за Македонија.

Откако ќе ги разменат информациите, ќе треба да ги контролираат производите. Ние предложивме нов вид организација на Државниот пазарен инспекторат, каде треба да се формира посебна единица за безбедност на производи. Треба да се смени и начинот на организација на инспекторатот. Оваа промена е одобрена од Министерството во април, но поради политичката ситуација се' уште чекаме реализација. Се надевам дека оваа единица ќе профункционира пред да заминам од Македонија, иако е тешко да се случи тоа.

ПРЕДИЗВИК ЗА ИНСПЕКТОРИТЕ

* Пазарните инспектори често се критикуваат за неажурност и недоволно контролирање. Што треба да донесе новиот
начин на работа?

- Побаравме меѓународни експерти да ги извршат обуките. Потоа, со Инспекторатот подготвивме нови основни начела за однесување на инспекторите и за тоа како да ги воведат новите методи на работа. Еден од главните проблеми е финансирањето, кој се појавува во секоја земја бидејќи инспекторите не произведуваат, туку се финансираат од државниот буџет.

* Македонија треба да ги прифати европските стандарди.
Што предвидуваат тие?

- „Нов пристап“ е кодираното име за европската легислатива што ги уредува правилата на однесување и проверка на производите, нивната безбедност, влијанието врз здравјето. Значи не станува збор за национална легислатива, туку за заеднички директиви, кои важат за сите членки на ЕУ. Директивите во оваа област се лимитирани на најважните безбедносни потреби. Порано тие беа облигаторни и мораше да се применат, но сега се комплетно на доброволна основа.

Тоа се технички услови, кои треба да се исполнат при производство и трговијата за да се гарантира безбедноста на граѓаните. Постојат и стандарди и совети за производителите како да го подготват самиот процес и како да произведуваат според европски безбедносни стандарди, односно да ги применат во пракса условите од директивите. Стандардизацијата на производите е бескрајна приказна бидејќи правилата, а и условите на пазарот, постојано се менуваат и подобруваат. Некои компании секогаш ќе пробуваат да ги избегнат безбедносните правила што претставува предизвик за инспекторите.

* Дали тоа значи поголема бирократија или повеќе работа на терен?

- Точно е дека се зголемува бирократијата со толку многу нови правила, но во „Новиот пристап“ стандардите што треба да се исполнат се сведени на минимум. Се пробува да се намали степенот на бирократизација. Имаме искуство од над 25 години со овој т.н. „Нов пристап“, кој и не е така нов. Постои и „Глобален пристап“, кој е постар и има 700 страници безбедносни правила, кои се однесуваат само на тракторите. Затоа во „Новиот пристап“ им се посветени само неколку страни.

ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ВО КИНА

* Во Македонија има огромен увоз на кинески производи, кои ретко се проверуваат колку се безбедни за користење. Како да се справиме со оваа појава која претставува глобален проблем?

- Мора контролите од националните институции да бидат поорганизирани. ...

Дневник - Горан Ризаов - 09.09.2008

ЗАКОН ЗА ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ

член 12 ставовите 2, 3 и 4 од Законот: проверка на знаењето на инспекторот на секои три години, потоа повторна проверка по шест месеци доколку првата проверка била негативна и престанок на работниот однос доколку и повторната проверка била негативна, како и пропишувањето на таа постапка и на начинот на проверката на знаењето од страна на министерот на предлог на директорот. [1]

ПОДЗАКОНСКИ АКТИ - стр.19   

Закон за државен пазарен инспекторат - стр.23
1.Правилник за формата и содржината на легитимацијата на инспекторите -  (Сл.весник 42/07)242/07
 2.Правилник за формата и содржината на легитимацијата на пазарниот извршител - (Сл.весник 42/07)
3.Правилник за постапката за запечатување на просториите и формата и содржината на жигот - (Сл.весник 42/07)
 4.Правилник за формата на образецот на записникот за извршен инспекциски надзор - (Службен весник 80/07)
 5.Правилник за формата и содржината на формата на образецот на потврда за
привремено одземање и чување на производи или документи од страна на државен
пазарен инспекторат - (Службен весник 80/07)
 6.Правилник за постапка на земање и проверка на примероци - (Службен весник на РМ
бр. 106/07 стр.79)

