build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 33>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 699
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Инфраструктура (општо)
    Posted: 09-Jan-2020 at 16:25
Автопат Охрид - Битола? Првпат слушам дека некогаш е спомнато такво нешто.

Во 2018 за првпат се изработи државна стратегија за инфраструктура која е со важност до 2030. Пола од тие проекти сигурно нема да се изработат, а таков автопат нема во стратегијата што значи не мора ни да се дискутира дека такво нешто би се остварило до 2030.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Online
Posts: 286
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Jan-2020 at 03:05
Секако дека во иднина ќе биде ова направено, но по завршувањето на пругата кон Бугарија. Логичниот след на настани е таков.
Мое лично мислење е дека најпрво ќе се заврши автопатот Охрид-Битола (кој во неколку наврати е спомнат во јавноста), најверојатно кон крајот на оваа деценија, така што може само да се надеваме дека наредната деценија би се завршила оваа пруга бидејќи плус планираат и да се направи и пругата од Кичево до границата со Албанија (кај Струга).

Edited by skopskodete - 09-Jan-2020 at 03:07
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Jan-2020 at 01:08

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1785&PID=236007#236007

...

Edited by Zelenikovo - 09-Jan-2020 at 13:13
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Aug-2018 at 20:47

Да не нарушувам атмосфера, но додека се изгради еден нов километар пруга во МК, се поставува прашањето, дали возови ќе има на старите пруги?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Aug-2018 at 08:52
Идејата вметната во Националната стратегија за транспорт е одлична, но прашање е дали е применлива во една земја од Третиот свет. Како по правило, ние веќе се навикнавме нашиот превоз да го товариме со камион и да ни го остават пред нашиот дистрибутивен пункт. Комбинираниот транспорт и мултимодалните јазли мора да бидат поддржани од владата со законски и со практични мерки. Во спротивно, тие нема да успеат како проект, а железницата ќе остане да биде претпријатие што во земјава вози масовен товар за 7-8 компании.

Како пример за споредба ќе ја дадам железничката пруга и експресниот пат кон Бугарија. Оваа влада упорно ја турка изградбата на експресен пат на сите делници кон бугарската граница, иако од соседна Бугарија јасно ни е ставено до знаење дека пругата ќе биде приоритет. Едноставно, нашиот сосед има уште толку многу автопатски делници да догради од Коридорите 4, 9 и 10, што значи дека било каков експресен пат или автопат кон Ѓуешево е надвор од било каков приоритет, но и реална потреба, во наредните 10-тина години.

Да заклучам, овој стратешки документ треба да служи на владата за да ги донесува одлуките од транспортната стратегија според него, а не за да се изработи како документ колку да се каже дека имаме транспортна стратегија и ние како земја.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Aug-2018 at 13:14

Од Национална стратегија за транспортниот сектор 2018-2030:


Компанијата за железнички транспорт МЖ Транспорт А.Д. - Скопје во 2015 година ги има превезено следниве ТЕУ-единици: увоз на 652 ТЕУ со 23,3 илјади тони или 4,3 милиони тони/ км, извоз на 620 ТЕУ со 17,5 илјади тони или 3,9 милиони тони км и во транзит на 12995 ТЕУ со 348,7 илјади тони или 86,5 милиони тони / км.

Капацитетот на контејнерите, независно од видот транспорт, за можен интермодален транспорт се проценува според регионалната скала во интермодална студија за Западен Балкан „Поддршката на транспортната димензија од Стратегијата на СЕЕ 2020 година, СЕЕТО 2016 г.“.

Физибилити студијата и анализата на предностите и недостатоците за развој на стратешки мултимодални транспортни јазли во државата, поддржани од оперативната програма на ЕУ за регионален развој, се завршени во 2013/14 година и ја предлагаат постојната Ранжирна станица во Трубарево, блиску до Скопје, како оптимална локација за развој на еден интермодален терминал.



Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-May-2018 at 14:57
Архивски текст од 60-тите години на весникот „Нова Македонија“ за изградбата на пругата Скопје-Кичево:

Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 555
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Aug-2015 at 02:18
Што испадна со проектот за градење на пругата во Кавадарци , еве поминаа скоро 3 години од најавите , дали е запознаен некој ?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Aug-2015 at 20:24
Станица „Скопје Товарна“

Имаше проект од 340 илјади евра за адаптација во мултимодален терминал, претпоставувам дека е завршен:
http://www.build.mk/?p=25234

Фоткиве се од вчера


1


2



Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1929
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Dec-2013 at 22:35
Во Србија ако ги слушаш медиумите исто како во Македонија тече мед и млеко.
Но дури и да се вистинити овие гласини сепак е попаметно да се вложи во реконструкција на постојната пруга ,бидејќи додека да се почне и заврши тој проект за кој зборуваат Србите ќе помине минимум една деценија ,а тоа значи огромни загуби за државата од чекање. А од друга страна никогаш не се на одмет два-три колосеци.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Dec-2013 at 21:59
Во Србија наголемо се пишува и кажува и од официјални и од кинески лица дека Кина планира да ја реконструира пругата од Белград до Солун и тоа за брзини многу поголеми од сегашните.Планирале големи идеи за ова подрачје.

Е сега ако се пстварат овие идеи овие пари што ги даваме на оваа реконструкција ќе бидат за џабе фрлени,а ако не се оствари ќе бидат паметно вложени.

Прашањето од милијарда долари е што е попаметно?да се чека на кинезите или да се фатиме за работа
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Dec-2013 at 17:44
Среда, 25 Декември 2013 15:16

На Железничката станица Градско на пругата Велес-Гевгелија утре ќе почнат градежни работи за ремонт на железничката делница Ногаевци-Неготино на Коридорот 10.

500520x320

Вкупната цена на ремонтот на железничката делница во должина од 30.993 метри, изнесува  9.399.755 евра, обезбедени со заем од ЕБОР. По завршување на ремонтот на оваа делница за околу една година, уште 31 километар од Коридорот 10 ќе биде функционален за брзини до 120 кмилометри на час.

Изведувач на работите е бугарската компанија ЦК - 13 Холдинг. Последниот ремонт на делницата Ногаевци-Неготино е извршен во 1968 година. И покрај тоа што секоја година имаше зголемени активности  во одржување на делницата,  во делот на машинските регулирања и подбивања на колосекот честопати  беа воведувани намалени брзини на возење од 30 до 50 километри на час.

Од ЈП МЖ Инфраструктура информираат дека со ремонтот на делницата ќе се изврши замена на 30 cантиметри од лошиот земјен материјал, поставување геотекстил и геомрежа, вградување нов квалитетен камен материјал (дробина) и набивање со минимален модул на стисливост од 40 мегапаскали.  Се предвидува да се изврши комплетна замена на старите дрвени прагови со армирано-бетонски преднапрегнати прагови. Исто  така, комплетно ќе бидат заменети постоечките шини од типот   S-49  со нови од типот UIC-60.  Шините, што првпат ќе се применат на пругите на Македонски железници овозможуваат поголема трајност и стабилност на колосекот и зголемен осовински притисок на колосекот од 250 килоњутни. Исто  така, ќе бидат заменети изолираните лепени состави со нови. На целата делница шините и изолираните состави ќе бидат заварени во долги шински ленти. Ќе се изврши целосно прочистување на загадениот толчаник со просејување и ќе се изврши дополнување со нов.

Се планира да се изврши санација на долниот строј на должина од 2.890 метри. Постоечките 6 патни премини во исто ниво ќе бидат изработени со современ горен строј од рециклирана гума и асфалтни приоди во должина од по 20 метри од осовината на колосекот, со што значително ќе се подобри безбедноста при поминување на патните возила преку премините. Ќе се изврши заштите од ерозија и одронување на постојните косини на делницата Криволак-Кукуричани со мрежи, анкери и габиони.

