build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Локации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 06-Sep-2008 at 11:19
Да де!! За таа оградата што никаде не прочитав дека нешто ќе се прави, а сега оооп оградено градилиште. Тачно на ќошот!
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 06-Sep-2008 at 11:38
Ја мислам дека ништо нема да биде таму, само е оградена за да постават кран или да чуваат материјал (како што НЛБ направи со уличката која ја блокира, или втора варијанта да не се работи за поставување на некоја подземна инсталација
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 06-Sep-2008 at 11:40
НЛБ ја блокираше улицата поради друго. Прочитај наназад кај НЛБ пишува зашто!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9092
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 06-Sep-2008 at 11:43
Originally posted by 46&2

Ја мислам дека ништо нема да биде таму, само е оградена за да постават кран или да чуваат материјал (како што НЛБ направи со уличката која ја блокира, или втора варијанта да не се работи за поставување на некоја подземна инсталација


и јас мислам дека е можеби привремен магацин за градилиштата на ГЕМА во тој кварт. тој простор и онака беше полуограден постојано низ годиниве.

Ако случајно напраат пак некоја глупост таму... Wallbash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 18-Sep-2008 at 22:28
Квадрат земја спроти Бисер четири пати поевтина


На јавниот тендер, кој е отворен за пријави до 10 октомври, е понудена парцела со површина од 6.135 квадратни метри со почетна цена од 6.000 денари. Во април, квадрат на истото земјиште беше 25.000 денари


Со четири пати поевтина цена Министерството за транспорт и врски ќе ја продава парцелата за изградба на деловно-комерцијален објект спроти ТЦ Бисер во Аеродром. На јавниот тендер, кој е отворен за пријави до 10 октомври, е понудена парцела со површина од 6.135 квадратни метри со почетна цена од 6.000 денари за метар квадратен. Во април, истото земјиште беше понудено за продажба, но со почетна цена од 25.000 денари за квадрат, но тендерот пропадна поради тоа што Комисијата констатирала непотполна документација на единствениот пријавен купувач.

Тогаш, имаше поплаки до комисијата поради енормно високата почетна цена и поради престроги услови од јавниот повик. Домашни фирми реагираа дека е економски нелогично квадрат земја во Аеродром да се продава неколкупати поевтино од центарот на Скопје, каде почетната цена за квадрат земјиште зад Рамстор, на пример, беше 8.500 денари. Објаснувањето од надлежните од ресорното минстерство беше дека разликата во цената произлегува од различните услови, но уште тогаш најавија дека ќе се разгледа опцијата за намалување на цената за следното наддавање. "За земјиштето во Центар беа дадени многу поригорозни услови затоа што очекуваме да се јават сериозни странски инвеститори кои брзо ја надминаа почетната цена. Таму квадрат се продаде 25 илјади денари", повторија од Министерството. Во овој повик останаа и условите заинтересираната фирма да поседува најмалку пет деловни или комерцијални објекти и капитал од најмалку 500 милиони евра искажан во финансиски извештај.

Според актуелниот ДУП на овој простор е вцртана маркичка за изградба на зграда во висина од 25 метри, со приземје и седум ката, со комбинирана намена за деловен простор и за трговски центар. Околу објектот е отстапен дел за мини паркче, а дел за паркиралиште. На истата парцела претходно беа изградени скали кои немаа функција, па Општина Аеродром ги урна и го расчисти местото.

http://vecer.com.mk/?ItemID=67F4807C524C904AA834D68E9A769E62

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 19-Oct-2008 at 15:32
Позади рамстор нема ништо. Ниту па не се приметува дека воопшто тука нешто ќе се гради.

Чисто да ги разбиеме дилемите.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 11-Jan-2009 at 14:00

тука беше скејт паркот, па најверојатно скејтерите прават институционални диверзии LOL можеби некој скејт шопинг центар како компензација да им одобрат за да ги смират Laugh а јас ќе намам против и   младите фиданки што ги посекоа таму да ги вратат во живот Smile

добро оваа локација е исто на рамстор дали?