 7.Правилник за постапката и начинот за проверка на знаењето на инспекторот - (Службен весник на РМ бр.108/07)


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Dec-2008 at 05:41

300 инспектори во ДПИ(државниот  пазарен инспекторат) и локалните(општински) инспекторати се задолжени да го контролираат спроведувањето на ХАСАПот и регулативите за контрола на квалитет (на производи во земјава).
не сум сигурен колку точно инспектори има во ДИП но сигурно се над  100-150,  додека останативе по општините се само пазачи без казнени картони во џебот, што е до пазарните инспектори, иако општините бараат зголемувања за инспекциите во нивните редови, но сеуште нивните пазарни не се наоружани со репресивни моливи, додуша пополека почнаа да им ги прошируваат овластувањата бар што е до комуналните инспектори кои веќе добија можност да изрекуваат мандатни казни, па најверојатно за да може државата да ги спроведе масовно новите стандарди и регулативи ќе мора и на општинските пазарни инспектори да им ги проши овластувањата.

еве неколку линкови кои ја доловуваат одприлика досегашната и идната  состојба во ДПИ:

Подмитливите и дрски инспектори ќе бидат казнувани - Утрински - 30.01.2003

Суспендирани четворица пазарни инспектори - Утрински - 29.12.2003

Државниот пазарен инспекторат станува правен субјект - Капитал - 09.03.2006

Затворени неколку туристички агенции - Дневник - 18.03.2006

...
Државниот пазарен инспекторат од почетокот на годината има компетенции да го спроведува Законот за авторски права. Но, оваа измена, се вели во извештајот, “се уште не се применува во пракса”.

Гоце Џуклевски вели дека еден од проблемите лежи во фактот што инспекторатот може да пропишува само прекршочни пријави. Физичките лица можат да бидат казнети од 1.000 до 50.000 денари, додека казните за правните лица се движат од 34.000 до 300.000.

“Казните се многу мали и потребно е нивно зголемување, па дури и изрекување на казна затвор, ако се сака да се спречи оваа појава,” смета Џуклевски.

Всушност, македонскиот кривичен законик, предвидува затворска казна најмногу до 5 години за злоупотреба на авторските права.
...
Балкан инсајт  - Игор Гачев - www.birn.eu.com - 12.04.2006
Обука за пазарните инспектори - www.hsm.com.mk - 15.12.2007
Пазарните инспектори обучени за проверка на нелегално користење на софтвер во македонските компании
Инспекциски надзори и превземени мерки за периодот јануари 2007 - јануари 2008:

1. Вкупно надзори ................................................................ 31.618
2. Решенија во управна постапка ......................................... 5.247
 3. Барања до Прекршочна комисија ....................................... 217
 4. Барање до Комисија за посредување ................................... 27
 5. Барања за поведување на прекршочна постапка  ......... 5.040
 6. Одземени производи .............................................. 7.967.181
 7. Одземени пиратски производи-парчиња ....................... 64.420
 8. Поништени пиратски производи-парчиња .................... 10.800
 9. Преставки и пријави ......................................................... 1.632

Пет години работи див пазар до пазарната инспекција - НМ - 04.06.2008

Пазарната инспекција забрзано работи во Охрид - tvm.com.mk -  14.06.2008 [1]

Поплаките завршуваат во медиумите, а не кај надлежните - Д - 29.08.2008

Продажбата на алкохол е намалена -  У - 10.09.2008

Угостителите против целосната забрана за пушење -  У - 04.12.2008



Edited by beTon - 07-Dec-2008 at 23:23
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Dec-2008 at 03:43
Урлих Клаус во Ди Велт
БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ ДА СЕ СТАВАТ ВО КАРАНТИН

