build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

НАЈ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 08-Apr-2009 at 22:01
Originally posted by гитардемон

За стадионот не знам, ама за масовните игри во чест на 'великиот претседател и син му' (диктаторската фамилија) се навистина светско чудо. Видете mass games на јутуб, има бескрајни да не постирам, ќе се уверите. Инаку за хотелот, покрај сите глупости поврзани со него, читав и дека е многу лошо изведен почетниот дел и има голема веројатност да се сруши (така пишува на википедија), дека шахтите за лифтовите биле грешно конструирани, и милијарда работи. А најјако од сè, па во С. Кореја одат 3 туристи годишно, кој ќе го користи ова чудото?


Истите луѓе што го користат масивниот 2х4 автопат кој води од Пјонгјанг до Јужнокорејската граница
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 14-Apr-2009 at 02:43
Анорексична архитектура


Како што популацијата на нашава планета се зголемува, можеби ваква ќе биде архитектурата во иднината, зградите ќе стануваат се повисоки и потенки. Погледнете неколку ултра тенки архитектонски примероци  околу светот кои го редефинираат терминот „тесно живеење“.

dthserbhfxvbc.jpg

Токио има долга традиција на практично искористување на секој еден квадратен метар слободен, па така го има приматот во оваа листа на најнеобични мета каде можете да сместите една зграда.

etyjrthethgdfbd.jpg

Ваквите „слабички“ згради во Јапонија ги нарекуваат „Куќи - палачинки“.

tyjerhjethedf.jpg

Куќа за едно семејство во Токио, 2 метри широка ...
rhjwetherhgedrfd.jpg
345654yrthfgjg.jpg
reyjrthtghd.jpg
ety6jutrhtrh.jpg
eytjrtnhfgf.jpg
rehjrwethetrhfgbf.jpg
rethewtshbdfd.jpg
rsthethrthrfd.jpg
triuerjtrhdf.jpg
very_thin_wall_house_in_nagasaki.jpg
temle.jpg
teyjryjtnhdfbdf.jpg

Најтенките куќи низ светот - Лондон
Оваа куќа (лево) широка само еден метар и три метри висока, беше продадена за речиси еден милион долари.
ryjrtjrfhtdhgf.jpg

Неколку тенки архитектонски примероци изгубени покрај облакодерите во Њујорк.

tyjreyhjthdfbf.jpg

Ниту Европа не е имуна на трендот на тесното живеење. Една од најтенките згради во светот се наоѓа во Амстердам, на Singel бр.7. Оваа малечка куќа е само еден метар широка речиси колку надворешната врата. Луѓето кои живеат таму мора да се на доживотна диета.

а.jpg

Oude Hoogstraat 22, Амстердам (лево), а десно - Kloveniersburgwal, 26 (сопствениците го претворија нивниот дом во музеј (и веројатно се преселиле на некое поширроко место)).
amst.jpg

Уште една слабичка куќа во Амстердам. Пробајте само да внесете мебел.
tyjrhethbdbdf.jpg


http://www.365.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3882&Itemid=2

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 14-Apr-2009 at 02:45
Тесно живеење


Дали можете да замислите како е да се живее во куќа широка 1 метар и висока 10? Една ваква градба во Бразил предизвика внимание кај медиумите деновиве: таа има 3 ката и е дизајн на Хеленита, која е воедно и среќен сопственик на оваа куќа.

Во прво време, општината не и издала дозвола да ја изгради, но потоа сфатила дека токму оваа куќа би можела да стане туристичка точка за малото гратче од 12.000 жители.

Пред куќата има клупи каде туристите може да одморат гледајќи во оваа необична градба. Некои пак, се пољубопитни и прашуваат за дозвола да влезат внатре и да изнудат некоја фотка со своите апарати.

Хеленита планира да изгради и четврт кат - место за опуштање, скара и рекреација. 

narrow_house_03
narrow_house_04
narrow_house_05
narrow_house_06
narrow_house_07
narrow_house_08
 
narrow_house_02
http://www.365.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1320&Itemid=2
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-May-2009 at 21:49






Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 19-May-2009 at 05:05
 Да не беше зафрканција ќе беше интересно. ЛИНК
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 19-May-2009 at 08:42


Го собрав на брзина од ССЦ немав време да проверувам дали е заебанција . Сепак ми одговараше со оние дугачки камиони и возови што ги постиравме поназад во нишката.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 19-May-2009 at 14:17
можеби овој е заебанција, ама русите имаат направено обид за ваков хеликоптер (како авион со ротори од двете страни) наречен V-12