Пероните на стојалиштата во Ногаевци, Стоби и Црвени брегови и во станиците Градско, Кукуричани и Криволак ќе бидат реконструирани со вградување на армирано-бетонски елементи. Во станиците Криволак, Кукуричани и Градско ќе бидат заменети вкупно 8 влезни свртници тип S-49-300-6º со нови тип UIC-60-300-6º, поставени на армирано-бетонски преднапрегнати прагови. Ремонт на горниот строј и санација на долниот строј ќе се изврши и на пролазните колосеци во станиците Криволак, Кукуричани и Градско.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12634
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 29-Nov-2013 at 09:35
За сè има вторпат
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Nov-2013 at 00:08
Originally posted by gjoko

... на 03.09.2013 јас,Мон и Полвал направиввме една добра екскурзија кај големиот железнички мост кај с.Србиново ,на околу 10 км јужно од Гостивар према Кичево...

Еве неколку фотографии и од мене, кликнете на линкот ако сакате да ги видите во полна резолуција:
http://www.flickr.com/search/?q=srbinovo




Edited by mon - 29-Nov-2013 at 00:10
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Sep-2013 at 18:36
Мон направи доста квалитетни фотографии од сите можни места.Кога ќе стигни во Шведска ќе испрати Цд па ќе ги постирам и тие слики.Јас сликав колку да имам некоја слика дотогаш
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Sep-2013 at 17:54
Во врска со Србиновски мост, на почетокот на летово кога со возот накај Кичево направив една фото-сесија од мостов и направив една вест за порталот „Билд“, ама сега не се сеќавам во кој фолдер ми се останатите фотографии што ги фатив. Жал ми е
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Sep-2013 at 17:40
Нов патен премин на влез во станица Табановци...03-09-2013



Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us

Edited by zookisk - 04-Sep-2013 at 17:42
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Sep-2013 at 11:31
Вчера на 03.09.2013 јас,Мон и Полвалнаправиввме една добра екскурзија кај големиот железнички мост кај с.Србиново ,на околу 10 км јужно од Гостивар према Кичево.На општо изненадување кога се качивме на мостот за 5 минути со кола дојде човекот задолжен за чување на мосто(не е чувар,нешто како човек задолжен за безбедно минување на возовите преку мостот-има и куќарка покрај мостот).

Човекот ни кажа дека од 25 мај па до месец јули извршена е комплетна реконструкција на дрвените прагови и оплатата на мостот,работено е од поминувањето на утринскиот воз па до вечер, и дневно се менувани по 10 метри шини со се прагови.Ставани се скелиња за таа цел,и првично се поставувани технички шини од по 10 метри се до завршувањето на реконструирањето,а на крај се ставени оригинални,заварени и фиксирани.Овие дрвени прагови не се како обичните на пругите,се многу поолеми и поспецифични.На едно место на мостот е изведено спојување на шините за можност за лонгитудинално поместување на шините.

Сликав со мобилен,а поквалитетни слики ќе мора да почекаме Мон да испрати слики направени со прфесионален апарат(јас тргнав со апарат со празна батерија )












Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-May-2013 at 14:56
Украдени делови од железничката пруга Зајас-Тајмиште

Полицијата информира дека непознати сторители во периодот 24/27.05.2013 година извршиле кражба на повеќе делови од железничката пруга Зајас-Тајмиште.

Кражбата е извршена со демонтирање и одземање на 500 штрафови за шини, 160 плочки и 20 спојки за шини од помошната железничка пруга на челичниот мост кај селото Колари.

Сторителите ја извршиле кражбата на начин што најнапред ги демонтирале штрафовите, плочките и спојките а потоа насилно ги корнеле и оттргнувале од шините.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

http://regioni.mk/ukradeni-delovi-od-zeleznickata-pruga-zajas-tajmiste/
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1929
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Mar-2013 at 22:56
Се предвидува дека штетата од поплавите е околу милион евра.
http://www.mzi.mk/news-info.php?id=172

Него што стана со тендеров?
http://www.mzi.mk/news-info.php?id=163

Едит:
И со ова?
http://www.mzi.mk/news-info.php?id=168


Edited by daci92 - 12-Mar-2013 at 23:06
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.