ако веќе  почетокот на жичарата треба да биде кај рамстор најлогично е истата да  ја насадат тука на оваа локација, тоа мислам дека би било најдобро решение за жичарата, но ако се планира јужен да се пробива можеби е во ред и да се причека за евентуални корекции во парцелата. 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12106
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 11-Jan-2009 at 14:17


За жичарницата сум скептик дека некој ја есапи локацијата што ја спомнуваш, трасата што цело време се спомнува е малце поисточно, и е веројатно одредена според состојбата и условите на терен.


Edited by pbanks - 11-Jan-2009 at 18:24
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 11-Jan-2009 at 17:23
она што велиш кло дека жичарницата е поисточно тоа е точно помеѓу рамстор и стара железничка, ја велам само дека како локација е малку по чиста за да биде почетна станица...

Edited by pbanks - 11-Jan-2009 at 18:25
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 13-Feb-2009 at 16:53
Чекајќи трговски центар газат во кал



Скопје
Жителите на општината Аеродром што живеат во зградите спроти трговскиот центар „Бисер“ веќе една година мораат да поминуваат низ празниот простор и да газат во прашина и кал за да дојдат до булеварот Јане Сандански, каде што се сместени повеќе маркети, банкарска филијала, пошта и други дуќани. Тие велат дека откако минатата година општината Аеродром ги срушила скалите и платформата, за да се подготви местото за изградба на нов и модерен трговски центар, биле отстранети и патеките, кои биле единствен пристап.

- Живеам во урбана населба, но сепак дома си одам со кал до колена. Секој во овој град си прави што ќе посака. Ги срушија скалите, а со нив отидоа и патеките што ни беа единственото место од каде што можевме да поминеме. По рушењето само се израмни земјата, па затоа сега одиме по земја, по прашина, а во врнежливите денови и по кал. Оние што не сакаат да одат по кал, мора да кружат и да одат по делот што е наменет за паркирање и за поминување на автомобилите. Значи, ние што живееме во зградите спроти трговскиот центар „Бисер“ сме изолирани и за дојдеме до булеварот мораме да ги користиме околните улички - објасни Влатко Алексовски, жител во зградата со бројот 64 на булеварот Јане Сандански.

Тој додаде дека на тоа место веќе подолго време се одржуваат разни манифестации и митинзи и се собираат голем број луѓе, кои прават уште поголемо раскопување на земјиштето и прашина.
Од општината Аеродром велат дека тие си ја завршиле обврската со тоа што ги срушиле скалите и платформата и го подготвиле теренот за градење трговски центар, кој е предвиден и во деталниот урбанистички план за овој локалитет.

- По барање на Министерството за транспорт и врски ги отстранивме старите скали што беа поставени на тоа место и со тоа ги исполнивме сите обврски. Тоа е државно земјиште и понатаму целата надлежност ја има Министерството. За рушењето општината одвои значителна сума на пари. Но сè додека не се реализира предвидениот објект, општината ќе изгради патека, која ќе биде привремено решение за граѓаните што живеат во околината. Тој дел е фреквентен, па затоа ќе направиме патека од бетонски плочки во должина од 80 метри. Прво ќе се изврши тампонирање на површината, а потоа поплочување. Поради поволните временски услови, очекуваме градежните работи да почнат во текот на овој месец - објаснуваат од Аеродром.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека по изборите ќе распишат нова набавка за земјиштето спроти „Бисер“, бидејќи според Законот за спречување на корупцијата не смее да се спроведува постапка за големи проекти, како што е тој деловно-комерцијален објект.

- Веќе еднаш имавме распишано тендерска постапка за избор на инвеститор што ќе го изгради објектот, но тој беше неуспешен, бидејќи ниту една пријавена компанија не ги исполнуваше пропишаните услови. Но веднаш по завршувањето на изборната кампања, ќе објавиме нова набавка - објаснува Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за транспорт и врски.

Тој додаде дека предност ќе им се даде на оние компании што имаат искуство најмалку од пет години во правење такви деловни објекти, а на инвеститорот ќе му се да деде рок од две години за да го изгради објектот.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=316&ArticleID=18022
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 14-Feb-2009 at 22:33
Се знае ли што ќе изникне на оваа локација поред подвожњак ?