Барајќи ги причините за случувањата во Грција, коментаторот на берлински Ди Велт, Урлих Клаус, заклучува дека тие лежат во "делумниот распад на државните структури, организираниот криминал поддржан од самата власт, непостоењето на општествено единство. Тоа според Клаус ја става Грција во група со останатите земји од Балканот кои до вчера му припаѓаа на источниот блок. Непотизмот, општо раширената корупција и распаѓањето на општествениот и политичкиот поредок се појави што Трција ги дели со цела низа земји од југоисточна Европа" и поради кои очигледен е јазот "меѓу северот и југот".
А, како според коментаторот на Ди Велт изгледа тој југ на Европа?
Во 2004 година Грција мораше да признае дека еврото во таа земја е воведено само зашто владата ги фризирала податоците. Тоа според Клаус е "криминално делување на една влада од земја членка на ЕУ".

Тој ги наведува и сомнителните шпекулации со цените на земјиштето во Грција и уште посомнителните пожари, кои упадливо често избиваат на атрактивни локации. После пожарот земјиштето се продава речиси за бадијала, иако пред тоа било на листата на забранети за продавање.
Ди Велт понатаму пишува: "Кога станува збор за Бугарија, Романија и производите настанати со распаѓањето на бившата Југославија, како и јужниот дел на Италија, ЕУ мора да смета на хаварии за чие решавање воопшто не се прикладни постојните европски инструменти .
Поради тоа, тврди Урлих, сегашната европска пракса воопшто не е погодна за натамошни проширувања, а како пример за тоа ја наведува "со корупција затруената Хрватска". Уште полоша е ситуацијата во Србија, земја во која воено-економскиот криминал влегол во сите пори на управувањето.
Бидејќи досегашните методи на ЕУ се покажале лоши, а како пример за тоа Клаус ја наведува Грција која и по неколку децении членство не може да излечи некои свои болки, потребно е, вели коментаторот, тие држави да се стават во еден вид карантин, каде под строга контрола би се приближувале кон стандардите на ЕУ. Во спротивно, заклучува тој, ЕУ нема да го европеизира Балканот, туку на Унијата и се заканува балканизација.


Фокус - ДеДеВе - 19.12.2008
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Dec-2008 at 19:05

текстов кажува многу за тоа колку сите на балканов се далеку од стандардите на еу, поа макар биле тие држави во еу! впрочем и грција веќе подолго време е, а од скоро и романија и бугарија се во еу, но овие земји освен декларативно на хартија немаат С од стандарди исполнето! (можеби во одредени сектори или "квартови" ги имаат целосно спроведено европските регулативи - стандарди)

текстов е доволно јасен за да ја демистифицира и наводната наша зачмаеност и наводниот вртоглав напредок на комшиите! ако некаков напредок има во овие земји тоа е како последица од директните европски стимулации или пак од константното задолжување кон надвор како вештачки би го кренале стандардот, ситуација која во хрватска беше досега најочигледна но сега е јасно дека работите не стојат розево и во грција...

затоа и мислам дека пребрзото влегување во еу само може да донесе проблеми, како што беше и со наглото излегување од сфрј, стратешки и идеолошки ја постигнуваме целта, но сето тоа со големо незадоволство и збрка на секое поле. односно и земјоделците и малите и средните претпријатија и трговците и угостителите сите ќе треба преку ноќ да се преструктуираат во секој поглед! затоа можеби е подобро ние прво да застанеме самостојно на нозе а посетне да се стрчаме во еу!

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Dec-2008 at 13:53

со надеж дека ќе излезе пак на виделина нишкава ќе продолжам да ја ажурирам! еве нешто олабавување како поклон за претстојните празници, добро малку изнуден поклон  но добредојден за владата како би се оправила статистиката од 5% и инспекторите со помирна совест да стегаат опоменувачки ластици и казни...   

