build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бучава

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
edikojsi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote edikojsi Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 20-Mar-2013 at 10:37

Супервисор, апсолутно се согласувам со тебе дека изолацијата и статиката се клучни. ама како да одредиш на нов стан дека се задоволени некои критериуми? и дали постојат такви? ај за статиката има проект и ревизија, ама за другово? невселена зграда, немаш осет ни за звучна ни за топлинска изолација. како човек да направи прав избор?

Back to Top
Jelena View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Jun-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Jelena Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 25-Jun-2016 at 11:23
Здраво на сите
Во моментов се борам да се фокусирам да истипкам еден факен пост, затоа што сум под тортура на брусалицата и швајц-апаратот на комшијата. Звукот не остава без спиење и мене и сопругот, особено затоа што работиме само 2ра смена до доцна во ноќта, а наутро почнуваат механичариве. Буквално се претворивме во зомбија.

Имено, живеам на 4ти спрат, во реновиран стан (стиропор 5ка одвнатре, надворешни зидови со полна тула од старите згради и Salamander дограма, 5коморно стакло).

Во дворот на зградата, некој од соседната зграда (мислам дека се татко и двајца синови, плус пајташи шо се берат на ракија) си има направено квази-механичарска гаража (не знам дали е дозволено) и по цел ден (празник-делник-викенд) работи и тропа.
Инсталирав фонометар на мојот телефон, на 4ти спрат со прозорец на кипање мери врева од 69 децибели.
Лаик сум и не знам, ама 69 децибели ми се многу.
Исто така, не знам како да постапам и каде да пријавам.

Ве молам за помош. Што да правам?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 25-Jun-2016 at 11:52
Originally posted by Jelena

Здраво на сите
Во моментов се борам да се фокусирам да истипкам еден факен пост, затоа што сум под тортура на брусалицата и швајц-апаратот на комшијата. Звукот не остава без спиење и мене и сопругот, особено затоа што работиме само 2ра смена до доцна во ноќта, а наутро почнуваат механичариве. Буквално се претворивме во зомбија.

Имено, живеам на 4ти спрат, во реновиран стан (стиропор 5ка одвнатре, надворешни зидови со полна тула од старите згради и Salamander дограма, 5коморно стакло).

Во дворот на зградата, некој од соседната зграда (мислам дека се татко и двајца синови, плус пајташи шо се берат на ракија) си има направено квази-механичарска гаража (не знам дали е дозволено) и по цел ден (празник-делник-викенд) работи и тропа.
Инсталирав фонометар на мојот телефон, на 4ти спрат со прозорец на кипање мери врева од 69 децибели.
Лаик сум и не знам, ама 69 децибели ми се многу.
Исто така, не знам како да постапам и каде да пријавам.

Ве молам за помош. Што да правам?


Пробај да ставиш дебели теписи на подот, тешки завеси на прозорците и таписерии по ѕидовите.

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Online
Posts: 722
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 26-Jun-2016 at 10:51
69 децибели се страшно многу, не ѕнам дали можеш да пријавиш, најдобро самите да го решите проблемо со добра изолација. Бидејќи вревата доаѓа однадвор може да се спречи со добри прозорци (1 ). Е сега, знаме дека е лето, нема смисла да бидете во затворени простории кога е мн топло, но што да се праљви. Поголем проблем е вравата која доаѓа преку ѕидовите, таа потешко се спречува. Со теписи може малку да се намали, но не премногу. Ако не е добро избедена уште во изградба звучната изолација тешко се поправа накнадно
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 26-Jun-2016 at 12:43

пријава во општина, следен механизам пазарна инспекција, а потем судски а ги закачите колективно како станари, сигурно нематесамо вие мукает, а што е до кабаетот на комшијата, тој ако го притиснат макар се му било легално секогаш може да си изолира работилницата соодветно, та бучавата да ја сведе на некое прифатливо ниво ако не на минимум

но пробајте прво со убаво, најдете компромис културно, со оглед дека посекако самиот тој на крај ќе разбере кој го подбрал и пријавил, а навистина нема ништо полошо него некому зад грб да му го закачиш, особено е подмолна работа за арпаџик механичари, конечно помогнете му работилницата да ја пресели во блиска околина каде никому нема нит да му пречи нит да го тревожи

конечно ако нема чаре, бар вие имајте разбирање за туѓата несреќа и поарно отселете се него да си извадите очите, зар толку ли ви е свето тоа место каде сега сте затекнати да живеете!? мада општината треба да го гарантира мирот во и по станбените населби!

Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 27-Jun-2016 at 20:18
Originally posted by phenomenon

Originally posted by Jelena

Здраво на сите
Во моментов се борам да се фокусирам да истипкам еден факен пост, затоа што сум под тортура на брусалицата и швајц-апаратот на комшијата. Звукот не остава без спиење и мене и сопругот, особено затоа што работиме само 2ра смена до доцна во ноќта, а наутро почнуваат механичариве. Буквално се претворивме во зомбија.

Имено, живеам на 4ти спрат, во реновиран стан (стиропор 5ка одвнатре, надворешни зидови со полна тула од старите згради и Salamander дограма, 5коморно стакло).

Во дворот на зградата, некој од соседната зграда (мислам дека се татко и двајца синови, плус пајташи шо се берат на ракија) си има направено квази-механичарска гаража (не знам дали е дозволено) и по цел ден (празник-делник-викенд) работи и тропа.
Инсталирав фонометар на мојот телефон, на 4ти спрат со прозорец на кипање мери врева од 69 децибели.
Лаик сум и не знам, ама 69 децибели ми се многу.
Исто така, не знам како да постапам и каде да пријавам.

Ве молам за помош. Што да правам?


Пробај да ставиш дебели теписи на подот, тешки завеси на прозорците и таписерии по ѕидовите.




Здраво, пред се дебелите теписи и завеси нема на никаков начин да помогнат за бучавата од надвор, само ќе фрлате пари.
Ако навистина сте измериле 69 децибиле внатре (иако со телефон е доста непрецизно) со конкретен акустичен третман на зидот може да се спуштите до кај најмногу 50децибели, што е огромна разлика, но сепак не знам дали тоа ќе ве задоволи.
Ако сте заинтересирани за поконкретни информации слободно пишете, тоа би подразбирало вадење на стиропорот од внатре (кој нема никакви фонозолациски својства, туку само термички) и правење на акустичен контраѕид од внатрешна страна.
Исто така профилот саламандер е со 5 комори, прозорот е сигурно дупли, со една комора, но не верувам со добри фоноизолациски својства.
Во секој случај најдобро би било да се обратите прво директно кај комшијата и да најдете разбирање, ако не потоа во општина и полиција евентуално да направат пријава за нарушување на ред и мир, плус човекот сигурно работити на диво, може и финансова полиција да му викнете ќе се вразуми...

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 27-Jun-2016 at 23:48

бидете реални, проблемот не е во изолацијата на објектот, туку во екстремната бучава... и кај мене има огромни дебели ѕидови со повеќе изолациски слоеви, па тие немаат никаква функција ако комшијата се реши да реновира да речеме...

да живеевме во правна држава или во општество каде функционира соживот и колективна свест, проблемот ќе беше многу лесно решен или воопшто немаше да го има... да се работеше за буџава од улица или некој друг неизбежен извор, ќе зборевме за изолација, ама тука проблемот е на сосема друго место
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 02-Oct-2019 at 12:31
Градежната бучава им го одзема мирот на граѓаните

Скопје е град што изминативе години е зафатен од градежна експанзија. Постојано се градат нови станбени објекти, a сите тие градежни активности секојдневно создаваат бучава. Ова урбана врева веќе почна да им пречи на локалните жители во тие градежни зони. Поголем е проблемот на оние што живеат со бучава повеќе години во низа, каде што се градат згради една по друга.

