build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 25-Jun-2008 at 08:26
Теренот кај нас и во Албанија е ужасен за трасирање пруга, огромен планински венец кој кај нивна страна доваѓа на неколку километри до самата обала на морето низ целиот потег.
А за податокот колку им оставаме на FRElada сигурно има некој податок по интернет ??!! 
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 28-Jun-2008 at 00:30
ме интересира дали некој знае какви прагови се користат по новата траса кон Бугарија К8, бетонски или сеуште сме заглавени со дрвени прагови?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 28-Jun-2008 at 01:27
Колку што памтам од некои снимки што сум ги видел на телевизија, бетонски (и тоа во делот на реконструираната пруга до Бељаковце, што би значело дека натака 100% се бетонски...). Ама не ме држи за збор, одамна сум го гледал тоа, може нешто ми се испомешало...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 28-Jun-2008 at 02:16
Се корстат само бетонски, дрвените се ибаце оддамна од употреба. И сега се монтираат машински, а не рачно. Имам еден другар на форумов, он беше на пракса на реновирањето на делницата кај станицата рајко жинзивоф. Се надевам ќе се уклучи па ќе објасни. оддамна му го кажав форумов, ама го нема.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 28-Jun-2008 at 12:06
Originally posted by beTon

ме интересира дали некој знае какви прагови се користат по новата траса кон Бугарија К8, бетонски или сеуште сме заглавени со дрвени прагови?

Моментално неможам да ги пронајдам мојте фотографии од таа траса но ќе се послужам со фотографиите од мојот пријател од Швајцарија - GANZ со кој заедно е поминавме целата трасата


Коако што гледате - БЕТОНСКИ

И купишта од нив кој чекаат да се уградат
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 28-Jun-2008 at 13:41
 значи конечно ќе видиме ICN и во Македонија, па редно време беше да заличи тоа железничкиот транспорт. мислам дека ќе мора и север југ К10 да го туркаме, само со нови и брзи возови (ако ја обновиме инфраструктурата) можеме на туризам и инвестиции да се надеваме, па макар Србија и да остане слепо црево што не верувам но сигурно таму ептен бавно ќе оди приказната, ако ништо друго доволно е правецот кон Грција да го оправиме ако во меѓувреме за гуша не се фатиме...
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 28-Jun-2008 at 23:13
Originally posted by beTon

 значи конечно ќе видиме ICN и во Македонија, ...

Тешко дека скоро ќе видиме брзи возови во МК, да успееме да ги направиме до 100-120 км за почеток нис сите траси и електрифицираме, а после само ќе дојде.

Добро го спомна порталот на хрватски железници каде го има овој податок

Јасно каде е иднината
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 29-Jun-2008 at 19:24
мислам дека ICN брзите возови се директно зависни од  инфраструктурата т.е. од добра траса па така повеќе од сигурно е дека многу брзо по пуштањето на К8 ќе видиме и брзи возови...
па не сме до толку многу светлосни години подалеку од хрватите и словенците поготово не кога е во прашање К8 инфраструктурата...
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 29-Jun-2008 at 22:22
Originally posted by beTon

мислам дека ICN брзите возови се директно зависни од  инфраструктурата т.е. од добра траса па така повеќе од сигурно е дека многу брзо по пуштањето на К8 ќе видиме и брзи возови...
па не сме до толку многу светлосни години подалеку од хрватите и словенците поготово не кога е во прашање К8 инфраструктурата...

Дај боже да е така, од хрватите сигурно ко инфраструктура не сме поназад но финансиски сигурно сме далеку (они го имаат јадран и туризмот) па можат да си дозволат и набавка на Таурус за почеток.
Едино ако некоја добра страна компанија не го купи транспорт, не верувам дека брзо ке ги имаме тие возови
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 30-Jun-2008 at 17:29
Sto se odnesuva do mrezata na zeleznici vo Albanija, jas po mapava mozam da zaklucam deka ne e taka loso, a problemot za nepovrzuvanje pretezno e kaj nas:





Edited by evolutionary - 30-Jun-2008 at 17:32
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 30-Jun-2008 at 18:08
Originally posted by evolutionary

Sto se odnesuva do mrezata na zeleznici vo Albanija, jas po mapava mozam da zaklucam deka ne e taka loso, a problemot za nepovrzuvanje pretezno e kaj nas:





прашање е во која состојба и со какви перформанси е оваа пруга. Инаку е во ред
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 30-Jun-2008 at 18:12
Originally posted by evolutionary

Sto se odnesuva do mrezata na zeleznici vo Albanija, jas po mapava mozam da zaklucam deka ne e taka loso, a problemot za nepovrzuvanje pretezno e kaj nas:





Мапите се една работа, а ситуацијата на терен сосема друга. Железницата во Албанија е буквално во очајна состојба и Албанија треба да почне да инвестира во железница практично од нула (и во инфраструктурата и во возниот парк).
Сликиве се прилично нови и говорат сами за себе... Најдов уште слики, вистински хорор сцени од станиците и вагоните, но ги ставам само овие за пред се да доловам на кое ниво е инфраструктурата и дека дури со волшебно стапче утре да создадевме пруга од Кичево до албанската граница, пак ќе беше џабе дур не се слеат огромни средства за албанските железници да се доведат до некое минимално потребно ниво за нормално функционирање. Најтрагично е што ја пратам оваа тема и немам чуено дека било што превземаат за својата железница. Едноставно Албанија во моментов е максимално посветена на патиштата, а железницата ја има оставено уште повеќе да изгние...