Тавче-гравче ќе се прави и без ХАСАП

За приготвување на традиционалните производи, доколку не се од млеко или од месо, нема да биде потребен ХАСАП-систем за безбедност на храната. Овие производи ќе се приготвуваат во услови на добра производствена практика. За оние, пак, од млеко и од месо сè уште не се знае. Иако примената на ХАСАП за нив треба да важи од септември идната година.

Од Дирекцијата за храна објаснуваат дека традиционалните производи не се ставени во Законот т.е. не се дефинирани. Во измените на правилникот со кој се одредуваат санитарно-хигиенските услови што треба да ги исполнуваат сите производители, трговци, угостители и занаетчии што на каков било начин се вклучени во производството и продажбата на храна и пијалаци се предвидело овие производи да се категоризираат како занаетчиски.

- За некои од овие производи ќе се бара добра хигиенска и производствена практика. За друг дел, во кои е и тавче-гравче, ќе се бараат системи базирани на ХАСАП, во согласност со упатствата од македонскиот кодекс за храна. Оние што ги приготвуваат мора да водат евиденција со која се потврдува примената на правилата и се оправдува целта за безбедност на храната – велат од Дирекцијата за храна.

Оттаму додаваат дека измената на правилникот чека потпис од министерот за здравство Бујар Османи. Тој се менува врз основа на владина одлука според која од 1 јануари надлежните инспекциски служби ќе почнат со засилена контрола за примената на ХАСАП-системот. До 1 мај наредната година ќе даваат само опомени за оние субјекти што не почнале со воведувањето на ХАСАП-принципите. Доколку по овој рок системот не биде целосно воведен, инспекторите ќе одредат казни во согласност со Законот, вклучувајќи и затворање на објектите.

Од Управата за ветеринарство, која е задолжена за производите од млеко и од месо, велат дека уште не одлучиле дали и кога ќе бараат ХАСАП за традиционалните производи.

- Во февруари очекуваме да дојдат експерти од Брисел, токму за ова прашање. Траба да ни помогнат да решиме како да се регулираат традиционалните производи. Дотогаш очекуваме Министерство за економија да направи листа на традиционални производи. Ова не е само наш проблем, и Хрватска бара решение како нас – вели Дејан Рунтевски, директор на Управата.

НМакедонија - Н.Б. - 25.12.2008

Се воведува ознаката „Национален ресторан - Меана“

Со новите измени во законот за туризам ќе се афирмира македонската традиционална кујна, ќе се зголемат правата на потрошувачите и ќе се подобруваат условите за развој на руралниот туризам.

Владата одлучи со закон да ги заштити меаните и да ја прошири листата на угостителски објекти што традиционално ја отсликуваат македонската народна кујна. Со измените оној ресторан што сака да ја добие ознаката „Национален ресторан – меана“ ќе мора да исполнува неколку критериуми.

„Понудата на храна во листите за јадење треба да биде во обем од најмалку 70% домашни традиционални јадења, додека понудатра на вино и други пијалоци треба да биде во обем од најмалку 80% домашни вина и други пијалоци. При внатрешното и надворешното уредување на угостителскиот објект да се употребуваат мотиви од домашната традиционална култура, народни инструменти, носии, покуќнина-садови и слично. Облеката на персоналот треба да има апликации и мотиви од традицијата ( везени кошули или соодветни наметки со везови ). Музиката која ќе се изведува во угостителскиот објект треба да биде изворна и чалгиска со акустичен звук“, изјави Алексдандар Ѓорѓиев, портпарол на Владата. 

Со новите измени на законот се предвидува задолжителен ангажман на домашен туристички водич од страна на странскиот тур оператор кој носи туристи во земјава.
Во насока на развојот на руралниот туризам за куќите, становите и собите за издавање на туристи во селските домаќинства ќе се врши категоризација на објектите и ќе се издава посебна дозвола. Сопствениците пак на тие објекти треба да имаат најмалку 10 соби, односно 20 легла и притоа угостителските објекти да бидат украсени со мотиви од традиционалната македонска култура.