Во градовите има многу извори на бучава, а тука веројатно најпрвин ќе се вброи онаа од сообраќајот и од индустријата. Истражувањата покажуваат дека изложеност на урбаната бучава може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето на луѓето. Некои скопјани веќе се жалат на урбаната бучава од градежните активности, а други имаат на ум своите поплаки да ги достават усно или писмено и до своите општини за да побараат некаква контрола и мерење на бучавата, колку е таа и до каде законски е дозволена. Таков е примерот со дел од жителите на Кисела Вода, во делот на средното економско училиште „Васил Антевски-Дрен“, кои се жалат на бучава предизвикана од градежни активности во поголемиот дел од денот. Велат дека периодов немаат мир и од соседските градежни активности за реновирање и градење. Не е поинаку ниту во другите населби каде што градежниците воопшто не водат сметка за бучавата или за зачувување на околината од загадување, прашина и од други отпадни материјали.

– Скоро секој ден слушам од зградите во околината некакво чукање, брмчење, разни звуци допираат до нас. Три години едноподруго нема мир, завршија една зграда, почнаа друга, па трета и така секој ден живееме со бучава. Ако случајно не работат работниците, тогаш соседите прават нешто со бормашина. Не е прегласно секогаш, но е постојано и во поголемиот дел од денот. Ова е особено лошо во овие топли денови и летово кога не можеме да бидеме со затворени прозорци преку ден – се пожали жителка од Кисела Вода.

Од општината Кисела Вода, пак, велат дека во изминатиов период до општината нема доставено пријави од граѓани за бучава предизвикана од градежни активности, но тврдат дека има законски утврдени гранични вредности до каде може да оди таа.
– Граничните вредности на основните индикатори се утврдени со правилник за граничните вредности на нивото на бучава во животната средина, донесен во 2008 година. Истите тие се дефинирани според степенот на подрачјето во кое се мери бучавата. Граничните вредности се движат: за подрачје од втор степен од 45 до 55 децибели, во зависност од периодот во денот. За подрачја од трет степен од 55 до 60 децибели исто така во зависност од периодот во денот. Граѓаните можат да пријават бучава во општината или во текот на 24 часа во Министерството за внатрешни работи – информираат од општината Кисела Вода.

Од општината Карпош, пак, појаснија дека според Законот за заштита од бучава во животната средина, проектот за изградба на зграда треба да предвидува како да се контролира бучавата, дали се исполнети посебните услови и мерки во врска со стандардите за заштита од бучава. Тие стандарди и ограничувања мора да се содржани во самиот проект.

– Ние не можеме да ја мериме бучавата на отворен простор. Но граничните вредности за станбен простор се 35 децибели. Досега имаме добиено четири-пет поплаки од граѓани за бучава при изградба на два-три градежни објекта во Тафталиџе и во Козле. Од општината Карпош се направени контроли, инвеститорите се предупредени дека мораат да ги почитуваат ограничувањата во согласност со добиеното одобрение за градба – тврдат од општината Карпош. Оттаму дополнуваат дека граѓаните, во секое време, може да пријават во општината Карпош и да поднесат барање за увид во бучава од градежни активности. Според Законот за заштита од бучава во животната средина за правните лица што не преземаат мерки за заштита од бучава, предвидена е глоба од 3.000 евра, додека за физичко лице глобата изнесува 500 евра.

Хроничното изложување на прекумерна бучава го оштетува слухот
Бучавата создадена од градежните активности може да влијае на квалитетот на здравјето. Хронично или повторено изложување на звуци до или над 85 децибели може да предизвика губење на слухот, се наведува во „Ерт џурналисм нетворк“. Додека градската бучава може да изгледа неизбежна, дури и најгустите и најактивни места можат да преземат чекори за ограничување на бучавата. Многу градови и држави имаат закони со кои се ограничува бучавата во станбени области, сепак, овие закони некогаш тешко се спроведуваат. На пример, кај нас се вршат неколку мерења со кои се утврдува дали има бучава што ги надминува вредностите.
– Нашите инспектори излегуваат на самото место и во разговор со инвеститорот му изрекуваат усна опомена, да го почитува дозволеното ниво на бучава. Доколку бучавата и натаму продолжи, се ангажира фирма што врши две до три мерења на бучавата, и доколку тие покажат надминување, поточно, бучавата е надвор од границите на дозволеното, следува парична казна во согласност со Законот за прекршоци – нагласуваат од општината Карпош.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/градежната-бучава-им-го-одзема-мирот-н/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 02-Oct-2019 at 20:36

