build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Цркви и Манастири во Охридско

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Цркви и Манастири во Охридско
    Posted: 30-Nov-2008 at 23:34

Свети Наум Охридски

[1][2][3][4][5]

[1][2][3]



Edited by beTon - 22-Jan-2009 at 22:33
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Nov-2008 at 23:55

Свети Јован Богослов Канео

[1]



Edited by beTon - 22-Jan-2009 at 22:02
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Jan-2009 at 12:12

Црква Пресвета Богородица Перивлепта (Св. Климент) Охрид

Овој исклучителен споменик на архитектура и живопис, според натписот кој се наоѓа во внатрешноста на задниот влез, го подигнал византискиот намесник Прогон Згур, роднина на византискиот император Андроник II Палеолог во 1295 година. Во тоа време архиепископ на Охрид бил Макарие. Црквата и била посветена на Пресвета Богородица Перивлепта(која гледа од високо).

Кога во XV век Турците ја урнале Климентовата Црква - Св.Пантелејмон, моштите на светителот биле пренесени во овој храм, па оттогаш оваа црква кај народот е позната како Св. Климент. Кога катедралниот храм Света Софија исто така бил претворен во џамија, Климентовата Црква станала седиште на Охридската Архиепископија, којашто успеала да ја сочува моќта под османлиите, па, уште повеќе, и да добие и нови територии под своја јурисдикција. Во тоа време во неа биле концентрирани бројни икони, големата архиепископска библиотека со ракописи на пергамент од XI и XII век, црковни садови и голем број предмети, како и најстарите музички неумски нотации на византиското црковно пеење. Околу Климентовиот храм се формирал и манастирски комплекс, а во близина на Црквата била подигната и Архиепископска палата која кон средината на XIX век исчезнала во пожар.

Основата на црквата е во форма на впишан Крст во правоаголно пространство. Кон западната страна подигнат е нартекс со крстовидни сводови, а во централниот дел со слепа купола. Над централниот дел - наосот - се издига единствената купола, чиј тамбур се држи на четири четвртести столбови. На источната страна Црквата завршува со олтарна апсида која, за разлика од другите нејзини фасади, најповеќе е декорирана со помош на тули. Кон средината на XIX век од обете страни се доградени капели. Местата што не биле покриени со живопис и денес ни сведочат за убавата керамопластична декорација на фасадите.

Климентовата Црква е угледен претставник на македонската архитектонска школа од палеологовскиот период. Складната силуета, извонредната игра на архитектонските маси, коишто се спуштаат скалесто од куполата до темелите, се нарушени во XIX век, кога отворениот трем околу Црквата бил соѕидан во вид на надворешна припрата што и денес ја опкружува црквата.
Вековните таложења на чад од свеќи и кандила, придонеле фрескоживописот на овој храм да биде невидлив долго време. Имено во 1950, односно 1959 г. Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата ги отпочна систематските конзерваторски интервенции на архитектурата и врз живописот. Тогаш меѓу многубројните композиции беа откриени и имињата на авторите - зографи на овој живопис - Михаило и Евтихие, кои подоцна ќе ги живописаат и Црквите Св.Никита во с.Бањани и црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.
По извршените конзерваторски работи живописот во Црквата Св.Климент го доби дефинитивниот изглед што се гледа и денес.

Фреските во оваа Црква се поделени во три зони. Во олтарната апсида првата зона ја сочинуваат Архиереи во цел раст, втората зона фигури во допојасен раст, а третата композициите „Томиното неверство", „Тајната вечера" и „Причестувањето на Апостолите".
Пресвета Богородица Ширшаја е насликана во најгорниот дел од апсидата.
Во ѓакониконот се насликани повеќе композиции од кои ги издвојуваме: „Среќавањето на Марија и Елисавета” и сцени сврзани со животот на Св.Јован Крстител. Фреските во проскомидијата го илустрираат животот на Пресвета Богородица. На столбовите во наосот се претставени Светите воини: Св.Димитрија, Св.Ѓорѓи, Св.Теодор Тирон, Св.Теодор Стратилат, Св.Прокопие и други, а на западниот ѕид е големата композиција „Успението на Пресвета Богородица". Третата и четвртата зона во наосот се исполнети со композиции од животот на Господ Исус Христос и маките Христови. Тоа се композициите „Миење на нозете", „Молитва на маслинова гора”, „Издајството Јудино”, „Оплакувањето” и други. Во сите овие композиции е потенциран драматизмот кој ќе се негува и понатаму во нашето средновековно сликарство.
Во калотата на куполата се наоѓа монументална допојасна фигура на Господ Исус Христос Седржател, опколен со ангели и 12 пророци.
Нартексот од Црквата е живописан со повеќе композиции од Стариот завет, меѓу кои позначајни се: „Сонот на Набукодоносор” и „Господ Исус Христос -ангел од големиот совет”.