Освен ова се предвидуваат и измени кои ќе ги заштитат правата на потрошувачите. Дел од тие измени се тоа што туристичката агенција има обврска задолжително да има вработено лице со ИАТА сертификат и задолжително да ги истакне цените на туристичките аранжмани и поединечните услуги.

Со овие измени се очекува да се подобри квалитетот на туристичката понуда и нејзината разновидност, да се стимулира развојот на туризмот и да се отворат нови работни места.
http://www.patokazmagazin.com.mk/index.php?option=com_zoo&task=item&item_id=222&Itemid=193&lang=mk




Edited by beTon - 12-Dec-2013 at 09:07
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Jan-2009 at 21:51

Алфа - 02.01.2009

Најлон ќесите заминуваат во историјата -  18.12.2008  

Купувачите треба да носат платнени торби, ранци за повеќекратна употреба или пластични ќеси што веќе ги имаат, а трговците кои нема да ја почитуваат наредбата, ќе добијат парична казна во висина од 6.000 евра

Од први јануари дефинитивно стартува забраната за користење на најлонски ќеси во маркетите и другите продавници, информираат од Министерството за животна средина. Купувачите треба да носат платнени торби, ранци за повеќекратна употреба или пластични ќеси што веќе ги имаат, а трговците кои нема да ја почитуваат наредбата, ќе добијат парична казна во висина од 6.000 евра. Исклучок се ќесите со носивост поголема од 5 килограми, кои ќе се наплатуваат.
- Забраната за употреба на пластични ќеси ја донесовме за да го надминеме проблемот со нивната прекумерна употреба и истовремено да го избегнеме понатамошното создавање на ваков вид отпад кој како неправилно одложен има несогледливо штетно влијание врз животната средина.

Имено, нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а доколку се запалат, испуштаат канцерогени материи. Од друга страна, пак, зелените површини, како и езерските и речните крајбрежја се затрупани од пластични ќеси, што е причина за уништување на животинскиот свет, информираше Владо Каровски од Министерството за екологија одговорен за реализација на проектот. Тој појасни дека во изминатиов период оствариле повеќе координативни состаноци со сопствениците на трговските друштва, на маркетите, аптеките, како и со производителите и врз база на сите констатации изготвиле Упатство за начин на спроведување на Наредбата за забрана за употреба на ќеси изработени од пластични маси.
- Со Упатството производителите добија препорака да произведуваат или увезуваат еколошки биоразградливи ќеси, пластични ќеси кои се рециклираат, ќеси за повеќекратна употреба и платнени торби. Препораките за претставниците на трговијата се задолжително да ги наплаќаат пластичните ќеси, или платнените торби, корпите за повеќекратна употреба, како и ќесите од рециклирана хартија, или картонски кутии - додава Каровски.

Еколозите ја поддржуваат акцијата, но предупредуваат за ограничување на употребата на хартиените ќеси, кои иако се еколошки, за нивно производство се сечат дрвја.


Наредбата не се однесува на:
1. Пластични ќеси со капацитет на носење поголем од 5 кг, односно имаат дебелина еднаква на, или поголема од 14 микрони и можат да се употребуваат
повеќекратно и се ставаат во употреба на сметка на купувачите. Ова значи дека продавачите не смеат да даваат пластични ќеси бесплатно, туку мораат да ги наплатуваат, односно да ги даваат на сметка на купувачите. Износот што го наплатуваат продавачите треба да биде сразмерно на, или поголема од вредноста на ќесите. Продавачите не смеат да наплатуваат за ќесата што ја даваат, помала од сумата за којашто ја набавиле истата ќеса.