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 14-Feb-2009 at 22:54
Последната најава што ја памтам беше дека на местото што го посочуваш ќе се изгради катна гаража.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 14-Feb-2009 at 23:23
Ако и тука велат катна, тогаш на квадратен метар ке имаме 100 катни гаражи Big%20smile
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 15-Feb-2009 at 07:43
Секој ден проаќам од тука. Локацијата е во ваква состојба неколку месеци. Мислам дека е моментално паузирано рушењето поради тинекс, со кој беше договорено навремено да се повлече, ако не се лажам.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3864
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 05-Oct-2009 at 10:01
Originally posted by Vladimir P

Се знае ли што ќе изникне на оваа локација поред подвожњак ?


 
 ....
 nesto od skyscraper city pred nekolku godini



Quote:
ОПШТИНАТА ЦЕНТАР ИЗДАДЕ РЕШЕНИЈА ЗА УРИВАЊЕ
Се селат дуќаните зад стара железничка


Сопствениците на дуќани и на привремени објекти зад старата железничка станица ги расчистуваат просториите во кои работеа до вчера. Општината Центар деновиве издаде решенија за уривање за повеќе објекти на овој простор за да може да се спроведе Деталниот урбанистички план.

Вакво решение добиле и од ресторанот „Македонска куќа“.

- Во просторииве има многу предмети за кои ќе ни треба повеќе време додека да ги изнесеме. Од општината требаше барем четири месеци претходно да ни кажат дека ќе мора да се селиме. Така ќе имавме доволно време и да решиме што со 28-те вработени што работат овде. Сега ќе бараме рокот од 30 дена што ни го дадоа од општината да се одложи. Веќе преговарам за друга локација каде што ќе може да се смести ресторанот - вели Киро Илиески-Камбер, сопственик на ресторанот „Македонска куќа“.

Од просторот зад старата железничка станица ќе мора да се тргнат и дисконтот на „Тинекс“, ресторанот „Врти-сучи“, еден магацин на книжарницата „Дора“, но и цветниот пазар.

Цвеќарите велат дека директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ вчера им ветил дека ќе им помогне да најдат друга локација во градот за да се направи цветен пазар.

- Наводно, од градската управа му понудиле на претпријатието повеќе локации за цветен пазар. Овојпат ќе бараме пазарот да се направи на градско земјиште зашто не сакаме по неколку години повторно да не преместуваат - велат цвеќарите.

За просторот што деновиве се расчистува планот „Стара железничка станица“ предвидува хотели, катни гаражи и трговски центри. Овој план, како што објаснија од Државниот градежен инспекторат, е на преиспитување во Уставниот суд поради катната гаража што треба да се гради до трговскиот центар „Рамстор“.
golem broj od forumcite ovde go poznat vestot, no sakav samo da ve potcetamRoll%20eyes
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3864
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 05-Oct-2009 at 10:06
ako ne se lazam seto ova go postirase pbanks vo  skyscrapercirty(2006)
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3864
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 05-Oct-2009 at 10:10
Originally posted by lslcrew

Секој ден проаќам од тука. Локацијата е во ваква состојба неколку месеци. Мислам дека е моментално паузирано рушењето поради тинекс, со кој беше договорено навремено да се повлече, ако не се лажам.
na tineks neli mu izgori magacinot pred nekolku nedeli??
sigurno ke se povlece Roll%20eyes
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 05-Oct-2009 at 10:42
Сега само што идам од тука, се паркирав на паркингот што е до свете. Уште мириса на изгорено од тоа магационот. А инаку сликата погоре што е постирана од ССЦ е погрешна. Не е толкаво земјиштето! Земјиштето е само левата половина од тоа што е бележано на сликата од ССЦ!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3864
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 16-Oct-2009 at 18:21
konecno znaeme nesto za ova lokacijaThumbs%20Up
se raboti za centar na musika, kako dojdov vo informacijata, ke vi davam link
lokacijata:
41°59'44.88"N 21°26'18.49"E
informacijata od


Edited by my Macedonia - 16-Oct-2009 at 18:26
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3864
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 16-Oct-2009 at 18:41

dali e ova pobednikot ne znam ama vazno e sto znaeme sto se planira vo toj prostor

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.