Фрескосликарството во Црквата Св. Климент го претставува раниот период од творештвото на зографите Михајло и Евтихиј. Цртежите им се сигурни, колоритот усогласен, композициите хармонични, со многу иконографски новини, иако дотогаш зад себе немаат дела кои би им служеле за непосреден урнек. Карактеристични се фигурите на младите Светители, полни со сила и енергија, широки лица, со силни атлетски тела, полни со живот.
На крај ги споменуваме насликаните ликови на Св.Климент Архиепископ Охридски, Св.Константин Кавасила и претставите на Апостолите Св.Петар и Св.Андреа.
Значењето на ова сликарство во оваа црква е наративноста, воведувањето безброј фигури распоредени по ѕидовите и насликаните композиции - тоа отвора нова епоха која ќе заврши во манастирот Дечани.




























mk.pandapedia.com/wiki/Црква_%22Пресвета_Богородица_-_Перивлептос%22_-_Охрид

Ќе се спасува фрескописот во црквата на Пресвета Богородица Перивлепта во Охрид - preminportal.com.mk/content/view/769/71/






Edited by beTon - 23-Jan-2009 at 13:13
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Jan-2009 at 19:35
Оваа црква е во ОЧАЈНА состојба. Кога врне, фреските се оштетуваат од влагата и од водата што навлегува низ некои процепи, а баш поради фрескоживописот оваа црква е толку посебна. Не за џабе се најде на листата на 100-те најзагрозени споменици во светот од страна на World Monument Watch


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Oct-2009 at 16:36
 
Originally posted by beTon

http://www.makedonskimanastiri.mk/2.html

http://www.makedonskimanastiri.mk/2/gallery.swf


  

Edited by Max - 07-Aug-2011 at 00:44
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Oct-2009 at 16:43
Мах што е работава со камбанаријата?! Порано била нешто повисока па се срушила па сега ова што го има е нешто само заклопена до каде што останало здраво?!

Зашто до сега никој не покренал иницијатива да се возобнови автентично камбанаријава?!


Edited by lslcrew - 23-Oct-2009 at 16:44
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Oct-2009 at 17:37

ова било камбанаријата и воедно манастирскиот пирг - кула за набљудување, со оглед дека манастирот бил на милост и немилост постојана на разбојнички банди, линкот на македонски манастири погоре, всушност ова е средновековен тип на пирг, кој е сличен на светогорските... кој го подигнал немам податок, а срушен е пред 50 год

Двете камбани кои за неколку дена ќе бидат поставени на камбанаријата се со тежина од 120 и 350 кгр. и истите ќе го разлеат својот глас после прекинот од 50 години, кога претходната камбанарија во 1954-55 година беше урната со параклисот на Свети Јован Владимир. www.mpc.org.mk/vest.asp?id=878
Манастир Светога Наума је много волео. Прво, зато што је Свети Наум најпоштованији светитељ у Македонији, а друго веројатно и зато што је Владика Николај рођен на дан Светог Наума. Много је пута посећивао манастир и престојао је у њему. Био је иницијатор и под његовим раководством у пиргу манастира направљен је параклис посвећен руској царској породици која је мученички пострадала од комуниста. Македонски комунисти су после разрушили читав тај пирг у коме је био параклис, али не зна се тачно дали зато што је параклис био посвећен мученички пострадалој царској породици или зато што га је подигао управо Владика Николај. Не би било чудно да су срушили пирг и параклис и због једног и због другог. Манастир Жича 05.01.2003

сега ова дали била комунистичка или случајна несреќа тоа незнам, наидов на коментар дека ја урнал археологот д-р Васил Лахтов, но што и колку е вистина тоа треба некој учен охриѓанец да не научи, можеби најкомпентентен за ова да проговори е Паско, со оглед дека имал и увид и знаење за археолошките збиднувања во охридско во минатиот век, може се работело на реконструкција па така да ја згрешиле, навистина незнам, но на многу пати и од многу луѓе имам чуено дека власта била одговорна (намерно или ненамерно)



Edited by Max - 23-Oct-2009 at 19:40
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Oct-2009 at 02:01
Па ова нека биде дополнителен мотив да се возводнови пиргот! Вака на слики убаво ми делува, а од доста подалеку ќе се гледа манастирот. На некој начин ќе биде, и сега е, некоја против тежа на Канео. Ќе има некоја врска, некој Line of Sight Св. Наум Канео!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Oct-2009 at 02:28

зошто да не! потребно е само некој да фрли камен отпојќе и пиргот пак ќе се исправи! но не е толку голем за да биде премногу забележител од другиот крај, а и од оваа висина земено сега како што е обновена камбанеријата, не бара уште многу висина кревање нагоре, само не ми се верува дека таман се изгради и оваа камбанерија сега да ја туркаат, чисто се сомневам! сепак ако ја кренат ќе делува далеку повпечатливо со издадениот дел камбанеријата... но духовноста пред се, а другото ако требало пак ќе го биде! 


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Aug-2011 at 18:20
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1314
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Aug-2011 at 22:46
Оваа црква не знам точно како се вика,кога ќе влезеш од Горна Порта лево уличката
1.Влезот

2.Самата црква

3.Одвнатре кон истата порта од првата слика



И две од Плаошник

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Aug-2011 at 23:15
Црквата на првите три слики е „Света Богородица Перивлепта“ позната и како „Св. Климент“. Една од најубавите македонски цркви, специфична по живописните фрески.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Aug-2011 at 23:54
еве и од мене некоја слика од Св.Богородица Перивлепта



и една од Св.Климент на Плаошник
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.143 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.