2. Пластични ќеси за транспорт на производи од текстил, техничка стока, мебел, санитарии, железарии, лекови и помошни медицински производи, садови за домаќинство, сите видови обувки, детски играчки, спортска опрема и слична габаритна стока која не е предмет на секојдневна општа потрошувачка.

3. Пакувања (амбалажа) на производи.

4. Ќеси кои се употребуваат за размерување и пакување на храна и прехранбени производи (зеленчук, овошје, месо, брашно и сличен производ кој на барање на купувачот се размерува и пакува во помала количина) со носивост до 5 килограми. Ако ќесата се користи за размерување и пакување на храна и прехранбени производи во количина поголема од 5 килограми и таа ќеса служи како средство за нивен транспорт, тогаш наредбата се применува и во овој случај.

Вечер - Елизабета АРСОСКА - 18.12.2008

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Jan-2009 at 22:31
Ок, го поддржувам овој закон. Овие ќеси се катастрофа за околината

Но, не ми е јасна 4-тата точка - ... не, не ми е јасна. Џабе ќе пробувам да објаснам како јас ја сфаќам. Ако вие разбравте, образложете.  
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Jan-2009 at 23:54
Писателот сакал да каже:
Бидејќи хартијните кеси не можат да издржат поголеме тежина од 5 кг., па затоа постојат тие. Crazy
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Jan-2009 at 01:45

во четвртата одредба мислам дека се работи буквално за количината! доколку некој муштерија сака количина помала од пет килограми да ја распредели во повеќе ќеси, тогаш продавачот ќе биде обврзан да му ја спакува таа количина во хартиени кеси, освен ако со доплата не докупи најлонски кеси!

ова се, е  малку безврска бидејќи повторно масовно ќе се употребуваат ќесите, единствено сега ќе доплатуваме за  истите плус некој денар  во сметката!  прилично не функционална мерка во поглед на екологијата, но како стандард дефинитивно е појава, можеби ќе има ефект ова доколку ги обврзат продавачите ќесите за поголем товар да бидат дебели и мат па луѓето ќе ги чуваат и нема да ги фрлаат на секој чекор, но и тоа е прашање колку ќе биде функционално! сепак мислам има една поволност во законов за забрана на употреба на најлонските кеси, а тоа е околу препораките до производителите на кеси  да користат  биоразградливи или  рециклирачки материјали, е тогаш можеби ќе има ефект  законскава новинава,  во спротивно само со она фиктивната обврска за хартиени кеси немаше да има никаков еколошки ефект!  

ова околу хартиени кеси ме замисли да го најдам коренот на зборот кеса бидејќи некако ми легна за кеса да подразбирам најлонска кеса, а звучи и некако шушкаво. се работи за турцизам  кој доаѓа од зборот кесе, реков можеби торба ќе заврши работа како замена но и торбата излезе дека е турцизам, единствено вреќа е чист македонски збор кој би требало да е изведен од зборот враќа, и добро би звучело хартиена вреќа, хартиено вреќуле, хартино вреќиче...

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Feb-2009 at 17:51
Секој трет работи на црно
Со воведувањето на новиот систем на бруто-плата точно ќе се знае реалната бројка на вработени, велат надлежните

За околу 200.000 граѓани во Македонија не се плаќаат придонеси за пензиско инвалидско и здравствено осигурување Овој податок произлегува од споредбата на податоците на Управата за јавни приходи, кои покажуваат дека се регистрирани околу 450.000 вработени, за кои треба да се платат придонеси и тие на Заводот за статистика, според кои вработени се 620.000 лица. Разликата покажува дека една третина работат во сивата економија. Повеќе извори потврдуваат дека токму вработувањата на црно се причина за разликата во бројките за евиденција на вработените меѓу Заводот за статистика и Фондовите за пензиско и за здравствено осигурување. Властите наведуваат дека со воведувањето на новиот систем на бруто-плата точно ќе се знае реалната бројка на вработени.

