build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Локации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8854
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 18-Dec-2007 at 13:09
 
па не е битно кога се сменил планот, битно зезнале работа. Поместување на ул. Валис Ѓоргов и било планирано (можеби УрбанФрик може да образложи нешто повеќе околу ова пошто информациите ми се од него) за да се створи простор за апсолутна симетрија. Дури и да се кулите малце вовлечени на внатре (дополнителниот блок од 3 кули) сепак ќе биде пологично бидејќи нема да се напушти примарниот конецпт кој бил користен кога се планирала населбата.
 
Ако примети зградите кај последна 23 ги изигнорирав како и зградите на рузвелтова. Сепак овој сегмент на кој се заджав ми го привлече повеќе вниманието. 
 
И не ја немав приметено симетријата (до волку) некои можеби очигледни работи понекогаш не ги приметувам кога гледам од ниво на улица но на Google Earth сето тоа убаво се гледа.
 
За Тинекс... се кажа немам што да дополнам
 
Чудно е дека си волку кул кога се работи за сквернавење на комиблок населба, обично ти си тој што повикува на линч и јавна егзекуција на плоштад Laugh
 
А и не е на одмет да зборуваме дури и да е во празно, мислам дека оваа нишка е ОК секој да даде свои мислења и визии за одредени квартови па макар и тие биле фикција.
 
Cheers
 
П.С. Освен 4те кули фали и уште еден трговски како Капиштец за да се комплетира сликата.  


Edited by pbanks - 18-Dec-2007 at 13:11
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 18-Dec-2007 at 15:35


Па јас сум против тоа на пример да се менува концептот на Јане Сандански или Ново Лисиче, затоа што тие се сосема поинаку замислени. Но во Капиштец не гледам како објектов на Тинекс ќе наруши нешто.
Не знам, ваљда глупите аргументи на оние што протестираа ме направија да навивам за Тинекс...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8854
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 18-Dec-2007 at 22:02


не викам дека е крај на свет што тие 4 кули нема да се доправат но принципот не ми се свиѓа. Таквите промени го имаат доведено Скопје на вакво дереџе. Гледајќи ја населбата вака одозгора ми изгледа како недовршена куќа на која и фали еден надворешен ѕид.

Има неброени примери во Скопје каде некои ствари се оставени за подоцна за по пат комплетно да се напушти првичниот концепт и да се залута у нешто скроз шесто, најчесто некој медиокритет. Всушност тоа е и приказната на самиот град како целина.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8854
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 18-Dec-2007 at 22:17
Еве уште една ствар што ми боде око, ова е новата станбена зграда кај подвозникот накај Црниче. Во однос на улицата што води накај црниче и Огњан Прица (црвените линии) зградата е поставена ОК... Но поставеноста во однос на Јужен Булевар никако неможам да ја сфатам. Незнам дали сте ја заприметиле и кога сте возеле но не личи на ништо. Има ли некој идеја зошто е оставен тој процеп во внатешноста на блокот (заокружено со зелено)? Ако идејата била тоа да биде влез кон средишниот простор на пример за паркинг.... браво за архитектот Wallbash

Инаку објектот сам по себе не личи на ништо но тоа е друга проблематика




Edited by pbanks - 18-Dec-2007 at 22:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 18-Dec-2007 at 22:21


Стварно е глупо изведено ама неам поим зашто би можело да биде...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8854
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 19-Jan-2008 at 19:18


еве и слика како сето тоа изгледа на терен...

1

2

Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 22-Jan-2008 at 15:30
Дали некој знае што друго ќе се гради спроти Борис Трајкоски арина,



Ова локација ми личи супер за еден тениски стадион, или поголем стадион за повеке употреби како и тенис. Но незнам дали ова е баш можно со буѓетот но во блиска иднина.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Jan-2008 at 17:05
Боже колкава површина е, се плашам на Андреј Петров да не му текне да гради 300 катници тука.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8854
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Jan-2008 at 23:09
shyes за која локација збориш бидејќи си обележил 3 локации на цртежот? Ако е онаа под салата залепена до булеварите таму веројатно ќе никне некој трговски центар.

За остаткот од парцелите (онаа со тенка црвена линија покрај Вардар и онаа со жолта) незнам што е планирано точно. Едно време таму зборуваа спортски терени, забавен парк, воден парк итн... Ама тоа беа онакви муабети како со облакодерите, значи иницијативи на некој генијалец без никаква врска со ГУП, ДУП итн...

Како идеја мене ми се свиѓа тоа што го викаш Thumbs%20Up. Јас би насадил таков тениски стадион некаде на горната црвена парцела. Би било и логично во продолжение на тениските терени на Александар Палас.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 29-Jan-2008 at 19:55
Тука нешто дефинитвно се спрема. Веќе подолго време лежерно се расчистува земјиштето, а пред некое време беше ограничено со жолта трака, сега ја снема. Не верувам дека се работи за некој важен проект, ама во име на заживување на нишкава ги постирам сликиве.





Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 29-Jan-2008 at 19:58
Originally posted by La Linea

Не верувам дека се работи за некој важен проект, ама во име на заживување на нишкава ги постирам сликиве.