И бучавата од џамиите, да не ги заборавиме. Цело лето фино ме будеше џамијата од Лака на 1 километар воздушна линија оддалечена од мене, во населба каде нема ниеден муслиман, но очигледно сите треба да го чуеме повикот во 5:05 за молитва.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 12-Apr-2020 at 09:58
Бучавата непријател број два за скопјани

Патниот сообраќај е најдоминантен извор на загадување со бучава, а во урбаните центри на бучава се изложени повеќето од луѓето. Транспортниот сектор во и надвор од урбаните средини во Европа е главна причина за ваков вид загадување. Според Светската здравствена организација, бучавата од сообраќајот е втор најголем проблем во животната средина во Европската Унија, по загадувањето на воздухот. Процената е дека 100 милиони Европејци се погодени од штетните нивоа на бучава од патниот сообраќај, односно дека се изложени над европскиот праг од 55 децибели во текот на денот и 50 децибели во текот на ноќта. Од овие 100 милиони, 32 милиони се изложени на многу високи нивоа на бучава од над 65 децибели. Како резултат на ваквата изложеност на бучава, секоја година во Европа има најмалку 10.000 случаи на предвремена смртност.

Сообраќајната бучава станува и дел од секојдневието на поголемите градови во Македонија, особено во Скопје. Сообраќајните експерти веќе советуваат како може да се намали интензитетот на сообраќајната бучава врз граѓаните и препорачуваат примена на одредени мерки. Неодамна вакви мерки беа презентирани во Скопје и во Битола, а презентациите беа организирани како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализираше Институтот за комуникациски студии. Кампањата беше финансирана од британската амбасада во Скопје.
За утврдување на нивоата на бучава од патниот сообраќај, беа извршени мерења на две селектирани локации во Скопје. Опфатени беа локации со интензивен сообраќај во центарот на градот, но пред сè оние видови објекти што се чувствителни на бучавата, како што се болници, училишта и станбени зони. Мерењето беше направено кај Градската болница, потоа на улицата Дрезденска пред основното училиште „Војдан Чернодрински“ и кај Педагошкиот факултет. Мерењето го изведоа студенти од Отсекот за сообраќај и транспорт од Техничкиот факултет од Битола.

– Мерењето на бучавата беше изведено во претпладневниот и попладневниот шпиц на секоја од локациите. Треба да се истакне дека во самиот тек на мерењата се забележа дека во бучавата доминантни се патничките возила, поради нивната многубројност во однос на другите категории возила. Појавата на товарните возила, автобусите и мотоциклите во сообраќајните текови придонесуваше за краткотрајни, но интензивни осцилации во висината на измерената бучава. Исто така, повисоки нивоа на бучава беа измерени и од самите патнички возила во фаза на забрзување или движење со повисока брзина. Добиените резултати од сите мерни места беа обработени и беше изведена споредба со ограничувањата според постојниот Правилник за гранични вредности за нивото на бучава во животната средина. Резултатите покажаа дека на секоја од мерните локации, максималните вредности се далеку поголеми од дозволените, а на одредени локации, беа измерени максимални вредности од 111 децибели, односно двапати поголеми вредности од дозволените граници. Ваквите резултати потврдија дека проблемот со бучавата од патниот сообраќај е присутен и во нашите урбани области и дека е неопходно да се селектираат, препорачаат и спроведуваат соодветни мерки за намалување и контрола на бучавата – објасни д-р Бети Анѓелеска, доцентка на Техничкиот факултет во Битола.