Заводот за статистика во своето последно соопштение вели дека бројот на вработени во третиот квартал од 2008 година изнесува околу 620.000 лица, што е 67 отсто од работоспособното население, а 33 отсто се невработени. Од друга страна, податоците на Фондот за ПИОМ, по кои се води Управата за јавни приходи при пресметката на бруто-платата, покажуваат дека се регистрирано околу 450.000 вработени за кои треба да се платат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување. Според портпаролот на Министерството за финансии, Мартин Мартиновски, не се точни шпекулациите дека постои двојна евиденција за бројот на вработени лица.

- Едниот податок е административен, односно од Фондот за ПИОМ. Тој го покажува бројот на лицата за кои се плаќаат придонеси. Другиот податок е добиен преку Анкетата на работна сила на Заводот за статистика. Во неа е опфатен и нерегулираниот дел од економијата. Имено, според методологијата, која се користи во Анкетата на работна сила, а е заснована на меѓународни стандарди, за вработено се смета лице што претходната недела пред интервјуто работело барем 1 час за плата - објаснува Мартиновски.

Според него, со оваа реформа на платниот систем ќе се види реално колку фирми егзистираат во државата и за колку вработени се исплаќаат плати и придонеси.

- Претходно евиденцијата ја водеа повеќе институции што се јавуваа со различни бројки, како Управата за јавни приходи, Фондот за ПИОМ, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување. Сега се' ќе оди преку една институција, односно преку УЈП и ќе се воведе ред. Ќе се види колку фирми работат успешно и според законите - истакнува Мартиновски.

Со него се согласува и поранешниот-министер за економија, Стевче Јакимовски, кој вели дека Заводот за статистика како вработени ги вбројува и времените работници за кои не мора да значи дека се евидентирани, пријавени и дека за нив се плаќаат придонеси.

- Единствен валиден податок за бројот на реално вработените го има Фондот за ПИОМ - вели Јакимовски. Од Фондот за ПИОМ информираат дека досега се регистрирани околу 450.000 вработени за кои треба да се исплаќа придонеси за пензиско и инвалидско осигурување. Од нив, редовно им се исплаќаат овие давачки на околу 400.000 вработени. Весна Новаковиќ, портпарол на УЈП, вели дека, според податоците на Фондот за ПИОМ, евидентирани се 54.000 даночни обврзници, односно компании, кои треба да поднесат пресметки за над 400.000 осигуреници.

- Со реформата бруто-плата ќе се види колку вработени земаат плата и за колку се плаќаат придонеси. Повеќе нема да постојат разлики во цифрите и точно ќе се знае колку има даночни обврзници, колку пресметки треба да се поднесат, колку плати се исплатени, а колку не, колку средства добил од придонесите Фондот за ПИОМ, колку Фондот за здравствено осигурување, а колку Агенцијата за вработување - вели Новаковиќ.

Директорот на УЈП, Горан Трајковски, седум дена пред воведувањето на реформата на платниот систем излезе во јавноста со податок дека дури 70 илјади осигуреници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги нема во Фондот за здравствено осигурување. Разликата од 70.000 осигуреници, според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Георги Тренкоски, се јавува поради тоа што повеќе фирми не уплатувале придонес во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за своите вработени, туку само здравствено осигурување. Оваа можност не постои со реформата бруто-плата.

Дневник - Горан Ризаов - 16.02.2009

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Apr-2009 at 17:50

со што и каде тоа ние сакаме да бидеме рамноправни!?      

Еколошка рампа за нашите камиони

Транспортерите бараат државата да го субвенционира унапредувањето на еколошките стандарди на возилата за да може да возат во ЕУ

Околу 70 отсто од македонските камиони ќе мора да одат на ремонт зашто испуштаат повеќе издувни гасови отколку што пропишуваат европските стандарди



Европа вклучи црвено светло за влез на македонските камиони во нејзините зелени зони. Околу 1.300 транспортни возила или 70 отсто од нивниот вкупен број во државата, ќе мора да одат на поправка зашто се од пониската „еуро 3“ класа и испуштаат повеќе издувни гасови од европски дозволените стандарди. За нив не можат да се извадат зелени маркици без кои не можат да влезат во еколошките зони во развиените европски земји. Пристап е дозволен само под услов да платат казна од 40 евра дневно, а со оглед дека растоварот и товарот може да потраат неколку дена, пеналите што ги плаќаат транспортерите се големи.