Што и да е, ќе изгледа поубаво од постојната дива ромска населба.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 29-Jan-2008 at 22:24
Оваа парцела е дел од недоизградениот булевар србија, тие 2 ленти што водат кон ново лисиче треба токму овде да бидат, абулевар србија да има 4 ленти. Сега како привремено ќе се наврави само парк.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 29-Jan-2008 at 22:29
PreviousНа таа површина ќе прават парк? Ова во општинскиот весник го прочита?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 29-Jan-2008 at 22:33
Па незнам дали беше во општинскиот или на друго место, ама се трудам да следам што ми се дешава во општината. Побарај по веснициве може да пишува кога беше актуелно со рушењето на ромското маало, ама не верувам да најдеш пошто не се дигна многу фама.
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 28-Mar-2008 at 00:15

Земјиштето во Аеродром тројно поскапо од Центар

Почетната цена на претстојните лицитации за локациите спроти „Бисер“ и во Реонски центар се 24.000 и 18.000 денари, а за земјиште во строг центар се бараат 8.500 денари за квадрат

Министерството за транспорт и врски, според конкурсите за јавно наддавање, квадрат земјиште во Центар продава за 8.500 денари, што е далеку помалку од пазарната цена, а квадрат во Аеродром го нуди за 24.000 денари. Оттаму велат дека различните цени на продажба на државното градежно земјиште не се одредуваат паушално, туку врз основа на Уредба од Владата и со работа на Комисија што ги одредува цените. Продажбите на државните парцели во изминатите месеци предизвикаа реакции и недоумици во јавноста, имајќи предвид дека се отуѓуваат по различни цени, а некои од нив се наоѓаат многу блиску една до друга. На пример, лани на лицитацијата за земјиштето зад „Рамстор“, наменето за изградба на трговски центар, почетната цена за еден квадратен метар беше 5.000 денари, а неколку метри потаму, парцелата за изградба на хотел се нудеше за 8.000 денари за квадрат. Неодамна Министерството за транспорт распиша нов јавен повик за продажба на земјиште зад „Рамстор“ за изградба на трговски центар, по почетна цена од 8.500 денари за квадратен метар. За разлика од овие цени, за продажба на парцели во Аеродром се бараат многу повеќе пари. За парцелата спроти „Бисер“, наменета за трговски центар, на распишаниот јавен конкурс се бараат 24.000 денари за квадрат, а 500 метри подалеку, кај Реонски центар, почетната цена на локацијата за изградба на станови е одредена на 18.000 денари.

Портпаролот во Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски, вели дека цените на земјиштето се одредуваат во зависност од намената на објектите, односно дали се работи за индивидуално домување, хотел, комерцијално-деловен објект или за индустриски капацитети.Во Аеродром двете локации се со различна намена. Едната е за колективно домување, односно за станови, а другата е деловно-комерцијален објект. Цените се одредени со Уредбата за отуѓување на државното земјиште, со табеларен приказ. Лани земјиштето во Центар се продаваше за 8.000 денари почетна цена, а годинава за 8.500 денари, поради тоа што имаше промени во Уредбата, односно цените се повисоки -вели Симоновски.Во врска со фактот дека земјиштето во Аеродром го продаваат трипати поскапо од она во строгиот центар на Скопје, Симоновски вели дека така одредила Комисијата, бидејќи на конкурсот за продажбата биле поставени други, построги услови за учесниците на јавните наддавања. Условите за учесниците се многу построги за локациите во Центар. На пример, пријавената фирма на последниот конкурс за трговски центар треба да котира на една од светските берзи или да има капитална поврзаност со компанија што котира на светски берзи, да поседува најмалку пет деловни објекти и да има капитал од 500 милиони долари во недвижности во последните три години. Значи, се бараат сериозни компании, светски брендови, односно да не се работи за човек-фирма. Строгите услови, всушност, ја гарантираат сигурната изградба на објектите - вели Симоновски. Земјиштето зад „Рамстор“ за изградба на трговски центар лани го купи англиската групација „Еквест“, која за квадратен метар плати 400 евра, односно толкава беше цената што беше постигната на наддавањето, иако почетната беше 5.000 денари. Големината на парцелата е 5.388 квадратни метри, а државата инкасира 2,2 милиона евра. Локацијата за изградба на луксузен хотел од околу 5.000 квадрати беше продадена за 680 илјади евра, односно беше постигната цена од 8.500 денари за квадрат. Купувач беше фирмата ХЛХ МК ЛТД, која беше претставена како фирма-ќерка на англиската хотелска групација „Резидор хотел груп“.Ниту едната ниту другата компанија се' уште не почнале со изградбата, иако оттогаш поминаа осум месеци.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2D0DF56FCE4B7242ABB747D17D7F42F4

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 28-Mar-2008 at 00:20
Ова само зборува дека Скопје ќе стане слично на големи светски градови кај кои има де факто повеќе центри, иако еден е центар. Бисер веќе станува на некој начин таков суб-центар на градот.
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 28-Mar-2008 at 00:27
Можда и стратегијата е центарот на Скопје што побрзо да се изгради целосно да немаме тревници/депонии у среде град кај што пасат коњите на циганите. Со симнувањето на цената ги мамат инвеститорите наместо да бегаат во аеродром. Откако ќе се изгради центар, се оди накај аеродром итн.. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 28-Mar-2008 at 00:51


Ах, идеализам Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 06-Sep-2008 at 11:02


пбанкс постираше упдајт на НЛБ, па се потсетив на локацијата позади, на која веќе се гледа ограда.

Како ни промакнало вакво нешто. Ништо не прочитавме по весници. Не сме слушнале никава најава за оваа локација, која прилично грдо делува сега.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 06-Sep-2008 at 11:15

Баш пред некој ден кога пројдов таму имаше оградено мала парцела зад Рамстор. Чудно беше што не излегуваше на спротивната улица туку само на таа кај Рамстор. Мислам дека на таа мислиш веднаш пред пералните каде што е оној каљав див паркинг или спак на некој друга ???

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.