За намалување на бучавата кај Градската болница се предложени комбинација од мерки како замена на сигнализираната крстосница на улиците 11Октомври, Даме Груев и Филип Втори Македонски со кружна крстосница, потоа смирување на сообраќајот со поставување лежечки полицајци со пневматско перниче или со заоблен горен дел на улицата Филип Втори Македонски. Експертите сметаат дека сообраќајната бучава ќе се намали и на улицата Дрезденска, ако се смири сообраќајот со ограничување на брзината на 30 километри на час или ако тоа се направи со поставување издигнати пешачки премини пред ОУ „Војдан Чернодрински“, Педагошкиот факултет и објектот на Катастарот за недвижности. За истата цел може да се ограничи сообраќањето на товарните возила во текот на денот и за нив да се забрани сообраќајот во вечерниот/ноќен период. Некои од економски прифатливите мерки, како што се редукциите на брзината или забраната за товарните возила, може да се применат многу брзо. Според сообраќајните познавачи на состојбите, плановите за реконструкција на патиштата треба да бидат тесно координирани со плановите за развој на сообраќајната мрежа и со плановите за одржување на сообраќајниците. Инвестирањето во проекти исто така е клучно за намалување на сообраќајната бучава.

Бучавата претставува мешавина на разни звуци со различен број треперења во одредено време. Загадувањето со бучава негативно влијае врз квалитетот на урбаниот живот. Сообраќајната бучава го опфаќа секој звук што влијае врз психичката и врз физичката состојба, така што ја попречува и ја смалува продуктивноста на работа, предизвикува вознемиреност и стресни реакции, го оневозможува одморот и им штети на здравјето и на расположението. Изложеноста на повисоки нивоа на бучава доведува до предвремена смртност, кардиоваскуларни болести, когнитивни нарушувања, нарушувања на спиењето, хипертензија и на крајот вознемиреност и сериозни психички нарушувања.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/бучавата-непријател-број-два-за-скопј/?fbclid=IwAR3AdHOhEvO2zNNcg_wwUKuymOs3Jr1MeAXyAMThom7iHebEe3WrE4w41XQ
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 22-Aug-2020 at 12:50
Казна од 6.000 евра поради гласна музика и бучава за кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец

Општина Центар соопшти дека по бројните поплаки од граѓаните кои живеат во близина на кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец, кои се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот, општинската Инспекција за животна средина на кафе барот, поради гласна музика му изрекле мандатна глоба во висина од 6.000 евра во денарска противредност.

„Проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се јавува веќе неколку години наназад и по сите претходно преземени мерки, односно опомени, мерења на децибелажата и предупредувања, Општина Центар изрече казна.
Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава.
Општина Центар укажува дека ќе продолжи со санкционирање на локалите кои нема да го почитуваат Законот“, се вели во соопштението од општинската управа.

https://meta.mk/kazna-od-6-000-evra-poradi-glasna-muzika-i-buchava-za-kafe-barot-intermeczo-vo-kapishtecz/
Back to Top
Lorelei View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 16-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Lorelei Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 16-Sep-2020 at 21:59
Луѓе, што правиме со агресивните кафе барови никнати на приземје на станбени згради, посебно сега здивени за заработка поради ковид кризата? Мора да почнеме граѓанска иницијатива да се сменат законите за да се заштитат луѓето што живеат во околина, како прво (нафрлам работи) да не може сопственикот на локалот (кој може си живее на друго место и му е битна само киријата што ќе му ја плаќаат) да го издаде на угостители ако нема согласност од Куќниот совет, потоа ако веќе има кафе бар на приземје, да мора според закон да ја почитува станбената зона во која се наоѓа, на пример да нема звучници надвор, или после 21ч да не смее да пушта музика а гостите на отворениот дел да мора да бидат или тивки или да си заминат, или да влезат внатре за да не вознемируваат. Зошто, има кафе барови и кафе барови: некаде има културни гости, некаде се собираат дечишта, пијаници и сл., што урлаат. Друго, да се бара мерењето на ниво на бучава да биде бесплатно а не ако не е над дозволеното ниво тој што пријавил уште и да плаќа. Мерењето во станбените простории да не биде со затворени прозори - тоа е глупост - јас во својот дом сакам да имам слобода да отворам прозор, посебно во лето, без да ме измачуваат звуци од кафе бар. За да се забављаат 30тина души и газдата да заработи паричка плус, сите што живеат во околина мора да затвараат прозори, да плаќаат за заградување на терасите, итн итн..А, да, создаваат и додатен сообраќај од гостите кој исто прави бучава и додатна гужва... - некако закониве и прописите а и постапувањето на институциите, се повеќе во корист на угостителите. Па уште кога ќе прочитам по коментари под некоја пријавена ковид - журка, тоа трешти музика, пијани луѓе викаат, и некој „интелигентен“ ќе пише - остајте ги луѓето да се забавуваат
Кај многу од угостителите свеста за околината е таа, ниска, и плус се штитат едни со други, имаат здруженија за заштита на правата на угостителите па мислам дека и ние како граѓани треба да дигнеме повеќе прашина околу проблемов, да пишуваме, притискаме по институции, да бидеме упорни!
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 16-Sep-2020 at 22:50
Бучавата треба да се реши, ама да важи за сите, вклучувајќи ги верските објекти (кхм, џамиите), читај НЕМА да се реши никогаш.