За Европа да ја подигне рампата, независниот синдикатот на транспортерите „Макамтранс“ почнува акција за надградба на камионите во повисока класа „евро 4“. За таа цел бараат државата да го субвенционира надградувањето на постарите возила. Поправката на едно возило чини околу 5.000 евра, а државата да даде барем 2.000 евра на камион.

- Поради светската рецесија, ние се' помалку имаме работа и воопшто не сме моќни да купуваме возила од „евро 4 и 5“ класа со оглед на тоа дека тие се навистина скапи. Со ова возилата кои буквално не вредат, зашто едно „евро3“ возило сега на пазарот може да се најди за евтини пари, а и не може ни да се продаде, ќе се овозможи да работи како и повисоките класи - објаснува Љупчо Ѓоргиевски, потпретседател на синдикатот на транспортерите.

Официјално барање е испратено до Владата, но одговор се' уште не добиле. Транспортерите сметаат дека помошта би ја чинела државата околу 3 милиони евра. Велат тоа не е голем трошок зашто со нивната работа годишно во Македонија влегува девизен прилив од 60 милиони евра. Акцијата за надградување на возилата ќе се спроведува со помош од Машинскиот факултет за да се изработи соодветен документ за добивање зелена маркичкаа. По ова камионите без проблем ќе минуваат низ Европа.

- Со рецесијата многу ни е намалена работата што се гледа и на дело зашто секојдневно сите паркинзи се полни со камиони. Со надградување ќе ни се намалат и трошоците. Класата „евро 4“ плаќа во овој момент 2,1 цент по километар помалку патарина во однос на „евро 3“ класата. Од следната година тоа ќе биде 4,2 центи - додава Ѓоргиевски. Ваквите мерки европските земји ги преземаат за заштита на домашните транспортни фирми во услови на рецесија, но и за заштита на животната средина постапувајќи ригорозно кон возилата со поголема емисија на издувни гасови. Во Германија камионџиите добиваат парична помош од државата од 3.000 до 5.000 евра за возило.

Глобалната економска криза го намали обемот на работа на македонските транспортери за 70 отсто. Тие имаат и проблеми со наплатата на побарувањата од странство. Од соседните земји кои не се членки на ЕУ, нашите камионџии се први кои поведуваат иницијатива за ваква државана помош во транспортниот сектор.

Дневник - Жанета Здравковска - 03.04.2009

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Apr-2009 at 23:48
Бидејќи официалната страна(foodsafety.gov.mk) од каде што треба да се информираме не работи,имам едно прашање што ме засега лично.

Знае ли некој да ми каже што точно треба да се направи во еден колонијал од околу 30м2 за да се имплементира ХАСАП системот.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-May-2009 at 04:05
колонијал велиш, мислам законов во никој случај не те тангира, освен ако не продаваш колонијални сендвичи на мајстори кои случајно се затекнале во комшилукот Smile сепак доколку имаш нешто како сладолед на точење или лимонада во бокал, дефинитивно ќе ти треба хасап лиценца, ти препорачувам да се обратиш кај фирмата наведена во пост #6 во темава...
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-May-2009 at 10:58

Мислам дека секој што се занимава со производство или продажба на прехрамбени производи задолжително мора да добие ХАСАП сертификат. Ште се тоа подразбира точно незнам, но можам да ти прашам. Знам дека дел од стандардите се користење ракавици при контакт со храната, типот на полиците на кој се поставува храната, материјалот, средствата за чистење и хигиена кои се употребуваат и сл.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.108 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.