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 30-May-2009 at 01:06
Previous









Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 30-May-2009 at 01:07
Тула по тула ја пренела својата куќа за 23 години

Британката Меј Алис Севиџ решила да го премести својот дом дел по дел од Хертфордшир во Норфолк, кои се оддалечени речиси 200 километри, за да го спаси од уништување

За проект почнат од љубов, тоа било „направи сам“ работа на векот. Тула по тула, една упорна стара дама го демонтирала својот дом извлекувајќи го секој средновековен клинец од старата дабова конструкција, потоа ги подредила и нумерирала илјадниците ќерамиди, тудорските камини и елизабетанските оловни огледала во камиони и почнала со повторна градба на куќата на која и' го посветила својот живот. Долго пред конзервацијата на старите градби да стане модерна, Меј Алис Севиџ решила да го премести својот дом дел по дел од Хертфордшир во Норфолк, кои се оддалечени, речиси 200 километри, за да го спаси од уништување. Решителната Меј поминала 23 работни години вложувајќи труд од љубов, борејќи се со властите, инсектите, стаорците и влошеното здравје, придружувана единствено од нејзиното верно куче Саша. Сега нејзината неверојатна приказна е раскажана првпат од нејзината внука, Кристина Адамс, во книга за изгубената љубов, решителноста и болните тајни на една жена, се вели во написот на „Дејли мејл“.

Родена во Стретам, јужен Лондон, во 1911 година, Меј живеела сиромашно уште од 10-годишна возраст. Кога имала 16 години се запознала со Денис Вотсон, талентиран актер за шекспировски улоги, кој бил многу постар од неа. Тие планирале да се земат, но Денис починал ненадејно во 1938 година. Меј никогаш не закрепнала од овој суров удар на судбината и го носела свршеничкиот прстен цел живот. Таа се повлекла во себе и во 1947 година купила стара куќа во Вер, Хертфордшир и сакала да ја реставрира. Куќата била изградена во 1450 година, за богат монарх, и имала специфична архитектура за тој период. Меј ангажирала градежници да и' го поправат покривот, но останатата работа, вклучувајќи го ѕидањето, реставрирањето на столаријата, подовите, монтирањето стакла на прозорците, стружењето малтер и 20 слоја тапети од ѕидовите, таа го завршила сосема сама.

БИТКА ДОЛГА 15 ГОДИНИ

Во 1953 година, од Градскиот совет и рекле дека куќата ќе и биде срушена зашто се наоѓа на трасата на улица што треба да биде направена. Тогаш почнала битката. Меј решила да ја спаси куќата и 15 години се борела против плановите на Советот, постојано пишувајќи им. Ако оваа мала куќа навистина ви пречи, побрзо ќе ја преместам и повторно ќе ја изградам, отколку да ви дозволам да ја срушите - вели во писмата.

Во 1969 година, кога Меј имала 58 години, пред нејзината порта дошле булдожери. За да ја спаси куќата таа решила да ја демонтира дел по дел, нумерирајќи ја секоја греда, ќерамида и секое парче стакло, па така создала гигантска сложувалка. Меј останала да спие во куќата на студенилото, под ведро небо се' додека и последното делче од неа не било демонтирано и нумерирано. Едноставно нема да дозволам некој булдожер да срамни со земја прекрасна стара куќа како оваа. Секако нема што да правам по цел ден, па сама ќе ја завршам работата - изјавила Меј.

ЅИДАР БЕЗ ЅИДАРСКО ИСКУСТВО

Меј купила плац во близина на крајбрежниот град Велс-некст-д-си во Норфолк и извадила градежна дозвола, па ги поставила темелите. Сите дела од нејзината куќа биле донесени во 11 камиони, а потоа почнал тешкиот живот. Немало струја на плацот, па работела под светлината на викторијанските парафински лампи. Меј секој ден си поставувала цел, местејќи го будилникот, забележувала колку клинци на час успевала да извади од дабовите греди додека ја демонтирала куќата и ја подготвувала за повторна изградба. Во текот на изградбата таа живеела во караван во кој често и' било неподносливо студено. Мајка ми не' израсна учејќи не' дека не постои изразот „не можам“- изјавила Меј во 1971 година во клубот за дами „Факенхам“.