Еднаш прочитав во објава на градоначалникот на Карпош дека мерењето за бучавата (во случајот за џамијата) требало да се мери во близина на објектот од кај што доаѓала бучавата внатре со затворени прозорци. Тоа е се што треба да се знае за нашата прекрасна држава.
Back to Top
Lorelei View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 16-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Lorelei Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 18-Sep-2020 at 19:19
Еве одговор од МЖСПП на прашање како се постапува по пријава за бучава за кафе бар во инспекторат за животна средина:
„Врз основа на секоја претставка, инспекторот мора задолжително да постапи во одреден законски рок по Закон за претставки и предлози, односно материјални закони од областа на животната средина. Подносителот на претставката треба да биде известен за постапувањето, а доколку не е известен или не е задоволен од постапувањето може да обжали во Државен Управен Инспекторат, кој врши супервизија на предметот и постапувањето на општинскиот инспектор.
Согласно Уредбата секој угостителски објект мора да има Елаборат за животна средина кој го одобрува општината, а треба да има и мерења на минимум 2 мерни места. При процедура на мерење инспекторот присуствува за да обезбеди пристап на лабораторијата до 2 најафектирани места од угостителскиот објект. Секој објект има одредена опрема и се мери на неколку нивоа од најслабо до најсилно спрема музичкиот систем и неговата јачина. Во извештајот се пишува на пример над тоа ниво да не се пушта музика. Исто не треба да се занемари комуналната бучава од летни тераси минувачи, автомобили и сл, затоа планерите треба да внимаваат при издавање на дозволи за работа на одредени локации во општините, може да нема локалот воопшто музика, а да има комунална бучава од посетители-говор и сл. Има процедура како се врши мерењето на акредитирана лабораторија.“
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Apr-2021 at 13:33
Иритирачки звуци на мотоцикли и автомобили - секојдневие за скопјани

Иритирачките звуци на мотоциклите и автомобилите што со голема брзина се движат по скопските булевари се секојдневје за скопјани. Бучавата што ја прават возилата, особено од туража при трки по улиците, носат задоволство само за оние неколкумина што се дрзнале да се мерат кој е побрз или повешт возач на мотор или автомобил. За сите други – тие се проблем.

Борбата на полицијата како да не вродува со плод. Постојано пристигнуваат поплаки од жителите чии куќи или станови гледаат кон булевар.

Вознемирувањето со бучава или со звук може да создаде сериозни проблеми по здравјето на луѓето, а влијае и врз работоспособноста на населението.

По дефиниција, вознемирувањето со бучава е онаа бучава што константно постои и секојдневната изложеност може да предизвика многу штетно влијание врз луѓето и врз животинскиот свет. Најчесто изворите на вознемирување со звук се предизвикани од фреквентните сообраќајници, но и од машините, возовите, авионите… Изложеноста на бучава може да предизвика анксиозност, стрес, но да има и сериозно влијание врз крвниот притисок, како и на различни начини да го наруши психофизичкото здравје.