1


2


3


4


5


6


7

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 30-Jun-2008 at 18:15
Originally posted by Cloverstack


 Едноставно Албанија во моментов е максимално посветена на патиштата, а железницата ја има оставено уште повеќе да изгние...


Мислам и со право.

BTW одлични слики навистина ја доловуваат ситуацијата.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 30-Jun-2008 at 20:44
Originally posted by Cloverstack

Мапите се една работа, а ситуацијата на терен сосема друга....



Прекрасни слики Applause

Овие шини кажуват се
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 01-Jul-2008 at 04:51
Mnogu zalna slika. Slusnav deka gradat dosta patista, i toa Granit ili Mavrovo gi gradi, no pod itno bi trebalo da pocnat da gi odrzuvaat i prugite. Istoto se odnesuva i na nas, inaku koridorot 8 otide jabana.

Edited by evolutionary - 01-Jul-2008 at 04:55
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 19-Jul-2008 at 01:32
Еве пре-физибилити студија за железничкото поврзување долж коридорот 8, изработена од секретаријатот за коридор 8 во Бари кој е под покровителство на италјанската влада.

Одличен документ... Кој има трпение да го прочита, многу работи ќе му бидат јасни. Исто така можам да кажам дека и нашите дискусии поврзани со темава кои ги водевме на форумов се блиску до реалната ситуација, која сега уште подобро ја согледав благодарение на податоците и заклучоците во студијава. Единствено што не ми се допаѓа во документов е бавното темпо предвидено за реализација на проектите.

http://www.build.com.mk/docs/FDL_final_report.pdf


Edited by pbanks - 19-Jul-2008 at 12:40
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 19-Jul-2008 at 12:38
od koga go dogledav ovoj dokumentov corridor8 , mi stana jasno kolku e bitna taa nedoizgradena zeleznica za makedonija, vladata ne e svesna za toa navistina e zlano 
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 19-Jul-2008 at 12:59
Originally posted by mitatos

od koga go dogledav ovoj dokumentov corridor8 , mi stana jasno kolku e bitna taa nedoizgradena zeleznica za makedonija, vladata ne e svesna za toa navistina e zlano 


Јас согледав дека и за Албанија овој проект е од огромно стратешко значење. Проектов би го преобразил Драч во значајно меѓународно пристаниште, и плус е единствена надеж за нивната железница во догледна иднина. Другите земји на кои би се одразил проектов се разбира исто така имаат интерес, но за Македонија и за Албанија ова е проект од круцијално значење кој од корен би ги подобрил условите за развој на двете земји.

Интересна работа, додека пребарував во врска со референците, наидов на еден документ (не се сеќавам дали беше од Louis Berger или од ARCADIS) каде беше наведено дека Албанија пред неколку години сериозно се обидела да го актуелизира проектов заедно со Македонија, но дека тоа не наишло на интерес од македонска страна...

Crazy Wallbash

Просто да не верува човек колку сме неодговорни кон самите себе... Ohno


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 19-Jul-2008 at 13:05


Реално единствена предност на правецот кон Бугарија е што Бугарија е поспремна да го прими спојувањето. Правецот кон Албанија е ужасно многу побитен и за нас а и како што рече за Алабанија. Драч може да ги држи и Македонија и Косово без никаков проблем.

Незнам што стана со онаа идеја Косово да го добие пристаништето во Шенгин за себе но мислам дека е убаво сите сили да се концентрираат на Драч така ќе има повеќе шанса да се реализира проектот.


Edited by pbanks - 19-Jul-2008 at 13:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 19-Jul-2008 at 13:35


Во студијата е прилично добро објаснето дека за финансиска одржливост на проектот под нормални услови, неопходно е комплетно поврзување Бургас-Драч

Инаку еве некои проценки за потребните инвестиции:

За Македонија
- изградба на Кичево-Струга = 130 милиони евра
- изградба на Струга-АЛ = 70 милиони евра
- довршување на работите на Куманово-БГ = 205 милиони евра
- изградба на мултимодални терминали во Скопје и Струга = 18 милиони евра вкупно

За Албанија
- изградба на Лин-МК = 6 милиони евра
- ургентна реконструкција на Драч-Лин за обезбедување минимални безбедносни услови = 50 милиони евра
- темелна реконструкција на Драч-Лин до стандарди што ќе се носат со остатокот од коридорот во Македонија и Бугарија = дополнителни 140 милиони евра
- исто така и огромни инвестиции во модернизација, проширување и продлабочување на пристаништето во Драч, за што студијата не дава попрецизни проценки.

За Бугарија
- довршување на Ѓуешево-МК =10 милиони евра
- темелни зафати во модернизација на Радомир-Ѓуешево = 220 милиони евра
Интересно, Бугарија планира и сосема нова пруга Ѓуешево-МК, бидејќи постоечката има многу лоши технички карактеристики, на пример радиус на кривина од 230m, што за железница е навистина ужасно... може да се претпостави дека ова ќе чини цело богатство, затоа што теренот е тежок, слично како кај нас околу Паланка.


Edited by Cloverstack - 19-Jul-2008 at 13:36
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.