Две години подоцна локален столар ја подигнал рамката за куќата и ја поврзал со темелите, па Меј почнала со ѕидањето. Таа немала ѕидарско искуство, но била решена совршено да ја постави секоја тула. На Меј и' биле потребни осум години за да заврши со ѕидање и да го покрие покривот со ќерамиди за да не пропушта вода, а староста не е' пречела да се качува по ѕидарското скеле. Тогаш Меј имала веќе 70-тина години, се вселила во куќата и гордо стоела во градината. Во 1986 година британската кралица ја признала нејзината работа и ја поканила на забава во градината на Бакингамската палата. Во 1992 година, пред крајот на силите Меј поставила во куќата шпорет за греење на дрва, но веќе е' било тешко да се качува по скалите и да малтерисува. Кога во 1993 година Меј починала на 82 години, куќата останала недовршена.

- Ѕидовите беа подигнати и покривот беше наместен, но сепак местото беше нестабилна школка - вели Адамс, на која Меј и' ја оставила куќата.
...

www.dnevnik.com.mk/?itemID=14AF7CA77832F449B7F1B150EAB68C28&arc=1

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 19-Jun-2009 at 19:14
Ако некој не видел, еве за што зборувавме со mitatos. Ова чудо е огромно!















Инаку, во Солун имав чест да го видам укотвен овој гигант (повисок беше скоро двојно од сите станбени згради во градот - некаде околу 16-17 катница)


Edit: Грешка, сепак беше Freedom of the Seas (еден од најголемите).
http://www.cruisebrothers.com/royal-caribbean-cruises-eastern-europe.php


Edited by гитардемон - 19-Jun-2009 at 19:21
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 03-Jul-2009 at 15:12
Можда најмалиот хотел во Скопје - симпатично


2009-07-03

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 05-Jul-2009 at 20:03
Доволна реконструкција на стар објект. Камо среќа да се сите во ваква состојба!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 10-Jul-2009 at 00:06

Шпанци ќе го прошируваат Панамскиот Канал

Конзорциум на чело со шпански „Сасир“ го доби договорот од повеќе милијарди американски долари за изградба на цела низа нови брани во Панамскиот Канал, за низ него да минуваат гигантски товарни бродови.

Групата наречена „Обединети за каналот“, во која се собрани шпански, германски, италијански и панамски компании понудила најниска цена за изведба на посочениот проект, од 3,12 милијарди долари. Трошоците за проектот претходно беа проценети на 3,35 милијарди долари.

Панамскиот Канал во периодот од 1904 до 1914 година го изградија САД, кои во 1999 и' ја отстапија контролата на Панама. Најголемите бродови што сега се користат преку каналот превезуваат до 5.000 контејнери, но со проширувањето ќе биде овозможен премин на супертанкерите и бродови со повеќе од 12.000 контејнери.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=52162238ECC7304A8FA52B029AC91360
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 10-Jul-2009 at 13:11
инаку еве го најголемиот брод на светот Smile

а еве го кога е полн до врв Big%20smile

а што се однесува до танкерите, контејнериве ми изгледаат како штеки цигари во споредба со нив LOL

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 10-Jul-2009 at 14:05
maersk e eden od najgolemite tovarni brodovi i tesko se tovari ,ubavo kaza kako steka cigari ehhe , a zamisli vo zadniot del da ima poveke tovar a vo predniot ne, seto toa se meri koj kontenjer kaj da se stavi , mnogu e slozeno tovarot vo tie brodovi

Edited by mitatos - 10-Jul-2009 at 14:06
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 10-Jul-2009 at 14:07
meaesrk e danska firma shto ima sopstveni mnogu vakvi brodovi. U sekoj sluchaj celiot pomorski transport izgleda masivno!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 20-Jul-2009 at 21:45
Изградба на клучка

Shijiazhuang, China

Feb 2009


Mar 2009


Apr 2009


May 2009


Jun 2009


Jul 2009

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 29-Jul-2009 at 17:35
Новиот мост над Hoover Dam во Америка. Ако не се лажам ќе биде највисокиот мост од овој тип во светот (или барем во Америка) по комплетирањето.

1

2

3

4

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 31-Jul-2009 at 17:15
можат да научат нешто нашиве, особено за клучката Bash
кај нас за клучка сметаат четири лаци асфалт Ohno
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 08-Aug-2009 at 17:10
Новиот мега аеродром во Дубаи - Al Maktoum International Airport

24°53'35.61"N  55° 9'18.14"E

Со изградба е почнато во 2007, првиот лет е планиран за 2010, а целосно завршување на проектот е зацртано за 2017. Кога ќе биде завршен ќе биде со најголем капацитет и за патници и за карго.

Инаку пистите се 6 на број (сите паралелни) и со должина од 4,5 километри







Edited by Cloverstack - 08-Aug-2009 at 17:15
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.