Законското ограничување за дозволена бучава изнесува 78 децибели, а брзите возила во ноќните часови често можат да ги надминат и границите од 100 децибели, со што вознемируваат многу жители на главниот град. Полицијата често ги зголемуваа сообраќајните патроли и контроли во главниот град, во летните месеци. Сепак, во текот на изминатите четири дена во Скопје и околината се регистрирани 187 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, што зборува дека преземените мерки не се доволни и дека треба нешто повеќе од контрола и поефективни казни.

https://skopjeinfo.mk/iritirachki-zvuci-na-motocikli-i-avtomobili-sekojdnevie-za-skopjani?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 20-Apr-2021 at 19:01

настрана од тоа што трките и дивеењето на одредени возачи се опасни и треба да се спречуваат, не можеш да се буниш за бучава кога живееш до булевар или било каде во урбана средина
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 25-Aug-2021 at 16:44
Радарите за мерење бучава на мотоцикли и автомобили се по распространети



Франција и Шпанија моментално поставуваат таканаречени радари за бучава со камери и микрофони од 360 степени, кои долгорочно ќе се користат за казнување на возачите, додека камерата со мерач на бучава ќе се тестира во Англија, а во Данска со контрола на брзината истата ќе биде намалена поради бучава од патот штетна за здравјето….
Секоја година, бучавата предизвикува илјадници предвремени смртни случаи, како и хронични нарушувања на спиењето за милиони граѓани на ЕУ.

Поради борбата против нелегалната сообраќајна бучава на мотоцикли и автомобили, многу европски земји усвојуваат нова технологија која ги бележи бучавата и регистарските таблички, пишуваат специјализираните портали

Во Франција, прототип на радар за бучава беше тестиран минатата година на затворена тест патека во градот Нант.

Резултатите од експериментот беа толку убедливи што осум градови сега се пријавија да учествуваат во тестирање на прототип на радар за бучава. Радарите за бучава бележат нивоа на децибели од нивната околина десет пати во секунда.

Уредите се со камера од 360 степени заедно со четири акустични микрофони кои откриваат бучава и ја снимаат регистарска табличка.

Радарите за бучава во Франција се очекува да се користат за казнување најрано до крајот на наредната 2022 или 2023 година, во зависност од тоа како ќе се одвива проектот, инициран од Министерството за животна средина.

Во Шпанија, властите во Каталонија неодамна објавија дека радарите за бучава, кои покрај Франција, исто така, беа тестирани во минатото во Швајцарија, ќе бидат поставени покрај еден од основните автопати во регионот, C-31.

Слично решение е испробано и во Англија, и сега таму ќе бидат инсталирани повеќе камери за заштита од бучава, кои веќе се користат за делење на казните.

Во Данска, владата објави дека ќе се постават кутии за мерење бучава на автопатите во близина на градовите.

https://avtoklub.mk/radarite-za-merene-buchava-na-mototsikli-i-avtomobili-se-po-rasprostraneti/?fbclid=IwAR2Ypki179INJfbBONKlTg6s6O6dsqFnzP2h6DDbFbrCrpKstk5irgt9me0
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 17-Feb-2022 at 19:16
Интересна статија на блогерот Илја Варламов (на руски јазик) за тестирање на радари за мерење бучава во Париз.

Вака изгледаат:





Секој радар се состои од два модула со по два микрофона и три камери, од кои едната го снима сообраќајот, а другите две регистерската табличка на прекршителот.

Горна граница за бучава е 90 децибели. За споредба, тешките товарни возила обично предизвикуваат бучава од 84-85 дб, додека моторциклите можат да стигнат и до 110 дб.

Засега казната за бучава ќе изнесува 135 евра, а ако се плати во рок од 15 дена - 90 евра.

Според пресметките, еден моторцикл што дивее ноќе може да вознемири до 10.000 парижани.

Ајде, да си дочекаме и кај нас.

извор: https://varlamov.ru/mIiCkLjXbpG

Edited by Џоле - 17-Feb-2022 at 19:16
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 17-Feb-2022 at 23:51
Слични уреди има близу многу европски аеродроми за т.н. noise abatement,. Има пропишани граници на бучава кои мора да бодат почитувани при полетување (а поретко и слетување), и компаниите кои ги надминуваат си плаќаат казни.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 18-Feb-2022 at 13:50
А за џамии ќе важи?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.087 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.